КАФЕ ПАУЗА

Tag: хит

  • Хит боја на кармин за есен/зима 2015: Дали би се осмелиле да ја пробате?

    Хит боја на кармин за есен/зима 2015: Дали би се осмелиле да ја пробате?

    Есента и зимата се периоди од годината кога владеат темните нијанси на кармини, но овогодишниот тренд го следат само оние кои се најхрабри. Многу светски модни и бјути списанија ја најавуваат црната боја на кармин како овогодишен есенско зимски тренд кој секоја девојка треба да го проба, но истовремено и предупредуваат бидејќи е ризичен за носење.rnrn(1) Хит боја на кармин за есен/зима 2015: Дали би се осмелиле да ја пробате?rnrnЦрниот кармин не е воопшто необичен на модните писти, а од неодамна го користат и најхрабрите трендсетерки како Ријана. Изгледа овој тренд брзо се шири бидејќи е многу застапен на Инстаграм, додека сè почесто може да се забележи и во секојдневието. Без разлика дали ќе одберете сјајна или мат верзија, вие можете да ја комбинирате во сите тонови и нијанси. Дали сте доволно храбри да го пробате овој тренд?rnrn

  • Коса во боја на тиква: Хит нијанса за оваа есен!

    Коса во боја на тиква: Хит нијанса за оваа есен!

    Ако ви е потребна нова промена на фризурата и ако размислувате што би можеле да направите со косата, тогаш ви предлагаме да размислите за коса во боја на тиква, која станува сè популарна за оваа есен.rnrn1-kosa-vo-boja-na-tikva-hit-nijansa-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rnrnПортокаловата палета на бои е идеална за есенските денови, бидејќи одлично им стои на светлите дами, какви што се повеќето од нас во текот на овој период. Покрај тоа, бидете сигурни дека оваа необична боја ќе се усогласува со вашата гардероба, бидејќи колку и на прв поглед да ви се чини дека е јака и агресивна, имајте на ум дека ова е боја „од природата“.rnrn2-kosa-vo-boja-na-tikva-hit-nijansa-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rnrnОвој нов хит е инспириран од популарниот напиток на Старбакс, Pumpkin Spice Latte, кој овој сиџир го нуди само во есенските денови. Ако сакате да експериментирате, сигурно ќе ви биде интересна портокаловата боја на коса низ која се преплетуваат занесни кафеави прамени. Резултатот ќе биде одличен, бидејќи вашата коса ќе изгледа многу природно.rnrn

  • Хит за оваа есен: Кафеав кармин кој е создаден за есенските денови кои доаѓаат

    Хит за оваа есен: Кафеав кармин кој е создаден за есенските денови кои доаѓаат

    Кафеавиот кармин е одличен избор за ладните денови кои доаѓаат. Темната нијанса во боја на чоколада е совршена за вечерни излегувања, а преку ден секогаш може да комбинирате посветла нијанса, како што е бојата на лешник со облека во пастелни, но и јаки бои. Исто така, во студените есенски и зимски денови треба да користите пудра секој ден, бидејќи ако е квалитетна ќе ја заштити вашата кожа од последиците на ветрот и лошото време.rnrn1-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_rnrnПостои нешто навистина мистериозно и несекојдневно кога жената на своите усни ќе нанесе кармин во кафеава боја. Нејзините усни автоматски добиваат мистериозност, исполнетост, а карминот во оваа боја со својата убавина не заостанува никако зад кармините во светли и пастелни нијанси.rnrn2-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_rnrnКафеавиот кармин е одличен избор доколку имате светла боја на косата, но и ако се бојадисувате во розова или виолетова боја кои се апсолутен тренд оваа година.rnrn3-hit-za-ovaa-esen-kafeav-karmin-koj-e-sozdaden-za-esenskite-denovi-koi-doagjaat-www.kafepauza.mk_rnrnКафеавиот кармин може да го нагласите со сјај за усни, можете да го нанесете во неколку слоја ако сакате поинтензивен изглед или да додадете малку „nude“ кармин за посветла нијанса.rnrn

  • Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Златна, црвена, сива или бордо се боите кои се задолжителни за оваа есен за сите дами со стил. Новите колекции на лакови се богати со топли есенски нијанси кои со задоволство ги носиме токму поради нивната грациозност. Оваа сезона може да уживате во лаковите со боја на вино, смарагд или пак сива. Ова се мистичните бои со кои ќе ги украсувате вашите нокти оваа есен.rnrn01-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    1. Златна

    rnВистинска асоцијација за есента е токму златната боја. Во комбинација со некој златен аксесоар украсете ги своите нокти со оваа прекрасна нијанса. Доколку не сакате да ги лакирате сите нокти во златна боја, слободно може да одберете некој нокт на левата и десна рака кој ќе го излакирате во златна боја, а останатите да ги лакирате во друга боја.rnrn2-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    2. Величествена сива

