КАФЕ ПАУЗА

Tag: хороскоп

  • Вага и скорпија – пријателска комбинација

    Вага и скорпија – пријателска комбинација

    Не е возможно вагата да не се „заплете“ во мрежата на интригантната скорпија. Таа маѓепсува со својата појава и мистериозност, која ја буди љубопитноста кај вагата и ја принудува да ù постави на скорпијата неколку прашања за нејзиниот живот. Скорпијата не може да одолее на шармот на вагата, така што не треба ни да се обидува да го стори тоа. Таа е сосема обземена од убавината, грациозноста, досетливоста и хумористичноста која ја поседуваат преставниците на овој хороскопски знак.Вага и скорпија – пријателска комбинацијаАко вагата успее да извлече некоја информација од мистичната скорпија (а најверојатно ќе успее, благодарение на нејзиниот шарм), таа ќе биде шокирана, бидејќи скорпијата може да ги почувствува нејзините најдлабоки емоции, да навлезе во нивниот корен и да им направи длабока анализа во рок од 5 минути. Длабоко во себе, вагата ужива да ги слуша откачените, несекојдневни приказни од животот на скорпијата и до извесна мера да се соживува со нив.rnrnЕмоциите на скорпијата се многу подлабоки од оние на веселата и поповршна вага. Ваквата емоционална разлика помеѓу овие пријатели, може понекогаш да создаде проблеми помеѓу нив. Додека вагата смета дека дава вообичаени забелешки, скорпијата може да ги сфати како остри прекорувања. А бидејќи скорпијата ретко кога гласно го изразува нејзиното незадоволство, тензијата може да порасне и да го растресе пријателството помеѓу неа и вагата. Ако скорпијата има некаков проблем со вагата, подобро е веднаш да ù го каже. Скорпијата може да смета на здравата логика на вагата, која најверојатно исправно ќе ги „измери“ нејзините поплаки.rnrnНедоразбирањата помеѓу вагата и скорпијата магично исчезнуваат кога тие прават интересни работи заедно како лизгање на мраз, возење ролери, синхронизирано пливање, покер со мали влогови пари и разни други игри во кои заеднички уживаат. Овие пријатели исто така имаат голема страст за возење со јахта, лудување по ноќни клубови и уживање во добри театарски претстави.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и вага – пријателска комбинација

    Вага и вага – пријателска комбинација

    Сè е секогаш толку едноставно и совршено во пријателството помеѓу две ваги. Претставниците на овој хороскопски знак, најверојатно честопати се запрашуваат зошто не можат сите пријателства да бидат вакви. Најверојатно затоа што не се сите луѓе толку шармантни, остроумни и интелигентни како вагите.Вага и вага – пријателска комбинацијаПријателите родени во знакот вага споделуваат љубов кон достоинството и убавината и можат со часови да ù се воодушевуваат на некоја убава градба или на некои карактеристични историски гратчиња. Исто така, тие обожаваат да дебатираат на разни теми и да дискутираат за актуелните настани, притоа знаејќи дека разговорот никогаш нема да се „вжешти“, ниту ќе стане преемотивен.rnrnЕден недостаток на ова другарство е тоа што двете ваги повеќе сакаат да креираат планови, отколку што реално ги реализираат. Ниеден од нив не сака да носи конечни одлуки. Ним им е многу позабавно да дискутираат за проблемот од секој можен агол, отколку навистина да преземат нешто во врска со него.rnrnКако претставници на истиот хороскопски знак, нормално е дека вагите имаат многу заеднички работи, како љубовта кон разни видови уметност, уживањето во патување во странство, одење на забави, дружба со секаков тип луѓе, пеење или свирење на инструмент… Од спортовите, тие најверојатно би уживале вежбајќи гимнастика, јога, возење ролери, лизгање по мраз, играње балет и валцер и во сите останати достоинствени спортови.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и девица – пријателска комбинација

    Вага и девица – пријателска комбинација

    Вагата има многу причини за да му се восхитува на нејзиниот пријател со хороскопски знак девица. Претставниците на овој знак изгледаат како сè да им е под контрола, од беспрекорната облека која ја носат, до нивниот фантастично уреден шпајз во домот. Девицата ужива во дружењето со вагата, поради нејзиниот неверојатно креативен ум и забавен дух.rnВага и девица – пријателска комбинацијаНо, помеѓу нив можат брзо да настанат несогласувања. Вагата, и покрај тоа што секогаш кога ќе отиде кај девицата дома, во фрижидерот ја чека нејзиниот омилен сок, за неа сепак може да биде малку застрашувачки да се дружи со толку голем перфекционист. Тоа е така, бидејќи вагата е сосема обратен тип карактер. Таа секогаш ги оставала нејзините проекти до пола недовршени и постојано експериментирала со некое ново искуство во животот за да се куртули од досада.rnrnДевицата исто така има неколку работи на ум кои не може да ги сфати кај вагата. Првата работа е одбивањето на вагата да се соочи со непријатните животни случувања. Што се однесува до девицата, подобро е да се соочиш со предизвиците веднаш, пред да прераснат во поголеми проблеми. Исто така, девицата не може да ја сфати неспособноста на вагата да се фокусира на една работа или на една личност. Но, и вагата има што да ù замери на девицата. Така на пример, таа не го почитува начинот на кој девицата „спонтано“ дели совети, без тоа да биде побарано од неа. Вагата воедно, не е личност која сака да штеди и поради тоа не сака да биде критикувана дека троши премногу пари.rnrnНо, доколку девицата научи да го почитува начинот на кој вагата го живее животот и таа ќе биде инспирирана да го почитува промислениот, методичен начин на размислување на девицата. Среќна околност е тоа што и двете се многу паметни личности, кои уживаат во решавање крстозбори, гледање квизови, играње игри како „Бесилка“, „Асоцијации“ и разни други видови друштвени игри, кои вклучуваат ангажман на мозокот и комуникација.rnrnНајдобриот начин ова пријателство да успее, е вагата и девицата меѓусебно да си ги прифатат нивните разлики, така што ќе се фокусираат на активностите во кои двете уживаат, како прошетка во планина, анализирање на птиците кои летаат на небото, слушање добра музика…rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и лав – пријателска комбинација

    Вага и лав – пријателска комбинација

    Вагата не може да остане рамнодушна на гламурозниот лав, кој ужива во убавините на животот, исто колку и таа. Тој пак не може да ù одолее на суптилната грациозност на вагата. Овие пријатели никогаш не штедат на нештата кои го прават нивниот живот вреден, како добрата храна, стилот на облекување и свечените прослави и забави.Вага и лав – пријателска комбинацијаВагата има беспрекорен осет за уметност, поради што лавот секогаш кога сака да гледа добар филм во кино или сака да посети уметничка галерија, промоција на музички албум и слично, првиот пријател на кој ќе се сети да се јави е вагата. Почитта не е еднострана. Вагата го обожава начинот на кој лавот го живее животот до максимум и секогаш е расположена да му прави друштво, додека тој шета низ целиот трговски центар или се поздравува со сите присутни на журката.rnrnПонекогаш може да има недоразбирања помеѓу овие пријатели, бидејќи лавот има тенденција да ги помножи со нула чувствата и потребите на вагата и да инсистира да биде по негово, а вагата може да го полудува лавот со нејзините променливи ставови. Објаснението за тоа е јасно: прво, лавот е егоцентричен и сака сите да му го тераат ќефот и второ, тој нема толку време и желба да ја чека вагата да се одлучи дали сака да го купи црвениот или синиот капут. Кога тој би можел да бира, најверојатно би ги купил двата и би завршил веднаш со таа работа. Она што лавот може да не го забележува, е дека вагата во себе врие додека тој си се шегува со келнерот кога тие седат на нивниот пријателски петочен ручек или додека се запознава со девојката/момчето кое наплаќа за палтата во ноќниот клуб.rnrnЗа среќа овие двајца пријатели, умеат да го излечат најдоброто, а не најлошото еден од друг, поради што имаат тенденција да бидат одлични другари. Двајцата уживаат во сите форми на уметност, вклучувајќи театар, музика, танцување и сликарство и обожаваат да одат на добри журки. Вагата и лавот се доста активни, па најверојатно би им годел заеднички џогинг, скијање, лизгање по мраз и возење ролери. Во оние ретки мигови кога животот не им блеска, овие двајца секогаш се желни за гледање некој добар романтичен филм, кој ќе ги релаксира.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и рак – пријателска комбинација

    Вага и рак – пријателска комбинација

    На вагата ќе ù биде тешко да го разбере нејзиниот пријател со хороскопски знак рак, но сепак ќе се потруди да го стори тоа. Неа ù е сосема неразбирливо како може некој, во рок од неколку секунди, да го промени расположението од среќно во тажно, но ракот честопати го прави тоа и е составен дел од неговиот карактер. Ракот од друга страна, го обожава прекрасниот шарм на вагата, нејзината остроумност и софистицираност, но понекогаш има проблем да ги сфати нејзините мотиви. Тоа е така зашто вагата и ракот имаат многу различни потреби во животот.rnrnНа ракот му е потребна емоционална стабилност, а вагата е во потрага по интелектуална стимулација. Ракот најмногу го повредува кога ќе отвори некоја тема на разговор, а вагата ќе го изигнорира и ќе почне да зборува за нешто друго. Вагата пак ја иритира кога ракот избегнува теми на разговор како религија или политика.Вага и рак – пријателска комбинацијаДоколку успеат да ги надминат ваквите разлики и почнат да водат повеќе сметка за потребите на другиот, ракот и вагата сепак можат да бидат одлични пријатели. На ракот не му смета што мора секогаш да ја чека вагата со часови да се спрема за излегување или да одлучи каде сака да излезат, а на неа од друга страна, ù одговара кога некој ја разгалува. Вагата пак, секогаш знае да ја каже вистинската работа за да го разведри ракот и да ја подигне неговата самодоверба, а на него честопати му е  потребна токму поголема храброст за да се чувствува подобро.rnrnСе прашувате дали овие два знака имаат нешто заедничко како пријатели? Да! Вагата и ракот се многу креативни хороскопски знаци. Разликата се состои во тоа што ракот сака да работи со своите раце, а вагата преферира да го создава концептот на работа. Со заеднички сили, овие пријатели можат да работат на многу импресивни проекти. Така, додека вагата смислува различни дизајни на облека, ракот може да ги изработува. Вагата може да измисли некој нов рецепт, а ракот може да го зготви јадењето.rnrnОвие другари може да имаат обострана почит кон романтичната, инструментална музика. Исто така, за нив двајца може да претставува интересна активност, купувањето разни антички предмети. Од спортовите би се забавувале во скијање на бранови и парасејлинг.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и близнаци – пријателска комбинација

    Вага и близнаци – пријателска комбинација

    Ова пријателство е базирано на забава. На вагата, присуството на близнакот ù годи, исто колку пиењето убаво шампањско од елегантна висока чаша. Таа се воодушевува на веселоста и разиграноста на близнакот. После неколку минути од запознавањето, тие веднаш стануваат одлични пријатели, кои почнуваат одма да се шегуваат и да се смеат громогласно на некоја будалеста работа која се случила пред малку. Близнакот го обожува ведрото смеење на вагата, а таа ужива во хумористичните досетки на близнакот.Вага и близнаци – пријателска комбинацијаПосле кратка дружба, овие двајца пријатели веќе кројат планови за одење на некој голем музички фестивал во друг град или земја и дискутираат кој ќе вози, каде ќе се сместат и што ќе јадат додека се таму. Но, додека да се договорат може да пројде доста време, бидејќи мобилниот телефон на дружељубивиот и комуникативен близнак, може да заѕвони 100 пати, а тој не е многу популарен по својата етика на однесување. Во секој случај, добро е што близнакот ќе има што да прави, додека вагата се пакува три часа за патување кое ќе трае само два дена.rnrnВагата и близнакот се многу информирани луѓе, кои обожуваат да дискутираат за сè и сешто, од политиката која ја води премиерот, до љубовниот живот на Џенифер Анистон. Поради тоа што двајцата се големи брбливци, одлуката за тоа кој филм ќе го гледаат, може да потрае три часа, бидејќи вагата никогаш не може да се одлучи што сака, а на близнаците желбите им се менуваат на секоја петта секунда. Најдобро би било, да затворите очи и да го одберете она дивиди кое прво ќе го допрете, бидејќи вие двајца умеете во сè да пронајдете нешто што ќе ви биде интересно. Од спортските активности најверојатно уживате во играње пинг-понг, гимнастика, лизгање по мраз, картинг, летање змеј, а што се однесува до уметничките нагони, најверојатно обајцата сакате да цртате и скицирате.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и бик – пријателска комбинација

    Вага и бик – пријателска комбинација

    Навистина е чудно што бикот и вагата се управувани од истата планета – Венера, бидејќи припадниците на овие два знака се различни во многу нешта. Бикот во своите одлуки и однесување се препушта на своите сетила, а вагата на логично размислување. Бикот ужива во рутински начин на живот, а вагата ја користи секоја прилика за да проба нешто ново. Бикот е силен, мирен и тивок тип на личност, а вагата е вистинска брбливка. Нивните разлики не завршуваат овде. Бикот е фокусиран, посветен, упорен, а вагата е неорганизирана, расеана и хаотична. Бикот најчесто преферира да е во друштво со еден до двајца луѓе, а вагата ужива во големо друштво.Вага и бик - пријателска комбинацијаЗаедничко за овие двајца пријатели е нивната потреба за „луксузирање“. Нивната дружба би цутела доколку би можеле редовно да уживаат на вечера во скапи ресторани, да се разгалуваат во некој тренди салон за убавина или да престојуваат во луксузни хотели. Овие пријателчиња исто така, ги сакаат сите форми на уметност и убавина, со тоа што вкусот на бикот е најчесто потрадиционален од вкусот на модерната вагата. Тие обострано би уживале одејќи на пат во гламурозни градови, на театарски претстави и слушајќи добра музика, а од друштвените активности најверојатно би уживале во покер, куглање и експериментирање со стилови во внатрешен дизајн.rnrnИ покрај нивните разлики, вагата и бикот можат да бидат одлични пријатели. Тоа ќе биде случај доколку бикот ја сфати веселата и дружељубива вага, како пријател кој му го дава потребниот поттик, храброст и инспирација. Вагата за возврат, треба да ја цени гостопримливоста и стабилноста која ù ја нуди бикот.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и овен – пријателска комбинација

    Вага и овен – пријателска комбинација

    Овенот и вагата се спротивни знаци во зодијакот, но овие другари никогаш нема да дозволат една незначајна ситница да застане помеѓу нивното интересно пријателство. Напротив, енергичноста на овенот, оди одлично во комбинација со сталоженоста и спокојноста на вагата. vaga-i-oven-prijatelska-kombinacijaВагата му се восхитува на овенот поради неговата решителност, самодоверба и ентузијазам. Од друга страна, може да има ситуации кога на вагата ќе ù смета преголемата наметливост од страна на овенот. На пример, овенот сака што поскоро да излезат и да одат во кино и ја напнува на телефон да побрза, а колебливата вага си помислува: „Нели на секој човек му се потребни 3 часа за да се подготви за излегување?“ Кога ќе почувствува вознемиреност од ваквото непотребно настојување од страна на овенот, таа треба само да се сети колку пати нејзиното другарче до сега имало желба да се прилагоди на нејзините премислувања за излегување на некое место, во последен момент, кога веќе целата вечер била испланирана.rnrnВагата мора да си признае себеси дека е убаво да се има пријател кој умее да се префрли од еден на друг план, за една секунда, без да се буни. Бидејќи овенот и вагата се интересни пријатели кои си ги надополнуваат нивните мани и доблести, тие никогаш не се чувствуваат дека пропуштаат некои нешта во животот за да ги задоволат потребите на нивниот пријател. Овие другарчиња најверојатно уживаат во разни спортски активности како возење ролери, играње тенис или лизгање со лизгалки по мраз.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Девица и девица – љубовна комбинација

    Девица и девица – љубовна комбинација

    Кога две девици ќе стапат во љубовна врска, тие формираат една убава конекција. Спојувањето на две неверојатно практични и вредни души какви што се тие, создава прекрасна љубовна врска, на која двајцата партнери се многу посветени и приврзани еден со друг и покрај тоа што јавното покажување внимание ќе биде ретка појава. Нивниот заеднички перфекционизам и скептицизам може честопати да ги доведува до конфликт, но сталожените девици брзо ги решаваат сите проблеми и преминуваат на поубави нешта од карањето.Девица и девица – љубовна комбинацијаЉубовната врска помеѓу двете девици, работи како добро подмачкана машина, а ова особено се однесува на оние партнери кои живеат заедно или имаат деца. Во ова партнерство никогаш нема конфузија околу тоа што е чија обврска, бидејќи двете девици со задоволство ги реализираат нивните дневни планови. Правењето листи, навременото плаќање сметки за комуналии и одржување на домот чист и уреден, се обврски кои на девиците им доаѓаат природно да ги завршат. Девиците имаат дискриминаторска природа и префинет вкус. Сè додека тие не се премногу груби еден со друг, нивната врска ќе ги исполнува на сите можни начини.rnrnДевицата е предводена од планетата Меркур. Оваа планета е симбол на комуникацијата, карактеристика која девицата дефинитивно ја поседува. Како романтичен пар, девиците се способни меѓусебно да си ги „читаат мислите“. Овие партнери умеат да ја забележат нијансата на искажаните зборови и движењата на телото и притоа да дојдат до заклучок за нивното значење преку аналитичко размислување. Една од најмоќните алатки за функционирање на оваа врска, е отворената и искрена комуникација која постои помеѓу двете девици. Нивното логично резонирање, може да ги разреши речиси сите проблеми во светот. Тие се одличен пријателски настроен тим.rnrnДевицата е земјен знак, а тоа е индикација за нејзината практична природа. Овој пар сака да биде опкружен со најубавите елегантни материјални работи и нема да прифати нешто што е помалку од совршено.rnrnПретставниците на овој хороскопски знак се многу претпазливи луѓе, кои секогаш размислуваат два пати пред да преминат на следната работа во животот. Исто така девицата е способна да ја определи најдобрата постапка за другите луѓе, за разни ситуации и ќе знае да ве посоветува дури и ако таа активност вклучува пожртвуваност од ваша страна. Екстремната прецизност, уредност и педантност кои девиците ги поседуваат, ја прават ова врска ужасно романтична.rnrnДевиците се флексибилни луѓе кои можат да се адаптираат на секаква ситуација во друштво. Овие партнери ретко се расправаат, но кога тоа се случува, брзо им поминува лутината. Ниеден од партнерите не е наметлив или доминантен, туку напротив тие се ентузијастички настроени за потребите и очекувањата на нивниот љубен/а. Девицата секогаш ги завршува работите до крај, а две девици заедно ја дуплираат оваа енергија, која им влева среќа во врската.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу девица и девица е приземениот и структуриран поглед кон животот кој овој хороскопски знак го има, како и трудољубивоста, приврзаноста и забавната страна која ја поседува. Двете девици се неверојатно компатибилни и тие тоа го знаат, а и сите нивни заеднички пријатели. Тие успеваат меѓусебно да си ги задоволат нивните потреби и настојуваат да ја направат нивната врска совршена.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лав и девица – љубовна комбинација

    Лав и девица – љубовна комбинација

    Кога лав и девица ќе стапат во љубовна врска, отпрвин може да мислат дека немаат ништо заедничко и немаат што да научат еден од друг. Но, на нивната љубовна врска ù треба повеќе време за да се развие. Лавот е екстравертен, доминантен, шармантен и честопати многу нетрпелив. Девицата е вредна, внимателна и повлечена. И покрај тоа што имаат различна природа, лавот и девицата се одличен љубовен пар.Лав и девица – љубовна комбинацијаНа почетокот од нивната врска, лавот и девицата можеби ќе ги забележуваат само маните на нивниот партнер. Лавот може да се однесува деспотски, а девицата премногу да критикува. Но, кога овие двајца ќе престанат само да бараат мани во карактерот на нивниот партнер и ќе почнат да ги забележуваат позитивните особини, ќе забележат дека помеѓу нив постои силна меѓусебна привлечност. Лавот може да ù покаже на девицата како да се забавува и да ужива во својот живот, како и да ја запознае со поимот спонтаност, кој честопати недостасува во животот на девицата. Исто така може да ја научи како да биде помалку критична кон другите луѓе. Таа пак, од своја страна, го подучува лавот да биде потрпелив и како паметно да ја канализира неговата интелигенција. Лавот може ќе си мисли дека девицата е премногу претпазлива и секогаш ги гледа работите со широко отворени очи, но нема да ù го замерува тоа. Девицата пак, може да смета дека лавот на моменти се однесува премногу себично, но таа може да го научи како да стане почувствителен и пообѕирен кон чувствата и потребите на другите.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а девицата од Меркур. Лавот, исто како Сонцето испушта топлина и светлина секаде каде што ќе зачекори и очекува сите да му бидат потчинети и да се благодарни што ја имаат честа да бидат во негово друштво. Девицата пак, секогаш успева да допре до срцата на другите луѓе. Таа е внимателна и секогаш претпазливо ги анализира сите детали пред да се посвети кон остварување на некаква цел. Двајцата партнери треба да си дадат себеси повеќе време, за да можат да ја увидат вредноста и корисноста од пристапот кон животот, кој го има нивниот партнер.rnrnЛавот импулсивно почнува нови проекти без да застане да помисли која е неговата мотивација за таа работа. Девицата од друга страна, има попрактичен пристап кон работите. Таа секогаш се грижи за резултатите кои ќе произлезат од трудот кој го вложила во нешто, а лавот едноставно си тера напред кон својата цел, без да се заморува со последиците од тоа.rnrnДевицата сака да поминува многу часови во работа. Многу е вредна и сака да може да се подели себе на многу делови, за да може да работи повеќе нешта истовремено. Лавот пак, ужива да биде во менаџерска улога на некој проект и да им доделува работна улога на учесниците. Лавот и девицата немаат потреба да докажуваат кој е „поглавниот“ во нивната врска, а тоа им скратува многу непотребни расправии.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација лав и девица е нивната ефикасност како пар. Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба  за  забава и возбуда. Девицата е вредната пчеличка, која работи „зад сцената“, закажува состаноци и ги следи сите детали, за кои лавот изгубил интерес да ги забележува. Нивните карактери се спротивставени на толку многу начини, но токму тоа ги прави овие партнери високо компатибилни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    [23:17:19] Криста: Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба  за  забава и возбуда.