Кога два лава започнуваат љубовна врска, тие навистина привлекуваат огромно внимание секаде каде што ќе зачекорат. Сите околу нив воздивнуваат гледајќи ги. Овие сензационални, креативни и друштвени индивидуалисти, изгледа како меѓусебно да си се заслужуваат. Нема подобра љубовна комбинација од нивната, барем кога станува збор за социјализирање, формирање добра друштвена екипа или начинот на кој тие ги инспирираат другите, во романтична смисла на зборот. Лавовите се привлечни луѓе, па кога станува збор за двајца кои се во врска, тие инстантно се привлечени од добриот изглед на нивниот партнер и ниеден од нив не се срами да ги покаже своите побуди и сексуални желби.
Лавот е кралот на џунглата, па така и љубовното дуо составено од двајца припадници на овој знак, зрачи со енергија, ентузијазам и лидерски предиспозиции. Но, ако двајцата имаат исто ниво на страст и авторитет, тие ќе мораат да научат да ја контролираат таквата енергија, за да може да функционираат како пар. Овие партнери уживаат во задоволствата кои ги нуди животот и никогаш не се двоумат кога станува збор за забава, добар помин и релаксација. Секој од лавовите го „храни“ егото на неговиот партнер, и му го дава вниманието кое постојано му е потребно.rnrnУправител на лавот е Сонцето. Тоа, само по себе, е совршен симбол на перцепцијата на лавот за себеси (позиционирано е на средина во однос на останатите планети). Сонцето создава силна светлина и поседува голема моќ и енергија. Топлината од Сонцето (т.е. од лавот) длабоко ја чувствуваат сите оние кои се најблиску до него и претставува нивен одличен водич низ животот. Но, Сонцето исто така може да ги „изгори“ тие кои се во негова близина, со неговата тенденција да се однесува драматично, себично и преувеличено да реагира на обични ситуации. Тоа ги прави лавовите, понекогаш тешки за поднесување од страна на нивниот партнер, како и за останатите луѓе во негова близина.rnrnЛавот е огнен знак. Жешката страст која „гори“ помеѓу два лава е незапирлива. Нивниот оган, во комбинација со нивното потпирање на физичка активност (наместо на емоционална или интелектуална) ја прави оваа врска многу динамична. Тој збир од интензивната енергија на двата лава може им да донесе прекрасни работи, се разбира доколку тие не ја претворат во катастрофална кавга. Па така, лавовите или ќе ја имаат најдобрата или најлошата љубовна врска на сите времиња, во зависност од тоа колку тие ќе успеат да ја пронајдат средината помеѓу „совршената љубов“ и тенденцијата кон нејзино уништување. Двата лава ќе треба да вложат поголем напор за да го овозможат функционирањето на нивната врска. Она што најмногу ги зближува овие партнери, е нивната потреба за постојано внимание и восхитување.rnrnЛавот е фиксен знак. Секогаш постои моќна битка кога два фиксни карактери ќе се соединат. Рационалната и социјална страна на лавот ќе им овозможи на овие партнери да ги разрешат нивните разлики доколку го сакаат тоа доволно силно. Двајцата ќе прават отстапки, но само понекогаш. Избувливиот лав може брзо и често да „експлодира“, но конфликтите брзо се забораваат, па доброто расположение може да продолжи.rnrnКој е најдобриот аспект на љубовната врската помеѓу два лава? Тоа е нивната голема љубов кон забавата и чувството за креативност. Добро поминатото време никогаш не запира. Социјализирањето, забавата и меѓусебното засмејување, ги прави партнерите со хороскопски знак лав, фантастичен љубовен пар.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: хороскоп
-

Лав и лав – љубовна комбинација
-

Астролошки профил на родените во знакот лав
(23 јули – 22 август) rnrn
Да се наведат сите карактеристики на родените во знакот лав, е исто како да ги прочитате сите имиња на крајот од филм, кои се заслужни за неговото реализирање. Лавот може да ја одигра секоја улога во филмот и притоа да го прилагоди светлото, за да се осигури дека секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Овие луѓе сакаат секогаш да бидат забележани и да привлекуваат внимание. Лавовите се родени за да бидат „кралови/кралици на драмата“. Тие се родени лидери, кои се ценат себеси и зрачат со самодоверба.rnrnЉубител на човековата насмевка
rnВие поседувате неколку карактеристики кои ви овозможуваат да го придобиете вниманието на другите луѓе. Некои можеби ќе ве обвинат дека сте егоцентрични, но вистината е дека вие едноставно го покажувате вашето вистинско лице – забавувач. Вие сакате да сте „виновникот“ за туѓите насмевки, бидејќи тоа ви создава искрено задоволство во душата. Оваа ваша дарежлива природа ве прави алтруист, кој може да постигне голем успех во животот, благодарение на вашиот оптимизам и позитивни мисли. Лавот е кралот на животните, па така и вие чувствувате обврска дека треба да се грижите за поданиците во вашето царство. Со задоволство го понесувате товарот на другите луѓе, секогаш кога е тоа потребно, но и кога не е потребно, ниту е ваша работа да се грижите.
rnХуманитарната страна на лавот
rnНајчесто луѓето кај вас ја забележуваат само вашата „сценска страна“. Најчесто се чувствувате како да сте на сцена и морате да се однесувате онака како што публиката очекува од вас. Но, во вас се крие и друга страна, која е тешко забележлива, а тоа е хуманоста.rnrnВашата длабока потреба да им помагате на другите луѓе е честопати засенета од карактерот кој го прикажувате пред светот. Повеќето луѓе никогаш не успеваат да ја видат оваа ваша страна. Тоа е така, бидејќи вие сте многу затворена личност кога станува збор за добрите дела кои ги правите, ко божем да чувате некоја државна тајна. Последната работа која што сакате да се случи, е некој да се сомнева во вашите акти на хуманост. Оваа ваша особина може да изгледа дека е контрадикторна на вашата позерска улога која ја прикажувате пред светот, но вашето големо срце е навистина многу дарежливо и милосливо и ве тера да се вклучите во некоја добротворна акција.rnrn
Суетност: мит или реалност?
rnВо многу прилики, најверојатно сте биле обвинети дека сте многу самоуверени, суетни или нарциси. Соочете се, вам ви се допаѓа вашиот одраз во огледало и да се има его е навистина добра компонента во карактерот на една личност. Но, кај некои лавови, тоа е екстремно нагласено. На овие луѓе, им е многу тешко да го пронајдат балансот помеѓу самоувереноста и потребата да доминираат над другите луѓе. На крајот на краиштата, тоа е космичка сила, а понекогаш едноставно не можете да се борите против ѕвездите.rnrn
Лавот на работното место
rnВашата силна потреба за внимание, може да постане водечка сила во вашиот живот. Глумата е природен избор на кариера за вас, како и пиар или работа во департманот за продажба. Секоја професија во која вашата улога е да ги убедувате луѓето, ќе ви биде добредојдена. Вие секогаш сте во центарот на вниманието, а тоа може да ги налути луѓето околу вас, кои сакаат да бидат на вашето место. Научете да го делите „сценското светло“ со другите луѓе, особено со колегите и ќе бидете почитувани и обожувани повеќе отколку што можете да посакате.
Лавот е роден за успех. Тој никогаш не би прифатил пораз и ќе продолжи да се бори, додека не го победи секој предизвик кој ќе му се појави на патот. Кога ќе започне да работи на некој проект, лавот не само што ќе си ги оствари своите цели, туку и ќе ги надмине очекувањата на другите за него. Тој исто така, може да биде одличен шеф бидејќи неговиот стил на менаџирање е професорски и менторски. Лавот чувствува огромно задоволство кога гледа дека членовите на неговиот тим напредуваат во работата.rnrnЕкстремно лојален кон најблиските
rnВие сте многу лојална и предана личност и сте безусловно приврзани и посветени кон членовите на вашето семејство и пријателите и го очекувате истото од нивна страна. Кога лојалноста не ви е возвратена, се чувствувате повредени до дното на вашето срце. Тоа е така, бидејќи лавовите имаат многу големо его, кое им е секогаш на прво место во животот и тоа лесно може да биде рането. Ќе бидете во агонија поради предавството и непочитувањето кое сметате дека ви е дадено. Вие ќе се обидете да ја излекувате оваа рана, но доколку не пронајдете начин да се справите со вашата болка, таа може да ви претставува камен на кој ќе се сопнувате во текот на целиот ваш живот. Доколку такво нешто ви се случи, вие треба да свртите нов лист и да научите како максимално да го живеете животот кој ви е даден, како и да почнете да ги опростувате туѓите грешки. Морате да сфатите дека не секогаш светот се врти околу вас, бидејќи во спротивно, постојано ќе им се лутите и ќе им замерувате на луѓето во вашиот живот. На крајот на краиштата, секој заслужува втора шанса, нели!?rnrn
Високи очекувања од пријателите
rnНаучете да направите еден чекор назад и да ја преиспитате ситуацијата. Обидете се да погледнете кон светот со други очи. Можеби ќе откриете дека она што сте го интерпретирале како недостаток на лојалност од нечија страна, не е ништо друго освен фактот дека вашите преголеми очекувања од некое пријателство, не се совпаѓаат со дефиницијата за пријателство која таа личност ја има во својата глава. Можеби ќе сфатите дека не станувало збор за некакво непокажување почит, лојалност или доверба. Можеби е тешко да ги преиспитате вашите сопствени идеали и да ги погледнете од поинаков агол, но тоа е најдобриот начин да сфатите дека, не секоја личност може да одговори на толку високи стандарди какви што имате вие.
rnКако другите го доживуваат лавот?
rnИ покрај тоа што можеби сте „кавгаџиски“ настроени во некои ситуации, повеќето луѓе сепак ве доживуваат како пријатна, дарежлива и љубезна личност. Вашите колеги очекуваат од вас да бидете лидери на работното место и честопати ќе се обраќаат кај вас за совет околу работата. Вашите деца (ќе) ве сметаат за топол, искрен, срдечен и забавен родител. Вашиот љубовен партнер ве доживува како интересна, егзотична и страсна личност. Вашите родители ќе се гордеат со она што нивното дете го постигнало во животот. Како што можете да забележите, вашиот хороскопски знак има многу комплексна природа. Ако научите како да го контролирате вашето его, убавите аспекти од вашиот карактер ќе излезат на површина и ќе го заземат централното место во вашиот живот.rnrn
Креативност
rnЕдна помалку позната карактерна особина на лавовите, е нагонот кој тие го чувствуваат за создавање нешто, без разлика дали станува збор за глумење во претстава, пишување роман или нешто друго. Лавовите не се луѓе, кои можат само да седат и фантазираат за работите, туку сакаат нивната креативност да ја инвестираат во нешто што ќе роди плод.rnrn
Негативни особини на лавот
rn
- rn011
- Ароганција
rn
rnЛавот знае понекогаш да ги премине границите на нормалното однесување и може буквално да смета дека тој, заедно со неговото семејство и пријателите го сочинуваат центарот на универзумот. Како и да е, лавот има многу големо срце, поради што луѓето во неговиот круг имаат тенденција да му „прогледаат низ прсти“, кога арогантноста ќе му дојде до израз.rnrn
- rn011
- Ориентиран кон угледот
rn
rnЛавовите сакаат да ги држат најдобрите нешта во свои раце. Сакаат да возат најубав автомобил, да живеат во најубава куќа, да се облекуваат во најмодерна облека, да ручаат во најелитните ресторани… Тие понекогаш премногу се внесуваат во светот на раскошот, што забораваат дека материјалните работи не се градители на нивната личност, туку она што го носат во душата. Ако забележите дека оваа потреба да се покажете и докажете пред светот со скапи работи ви се случува и вам, сопрете навреме и запомнете дека вашата искреност спрема себеси, е она што ќе ве направи уникатна личност, различна од сите останати во светот.
rn- rn011
- Темната страна на самобендисаноста
rn
rnВашата потреба да бидете во центарот на вниманието, честопати доаѓа во пакет со една негативна страна. Понекогаш, кога ќе сфатите дека сите знаат дека вниманието е постојано свртено кон вас додека зборувате, вие почнувате да ги игнорирате проблемите на вашите пријатели и членовите на вашето семејство и го ставате фокусот на вашите лични драми. Кога тоа ќе се случи, обидете се да се повлечете малку. Една од вашите најголеми карактерни квалитети, е вашата дарежлива природа. Помешајте ја вашата дарежливост со обид да слушате малку повнимателно додека некој друг зборува и ќе оставите впечаток на многу мила и фина личност, достојна за почит.
rnЛавот во љубовта
rnКога припадниците на овој хороскопски знак се заљубени, нивните најголеми квалитети доаѓаат до израз. Ако ве сака некој лав, вие ќе бидете облеани со скапи подароци, ќе ве однесе на „најжешките“ места за ноќно лудување, а кога е во романтично расположение, ќе ви заѕвони на врата со букет цвеќиња и шампањско. Ако вашата дефиниција за љубов, е базирана на некој романтичен филм, лавот може да ви помогне да си го остварите тој ваш љубовен сон.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите вашиот лав среќен:rnrnФалете го често. Кажете му/ù дека изгледа одлично или дека мириса фантастично и гледајте како задоволно ви се насмевнува.rnrnЖивејте го животот до максимум. Бидете расположени да експериментирате со нови места за состанок со вашиот лав и секогаш понесувајте си ги со вас неопходните работи и по можност пар пижами. Можеби ќе отидете на некоја „екскурзија“ во близина на вашиот град, или подалеку. Сè е можно со партнер во знакот лав.
Немојте да го повредувате егото на лавот. На припадниците на овој хороскопски знак многу лесно можете да им ги повредите чувствата. Тоа не значи дека не треба да му/ù потенцирате кога ќе ја преминат вашата линија на толеранција, но бидете внимателни како се изразувате, ако не сакате да провоцирате кавга.rnrn- rn011
- Лавот најмногу си одговара со: вага, стрелец, овен, близнаци.
- Животно мото: „Ако ти сметам – тужи ме!“ или „Никогаш не следи ја толпата“.
- Најдобри професии за лав: актери во филм или драма, стенд-ап комедијанти, спортисти, брокери, менаџери, професори, спортски тренери, рудари, пожарникари, организатори на настани, уметници, советници, адвокати, политичари, агенти во односите со јавноста, модни дизајнери, танцувачи.
rn011
rn011
rn
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Рак и девица – љубовна комбинација
Љубовната врска составена од рак и девица е цврста, приземна, моќна и најчесто завршува со среќен крај. Таа има потенцијал да станува сè подобра и подобра со текот на годините. Двајцата партнери се ориентирани кон остварување на нивните животни цели и се многу дисциплинирани личности. Ракот и девицата се искрени и посветени партнери и ниту еден од нив не сака да прави работи кои немаат никаква цел и иднина.
