Кога овен и девица започнуваат љубовна врска, нив може да им изгледа како да немаат ништо заедничко. Тие на почетокот не веруваат ниту дека можат да научат нешто ново еден од друг. На нивната врска ѝ е потребно време да се развие, за да може секој од партнерите да го разбере карактерот и навиките на другиот.
Овенот и девицата може да делуваат како две спротивставености. Додека овенот е дрзок, наметлив, доминантен, агресивен, секогаш нетрпелив да го дочека исходот и постојано„скока“ од една на друга работа, девицата е тивка, ориентирана на деталите, понекогаш дури и срамежлива и секогаш трпеливо работи во полза на остварување на нејзините највисоки цели во животот.rnrnЕнергијата која ја поседува овенот е динамична и „распалена“, а девицата се движи со побавно темпо и е приземна личност. Токму од овие разлики, овенот и девицата можат да научат многу еден од друг, доколку „ѕирнат“ што се крие под површината на нивниот партнер.rnrnНа почетокот од врската, овенот и девицата најверојатно ќе ги гледаат само недостатоците и маните на нивниот партнер. Така, девицата најверојатно ќе смета дека овенот е премногу надуен и дрзок, а тој пак, ќе смета дека девицата е раздразлива и вечно загрижена. Но, доколку наместо на маните, се фокусираат на добрите страни на нивниот партнер, тие ќе откријат дека такви ги има многу. Овенот ја учи девицата да внесе повеќе забава и возбуда во нејзиниот живот и во однесувањето да биде поспонтана и непосредна – особини кои најчесто ѝ недостасуваат во животот. Девицата пак, го учи овенот да биде потрпелив и да обраќа повеќе внимание на деталите, објаснувајќи му дека малите нешта и моментите се исто така многу важни сегменти од животот. Овенот ја поучува девицата да не си ги зема работите толку при срце. Девицата ќе му укаже на овенот дека треба да биде пољубезен со луѓето и повеќе да ја цени напорната работа.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс (страст), а девицата од Меркур (комуникативност). Овенот секогаш избрзува и се бори за своето, без да троши време на правење нов план од почеток или да смислува стратегии. Обратно од него, девицата сака сè да анализира и да ги земе предвид сите детали пред да почне да дејствува. Овие партнери имаат толку спротивен пристап кон животот, така што недоразбирања лесно може да се појават помеѓу нив. Овенот и девицата мораат свесно да вложат напори да научат нешто од методот според кој се води нивниот партнер во животот, наместо да си дозволат неговиот природен ритам да ги вознемирува до степен да избезуменост.rnrnДодека овенот е страсно избувлива личност, девицата е практична и приземна. Девицата ги „мери“ сите понудени опции, пред да се посвети на некоја сериозна работа, додека овенот едноставно знае што сака во моментот и почнува да „трча“ да го добие тоа веднаш. Овие нивни карактеристики се присутни и во нивната кариера и во љубовниот живот, поради што може да претставуваат камен на кој партнерите постојано ќе се сопнуваат.rnrnАко овенот одлучи дека девицата е личноста со која сака да биде во врска, може да се исфрустрира доколку мора да ја чека да се одлучи дали таа врска според неа е добра идеја или не. Девицата не чувствува потреба да биде лидер или „шеф“ во оваа врска. Таа е желна да ги почитува сугестиите на нејзиниот партнер, доколку смета дека тие се реално остварливи. Овенот, од друга страна, сака постојано да ги дава тие сугестии. Овој нивен сооднос може да претставува многу моќна движечка сила во нивната врска, доколку партнерите сфатат дека треба да функционираат како тим, кој е насочен кон остварување на нивните заеднички цели.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска на овенот и девицата, е успехот кој може да го постигнат во љубовта и кариерата, доколку функционираат како тим. Нивните карактери, различни во толку многу нешта, ја прават оваа љубов многу комплементарна.
Tag: хороскоп
-

Овен и девица – љубовна комбинација
-

Овен и лав – љубовна комбинација
Кога овен и лав се во љубовна врска, „летаат искри“. Двата знака се страсни, динамични, со здрав спортски дух и компетитивен карактер. Во оваа љубовна врска има многу акција. Двајцата партнери сакаат да се однесуваат шефовски во врската и можат да настанат конфликти кога нивните еднакво големи егоа ќе застанат на патот. Овенот и лавот меѓусебно искрено се почитуваат и обожаваат, но тие мора да научат да престанат да командуваат и да издаваат наредби, дури и во ситуациите кога треба да изберат филм во дивидитека. Ова партнерство е комплетно базирано на жестока страст, доминација и натпревар помеѓу партнерите кој да биде на врвот и кога.
Двата знака знаат да бидат нетрпеливи и горди. Лавот сака да биде обожаван, да биде во центарот на вниманието и неговото его да биде негувано, услуги кои овенот, на кој лесно му досадува, може нема да сака да ги прави. На овенот исто така, може да му здодее од флертувачката природа на лавот, но нивната врска во секој случај е многу возбудлива.rnrnНаспроти нивните разлики, овенот најчесто го доживува лавот како негов водич или советник. Лавот е кралот на животните, а овенот може да биде кроткото јагне. Исто како во митот „Лавот и јагнето“, сите разлики помеѓу овие два знака може да бидат надминати.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс (страст), а лавот од сонцето (его). Двајцата партнери се енергични и силни личности, кои можат меѓусебно да се разберат бидејќи имаат сличен темперамент. Лавот е егоистичен, а овенот е агресивно енергичен. Токму поради овие нивни карактеристики, партнерите заеднички креираат еден високо компатибилен и моќен тим.rnrnОвенот и лавот се огнени знаци, поради што оваа врска има тенденција да биде многу „вжештена“ и страсна. Кога им е добро, им е супер, но кога им е лошо, сè се сведува на бучни кавги и повредени егоа. Во љубовните врски составени од партнери со хороскопски знаци овен и лав, секогаш постои борба помеѓу партнерите кој да биде шефот во врската, кој ќе ги диктира условите. Бидејќи во основата на љубовта не треба да лежи борбата за моќ. Натпреварувачкиот дух помеѓу нив, може да претставува голем проблем.rnrnДвата знака располагаат со неограничено количество енергија, па не е ни чудно што секогаш се некаде во акција. И покрај тоа што тие можеби честопати нема да се согласуваат за многу работи, нивните разлики во размислувањето не траат долго. Тоа е така бидејќи овенот е премногу зафатен да држи лутина (го чекаат нови предизвици на патот). Лавот пак, мора да запамети дека не треба да биде гневен и огорчен, во моментите кога смета дека неговиот љубен овен не му покажува доволно респект, бидејќи тој го почитува многу повеќе отколку што тој мисли.rnrnОвенот му помага на лавот да верува повеќе во себе, да презема иницијативи и да ги искористува шансите кои животот му ги дава. Од своја страна, лавот може да го научи овенот да се стабилизира и да ги остварува неговите планови еден по еден.rnrnОвенот понекогаш може да ги повредува чувствата на лавот, со изговарање зборови кои болат, без претходно да ги обмисли. Од друга страна, овенот може да го иритира шефовската природа на лавот и неговото честопати намуртено лице.rnrnБез разлика на нивните „жешки“ темпераменти, овенот и лавот доволно се сакаат, се грижат еден за друг и се меѓусебно лојални партнери, кои ако се потрудат повеќе, можат да сфатат дека не мора да постои шеф во нивната врска. Кога ќе ја научат оваа лекција, нивната љубов ќе биде возбудлива и блажена.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација овен-лав, е нивното обострано обожавање. Со иницијативноста на овенот да ги прифаќа предизвиците и послушноста на лавот да ги следи неговите идеи, тие ја држат во нивните раце главната алка за успешно љубовно партнерство. Нивната енергија и страст, ја прават оваа врска екстремно динамична. -

Овен и рак – љубовна комбинација
Кога овен и рак се во љубовна врска, се работи за случајот: „спротивностите се привлекуваат“. Овенот е брзоплет и наметлив, а ракот е сензитивен и емотивен. И овенот знае да биде доста емоционален, но на страстен и импулсивен начин, кој може тотално да го „разоружа“ ракот. И покрај тоа што ракот не се избрзува кога станува збор за љубовните врски и сака да оди чекор по чекор, енергичниот пристап кој го има овенот, може многу да го стимулира на позитивни промени во животот. Овенот од друга страна, може да ја смета емоционалноста на ракот како многу привлечна карактерна особина, бидејќи таа е одличен баланс на неговата острина и директност.
Проблеми во оваа љубовна врска може да настанат ако расположението на ракот постане премногу променливо, или доколку агресивноста на овенот почне да ги повредува чувствата на ракот. Овенот и ракот мораат да научат да ги слушаат желбите и потребите на својот љубовен партнер и да сфатат дека имаат различен темперамент, кој не треба да ги попречи да работат кон остварување на нивните заеднички цели. На овенот му е најбитно да успее во животот и да го „нахрани“ неговото его, додека на ракот му е најбитна хармонијата во домот и семејството.rnrnДруга моќна движечка сила во оваа врска е екстремната заштитничка настроеност на секој од знаците кон нивниот љубовен партнер. Емоционалниот и сочувствен рак секогаш умее да му помогне на својот партнер и семејството кога тоа наидува на некои проблематични ситуации, а овенот ја користи неговата сила и храброст за да се бори против сè што му наштетува на неговото семејство.rnrnРакот може да му овозможи на овенот среќен семеен живот и емоционална стабилност. Но, понекогаш може да се случи ракот да изгради премногу идеализирана слика за неговиот љубен овен и да постане премногу посесивен, што може многу да го иритира независниот овен. Како и да е, овенот може да помогне во ваквата ситуација, на начин што ќе му даде на знаење на ракот дека го љуби најмногу на светот и дека вечно ќе ја негува нивната љубов. Овенот мора да научи да го слуша она што ракот му го зборува, бидејќи ракот се потпира на неговиот инстинкт и интуиција, па неговиот совет може да му помогне да избегне да носи непромислени одлуки, предизвикани од неговата типична неспособност за добро планирање.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс, а ракот од Месечината. Марс бил Богот на војната, а овенот е војник кој е спремен да одговори на секој предизвик кој стои пред него. Искрената, отворена, дарежлива и страсна природа на овенот му е многу привлечна на ракот. Тој во себе поседува една интензивна женствена енергија, а овенот може да му помогне да научи како да ја искористи за реализирање на неговите соништа. Во оваа врска, ракот е оној кој од позадина „ги влече конците“, а овенот е оној кој се впушта во битки.rnrnБлагодарение на неговата сентиментална природа, ракот може да му помогне на овенот да сфати дека понекогаш треба да го забави темпото и да ја цени убавината на животот, наместо постојано да трча од една на друга ствар. Од друга страна, овенот го учи ракот да не биде срамежлив и храбро да се бори за она што е негово. Но, понекогаш ракот знае да биде манипулативен со емоциите на неговиот овен, што може да го „убие“ неговиот ентузијазам. Исто така, овенот од своја страна знае да биде многу критичен и остар и поради тоа да ги повреди чувствата на ракот. За да функционира нивната врска и за да постои баланс помеѓу нив, ракот и овенот мораат отворено и слободно да разговараат. И двајцата се иницијатори, кои мораат да научат да соработуваат.rnrnНадворешно, овенот изгледа како да е лидерот во врската, кој секогаш се обидува да најде нов предизвик во животот, но и ракот е индиректно „главен“, поради неговата емоционална контрола и способноста да излезе на крај со секаква ситуација. Ракот обично има поголема желба да направи компромис секогаш кога тоа е неопходно, за разлика од овенот, кој побурно реагира и си стои на зборот. Поради тоа, ракот најчесто ќе треба прв да попушта во конфликтните ситуации.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација овен-рак, е нивната многу интересна компатибилност. Во моментот кога ќе успеат да ги надминат бариерите и ќе сфатат дека работат во истиот тим, тие се една незапирлива сила. Активниот и енергичен овен секогаш е некаде надвор добивајќи го вниманието од другите луѓе кое му е потребно за потхранување на неговото его, а емоционалниот рак, секогаш го подржува во неговите амбиции во позадина. Оваа врска е многу урамнотежена, поради тоа што секој од партнерите има способност да го надополни она кое на другиот му недостасува. -

Овен и близнаци – љубовна комбинација
Кога овен и близнаци се во љубовна врска, тие се поврзуваат на интелектуално и на телесно ниво. Овие партнери обожаваат физички активности и умеат да го задржат оптимистичкиот дух, дури и во потешките ситуации. Овенот и близнакот најчесто уживаат во нивната одлична комуникација и имаат длабоко разбирање еден за друг.
Независниот, пионерски дух кој го има овенот му е привлечен на близнакот и тој смета дека многу е битно во љубовните врски да постои одреден степен на независност и самостојност кај секој од партнерите. Расправии и недоразбирања помеѓу овие партнери може да настанат, доколку на близнакот му засмета потребата на овенот да држи сè под контрола или ако овенот почне премногу сериозно да ја сфаќа флертувачката природа на близнакот.rnrnБлизнаците и овенот можат да креираат една навистина балансирана и хармонична љубовна врска. Овенот сака да искусува разни работи, а близнакот сака да дискутира за нив. Заеднички тие можат да дојдат до нови животни откритија, кои можеби ги пропуштиле во минатото додека сè уште не биле заедно. И двата знака располагаат со изобилство енергија во себе и тежнеат кон остварување на слични цели во животот.rnrnБлизнакот е комуникативен мудрец, кој високо ја цени слободата самостојно да одлучува и дејствува. Тој ги обожава оние нешта кои успеваат интелектуално да го стимулираат на добра дебата и најчесто умее да ги погледне ситуациите од сите перспективи и да извлече сопствен став за нив. Овенот пак, е многу трудољубива личност, која постојано сака да започнува да работи на некој нов проект, а близнакот во меѓувреме ќе се обидува да ги разбере причините поради кои неговиот љубен партнер ги избрал токму тие проекти.rnrnДодека близнакот честопати знае да биде колеблив и нерешителен, овенот е едноставен, директен, искрен и одлучен. Овие два знака се одлична љубовна комбинација, но основно нешто за таа да функционира на долг рок, е овенот да му даде на близнакот доволно интелектуален простор.rnrnОвенот е преводен од планетата Марс (страст), а близнаците од Меркур (комуникација). Поради нивните различни перспективи кон животот, овие два знака функционираат одлично во тандем. Тие имаат различна природа и нивните желби, интереси и цели се движат во спротивна насока, но дефинитивно се преклопуваат на половина пат.rnrn„Жешките“ дебати кои имаат тенденција да постанат секојдневие во оваа љубовна врска, можат или да ја „зачинат“ нивната љубов или да ја убијат. Неопходно е овенот да сфати дека близнакот обожава добра, страсна дебата, не со цел да го навреди својот соговорник или да доминира врз него, туку за интелектуално да си го стимулира умот.rnrnБлизнакот му помага на овенот целосно да го искористи неговиот потенцијал, бидејќи тој дефинитивно има доволно енергија за да оди во чекор со брзиот овен и неговите откачени идеи. Комбинацијата од вистинска, водечка страст и интелектуална моќ, го прави и невозможното – возможно во оваа врска. Двајцата партнери имаат широк дијапазон на интереси, а најдобриот дел од нивната врска е крајот на долгиот и активен ден, кога овенот се враќа дома и му ги раскажува сите детали на љубопитниот и желен за разговор близнак.rnrnОвенот секогаш иницира нови планови во врската како на пример, некое несекојдневно патување во странство, нивно заедничко зачленување во спортски клуб или навистина возбудлив предлог за состанок. Близнакот ќе се сложи на сите негови идеи, сè додека не е присилуван на ништо. Друга интересна движечка сила во оваа врска е ниското ниво на компетитивност меѓу партнерите. Овенот ја обожава славата и сака да биде во центарот на вниманието, а близнакот ќе биде сосема задоволен ако биде во позадина и ги „влече конците“.rnrnДвата знака се многу подобри во започнување, отколку во завршување на работите, па така ако на некој од нив му здодее од правецот кој го зазема нивната врска, другиот нема да му пречи да сврти нова страница во љубовниот живот.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу овен и близнаци е нивната способност да функционираат како еден. Заедно тие имаат прилика да научат многу работи, кои не би ги сфатиле и искусиле самостојно. -

Овен и бик – љубовна комбинација
Врската сочинета од партнери со хороскопски знаци овен и бик, претставува една љубовна и страсна унија. Балансот е клучот за успех на овие партнери, бидејќи тие во суштина многу различно функционираат. Овенот сака веднаш да почне да „работи на случајот“ кога станува збор за неговите планови и цели, додека бикот преферира сè да работи пополека. Оваа разлика може да создаде проблем помеѓу нив. Бикот сака да му се додворувате, да се обидувате да го придобиете неговото внимание и да бидете романтични со него – постапки кои му се сосема непознати на непосредниот, директен, наметлив и несуптилен овен.
Љубовната врска меѓу овие двајца партнери, може да биде едно големо искуство за нив, од кое и двајцата можат навистина да научат. Бикот може да му помогне на овенот да научи да ги контролира неговите непромислени и нерационални импулси, а тој од своја страна, може да го научи бикот да биде поспонтан и да почне да размислува со поавантуристички дух.rnrnБикот е сензуален, трпелив и нежен, а овенот ги обожава овие негови карактеристики. Овенот својот љубовник со хороскопски знак бик, го доживува како карпесто цврста, сосема стабилна и вечно лојална личност. Бикот пак во овенот гледа квалитет кој тој посакува и самиот да го поседува – чувството да знаеш кога да ја „грабнеш“ можноста која ти ја пружа животот. Кога меѓу овие два астролошки знака постои љубов, тие со сигурност можат да креираат урамнотежена врска.rnrnОвенот може понекогаш да си поигрува со бикот, исмевајќи ја неговата мрзеливост и обидувајќи се да го натера да донесува избрзани одлуки, но бикот обично умее да го убеди овенот да го забави темпото.rnrnОвенот внесува возбуда во врската, а бикот безбедност и романтика. Кога на овенот ќе му „проработат хормоните“ и ќе посака инстантно да го добие задоволството во кревет, бикот може да му покаже колку секси и сензуално, може да биде бавното и смислено движење.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс (страст), а бикот од Венера (љубов). Влијанијата на Венера и Марс добро се согласуваат, ширејќи истовремено мажествена и женствена енергија, а овие планети ги репрезентираат двете половини од една комплетна љубовна целина.rnrnНа овенот му е важно да има контрола врз сопствената судбина, а бикот сака да има безбеден и стабилен живот. Понекогаш бикот знае да постане посесивен, а тоа е нешто што независниот овен нема да го толерира. Ако овенот успее да го убеди бикот дека нивната врска е цврста и дека тој нема никогаш да го напушти, бикот ќе биде толерантен и флексибилен партнер и ќе му ја овозможи на овенот слободата и независноста која му е потребна.rnrnПоради тврдоглавоста и упорноста на бикот, овенот нема да може да поставува сопствени правила во оваа врска, без разлика колку и да се труди. Напротив, овенот ќе може да добие многу повеќе од својот партнер со шарм, тактичност и префинетост (особини кои бикот ги обожава), отколку со расправии, бидејќи бикот никогаш не ја губи битката во нив. Двата знака сакаат да бидат лидери во врската, така што компромисот е основен за нивната хармонија.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација овен – бик е страсната природа на нивната врска. Нивното партнерство претставува одличен баланс на силна, мажествена енергија и нежна, женствена нота; одличен склоп од импулсивност и промисленост. Нивните спротивставени карактери и способноста да научат еден од друг, ја прават оваа врска задоволувачка за двајцата партнери, кои имаат многу да си понудат еден на друг. -

Овен и овен – љубовна комбинација
Кога двајца овни се во љубовна врска, тоа е исто како да гледате како огномети пукаат на небото. Овие партнери се секогаш натпреварувачки настроени еден кон друг, поради што ова може да биде многу предизвикувачка комбинација. Секој од овните се гледа себеси како одраз во огледало во својот љубовник. Овенот ја сфаќа потребата за независност кај другиот овен, бидејќи и самиот ја чувствува. Но, во некои моменти тие можат да станат премногу посесивни и страшно тврдоглави. Поради тоа, тие мораат да научат да не бидат толку компетитивни еден спрема друг, а ако ја совладаат таа лекција, нивната конекција може да биде екстремно моќна.
Љубовната комбинација овен-овен претставува средба на два многу силни карактера. Генерално, нивната врска е позитивна и исполнета со елан и ентузијазам. Партнерите сакаат да испробуваат нови работи, најчесто некои екстремни спортови или некои други интензивни и енергични активности. Решавањето на неизбежните проблеми кои се дел од секоја интимна врска, може да биде тешко поради постојаниот судир на нивното големо его. Тие мораат да сфатат дека навиваат за истиот тим – нивната заедничка среќа. Бидејќи и двајцата сакаат секогаш да биде по нивно, тие мораат свесно да вложат напори да не бидат себични. Овенот е природно дарежлив знак, што значи дека двајца партнери кои го споделуваат овој хороскопски знак, можат несомнено да ја свртат оваа нивна позитивна карактерна особина кон остварување на нивните заеднички соништа.rnrnОвните отворено и директно ги покажуваат нивните емоции, така што тие никогаш не би имале проблеми во врската поради некаква лага, лукавство или лицемерие. Но, недоразбирања ќе имаат како резултат на нивните темпераментни избувнувања кои произлегуваат од нивните непромислени осудувања. Овенот, едноставно кажано, има тенденција да избрзува со заклучоците.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс. Марс бил богот на војната, па како двајца војници во битка, двајцата партнери родени во знакот овен, можат или да се борат за иста територија или еден против друг, но во секој случај ќе се борат за нешто. Марс, исто така, репрезентира страст, а овенот има тенденција да поминува активни и возбудливи моменти во кревет, со кој било љубовник. Енергијата која ја поседува овенот, се дуплира кога е во комбинација со уште еден овен.rnrnИ покрај тоа што расправиите се неизбежност во оваа комбинација, многу е важно да се спомене дека овните се во суштина премногу зафатени луѓе за да држат лутина долго време и плус, фазата на смирување после кавга е многу поинтересна за нив. Овенот е огнен знак што значи дека во ова партнерство не би се случило на едниот да му здодее да биде во врската, а другиот да сака да продолжи да биде во неа. Двајцата овни ќе глумат тешки за освојување во исто време. Тие истовремено ќе водат постојана битка кој да биде лидер во нивната врска. Ниеден од нив не сака да се покори и да попушти, така што компромисот во врската е основното нешто на кое треба да работат. Ако успеат да го тргнат нивното его на страна, нивната врска ќе биде „мазна“.rnrnОвните се мајстори за покренување иницијативи. Кога сфаќаат што е тоа што сакаат да се случи, тргаат во акција без да размислуваат ни за момент. Тие никогаш не трошат време за да ги разберат мислите и намерите на некого, пред да влезат во љубовна врска со него. Најдобриот аспект од комбинацијата овен-овен е спонтаноста која егзистира во нивните личности, која секогаш ќе ја одржува нивната врска свежа, а таа особеност е навистина тешко да се пронајде во која било друга љубовна врска. На двајца овни никогаш нема да им биде здодевно заедно. Нивната заедничка енергија и способност за помирување после кавга, ја прават оваа врска страсна и компатибилна. -

Астролошки профил на родените во знакот овен
(20 март – 20 април)rnrn
Овенот е храбра и моќна индивидуа на која можете да сметате во секоја ситуација. Припадниците на овој хороскопски знак се подготвени да скокнат во акција речиси за што и да станува збор. Овните се управувани од нивната возбуда и страст за успех. Секогаш имаат некаква цел според која се водат и најчесто успеваат да го реализираат тоа што ќе го наумат. Овенот е амбициозен, решителен и цврст знак. Друга типична карактеристика за овните е спонтаноста. Во еден момент можете да гледате како некој овен работи концентрирано на некој проект, а во друг момент можете и воопшто да не го видите бидејќи тој се качил на авион за да отпатува на некоја импровизирана дестинација.rn.rnМоќен магнетизам
rnОвните имаат нешто повеќе од харизма; тие истовремено зрачат со моќ и уникатен шарм. Појавата на овенот е магнетска, а сите луѓе околу него потклекнуваат на неговите флертувачки и умилкувачки способности. Оваа негова карактеристика го прави овенот да биде премногу привлечен и неодолив.rnrnАко никогаш не сте биле во близина на некој кој зрачи со толку многу сексапил, тогаш дефинитивно ќе бидете шокирани. Способноста да го привлече и предизвика спротивниот пол доаѓа многу природно кај овој хороскопски знак. Тој знае каков ефект предизвикува и ужива во својата сексапилност. Овенот е бесрамен флертувач кој повеќе го обожува „бркањето плен“ отколку фактичкото „уловување“ на оној партнер кон кој чувствувал привлечност. Тој едноставно не може да си помогне: обожава сè што е ново во неговиот живот и што вклучува луѓе. Во секој случај, не постои никаква причина да не им се верува на овните кои се во врска, бидејќи тие се ретко неверни.
rnБрзо му досадува
rnНа овенот многу брзо му станува досадно, особено ако не ја доживува доволно предизвикувачка моменталната ситуација во која се наоѓа. Оваа карактеристика на овенот постои во секоја област од неговиот живот. Тоа значи дека овенот мора да биде ментално и емоционално предизвикан за да може да остане заинтересиран за она за кое што се нафатил. Ако сте во врска со некој овен, имајте на ум дека мора да бидете доволно интересни и да внесувате возбуда во врската, бидејќи тој брзо ќе изгуби интерес и ќе тргне во потрага по нов љубовник. Ова не е нешто што треба да си го сфатите лично, туку овој е начинот на којшто овенот се движи низ својот живот, соборувајќи еден по друг предизвик. Како и да е, неговите најголеми предизвици се оние коишто ги чувствува длабоко во себе.
rnПроба: 1, 2, 3
rnОние родени со хороскопски знак овен, немаат тенденција да ги земаат работите здраво за готово. Тие тестираат сè што е возможно да се тестира, па дури и лојалноста на другите луѓе кон нив. Ова е тип на карактеристика кај овенот што може да ги лути другите луѓе. Тој едноставно сака да знае што се случува во секој момент од секоја ситуација во која се наоѓа. Ако да речеме овенот купува нов автомобил, тој не само што ќе направи тест возење, туку ќе ги дознае од продавачот (или од некој друг) сите перформанси кои тој ги има пред да реши да го купи. Истото го прави и во љубовните врски. Интересното е што партнерот на овенот нема ни да биде свесен дека е ставен на тест, до оној момент кога сè ќе стане јасно, односно дали го поминал тестот или не. Па ако сте доволни среќници да ја поминете серијата од тестови која ќе ви ја приреди овенот и тој сè уште е заинтересиран за вас, тогаш најверојатно вие сте идеалниот партнер за овој високо енергичен и страстен знак.
rnТемелна личност
rnОвенот не прави ниедна работа до пола. Тој има перфектен вкус и лесно препознава добар квалитет. Другите луѓе може да сметаат дека тој е премногу пребирлив, но тој едноставно кажано има природна дарба за препознавање на убавите нешта во животот. Ако еднаш некој овен оцени дека достојно ги исполнувате неговите стандарди, тој ќе ве качи на пиедестал засекогаш или барем додека не го разочарате. Ако успеете да го натерате овенот да ве доживее како комплетна личност со свои мани и доблести, тогаш лесно ќе ја придобиете неговата почит и восхит. Нема нешто кое тој повеќе цени од една скромна искреност, која најчесто ја пронаоѓа повеќе кај другите луѓе отколку кај себе.rn.rn
Најдобар во сè
rnОвните сакаат секогаш да бидат први во сè, почнувајќи од извојување победа во некоја друштвена игра, до добивање на највисокиот бонус на неговото работно место. Да го добијат второто место во нешто, претставува голем пораз за овенот, па кога тој губи ќе треба да помине некое време додека се почувствува повторно самоуверено.rn.rn
Роден лидер
rnНикогаш не очекувајте овен да го следи вашиот чекор или да западне во ситуација во која ќе треба да ги следи вашите наредби. Доколку е принуден да ги исполни инструкциите на некој друг, ќе дојде друга негова карактеристика до израз – бунтовност. Таа негова страна никој не би сакал да ја види, така што препорачливо е да го одржувате балансот во ситуацијата и да го имате овенот на својата страна, бидејќи во спротивно тој ќе ги испланира неговите легендарни одбранбени стратегии. Неговата лидерска способност и чувството за праведност секогаш ја освојува лојалноста кај другите луѓе, кои знаат дека тој никогаш не би побарал нешто од нив, кое не би го направил ни сам. Овенот ги знае неговите способности и верува во неговиот успех.
rnЖесток темперамент
rnОвните брзо се лутат и не го прикриваат својот гнев. Дури и да сакаат да го прикријат, искрите во нивните огнени очи ќе ги издадат. Но, добрата вест е дека луѓето родени во знакот овен ретко ги држи лутината долго време. Тие гневно избувнуваат во времетраење од неколку минути, а потоа со задоволство преминуваат на нешто друго, во оној момент кога ќе заврши нивната првенствена „експлозија“.
rnРомантичен љубовник
rnЌе бидете среќни во љубовна врска (или брак) со овен, доколку успеете секогаш да останете негова мистерија, која тој вечно ќе се обидува да ја сфати и разреши. Оваа карактеристика на овенот е онаа што првенствено го прави привлечен, а потоа го прави уште поинтересен, па затоа ако сакате да го задржите во вашите прегратки – не му ги кажувајте сите ваши тајни. Овенот сака постојано да учи нешто ново за својот животен сопатник.rnrnОвенот не само што е многу романтичен, туку е и хороскопски знак кој верува во вистинска љубов. Несомнен е фактот дека овенот мора поактивно да поработи на односите кои ги гради со другите луѓе, но кога станува збор за љубовта, тој е посветен и лојален партнер. Всушност, овенот е по малку наивен во љубовниот дел и ги доверува сите свои емоции на неговиот партнер, кои ги чувствува од неговото срце. Поради тоа овенот се чувствува многу збунето кога некоја негова врска нема да успее. Овој проблем тој може многу лесно да го реши. Мора да сфати дека и другите луѓе имаат свое мислење за работите и уште повеќе, треба да научи да престане да ги поништува нивните ставови и емоции.
rnОвенот како родител
rnОвенот најчесто е строг родител, но истовремено има и разбирање за она низ што поминуваат неговите деца. Тој умее да се присети како е да си млад и колку е тешко да ги издржиш маките низ целиот процес до постанувањето полнолетен и малку позрел. Него му причинува големо задоволство да ги носи честопати своите деца во забавен парк и ќе им прави друштво на возењето по лудите железници. Ќе ги почести по еден сладолед и покрај тоа што знае дека дошло време за вечера, бидејќи умее да го препознае оној фантастичен момент, кој никогаш нема да се повтори, а неговите деца вечно ќе го паметат. Овенот го разбира големото значење на градење позитивни спомени со неговото семејство. Тој ќе ја внесе сета своја енергија за да даде добра насока во образованието на неговите деца и да го стимулира нивниот интелект. Моралот е нешто што овенот се обидува да го пренесе на своите деца, заедно со некои практични водичи за животот. Тој е свесен дека треба да ги претвори неговите деца во цврсти личности, кои ќе имаат интерес за интелектуални работи, но и за оние кои го исполнуваат духот.
rnСпортски ентузијаст
rnОвенот обожава спортови кои се играат надвор, особено оние кои му даваат можност да се докаже колку го бива. Тој играл спортови во своите млади години и ќе игра во текот на целата своја зрелост. Него му се допаѓа интеракцијата која ја остварува со спортскиот тим и го сака предизвикот кој спортот му го дава.
rnПозитивни карактеристики
rnОвенот има топла душа. Оддалеченоста која другите ја забележуваат помеѓу него и останатите луѓе, не е проблем кој потекнува од овенот. Тој може да ја надмине буквално секоја препрека на патот. Тој е спремен да зачекори онаму кај што никој друг не стапнал. Овие луѓе се чувствуваат удобно на непозната територија и најчесто зрачат со верба во себеси.rn.rn
Негативни карактеристики
rnЕдна од најнегативните карактеристики кај овенот е тоа што тој не смета дека другите луѓе треба да очекуваат почит од негова страна. Тој лесно ги отфрла туѓите мислења и ќе постапи онака како што тој мисли дека е најдобро за него. Луѓето со овој хороскопски знак најчесто не знаат да прифатат совет и ги заќутуваат оние кои се обидуваат да им го дадат. Исто така, и покрај тоа што овенот е истраен и посветен на својата работа, честопати му се случува да не ги доврши задачите до крај и да се откажува од работите после еден неуспешен обид.rn.rn
Мили личности
rnЗемено во целина, овните се многу мили и љубезни личности. На луѓето во негова близина им е лесно да се поврзат со овој ентузијастичен и романтичен дух. Ако овенот научи одвреме- навреме да подзастане за момент и да ги сфати мислењата и на другите луѓе, а не само своите, тој ќе сфати дека неговиот живот ќе тече помазно и попродуктивно. Во секој случај, тој треба да го задри својот воен дух, бидејќи токму тој го прави толку интригантен овој знак, во очите на другите луѓе.rn.rn
- rn011
- Идеални професии за овен: пиармен, спортски тренер, воено лице, атлетичар, забар, адвокат, механичар, политичар, полицаец
- Омилени бои: светло црвена, кафена, жолта
- Најкомпатибилни знаци: стрелец, лав, водолија, близнаци
- Животно мото: „Оној кој сака – може!“
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Риби и риби – љубовна комбинација
Оваа љубовна врска претставува унија на две сензитивни и емоционални личности. Рибите се искрени, умеат добро да комуницираат, а помеѓу нив постои цврста и длабока емоционална и спиритуална конекција. Двајцата партнери сметаат дека нивната скапоцена врска е најпрекрасното нешто на светот и дека не би можела да биде подобра одошто е. Тие ја сакаат убавината и мирот како ниеден друг знак во зодијакот и се подеднакво посветени на одржување на нивната љубов најидеална што е можно.
Пасивната природа на рибите е она што им овозможува на овие партнери да поминат многу спокојни моменти заедно. Но, рибите знаат да бидат премногу лежерни и безгрижни, дури и наивни, а се и екстремно чувствителни на негативна енергија. Две риби во љубовна врска можат да станат мрзливи, индиферентни и да го извлечат најдоброто или најлошото еден од друг. Тие се најчесто неспособни да си постават граници, ниту на себеси ниту на другите и имаат тенденција премногу да заталкуваат во нивниот свет на фантазии.rnrnРибите најчесто ги избегнуваат конфликтите, на начин што нема да реагираат никако, ќе се затворат во некој нивен илузорен свет или ќе постанат нереалистично оптимистични во врска со проблемите. Флексибилноста која ја поседува овој хороскопски знак, е карактеристика која им овозможува на овие љубовни партнери лесно да комуницираат, да се прилагодат на секоја ситуација и да бидат одлични пријатели и љубовници.rnrnРибите се предводени од планетите Јупитер и Нептун. Овие партнери ставаат огромен акцент на вредностите и на етиката и кон животот гледаат низ една филозофска призма, која е резултат на влијанието на планетата Јупитер. Нептун во оваа љубовна врска внесува имагинација, мистерија, апстрактно размислување и љубов на партнерите кон поп културата. Рибите се знакот на услужувањето. Секој од партнерите го облева другиот со безусловна љубов, еден куп нежности и внимание. Типично во оваа љубовна врска, е партнерите меѓусебно да си купуваат „фенси“ подароци, да практикуваат појадок во кревет и да одат честопати надвор од градот на викенд.rnrnРибите се чувствуваат среќно кога ги исполнуваат желбите и потребите на оние кои ги сакаат. Тие се познати по нивната адаптибилност на дадената ситуација. Меѓутоа оваа нивна карактеристика понекогаш може да биде опасна за рибата, бидејќи нивните лични потреби, интереси и желби може да си ги засенат и занемарат.rnrnРибите мораат навистина да се фокусираат и да се посветат себеси кон остварување на нивните лични планови и цели. Во прилог на нивната врска ќе биде доколку секој од партнерите успее да го охрабри другиот да се бори доволно за да успее.rnrnЧестопати отсутни во мислите и индиректни по природа, рибите добро функционираат кога се инспирирани од некоја цврста иницијативна сила. Кавги се ретка појава овде. Во оваа врска ќе има малку или речиси ич недоразбирања, сè додека партнерите размислуваат заеднички со нивните глави и срца. Во оваа врска постои голема привлечност и обожување меѓу партнерите и тие обострано уживаат во нивниот безгрижен и опуштен пристап кон животот.rnrnНајдобриот аспект на љубовната врска риби-риби е неверојатната леснотија со која тие ги решаваат работите и нивната голема слога и разбирање. Тие се мајстори во зодијакот кога станува збор за создавање една мирна и едноставна љубовна врска, на која секој би позавидел. Рибите се многу лојални, верни и добродушни партнери полни со љубов. Во ваквата љубовна комбинација секој од партнерите, ќе биде тука за својот љубен кога најмногу ќе му биде потребен. Конекцијата која овие партнери ја имаат, се чини како да е нераскинлива. -

Риби и девица – љубовна комбинација
Партнери со хороскопски знаци риби и девица можат да изградат една навистина здрава љубовна врска. Тие се спротивни знаци во зодијакот, кои заеднички создаваат рамнотежа, на начин што едниот ги надоместува недостатоците на другиот. Тие се едно лекомислено, добродушно и хуманитарно дуо, кое честопати има тенденција да го посветува своето време, помагајќи им на другите луѓе.
Обожавањето кај овие партнери е обострано и тие сакаат да си се разгалуваат. Двајцата тежнеат кон хармонична љубовна врска, која е навистина реално да ја имаат бидејќи се сложни и сочувствени по природа. Девицата може да и помогне на рибата да ги оствари нејзините соништа и амбиции, така што ќе и ги покаже соодветните начини потребни за да ги претвори нејзините идеи во реалност. Девицата претставува стабилна и спремна личност за емоционалната и интуитивна риба. Од друга страна, рибата може да и понуди нежност, љубезност и емоционална длабочина на девицата, а таа со сигурност ќе ги почитува овие особини.rnrnДевицата ја интересира материјалниот свет и удобното живеење, поради што на моменти не може да го разбере едноставниот став кон работите кој го има рибата. Погледите кон животот на овие два знака можат да бидат многу спротивставени. Доколку еднаш успеат да ги прифатат и надминат нивните разлики и научат да ги комбинираат нивните различни енергии, нивната врска ќе биде задоволувачка за двајцата партнери.rnrnДевицата е предводена од планетата Меркур, а рибата од Јупитер и Нептун. Кога влијанијата на Меркур и Нептун се комбинираат, може да се создаде фантастична духовна конекција. Миксот од овие три планети, го прави ова партнерство идеалистичко. Влијанието на Јупитер во рибите, пак, додава една позитивна енергија, филозофски пристап, раст и развој во оваа врска. Ова трио од планети репрезентира добра комуникација меѓу партнерите, емпатија, имагинација и креативност.rnrnРибата е родена за да оствари добри односи со човечкиот род, благодарение на нејзиниот поетски дух и добродушност. Девицата има стабилен поглед кон животот и може да внесе поголема рамнотежа во карактерот на рибата.rnrnНо, премногу добро може да постане лошо, доколку партнерите не се доволно внимателни. Непостојаноста на рибата може да ја нервира девицата, а на рибата, пак, може да и засмета претераната педантност и научен пристап на девицата. Но, и покрај нивните разлики, на овие двајца партнери ќе им биде лесно да ги надминат недоразбирањата.rnrnРибите и девицата имаат тенденција постојано да го менуваат нивниот интерес од една кон друга работа, како што ги водат чувствата. Партнерите меѓусебно се инспирираат и си помагаат и притоа формираат врска во која постојано извираат нови идеи и струење на возбуда во нивната крв. Конфликтите помеѓу нив се ретка појава и во принцип се решаваат сами по себе, бидејќи двајцата партнери ја разбираат уметноста на компромисот.rnrnНајдобриот аспект од љубовта помеѓу риби и девица е нивниот комплементарен и меѓусебно хармоничен однос. Она што ќе ја одржи нивната врска долготрајна и цврста, е нивната приврзаност и способноста на секој од партнерите да ги разбере чувствата на другиот. Сите нивни пријатели ќе им завидуваат на нивната посветеност во врската. -

Риби и лав – љубовна комбинација
Во љубовната врска помеѓу риби и лав, двајцата уживаат во поинаквата перспектива што ја има нивниот партнер кон животот генерално. Лавот е силен и самоуверен знак, кој секогаш чувствува слобода да го прави она што го сака и ја има заповедничката улога во своето опкружување. Рибите пак се потивки, резервирани интроспективни. Во главно овие два знака се тотално спротивни, но она што е заедничко за двајцата е тоа што се „сонувачи во душа“. Кога помеѓу нив постои љубов, тие умеат меѓусебно да ги пополнат „празнините“ на својот партнер и да оформат нежна љубовна врска, во која двајцата можат да бидат вистински среќни.
Лавот е лидер во душа и кога тој е во врска со риба, најчесто постанува заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат, му ја дава целосната поддршка која му е потребна за остварување на неговите амбиции и секогаш ги поддржува неговите „перформанси“ во социјалните збиднувања, односно таа е неговата „верна публика“, која му е толку потребна на лавот.rnrnРибата е многу флексибилна личност, која умее да се прилагоди на речиси секоја ситуација. Таа има тенденција комплетно да се предаде на својот љубовен партнер. Нејзиното добро срце и овозможува да го запознае лавот на начин, на кој повеќето други хороскопски знаци не умеат. Рибата со нејзината трпеливост и попустливост умее да ги „убие“ дрскоста, наметливоста и вообразеноста на лавот, кои му доаѓаат до израз кога тој е сингл. Лавот воопшто не е срамежлив кога не е во врска, за разлика од рибата која кога е сама, најчесто е прилично повлечена.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, а рибите од Јупитер и Нептун. Сонцето внесува живот, свежина, топлина и самодоверба во лавот. Нептун се однесува на идеите, илузиите и гледањето на работите од пошироката перспектива, но и на неисполнетите соништа и нереалните фантазии на рибите. Лавот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините илузии во реалност. Нептун и овозможува на рибата да ја „омекне“ крутоста и насоченоста кон сам себе на лавот, притоа канализирајќи ја неговата енергија кон покреативни и плодотворни нешта.rnrnЛавот и рибата можат да бидат многу среќни и успешни заедно, доколку успеат да ги сфатат потребите на својот партнер, преку анализа на неговите емоции и преку заедничка работа на креативни проекти, кои би ги работеле со душа.rnrnРибата може да му помогне на лавот да стане поскромен и да ги зема во предвид потребите и на другите луѓе, додека лавот пак може да ја научи рибата да се релаксира малце, да излезе во надворешниот свет и да се бори за она што и припаѓа.rnrnКонфликт помеѓу овие двајца партнери може да настане ако рибата стане премногу емотивна, со што би го „убила“ ентузијазмот на лавот. Во таквите ситуации на лавот може да му дојде „преку глава“ и ги повреди чувствата на рибата. Овие партнери мораат ефективно да комуницираат, за да го обезбедат потребниот баланс во нивната врска.rnrnРибата не се чувствува убаво во улога на „шеф во врската“. Нејзина најголема сатисфакција преставува подобрување на целиот универзум, притоа почнувајќи од подобрување на животот на нејзиниот партнер. Лавот, од друга страна, често има некоја идеја на ум за тоа какви промени од помал размер би можело да се направат во нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација риби – лав е отвореноста на партнерите кон учење нови нешта од својот љубен/а. Рибата му покажува на лавот како да биде погрижлив и чувствителен, а тој ја учи како да ги претвори нејзините соништа во реалност, преку делување а не со фантазирање. Нивните спротивставени карактери им овозможуваат меѓусебно да си ги надополнуваат недостатоците на својот партнер, на начин на кој и двајцата се задоволни, исполнети и среќни.