Близнаците и ракот заедно создаваат љубопитна врска. Чувствителниот, емотивен рак има тешкотија јасно да комуницира, но јасната комуникација, пак, е токму она што го одликува близнакот. Кавалерската природа на близнакот, во комбинација со дарбата за елоквентно и убедувачко зборување, може да го охрабри ракот да излезе надвор од својата школка побрзо од вообичаено. Ракот, пак, може да му возврати на близнакот на тој начин што ќе го научи да забави малку и да ужива во животот, за што динамичните близнаци ретко имаат време. Ако близнаците го игнорираат ракот или не му ја обезбедуваат сигурноста и интимноста која му е нему потребна, може да настане проблем. Овие два знака му приоѓаат на светот на различни начини, па затоа мора да научат да си ги прифаќаат разликите.
Ракот е знак на домот и срцето, додека близнаците се мислители. Тие лесно можат да ја преземат улогата на витез во сјаен оклоп кој ќе го чува ракот, додека овој може да возврати покажувајќи голема грижа да ги заштити оние кои ги сака. На ракот многу му е важен животот во домот, па затоа ќе ги размазува близнаците со готвење од срце, мека постела и материјална удобност. Ракот е јако интуитивен и успева да оствари скоро духовна конекција со саканите, но тој има тенденција да биде посесивен и да го идеализира својот партнер-близнак. Доколку близнаците јасно му дадат до знаење на ракот дека тој е сакан и почитуван, тогаш сè во врската ќе оди како подмачкано.rnrnБлизнаците се водени од планетата Меркур (комуникација), а ракот од Месечината (емоции). Ракот обично ги потиснува чувствата длабоко во себе и тешко му е да ги покажува. Тој му завидува на близнакот за неговата способност да се отвори и јасно да се изрази. Близнаците можат да имаат корист од интуитивниот пристап на ракот. За разлика од брзоплетоста на близнакот, ракот е посталожен и може да го поттикне својот партнер да ја намали брзината со која поминува низ различните нешта во животот и да ги доживува поцелосно, пред да се истрча да го направи следниот чекор.rnrnБлизнаците се воздушен знак, а ракот е воден. Ако овие два партнери успеат да функционираат како пар, може да бидат одличен тим, со оглед на тоа дека најдобрите одлуки се донесуваат комбинирајќи ги умот и емоциите. Проблем во оваа врска е да се научи да се соработува со другиот. Партнерите имаат многу различни погледи на светот, што некогаш може да делува дека немаат ништо заедничко. Длабокиот, емотивен рак може некогаш да го „разводнува“ ентузијазмот на „сувиот“ близнак, а лесниот близнак со брз ритам на живот може да го вознемири ракот, па дури и да го уништи во духовна смисла. Но, баланс може да се постигне, и тоа доколку двајцата партнери научат отворено да комуницираат меѓу себе.rnrnБлизнаците се флексибилни и сакаат да се препуштат на работите додека некој друг ги води во животот. Ракот е иницијатор и сака да го овозможи таквото водство за својот љубен близнак. И близнаците можат да се обидуваат да бидат водачи и да покажат храброст, дури и спротивставување, но за да течат работите мазно и мирно, двајцата партнери треба да знаат кога да се повлечат назад и да му овозможат на другиот да ја води врската.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна врска е можноста да се издигнат заедно до големи височини, штом претходно ќе сфатат дека се сродни души. Близнаците секогаш размислуваат однапред за работите, а ракот ги поддржува неговите идеи „зад сцената“. Овозможувајќи му го она што на другиот му е потребно, партнерите ја прават оваа врска сосема исполнувачка.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: хороскоп
-

Близнаци и рак – љубовна комбинација
-

Близнаци и близнаци – љубовна комбинација
Кога двајца близнаци се во врска, тоа е како вистински да се поврзале четворица луѓе. Оваа врска никогаш не може да биде здодевна, што е добро бидејќи на овој знак лесно му досадува. Бидејќи и двата знака имаат иста потреба за интелектуална стимулација и се големи муабетчии, тие меѓусебно си служат како звучници од кои постојано одекнуваат нови идеи и сфаќања.
Близнаците ја сакаат слободата и можноста за различност во себеизразувањето, па двајцата заедно ќе уживаат во тоа до максимум. Парот од двајца близнаци е омилен во друштвото, тие се живи на секоја забава со својот остроумен дух и добро извежбаната рутина за забавување на друштвото. Кога би можеле да го избегнат натпреварувањето и наместо тоа повеќе да соработуваат, нивната врска може да биде екстремно многу среќна и задоволувачка за двајцата.rnrnБлизнаците сакаат да дофрлаат шали, саркастични изјави и повремени иронични и цинични коментари. Ова е забавно, но може да го спречи едниот од партнерите да ја сфати врската сериозно. Во една љубовна врска, секако мора да има простор за сериозност, а близнакот ќе мора се потруди да научи да се однесува така. Доколку двајцата партнери научат да обрнуваат повеќе внимание на своите чувства наместо единствено да се раководат од своите размислувања и разумот, многу ќе си ја подобрат својата врска.rnrnБлизнаците се раководени од планетата Меркус (комуникација). Затоа, овој пар може да зборува за исти теми цееела ноќ. Меркур (или Хермес во Грчката митологија) бил патник, па близнаците ја имаат истата љубов за посетување разни места и разговарање на различни теми. Но, да не речете дека не сме ве предупредиле, луѓето со хороскопски знак близнаци имаат секој по една глава, па нивното интензивно муабетење често може да се сфати погрешно и да прерасне во гласина. Клучно е тие да научат да ја користат вештината за комуникација на позитивен начин.rnrnБлизнаците се воздушен знак. Тие се поставуваат кон партнерот и кон светот воопшто раководејќи се повеќе од рационалноста, а помалку од емоционалноста. Тие не успеваат долго да го задржат вниманието на една работа, па затоа понекогаш „прегоруваат“, но имајте предвид дека во ваков случај прегоруваат два близнака одеднаш. Затоа, пак, креативноста на близнакот, за кратко време ќе му овозможи да смисли нова интрига.rnrnБлизнакот е непостојан знак. Но, нивната флексибилност и лесна природа ги прави сите четворица совршен пар. Овие знаци се господари на компромисот токму поради нивната флексибилна природа. Два променливи знака, многу лесно можат да формираат унија без конфликти. Единствената работа што може да предизвика кавга е разговор кој излегол надвор од контрола. Но, за среќа, близнаците брзо сфаќаат колку е тоа неважно и се откажуваат од докажувањето некаква поента, па и од карањето воопшто.rnrnНајдобриот аспект од врската помеѓу двајца близнаци е големата количина интелектуална енергија и стимулацијата кои си ги овозможуваат еден на друг.rnrnТие се во состојба да го „спасат“ другиот во врската од водењето вообичаен живот. Заедно тие можат да го забавуваат светот и да постигнат повеќе отколку што би постигнале сами.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Бик и девица – љубовна комбинација
Љубовната врска сочинета од партнери со хороскопски знаци бик и девица, претставува една навистина практична унија. И двата знака внесуваат практичност во нивните секојдневни активности, како најефикасно решение на повеќето проблеми. Тие се многу отворени, искрени и посветени еден на друг. На девицата ù се допаѓа силата и посветеноста кои ги поседува бикот, а тој пак го цени брзиот ум на девицата. Поради претпазливата природа на девицата, на оваа љубовна врска најверојатно ќе ù треба повеќе време за да се развие, но кога еднаш ќе се стабилизира, таа ќе фати добар правец, како една парна локомотива во движење, која работи на нејзината сопствена енергија и е тешко да се сопре.
Овие два знака имаат многу заеднички работи. Двајцата го ценат здравиот разум и практичноста, материјалисти се и работат напорно за да си го овозможат комфорниот начин на живот, кој го посакуваат. Бикот е посензитивен и потолерантен кон другите луѓе, во однос на девицата. Таа има тенденција да се трга настрана од хаотичните ситуации во животот, за да може на раат да ги анализира сите можни гледишта на истите. Анализите на девицата, може да ја одведат до пожесток критицизам, кој бикот може да си го сфаќа премногу при срце. Добрата вест е дека, тие се доволно слични по природа за да можат да научат да бидат трпеливи и нежни еден со друг. Таа лекција може подобро да ја научи девицата, која обожава да го разгалува нејзиниот бик со добра храна и нежни допири.rnrnБикот е управуван од планетата Венера (љубов и пари), а девицата од Меркур (комуникација). Овие две планети се блиску до Сонцето, поради што бикот и девицата се многу слични по природа, иако делуваат како да се многу различни. Венера се однесува на физичките задоволства, романтиката и страста – работи кои му се многу важни на бикот. Меркур пак, се однесува на комуникациските вештини кои ги поседува девицата и нејзината способност за прилагодување на ситуациите, врз основа на формата која сама ќе си ја одбере. Девицата може мошне да ги разбере чувствата на другите луѓе, а може и лесно да постане романтичен и сензуален партнер, каков што бикот посакува да биде. Двајцата партнери се многу приврзани и посветени еден на друг, така што нивните конфликти не би требало да бидат фокусирани на прашања околу интимноста.rnrnБикот и девицата се сталожени, постојани, реални и разумни личности. Ним многу им е важна стабилната финансиска состојба и опкружувањето со убави работи: раскошен дом, скапи уметнички дела, автомобили од висока класа… Поради таквата нивна потреба, овој пар дефинитивно ќе работи напорно и никогаш нема непотребно да ги расфрла парите, за да може да си ги овозможи ваквите луксузи.rnrnБикот е тврдоглав и речиси никогаш не се премислува откако еднаш ќе го оформи неговото мислење по некое прашање. Пофлексибилната девица може да му помогне на бикот да научи да го цени „откочувањето“ на умот, кога тоа е потребно и се разбира, практично решение.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација бик-девица е посветеноста на партнерите кон реализација на нивните заеднички цели. Поради тоа што имаат многу слични интереси и желби во животот, бикот и девицата се високо компатибилен пар.rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Запознајте го бикот одблизу
Општи карактеристики
rnБикот е фиксен знак и како резултат на тоа, неговите претставници во животот се водат според практичноста. Биковите се најчесто стабилни личности, кои секогаш се трудат да останат во допир со реалноста. И покрај нивната тенденција кон тврдоглаво однесување, овие луѓе знаат да бидат лојални, нежни и посветени љубовни партнери.rnrnБикот е првиот од земјените знаци, па токму тој е и најприземен во однос на другите два. Овие луѓе го ценат сето она кое можат да го почувствуваат со нивните сетила. Поради тоа, тие обожаваат да јадат вкусна храна, да слушаат добра музика, да помирисуваат убави парфеми и на себе да облекуваат облека од скапи ткаенини. Венера, планетата на љубовта, која управува со бикот, му дава една сензуална и природна убавина.rn
Карактеристики на машките бикови
rnМашките претставници на овој хороскопски знак не се лишени од физичката убавина. Дури и да не е толку згоден, ќе има една груба убавина и неправилни црти кои одлично ќе се вклопуваат на неговото лице. Најчесто овие мажи имаат цврсти коски и се убаво градени. Исто така, својствено за машките бикови е да располагаат со внатрешен мир и стабилност. Тие се лојални и заштитнички настроени кон оние кои им значат во животот. Овие личности се премногу паметни за да си дозволат да се заљубат на прв поглед, како резултат на два-три романтични геста од некој од спротивниот пол. Тие немаат поетска душа, но во себе носат голем романтичен потенцијал, кој треба да знаете како да му го разбудите.rnrn
rnКарактеристики на женските бикови
rnЖенските претставнички на знакот бик, се предводени од нивната внатрешна сила. Тие се способни и трудољубиви индивидуалисти, на кои им се случува брзо да го изгубат трпението, па поради тоа се маркирани како избувливи жени. Тие се стабилни, лекомислени љубовни партнерки, кои обично ја преземаат споредната улога во врската, а главната му ја препуштаат на нивниот партнер.rnrn
rnЈа обожава музиката и сака да танцува
rnЛуѓето со хороскопски знак бик најчесто имаат одлични вокални способности или одличен слух. Тие имаат голема наклонетост кон музиката, така што не е невообичаено да видите некој бик да ужива во слушање и создавање музика. Овој знак исто така, многу сака да танцува, но повеќето бикови се срамежливи за да отидат да поиграат на подиумот. Покрај музиката, бикот може да го интересираат и други видови уметност, благодарение на неговата артистичка природа и љубов кон естетиката.rnrn
rnТврдоглавоста на бикот
rnБикот знае да биде многу своеглав и инаетлив. Може да поминат месеци, па дури и години додека тој го промени мислењето по некое прашање, кое еднаш го оформил. Промените не се лесна работа за луѓето со овој хороскопски знак. Поточно кажано, тие ги презираат промените во животот од каков било вид.rnrn
rnПронаоѓа задоволство во материјалниот свет
rnБидејќи бикот чувствува со сите свои сетила, не е невообичаено за припадниците на овој знак да инвестираат во разни модни додатоци и други статусни симболи, како на пример скап пар очила за сонце.rnrn
rnБикот во љубовните врски
rnПриродната убавина на бикот вистински блеска кога тој е заљубен. Тој е многу искрен, лојален и предан партнер, кој обожава да се гушка и да се бакнува со својот љубен/а. Бикот сака да разменува допири и чувства со својот партнер, па што повеќе е присутен физичкиот контакт во неговата врска, толку подобро за неа. Претставниците на овој знак се фокусирани на нивната љубовна врска и тие воопшто не се плашат да се „врзат“. Всушност, тие најбезбедно се чувствуваат во длабока и сериозна врска.rnrn
rnrnКога еднаш ќе се зближат со нивниот партнер, на биковите им е многу тешко да се разделат од него. Раскинувањата можат буквално да го растројат бикот. Ним им е многу тешко да иницираат прекин на врската. Тие се стабилни индивидуи и токму таа нивна потреба за стабилност го попречува нивниот капацитет за критичко размислување. Биковите може да имаат тешкотија да ги изолираат негативните особини на нивниот љубовен партнер и да забележат дека нивната врска едноставно не функционира.rnrn
rnГолем естетичар
rnПрофилот на биковите не би бил комплетен доколку не се спомне нивната привлечност кон убави работи. И машките и женските претставници на овој знак ги привлекуваат убави луѓе и убави опкружувања. Физичката привлечност игра голема улога кај овој знак, пред да стапат во љубовна врска со некоја личност.rn
Секогаш ја завршува започната работа
rnИ покрај тоа што има разлика во карактерните особини од еден до друг бик, една е дефинитивно заедничка за сите – тие знаат како да ја завршат започнатата работа. Овие луѓе не се многу брзи додека работат, но тие со сигурност ќе ја завршат квалитетно, внимателно, целосно и темелно секоја задача која стои пред нив.rnrn

-

Бик и лав – љубовна комбинација
Кога бик и лав започнуваат љубовна врска, тие можат да бидат одличен пар, бидејќи секој од партнерите знае како да го „нахрани“ егото на другиот. Тие имаат слични интереси: бикот сака да добива многу внимание, да се чувствува љубено и почитувано, а лавот сака да добива комплименти, да биде обожуван и да му се восхитуваат. Бикот и лавот се екстремно лојални и посесивни љубовни партнери. Бидејќи имаат толку многу заеднички работи, овие два знака, генерално можат да ги задоволат потребите на другиот партнер.
Двата знака сакаат да имаат добар општествен статус, да поседуваат скапи работи и да живеат комфорно и луксузно. Лавот е многу самобендисан и очекува од партнерот често да добива комплименти и подароци. Таквиот негов карактер пак, воопшто не му пречи на бикот, бидејќи тој обожува да ги применува традиционалните форми на додворување врз својот партнер. И покрај тоа што оваа врска може да функционира одлично, во неа не секогаш „цутат рози“, бидејќи и двата знака се многу тврдоглави и мораат да научат да зборуваат на заеднички јазик и меѓусебно да си ги прифатат недостатоците.rnrnБикот е предводен од Венера (планетата на љубовта и парите), а лавот од Сонцето (его). Сонцето зрачи со топлина и светлина, па и лавот блеска со таква енергија и ентузијазам. Венера се однесува на љубовта, убавината и луксузот. Оваа комбинација од женствена и мажествена енергија им овозможува на овие партнери да си се восхитуваат еден на друг и да си даваат морална поддршка. Сонцето го симболизира животот, а Венера ја отсликува романтичната љубов. Сè додека овие партнери се доволно внимателни еден кон друг и имаат меѓусебно разбирање, нивната врска ќе биде позитивна.rnrnБикот и лавот се амбициозни знаци, но на различен начин. Лавот тежнее да биде славен и богат, а бикот настојува да си обезбеди сигурен и стабилен финансиски и љубовен живот. Бидејќи секој од нив сака да биде „шефот во врската“, тие најверојатно ќе се борат за тоа кој да биде доминантен, освен доколку го прифатат фактот дека тоа ќе постане секојдневна пракса во нивната врска. Во текот на расправиите, бикот мрази да признава дека тоа што го зборува ја изгубило поентата на муабетот, бидејќи според него, тоа значи прифаќање дека неговиот партнер е доминантен. Нивните „битки“ имаат тенденција да бидат жестоки и спектакуларни, но сè додека секој од нив е сигурен дека нивниот партнер ја вреднува врската која ја имаат, тие ќе можат да се справат со проблемите.rnrnМногу е тешко да премислите личности родени во хороскопските знаци бик и лав. Кога еднаш ќе го „наместат умот“ по некое прашање, тешко дека нешто може да ги натера да размислуваат поинаку. Нивната тврдоглавост е причината зошто караниците помеѓу нив знаат да постанат толку напнати. Секој од нив длабоко е уверен дека е во право и дека нивниот начин на гледање на работите е и единствен. Друга заедничка особина кај овие партнери е нивната одбивност кон правење промени. Тие сакаат еднаш да ги средат работите и да ги остават да функционираат така до бесконечноста и назад, дури и ако има шанса да бидат подобрени.rnrnИстото важи и на љубовен план. Доколку бикот и лавот решат дека сакаат нивната врска да успее, речиси ништо на светот нема да може да ги разубеди да го остават нивниот партнер. Оваа нивна особина е поволна во однос на стабилноста на нивната љубов, но може да се претвори во негативна, ако нивната врска постане деструктивна и премногу ограничувачка.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација бик-лав е нивното обострано почитување, восхитување и обожување. Двата знака располагаат со многу моќен карактер, така што ниеден од нив нема да може да доминира над другиот, без разлика колку и да се обидуваат. Другите луѓе ги доживуваат како одличен пар, во кој партнерите се посветени кон реализација на нивните заеднички цели. -

Бик и рак – љубовна комбинација
Кога две личности од спротивниот пол со хороскопски знаци бик и рак стапуваат во љубовна врска, најчесто формираат добра љубовна комбинација. Бикот и ракот се за само две позиции оддалечени еден од друг во зодијакот, а тоа значи дека имаат тенденција за формирање една цврста кармичка конекција и длабоко меѓусебно разбирање. Двајцата партнери ја ценат сигурноста и стабилноста во врската, повеќе од сè друго. Тие сакаат да се грижат еден за друг и да се негуваат. Така, ракот сака емоционално да го негува бикот, а бикот пак го разгалува својот љубен давајќи му сензуални задоволства, скапи подароци и убави богати оброци. Двајцата партнери уживаат во домашна атмосфера, па совршен избор за нивен љубовен состанок, е ноќ помината дома, во прегратки со душичката.
Љубовното партнерство сочинето од бик и рак има тенденција да биде многу среќно, поради нивното обострано уживање во сигурноста и комфорот кои ги овозможува домот. Тие сакаат да имаат убав дом, цврста љубовна врска, квалитетна храна и да поседуваат скапи материјални работи, односно сакаат да уживаат во сите удобности кои ги нуди семејниот начин на живот. Бикот и ракот најчесто се способни да формираат едно идеално семејство кое е ориентирано повеќе кон фамилијарниот живот, отколку кон надворешниот свет, па секој друг отстрана би им позавидел. Единствен поголем проблем помеѓу овие партнери може да настане доколку бикот инсистира сè да биде по негово, а ракот на тоа реагира со демонстрирање лошо расположение, муртење и лутење. Бикот мора да ја разбере емотивната природа на ракот, а ракот пак мора да научи да разговара отворено и искрено и да престане да се служи со емоционални манипулации и уцени.rnrnБикот е управуван од планетата Венера (љубов), а ракот од месечината (емоции). И во двата хороскопски знака доминира женствената енергија. Ракот обично ги чува неговите емоции затворени некаде длабоко во него, каде ги остава долго време да „крчкаат“, што најчесто завршува со „прелевање на чашата“. Тоа значи дека неговите длабоки чувства, честопати ескалираат во пренагласени реакции, во ситуации кои не заслужуваат толку многу внимание. Токму поради неговата емоционална затвореност, ракот го привлекува отворената, искрена и храбра природа на бикот. Како што месечината го диктира настапувањето на ноќта и заминувањето на денот и тивко влијае врз целиот жив свет, така и ракот манипулира „зад сцената“. Овие партнери најмногу уживаат во заедничко друштво и немаат тенденција многу да се социјализираат во големи друштва.rnrnБикот е земјен знак, а ракот воден, па во оваа врска ракот го негува бикот, исто како што дождот ја негува земјата и им овозможува на плодовите да пораснат. Бикот од друга страна има постабилен поглед кон животот и е помалку склон кон емоционални турбуленции од ракот. Поради тоа, бикот може да му помогне на ракот да научи да ги контролира неговите „немирни“ чувства. Двајцата партнери мораат да бидат внимателни во однесувањето еден кон друг, бидејќи на бикот може да му здодее од променливото расположение на ракот, а ракот од друга страна може да си мисли дека бикот е нечувствителен во однос на неговите потреби.rnrnБикот има непроменливи навики. Кога еднаш ќе оформи мислење по едно прашање, нема да го промени, сè дур не се случи нешто поголемо што ќе го натера да се замисли. Ваквата особина на бикот, може да претставува безбедна „емоционална карпа“ за ракот, бидејќи тој ќе верува дека бикот е целосно посветен на нивната врска, а неговите љубовни чувства се цврсто фиксирани. За возврат, ракот може да внесе инспирација во нивната врска, започнувајќи да работи на нови проекти, за кои бикот со задоволство ќе сака да презема одговорност подоцна.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо бик-рак е способноста на партнерите да креираат од себе спремен, истраен и надежен тим. Двата знака се потпираат еден на друг и умеат меѓусебно добро да се негуваат, фокусирајќи се кон нивниот заеднички живот. Нивната заедничка љубов кон домот и безбедноста, ја прави оваа врска идеална, долготрајна и ориентирана кон фамилијарниот живот. -

Бик и близнаци – љубовна комбинација
Кога бик и близнаци ќе стапат во љубовна врска, тие мораат меѓусебно да си дадат доволно време за да сфатат која е движечката сила во нивната врска и на кој начин најдобро би се согласувале. Двајцата партнери имаат многу нешта да си понудат еден на друг и можат многу да научат од нивната врска, но за да се случи тоа, потребно е да научат да бидат пофлексибилни и прилагодливи на потребите на другиот. Близнаците се познати по нивната двојна природа, поради која најчесто се двоумат дали да постапат на еден или на друг начин. Ако посесивниот бик е способен да му ја даде на едниот близнак безбедноста и блискоста која му е потребна, додека истовремено му ја овозможува на другиот близнак неговата слобода и независност, нивната врска ќе заземе добар правец. Бикот најверојатно ќе очекува многу повеќе од врската одошто близнакот ќе смета дека е потребно да даде, но за да постане спремен на таков степен на обврзување, потребно е да помине подолг временски период, во кој бикот ќе научи да биде трпелив.
Сталожениот, сериозен и практичен пристап кон животот на бикот, се разликува многу од левтерниот, интелектуален пристап на близнаците. Ваквата разлика може да претставува поголем проблем, бидејќи близнакот може да го доживува бикот како малку здодевна и намуртена личност, а бикот пак може да мисли дека близнакот е површен и нереален. Токму поради нивните спротивставени карактери, овие партнери можат многу да научат еден од друг. Така, бикот може да му помогне на близнакот подлабоко да ги доживува секојдневните животни ситуации, а тој пак може да му помогне на бикот да внесе вариетет, забава и возбуда во неговиот живот.rnrnБикот е управуван од планетата Венера (љубов), а близнаците од Меркур (комуникација). Венера се однесува на физичките задоволства, романтиката и сензуалноста. Меркур, во близнакот внесува и женствена и мажествена енергија, а тој ја искористува онаа која најмногу му одговара во дадениот момент. Бикот бара страстен љубовен партнер во кој може да верува, па генијалноста која во себе ја носи близнакот, може да избледи доколку не постои толеранција во нивната врска. Ова може да биде незгодна ситуација, бидејќи близнакот за себе си мисли дека неговата досетливост е најголемиот квалитет во неговиот карактер. Добрата вест е дека, близнакот е доволно интелигентен за да научи да постане романтичен, чувствителен партнер, каков што бикот сака тој да биде.rnrnБлизнаците донесуваат одлуки базирани на разумот но и на моменталниот ќеф, додека бикот е попрактичен. Бикот во процесот на донесување одлуки си го поставува прашањето: „Како ова ќе ми помогне да си ги остварам моите цели?“, а близнакот одлучува моментно, без притоа да чувствува притисок дека треба да се води според некој прецизен план. Врската помеѓу бикот и близнакот ќе биде во криза, доколку бикот се предаде на неговите посесивни чувства или доколку близнакот постане премногу независен, незаинтересиран и отсутен во мислите. Партнерите со овие хороскопски знаци мораат да настојуваат да останат искрени, отворени и флексибилни еден кон друг, за да ù овозможат на нивната љубовна унија добро да функционира. Велат, кога се сака, сè се може, па така и љубоморниот бик доколку доволно се потруди, ќе сфати дека и покрај тоа што близнакот честопати знае да биде непредвидлив и многу да флертува, нему врската која тие ја имаат му е многу важна. Исто така, бидејќи бикот знае да биде премногу тврдоглав и непопустлив, близнакот може да ја употреби неговата флексибилност и одвреме-навреме да му попушта на бикот и да ги остварува неговите желби.rnrnБикот има тенденција да се фокусира на една работа, личност или идеја во даден момент, а близнакот се префрла од една на друга ствар (или личност) во согласност со моменталниот импулс. Бикот мора да му овозможи на близнакот доволно простор и слобода, бидејќи во спротивно врската ќе почне да го гуши. Бикот исто така, треба да научи една многу важна лекција од близнакот: променливоста понекогаш е подобра особина од фиксната решителност да се тераат работите само на еден начин.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација бик-близнаци е сигурноста која партнерите меѓусебно си ја даваат во нивната врска, се разбира доколку бикот му овозможи на близнакот таа сигурност да ја прикажува на послободен начин. Сè додека партнерите настојуваат добро да комуницираат, нивната љубов ќе биде стабилна, а нивната врска исполнета со среќа и хармонија. -

Астрологијата и барањето прочка од партнерот
Имавте страшна кавга со вашиот партнер? Ја кажавте најлошата работа, во најлошиот момент и сега сте соочени со ситуација во која морате да изберете дали ќе ја поправите штетата или ќе дозволите во вашата врска да завладее лоша карма. Дали знаете искрено да побарате прочка? На тоа прашање одговор ќе ви даде астрологијата.rnrn
rnrnСтрелецот е непоправливо груб, нетактичен и суров и најчесто прекасно сфаќа дека неговите импулсивни реакции и зборови кои не се на место, погодиле некоја многу сензитивна точка кај неговиот љубовен партнер. Во секој случај, стрелците не се злобни по природа и (доколку сфатат навремено) ќе се обидат да се оддолжат за нивните непромислени реакции.rnrnОвенот има тенденција инстантно да заборава што кажал во моментот на бес и не може да сфати зошто некој би требало да биде загрижен за нешто што се случувало пред еден час, а камо ли за нешто од минатата недела. Претставниците на овој хороскопски знак мораат да научат да сочувствуваат со оние луѓе кои имаат поинаков темперамент од нивниот.rnrnБлизнаците знаат да бидат тотално безобѕирни во однос на чувствата на другите, а нивните коментари во момент на кавга можат да бидат многу ладнокрвни. Исто како и овните, близнаците не можат да сфатат зошто треба да се крева толкава врева околу нешто, поради што не чувствуваат дека имаат за што да се извинат. Луѓето родени во оној хороскопски знак мораат да научат повеќе да се потпираат на она што им го кажува срцето, а помалку на разумот и само тогаш ќе бидат способни да сфатат каде е проблемот.rnrnВодолијата знае да стане непредвидливо директна во кавга и тврдоглаво одбива да признае дека нејзините зборови се тотално нечувствителни. Таа исто така, знае да тера инает и сака буквално да провоцира само за да ја види реакцијата на партнерот. Извинувањето не е нивна јака страна, освен доколку тоа не го побарате од нив на некој кул пријателски начин.rnrnНа скорпијата во принцип не и е забавно да предизвикува ситуации кои создаваат проблеми. Но, таа сака партнерот да и ги почитува мислите и чувствата, така што типично за неа е да каже по некој зајадлив коментар, кој е всушност одмазда за некоја претходна препирка во врската. Повеќето скорпии извинувањето го доживуваат како самопонижување. Тие треба да научат да забораваат на лошите работи кои се случиле во врската, да се разведрат фокусирајќи се на убавите и да продолжат понатаму со животот.rnrnДевицата знае честопати да биде претерано пребирлива и не може секогаш да сфати дека нејзините „добри“ забелешки, за личноста од спротивната страна можат да звучат како најлоши критики. Наспроти нивната „бодликава“ надворешност, девиците имаат добро срце, благодарение на што тие набрзо ги исправаат грешките кои ги направиле.rnrnВагата мрази ситуации во кои владее непријатна атмосфера. И покрај тоа што таа знае да биде премногу аналитична, критична и огорчена во однос на негативните карактерни особини на нејзиниот љубовен партнер, таа сепак е желна кратко после расправијата да ги „излекува“ повредените чувства на партнерот.rnrnРакот толку многу не може да поднесе чувствата да му бидат повредени, што има тенденција да се воздржува од изразување на неговите размислувања, бидејќи се плаши да не испровоцира контранапад. Кога раковите сепак се решаваат да ги искажат нивните замерки во однесувањето на нивниот партнер, тие набрзо после муабетот ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја вратат хармонијата и спокојот во врската.rnrnРибите имаат тенденција да бидат изненадувачки брутални во нивните замерки кон партнерот, кога нивниот потиснат гнев ќе излезе на површина. Кога хаосот ќе помине и ќе си ја „оладат“ главата, рибите ќе бидат толку стаписани од нивната постапка, што ќе трчаат кон партнерот со букети и чоколада в рака, за да бараат прочка од него.rnrnБикот вообичаено е сталожен и спокоен, но знае да постане екстремно избувлив кога ќе се вознемири. Тој не сака да каже „извини“, бидејќи смета дека таквата постапка го става во подредена положба, но затоа неговите постапки ќе зборуваат погласно од зборовите, па наместо „извини“ бикот ќе ви понуди прегратка и бакнеж.rnrnАко избие љубовна кавга, јарецот веднаш ќе „исчезне“ од просторија и ќе отиде да работи нешто друго. Но, јарецот ја обожава безбедноста која ја создава пријателскиот дух во љубовната врска, па затоа порано или подоцна ќе се врати назад за да ги измрмори вистинските зборови, се разбира, доколку не му оставите алтернатива.rnrnЛавот во ваквите ситуации секогаш се обидува да ја префрли вината на другиот, притоа правејќи коментарите кои ги кажува со цел да го засрами партнерот, да звучат оправдано. Лавот не знае баш да ја преземе одговорноста за сопствените грешки, па би било добро доколку неговиот партнер го познава доволно добро, за да сфати дека ќе му биде потребно подолго време за да признае дека погрешил.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Бик и бик – љубовна комбинација
Кога двајца бикови се во љубовна врска, тие формираат една сензуална и стабилна конекција која ги задоволува до бескрај. Постојат две работи кои биковите ги ценат повеќе од сè друго во љубовните врски: покрај верноста, обожаваат јадење вкусна храна и високо ги вреднуваат удобните нешта во животот. Љубовните партнери со хороскопски знак бик, меѓусебно сакаат да се разгалуваат и да се облеваат со разни подароци и луксузи, бидејќи живеењето раскошен живот е потреба која длабоко ја чувствуваат во нив.
Двајцата партнери се шармантни, грациозни и достоинствени личности. Тие, исто така, знаат да бидат многу тврдоглави и аргументативни, а во одредени ситуации, љубоморни и посесивни. Генерално, сите бикови мораат да сфатат дека не секогаш мора да се сложуваат со нечие мислење. Ќе им биде полесно и попаметно доколку премолчат и си ги задржат ставовите за себе. Ова особено се однесува на оние парови во кои двајцата партнери се бикови. Тие мораат да забележат дека нивната врска е премногу добра, за да си дозволат да ја уништуваат со некои минорни обиди за докажување кој е во право, а кој во криво.rnrnБиковите се благословени со цврста волја и чувствување обврзаност во љубовните врски. Тие го обожаваат оној сладок процес на додворување на почетокот на врските, така што градењето на нивната врска би требало да се движи во вистинската насока. Биковите немаат тенденција да „влетуваат“ во љубовна врска, а кога еднаш ќе се „врзат“, таа врска е цврста и можеби доживотна. Кога два бика се во љубовна врска, тие очекуваат огромна посветеност на неа од страна на нивниот партнер, па ако нивното очекување не биде исполнето, може да дојде до израз посесивноста како нивна карактерна особина. Ништо не може да ги вознемири овие љубовници, повеќе од искусување неверство од страна на нивниот партнер. За среќа, биковите се многу посветени еден на друг и на нивната врска и се луѓе на кои секој може да се потпре, па неверството е навистина ретка појава кај нив.rnrnБикот е предводен од Венера, планетата на љубовта. Кога двајца луѓе кои ја имаат енергијата на Венера, стапуваат во врска, тоа дефинитивно може да биде љубов на прв поглед. Биковите се многу романтични, нежни и полни со љубов и ним никогаш не им досадува од физичкиот контакт и разменување допири со нивниот/та љубен/а. Тие имаат навистина голема кондиција кога станува збор за сексот. Доколку би немале други обврски во животот, тие би воделе љубов цел ден, цела ноќ и денот потоа…rnrnЕмоционалната сигурност им е многу важна на биковите, но кога еднаш ќе се осигурат дека ја имаат, овие партнери стануваат безволни и тешки за задоволување. Тие имаат тенденција да постанат мрзливи, релаксирани повеќе отколку што самиот момент го дозволува тоа, но во основа сакаат да работат напорно за да можат да си го обезбедат луксузниот начин на живот кој тие го преферираат.rnrnБидејќи биковите се големи љубители на убавата храна, удобниот лежерен начин на живот, не би било лоша идеја тие редовно да вежбаат фитнес вежби, кои ќе им помогнат да го намалат вишокот килограми, кои имаат тенденција брзо да ги качат.rnrnБикот е фиксен знак, а кога двајцата партнери се родени во овој знак, тие се многу настојчиви и упорни кон реализација на нивните поставени цели. Тие секогаш си се држат до нивниот став и ако почнете да им се спротивставувате, најверојатно ќе ја изгубите битката. Овој знак најчесто избегнува какви било промени во животот и преферира да му биде стабилен, предвидлив и постојан.rnrnДоколку еднаш нивните мозоци сфатат дека врската им е од оние „добрите“, биковите ќе се посветат максимално еден на друг и ќе се сакаат можеби до крајот на нивните животи. Но, доколку нивните идеи се разликуваат, тие имаат тенденција да навлезат во бескрајна војна на желби и очекувања. За да ги надминат ваквите препреки, партнерите треба да сфатат дека тие тежнеат кон остварување на заедничка цел, а тоа е нивната обострана среќа, и каква било диспропорционалност во нивните идеи не смее да ја наруши таа хармонија. Кога тоа ќе се случи, моќта која ја поседуваат како пар, ќе нема граници.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација бик-бик е неверојатната лојалност и посветеност на партнерите еден на друг, како и нивната енергија и волја да ја тераат врската на „долги стази“. Нивната заедничка љубов кон романтиката и комфорот, ја прават нивната врска многу цврста и долготрајна. -

Астролошки профил на родените во знакот бик
(20 април – 20 мај)
rn
Бикот има многу тврдоглава природа. Тој е физички силен и ментално брз. Перфекционист е кога станува збор за убавите нешта во животот. Има одличен вкус за облекување и речиси за сè друго. Тој исто така е способен и да заработи доволно пари за да си дозволи купување скапи работи. Луѓето родени во хороскопскиот знак бик, се многу нетрпеливи и почнуваат да мрморат и тапкаат со нозе, ако ги оставите во исчекување. Бикот ќе ви даде на знаење како точно се чувствува во врска со нешто. Ќе биде директен и дрзок доколку смета дека сте виновни за нешто или ќе ви ја појасни ситуацијата, ако ги немате сите факти на ум. Кога не се согласува со нечие мислење, тој отворено ја покажува својата лутина. Кога убаво ќе ве „изџвака“, тој ќе очекува од вас да имате обѕир за болката која сте му ја нанеле.rnrnБуржоаски живот
rnВо суштина, биковите се стабилни, урамнотежени, конзервативни личности, чесни граѓани и љубители на мирот. Сакаат да ги поседуваат сите добри квалитети на буржоаскиот начин на живот. Бидејќи биковите имаат чувство за материјалните вредности, сакаат да поседуваат вредни работи и хорор им е да запаѓаат во долгови, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да го одржат безбедното финансиско статус кво. Порано или подоцна, парите ќе дојдат во нивни раце. Бикот воопшто не е скржав, туку напротив, дарежлив е со парите, колку што е широк во срцето.rnrn
rnОдлучна и комуникативна особа
rnНа прв впечаток, бикот делува како екстремно тивка и воздржана личност. Но, кога ќе се зближите со него, ќе установите дека бикот не е личност која само седи и ги слуша вашите монолози, туку активно партиципира во разговорите. Тој промислено ги прави своите чекори, но кога еднаш ќе се реши на нешто, невозможно е да го премислите. Доколку бикот е оставен сам на себе, тој се претвора во ведра, расположена и безгрижна личност.rnrn
rnГолем интелектуалец
rnБикот има големи познавања за светот во којшто живее, мислите му се поврзани и знае убаво да се изразува. Неговиот мозок е како сунѓер, кој впива информации и факти и ги складира, сè до оној момент кога ќе може да ги употреби за да го импресионира градоначалникот на некое далечно местенце, за кое никој не чул, освен се разбира бикот. Тој не само што слушнал за тоа далечно место, туку умее да ги наведе сите статистички податоци поврзани со него, неговата економија, политика и меаните во кои ја служат најдобрата храна.rnrn
rnГурман
rnБикот е навистина голем обожавател на храната. Тој сака да ја проба секоја добра кујна и е многу незадоволен кога наместо со вкусен оброк, е послужен со храна од послаб квалитет. Нему не му пречи да потроши повеќе пари на обилно јадење за целата маса, сè додека неговите придружници се благодарни и ја ценат уметноста на храната. Како што и се очекува, бикот обожава да организира и да биде повикуван на ноќни забави, кои вклучуваат убава храна.rnrn
rnПочит кон уметноста
rnБикот има страст и наклонетост кон уметноста и има голем мерак да научи доволно за неа. Најчесто, тој навистина може да препознае добро уметничко дело и ги познава техничките причини кои го докажуваат тоа. За повеќето бикови, музиката има посебна улога во нивниот живот, а претставниците на овој знак имаат тенденција да бидат одлични музичари. Тие сакаат и да пеат и да бидат слушнати од голема публика.rn
Образован и одговорен кон себе
rnБикот не сака да биде во близина на ниско интелигентни луѓе и има возвишено мислење за себеси кога отфрла од својот живот, некој кој не е доволно интересен или не е доволно образован. Од прво, може да помислите дека тој е само еден голем сноб, но кога добро ќе го запознаете, ќе сфатите дека неговото расудување е базирано на неговиот основен вредносен систем. Според тој систем, секоја индивидуа има одговорност да ја култивира својата интелигенција и смета дека оние луѓе кои не ги искористуваат приликите да научат нешто ново во животот или пак оние кои немаат волја да си ги создадат таквите прилики, треба да се срамат од себеси. Тој не верува во „жртви на околности“, бидејќи самиот тој ги користи сите ситуации од кои има некаква полза и не може да сфати зошто сите останати луѓе не би можеле да го направат истото.rnrn
rnПасивна личност
rnТипична карактерна особина на биковите е пасивноста. Можете да сметате на бикот секогаш кога ќе ви биде потребен, но никогаш не очекувајте тој прв да ви се јави. Но, доколку побарате нешто од него, па макар и совет, тој истовремено ќе знае што да направи и како да го направи. Грижење, паника и нервоза дефинитивно не се дел од карактерот на бикот. Во природата на бикот е да биде стабилна и константна личност. Одлуките ги донесува бавно, откако ќе ги земе предвид сите аспекти на ситуацијата. Биковите го сакаат домот во кој живеат и каква било промена во него ги вознемирува. На личност со хороскопски знак бик никогаш не кажувајте ѝ дека е тврдоглава – таа никогаш нема да поверува во тоа. Бикот за себе мисли дека е трпелив, а не своеглав.rn
Ги бидува за водење бизнис
