КАФЕ ПАУЗА

Tag: Холандија

  • Прекрасните колоритни полиња со лалиња во Холандија

    Прекрасните колоритни полиња со лалиња во Холандија

    Благодарение на помошта од пилотот Клејтон Пендер, францускиот фотограф Норман Шкоп направил фантастични фотографии од расцветаните полиња со лалиња, над градот Ана Павловна кој се наоѓа во северна Холандија.rnrnПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаrnrnНа својот профил на Фликр, Норман има напишано:rn
    rn

    „Лалето е прекрасен симбол на Холандија. Многу туристи ја посетуваат оваа земја само за да ги видат многуте колоритни цветови и неверојатниот поглед кон полињата. Сезоната започнува во март со пролетното цвеќе, потоа следат жолтите нарциси. Во април следат зумбулите и лалињата и тие постојат до средината на мај, зависно од временските услови. Подоцна во август, доаѓа времето на гладиолите. Дури и откако ќе заврши пролетта, Холандија сѐ уште претставува еден вид градина, во која цела година можете да уживате во цвеќињата.“

    rnПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во ХоландијаПрекрасните колоритни полиња со лалиња во Холандија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

    Универзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик

    Доколку имате желба за додипломски или постипломски студии надвор од нашата земја, олеснителна околност е доколку предавањата се на англиски јазик. Ова се дел од универзитетите ширум целиот свет кои нудат програми на англиски јазик.rn

    Maastrict University – Холандија

    rnНа овој универзитет има налив од студенти од Велика Британија, бидејќи школарината е околу 1.700 евра годишно. Речиси половина од додипломските студии се на англиски јазик, а поголемиот дел од магистерските и докторските студии се исто така на англиски.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Politecnico di Milan – Италија

    rnЕден од водечките универзитети во Италија објави дека од 2014 година речиси сите предавања и оценувања ќе бидат на англиски јазик.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Национален Универзитет во Сингапур

    rnСпоред минатогодишното рангирање, овој универзитет е на 28-мо место во светот, а предавањата се целосно на англиски јазик.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Riga Technical University – Летонија

    rnТехничкиот Универзитет во Летонија нуди голем избор на додиполомски студии на англиски јазик, вклучувајќи телекомуникации, авијација, транспорт и животна средина. Школарината е околу 1.400 евра годишно.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Универзитетот во Хонг Конг

    rnРечиси сите предавања на овој универзитет се на англиски јазик. Споредено со Британија, цената на школарината и не се разликува многу, но стандардот е понизок како и секојдневните трошоци.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Bonn University – Германија

    rnОвој универзитет има голем број специјално дизајнирани курсеви за странски студенти, како додипломски така и постдипломски студии кои целосно или делумно се предаваат на англиски јазик. Студиите вклучуваат право, култура, природни науки и математика.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    The University of Stavanger – Норвешка

    rnВо Норвешка не се наплаќа школарината, дури ни за странските студенти, а во голем дел од универзитетите се нудат курсеви на англиски јазик. На универзитетот во Ставангер има голем број додипломски студии на англиски јазик, вклучувајќи компјутерски науки, математика и физика, музика и танц. Додека на универзитетот во Осло има повеќе од 40 магистерски програми на англиски.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Sciences Po – Франција

    rnОвој високо селективен универзитет во Париз, Франција, е специјализиран за општествени науки и токму од таму излегува најголемиот дел од политичката елита во земјата. Некои курсеви се целосно на англиски јазик, додека за други, иако треба да се развие некое познавање на францускиот јазик, сепак има и повеќејазична програма.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Бизнис школата на Копенхаген – Данска

    rnСо над 17.000 студенти, ова е еден од најголемите бизнис универзитети во Европа. Речиси половина од курсевите се на англиски јазик.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазикrn

    Leiden University – Холандија

    rnЗа повеќето од курсевите е потребно задоволително ниво на владеење на холандскиот јазик, но за некои, како науки и уметности, предавањата се целосно на англиски јазик. Како и да е, после втората година, многу додипломски студии се спроведуваат целосно на англиски јазик.rnrnУниверзитети низ светот кои нудат програми на англиски јазик
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.a

  • Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

    Воодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќиња

    Иако сами по себе не важат за дестинации во вистинската смисла на зборот, полињата со лаванда, колоритните лалиња и ливадите со диви маргаритки нема да ве остават рамнодушни. Ова се само неколку дестинации кои може да ги посетат љубителите на цвеќињата.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

    Прованса, Франција

    rnСамата глетка на бескрајни редови лаванда привлекува илјадници посетители годишно во областа Прованса во Франција. Миризливите полиња од златни сончогледи и црвени булки се протегаат низ ридови и долини и се прекршуваат во пурпурната бесконечност.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrnНо шармот на Прованса не се состои само во цвеќињата. Малите историски гратчиња и античките живописни села се исто така дел од неверојатните пејзажи на Франција. Областите како Воклиз, Венту или Луберион ќе ви овозможат да уживате во духовното патување исполнето со мириси, бои, вкусови и историја.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

    Холандија

    rnЕдна од првите асоцијации кои ќе ги поврзете со Холандија се сигурно лалињата. Невозможно е да ја посетите Холандија во пролет, а да не ги забележите можеби најимпресивните цветни полиња со лалиња и нарциси.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrnКако производител и извозник број 1 во светот на лалиња, Холандија успешно ги одржува цветните полиња совршени. Нивната колоритност доаѓа до израз во периодот помеѓу април и септември. Најимпресивните колекции на цвеќиња може да ги видите во областа Алкмар во северна Холандија, како и во Којкенхоф во јужниот дел на Холандија, познат уште како најголемата цветна градина во светот.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

    Јапонија

    rnСекоја година во периодот помеѓу март и мај, Јапонија добива светло розева боја и само за кратко црешовите цветови расцветуваат и во најурабинте делови на земјата. Токио, Осака, Кјото, Нагасаки – сите тие се преобразуваат во исклучително цветни алеи со деликатна убавина, а јапонските села стануваат уште попривлечни. Посетете ја Јапонија во периодот кога цветаат црешовите цветови за да ја откриете убавината на Ханами, долгогодишна традиција која вклучува пикник под расцветаната Сакура (црешов цвет).rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

    Данска

    rnДанска изобилува со претежно земјоделски пејзажи, со бујни шуми, пространи пасишта и шарени ливади кои се наоѓаат покрај крајбрежјата, песочните плажи и мочуриштата. Пејзажите на разнобојни цвеќиња се дополнети со многубројни замоци, викиншки објекти и велосипедски патеки. Пролетта носи експанзија од бои и нијанси, покривајќи ги ливадите со црвени детелинки (националниот симбол на земјата), булки и маргаритки. Неколку видови на дива орхидеја ја разубавуваат областа Гентофте, северно од Копенхаген.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

    Намакваленд, Северен Кејп, Јужна Африка

    rnЗа време на раната пролет во Намакваленд, а потоа посебно и во периодот помеѓу јули и септември, целосно сувиот регион на Северен Кејп, провинција во Јужна Африка, наеднаш се претвора во пустина на расцветани диви цвеќиња, полна со илјадници бели и портокалови маргаритки кои никнуваат од претходно пустата и сува земја. Ако оваа област го привлече вашето внимание, задолжително посетете го Резерватот на диви цвеќиња за да го видите несомнено највпечатливиот цветен феномен во светот.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

    Британска Колумбија, Канада

    rnВикторија, главниот град на Британска Колумбија, Канада, уште е познат како „Град на градините“. Овој прекар совршено му одговара на градот затоа што умерената клима и многубројните сончеви денови прават градинарството тука да претставува животна страст. Британска Колумбија изобилува со спектакуларни цветни алеи кои ги привлекуваат ботаничарите од цел свет.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrnСо својата репутација во однос на цвеќињата, главниот град Викторија поставува многу висок критериум кога се цветните градини во прашање. Тигрестите лилјани, дивите рози и глуварчињата со огромната палета на бои ги разубавуваат прошетките низ селата и со своите мириси ги поттикнуваат сите сетила.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrn

    Јужниот Остров, Нов Зеланд

    rnЈужниот Остров, еден од двата главни острова на Нов Зеланд, повеќе е познат по драматичните отворени простори и карпестите врвови, отколку по неверојатната флора и плодните долини. Но, вистината е дека Нов Зеланд сам по себе претставува природна градина, додека на Јужниот Остров може да се најдат најфините цветови. Пониските делови на островот се покриени со шарени ливади, а езерото Текапо е опколено со виолетови цветови кои може да се сретнат и во самото езеро.rnrnВоодушевувачки дестинации за љубителите на цвеќињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 најсреќни држави за живеење

    5 најсреќни држави за живеење

    Светскиот извештај за тоа каде најсреќно се живее, кој го создава Комисијата на Обединетите Нации, нуди листа според која е јасно во која земја граѓаните се најисполнети од животот кој таа им го нуди. Доколку некогаш решите да се селите, тогаш ова се првите 5 држави, каде луѓето се најсреќни.rn

