КАФЕ ПАУЗА

Tag: Хомер Симпсон

  • Причината и решението на сите проблеми: Незаборавните изјави на Хомер Симпсон за пивото

    Причината и решението на сите проблеми: Незаборавните изјави на Хомер Симпсон за пивото

    Хомер Симпсон, главниот лик во популарната ТВ серија „Симпсонови“ е познат по својата безусловна љубов кон крофните, пивото и секако, кон своето семејство. Во текот на 28-те сезони тој безброј пати нè насмеа до солзи, особено со своите изјави за пивото, па затоа и решивме да ги собереме сите на куп и да ги издвоиме најдобрите за вас. Прочитајте ги во продолжение и подгответе се за нова тура смеа со солзи.rnrnrn

    „Ајде да наздравиме со пиво – причината и решението на сите животни проблеми!“rnrn„Жената е како пиво. Изгледа добро, мириса добро и би поминал бос низ трње само за да дојдам до неа.“rnrn„Сине, верувај ми, не сакаш да пиеш пиво. Пивото е пијалак за татковците и децата со лажна лична карта.“rnrn„Ох, не! Што направив? Ја скршив детската касичка во форма на прасе поради паричките. Па, овде нема ни за едно пиво… Всушност, чекајте да се пребројам одново… Ох неее! Нема ни за пиво!“rnrn„Сине, мораш да ја сакаш твојата држава како што јас го сакам своето ладно пиво за време на топлото божиќно утро.“rnrn„Океј мозоку. Ни јас те сакам, ни ти ме сакаш мене, па ајде да ја завршиме оваа работа за да можам да се вратам на пивото и на убивањето на твоите мозочни клетки.“rnrn„Ох душо, не се напив, само одлетав во чудесниот свет на фантазијата.“

    rnПрочитајте ги и овие цитати за пивото од познати личности што ќе ве убедат дека тоа е најдобриот пијалак на светот.

  • Двојниците на Симпсонови

    Двојниците на Симпсонови

    Погледнете со кого си личи дел од бандата во Симпсонови. Што мислите, кој кого имитира? Дали животот ја имитира уметноста или обратно? :)rnrn

    Двојниците на Симпсонови
    Пол Џијамати = Хомер Симпсон
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Лејди Гага = Марџ Симпсон
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Лари Кинг = Г-дин Барнс
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Гери Олдман = Нед Фландерс
    rnrn
    Двојниците на Симпсонови
    Ријана = Сајдшоу Боб

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати од легендарниот Хомер Симпсон

    Цитати од легендарниот Хомер Симпсон

    Кој се нема изнасмеано до солзи на глупостите кои ги има тресено Хомер низ сите сезони на ТВ серијата „Симпсонови“? Овој легендарен лик ќе се памети засекогаш, а неговите испади и шеги ќе се раскажуваат и гледаат со генерации и генерации. Ова се само дел од неговите најсмешни изјави низ сите 22 сезони.rnrnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Аххх, пиво… Причината и решението за сите животни проблеми.

    rn

    Која е поентата да се излегува надвор? И онака после пак ќе се вратиме тука.

    rn

    Како со учењето би се чувствувал попаметен? Плус, секогаш кога ќе научам нешто ново, исфрлам нешто што сум го научил претходно. Како оној пат кога отидов на курс за правење вино, заборавив како се вози.

    rn

    Обидувањето е првиот чекор кон неуспехот.

    rn

    Марџ, навистина многу ќе ми недостигаш. Не само поради сексот, туку и поради приготвувањето на храната.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Мислам дека г. Смитерс ме одбра поради моите мотивациски вештини. Сите велат дека мораат да работат двојно повеќе кога јас сум во околина.

    rn

    Синко, кога учествуваш во спортски натпревари, не е важно дали ќе победиш или ќе изгубиш. Важно е колку ќе се опијаниш.

    rn

    Марџ потребни се двајца за лага. Едниот да лаже, а другиот да слуша.

    rn

    Деца, давате сè од себе, но сепак, јадно, не успевате. Лекцијата е „никогаш не обидувај се.

    rn

    Со 10.000 долари, ќе бидеме милионери! Ќе можеме да купиме секакви корисни работи, како на пример… љубов!

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Ох, луѓето секогаш излегуваат со разни статистики за да докажат нешто. 14% од луѓето го знаат тоа.

    rn

    Момчиња, нуклеарен реактор е нешто слично како жена. Морате да го прочитате упатството и да го стиснете вистинското копче.

    rn

    Епа, сега е 1 часот по полноќ. Подобро да појдам дома и квалитетно да потрошам малку време со децата.

    rn

    Ќе може ли барем еднаш во животот некој да ме нарече „Господине“, без притоа да додаде „правите сцена“.

    rn

    Ве молам не јадете ме, јас имам жена и деца. Изедете ги нив!

    rn

    Лиса, вампирите се измислена работа, исто како елфовите, гремлините и Ескимите.

    rn

    Телевизија! Учител, мајка, таен љубовник.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Не морам да бидам внимателен, имам пиштол!

    rn

    Не, не, не Лиса! Доколку на возрасните не им се допаѓа нивната работа, тие не штрајкуваат. Тие одат секој ден на работа и пола од времето го преседуваат. Тоа е американскиот начин!

    rn

    Интернет! Тоа нешто уште постои?

    rn

    Јас никогаш не се извинувам! Прости ми Лиса, ама таков сум.

    rn

    Аххх, пиво…мојата единствена слабост. Или ако сакате, Ахилова пета.

    rnЦитати од легендарниот Хомер Симпсонrn

    Ох, доцнам 26 часа на работа.

    rn

    Деца тишина!!! Ако чујам уште само еден збор, за Барт нема веќе гледање цртани, а за Лиса нема одење на колеџ!!!

    rn

    Деца, ако дедо ви почне да се однесува чудно, однесете го во подрум.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.