КАФЕ ПАУЗА

Tag: Холандија

  • Прекрасно село како од бајките кое наместо патишта има водни канали

    Прекрасно село како од бајките кое наместо патишта има водни канали

    Сместено во рурална Холандија, селото Гиетхорн е сликовито селце со неверојатни природни пејзажи. Неговото второ име е „Холандската Венеција“ бидејќи нема патишта ниту какви било форми на модерен транспорт. За да се движите наоколу, тоа треба да го направите на старомодниот начин – преку водни канали или пешки преку еден од 176-те мостови.rnrnПрекрасно село како од бајките кое наместо патишта има водни каналиrnrnМирното местенце, основано околу 1230-тата година, има низа мали водни патчиња кои ги водат кајчињата покрај историската архитектурата и богатата разнобојна вегетација. Слично на обичните патишта наменети за автомобилски возила, каналите имаат свои „улици“ и имиња кои ве водат низ слатките куќички, музеи и пазари. Електричните кајчиња се популарни алтернативи на моторните кајчиња и прават малку врева, па затоа ова село се смета за едно од потивките места во Холандија. Според сведоштвата на туристите, најгласниот звук кој обично се слуша е квакањето на патките или звуците кои ги прават другите птици.rnЗа оние кои бараат мир и спокојство, ова селце е вистинската дестинација.rnrn

  • Дами, исплакнете ги очите: Холанѓани кои ќе ви го свртат паметот

    Дами, исплакнете ги очите: Холанѓани кои ќе ви го свртат паметот

    Кој би помислил дека Холанѓаните се толку добри фраери? Ние исто така не можевме да поверуваме кога сфативме колку згодни момци имаат потекло од оваа земја. Некои од нив се актери кои сигурно ќе ги препознаете од разни филмови или серии, други се модели, додека пак трети се најдоброто што оваа земја може да го понуди. Па затоа дами, слободно исплакнете ги очите.rnrn1-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_rnrnМикел Хаузмен е еден од актерите кои се на добар пат да станат светски ѕвезди. Веќе го имаме забележано во серијата „Game of Thrones“, но и во филмот „Age of Adaline“. Сигурни сме дека овој холандски актер во иднина го чекаат уште многу сјајни улоги, кои ние со нетрпение ќе ги очекуваме.rnrn2-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_rnrnТон Хеукелс е холандски манекен кој дефинитивно ги украде нашите срца. Освен тоа што е неверојатно сладок, Тон е моментално и еден од најпопуларните холандски модели.rnrn3-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_rnrnЕгберт-Јан Вебер е талентирана холандска филмска ѕвезда во која ќе се заљубите на прв поглед. Не ни верувате? Доволно е само да ја погледнете неговата фотографија.rnrn3-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mkrnrnОчите на актерот Оскар Ертс се така необично зелени што ќе останете без текст кога ќе погледнете во нив. А неговата насмевка? За неа, нема воопшто да зборуваме!rnrn4-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mkrnrnХоландија е позната и по талентираните фудбалери кои често се прогласени за срцекршачи. Еден од нив е Дејли Блинд на чиј детски шарм нема да можете да останете имуни.rnrn5-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mkrnrnДоколку досега не сте слушнале за фудбалерот Грегорија ван дер Вила, тогаш дефинитивно не знаете што сте пропуштиле. Но, никогаш не е доцна за да се научи лекцијата.rnrn7-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mkrnrnРоџијер Варнава неодамна ја освои титулата за најубав маж во Холандија, а ние може да се согласиме со тоа, но и да додадеме – со полно право. А еве и зошто!rnrn8-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mk_rnrnБадр Хари е кикбоксер со кој ниту еден маж не сака да влезе во караница, но секоја жена би сакала да влезе во неговиот личен простор и со прстите да ги допре неговите совршени мускули.rnrn9-dami-isplaknete-gi-ochite-holangjani-koi-kje-vi-go-svrtat-pametot-www.kafepauza.mkrnrn 

  • Овчарски кучиња кои обожаваат да позираат пред фотоапаратот на нивниот сопственик

    Овчарски кучиња кои обожаваат да позираат пред фотоапаратот на нивниот сопственик

    Двете кучиња кои доминираат на овие слики се Софи и Сара, сестри од видот англиски овчар кои живеат во Холандија. Тие се различни од другите кучиња по тоа што една од нивните омилени активности е да застанат пред објективот на нивниот сопственик Сес Бол, кој што аматерски се занимава со фотографија. Понекогаш сами, понекогаш заради тоа што треба да добијат нешто, овие две кучиња секогаш се спремни да стојат мирно додека Сес не притисне на копчето за сликање. Тој вели:rnrnrn

    „Главната причина поради која го правам ова се насмевките на луѓето. Софи и Сара го можат тоа. Во свет на лоши нешта, јас наоѓам начин да ги разведрам луѓето. Кога ги гледам другите како се среќни, тогаш и јас сум среќен.“

    rnОвчарски кучиња кои обожаваат да позираат пред фотоапаратот на нивниот сопственикrnrn

    rn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најнови туристички атракции

    10 најнови туристички атракции

    Секаде се гради по нешто ново и затоа секаде има по некоја нова туристичка атракција која привлекува посетители кои сакаат да ја видат. Овие десетина од најновите се отворени неодамна или се очекува да бидат отворени во секој момент.rn

    1. Стаклениот под на Ајфеловата кула во Париз

    rnАјфеловата кула доби нов интересен детаљ. Сега покрај одличниот поглед околу неа, благодарение на новиот стаклен под на првиот кат ќе можете да погледнете како е и под неа.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    2. Гудс Лајн во Сиднеј

    rnОваа новоизградена пешачка патека во Сиднеј ги поврзува Дарлинг Харбор и Технолошкиот универзитет. Покрај неа ќе има и бројни кафулиња како и амфитеатар за настани на отворено.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    3. Фабриката за алкохол во Лејверстоук, Англија

    rnФабриката за алкохол Бомбај Сафир сместена во малото англиско село Лејверстоук неодамна доби стаклени куќи кои изгледаат како да се исфрлени од самата фабрика. Иако таа не е стара како другите на островот, се очекува новата архитектура во малото живописно село да добие посетители кои се љубители на алкохолот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    4. Музејот за човекови права во Винипег, Канада

    rnНовата модерна стаклена зграда ќе биде дом на изложби поврзани со холокаустот, етничкото чистење во Босна, животот на Нелсон Мандела и сите други настани поврзани со човекови права.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    5. Марктал, Ротердам

    rnРотердам е исполнет со модерна и кул архитектура. Најновото од неа е Марктал, зграда со 230 станови која е изградена во облик на потковица. Под неа има зелен пазар.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    6. Ролеркоустерот Бетмен во Сан Антонио, САД

    rnТој се очекува да стане ролеркоустерот кој секој трагач по адреналин ќе сака да го посети. Тоа ќе биде најдолгиот 4Д ролеркоустер во светот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    7. Конгресниот центар во Краков, Полска

    rnОние што ја посетиле Полска не се навикнати на вакви градби, но жителите на Краков се горди на нивниот нов модерен конгресен центар. Тој ќе биде првенствено наменет за концерти.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    8. Кулата Шангај

    rnНовата кула во Шангај е втора по големина во светот, веднаш зад Бурџ Калифа во Дубаи. Висока е 610 метри и се надвиснува на реката Хуангпу. Се разбира, сместена е во модерниот деловен дистрикт во градот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    9. Велосипедската патека во Нунен, Холандија

    rnОваа велосипедска патека по цел ден црпи сончева енергија која навечер ја претвора во ѕвездено небо. Инспирирана е од сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент Ван Гог.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    10. Музејот на утрешнината во Рио де Жанеиро

    rnДизајнирана од легендарниот архитект Сантијаго Калатрава, бразилскиот музеј на утрешнината има облик на риба и со главата е свртен кон океанот. На неговата програма ќе има интерактивни изложби поврзани со климатските промени, растот на бројот на населението и за тоа како нашите денешни дејства влијаат на иднината.rnrn10 најнови туристички атракцииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни факти за Амстердам

    10 интересни факти за Амстердам

    Што ви е првата помисла кога некој ќе го спомне Амстердам? Ги има многу, нели? Во продолжение се потрудивме да опфатиме нешта кои се интересни и можеби помалку познати за некои од вас.rnrn1-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mkrn

    1. Амстердам може да исчезне

    rnАмстердам се наоѓа под морската височина, најниската точка е 6,7 метри под нивото на морето. Ако се случат климатски промени кои ќе доведат до зголемување на морското ниво, тогаш Амстердам го чека судбината на Атлантида.rn

    2. Црвената улица

    rn5-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mkrnrnИзлог на проституцијата. Има околу 500 „излози“ и бордели во Амстердам. Дневно работат по 1.000 проститутки, а годишно градот гледа повеќе од 8.000 различни проститутки.rn

    3. Амстердам е изграден на метални прачки

    rn2-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mkrnrnПоточно на купишта масивни столбови укотвени во земја, кои претставуваат темел на градот. Повеќе од 6.000 метални столбови ја држат Централната станица.rn

    4. Полн со полиглоти

    rnОдносно луѓе кои знаат повеќе јазици. Па така во Холандија 86% од жителите течно зборуваат англиски, холандски и по уште некој јазик.rn

    5. Тој е вториот град кој е најголем потрошувач на кафе во светот

    rnСекој жител во просек пие 140 литри кафе годишно или околу 3,2 шолји кафе дневно.rn

    6. 25.000 велосипеди годишно завршуваат во каналите на Амстердам

    rn3-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mkrnrn25.000 велосипеди кои паѓаат во каналите годишно, а се извлекуваат само 8.000 од нив, што значи дека има доста кои сè уште се наоѓаат под вода.rn

    7. Во Амстердам занаат како да го направат најдоброто пиво

    rnХоландија е најголем извозник за пиво. Се извезува двојно повеќе пиво отколку од САД, односно 1,3 милијарди литри секоја година и тој број сè уште расте.rn

    8. Има повеќе канали отколку Венеција

    rnИако Венеција е позата по своите канали, но не поради квантитетот на каналите. Амстердам може да се пофали со 165 канали долги 100 км кои ја формираат мрежата од канали низ целиот град. Па така Амстердам често го нарекуваат „Венеција на северот“.rn

    9.Амстердамските староседелци се највисоките луѓе во светот

    rnВо просек висината на еден маж изнесува 180 см, а висината на жената 170 см. Тоа се должи на нивните гени и на нивниот здрав начин на исхрана.rn

    10. Има околу 2500 брод-куќи

    rn4-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mkrnrnНекои од нив се во сопственост на жителите а некои се издаваат. Дури има и брод-куќичка за мачки. Ако ви се допадне ваквиот концепт на куќи може и да го посетите и музејот наменет за нив.

  • 10 убави, но потценети градови во Европа

    10 убави, но потценети градови во Европа

    Ретки се оние кои не сакаат да шетаат и да го видат светот. А кога останатиот дел кој сака конечно ќе се одлучи да оди, најчеста дестинација се добро познатите светски метрополи како Париз, Рим, Барселона и многу други. Сепак, светот крие многу места кои можеби не се толку познати, но вреди да се посетат и видат. Па доколку се одлучите да ги спакувате куферите и да фатите пат под нозе, следниве неколку дестинации дефинитивно треба да се најдат на вашиот список.rn

    1. Бијариц, Франција

    rnЛоциран во Бискејскиот Залив, Бијариц е доста популарен кога станува збор за сурферите. Во овој град, секоја година се одржува познатиот Сурферски фестивал кој привлекува сурфери и туристи од целиот свет.rnrn1-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    2. Порто, Португалија

    rnГрад со долга традиција и историја во областа на музиката, уметноста и спортот, домаќин на фудбалскиот клуб Порто и познат по многуте фестивали кои се одржуваат во него (на пр. Свети Џон на крајот на јуни). Единствено доколку го посетите ќе сфатите зошто токму овој град бил главен културолошки центар на Европа во 2001 година.rnrn2-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    3. Ферара, Италија

    rnОпколен со антички ѕидини долги повеќе од 9 километри, овој град може да се пофали со преубави палати кои датираат уште од 14-тиот и 15-тиот век, неверојатни катедрали и фантастични улици кои ќе ве маѓепсаат. Како дом на познати писатели, артисти и музичари, дефинитивно треба да се најде на вашата листа.rnrn3-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    4. Бруж, Белгија

    rnКога станува збор за Белгија, убавината на овој град е засенета од онаа на Антверп и Брисел. Но, по излегувањето на филмот „Во Бруж“ во 2008 година, овој град е сè почеста дестинација овие денови. Тоа воопшто не е зачудувачки кога ќе се земат предвид средновековната архитектура и многубројните канали низ градот поради кој го нарекуваат Венеција на северот.rnrn4-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    5. Хајделберг, Германија

    rnОвој живописен град е лоциран во долината на Олденвалдските Планини и на брегот на реката Некар. Негова најголема знаменитост е замокот Хајделберг, а е познат и по убавиот стар град, универзитетот и историските цркви низ него.rnrn5-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    6. Инсбрук, Австрија

    rnСо сигурност, овој град треба да се најде на вашиот список за шетање низ Европа и тоа меѓу првите неколку. Уникатен по тоа што два пати бил домаќин на Зимските олимписки игри, Инсбрук привлекува со многуте патеки за зимски и летни спортови, како скијање, планинарење и планински велосипедизам.rnrn6-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    7. Брашов, Романија

    rnГрад-мост до едни од најубавите замоци во Романија, Пелеш и замокот на Дракула. Шармантен и тивок, во овој град ќе ве освојат топлината на луѓето кои живеат таму, нивната гостопримливост и љубезност.rnrn7-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    8. Утрехт, Холандија

    rnИако Амстердам е првиот град кој би помислиле да го посетите во Холандија, доколку прашате некој кој веќе ја посетил оваа држава сигурно ќе ве упати накај Утрехт. Изграден околу канал, Утрехт е претежно студентски град кој е избор на студенти од целиот свет. Покрај ова, градот е со интересен историски карактер, а преубавите улички низ него ќе освојат секого.rnrn8-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    9. Бибари, Англија

    rnОва мало гратче може да биде одлична викенд дестинација доколку сакате да се одморите, да дишете малку свеж воздух и целосно да се предадете на природата. Шармантно и едноставно, исполнето со зеленило – не би сакале да го пропуштите.rnrn9-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    10. Дрезден, Германија

    rnРуиниран за време на Втората светска војна, градот е изграден од почеток во елегантен барокен стил кој освојува и шармира. Универзитети, музеи, пивски градини и убавина како на слика. Дрезден сигурно ќе ги исполни сите ваши очекувања.rnrn10-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

  • Зошто Холандија има два називи на англиски?

    Зошто Холандија има два називи на англиски?

    Човек кој зборува на англиски за Холандија обично смета дека може да употреби кој било од двата назива Holland или The Netherlands. Но, само ако ја нарече државата The Netherlands ќе биде во право, затоа што Holland, всушност, не е држава.Зошто Холандија има два називи на англиски?Холандија низ историјата носела најразлични називи, кои на англиски звучат како Dutch Kingdom, Kingdom of Holland, дури и United States of Belgium, но денес англискиот назив е The Netherlands. Сепак, забуната поради честата употреба на називот Holland веројатно многу повеќе произлегува од фактот што во денешната административна организација во државата постојат две провинции кои се викаат Северна Холандија и Јужна Холандија. Тоа е најнаселениот дел од државата и тука се наоѓаат најголемиот дел од туристичките атракции, па затоа е и најпознат меѓу странците. rnrnНо, како што објаснува авторот на следното видео, да се нарече Холандија Holland би било исто како САД да се наречат Дакота. Тоа исто така значи и дека жителите на овие две провинции можат да се наречат Hollanders, но тоа не важи и за оние од останатите десет провинции. Тие на англиски се нарекуваат со Dutch, кое е заедничко име за сите Холанѓани.rnrnОвие работи и уште некои интересни факти за Холандија се подетално објаснети во следното видео.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија

    Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија

    „Hovenring“ е неверојатен висечки кружен тек, смислен и дизајниран од страна на компанијата IPV Delft, а наменет за велосипедистите, со цел тие безбедно да преминат над густиот сообраќај. Лоциран помеѓу Ајндховен и Велдховен во Холандија над крстосница, кружниот челичен мост, нуди алтернативна рута за велосипедистите, како и естетски задоволувачка знаменитост за локалните жители и туристите.Извонреден кружен тек за велосипедисти во ХоландијаИнтригантниот изглед на структурата го надополнува средишниот столб висок 70.000 метри на кој се прикачени 24 сајли, кои ја држат кружната патека како послужавник. Нуди спектакуларна глетка на дневно светло, но и навечер кога светлата се пуштени. rnrnСо својот уникатен и привлечен дизајн „Hovenring“ претставува успешен чекор во еволуцијата на архитектурата. Како прва од овој вид, велосипедската патека нуди иновативен пристап кон идните дизајни на патишта, кои се фокусирани на ефикасност и безбедност.Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни зимски спортови на природен холандски мраз

    Неверојатни зимски спортови на природен холандски мраз

    Додека повеќето од нас едвај чекаат да заврши студената зима и да започне пролетта, голем дел од луѓето кои живеат во Холандија се надеваат на уште пониски температури. Веројатно и ние би го посакувале истото, доколку имавме прилика да уживаме во вакви забавни зимски спортови. Бен Физбик е фотограф од Амстердам, кој неодамна ги направил овие прекрасни фотографии, на кои гледаме како Холанѓаните се лизгаат и едрат по мраз, на Gouwzee, залив во северна Холандија.Неверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразrn
    rn

    Фотографот вели: „Холандија е мала земја во која живеат 16 милиони луѓе, но може да се пофали со околу 250.000 натпреварувачи во брзо лизгање по мраз и милиони кои лизгаат само за забава. Интересно е тоа што природниот мраз во Холандија е ретка појава, а некои зими го нема воопшто. Можеби тоа е објаснувањето зошто Холанѓаните толку многу сакаат да лизгаат на природен мраз – ретко кога ја имаат таквата прилика. Но, кога ќе удри студен бран и лавиринтот од канали, реки и езера ќе замрзне, Холанѓаните со задоволство одат на спонтаната зимска прослава на мраз. Бесконечното море од мраз е совршено за лизгање со лизгалки, но покрај ова, Холанѓаните сакаат и едрење по мраз. Ова е спорт кој се состои од трка со пловење на бротчиња и е многу популарен во Холандија. Бродовите на мраз се тркаат со брзина од 100км/ч по мразот на Gouwsea.“

    rnНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мраз
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Затвор претворен во лускузен хотел

    Затвор претворен во лускузен хотел

    Ако затворот Хет Арестхујс во Рурмонд, Холандија отсекогаш изгледал вака, немало да има затвореник на кого не би му годело таму да ја одлежи казната. Некогаш суровиот затвор изграден во 19-тиот век денес е претворен во луксузен хотел со многу модерни елементи.Затвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотел150-те ќелии се преобразени во 36 луксузни соби и седум комфорни апартмани. Меѓу апартманите со својот лускуз се издвојуваат четири, кои носат и интересни имиња: Директорот, Чуварот, Адвокатот и Судијата, а секој од нив има посебен карактер и стил. Хотелот нуди и користење на сауна и фитенс центар, и ги кани гостите да го посетат и ресторанот на хотелот, каде што „ќе добијат многу повеќе од леб и вода“.Затвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотелЗатвор претворен во лускузен хотел
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.