КАФЕ ПАУЗА

Tag: хороскоп

  • Астрологијата и солзите

    Астрологијата и солзите

    Дали ги гризете усните и се плашите да ги откриете емоциите пред семејството и најблиските во интензивните емоционални ситуации или јавно покажувате сè што чувствувате? Прочитајте кое однесување е типично за вашиот хороскопски знак во ваквите мигови.rnrnАстрологијата и солзитеrnrnВодните знаци скорпија, рак и риби се оној тип на луѓе на кои можете да им видите солзи во очи. Нив не им пречи да ги покажуваат пред другите луѓе, бидејќи имаат тенденција да го прават тоа што го чувствуваат и навистина им придаваат големо значење на емоциите. Тие исто така умеат да ги сфатат тажните емоции на другите луѓе, па во тој случај може да следуваат повеќе солзи. Скорпијата сака да оддава впечаток дека е приватна личност која умее ги држи своите чувства под контрола, но во суштина е исто толку сентиментална колку што се ракот и рибите. Скорпијата, всушност, кога се чувствува измамено, ги меша своите чувства на тага со доза на гневни емоции, кои прават да делува поцврсто.rnrnВоздушните знаци близнаци, вага и водолија не сакаат да се вплеткуваат во нешта кои ќе им создадат емоционална турбуленција. Тие имаат тенденција веднаш да се повлечат настрана, да ја анализираат ситуацијата, а кога ќе донесат заклучок избегнуваат да ги покажат своите емоции. Нивното повлекување од „жешките ситуации“ може да биде од голема корист понекогаш, но многу почесто љубовните партнери на овие хороскопски знаци навистина посакуваат нивниот/та љубен/а да го „спушти штитот“. За разлика од водните, воздушните знаци сметаат дека ако се препуштат на своите емоции, ќе станат непромислени и целосно ќе изгубат контрола врз своето однесување. Вагата особено сака да ја задржи нејзината појава во надворешниот свет, така што потечени очиња и мокри обравчиња едноставно не се нејзин стил.rnrnОгнените знаци овен, лав и стрелец може надворешно да оставаат впечаток како да не се грижат и не сочувствуваат со другите, но тоа е далеку од реалноста. Тие едноставно имаат свој начин на демонстрирање на емоциите. Тажната ситуација ќе ја претворат во шега, со цел да ги прикријат нивните вистински чувства. На моменти дури може да им засмета нечие јавно покажување на емоции, бидејќи тоа го уништува нивното весело и позитивно расположение. Но, кога еднаш ќе сфатат дека соочувањето со емоциите всушност ја одржува нивната виталност и енергија, огнените знаци ќе станат повеќе склони кон нивно демонстрирање.rnrnЗемјените знаци бик, девица и јарец имаат топло срце, но нив никогаш не им е удобно да покажуваат ранливост или не дај Боже да пуштат солза. Тие имаат тенденција да го одвлекуваат своето внимание од тажните емоции преку правење нешто, што било. Практичноста е нивната техника за бегање од реалните емоции. Јарецот сака да делува кул и софистицирано, бикот никогаш не сака да остава впечаток на неодлучна личност, а девицата има тенденција да ги доживува останатите како да им е потребна повеќе помош отколку на нејзе самата.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Риби и рак – љубовна комбинација