    Данска

    rnДанска е членка на ЕУ од 1973 година и на НАТО од 1949 година. Животниот стандард е на високо ниво, стапката на невработеност е ниска, а платите се одлични.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Финска

    rnЛуѓето во Финска знаат да направат вистински баланс помеѓу работните обврски и приватниот живот. Тоа е нивната култура и тајниот рецепт за квалитетен и среќен живот.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Норвешка

    rnНорвешка во последните години е една од земјите која е најпосакувана за живеење поради високиот стандард, добрите работни позиции и плати и бесплатното образование.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Холандија

    rnЗемјата на лалињата е една од најлибералните земји, што ја прави многу интересна за живеење.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Канада

    rnКанада може да се пофали со високо ниво на политичка слобода, друштвени луѓе, здравствена и економска стабилност, како и добри плати.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за лалињата

    Интересни факти за лалињата

    Лале – највообичаениот цвет на пролетта. Иако кога ќе се спомене ова цвеќе веднаш се асоцираме на Холандија, еве неколку интересни факти за лалињата кои не сте ги знаеле.rnrnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Лалињата се трети најпопуларни цвеќиња во светот, после розите и хризантемите.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Холандија доминира во одгледувањето на лалиња во светот. За ова е заслужен Карл Клузиус кој го донел лалето во Холандија. Тој бил професор по ботаника на Универзитетот во Лајден.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Лалето потекнува од регионите околу Црното Море и Кримскиот полуостров.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Турција била прва која почнала да ги култивира лалињата во 1530 година. Во Холандија стигнале 20 години подоцна.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Лалето припаѓа на родот „Tulipa“ кој опфаќа 150 видови.
    • rn011

    • Постојат околу 3.000 вариетети од лалиња, познати под различни имиња.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Вообичаено, на една дршка има по еден цвет, но некои видови лалиња имаат и по 4 цветови.
    • rn011

    • Лалињата се достапни од ноември до мај и имаат животен век од само 3-7 дена.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Идеални предели за одгледување лалиња се оние кои имаат долга и свежа пролет со задоцнето лето.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Ако одгледувате лалиња, треба да ги заштитите од мали животинки како зајаци, верверици и стаорци бидејќи ги јадат.
    • rn

    rn

      rn011

    • Лалето е симбол на љубов, романтика, страст и сонување.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињатаrn

      rn011

    • Ова пролетно цвеќе е национален симбол на Турција.
    • rn

    rnИнтересни факти за лалињата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите книжарници во светот

    Најдобрите книжарници во светот

    За сите оние кои се заљубени во пишаниот збор, ги препорачуваме најдобрите места каде можат да се опуштат со книга во раце во несекојдневен, а истовремено пријатен амбиент.rn

    1. Селексиз (Selexyz)

    rnДоколку се наоѓате во Холандија, вреди да се посети една од најимпозантните книжарници во светот. Архитектите Меркс и Гирод, успеале Доминиканската црква стара 800 години, да ја претворат во вистинско место за сите обожаватели на книгата. Задржувајќи го стариот шарм на црквата, создале модерна книжарница која претставува една од најголемите ризници на книги на англиски јазик во Мастрихт, еден од најстарите градови во Холандија.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    2. Книжарница Лело (Livraria Lello)

    rnКнижарницата Лело се наоѓа во Порто, Португалија. Отворена во 1906 година, воодушевува со својот прекрасен амбиент декориран во готски стил. Прекрасните црвени скали поставени во центарот на книжарницата, го прават ова место да биде уникатно и задолжително да се посети.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    3. Готви и читај (Cook & Book)

    rnКнижарницата во Брисел е вистински спој на оние кои се страсни читатели, а истовремено ја сакаат храната. „Cook & Book“ е комплекс кој се состои од 9 помали книжарници и огромен ресторан под два крова. Интересно кај оваа книжарница е тоа што секој помал дел од неа си има своја тема како: патување, музика, уметност. Дополнително, во секоја од овие посебни книжарници ќе доживеете соодветно послужување на храната. Едно од нештата за кои вреди да се види оваа книжарница се и поставените „летечки книги“.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    4. Атенаум (El Ateneo)