    rnСивата и беж нијансата секогаш одговараат на која било комбинација што ќе ја изберете. Матираната сива боја најдобро ќе ги истакне есенските бои на вашата гардероба.rnrn3-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    3. Смарагдна

    rnВо оваа сезона апсолутен хит е смарагдната боја, но и сите зелени нијанси на лакови за нокти. Немојте да се плашите и испробајте неколку нијанси на темнозелена боја, сепак тие најдобро ќе се вклопат во есенските дождови и есенската идила.rnrn4-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Бакарна

    rnЛакот за нокти во бакарна боја може да ве потсети на 90-тите, а доколку имате потемен тен оваа нијанса совршено ќе ви одговара.rnrn5-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    5. Кралско сина

    rnТиркизните бои од летото сега се заменуваат со темносини нијанси на лакови за нокти. Нијансите потсетуваат на боите на самракот или на темните есенски ноќи кои сите ги обожаваме. Иако оваа нијанса бара повеќе внимание и трпение додека се нанесува, трудот ќе се исплати, бидејќи во секоја дневна комбинација ќе изгледа многу интересно.rnrn6-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    6. Боја на црвено вино

    rnОваа сезона преовладува бојата на црвено вино и бордото. Топли бои која совршено се вклопува со зелената, црната или кафеавата боја на есента.rnrn7-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    7. Земјени тонови

    rnТоплите земјени тонови се хит за секоја сезона поради едноставноста и убавината на боите, кои се прелеваат во разни нијанси на зелена, кафеава, беж и сива боја.rnrn8-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

  • Најновиот хит за оваа есен: Мерлот боја на коса!

    Најновиот хит за оваа есен: Мерлот боја на коса!

    Паралелно со модните трендови, секоја година во есен се појавува и цела низа нови бјути трендови, без разлика дали станува збор за шминкањето, обликувањето или бојадисувањето на косата. Па така, еден од водечките трендови за оваа есен ќе биде мерлот бојата за коса. За што всушност станува збор?rnrnnajnoviot-hit-za-ovaa-esen-merlot-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_rnrnМерлот е врста на вино кое е познато по неговата богата црвена боја, додека мерлот трендот во бојадисувањето на косата подразбира нијанса која се базира на комбинација на боите на вишна и какао. Мерлот бојата може да ја добиете и со комбинација на виолетова и црвена, додека во зависност од нијансата којашто сакате да ја постигнете, на вашата коса може да доминира виолетовата односно црвената боја.rnrn2-najnoviot-hit-za-ovaa-esen-merlot-boja-na-kosa-www.kafepauza.mk_rnrnНајдобрата варијанта која можете да ја изберете е мерлот бојата да ја нанесете на кафеава коса, бидејќи на тој начин нема да добиете боја која ќе изгледа премногу нападно, додека оние похрабрите може да се одлучат за длабински прамени или за коса која е потполно бојадисана во црвено – одлуката е ваша!rnrn

  • Одличниот настап на Трејси Чепман е најдобрата изведба на „Stand By Me“ што некогаш сте ја слушнале

    Одличниот настап на Трејси Чепман е најдобрата изведба на „Stand By Me“ што некогаш сте ја слушнале

    Познатата пејачка Трејси Чепман неодамна гостуваше во шоуто на Летерман каде што воодушеви со неверојатната изведба на „Stand By Me“ од Бен И. Кинг.rnrn1-Odlichniot-nastap-na-Chapmen-e-najdobrata-izvedba-shto-nekogash-ste-ja-slushnale-na -Stand-By-Me-kafepauza.mkrnrnТаа на публиката ѝ е најмногу позната по неверојатните „Fast Car“ и „Give Me One Reason“, но по оваа изведба на легендарната „Stand By Me“ изгледа дека дел од музичката историја одново ќе биде напишана.rnrn„USA Today“ го нарече нејзиниот настап беспрекорен, а „Билборд“ се сложи, додавајќи:rn

    „Секогаш кога Трејси Чепман ќе го фати микрофонот знаете дека ќе следува момент од кој сите ќе занемат. Добитничката на Греми предизвика исклучителна занеменост кога се појави во шоуто.“

    rnУживајте во кавер изведбата со која Чепман ги разнежни срцата на сите!rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дознајте која песна била хит на денот кога сте се родиле

    Дознајте која песна била хит на денот кога сте се родиле

    Дали некогаш сте се запрашале по која песна најмногу лудувале луѓето дента кога вие сте дошле на овој свет? Можеби да, можеби не, но секако е забавно да се знае.rnrndoznajte-koja-pesna-bila-hit-na-denot-koga-ste-se-rodile-kafepauza.mkrnrnТоа е можно со помош на апликацијата Birthday Song на музичкиот веб-сајт playback.fm. Внесете го датумот на раѓање и притиснете Find #1 Song. Потоа веднаш можете да ја слушнете, а апликацијата дополнително ќе ви каже и пред колку точно минути сте се родиле.rnrn2-doznajte-koja-pesna-bila-hit-na-denot-koga-ste-se-rodile-kafepauza.mkrnrnИ, која песна ја добивте? Ја знаете? Сте ја слушале? Ви се допаѓа?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Згодни момци кои читаат – Најголемиот хит на Инстаграм во моментов

    Згодни момци кои читаат – Најголемиот хит на Инстаграм во моментов

    HotDudesReading е еден од најголемите хитови на Инстаграм во овој момент. Тоа е профил на којшто може да се најдат фотографии од згодни момци кои читаат книги додека се возат во њујоршкото метро. Сопственикот на профилот, кој не е познат, бара од останатите корисници на социјалната мрежа да праќаат нивни фотографии на истата тема, а единствениот критериум е книгите да бидат во печатено издание. Читање книги во електронска форма не се прифаќа. Фотографиите кои следуваат се сите 13 кои засега се поставени на профилот.rnrnЗгодни момци кои читаат – најголемиот хит на Инстаграм во моментовrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

    7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавно

    Неретко малите и едноставни нешта значат многу и се заслужни за многу добри спомени кои ги понесуваме со себе. Не заборавајте да ги направите овие 7 нешта за ова лето да остане запаметено.rnrn7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавноrn

    1. Спијте на отворено под ѕвездите

    rnЗаборавете на градските гужви и бркотници, на обврските и на асфалтите од кои испарува топлина. Најдете убаво и удобно планинско место и поминете една ноќ на отворено. Можеби друштво ќе ви прави вашиот партнер или некој од пријателите, но во секој случај ќе имате незаборавно искуство. Којзнае, можеби ќе видите и ѕвезда како паѓа па ќе си замислите и желба.rnrn7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавноrn

    2. Променете ја вашата фризура

    rnНема подобро време за промени од летото. Одлучете се за драстична промена и уживајте во самодовербата која ви ја дава новиот изглед. Косата секогаш може да ви порасне повторно, а да се мине животот со една фризура е навистина здодевно.rn

    3. Научете ја кореографијата на некој популарен летен хит

    rnЛани бea Get lucky и Blurred lines, кој ќе го добие заслуженото прво место оваа година? Научете го текстот и потезите од кореографијата на некој популарен летен хит и „растурете“ по дискотеките и летните забави со вашите пријатели. Уште подобро, направете своја кореографија која не мора да биде сериозна, напротив, слободно „откачете“.rnrn7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавноrn

    4. Станете авантуристи на велосипед

    rnИзлезете од градските мешаници, качете се на вашиот велосипед и впуштете се во нова авантура. Повикајте ги и вашите пријатели и кога веќе сте во природа организирајте добар пикник. Не заборавајте да се држите до означените патеки и да понесете со себе многу вода и да останете хидрирани. Сè останато е само забава и добри спомени.rn

    5. Поставете лежалка во вашиот двор

    rnИли уште подобро, висечка лежалка на која може да ги минувате топлите летни денови под сенка, во ладовина, со чаша ладен пијалак и добра книга. Некогаш за да се опуштите и да креирате добри спомени не мора воопшто да го напуштите вашиот двор.rnrn7 работи кои може да ги направите за ова лето да ви биде незаборавноrn

    6. Бидете креативни

    rnОставете ги дома смартфоните и излезете во природа со хартија и пенкало. Изразете се себеси и ставете ги вашите чувства на хартија. Напишете поема, расказ, или пак започнете роман! Може и да цртате. Добредојдено е сè што ја поттикнува вашата креативност и ви носи мир поврзувајќи ве со природата.rn

    7. Научете нов спорт

    rnМоже да биде и екстремен спорт доколку сте похрабри. Нема подобро време за уживање во спортот од летото, особено спортовите на вода. Не бидете пасивни ова лето и не ги наведувајте високите температури како причина да останете дома и да не правите ништо. Почнете со некој спорт. Ќе ширите познанства, ќе останете во топ форма и ќе бидете побогати за едно искуство во животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Францускиот булдог Тротер – вистински хит на Инстаграм

    Францускиот булдог Тротер – вистински хит на Инстаграм

    Францускиот булдог Тротер е голема сензација на социјалната мрежа Инстаграм. Ова црно кученце на секоја своја слика добива по барем 10.000 лајкови, а на својот профил има повеќе од 166.000 следачи. Неговата сопственичка Соња Ју секогаш знае да направи интересна фотка, облекувајќи го на креативен начин. Погледнете дел од фотографиите со Тротер.Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм Францускиот булдог Тротер - вистински хит на Инстаграм
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn