КАФЕ ПАУЗА

Tag: хороскоп

  • Подобри денови за овие 3 хороскопски знаци благодарение на транзитот на Сонцето во Вага!

    Подобри денови за овие 3 хороскопски знаци благодарение на транзитот на Сонцето во Вага!

    Со транзитот на Сонцето во Вага кој ќе трае до 22 октомври нè очекува период на владеење на овој знак. Вагата е симбол за рамнотежа, па така во следните недели ќе учиме како да најдеме компромис, да станеме свесни за нашите емоции и да сфатиме дека животот може да биде многу поубав доколку знаеме како да го живееме. Во продолжение прочитајте кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат подобри денови благодарение на овој транзит.rnrnПодобри денови за овие 3 хороскопски знаци благодарение на транзитот на Сонцето во Вага!rn

    Вага

    rnВообичаено ги користите вашите визии како средство за истакнување на вашата креативност. Така, играњето според правилата сигурно ја намалило досега вашата самодоверба. Сепак, ја направивте вистинската работа и ги следевте вашите морални принципи докрај, иако забележавте дека оние кои го избраа полесниот пат станаа поуспешни од вас. Нека не ве загрижува тоа бидејќи вам не ви се потребни признанија за да докажете нешто што сите го знаат. Освен тоа, истрајноста е дел од вашиот карактер. Не заборавајте дека вербата во себе ќе ви помогне да го остварите она што долго време го посакувавте.rn

    Скорпија

    rnНасочувањето на вашата енергија во вистинскиот правец може да ви помогне да останете фокусирани докрај, дури и кога се чувствувате малку несигурни за вашата иднина. Освен тоа, лекциите за успех и просперитет не беа лесни, но сега ќе се исплатат во голема мера. Не заборавајте дека можете да манифестирате сè што ќе посакате само доколку тоа го правите на искрен начин. Меѓу другото, ќе почувствувате и огромна благодарност кон светот околу вас, а тоа ќе ве доведе до одличен почеток.rn

    Стрелец

    rnСонцето во Вага ќе го осветли вашиот пат кон подобра иднина. Ќе почувствувате дека имате доволно енергија и волја да се справите со сите нови предизвици и подготвени сте да заблескате со нов сјај. Освен тоа, ќе бидете полни со креативност и ќе ви биде тешко да одлучите од каде да започнете. Во решавањето на можните проблеми ќе ви помогнат искреноста и објективниот став. Не занемарувајте ја и интуицијата – таа ќе ви помогне да ги насочите нештата во вистинската насока.rnrnОткако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат подобри денови во следниот месец, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци во октомври?

    Кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци во октомври?

    Октомври за многумина ќе биде период на промена и нови успеси. Според астролозите, 3 хороскопски знаци ќе имаат можност да постигнат голем успех и значително да си го подобрат животот. Еве за кои хороскопски знаци станува збор.rnrnКои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци во октомври?rn

    Лав

    rnВо октомври ќе можете максимално да ѝ се посветите на работата. Вашата волја за учење и продуктивноста ќе бидат главните фактори кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите амбиции. Освен тоа, постојат големи можности да ја добиете посакуваната позиција и да го добиете посакуваното признание од страна на колегите и претпоставените.rn

    Девица

    rnВо октомври ѕвездите ќе ви бидат наклонети во поглед на љубовта и романтиката. Тоа значи дека сега конечно ќе можете да се фокусирате на врската со партнерот, а заедничкиот одмор одново ќе ги разгори вашите чувства. Освен тоа, ќе можете да одвоите време и за најблиските. Можно е и кон крајот на месецот да слушнете добри вести поврзани со вашето семејство.rn

    Стрелец

    rnВашето внимание ќе биде насочено кон зајакнување на професионалните позиции. Така, ќе имате можност да ги покажете вашите силни страни и да напредувате во кариерата. Освен тоа, со новата работна позиција ќе ве очекуваат не само нови работни обврски туку и покачување на платата. Зголемувањето на приходите, пак, ќе ви помогне да го остварите вашиот стар сон.rnrnОткако прочитавте за 3-те најсреќни знаци во октомври, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица?

    Кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица?

    Ни претстои возбудлива астролошка недела со оглед на тоа дека сè уште сме под влијание на ретроградниот Меркур, а од 25 септември нè очекува младата Месечина во знакот Вага. Сепак, најсилно енергетско влијание ќе има есенската рамноденица или почетокот на есента на 22 септември. Еве кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица!rnrnКои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни за време на есенската рамноденица?rn

    Овен

    rnНема поубаво чувство од сознанието дека сте ги завршиле сите ваши задачи. Сега сте подготвени да се опуштите со оглед на тоа дека сте ослободени од обврски. Ќе уживате во друштвото на блиските, лесно ќе се поврзувате со другите и ќе посакате да освоите нечие срце. Ќе бидете самоуверени и духовити, лесно ќе ги мотивирате другите и ќе ги поттикнете на акција. Меѓу другото, есенска рамноденица може да ви донесе и нова љубов.rn

    Бик

    rnРомантичната Венера ќе раководи со вашата петта куќа на љубовта, страста и задоволството, а тоа најверојатно значи дека ве очекуваат убави моменти со некој кој ви го заробил срцето. Но, за време на есенската рамноденица можно е и да се посветите повеќе време за себе и своите потреби. Ќе импровизирате, ќе бидете спонтани, а љубовта и романтиката ќе бидат ваши сопатници. Освен тоа, во поглед на кариерата ве очекува продуктивен период – постои голема веројатност дека вашите идеи ќе бидат одобрени и дека ќе заработите стабилен приход.rn

    Рак

    rnВе очекуваат возбудливи вести на љубовен план. Меѓу другото, можно е да добиете информација и за унапредување на работа. Месечината ќе владее со вашата втора куќа на парите и стабилноста, а тоа значи дека ве очекува зголемување на приходот. Време е да свртите нов лист во вашата кариера! Покрај тоа, енергијата на есента ќе ве поттикне и да го преуредите вашиот дом и да внесете повеќе позитивна енергија во вашата оаза.rnrnОткако прочитавте за 3-те најсреќни знаци за време на есенската рамноденица, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе имаат финансиски проблеми оваа есен.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како ќе ни влијае младата Месечина на 25 септември?

    Како ќе ни влијае младата Месечина на 25 септември?

    Во септември нè очекува млада Месечина во знакот Вага на 25 септември. Истовремено ќе бидеме сведоци и на енергијата на ретроградниот Меркур која ќе нè натера да се позанимаваме со работи од минатото. Иако неизвесноста и тешкотиите со расудување ќе продолжат, лунарната фаза ќе нè поттикне да се фокусираме кон нашите вистински чувства. Сега е време да погледнете во себе и да се запознаете со моќната интуиција која може да ви ги открие тајните сознанија на вашето битие.rnrnКако ќе ни влијае младата Месечина на 25 септември?rnrnВо ноќта помеѓу 22 и 23 септември нè очекува есенската рамноденица што за некои може да претставува и вистински пресврт во животот. Освен тоа, ќе ни биде потешко да се прилагодиме на новата енергија, но за среќа тука ќе биде Месечината во знакот Вага. Нејзината енергија ќе нè подготви за нови работи и ќе нè поттикне да воспоставиме рамнотежа. Во текот на овие денови добро би било да се запрашате себеси како и каде најдобро ја користите вашата енергија.rnrnЖивотот честопати нè тестира и ни носи предизвици, но важно е да сфатиме дека секогаш имаме избор. Младата Месечина нè поттикнува да сфатиме каков став ќе заземеме кон одредени ситуации во животот.rnrnМеѓу другото, Јупитер, планетата на изобилството и можностите, ќе биде особено активна во овој период. Преку неговата енергија ќе ни биде полесно да разјасниме одредени работи во животот. Станува збор за планета која носи среќа, добрина и богатство. Под нејзиното влијание можеме внимателно да ги испланираме нашите следни чекори, но можно е и нашите желби да произлезат од сосема неочекувани извори и насоки.rnrnОсвен тоа, сега треба да се фокусираме и на едноставноста, свесноста, јасноста и волјата да пронајдеме внатрешен мир и хармонија. Обидете се да ѝ се препуштите на леснотијата и на тој начин да ги решите навидум комплицираните прашања.rnrnПо оваа млада Месечина, започнуваме да навлегуваме во сезоната на затемнување која ќе настапи за време на следната млада Месечина на 25 октомври. Во тој период нè очекуваат нови, судбоносни промени!rnrnОткако прочитавте за влијанието на младата Месечина во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Неделен хороскоп од 19 до 25 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

    Неделен хороскоп од 19 до 25 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

    Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!rnrnНеделен хороскоп од 19 до 25 септември: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?rn

    Овен

    rnЉубов: Ќе имате голема потреба за љубов, но ќе наидете на помалку можности. Сепак, ќе успеете да воспоставите рамнотежа меѓу желбите и реалноста. Освен тоа, ќе споделите одредена фрустрација со пријател.rnrnКариера: Дозволете им на другите да се изразат и, доколку е потребно, да ве водат. Во овој момент не можете ништо да направите сами и затоа бидете разумни и трпеливи. Верувајте дека сè ќе си дојде на свое место.rn

    Бик

    rnЉубов: Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај вашите сомнежи. Понекогаш, ќе се чувствувате збунети, но реалноста ќе ви донесе нови задоволства. Доколку, пак, сè уште ја барате сродната душа, излегувајте почесто, но не избрзувајте со одлуките.rnrnКариера: Вашиот однос со авторитетите ќе биде нарушен и затоа немојте да инсистирате на вашите идеи. Бидете разумни и толерантни.rn

    Близнаци

    rnЉубов: Ќе ви бидат подеднакво важни организацијата на заедничкиот живот, но и добрата забава. Некои од вас, пак, ќе го тешат партнерот и ќе направат сè за да му го подобрат расположението.rnrnКариера: Можеби сè уште не ги гледате придобивките од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почувствувате. Токму интуицијата ќе ви биде главниот водич оваа недела. Доколку се сомневате во нешто доволно е да го слушнете внатрешниот глас.rn

    Рак

    rnЉубов: Шармот ќе ви биде главниот адут за заведување, а понекогаш другите ќе ве сметаат за „недофатливи“. Сепак, препуштете им се на поканите на саканата личност за да не зажалите подоцна.rnrnКариера: Многу работи ќе ви бидат ветени во следните денови. Така, понекогаш ќе ви се чини дека ви се нуди работа од бајките, но морате да бидете реални и претпазливи. Убаво размислете пред да склучите некаков договор.rn

    Лав

    rnЉубов: Вашиот приватен живот ќе биде комбинација од дискреција и бучава. Така, еден ден ќе се чувствувате приврзани за вашите доблести и за вашиот дом, додека следната вечер ќе бидете главната ѕвезда на забавата.rnrnКариера: Многумина од вас ќе ги усовршат своите вештини и ќе откријат нови детали за сопствената професија. Ве очекува нова фаза на учење и напредок.rn

    Девица

    rnЉубов: Веројатно на моменти ќе се чувствувате осамено, освен доколку тоа не е ваш избор. Доколку сте во врска, ве очекува динамичен период со доста забава, но сепак, не очекувајте совршенство.rnrnКариера: Некои од вас ќе имаат мали задолженија па затоа ќе ги искористат слободните денови за да ги завршат обврските. Тоа ќе се покаже како полн погодок.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Кои 4 хороскопски знаци ќе ја запознаат својата сродна душа до почетокот на зимата?

    Кои 4 хороскопски знаци ќе ја запознаат својата сродна душа до почетокот на зимата?

    Есента е период на големи промени на сите полиња. Така, некои ќе одлучат да го променат работното место, други ќе бидат унапредени, некои ќе го кажат судбоносното „да“, а други ќе сфатат дека разводот е единственото решение… Во продолжение прочитајте кои 4 хороскопски знаци имаат најголеми шанси да ја запознаат својата сродна душа до почетокот на оваа зима!rnrnКои 4 хороскопски знаци ќе ја запознаат својата сродна душа до почетокот на зимата?rn

    Близнаци

    rnМногу работи нема да се одвиваат како што сакате, но тоа нема да биде случај со вашиот љубовен живот бидејќи астролозите предвидуваат дека имате голема шанса да ја запознаете вашата сродна душа во наредните неколку месеци! Некои од вас, пак, ќе се помират со своите поранешни партнери, но астролозите ви препорачуваат да не се навраќате назад во минатото и да не ги обновувате нештата кои веќе се срушени. Универзумот сигурно ќе ве одведе овој пат до вистинската личност.rn

    Девица

    rnПо периодот полн со предизвици, за вас ќе настапи период на големи промени во личниот живот. Доколку долго време сте сами, универзумот ќе ве награди со нова љубов која ќе ви ги излечи сите стари рани. Доколку, пак, сте во врска која долго време е во криза, крајот на годината би можел да биде клучен. Ако не почнете да работите на комуникацијата во најкраток можен период, голема е можноста дека ќе морате да се соочите со дефинитивен крај.rn

    Стрелец

    rnКрајот на годината ќе ви донесе многу убави работи на љубовен план! Доколку сте сами, ќе запознаете нови и интересни луѓе. Доколку сте во стагнантна врска, ова ќе биде одлично време да ги насочите работите во вистинската насока. Сè што ви е потребно е малку време и трпеливост – работете на тоа вашата врска да биде поотворена и помалку да се контролирате еден со друг. Сè ќе се реши до почетокот на зимата!rn

    Водолија

    rnДоколку сте сами ќе имате можност да започнете нова романса! Освен тоа, не се работи само за минлива авантура туку големи се шансите да запознаете личност со која ќе можете да започнете љубовна врска која има потенцијал да трае. Ако сте во брак, почетокот на зимата ќе ги разбуди страстите во вас, па така вие и партнерот ќе одлучите дека е време одново да се зближите. Меѓу другото, патувањето би можело да ви помогне да откриете што ве натерало да се заљубите еден во друг.rnrnОткако прочитавте кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта во следните месеци, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се збогатат во септември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци?

    Како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци?

    Марс, планетата на војната и акцијата, ќе почне да се движи ретроградно од 30 октомври 2022 година сè до 12 јануари 2023 година, додека во знакот Близнаци ќе остане до 26 март 2023 година. Со оглед на фактот дека долго време ќе остане во знакот Близнаци, Марс како планета на акцијата, мотивацијата и енергијата, ќе ни донесе многу немири, бури и недоразбирања.rnrnКако ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци?rnrnВлијанието на Марс ќе биде силно во наредните месеци и ќе нè поттикне да се соочиме со нашите стравови, блокади и ограничувања. Можеби на прв поглед ќе ни се чини тежок и болен процес, но всушност ќе нè ослободи од сета негативност што се насобрала во нас. Тоа, пак, ќе биде неопходно доколку сакаме да го живееме животот од нашите соништа.rnrnМарс ги претставува нашите стравови, но и нашата способност да преземеме акција, нашата машка страна, нашето его, страсти и сексуален нагон. Ретки се периодите кога Марс е ретрограден, па затоа силно ќе го почувствуваме неговото влијание во следниот период. Така, овој период ќе биде поволен за:rn

      rn 011

    • Да размислите на што ја трошите вашата енергија
    • rn 011

    • Да ја процените вашата мотивација
    • rn 011

    • Да станете свесни за вашите страсти и цели
    • rn 011

    • Да го претворите егото во здрава љубов кон себеси
    • rn 011

    • Да внимавате на вашето сексуално здравје
    • rn

    rnРетроградниот Марс во знакот Близнаци се преклопува со ретроградниот Меркур од 29 декември до 18 јануари 2023 година. Станува збор за период со силна ретроградна енергија која ќе нè охрабри да погледнеме внатре во нашата душа и да се преиспитаме себеси.rnrnОсвен тоа, ретрограден Марс во Близнаци ќе укаже и на проблеми со технологијата, доцнења и тешкотии при склучување договори. Со други зборови, ретрограден Марс има тенденција да ги забавува работите. Неговата енергија може да нè натера да кажеме нешто пред да размислиме или да направиме нешто без претходно да анализираме. Затоа, бидете особено внимателни со одлуките во овој период бидејќи сè што е избрзано може да доведе до несакани последици!rnrnОткако прочитавте за влијанието на ретрограден Марс во наредните месеци, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекуваат големи предизвици до крајот на 2022 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои ќе бидат најсреќните денови оваа недела?

    Кои ќе бидат најсреќните денови оваа недела?

    Неделниот хороскоп од 5 до 12 септември ни предвидува недела полна со авантури, ангажирање во проекти, а според астролозите два дена од оваа недела ќе бидат особено поволни. Еве за кои денови станува збор.rnrnКои ќе бидат најсреќните денови оваа недела?rn

    Среда (7 септември)

    rnХороскопот истакнува дека денес ѕвездите ќе ви пружат чувство на смиреност и леснотија. Обидете се да го задржите ова чувство во себе сè до вечерта! Ова чувство ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ви помогне да се чувствувате сигурни во успехот во бизнисот, но и во симпатиите на луѓето околу вас, како во професионалниот така и во приватниот живот. Подгответе се за пријатни изненадувања. Освен тоа, ќе имате и можност да направите примамлива понуда која ќе биде профитабилна. Можно е денес да имате најмногу шанси за финансиски просперитет.rn

    Недела (11 септември)

    rnОва е ден на бои, нови откритија, момент кога се преминуваат границите. На секое прашање ќе му пристапувате на креативен начин. Од друга страна, на лесен начин ќе ги добиете посакуваните работи. Сепак, не им подлегнувајте на апатијата и летаргијата! Максимално посветете им се на работите кои ви се важни. Меѓу другото, на овој ден ве очекуваат и нови познанства и промени. Доволно е да го задржите позитивниот дух и да уживате во секој миг од денот.rnrnOткако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се збогатат во септември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои 3 хороскопски знаци оставаат студен впечаток, а всушност се полни со нежност и добрина?

    Кои 3 хороскопски знаци оставаат студен впечаток, а всушност се полни со нежност и добрина?

    Овие знаци на Зодијакот се склони кон тоа да имаат „двојна“ личност, односно да се однесуваат студено кон другите, а во себе да кријат нежно и кревко срце. Така, колку и да сметате дека можете да ги прочитате на прв поглед, ќе ве изненадат во одреден момент со своите постапки.rnrnКои 3 хороскопски знаци оставаат студен впечаток, а всушност се полни со нежност и добрина?rn

    Рак

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак на прв поглед оставаат впечаток на силна личност која ги крие своите чувства. Така, на некои дури и им оставаат одбивен впечаток, а сепак под таа маска се крие чувствителна личноста која е подготвена да влезе во оган за луѓето што ги сака.rn

    Девица

    rnОвој знак остава впечаток на одмерена и ладнокрвна личност која речиси и да не се грижи за ништо, но всушност станува збор за личност со прекрасно срце. Припадниците на овој знак се сочувствителни и подготвени да им помогнат на другите. Тие се перфекционисти на професионален план, а сигурни и лојални партнери и пријатели на приватен план.rn

    Скорпија

    rnСе работи за еден од „најопасните“ астролошки знаци со кој треба да бидете особено внимателни. Но, откако лека-полека ќе навлезете во нивните души ќе сфатите дека тие се најлојалните и најчувствителните луѓе кои секогаш ќе бидат тука за вас. Тие се подготвени да направат сè за своите пријатели и за своето семејство со што ја докажуваат нивната безусловна љубов. Нивната посветеност кон саканите е доказ за нивната добрина и емпатија.rnrnОткако прочитавте за трите хороскопски знаци со „двојна“ личност, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци се најегоцентрични.rnrnИзвор: atma.hr

  • Астролозите препорачуваат: Обратете внимание на овие 2 дена во септември!

    Астролозите препорачуваат: Обратете внимание на овие 2 дена во септември!

    Секој месец се карактеризира со неколку денови кога неповолната положба на планетите може да предизвика одредени неволји. Сепак, во септември позицијата на планетите ќе биде генерално поволна, па така хороскопските знаци нема да имаат големи тешкотии. Но, астролозите предупредуваат да внимаваме на овие датуми.rnrnАстролозите препорачуваат: Обратете внимание на овие 2 дена во септември!rn

    10 септември – започнува ретроградното движење на Меркур

    rnСè додека Меркур се движи во спротивната насока, зголемен е ризикот од неволји на полето на кариерата, бизнисот и финансиите. Тоа ќе трае до 2 октомври, но треба посебно внимание да обратиме на денот кога ќе започне, 10 септември. Тогаш, најважно е да не се впуштате во никаков финансиски ризик бидејќи сигурно ќе загубите. Меѓу другото, со оглед на тоа дека Меркур е планета на комуникацијата, во следниот период се очекуваат недоразбирања и невистини. Верувајте им само на проверените факти. Астролозите исто така ви препорачуваат да не тргнувате на пат на 10 септември.rnrnНа овој ден нè очекува и друг негативен настан – полна Месечина во знакот Риби. Станува збор за неповолна ситуација која може да доведе до внатрешна нерамнотежа. Со други зборови, на тој ден ќе ви биде тешко да им се посветите на работните обврски и да постигнете каков било договор.rn

    26 септември – Меркур во конјункција со Венера

    rnКога овие две планети ќе се спојат, т.е. ќе се најдат на иста страна со Земјата, можат да предизвикаат големи неволји во сите аспекти од животот. Така, на тој ден многумина ќе ја изгубат желбата и волјата за работа и напредок. Освен тоа, големи се шансите за развој на апатија и депресија.rnrnОткако прочитавте за неповолните денови во септември, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се збогатат во септември.