    rnЗамислете опуштено да читате во театарска ложа? Ова несекојдневно искуство ви го нуди книжарницата во Буенос Аирес, Аргентина. Прекрасниот некогашен театар кој остава без здив, денес е претворен во книжарница во која можете да направите кафе пауза на местото каде била некогашната сцена.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    5. Детска република (Kid’s Republic)

    rnДетската република во Кина е една од најмодерните книжарници за деца во светот. Обоена во боите на виножитото, им помага децата подобро да ја изразат својата креативност и имагинација. Во неа постојат посебни кружни места каде децата опуштено можат да прочитаат една од своите омилени бајки.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    6. Шекспир и компанија (Shakespeare & Company)

    rnВо градот на љубовта, Париз, можете да ја посетите книжарницата во која голем дел од своето време поминувале познатите писатели како Ернест Хемингвеј, Езра Понд, Ф.Скот Фицџералд. Доколку сте вљубеници во англиската литература, ова место нуди опуштена и топла атмосфера за своите читатели.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    7. Американски центар на книгата (American Book Center)

    rnАмериканскиот центар на книгата е втората најголема книжарница во светот која се наоѓа во Холандија. Со огромниот избор на книги што ги нуди, е вистински рај за сите љубители на читањето.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    8. Книжарница Село (Livraria da Vila)

    rnОваа книжарница се наоѓа во Бразил, во градот Сао Паоло. Поставена на 2 нивоа со површина од 2.300 метри квадратни е карактеристична по пријатните и интересни катчиња за читање. За децата има дизајнирано посебна просторија каде можат да читаат и играат.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    9. Книжен молец (Bookworm)

    rnКнижарницата Букворм е вистински хит во Кина. Со 16.112 наслови на книги, ги примамува сите оние кои се заљубени во пишаниот збор. Освен добрата книга, таа претставува и место каде посетителите можат да испијат добро кафе, да се видат со некој од своите пријатели или едноставно да си проверат мејл. Магичната атмосфера на ентериерот ја надополнуваат „лебдечки свеќи“, кои придонесуваат просторот да биде попријатен за своите посетители.rnrnНајдобрите книжарници во светотrn

    10. Кафе-книжарница Нишало (Cafebreria El Pendulo)

    rnОва е уникатно место во Мексико Сити, нешто помеѓу бар, кафетерија и книжарница, каде често сакаат да доаѓаат вљубениците во културата и уметноста. Тоа е мал простор во кој има жива музика во периодот од 7.30 до 11.30. Ова е одлично место каде што можете да дојдете на парче торта, шолја капучино и да читате книга додека во позадина слушате музика во живо.rnrnНајдобрите книжарници во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Транспарентна метална црква

    Транспарентна метална црква

    Архитектите Pieterjan Gijs и Arnout Van Vaerenbergh, се партнери кои заеднички инсталираат нови креации насекаде низ Холандија. Овој пат станува збор за серија од метални цркви, секоја од нив изработена од по 100 слоја метални плочки во висина од 10,3 метри.Транспарентна метална цркваИнтересното кај оваа црква е тоа што зависно од кој агол ќе биде погледната се менува нејзината видливост, па така доколку ја гледате под прав агол, може и да не ја забележите. Кога сонцето заоѓа, низ отворите на црквата влегуваат сончевите зраци и создаваат спиритуално чувство.Транспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваУпотребата на челик како главен материјал за изработката на оваа црква е во директна релација помеѓу религијата и државата. Како што минуваат годините, црквите во Холандија имаат сè помалку посетители, па дел од нив повеќе и не функционираат. Преку градењето на овие цркви од челик, тие ја нагласуваат важноста и потребата од трајноста на овие згради. Нивната идеја со транспарентноста на градбата е да се пренесе пораката дека иако понекогаш нешто не може да биде јасно видено, не значи дека не постои.Транспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваТранспарентна метална цркваrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Холандската Венеција

    Холандската Венеција

    Гитхорн е мало село кое се наоѓа во местото Оверејсел во периферијата на Холандија. Тоа е познато под имињата „Холандска Венеција“ и „Венеција на северот“, токму поради фактот што во него нема ниту една единствена улица.rnrnХоландската Венеција rnrnНаместо тоа, селото е поврзано преку канали со вода, мостови и патеки за велосипеди, кои до пред кратко време воопшто ги немало. Прекрасното мирно местенце, годишно привлекува многу туристи кои можат да изнајмат чамец и да направат тура низ ова мало парче рај на земјата. Прекрасна идила за уживање и рекреација, од која со сигурност ќе се инспирирате…rnrnХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската ВенецијаХоландската Венеција
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn