Автор: Ана ПетровиќrnrnОваа година, пролетната сезона ќе биде во знакот на кожните бајкерски јакни, здолништа и чизми, а за надополнување на изгледот задолжени се цветните дезени и мотиви, точките и розовата боја.rnrnrnrnЦвеќето е симбол на пролетта не само во природата, туку и во модниот свет, па затоа честопати топлите годишни времиња најавуваат шарени мотиви. H&M за пролетта која доаѓа ни припремија разиграна цветна колекција, а лесните џемпери се на врвот оваа сезона.rnrnМоќта е во цвеќињатаrnrnОсвен природата, се будат и боите. Својот едноставен и практичен, но сепак елегантен пролетен стил разбијте го со розови парчиња облека како провидни блузи или кошули.rnrnЖешки во жешко-розоваrnrnНова сезона, но стари правила. Добрата вест е што можете да ја искористите облеката од минатата есен, посебно бунтовничките маички со кул натписи и рокерските јакни.rnrnРокерски бунтовнички стилrnrnРокерско-бајкерскиот стил одлично се вклопува со женствени блузи со точки. Посебна предност им се дава на кожните здолништа.rnrnПоврзете ги точките со секси кожни здолништаrnrnКако алтернатива за почетокот на пролетта, во оние свежи пролетни утра можете да ги искористите тенките, плетени џемпери. Основа за комбинирање нека ви бидат чизмите во бајкерски стил и здолништата од вештачка кожа.rnrnТенки плетени џемпериrnrn
За претставување на својата нова есенска колекција за мажи, шведската модна куќа „H&M“, го ангажирала моделот Шон Оупри. Фотографиите ги направил познатиот фотограф Дејвид Ромер во Њујорк. Овогодишната есенска машка колекција ја карактеризираат џемперите, а покрај нив претставени се и неколку јакни, палта и кошули.rnrn
Шведскиот моден бренд „H&M“ претстави еден мал дел од својата зимска колекција за оваа година, а за тоа им помогна холандската моделка Даутцен Крус.Колекцијата ја карактеризираат дебели џемпери, интересни модели на чевли и специфични аксесоари.rnrn
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам ја презентираше својата нова колекција „Bodywear“ во соработка со брендот „H&M“, на која тој самиот ќе биде заштитно лице.Колекцијата е инспирирана од класичните спортски парчиња, а се состои од удобни тренерки, спортски маици, пижами и машки боксерки.rn
„Воодушевен сум од ретро стилот на мојата нова ‘Bodywear’ колекција. Сигурен сум дека овие парчиња облека ќе се носат во текот на целата година“ – изјави тој.
Шведската компанија „H&M“ ја ангажирала моделката Џени Ранк, која носи големина 40, да ја промовира нивната најнова колекција на костими за капење, а тоа предизвика фантастична реакција, особено кај женската публика.Ангажирањето на моделка со облини за промовирање на костими за капење е полн погодок на компанијата, судејќи според неверојатно големиот број позитивни коментари кои ги добија поради оваа кампања.rnrn
„Мислиме дека нашата компанија оди во одличен правец и многу сме задоволни од фотографиите. Нашата цел не е да пренесеме некоја посебна порака, ниту да прикажеме некој нов идеал, туку на јасен и инспиративен начин да ја прикажеме најновата летна колекција“ – велат од „H&M“.
Куклите во бутиците постојат од далечната 1800-та година, кога во текот на индустриската револуција, биле направени излози на бутиците, за да се прикажат последните модни трендови во тој период. Но, се чини модата на изложените кукли, никогаш не се сменила.rnrnИзлог во продавницата H&M во Шведскаrn
Синџирот продавници H&M кој има околу 2.800 продавници ширум светот, можеби ќе го промени начинот на којшто ја доживуваме облеката на излозите, облечена на супер слабите манекенки. Шведскиот H&M воодушеви со своите нови кукли, кои се пополни и конечно покажуваат како изгледа просечното тело на обичната жена во 21 век. Тие инсталирале реалистично обликувани пластични манекенки во нивната продавница, за да им покажат на нивните муштерии, како навистина облеката ќе изгледа на нив, откако ќе ја откачат од закачалките и ќе ја облечат на себе. Овие модели имаат за цел да му дадат реализам на шопинг-искуството, нешто коешто одамна требаше да се случи. Она што ги прави овие кукли реалистични се нивните меки стомаци, пополни бутови, бојата на кожата, фризурата на периките и генерално, пореални пропорции од оние на традиционалните кукли, во коишто сме навикнати да зјапаме по излозите. Во продавницата има разни модели: со мали бутови, голем задник, па дури и со големи гради.Со години наназад, продавниците ширум светот им даваа голем акцент на нивните излози, со цел да ги натераат купувачите да влезат внатре, а куклите коишто ги користат се број 38. Но, по сѐ изгледа полничките познати лица како пејачката Адел и актерката Кристина Хендрикс, како и враќањето на модата од 50-тите и 60-тите, помагаат облините повторно да бидат „ин“ и секси. Кај производителот на кукли „Displaysense“ нарачките за пластични манекенки со броеви 42 и 44, се зголемиле за 16%, бидејќи бутиците почнале да се ослободуваат од оние со „број нула“ и почнале да ги фаворизираат облините.