    Риби и рак – љубовна комбинација

    Љубовната комбинација помеѓу риби и рак претставува позитивно соединување на две големи души. Двата знака се во основа толерантни и сочувствени, а рибата добива бран на енергија од идеите кои ги има ракот. Таа може да му ги отвори очите на нејзиниот рак, кон светот на креативноста и духовноста. Практичноста која ја има ракот, пак може да биде водич за рибата, кој ќе и помогне да ги реализира нејзините соништа и утописки идеи. Она што го прави овој пар „небесен“, е нивната неверојатно цврста и повеќеаспектна емоционална конекција.Риби и рак - љубовна комбинацијаРакот ги цени материјалните работи, удобниот живот и богатиот дом, па понекогаш може да не умее да го сфати едноставниот, минималистички животен стил на рибата. И покрај тоа што овие двајца партнери може да имаат различен животен стил и да тежнеат кон остварување на различни цели, сепак она што секогаш ќе ги поврзува и ќе додава вредност на нивната врска, е нивната емоционална длабочина и поврзаност.rnrnРакот е управуван од Месечината (емотивност), а рибите од Јупитер (филозофија) и Нептун (илузија и соништа). Кога Месечината и Нептун се поврзуваат, создаваат една духовна конекција. Двата знака зрачат со нежна, женствена енергија. Заеднички, тие создаваат една идеалистичка, речиси божествена унија, во која акцентот е ставен на заедничките соништа и илузии на партнерите. Рибата е воедно предводена и од Јупитер, планетата на среќата, која додава мажествена енергија на оваа комбинација и репрезентира филозофија, развој и неумереност. Природата на оваа љубовна комбинација е утопистичка и е облеана со емоционална интригантност. Емоција, длабочина, топлина и развиток – сето ова звучи премногу добро за да биде вистинито нели? Но, не и за овој пар.rnrnОвие два хороскопски знака очекуваат многу од нивните љубовни врски. Ракот треба да внимава да не ја попречува рибата во нејзиното мечтаење, бидејќи таа ќе почне да се задушува од премногу барања. Рибата живее за да креира добра конекција со луѓето во нејзиниот живот и кога таа нејзина карактеристика доаѓа во комбинација со интуицијата и нежноста на ракот, нема поцврста врска од оваа.rnrnЗа да не се претопи нивната врска во еден нереален романтичен идеализам, помага стабилниот поглед кон животот кој го има ракот. Тука не станува збор за тоа дека ракот некако успева да се справи со мечтателската природа на рибата. Ракот искрено ја разбира емоционалната двосмисленост на рибата и може да и помогне да ја стабилизира нејзината фантазерска природа. Недоразбирања во оваа љубовна врска може да настанат доколку рибата се умори од отсутноста и расеаноста на ракот, а на ракот пак може да му здодее од нарцисоидноста на рибата. Во секој случај, на овој пар му е прилично едноставно да постигне компромис.rnrnИнтуитивен во љубовта и во животот воопшто, ракот сака да ги реализира целите со добро осмислена идеја на ум и цврст план запишан на лист хартија, за да може ги следи неговите етапи. Рибата од друга страна, најчесто во реализирањето на своите цели се потпира на инстинктот. Дури и ако ракот, како нејзин љубовен партнер, и го состави планот на хартија и ѝ го даде готов, таа, метафорично кажано, најверојатно ќе го изгуби. Тоа значи дека ракот треба да и даде на рибата слобода да си ги следи нејзините сопствени интереси и да и овозможи да си го прави ќефот без да биде уплашена од неговите побарувања и очекувања од неа. Рибата може да му покаже на ракот дека успешното завршување на работите, може да биде многу поважно од самата иницијатива за истите и дека компромисот без борба, понекогаш може многу да се исплати.rnrnРибата и ракот меѓусебно се „хранат“ од енергијата на својот љубовен партнер и се многу комплементарни љубовници. Најдобриот аспект од нивната врска е нивната слична емоционална природа. Тие одлично се разбираат, меѓусебно се поддржуваат и негуваат и двајцата умеат да се стават и во улога на ученици и во улога на наставници. Хармонијата, приврзаноста и соживувањето со ставовите и чувствата на својот љубен, е она што го одржува ова партнерство многу цврсто.rnrn

  • Риби и близнаци – љубовна комбинација

    Риби и близнаци – љубовна комбинација

    Во љубовната врска помеѓу риби и близнаци постои меѓусебна симпатија и задоволство. Близнакот е интелигентен, слаткоречив и мозокот му работи брзо, па благодарение на овие негови карактеристики може да внесе еден хумористичен бран во животот на рибата, како и да и даде интелектуална насока, која може да и помогне да го фокусира нејзиниот фантазерски поглед кон светот.Риби и близнаци - љубовна комбинацијаРибите имаат интуитивна дарба. Тие лесно остваруваат конекција со другите луѓе на едно суптилно емоционално ниво, а нивната мечтателска природа ги прави многу отворени и дружељубиви личности. Накратко кажано, рибите очекуваат да го „извлечат“ од луѓето дури и она што некои би го нарекле невозможно и доста вешто го прават тоа. Близнаците се исто така слободоумни, многу пргави и флексибилни луѓе, а нивна најголема дарба е способноста да ги погледнат сите аспекти на ситуациите. Оваа врска е базирана токму на флексибилност и поврзаност. Близнаците и рибите не само што можат да бидат одлични љубовници, туку и добри другари.rnrnНа рибата може да и бидат повредени чувствата доколку близнакот честопати кажува премногу непотребни зборови пред да размисли. Но, дури и кога имаат проблеми овие партнери знаат да заборават и простат брзо. Никој од нив нема тенденција да „држи лутина“, рибата бидејќи знаат дека нивниот партнер има искрени намери, а близнакот бидејќи не сака да си го троши времето размислувајќи на „старите рани“.rnrnБлизнаците се управувани од Меркур, планетата на комуникациите, а рибите од Јупитер, кој е симбол на среќа и Нептун (илузија). Јупитер кој се однесува на филозофијата, среќата и учењето, ја води рибата да посака да дознае што се крие длабоко под површината на работите, а Нептун му ја дава таа „мечтателска нота“. Меркур пак се однесува на бистриот инвентивен ум кој го има близнакот.rnrnРибата умее да ги сфати непресушните идеи на близнакот, на едно длабоко интуитивно ниво. Интересно во оваа љубовна комбинација, е тоа што постои микс од интелектуален, емоционален и интуитивен поглед кон животот, што му овозможува на овој пар да донесува многу стабилни одлуки. Ако рибата и близнаците заеднички работат на нешто, тие можат да достигнат многу голем успех.rnrnЕдинствен нивни проблем се комуникациските недоразбирања, кои можат да настанат ако рибата се чувствува како близнакот да не ја разбира, или ако близнакот се почувствува задушен од чувствителноста на рибата. Добрата работа е тоа што двајцата партнери се трудат да ги преболат нивните сопствени повредени чувства. Овие два знака се многу компатибилни. Тие се многу прилагодливи, попустливи и лесно се справуваат со промени. Тие исто така имаат тенденција многу често да се предомислуваат, па олеснителна околност е тоа што се многу отворени и искрени. Ниеден од партнерите во оваа врска не чувствува потреба да биде „главен“ и тие меѓусебно си даваат доволно простор и слобода.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација близнаци-риби, е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и исползувањето корист од нивниот различен вид интелигенција. Тие имаат слични интереси, флексибилни се еден спрема друг и дефинитивно може да си каже дека многу си одговараат како пар.