rnБикот има тенденција да биде добар бизнисмен. Тој ја разбира идеологијата на бизнис стратегиите и знае како истите да ги имплементира за да родат успеси. Бикот има компетитивен дух и може лесно да ја препознае слабата страна на неговата конкуренција, а во ракавот го чува најдобриот ас за да ја искористи таа слабост во полза на неговата работа. Ако работи во департманот за продажба, неговиот тим ќе биде најдобриот, најпаметниот и најпродуктивниот во целата индустрија. Насоките кои им ги дава на своите вработени, лесно влегуваат во нивната глава, па ќе им биде потребно многу кратко време за да почнат да го почитуваат и да веруваат во неговиот суд и здрава логика.rnrn
rnЛојални фер плеј играчи
rnБикот ќе биде лојален другар и вработен, сè додека се чувствува почитуван и вреднуван од страна на другите луѓе. Тој е верен, дарежлив и внимателен со пријателите, но ретко се спријателува со некој надвор од неговиот социјален круг, на кој е безрезервно лојален. Однатре, биковите се нежни, добродушни, скромни, цврсти, мразат расправии и непријателски односи. Но, доколку бикот ги стави во прашање намерите на некој негов пријател или доколку неговите бизнис планови се критикувани од страна на шефот, тој ќе биде вистински повреден и ќе реагира бесно и гневно, при што изгледа како целосно да ја губи својата самоконтрола. Бикот нема импулсивна природа и никогаш не реагира без причина. Другите луѓе не ја очекуваат таквата реакција од бикот, но неговата лутина ќе помине толку брзо, уште пред останатите да сфатат што се случило. Подеднакво неочекувани се ситуациите во кои бикот прави смели шеги и лудо се забавува.rnrn
rnrnРомантичари во љубовта
rnПредводен од Венера (планетата на љубовта), љубовта е многу значаен дел од животот на бикот. Тој знае да биде многу романтичен и умее да поттикне интерес кај спротивниот пол. Бикот го обожава предизвикот кој го поставува пред својот потенцијален љубовен партнер: неговото срце мора да биде прво освоено. Кога тоа ќе се случи, бикот ќе биде посветен, романтичен и лојален партнер, сè додека неговиот партнер е љубезен и покажува почит спрема него.rnrn
rnrnПовеќето бикови во љубовта имаат тенденција да ја играат „играта на чекање пред врзување“. За жал, голем број бикови си имаат почувствувано на нивната кожа, дека таквото однесување не оди баш во нивна полза. Тие треба да се изборат со тоа, на начин што ќе прават бебешки чекори кои водат кон акција. Побарајте го телефонскиот број на симпатијата, пратете му/ѝ имејл порака, направете нешто, што било!rnЉубоморен љубовен партнер
rnЉубомората може да биде сериозен проблем за бикот. Мажите и жените родени во овој хороскопски знак, сè околу себе вреднуваат според принципот „јас имам“, а во тоа може да биде вклучен и нивниот партнер. Бикот мора да сфати дека неговиот партнер е само едно човечко суштество, кое заслужува да биде третирано достоинствено и со почит.rn
Тврдоглавоста е љубовна кочница
rnКога ќе ја пронајде љубовта на својот живот, бикот треба да научи да ја контролира неговата тврдоглавост за да не ја уништи врската. Тој мора да ја сфати уметноста на компромисот и да научи да поставува прашања, а не само да ги изнесува неговите констатации. Само на тој начин, бикот ќе може да ја одржи неговата врска среќна и долготрајна.rn
Негативна карактеристика: критичност
rnrnЕдна од најнегативните карактеристики на биковите е нивната тенденција кон прекумерно критикување, кое може да звучи многу сурово и злонамерно на моменти. Биковите со поизграден карактер, умеат да научат како да ја потиснат оваа нивна природна тенденција кон критицизам и да ја канализираат кон нешто попозитивно, како на пример во некоја професија која бара критичко размислување. Бикот не е баш свесен за тоа како звучи неговото оценување на постапките на некоја личност, особено на неговиот љубовен партнер. Благоразумен љубовен партнер може на нежен начин да му помогне да порасне и да сфати дека неговите критики се премногу груби. Бикот има многу нежно его, на кое му треба често негување.rnrn
rnrnЦврсти и успешни личности
rnБикот поседува една неверојатна карактеристика, која му овозможува да може да поднесе физичка и психичка болка, со години, без ниеднаш да се пожали. Колку повеќе проблеми наидуваат во неговиот живот, толку поцврст станува. Бикот има репутација на сериозен хороскопски знак, но сериозен не значи и досаден. Всушност припадниците на знакот бик, уживаат во градењето цврста, стабилна и долготрајна кариера. Една од најголемите дарби на бикот, е неговата способност да смисли инспиративна идеја и да ја трансформира во остварлив, конкретен план.rn
Односот кон парите
rnБиковите честопати ги бие лоша репутација во врска со нивниот однос кон парите, бидејќи на многу луѓе од страна им изгледа како биковите да се опседнати со нив. Вистината е дека тие не се опседнати со пари, туку сфаќаат дека им се потребни за да можат да си ги остварат нивните зацртани цели и соништа.rn
Уживање во убавината
rnБикот ужива во убавите работи во животот со сите свои сетила. Тој е многу сензитивно битие кое знае да го цени пресекувањето на првото парче од двокатната торта, ужива во прскањето на телото со скапи парфеми или колонски води и наоѓа задоволство во носењето елегантни ракавици од кашмир. Сè што изгледа добро, мириса убаво, вкусно е и совршено е на допир, бикот несомнено ќе го обожава.rnrn
rnrnЉубовта кон убавината може да има и своја негативна страна, доколку бикот прекумерно се опушти. За бикот не е нетипично да потроши пари на нешто бесмислено, да му е лошо на стомакот од многу јадење вкусна храна или да „закачи“ 2-3 килограми вишок на себе. Поради тоа, тој мора да научи да биде умерен и урамнотежен во сè.rn- rn011
- Идеални професии за бик: музичар, креатор на парфеми, архитект, сметководител, моден дизајнер, графички уметник, манекен/сопственик на модна куќа, ботаничар…
- Најкомпатибилни знаци: девица, јарец, рак, риби
- Омилени бои: сина, зелена, темно жолта, окер
- Животно мото на бикот: „Биди убав или оди си дома“, „Имам значи постојам“, Грижи се за своите сетила, а сето друго ќе си се погрижи само по себе.“
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.