rnrn
Претставник од компанија изјавил: „Облините се повторно ин, и ќе останат да бидат во текот на оваа сезона пролет/лето. Најбитна работа во бизнисот, е да им останете релевантни на вашите потрошувачи, а нашите нарачки покажуваат дека покрупните и понадарените манекенки, како и пошироки закачалки за потешките алишта и други изложбени производи за плус-големини, се несомнено во пораст.“
rnrnОстанува само да се надеваме дека свеста за нереалните пропорции на куклите во бутиците, ќе зачука и на вратите во бутиците, ширум нашава држава.rnrnrnrn
Летото наближува, подготвени сте за на плажа? Пристигна целосната колекција костими за капење на H&M за ова лето, некои со впечатливи бои, други со едноставни дезени. Во една од фотосесиите за оваа колекција учествува и нашата прекрасна Катарина Ивановска. Погледнете го останатиот дел од колекцијата и одберете го вашиот омилен модел за оваа летна сезона.rnrnПогледнете ја и новата колекција костими за капење за лето 2012 на Victoria’s Secret.rnrnrn
Автор: Симона РистоскаrnrnОваа година познатиот шведски бренд H&M ја посвети својата кампања за лето 2012 на борбата против ХИВ/СИДА . Целта е да се подигне свеста кај младите денес и да се поттикнат што повеќе да се информираат за тоа како да се заштитат од опасниот вирус. Она што е можеби најважно во врска со оваа кампања, освен вниманието што го привлекува, е фактот дека H&M ќе поделат 25% од приходот од колекцијата на четири различни организации кои помагаат во превенцијата од ХИВ/СИДА преку едуцирање и информирање. За неверојатно краток период од лансирањето на кампањата, компанијата успеа да подигне преку 6,5 милиони долари. Ова е трета акција од овој тип што ја организира овој бренд.Самата колекција е интересен микс од весели парчиња со племенски принтови и хипи стил креирани од интернационални артисти, дизајнери и илустратори со кои компанијата склучи партнерство за новата кампања. Она што компанијата успеа да го потврди е токму тоа што многу дизајнери претходно го имаат констатирано, модата не е само во облеката, модата е поврзана со идеите, начинот на кој живееме и сè она што нè опкружува.Освен преку добар шопинг, компанијата им овозможи многу интересен начин на младите да се вклучат уште поактивно во целиот проект – „Бакнување за кауза“. Сè што треба е да ја зграбите драгата личност и да го овековечите бакнежот со добра фотографија. Логирајте се на fashionagainstaids.com и H&M ќе донира по 1 долар за секоја испратена фотографија.rn
Веќе имавме прилика да видиме дел од пролетната колекција на „H&M“, но овојпат станува збор за нејзино надополнување, а новите парчиња ги презентира познатата германска моделка Тони Гарн. За новите модели се употребни класични црни и бели тонови во комбинација со јаки и пастелни бои. И овојпат повторно сè е сведено на минимум детали, со што оваа модна куќа повторно го истакнува нивниот стил на уредни, класични и софистицирани парчиња облека.rnrn
Колекцијата пролет/лето 2012 на „H&M“ нуди нови интересни парчиња облека. Повеќето комбинации се направени во светли и тренди бои, а колекцијата вбројува фустани, чевли, панталони, здолништа, сакоа, очила за сонце, блузи, кошули и уште многу други парчиња. Оваа колекција на едноставни парчиња е уште еден приказ на стилот кој го практикува овој бренд, скромна и ненападна облека, која доколку е добро искомбинирана, делува фантастично. Колекцијата вбројува и парчиња направени во ретро стил, а за изработка на целата серија биле употребувани памук, свила, лен кожа и други материјали.