Модните трендови се менуваат од сезона во сезона. Оваа есен ќе ја одбележат живи бои и дезени. Ова се боите кои ќе бидат хит оваа есен:rnrn
Окер
rnОваа боја е софистицирана и сензуална. Облеката со темно портокалова боја можете да ја комбинирате со некои парчиња со неутрална боја. Како на пример, тесни цевка фармерки во окер боја, одлично стојат со бела кошула.
rn
Црвена
rnЦрвената боја ќе биде апсолутен хит оваа есен. Црвени пантолони можат да се комбинираат со еднобојни маици и кошули или пак парчиња со живописни принтови. Во случај да не сте расположени за црвени пантолони, тогаш изберете некоја црвена блуза или кошула и сигурно нема да погрешите.
rn
Сина
rnВо есенски бои не спаѓаат само оние кои асоцираат на ова годишно време. Одберете ја оваа боја и подгответе се да бидете главна модна икона оваа есен. Одлична е во комбинација со светло портокалова боја.
rn
Жолта
rnЖолт фустан е едно од задолжителните парчиња за оваа есен. Одберете каков било вид жолт фустан за да изгледате сензуално. Дури можете да ја збогатите и вашата колекција на обувки, со еден пар жолти чевли.
rn
Виолетова
rnВиолетовата е една од најубавите есенски бои. Без разлика дали ќе одберете да носите виолетови чевли, џемпер или фустан, секако ќе изгледате фантастично. Комбинацијата можете да ја надополните со бела или жолта чанта за да го комплетирате вашиот изглед.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.