Во нивниот речник не постои терминот површна љубов. Секогаш би избрале стабилна и цврста љубовна врска, наспроти некоја авантура. Помеѓу овие два знака постои голема обострана почит. Девицата ја цени прикриената моќ која ја има ракот и неговата способност за посветување на работите, а тој пак, ја почитува големата адаптибилност и интелигентниот начин на размислување на девицата.rnrnОвие љубовници може да имаат бавен старт на врската, но со тек на време тие ќе стануваат се поблиски и ќе имаат поцврста конекција. Нивната врска е базирана на силна принципиелност. Овие два знака уживаат во материјалните работи во животот, но не се алчни луѓе. Тие би биле задоволни и исполнети, само доколку стекнатото богатство е резултат на чесна и напорна работа.rnrnПомеѓу нив може да настанат караници доколку девицата стане премногу критична и ги повреди кревките чувства на ракот. Ракот мора да сфати дека на девицата таква ù е природата – таа мора секогаш да го потенцира она што го гледа и не го напаѓа него на лична основа. Девицата може понекогаш да се вознемирува како резултат на тврдоглавоста на ракот, но сепак тоа е особина со која може да се справи трпеливиот и полн со разбирање партнер, каков што е таа. Потребата на девицата да им помага на другите луѓе, е исто така компатибилна особина со нежноста и сочувственоста на ракот.rnrnСо ракот управува Месечината (емотивност), а со девицата Меркур (комуникативност). И покрај тоа што се многу различни планети, двете се блиску до Сонцето и поради тоа се секогаш соседи. Ракот под влијание на Месечината поседува силен мајчински инстинкт и има потреба за континуиран развој во животот. Меркур пак, ги симболизира вештите комуникациски способности на девицата и нејзината способност за адаптација на секоја ситуација. Таа ја „носи“ онаа маска, која најдобро ù прилега во дадениот момент.rnrnДевицата има интелектуален поглед кон животот (особено кога ќе се спореди со емотивната природа на ракот), но сепак е доволно чувствителна и интуитивна за да ги разбере другите луѓе, кога е желна тоа да го направи. Добра особина на девицата (што се однесува до оваа љубовна комбинација) е нејзината способност да се посвети на партнерот и да ги исполни очекувањата на ракот за стабилен и спокоен домашен живот – домот и семејството за ракот се најбитните нешта во животот. Овие партнери нема да се расправаат за тоа дека другиот не му ги исполнил очекувањата и потребите. Тие секогаш ќе работат на тоа поле и ќе уживаат во придобивките од нивната свесност за чувствата на другиот.rnrnРакот е воден знак, а девицата земјен. Земјените знаци се совесни, приземни, но се и големи материјалисти, преокупирани со идејата да стекнат богатство. Љубовното партнерство сочинето од рак и девица, сака да биде опкружено со убави, скапи работи и да живее удобен живот. Водните знаци се потпираат на нивните чувства и интуиција, па поради тоа ракот е суптилниот носител на емоционалната нота во оваа врска. Нивната желба да живеат во „фенси“ дом, е гаранција дека овој пар напорно ќе работи да ја овозможи оваа цел. Исто така, ракот и девицата се многу практични луѓе, поради што нема да имаат проблеми со излегување на работите од контрола.rnrnДодека ракот сака да си ја тера започната работа и да се труди да напредува во неа, девицата има променлива рутина кон одговорностите и предизвиците кои ù се испречуваат на патот. Бидејќи девицата е толку сеприсутна, таа ќе успее да го пронајде нејзиното место во плановите на ракот, доколку сака да го направи тоа. Девицата ќе ги има на ум плановите на ракот и евентуално ќе ги реализира, откако ракот веќе се откажал од нив и решил да продолжи понатаму.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација рак-девица, е нивната заедничка посветеност и работење кон остварување на нивните цели. Двајцата партнери во ова љубовно дуо уживаат во стабилен семеен живот и луксузни работи. Девицата пак, обожава да му помага на ракот да си ги реализира неговите соништа. Нивните слични желби и амбиции, ги прават овие партнери високо компатибилни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук -

Какви се машките и женските ракови под површината?
Какви се жените родени во знакот рак?
rnЖенските ракови се познати по нивниот силен мајчински инстинкт, заштитничка природа и тенденција кон честа нерасположеност. Тие се секогаш инспирирани да им помагаат на другите и да одат до крај за да ги заштитат оние кои ги сметаат за „свои луѓе“.rnrn
rnЕве неколку особини кои можете да ги сретнете кај жена, чиј астролошки знак е рак:
rn
- rn011
- Однадвор цврсти, но однатре меки. Ова значи дека мајчинската страна на раковите, е добро истренирана. Тие можат ефикасно да ги воспитаат и дисциплинираат нивните деца, но истовремено и да им покажат голема љубов и нежност.
- Неверојатно лојални, женските ракови се најчесто и одлични сопруги. Тие се чувствуваат одговорни за заштитата на нивното семејство.
- Но, овој знак секако има и неколку мани. Повеќето ракови, имаат комплекс на помала вредност, како и тенденција да реагираат прекумерно на не толку важни работи. Исто така, тие имаат тенденција лесно да се навредуваат и да си ја „трескаат главата од земја“ поради тоа. Понекогаш е тешко да ги дешифрирате овие жени. Тие имаат тенденција да живеат во минатото или во нивниот имагинарен свет.
- Ако сте жена-рак, вие сте дипломат и мирољубец. Не сакате конфронтации, но доколку треба да одбраните пријател, вие дефинитивно ќе го направите тоа, без многу двоумење.
- Карактерните особини кај овие жени варираат од срамежливост до желба да бидат во центарот на вниманието. Тие може да бидат чувствителни, љубезни, романтични, да имаат уметничка душа, но знаат да бидат и ексцентрични, надуени, самобендисани и наметливи.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnДа се биде рак, е одлично кога работите се тргнати кон нагорна линија. Опколени со позитивна енергија, жените родени во овој знак се фантастични лидери, уметници, инспиративни говорници и одлични пријатели.rnrn
rn- rn011
- Нивните емоции интензивно „пливаат“ под цврстата надворешност. Нивната „женска интуиција“ е многу силна, па поради тоа тие многу се „потпираат“ на неа во донесувањето одлуки.
- Кога се најлошо расположени, женските ракови се познати по нивната намуртеност. Поради нивната голема варијација во расположението, тие секогаш ги разбираат чувствата на нивните пријатели.
- Ако сте жена со хороскопски знак рак, вие најверојатно почесто ја користите фразата „Јас чувствувам“, отколку „Јас мислам“, „Јас верувам“, „Те слушам“. Ова е резултат на влијанието на Месечината врз вашиот карактер. Жените-ракови имаат тенденција да размислуваат со нивното срце, наместо со нивната глава, но ова не претставува негативна карактеристика во сите случаи.
- Раковите ги интересира фантазијата, мистеријата и магијата на животот. Тие сакаат да го осознаат непознатото.
- Жените ракови имаат интерес за одгледување растенија, чување животни и грижење за други луѓе. Може да се чувствуваат среќно доколку се занимаваат со градинарство, готвење, волонтирање во животински засолништа и покажување разни видови љубезност и грижа за други луѓе.
- Домот на ракот му е важен онолку колку што им е гнездото на птиците. Тие сакаат да имаат место во кое навечер ќе се вратат, после ден поминат во надворешниот свет. Тие не се антисоцијални, но сакаат да имаат некое место, гнездо, засолниште, кое ќе можат да го наречат нивен дом, кој има нежен, смирувачки ефект врз нив. Тие преферираат да седат дома, отколку да „скитаат“ низ градските улици.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Какви се мажите родени во знакот рак?
rnКарактеристиките на машките ракови, се во главно исти со оние на женските припаднички, но тие може да ги манифестираат на различен начин. Мажите со хороскопски знак рак, го ценат фамилијарниот живот повеќе од сè друго и сакаат да ги разгалуваат оние што ги љубат. Таа особина ги прави големи заштитници на семејството. Доколку сте во потрага по емотивен маж, тогаш ракот можеби е токму она што ви треба. Машките ракови само мораат да запомнат дека разбирањето на туѓите чувства не претставува знак на слабост во нивниот карактер, туку доблест. Типичните машки ракови, се нежни индивидуалци, кои им даваат поддршка на луѓето кои ги сакаат, бидејќи сакаат тие околу него да бидат среќни и задоволни. Но, останатите луѓе мораат да внимаваат на мрачното расположение кое знае понекогаш да ги опфати раковите. Овие луѓе се многу емотивни, но умеат добро да го прикријат тоа и да се заштитат од суровиот свет.rnrn
rnЕве неколку особини кои можете да ги сретнете кај маж, чиј астролошки знак е рак:
rn
- rn011
- Лојалноста е јака карактеристика и кај машките ракови.
- Силната желба за живеење стабилен, урамнотежен семеен живот, е исто така нивна прекрасна особина.
- Адаптибилноста е уште еден плус во карактерот на машките ракови и покрај тоа што тие преферираат самите да донесуваат одлуки. Таа нивна особина може да се спореди со леснотијата со која водата веднаш го зазема обликот на садот во кој ја всипувате. Но, имајте на ум дека водата може да биде и штетна, на пример може да ја еродира земјата. Машките ракови се доволно силни сами да си ги создаваат промените во животот, но истовремено се способни да се прилагодат на надворешните сили.
- Овие мажи секогаш внимателно ќе ве слушаат што им зборувате, а типично за нив е тоа што умеат да ви дадат и одличен совет.
- Раковите се интуитивни и восприемчиви за чувствата на другите. Тоа, колку што е добро за другите луѓе, толку е лошо за самите ракови, бидејќи нивното расположение може да ескалира од една до друга крајност, поради тоа што премногу силно ги чувствуваат туѓите чувства.
- Мажите родени во овој знак се отворени и најчесто можат да се поврзат и зближат со сите типови луѓе, и покрај тоа што не се најдружељубивите луѓе во зодијакот.
- Големата чувствителност е друг белег во карактерот на овие луѓе. Таа нивна особина можат најдобро да ја изразат преку колекционирање на нивните спомени во форма на албум со фотографии, споменар или чување стари предмети.
- Мажите родени во знакот рак секогаш сакаат да им пружат поддршка на другите луѓе, особено кога станува збор за членовите на нивното семејство и пријателите.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn- rn011
- Самобендисаноста може да биде голема мана во карактерот на машките ракови, бидејќи тие имаат тенденција премногу да се фокусираат на нивниот мал, затворен свет. Ќе морате да се борите доколку сакате да го привлечете нивното внимание, но доколку успеете во тоа, на крајот трудот ќе ви се исплати.
- Карактерот на повеќето ракови претставува еден збир од контрадикторности. Машките припадници не се исклучок. Тие се фини, добродушни и нежни, но преокупирани сами со себе. Тие се флексибилни кон потребите на другите, но баш и не се некои љубители на промени. Тие се лојални и посветени луѓе, но се премногу склони на промени во расположението, поради што нивните пријатели и членовите на семејството, понекогаш се прашуваат што овој маж навистина мисли за нив.
- Машките ракови, исто како и женските, ги привлекуваат креативните професии како пишување, музика, уметност, готвење и сл. Тоа е резултат на нивниот карактер, кој е интересен спој на интуиција, инспирација и посветеност на работите кои ги сакаат.
- Иако машките ракови имаат креативна имагинација, тоа не значи дека нивниот мозок не е ориентиран кон бизнис. Успехот во кариерата кој тие имаат потенцијал да го постигнат, е делумно резултат на нивната настојчивост, интуитивна природа и на нивната способност да комуницираат со другите луѓе. Тие знаат што нивните клиенти сакаат или им треба, уште пред и самите да се свесни за тоа. Најверојатно клучот за нивната среќа во кариерата е пронаоѓање работна позиција која претставува спој од креативност и бизнис клима.
- Безбедноста е особено важна за машките ракови, па поради тоа тие секогаш ќе наоѓаат начин да си ги „полнат батериите“, за да имаат енергија да успеат на финансиско поле. Тие ја разбираат потребата од пари, за да можат да се чувствуваат комотно во сопствената кожа и притоа да можат да бидат способни да се грижат за луѓето околу нив.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Рак и лав – љубовна комбинација
Кога рак и лав се во љубовна врска, тие знаат како да ги задоволат основните емоционални потреби на својот партнер. Секој од нив очекува посветеност, нежност, љубов и грижа од страна на другиот, но додека ракот е во потрага по стабилност и емоционална хармонија, лавот тежнее да му бидат давани комплименти од срце и со искрено восхитување. Двајцата партнери се многу лојални, дури и посесивни еден спрема друг, ракот за да се чувствува безбедно, а лавот за да ја „нахрани“ неговата самодоверба. Тие обострано се залагаат за истрајна и длабока поврзаност. Бидејќи нивните желби имаат многу слична природа, ракот и лавот можат да си пополнат многу важни „празнини“ во нивните животи.
Лавот и ракот преферираат удобен и стабилен живот. Сакаат да имаат убав, пријатен дом и блиски односи помеѓу членовите од нивното семејство. Лавот внесува имагинација и страст во нивниот дом, а ракот емотивна нота и нежност. Посилната половина во врската е лавот, кој претставува олицетворение на величественост и висок статус. Двајцата партнери се смели, силни и решителни, но мораат секогаш да бидат внимателни еден кон друг и меѓусебно да си ги прифатат и разберат карактерните разлики.rnrnСо ракот управува Месечината, која во него внесува емотивност, длабочина и страст, додека со лавот управува Сонцето, кое во него внесува живост, енергичност и самобендисаност. Лавот поради ваквото влијание од Сонцето, е „топла“, ведра, енергична и ентузијастички настроена личност. Ракот пак, под влијание на Месечината, е нежна личност, која се грижи за другите луѓе и создава и одржува длабоки емоционални врски со нив. Ова е комбинација од мажествена и женствена енергија. Сонцето го симболизира животот, а Месечината негата и напредокот. Сè додека овие двајца партнери се обѕирни во поглед на нивните различни потреби, нивната врска ќе биде одлична.rnrnДвајцата партнери сакаат да бидат победници во секоја игра, но имаат многу различна улога како лидери. Поради оваа разлика, помеѓу ракот и лавот можат да настанат расправии. Доколку тие никогаш не ја земаат нивната врска здраво за готово и ја зацврстуваат со практични и романтични постапки, таа ќе биде значајна за секој од нив и ќе успеат да го пронајдат нивниот заеднички „медиум за комуникација“.rnrnКога се под стрес, лавот станува тврдоглав, а ракот може да почне да се служи со манипулација на емоционална база. Ракот е секогаш во улога на упорен иницијатор за заеднички планови, а лавот ја канализира нивната заедничка енергија, борбено работејќи за нивна реализација. Ако му е даден избор, ракот ќе одбере стабилност и домашен мир, притоа не очекувајќи некаков гламурозен живот или признанија за успех. Од друга страна, лавот сака да ги „растресува“ работите во неговиот живот, трагајќи по необичното и неочекуваното.rnrnИ покрај тоа што овие двајца партнери можат емотивно да се посветат на нивната врска, сепак паралелно секој може успешно да си ги следи своите цели, водејќи се според сопствениот инстинкт. Доколку пак, ракот и лавот не се доволно искрени во поглед на нивните намери во врската, тие може да отидат на едно емоционално возење со ролеркостер, кое ќе нема крај. Ракот со неговото криење зад „невината обвивка“, може да биде тивкиот контролор на оваа врска, а во одреден степен може да почне и да манипулира со неговиот љубен лав, секогаш кога тој чекор ќе му изгледа доволно практичен.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и лав е нивната обострана посветеност и искреност во врската. Заеднички, овој пар може да внесе поддржувачка, позитивна и здрава вибрација во нивниот однос. Луѓето ги доживуваат како совршен пар, а нивната заедничка потреба за стабилна врска полна со љубов, ги тера да се борат за хармонија и среќа. -

Астролошки профил на родените во знакот рак
(21 јуни – 22 јули)
rn
Една од основните карактеристики на раковите е нивната тенденција кон честа промена на расположението, од една кон друга крајност, која е резултат на емоциите кои во моментот ги облеваат. Некогаш можете да ги видите во типично „журкаџиско“ расположение, како уживаат во сопствената кожа, се смеат на туѓите шеги и делуваат како најдостапната личност за разговор на забавата. Другпат, пак може да бидат сосема емотивно затворени, нежелни за разговори и смеа и седнати сами во некој ќош. Ваквиот чест „пресврт“ во нивното однесување, е првата работа по која ќе препознаете дека некој е рак во хороскоп.rnНежни и грижливи
rnРаковите се најсреќни и најмногу „блескаат“ кога ја имаат слободата да се грижат за некој. Тие уживаат помагајќи им на другите луѓе. Оваа нивна особина не се однесува само на луѓето, раковите се нежни и грижливи и со животните.
rnСрамежливи
rnРаковите се многу љубезни и полни со љубов за другите луѓе, но кога станува збор за изразување на нивните чувства, тие постануваат многу срамежливи. Тоа е резултат на нивната заштитна обвивка, која си ја создаваат со цел да го спречат излегувањето на површина на нивните „слаби точки“. Како и да е, со тек на време, кога ракот подобро ќе ве запознае и ќе се почувствува безбедно покрај вас, ќе почне сè повеќе да ги изразува неговите чувства и ќе ви ја покаже неговата нежна и грижлива страна.rn
Таинствени
rnДали сте знаеле дека тука на планетата Земја, имаме можност да ја видиме само едната страна на Месечината? Тоа е така, бидејќи Месечината не ротира исто како Земјата. Тоа значи дека ние ја гледаме само едната страна, или едното лице на Месечината. Овој факт за Месечината, која е управител на знакот рак, може да помогне во расветлувањето на неговиот карактер. Раковите се понекогаш толку таинствени, бидејќи се чувствуваат најбезбедно кога кријат нешто од остатокот од светот. Токму таинственоста ја прави Месечината специјално небесно тело, а луѓето родени во овој хороскопски знак – исклучителни личности.rnrn
rnКога раковите се среќни?