  • Риби и бик – љубовна комбинација

    Риби и бик – љубовна комбинација

    Љубовното партнерство сочинето од риби и бик, во главно е среќно и хармонично. Нивната врска има тенденција да биде базирана на добра карма и меѓусебна поддршка и разбирање. Додека рибата е импресионист, кој сака да идеализира и мечтае, бикот и поприземен и практичен.  И двата знака умеат да ја негуваат нивната врска и да ја одржуваат стабилна и балансирана.Риби и бик - љубовна комбинацијаБикот и рибите имаат многу нешта да си понудат еден на друг. Бикот благодарение на својот приземен пристап кон работите, може да и укаже на рибата на кој начин да ги претвори нејзините соништа во реалност, а таа за возврат ќе му понуди на бикот разбирање, нежност, љубезност и сочувственост– карактеристики кои бикот ги обожава и сака да бидат дел од неговиот љубовник. Одвреме-навреме бикот најверојатно нема да може да го разбере навидум едноставниот поглед кон животот на рибата. Во реалноста се разбира, рибите не се воопшто едноставен знак. Тој спаѓа во категоријата водни знаци, а водата симболизира длабоки емоции.rnrnБикот е предводен од Венера, планетата на љубовта, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Кога влијанијата на Венера и Нептун се соединуваат, создаваат една фантастична спиритуална конекција. И бикот и рибите, зрачат со нежна, женствена енергија, а во комбинација, тие формираат една идеалистичка врска која се граничи со божественоста. Јупитер додава мажествена енергија на оваа комбинација. Оваа планета репрезентира филозофија, развиток и неумереност.rnrnОвие два знака заеднички можат да ја креираат љубовта од бајките за која и двајцата отсекогаш сонувале. Тие во оваа врска може да се чувствуваат како Рајот да дошол на Земјата. Недостатокот на ова романтично љубовно гнездо се состои во тоа што, оваа опојна, фантазерска конекција може да се состои само од тоа – соништа, илузии, фантазии. Во секој случај, бикот и рибата се високо компатибилни знаци.rnrnБикот може да и помогне на рибата да ја стабилизира нејзината чувствителност, додека таа може да внесе малку „магија“ во практичниот начин на решавање на работите кој го има бикот. Но, партнерите сепак треба да бидат внимателни, бидејќи и премногу добро, не е добро. Бикот е секогаш подготвен, упорен, тврдоглав, практичен и фокусиран на една работа во еден момент, додека рибата го сака чувството на преминување од една на друга мисла, зависно од расположението. Бикот може да се умори од емоционалната нестабилност на рибата, а таа може да се почувствува како бикот да не е доволно емотивен кога станува збор за нејзините потреби. Крутоста на бикот, може да ја „убие“ флексибилноста која ја има рибата.rnrnДобрата работа е тоа што, генерално на овие два хороскопски знака им е лесно да пронајдат начин да ги надминат нивните разлики. Рибата може да го поучи бикот дека заедничкото размислување понекогаш може да донесе подобри резултати  (две глави мислат подобро од една), отколку едностраното, фиксно решавање на работите на неговиот еден и единствен начин.rnrnНајдобриот аспект на љубовната комбинација риби – бик е комплементарноста и хармоничноста на нивните различни емоционални природи. Тоа што и двата знака сметаат дека поддршката и посветеноста помеѓу партнерите треба да ги има секоја љубовна врска, е она што ќе ги одржи нив двајца на долг рок, во цврсто заедница.

  • Риби и овен – љубовна комбинација

    Риби и овен – љубовна комбинација

    Љубовната врска составена од партнери со хороскопски знаци овен и риби, може да биде многу здрава за двајцата партнери. Овенот е силен знак, кој речиси секогаш се потпира на своите инстинкти и ги следи без два пати да размисли за евентуалните последици од сопствените постапки. Мечтателната риба е помирна и интерна личност, па не е изненадувачки што таа е нарекувана „поетот во зодијакот“.Риби и овен – љубовна комбинацијаОднадвор овенот и рибата може да изгледаат како неинтересен пар, но ако меѓу нив постои вистинска љубов, овие партнери можат меѓусебно да си ги остварат сите нивни соништа. Рибата е генерално многу интуитивна личност, дури и на љубовен план може да ги предосети емоциите и моменталното расположение на својот партнер, благодарение на што честопати умее да воспостави баланс и хармонија во нивниот однос. Овенот пак е независен лидер, кој постојано покрева иницијатива за остварување на неговите планови и желби, но треба да внимава да не изгледа себично и скржаво во очите на рибите.rnrnКога овенот ќе констатира дека некоја особа му е многу атрактивна, тој инстантно „трга во акција“ на освојување на истата, без грам двоумење. Кога „жртвата“ е нежната личност со хороскопски знак риба, овенот се става себеси во улога на нејзин заштитник. Интересната работа е тоа што вистинскиот заштитник во оваа врска е токму рибата, бидејќи е интуитивна личност, која умее да го разбере нејзиниот „бурен“ овен на едно длабоко ниво и да му обезбеди релаксирачко засолниште во нејзините прегратки.rnrnДарежливата риба знае толку да се соживее, да сочувствува со емоциите на другите луѓе, што понекогаш може да почне да се чувствува како черга за бришење чевли. Таа тотално се предава на нејзиниот партнер и ако тој не го направи истото, може да настанат проблеми во нивната врска. Но, способноста на рибата да го разбира овенот подлабоко, во однос на повеќето хороскопски знаци, може да го ублажи ваквиот проблем. Рибата меѓу другото знае како да го спречи овенот да постане премногу наметлив и непромислен. Кога се испреплетуваат директниот пристап на овенот и интуитивното разбирање на емоциите на другите луѓе од страна на рибата, овие партнери, со заеднички сили формираат динамичен тим.rnrnОвенот е управуван од планетата Марс која ја симболизира неговата страст, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузија). Марс внесува страсна активност во „сонливиот“ Нептун. Тоа значи дека овенот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините фантазии во реалност. Јупитер од своја страна и овозможува на рибата да биде способна да ја ублажи преголемата искреност и отвореност на овенот.rnrnВо ова љубовно партнерство можни се недоразбирања одвреме-навреме, но во секој случај овенот и рибите може да бидат одличен тим. Рибата може да му помогне на овенот да се опушти малце и да му покаже како да научи да ги „слуша“ емоциите на другите луѓе. Овенот од своја страна, пак, може да и покаже на рибата како да излезе надвор во реалниот свет и да презема ризици кои навистина би и се исплатиле и би и донеле успеси. Ова е навистина корисна лекција за рибата, која дефинитивно е доволно мудра да процени кои ризици е добро да ги преземе, а кои е најдобро да ги избегне. За да успее нивната љубовна врска, овенот и рибата треба да научат добро да преговараат и така да ја потврдат и одржат нивната хармонија.rnrnЗа разлика од овенот, рибата не чувствува потреба да биде лидер во врската. Таа сака да ја „подаде нејзината рака“ секаде каде што е тоа потребно, но не сака да биде главен координатор на проекти, што е добро бидејќи овенот ја сака таа позиција за себе. Благодарение на нивните различни потреби и очекувања во хиерархијата на нештата, овие два знака заеднички можат да успеат да создадат хепиенд на секоја задача на која ќе решат да работат.rnrnНајдобриот аспект од љубовното дуо риби-овен, е тоа што овие двајца партнери имаат да научат многу еден од друг. Рибата го учи овенот како да се грижи и да сочувствува со другите луѓе. Овенот ја учи рибата како да си ги оствари нејзините соништа, а не само да мечтае за нив. Нивната љубов е дефинитивно базирана на меѓусебно давање.

  • Астролошки профил на родените во знакот риби

    Астролошки профил на родените во знакот риби

    (19 февруари – 20 март)rnrnАстролошки профил на родените во знакот рибиИнтуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат. Повеќето луѓе родени во знакот на риби, имаат вроден креативен набој. Тие имаат уметничка душа и нивната потреба да создадат нешто убаво е многу силна.rn

    Големи сонувачи

    rnРибите го гледаат светот низ „розови очила“ и оваа нивна перспектива се одразува на сите нивни зборови и дела. Тие живеат во некој свој совршен свет, дури и кога се целосно свесни за лошата страна на човештвото. Во нивниот свет сè е добро и прекрасно. Тие имаат јака меморија и тенденција да ги запаметат најситните детали. Позитивниот пристап кои тие го имаат кон животот, делува оптимистички на сите во нивна близина.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите не ги интересираат материјални работи и немаат тенденција да „трчаат“ по пари. Не дека тие имаат нешто против богатството, но едноставно се свесни дека тоа е променлива состојба. Рибите не се плашат од тоа што им го носи иднината. Како што е прикажано на нивниот хороскопски симбол, две риби кои пливаат во спротивен правец, тие или се движат каде што ги води патот или се борат против она што не им се допаѓа. Само доколку ја изберат втората опција, рибите ќе бидат вистински среќни и комплетно исполнети. Ако успеат да го сфатат тоа, тие ќе го достигнат највисокото скалило на успехот.rn.rn

    Спокојни и стабилни

    rnЕдна од основните карактеристики на овој хороскопски знак е неговата успокојувачка стабилност. Дури и во најлошите бурни ситуации, рибата никогаш не паничи и воспоставува баланс и мир кај сите околу неа. Рибите се последниот знак во зодијакот благодарение на што во нив има мешавина од квалитетите на останатите знаци. Поради оваа нивна сложеност, навистина е тешко целосно да го разберете овој знак.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите имаат одлични организациски способности и обрнуваат внимание на детали како девицата, имаат здрав и рационален суд како вагата, сочувствуваат со другите луѓе и имаат променливо расположение како ракот, искрени се и љубезни како стрелецот, ги сакаат луѓето и вниманието свртено кон нив како лавот и се аналитични како водолијата. Истовремено се многу комуникативни како близнаците, пасивни и тврдоглави како бикот, можат да ги дознаат вашите најдлабоки тајни како скорпијата, одговорни се и принципиелни како јарците и се оптимистични, невини и големи ентузијасти како овенот.rn.rn

    Многу дарежливи

    rnРибите се големи алтруисти кои сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Тие се дарежливи и сакаат да помогнат секаде каде што можат. Ако побарате од нив, тие буквално би ја соблекле маицата од нивниот грб за да ви ја дадат вам. Рибите умеат да допрат до срцата на другите луѓе и уживаат помагајќи им да го остварат нивниот потенцијал во целост. Вродената сензибилност која ја имаат рибите, ги прави личности кои имаат огромно разбирање за чувствата на другите. Како и да е, рибите мораат да внимаваат нивната добродушност и дарежливост да не биде злоупотребена.rn.rn

    Спиритуални и интуитивни

    rnРибите се духовно богати личности, но тоа не мора да значи дека тие се приврзаници на некоја религија, иако и тоа може да биде случај. Поконкретно кажано, тие едноставно „чувствуваат“ дека постои некаков ред во универзумот и дека имаат длабока конекција со семоќниот.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите имаат одлична интуиција, па ако некој припадник на овој хороскопски знак ви каже да не излегувате некој ден од дома, подобро послушајте ги. Нивното „шесто сетило“ им овозможува да имаат јасна визија за чувствата на другите луѓе.rn.rn

    Хуморот како маска

    rnРибите имаат тенденција кон расправање, кога знаат да даваат многу саркастични коментари и да „боцкаат со нивното остро јазиче“. Најдобриот момент е што и покрај тоа што нивната лутина трае долго, кога ќе им помине повторно стануваат свои, како ништо да не се случило. Рибата ја обожава природата, уметноста од секаков вид и е многу амбициозна. Таа сака да им помага на луѓето кои имаат некаков проблем, притоа трошејќи голем дел од својата енергија. Наспроти тоа, другите луѓе никогаш не можат да „прочитаат“ кога на рибата и се повредени чувствата. Таа ги крие нејзините најдлабоки емоции зад нејзината смисла за хумор. Хуморот може да биде нежен и невин или ладен и безмилосен. Како и да е, хуморот на рибата најчесто претставува маска зад која се крие некоја друга нејзина емоција.Астролошки профил на родените во знакот рибиrn

    Интроспективни

    rnОвој знак е екстремно интроспективен, односно ја испитува и ја набљудува сопствената внатрешност. Таа нивна моќна карактеристика, кога се користи во позитивна смисла може да создаде една страсна и артистична индивидуа, со голема интуиција и сочувственост за другите, благодарение на што можат да бидат големи хуманитарци. За жал оваа страна на рибите е честопати негативно засенета од нивните депресивни чувства. Овој нивни песимистички аспект е резултат на нивната променлива природа, која ги прави нестабилни личности.Астролошки профил на родените во знакот рибиКога не користат самоанализа за запознавање на себеси од интелектуален аспект, може да доведе до некои негативни опсесии кај нив. Како нестабилна индивидуа, ваквото однесување може да предизвика разни зависности и невротичност. Во позитивна смисла, рибите најчесто имаат тенденција интроспективноста да ја насочат кон продлабочување на нивните уметнички способности кои ги поседуваат од самото раѓање. Гледано пошироко, потребата да бидат зависни од нешто, кај рибите може да биде и здрава, како на пример потребата за често смеење или спортување. Во секој случај, на рибите им е потребна умереност и баланс за да се чувствуваат стабилно.rn.rn

    Артистични

    rnФактори кои создаваат непријатно опкружување за рибата, можат негативно да се одразат на нејзината личност, особено ако тие се присутни од најмала возраст. Но, ако рибата е израсната во пријатна и стабилна околина, таа ќе може да ја развива нејзината креативност и да има пообјективна визија благодарение на која ќе може да создава уметност со голема тежина.rn.rn

    Сексуалноста на рибите

    rnДлабоката спиритуална енергија на рибите, во голем дел е изразена во нивната сексуалност. Овој знак има желба да го идеализира својот љубовен партнер. Припадниците на овој хороскопски знак сакаат да се пожртвуваат себеси со цел да го усреќат својот партнер. Но, оние кои се во љубовна врска со риби мораат да бидат внимателно со овој дел од нивниот карактер. Дури и ако сте авантуристи во сексот и не ви смета да бидете „доминирани“, потсетете се дека една здрава сексуална врска треба да биде базирана на меѓусебна почит.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите ја обожаваат музиката, уметноста, глумата и сè што вклучува креативност. Ова е една од причините зошто рибите се и сексуално креативни битија, кои сакаат акција во креветот. Овој аспект на нивната сексуалност лесно може да биде изразен преку „одигрување улоги“ и други сексуални игри. За да го одржи овој аспект позитивен, рибата треба да се обиде да се поврзе со партнер кој има уметничка душа, но истовремено е и здрав за неа.rn.rn

      rn011

    • Идеални професии за риби: актери, сликари, скулптори, танчери, доктори, поети, писатели, фотографи, психијатари, пејачи, ветеринари
    • rn011

    • Рибите најмногу си одговараат со: бик, рак, скорпија, јарец.
    • rn011

    • Омилени бои: сина, зелена, виолетова, бела
    • rn011

    • Животно мото: „Можам да замислам како се чувствуваш“.
    • rn

  • Водолија и Риби – љубовна комбинација

    Водолија и Риби – љубовна комбинација

    Љубовните партнери со хороскопски знаци Водолија и Риби умеат да создадат убава заедничка иднина, бидејќи нивната врска е базирана на почит и разбирање. Рибите постојано „пловат“ во нивните фантазии, а Водолијата константно смислува некоја нова инвентивна идеја и креативен начин за успешно извршување на работите.rnrnВодолија и риби - љубовна комбинацијаrnrnВодолијата и Рибите навлегуваат длабоко во коренот на актуелните проблеми во нивниот живот и заеднички се обидуваат да пронајдат некакво решение. И двата знака се интроспективни, односно ја анализираат нивната внатрешност.rnrnВодолијата веднаш ги осудува оние луѓе кои не ја делат нејзината визија, додека Рибите се полни со разбирање, дури и за оние кои не го заслужуваат тоа. Овие два знака се одлични пријатели и љубовници. Конфликтите помеѓу нив двајца се ретка појава, но Водолијата понекогаш може да изгледа премногу интелектуално и „студено“ во очите на Рибите. Различната реакција на партнерите во дадена ситуација, може да предизвика „процеп“ во нивната инаку стабилна љубовна врска. Водолијата ги брка од себе оние луѓе кои не се согласуваат со нејзиното мислење, додека Рибите лесно ги прифаќаат туѓите маани. Во некои ситуации овие партнери може да имаат недоразбирања, но генерално тие лесно си опростуваат и брзо забораваат.rnrnВодолијата е управувана од планетите Уран и Сатурн, а Рибите од Јупитер и Нептун. Уран се фокусира на радикалните и иновативни идеи кои ги има Водолијата. Влијанието на Сатурн и дава на оваа врска енергија за спроведување на овие идеи, како и способност за организација на сите детали кои ќе одведат до постигнување на целта. Јупитер се однесува на филозофскиот дух, сочувството и способноста за подучување други која ја имаат Рибите. Нептун се фокусира на спиритуалноста што ја поседуваат Рибите, благодарение на која тие секогаш имаат волја комплетно да ги разберат генијалните и возбудливи идеи на нивната Водолија.rnrnСекогаш кога Водолијата доаѓа до нова идеја, нешто кое често се случува, Рибите се желни да ја разберат на едно интуитивно ниво. Водолијата и Рибите се надополнуваат на интелектуално и емоционално ниво. Врската ја придвижуваат чувства и ставови, во зависност од ситуацијата. Оваа врска претставува флексибилна и прогресивна заедница во која секогаш се случуваат многу нешта. Рибите секогаш своето внимание го вперуваат во интересите на Водолијата, која од смирениот партнер учи како да биде толерантна и „топла“.rnrnОвој пар одлично соработува. Иако некогаш знаат да не се согласуваат, сепак разликите во мислењата помеѓу Рибите и Водолијата не траат долго. Конфликти можат да настанат бидејќи Рибите имаат потреба од емотивна поддршка и нежност, а Водолијата преферира да изнесува нови идеи пред романтиката.rnrnВодолијата секогаш иницира некакви промени, а Рибите ги прифаќаат доколку тие им помагаат и ја подобруваат врската. Кога овие двајца партнери се заедно, тие никогаш не се караат околу тоа кој ќе биде награден за нивните остварувања.rnrnДвата знака подобро се снаоѓаат во отпочнување на нештата, отколку во нивно завршување. Доколку на Водолијата ѝ стане досадно во врската, Рибите многу лесно го согледуваат тоа и продолжуваат понатаму со животот.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата Водолија – Риби е заедничкиот интерес на партнерите за култивирање на знаење и прифаќање на модерните и космополитски идеи. Тие се усогласени во нивниот ентузијазам, енергија и во желбата за вистинска, отворена и искрена врска. Нивните заеднички интереси и карактери ја прават оваа врска компатибилна.

  • Водолија и водолија – љубовна комбинација

    Водолија и водолија – љубовна комбинација

    Кога две водолии се во љубовна врска, тие се фокусираат на позитивните аспекти на човештвото. Овие партнери обожаваат да стекнуваат нови пријателства, да им помагаат на другите луѓе и да прават убави промени во општеството. Водолиите имаат тенденција да бидат активни и енергични луѓе, а најдобро функционираат кога се под притисок. Честопати се случува да почувствуваат мала љубомора во врска со сите пријатели на партнерот кои се од спротивниот пол.Водолија и водолија – љубовна комбинацијаВодолиите се согласуваат прилично добро, уживаат да дискутираат за современата уметност, да посетуваат разни настани и да смислуваат прогресивни идеи.rnrnПоради независноста и „распространетоста“ на водолијата секаде онаму каде се крие нова возбуда и страст, партнерите во оваа љубовна врска може да почнат да се чувствуваат недоволно емоционално поврзани. Понекогаш може да се случи водолиите да имаат тешкотија да ги откријат чувствата на својот партнер и да му ги изразат своите на него и воопшто на целиот свет околу нив.rnrnТие имаат тенденција да го поминуваат поголемиот дел од времето надвор од дома, а на професионален план одлично се снаоѓаат кога се дел од поголема организација или бизнис.rnrnЉубовните партнери со хороскопски знак водолија делат извесни идеи за тоа како според нив луѓето би требало да се однесуваат, кои се најчесто објективни и издржани. Тие имаат тенденција да се однесуваат „студено“ со оние луѓе кои сметаат дека се банални и здодевни.rnrnВодолијата е управувана од планетите Сатурн и Уран. Влијанието на Уран врз водолијата ги става под контрола нејзините радикални и необични идеи. Секогаш препуштајќи се на нејзината идеалистичка визија и интелект, водолијата може да биде толку екстремна и радикална, поради што таа е често нарекувана „Ајнштајн во зодијакот“. Остатокот од светот водолијата ја доживува како премногу интензивна личност. Таа честопати е погрешно протолкувана. „Топката ја смирува“ Сатурн кој внесува чувство на работна етика, дисциплина и упорност и ја поттикнува водолијата напорно да работи за да ги надмине сите евентуални проблеми.rnrnБлагодарение на нивната трудољубивост и жилавост, паровите сочинети од партнери со хороскопски знак водолија се високо продуктивни и почитувани од околината. „Брејнстормингот“ и соочувањето со проблеми, во комбинација со нивните супериорни интелектуални способности, се природно создадени карактеристики на водолијата.rnrnИстиот „рационален нагон“ кој ги прави овие љубовни партнери самоуверени и сигурни во себе, може истовремено да биде и причина за емоционална и физичка разединетост помеѓу нив. Водолиите се одличен тим и нивото на нивната комуникација е одлично, но создавањето интимност во нивната врска, може да преставува долг процес, во кој е потребно да се вложи многу труд од двете страни.rnrnВодолијата е фиксен знак. Овој квалитет може да ги направи водолиите во љубовната врска многу продуктивни или застрашувачки тврдоглави. Безброј идеи „лебдат“ во креативниот ум на водолијата и двата партнери го почитуваат придонесот на својот љубен во целењето кон остварување заеднички идеали. Како и да е, понекогаш може да се случи нивните цврсти и непроменливи ставови да се „судрат“ и да предизвикаат конфликт. Заедничко за овие партнери е нивното непријателство кон луѓе кои не ја делат нивната страст за прогрес во животот.rnrnНајдобриот аспект од љубовното партнерство водолија – водолија, е способноста на овие партнери за непрестајно создавање нови креативни идеи, кои му ги презентираат на светот. Како визионери и индивидуалисти, овие партнери се залагаат за културни реформи и интелигентни иновации. Сè додека двајцата партнери постојано се потсетуваат дека треба да го одржуваат и „зачинуваат“ нивниот романтичен живот, тие ќе можат со заеднички сили да го направат светот подобро место за живеење.

  • Водолија и девица – љубовна комбинација

    Водолија и девица – љубовна комбинација

    Кога водолија и девица ќе се најдат во љубовна комбинација, тие можат да го извлечат или најдоброто или најлошото еден од друг. Водолијата е страсна, темпераментна, секогаш со некоја нова уникатна идеја на ум, а девицата е уредна, промислена и има тенденција честопати да крева врева без причина. Девицата е секогаш организирана и во одлучувањето се потпира на својот разум, а водолијата е посовремена и смета дека рутинското живеење е нешто незамисливо.Водолија и девица - љубовна комбинацијаДевицата и водолијата имаат многубројни карактерни разлики. Но, во овој случај тие не претставуваат проблем, туку напротив нивните различни ставови околу работите, им овозможуваат да научат многу еден од друг, благодарение на што можат да станат поцелосни и поуспешни личности.rnrnКако и кај секој друг пар, така и во овој, може да се јават недоразбирања. Девицата може да ја смета водолијата за многу атрактивна, но може да почне да ја нервираат неуспешните обиди да „влезе“ во нејзиниот артистички ум. Од друга страна, водолијата може да се вознемирува од критицизмот на девицата, но ќе ужива во стабилноста и удобноста која и ја нуди овој љубовен партнер.rnrnДевицата е предводена од Меркур, а водолијата од Сатурн и Уран. Влијанието од Меркур ја прави девицата комуникативна, организирана и ефикасна. Сатурн ја симболизира трудољубивоста, организираноста и насоченоста на водолијата кон реализација на поставените цели. Уран се однесува на необичноста и уникатноста на водолијата и нејзината тенденција да се фокусира кон иднината.rnrnДевицата ќе се обиде да внесе организација, удобност и чувство за рационалност во животот на водолијата. Водолијата пак, ќе ја инспирира девицата да биде повоздржана од коментирање и да стои зад она во кое верува.rnrnВодолијата го поминува целиот живот барајќи нешто кое ќе и ја просветли душата, додека девицата е фокусирана на „билдање“ на нејзиниот интелект. Додека девицата за секоја ситуација си ги поставува прашањата „зошто“ и „како“, водолијата е едноставно во потрага по нешто привлечно и возбудливо, без разлика дали истото е практично или не, и секогаш се прашува „што е следно?“. Понекогаш на овие партнери може да им претставува проблем да се разберат еден со друг.rnrnКонфликт во овој љубовен пар може да настане доколку девицата почне премногу да го анализира несовршенството во нивната врска или доколку водолијата стане премногу „студена“ и отсутна во мислите. Овие партнери мора да научат меѓусебно да ги почитуваат нивните различни погледи кон животот и да разберат дека токму од тие разлики може да научат многу нешта, кои ќе го збогатат нивниот живот со задоволство и хармонија.rnrnВодолијата има тенденција да биде доста тврдоглава, неразумна и самоуверена. Но, кога работат на остварување на заеднички цели, овие љубовни партнери ја внесуваат целата нивна страст, упорност и издржливост. Девицата лесно се прилагодува на секакви социјални збиднувања и со задоволство сака да и помага за било што на нејзината водолија, сè додека таа умее да ги цени нејзините напори. Конфликтите во оваа врска би требало да се ретки и најчесто се решливи благодарение на флексибилната природа на девицата, а не поради правењето отстапки во име на љубовта, од страна на водолијата.rnrnАко овие два знака успеат да сфатат дека работат на остварување на една заедничка цел – нивната среќа, ќе им биде многу поедноставно да допрат до срцето на својот партнер. Среќна околност е што девицата е пореалистична и ќе се обиде да ги држи работите под контрола во конфликтни ситуации, бидејќи водолијата сигурно нема да биде таа што прва ќе попушти.rnrnНајдобриот аспект од љубовниот пар водолија-девица, е комбинацијата од нивните различни амбиции, која може да ги одведе до чудесни работи. Оваа врска е поучна, корисна и задоволителна за двајцата партнери.

  • Водолија и лав – љубовна комбинација

    Водолија и лав – љубовна комбинација

    Кога овие два знака се во љубовна врска, спојот од способноста на водолијата за предвидување на идните ситуации и креативноста на лавот, предизвикува тие да бидат забележани од надворешниот свет. Ова љубовно партнерство е енергично и незапирливо, а понекогаш помеѓу двата знака може да се јави натпреварувачки дух, што за нив претставува уште еден начин на забава.Водолија и лав - љубовна комбинацијаОвие два знака имаат тенденција да размислуваат премногу идеалистички и за секоја работа им е неопходна мотивација за да можат со задоволство и успех да ја завршат. Водолијата и лавот сакаат необични, несекојдневни работи и возбудливи, авантуристички ситуации, па одвреме–навреме многу е возможно да го претвораат нивниот живот во една бескрајна партија „Вистина или предизвик?“.rnrnПовеќето љубовни врски составени од партнери со хороскопски знаци лав и водолија се успешни, благодарение на нивната меѓусебната почит, која никогаш не згаснува. Лавот се восхитува на индивидуалноста, визијата и креативноста која ја поседува водолијата. Водолијата пак, се воодушевува на ентузијазмот, шармот и гордоста, кои се својствени за лавот. Водолијата секогаш има некоја нова идеја на ум, но честопати не е доволно поттикната да ја претвори во реалност, како што тоа го може лавот.rnrnДвата знака се гордеат со нивната независност во врската, но проблеми можат да настанат ако лавот почне премногу да бара и очекува од својот партнер или доколку водолијата стане премногу резервирана и повлечена. Лавот може да биде премногу драматичен според „вкусот“ на водолијата, но од друга страна водолијата може да биде премногу нестабилна и несигурна според лавот.rnrnОвие партнери треба да ги почитуваат нивните различни перспективи. Ако тие ја вреднуваат нивната врска и умеат добро да комуницираат во насока на нивна обострана среќа, сè ќе биде во ред.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а водолијата од Сатурн и Уран. Уран во водолијата внесува креативност, добра визија и способност за смислување нови идеи. Лавот со влијанието од Сонцето внесува енергија во нивните планови, со која тој ги реализира нивните заеднички идеи. Влијанието на Сатурн пак, овозможува целиот тој процес да се реализира до крај, кога инспирацијата на Уран ќе згасне и енергијата на Сонцето ќе се пренасочи кон нешто ново. Водолијата не само што може да „држи чекор“ со енергичниот лав, туку може и да додаде посебна креативна нота во нивната врска. Заедно, овие два знака можат да достигнат „големи височини“.rnrnИнтелектот кој го има водолијата, ја поттикнува амбициозноста на лавот и неговата подготвеност да ги спроведе нејзините идеи во акција. Водолијата делува многу стимулирачки за лавот.rnrnДвата знака имаат интереси од многу различни области. Поради желбата на лавот да биде оригинален, тој со задоволство ужива во процесот на претворање на уникатните идеи кои ги смислува повлечената водолија.rnrnЛавот и дава на водолијата храброст да презема иницијатива за она што сака да го постигне, наместо само да седи на своето работно место и да смислува некоја нова идеја. Оригиналноста и уникатната визија со која располага водолијата, може навистина да го импресионира лавот.rnrnПартнерите во оваа љубовна врска се многу лојални и посветени еден на друг. Кога тие ќе сфатат дека не мора постојано да чувствуваат одговорност за завршување на некои обврски, ќе успеат да остварат сè што ќе замислат, комбинирајќи ги нивните заеднички сили.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо водолија-лав  е способноста на партнерите да создадат „магија“ во нивната врска. Тие знаат како да смислат идеја, да направат план како да ја спроведат во акција и да го започнат процесот на реализација кој води до успех. Нивниот „рецепт за успех“, го прави овој пар визионерски, практичен и уникатен.