rnРаковите се среќни кога се чувствуваат слободно да ги изразат нивните чувства без да се плашат и без да бидат прекорувани од некој друг. Овие срамежливци смртно се плашат од идејата дека некој нема да го прифати нивното мислење, па доколку сметаат дека постои најмала шанса тоа да се случи, тие инстантно ќе се повлечат во нивниот заштитен оклоп.rnrnРаковите исто така се чувствуваат одлично кога можат да ја споделат нивната љубов кон нешто, како на пример пишување проза или поезија, со најблиските луѓе во нивниот живот. Ова прави раковите да се чувствуваат одлично во врска со нивната улога во светот.rn
Страв да бидат неприфатени од другите
rnДруга карактеристика на раковите е нивната тенденција да се чувствуваат гневно и налутено многу често. Ако тие се почувствуваат на било каков начин омаловажено од некоја личност (без разлика дали е реално така или само си замислуваат), раковите ќе му дозволат на бесот да расте во нив, сè до оној момент додека не експлодира на површина.rnrnПроблемот кај раковите е тоа што многу нешта можат да создадат чувство на гнев во нивната душа. Тие имаат неверојатно бујна фантазија и кога не ја користат оваа нивна креативност во некаква продуктивна цел, стануваат деструктивни. Едноставно кажано, многу е тешко да ги задоволите очекувањата на ракот. Најдоброто нешто кое можете да го сторите е да почекате да „излезат“ од песимистичките мисли и да се вратат во нивниот нормален шармантен мод.rn
Грижливи и сочувствени
rnРаковите поседуваат многу позитивни нешта кои можат да му ги понудат на светот. Тие имаат непресушен извор на добродушност, која ако им дадете шанса, со задоволство ќе ви ја покажат. Постои огромна разлика помеѓу тоа да се биде фин и да се биде добар, а раковите се најсвесни за тоа. Без разлика дали станува збор за згрижување на болното куче на улица, или хранење на бездомник, раковите се секогаш првите луѓе на светот кои ќе ви помогнат. На раковите секогаш можете да сметате и да се потпрете, без разлика дали станува збор за љубов, пари или давање совет и поддршка. Ракот ќе ви подаде рака! Другите луѓе го почитуваат и обожаваат ракот бидејќи тој е грациозен, великодушен и секогаш желен да им помогне на оние помалку среќните. Знаејќи го ова, воопшто не е зачудувачки тоа што ценетата принцеза Дијана беше рак во хороскоп.rnrn
rnИнтуитивни
rnНајбитната карактеристика на раковите е нивната интуиција. Заедно со срцето полно со љубов, доаѓа и нивната моќна интуитивна сила, која умеат да ја пренесат на другите. Исто како што месечевата светлина не води низ темнината, така и нивната интуиција изгледа како да ги води низ животот.rn
Не се директни личности
rnРаковите не сакаат недоразбирања и конфронтации, па поради тоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги избегнат. Не е тајна дека раковите се многу емотивни луѓе и нивните чувства лесно можат да бидат повредени. Ако еднаш им забиете нож во грб, на таа рана ќе и треба долго време (ако не и цела вечност) за да се залечи. Поради стравот од чувствување толку интензивна емоционална болка, раковите решаваат максимално да ги одбегнуваат сите ситуации кои можат да доведат до тоа.rnrn
rnНеочекувани особини на раковите
rnЗборови како „емотивни“, „интуитивни“ и „грижливи“ оддаваат впечаток како раковите да се многу кревки уѓе, кои ќе се скршат ако го дувнете. Но, нека не ве залажува нивната емотивност, бидејќи длабочината на душата нема никаква врска со стабилноста и цврстината на човекот. Особини кои другите луѓе се изненадени кога ќе ги сретнат кај рак вклучуваат:rn
Бес
rnНа раковите им е потребно многу лутина да им се собира за да избувнат, но кога тоа ќе се случи, подобро пазете се! Ова најверојатно е така, како резултат на тоа што раковите долго време се трудат да ги потиснат нивните гневни емоции, па кога еднаш ќе решат да ги пуштат да испливаат на површина, донесуваат големи одлуки. Така, многу луѓе се изненадуваат од ракот, бидејќи си ги спакувал торбите и си заминал, наместо, како и вообичаено да го прифати фактот дека ќе биде намуртен и депримиран, сè додека не се случи нешто кое ќе го расположи.rn
Преземаат акција
rnКога најмалку тоа го очекувате, ракот се впушта во акција, без разлика дали смета дека постапува исправно или погрешно.rn
Неверојатно издржливи
rnРаковите се моќни личности, кои можат да се справат со секаков соперник кој стои на нивниот пат кон успехот. Не за џабе ракот има клешти нели? Па затоа, доколку забележите дека некој рак што го познавате, е решен да се бори за нешто свое, бидете сигурни дека нема да се откаже после првата изгубена битка.rn
Склони кон депресија
rnКога е во меланхолично расположение ракот може да постане најстудената личност на планетата и ќе ве поведе со себе во депресивните мисли. Раковите имаат тендендција да размислуваат песимистички, но најчесто го кријат тој нивен страв зад нивната широка насмевка и смисла за хумор. Раковите сакаат да сонуваат големи соништа и според нив, „само небото е граница“. Кога плачат, тоа го прават бидејќи се навистина длабоко повредени однатре. Остар поглед или груб тон на глас, можат лесно да го повредат ранливото срце на ракот. Кога е повреден, ракот или ќе се исплаче од срце или ќе „одмора„ во неговиот заштитен оклоп. Како и да е, не е типично за ракот да му се одмаздува на оној кој му згрешил. Доколку реши да се затвори во своето безбедно психичко катче, бидете сигурни дека никако нема да можете да пристапите до него. Тој нема да крева на телефон, нема ви отвори на врата кога ќе му заѕвоните, ниту ќе го проверува сандачето за имејл пораки.rnrn
rnИмаат бујна фантазија
rnДодека разговарате со некој рак, ќе забележите дека неговите фацијални експресии ќе се променат многупати, отсликувајќи ги неговите многубројни емоции. Секое животно искуство влијае врз неговиот карактер и се врежува во неговата меморија. Тие имаат навистина бујна фантазија и понекогаш успеваат да го пренесат нивното моментално расположение на другите луѓе. Раковите го помнат сето она на кое животот ги научил и се вистински патриоти. Минатото ги интригира, па поради тоа тие обожаваат и да колекционираат антички предмети и разни остатоци со богато историско значење. Раковите се одлични чувари на туѓите тајни, па не е чудно што луѓето им се доверуваат по автоматизам.rn
Искрени пред себе, затворени пред другите
rnИнтересно е тоа што, неговите сопствени мисли и тајни, ракот си ги чува стриктно само за себе. Типичен рак никогаш не би разговарал за својот приватен живот со која било личност. Целата неговата емоционалност ја крие на сигурно под неговата цврста кора и доколку сакате да се зближите со рак, ќе треба да му покажете доволно грижа и љубов, за да започне да ви верува. Ракот ретко ги осудува другите луѓе, бидејќи има меко срце, се грижи за другите и секогаш ја нуди својата помош. Но, тој исто така, очекува да види дали и некој друг ќе му помогне нему. Ако одговорот е да, ракот ќе стои настрана и ќе и дозволи на таа личност да биде „спасителот“. Во случај никој да не му понуди помош, ракот секогаш ќе биде тој кој ги „спасува“ останатите во нужни ситуации. Тој може да пристигне во последната минута, но ќе ве спаси токму во моментот пред да се удавите. Ракот не е себичен, но се труди да не избрзува и да не биде импулсивен. Пред да направи некој поголем чекор, на ракот му е потребна силна поддршка од некој негов близок. Без потпора, ракот мрази да презема ризик на своја рака.rn
Потреба од емоционална безбедност
rnРакот тешко ги заборава туѓите грешки, а особено ги памети и своите. Тој ќе жали за нив и ќе му треба многу време додека да ги преболи и да премине на следниот чекор. Ракот обожава да биде дома, со неговите најблиски, бидејќи таму се чувствува најбезбедно. Премногу сигурност не е доволно за него. Тој секогаш сака повеќе и повеќе стабилност, љубов и грижа во животот. Несигурноста може да го одведе до депресивни мисли и физички да го ослаби. Како и да е, раковите имаат неверојатна моќ на самолекување. Сè што им е потребно се моментите на среќа, оптимистични мисли и смеење во големи дози. Таквата потреба ја имаат бидејќи се склони кон негативни мисли и секогаш се подготвени за неочекувани нешта од иднината.rnrn
rnПотенцијал да стекнат богатство
rnРаковите исто така се способни да направат многу пари, а потоа знаат и да управуваат со нив. Тие имаат големо срце и се желни да им помогнат финансиски на најблиските, секогаш кога тоа им е потребно.rn
- rn011
- Ракот најмногу си одговара со: девица, скорпија, риби и бик.
- Животно мото: „Силната одбрана е најдобрата одбрана“.
- Омилени бои: зелена, сиво-сребренкаста, крем и бела
- Најсоодветни професии: поети, писатели, познати актери, фотографи, уметници, археолози, историчари, доктори, менаџери, политичари, менаџери на човечки ресурси, готвачи, социјални работници, наставници
- Најголема предност: способноста на раковите да се грижат за другите луѓе
- Најголема потенцијална слабост: чувствување страв дека лошото искуство од минатото ќе се повтори во иднината.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Рак и рак – љубовна комбинација
Љубовната врска помеѓу двајца ракови е нежна, емотивна и исполнета со љубов и разбирање. Овие партнери си се меѓусебно посветени, верни и бескрајно лојални.rnrnДвајца ракови во љубовна врска, се способни да научат „како дише“ нивниот партнер. Бидејќи се многу слични по природа, секој од раковите го знае најдобриот начин како да му ја „затопли душата“ на својот љубен/а, а во напнати ситуации, ќе знае и како да му ја „разлади главата“. Главни карактеристики во оваа врска се верноста, грижата, меѓусебната помош и сочувственоста во однос на потребите на нивниот партнер.
Раковите кои се во сериозна врска, се ориентирани кон создавање заеднички дом и чувство на фамилијарен живот во него. Меѓутоа, за да се случи тоа, овие партнери мораат да ја надминат нивната тенденција кон депресивно размислување, самосожалување, како и служење со манипулација за да го добијат тоа што го сакаат. Доколку раковите успеат да го контролираат нивниот непостојан карактер и променливо расположение, оваа врска ќе биде задоволувачка и нежна за двајцата.rnrnРаковите најдобро се чувствуваат кога се дома. Кога еднаш ќе се заштити во своето свето засолниште, ракот може да заборави на надворешниот суров свет, да не обрнува внимание на мислењето на другите луѓе и да се грижи само за она што се случува зад затворените врати од неговиот дом.rnrnИсто како што раковите си ги чуваат и пазат материјалните работи кои ги поседуваат, така секогаш се обидуваат и да го заштитат и одбранат својот љубен/а од каква било опасност. Посветеноста и желбата на раковите да се борат за опстанок и успех на нивната врска, се навистина најјаките особини кои тие ги имаат, во поглед на љубовта.rnrnКонфликти во оваа врска може да настанат како резултат на промените во расположението на раковите, но уште поопасна е нивната суптилна вештина за емоционална манипулација, од која секој треба да се пази. Раковите треба да престанат да се служат со неа, бидејќи таа е лошо средство за добивање на она што го сакаат од партнерот, кое може сериозно да и наштети на нивната врска.rnrnРакот е управуван од Месечината и неговото расположение е чувствително на нејзините месечни циклуси. Токму влијанието на Месечината внесува во ракот мајчинска грижа, нежност и желба да се помогне на најблиските. Ваквата негова енергија, помага во креирањето топла и безбедна домашна средина и совршено љубовно гнездо за развој и одржување на една здрава љубовна врска.rnrnРакот е воден знак. Интуицијата и емоциите се главни двигатели на врската помеѓу двајца ракови. Во пакет со нивните длабоки, интензивни интуитивни моќи, доаѓа и кршливоста на ракот, поради што неговите чувства лесно можат да бидат повредени. Кога е исплашен и повреден, ракот емотивно се затвора, на тој начин заштитувајќи се од надворешниот свет. Меѓутоа честото психолошко затворање, може да ù наштети на која било врска во која едниот партнер е рак. Двајцата ракови во врска, најверојатно ќе имаат повеќе разбирање за потребите на својот љубовен партнер за личен простор и поминување некое време сам со себе, кога тоа претставува негова нужност. Клучот за разбирање на нивната потреба за повремено поминување време насамо, е таа да се прифати како составен дел од нивниот карактер и воопшто да не се поврзува со запоставување или негрижа кон партнерот. Заеднички, раковите се способни да се заштитат себеси и нивниот партнер од суровата реалност која постои во надворешниот свет.rnrnИ покрај тоа што ракот не е баш физички активен знак, неговите брзи емоционални рефлекси и моќите за перцепција, му овозможуваат умешно да се брани кога е под стрес. Ракот воопшто не се срами да го побара, но и да го добие токму она што го сака од својот љубовен партнер. Првата особина која доаѓа до израз кај ракот кога е под стрес, е неговата груба заштитничка настроеност кон својот партнер, кога смета дека постои некаква опасност по нивната врска. Но, овие нападни изливи на емоции, можат да ги повредат чувствата на неговиот партнер. Жестоката лојалност може да создаде блискост во љубовната врска помеѓу двајца ракови, но ако се поминат границите на нормалното, може да претставува опасност за нејзиниот опстанок. За да не се случи ова второто, двајцата партнери мора да настојуваат да ги погледнат нештата низ очите на нивниот љубовник.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и рак е нивната комплетна меѓусебна преданост и посветеност, како и цврстата емоционална нишка која силно ги поврзува. Овие партнери меѓусебно се заштитуваат и безбедно ја чуваат нивната љубов, од надворешниот свет. Тие целат кон креирање убаво уреден и топол заеднички дом, како и создавање семејство.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Близнаци и девица – љубовна комбинација
Кога близнаци и девица ќе стапат во љубовна врска, круцијално за нејзиниот опстанок, е тие да си дадат доволно време да го сфатат погледот кон животот и љубовта кој го има нивниот партнер и да запомнат дека и покрај тоа што нивното гледиште кон работите е сосема различно, сепак е доволно вредно за да се потрудат да го сфатат. Близнаците умеат да ги видат двете страни на секоја приказна и понекогаш не можат да одберат помеѓу двете опции кои им стојат на располагање, поради што честопати другите ги оценуваат како дволични луѓе. Во овој контекст, врската помеѓу овие партнери, особено би се зајакнала доколку стабилната девица му даде цврста емоционална потпора на едниот близнак, а на другиот му дозволи постојано да се колеба и премислува.
Девицата може да биде понекогаш сериозна повеќе одошто треба и да очекува премногу од близнакот, а тоа може нему да му претставува проблем, особено доколку нивната врска е сè уште млада, пред тој да е длабоко приврзан за партнерот. Доколку девицата ù даде доволно време на врската да се развива по нејзиниот природен тек, ќе забележи дека нештата ќе се „измазнат“ сами по себе.rnrnТотално спротивставените погледи кон животот на девицата и близнакот, може да претставуваат проблем во поглед на нивното меѓусебно разбирање, особено бидејќи девицата има тенденција честопати да биде премногу критична, напорна и комплицирана, а близнакот во таквите ситуации веднаш почнува да се бори и да покажува отпор. Практичните ставови кои ги има девицата, одат во контраст со колебливоста на близнаците. Како и да е, овие двајца партнери имаат многу нешта да се научат еден со друг. Девицата може да му помогне на близнакот да ги погледне длабочините на животот, да ја размисли суштината на идеите, а не само да „плива на површината“. Близнакот од своја страна, може да ù внесе на девицата забава и возбуда во нејзиниот живот.rnrnДевицата и близнаците се предводени од планетата Меркур (комуникација). Близнакот го прикажува машкиот аспект на оваа планета, а девицата женскиот (Меркур сама по себе е двополова). Девицата е во потрага по постојан љубовен партнер и таа има способност да води јасни разговори, кои ќе ù овозможат одлично формирање на врската. Близнакот е повеќе насочен кон интелектуалните работи во животот, но и тој има дарба за формирање добри односи со другите луѓе.rnrnДевицата е практична, директна и прецизна. Таа себеси се запрашува: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“ Близнакот, пак, кој се движи низ животот потпирајќи се на сопствениот мозок, не си го троши времето фокусирајќи се на тоа кон што е насочен, туку едноставно оди секаде онаму каде што неговиот ум го води. Раздразливата, критична природа на девицата и отсутноста, незаинтересираноста и своеволието на близнакот, може да предизвикаат недоразбирања и проблеми помеѓу овие партнери. Девицата мора да сфати дека флертувачката природа на близнакот, нема никакво влијание врз неговите чувства во однос на нивната врска, а тој пак од своја страна, мора да помогне во тој процес, преку зборови и дела.rnrnСреќна околност во љубовната врска помеѓу девица и близнаци, е тоа што и двата знака имаат многу флексибилна природа, поради која се способни да се прилагодат на секоја моментална промена. Двајцата знаат понекогаш да бидат колебливи, близнаците поради нивното вечно интелектуално „џвакање“ на работите, а девицата поради нејзината наклоност кон аналитичко размислување, наместо кон акција.rnrnНајдобриот аспект од врската помеѓу овие двајца љубовни партнери е сигурноста која тие меѓусебно си ја овозможуваат, а таа ќе се создаде само доколку девицата му ја препушти на близнакот слободата, сам да реши дали сака да се „врзе“ или не. Сè додека овие партнери правилно ги користат нивните комуникациски вештини за меѓусебни отворени разговори, нивната врска ќе функционира беспрекорно.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Близнаци и лав – љубовна комбинација
Љубовната врска помеѓу лав и близнаци е ведра, позитивна, активна и изобилува со младешка енергија. Близнакот е во вечна потрага по ментална стимулација, па поради тоа многу го привлекува креативната, драматична природа на лавот. Но, помеѓу овие двајца партнери може да настанат и проблеми. Тоа може да се случи, доколку лавот ја сфати премногу сериозно комуникативната, флертувачка природа на близнакот или доколку близнакот смета дека лавот се обидува да заземе целосна контрола врз нивната врска. И покрај тоа што нивните погледи кон животот се различни, во смисла близнакот сака да ги анализира сите детали од еден интелектуален разговор, а лавот попрво не би разговарал на темата и би се впуштил во кавга – овие два знака сепак добро си одговараат.
И лавот и близнакот се многу енергични знаци. Лавот обожава да биде координатор на проекти, додека близнакот сака да ја има слободата да размислува што е можно побрзо и подлабоко. Директниот и решителен лав, може да му помогне на близнакот побрзо да донесува одлуки, доколку тој почне да се колеба, поради неговата способност да ги гледа сите опции кои му стојат на патот. Но, лавот мора да внимава да не звучи премногу шефовски, бидејќи на таквото однесување, близнакот нема да реагира добро.rnrnЛавот е предводен од Сонцето (его), а близнаците од планетата Меркур (комуникативност). Двата знака се доста отворени луѓе, желни за разговор, како резултат на нивните слични планетарни влијанија во нивниот хороскопски знак. Но, тие имаат различен начин на самоизразување, поради што може да имаат „жешки“ дебати. На близнакот ваквите дискусии може да му бидат забавни и ментално стимулирачки, но лавот има тенденција да ги сфаќа премногу сериозно, поради што неговите чувства може да бидат многу повредени.rnrnБлизнакот како воздушен знак и лавот како огнен знак, си одговараат многу добро. На близнакот му е многу лесно да излезе на крај со енергичноста и креативноста која ја има лавот. И покрај тоа што, лавот има тенденција да биде премногу драматичен и демонстративен и сака да „им соли памет“ на луѓето, близнакот секогаш успева да ја разбере пораката која што тој се обидува да ја испрати. Најслатката работа во нивната врска, е тоа што овие двајца партнери може да бидат во текот на цел ден, активни, зафатени со некоја работа, но навечер кога ќе се видат, со задоволство ќе си раскажат сè што им се случувало додека не биле заедно.rnrnЛавот е тврдоглав и одлучен лидер, а понекогаш е и премногу крут, кога се обидува да промени некоја своја идеја или правец во животот. Кога лавот еднаш ќе се реши на некој чекор, тој некако умее да си ја визуелизира целата работа до крај. Близнаците, од друга страна, се екстремно флексибилни луѓе. Нив лесно им досадува, па поради тоа и му дозволуваат на лавот да управува со своите планови, онака како што тој смета дека треба, без разлика на тоа дали тие мислат дека таквиот план е изводлив или не. Близнакот сака единствено да си биде лидер на сопствените мисли. Нему му е сосема во ред да заземе подредена положба во врската и да си биде среќен со мислите кои „стрјуат“ низ неговата глава, додека неговиот лав е во центарот на вниманието.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу лав и близнаци, е младешкиот поглед кон животот кој го имаат овие два знака. Овој пар, може да биде многу успешен, како резултат на оптимизмот и отворената природа на овие двајца партнери.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Астролошки профил на родените во знакот близнаци
(21 мај – 20 јуни) rnrn
Луѓето родени во хороскопскиот знак близнаци имаат брз и бистар ум, благодарение на кој се секогаш во потрага по нов извор на информации. Повеќето близнаци, сакаат да ги учат работите преку практични примери. Тие обожаваат да шетаат низ светот, да запознаат што е можно повеќе луѓе и да стекнат голем број различни искуства. Близнаците не се луѓе кои можат да седат затворени дома, туку се енергични и авантуристички личности, чија душа останува млада во текот на целиот нивни живот.rnrnБлизнаците имаат тенденција да бидат „главни“ на секоја забава, поради нивната живост, ведрина, досетливост и способност да „накитат“ некое нивно досадно искуство за да го прераскажат на најинтересниот можен начин, при што на присутните ќе им звучи магично. Близнакот едноставно знае како да го задржи вниманието кон себе и да направи сите да го доживуваат како „главен на сцената“.rnrnЛуѓето со овој хороскопски знак се чувствуваат како да припаѓаат во речиси секоја ситуација, поради нивната способност за адаптација на секаков вид промена. Тоа е така, поради нивната непресушна потреба од промени во животот и независност, која го оневозможува нивното преголемо приврзување кон одреден сет на околности.rnrnБлизнакот како дете
rnБлизнаците додека се деца обрнуваат многу големо внимание на светот во кој живеат и благодарение на тоа умеат да ја сфатат заднината на сите ситуации уште од многу рана возраст. Нивната љубов за комуницирање и забележување на сите најмали детали, ги прави близнаците одлични комуникатори од најмали години.rnrnДецата родени во знакот близнаци имаат жилава, кинетичка природа која им овозможува постојано да бидат во движење. Добро би било тие да имаат повеќе различни видови активности, за да можат правилно да ја канализираат нивната енергија. На младите припадници на овој хороскопски знак многу лесно им досадува, па доколку изгубат интерес да извршуваат некоја активност, тие веднаш ќе тргнат во потрага по нешто поинтересно, затоа, многу е можно да ги пронајдете како го демонтираат миксерот во кујната или да разберете дека отишле сами на планинарење.
rnКомуникативна природа
rnВеднаш ќе препознаете близнак во соба полна со луѓе. Тој енергично ќе разговара со двајца, тројца или повеќе луѓе. Може да изговори стотици зборови во минута, но близнакот не зборува само за да се слушне себеси како кажува нешто, туку бидејќи има нешто вредно да додаде во разговорот.rnrn
Споделува информации
rnБлизнакот обожава да го споделува со светот она што го знае. Ставете близнак пред микрофон или пред камера и тој ќе се чувствува како да е дома. Тој нема трема или нервоза кога се наоѓа пред голема публика, бидејќи ги сака луѓето и разменувањето мислења на различни социјални збиднувања. Секоја ситуација која ќе му овозможува на близнакот да ги искористи неговите таленти и да ги изрази неговите мисли и чувства ќе му биде добредојдена. Не е воопшто чудно, тоа што близнаците се успешни во оние професии каде што пишувањето, комуникацијата и креативноста се најважниот елемент. Исто така, близнаците имаат интерес кон изучување на технологијата, особено компјутерите.
rnСоцијална пеперутка
rnБлизнакот е навистина најдруштвениот хороскопски знак во зодијакот. Доколку тој се најде во улога на организатор на журка, бидете сигурни дека сте составен дел од еден спектакуларен настан. Од разни видови мезиња, до фантастични оброци, близнакот ќе ги наполни со задоволство стомаците на сите свои гости, а воедно ќе се погрижи секој добро да се забавува. Близнакот е секогаш во „центарот на забавата“ бидејќи може да го прилагоди неговото ниво на ентузијазам во однос на моменталната прилика. Тој ќе се чувствува сосема удобно доколку се наоѓа во парламент, на службена вечера или на рок концерт, бидејќи сите околности му нудат можност да ја вежба неговата интелектуална острина и да разменува идеи со различни типови луѓе.
rnНаклоност кон уметност и музика
rnБлизнакот има вродена наклоност кон разните облици уметност. Кога еднаш ќе успее да се пронајде себеси во некој уметнички облик, тој ќе биде како пеперутка во лет, која ќе продолжи да ги шири нејзините крила и ќе се обидува да испробува сè повеќе нови работи во таа област.rnrn
Близнаците на љубовен план
rnПретставниците на овој хороскопски знак се во потрага по интелигентен, прилагодлив и толерантен љубовен партнер. Со него, никогаш не може да ви биде досадно бидејќи тој секогаш е во потрага по некоја нова авантура. Поради таквата негова природа, неговиот партнер ќе треба исто така да биде креативен и остроумен, способен да се прилагоди на секоја ситуација која ќе ја создаде близнакот. Доколку не сте во можност да го следите неговото брзо темпо на живот, близнакот ќе се умори од таквата врска и ќе си продолжи понатака во животот, барајќи нешто поинтересно.
rnЛадни како мраз?
rnЧестопати во астролошките профили за знакот близнаци, пишува дека тие имаат ледено срце, кога станува збор за нивните емоции. Близнаците дефинитивно се луѓе кои имаат чувства, па затоа не дозволувајте никој да ве убедува во спротивното. Повеќе луѓе сметаат дека овој знак е „ладен“ бидејќи близнакот и покрај неговата комуникативност и отвореност, е многу затворен кога станува збор за неговите емоции. Тој дури некогаш не се ни забележува себеси дека се чувствува вознемирено или несреќно, бидејќи во неговиот ум тој „патува“ кон освојување на некоја нова авантура. Вистина е дека близнаците имаат ум кој се базира на логика и рационалност, но тие истовремено имаат забавен карактер, кој често другите го оценуваат како детинест.rnrn
Како да ја згреете душата на близнаците?
rnЕдна од работите кои инстантно ќе го приближат психолошки близнакот кон вас, е вашето развиено чувство за хумор и љубезност. Близнакот ги третира сите луѓе еднакво и нема ни грам толеранција за оние кои лошо се однесуваат кон другите. Дури и најмалите акти во кои некој покажува љубезност и култура, се забележани од страна на близнакот, кој не пропушта ниеден детаљ. Но, наспроти тоа, тој има тенденција да биде „слеп“ и несвесен за големите, неубави работи кои се случуваат пред неговите очи. Тоа е така, поради начинот на кој близнаците го живеат животот – секогаш се фокусирани кон иднината, поради што честопати ја пропуштаат сегашноста.rnrn
Сензуален љубовник
rnБлизнакот е секси љубовник, кој ги знае сите добри сензуални чекори. Тој има големо чувство за уметничката страна на љубовта, а на неговиот флерт никој не може да остане рамнодушен. Близнакот обожава романтични активности, кои ќе го одведат кон една умствена авантура од која ќе му се помати умот. Сè додека неговиот партнер, умее да го одржува нивото на интрига и возбуда во врската, близнакот ќе биде фасциниран и нема да му биде досадно. Дефинитивно не сакате на близнак да му досади од вас, бидејќи ако тоа се случи, сè што ќе ви остане е сеќавањето за него.
rnБлизнаците на работното место
rn
Доколку работата која што ја работи му е доволно интересна и привлечна, близнакот ќе заврши повеќе задачи до пладне, отколку што неговите колеги ќе завршат во текот на целиот ден. Доколку пак, тоа што го работи му е досадно и монотоно, тој ќе работи само извесен период на тоа работно место, сè додека не најде некоја нова попредизвикувачка работа. Близнаците сакаат да бидат информирани за сè што се случува на работното место, умеат да учат од искуството на нивните колеги и да ги слушнат нивните паметни совети. Наспроти инсистирањето на близнакот да биде секогаш во центарот на вниманието, тој знае одлично да се вклопи во тимска работа.

rnrn
Негативни карактеристики на близнакот:rn
rn
- rn011
- Ведри или мрачни личности?
rn
rnБлизнаците се знакот на дуалитетот. Едната страна на близнакот е ведра, комуникативна, а другата депресивна, па дури и злобна. Близнаците можат да варираат од расположени и дружељубиви личности, кон намуртени и мрачни непријатели. Кога овој вториот близнак е во акција, подобро ви е да се повлечете и да го оставите сам да си го пронајде излезот од таквото марчно расположение.
rn- rn011
- Нерешителност
rn
rnСпособноста на близнаците да ги погледнат сите аспекти на ситуациите и нивната потреба постојано да испробуваат нешто ново, ги прави близнаците неодлучни. Доколку донесувањето некоја одлука стане премногу тешка и здодевна задача, близнакот најверојатно ќе ја игнорира и ќе тргне во потрага по некои нови и попријатни околности.rnrnНеуморноста и независноста на близнакот може на другите луѓе да им остави впечаток дека тој е површна личност. Припадниците на овој знак се љубезни и дружељубиви со сите луѓе и не фаворизираат никого особено. Но, кога ќе им стане здодевно, нивната ведрина и љубезност се претвора во своеволно и тврдоглаво однесување.rnrnВаквите негативни особини, можат да го направат близнакот непостојана личност. Колку почесто го менува расположението, толку потешко ќе му биде да ги заврши започнатите проекти на кои работи. Нешто друго ќе му го „улови“ вниманието и притоа може да се случи да постане недисциплиниран да почека да ја заврши првин започната работа, пред да започне нова. Ваквото преминување од едно на друго нешто, може да постане составен дел од карактерот на близнаците, кој негативно ќе се одрази и на љубовните врски, доколку тие не одвојат доволно време да поработат на решавање на овој проблем. Близнаците имаат тенденција и да се испробуваат себеси во сосема различни видови професии, бидејќи нив им создава возбуда идејата да се тестираат колку ги бива за некоја работа и доколку успешно го положат тестот, нивните батерии ќе бидат повторно полни за следната авантура.rnrn
- rn011
- Чувствување страв од губење на слободата
rn
rnНајверојатно најзабележителната карактеристика која ја имаат близнаците, е нивната потреба да се чувствуваат слободно. Истовремено, оваа потреба е и нивниот најголем страв. Тој страв може да предизвика тие понекогаш да се однесуваат неконтролирано. Близнакот не сака да се води според никакви планови во животот, ниту да ги почитува општествените норми, туку сака да изгради свои. Оваа внатрешна потреба на близнаците да имаат избор во секоја животна ситуација и да се чувствуваат слободно да се премислат во секој момент, се составен дел од нивниот карактер. Навистина е тешко да натерате некој близнак да направи нешто насила, бидејќи тој не сака да затвора очи пред повеќето различни опции кои стојат пред него.
Близнаците секогаш имаат некоја порака која сакаат да ја споделат со вас, но за да ги разберете, морате да научите да слушате што тие зборуваат, и уште повеќе, да научите да го слушате она што не го кажуваат.rnrnЕнергични и брзи луѓе
rnБлизнаците се брзи во речиси сè што прават. Тие имаат многу малку трпение. Доколку се решите да почекате некој близнак да си ја „олади главата“ додека вие се обидувате да завршите некоја битна задача, најверојатно ќе останете со подзината уста кога ќе видите дека тој си заминува една секунда откако сте го изговориле зборот „почекај“. На близнаците секоја секунда во животот им е драгоцена, па тие немаат време да чекаат нешто да се случи, туку мораат да делуваат навремено.rnrnНо, токму таа нивна брзина на извршување на работите ги прави близнаците површни и нерешителни во очите на другите луѓе. Наместо да се трудат да бидат што е можно побрзи и поефикасни, близнаците треба да поработат на квалитетот со кој ги завршуваат работите. Како совет би им ја кажале поговорката: „Два пати мери, еднаш сечи.“rnrnЗа да можете да „одите во чекор“ со близнак, ќе ви треба навистина многу енергија, бидејќи најверојатно додека стоите во банка чекајќи долга редица за да платите сметка, на него ќе му текне дека сака да присуствува на отворањето на некоја уметничка галерија. Или ќе морате да се прилагодите на брзиот начин на живот кој го живеат близнаците, или тргнете се настрана од „трката“ и дозволете му на некој друг да ја заземе вашата позиција.rnrn
- rn011
- Близнаците најмногу си одговараат со: овен, лав, вага, водолија.
- Идеални професии за близнаци: актер, адвокат, новинар, политичар, пиар, професор, писател, организатор на настани, специјалист за развој на производи, вработен во департман за продажба и др.
- Животно мото на близнаците: „Играта може да започне.“
rn011
rn011
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn