КАФЕ ПАУЗА

Tag: херој

  • Шекспирови мисли за животот

    Шекспирови мисли за животот

    Вилијам Шекспир (26.04.1564 – 23.04.1616) бил поет и писател на драми. Тој се смета за национален поет на Англија каде што го нарекуваат „Bard of Avon“ (раскажувачот на приказни од Авон). Неговата неверојатна колекција содржи 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и уште неколку други поеми. Неговите драми се преведени на скоро сите јазици во светот и според нив се одржуваат повеќе претстави од кои било други дела.rnrnТоа што го прави Шекспир толку многу посебен е всушност начинот на кој тој размислувал и комплексноста на тие мисли преточени во неговите дела. Оваа уникатна способност одлично се забележува и во наредниве неколку негови мисли за животот…rnrnШекспирови мисли за животот
    rn

    „Будалата се смета себеси за мудар, но мудриот човек знае дека е будала.“

    rnШто всушност добиваме со преценувањето на нашите способности? На тој начин само одбираме сигурен и брз пат до разочарувањето. Секогаш обидувајте се да бидете приземни во однос на вас и вашите способности, бидејќи само на тој начин можете да постигнете вистински успех.rn
    rn

    „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“

    rnБез разлика во која од овие 3 категории спаѓате, никогаш не треба да се плашите од големината. Тоа е доблест која малкумина имаат можност да ја доживеат. Прифатете ја и мудро употребете ја за да промените нешто на подобро во светот.rn
    rn

    „Мирот е карактеристичен за фазата на освојувањето. Тогаш двете страни се величествено повлечени, а ниедна страна не е губитник.“

    rnКога се работи за човечкиот живот – мирот во секој случај е добитна комбинација и тоа е она што треба да биде поважно од сè.rnrnШекспирови мисли за животот
    rn

    „На секој човек понудете му го своето уво, но на малкумина вашиот глас.“

    rnДа се биде добар слушател е дарба која не секој ја поседува. Но, тоа не значи дека треба да ја чувате само за вас. Не можете ни да замислите колку можете да помогнете со едноставно ислушување без критикување. Што се однесува до вашите најдлабоки размислувања, тие секогаш чувајте ги само за најблиските…rn
    rn

    „Премногу добро, понекогаш станува лошо.“

    rnСè што е умерено е совршено и тоа се однесува во сите области од животот. На пример, ако се „предозирате“ со вашето омилено чоколадо – потоа нема да можете ни да го мириснете до крајот на вашиот живот. Која е користа од тоа?rn
    rn

    „Човекот е само човек. И најдобрите понекогаш го забораваат тоа.“

    rnСите ние имаме одредени психички и физички ограничувања. Тие се тоа што нè прават луѓе. Не оптеретувајте се премногу, бидејќи на тој начин најмногу ќе страда вашето здравје.rnrnШекспирови мисли за животот
    rn

    „Додека беше херој, го почитував, но кога стана претенциозен, му го завртев грбот.“

    rnПостојат одредени карактеристики кај „хероите“ кои ги привлекуваат подеднакво буквално сите луѓе на светот. Но, ако дозволите славата и моќта да ви удрат во глава – тогаш инстантно ќе ги снема сите тие карактеристики и преку ноќ ќе ја изгубите целата ваша „публика.“rn
    rn

    „Одете кај вашите гради: тропнете таму и прашајте го вашето срце што знае.“

    rnПонекогаш е потребно едноставно да ги исклучите сите „гласови“ во вашата глава и целосно да се опуштите. Во тие моменти тивкиот глас на срцето настапува на сцена и тој ќе ве упати во вистинската насока.rn
    rn

    „Понекогаш правдањето за направената грешка ја прави грешката полоша поради оправдувањето.“

    rnСекогаш цврсто стојте позади вашите дела. Лагите, прикривањата и оправдувањата можат само да ја влошат ситуацијата. Сте направиле грешка? Не е ништо страшно… Признајте ја и гледајте на неа како лекција од животот поради која во иднина во слична ситуација правилно ќе постапите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте го грофот Дракула

    Запознајте го грофот Дракула

    Што се крие зад моќното име на грофот Дракула?

    rnЗа едни тој е симбол на страв и ужас, за други народен херој, за некои голем христијанин, за некои антихрист… Безброј приказни и митови се врзани за животот на Дракула. Од досегашните записи, нема дилеми единствено околу неговото вистинско име и местото на раѓање. Се викал Влад Трети Цепеш и е роден во 1431 година, во Сигишоара, Трансилванија, која во тој период била под власт на Унгарците. Три пати бил војвода на Валахија (1448; 1456–1462; 1476).rnrnСин е на принцот и витез во братското здружение „Редот на змејовите“, Влад Втори Дракул (Дракул доаѓа од латинскиот збор „драк“ и значи змеј) и на принцезата Чнеајна од Молдавија. Цепеш имал и тројца браќа (Мирчеа Втори, Влад Чалуграрул и Раду чел Фрумос). Се претпоставува дека потекнува од кралско семејство од Валахија, а Дракула е неговиот прекар и значи „син на змејот“. Така бил наречен во чест на неговиот татко, заради неговата храброст и заслугите во борбата против Турците. Но, покрај змеј, зборот „драк“ истовремено (на романски) значи и ѓавол. Кога се потенцира темната страна на Цепеш, на површина испливува второто значење на зборот и Дракула се претвора во лошиот лик од приказните, односно во „синот на ѓаволот“.Запознајте го грофот Дракула„Редот на змејовите“ е создаден од унгарскиот крал Зигмунд Луксембуршки, за да го штити христијанството од непријатели, особено од Турците. Членовите биле облечени во црвено-црна комбинација. Коинциденција или не, токму така е опишан и вампирот, наречен гроф Дракула, во книгата на ирскиот писател Брам Стокер. Во Редот, од своите 5 години членувал и Цепеш. Доказ за тоа е неговиот потпис на еден од документите, кои биле подоцна пронајдени. Тој се потпишувал како Wladislaus Dragwlya или Drakwlya.rnrnВлад Цепеш Дракула на 17 години ги изгубил татко му и неговиот постар брат. Тие биле обезглавени од страна на аристократите. Според легендите, ова бил пресудниот момент, кој го излудел Дракула и од него направил монструм. Тргнал да го одмазди семејството и започнал со свирепите измачувања и убиства…rnrnДруга легенда пак, заради која се верува дека Дракула станал брутален владетел е самоубиството на неговата прва сопруга, чие потекло е непознато. Според легендата, Турците испратиле писмо до неа, во кое ù напишале дека го убиле Влад Цепеш, кој во тој момент бил на бојното поле. Откако го прочитала, таа не можела да се помири со загубата и се фрлила од еден од прозорците во реката Аргеш (денеска е позната како Реката на принцезата) која течела под замокот. Кога дознал што се случило, Дракула им објавил војна на Турците. Тогаш се свртел и против црквата, со образложение дека таа била должна да ја заштити неговата сопруга од злото, а не го сторила тоа. Од бракот со првата сопруга тој имал само едно дете.rnrnДракула се оженил и по вторпат, за ќерката на кралот Матијас, Илона Шилаѓи, со која имал два сина. Постариот се викал Влад Четврти Дракула, а името на помладиот е непознато.Запознајте го грофот ДракулаЦепеш за првпат се споменува во турски хроники од 15-16-ти век, каде е наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Тоа име го добива поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на затворениците и на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, меѓу кои и голем број Турци, но тогаш тоа не го направило немилосрден убиец, туку национален херој. Неговиот народ го гледал како човек кој ја брани земјата од султанот и го штити христијанството.rnrnЕден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.rnrnДракула бил убиен во 1476 година, во една од битките против Османлиите. Тие неговата глава ја ставиле во мед и му ја испратиле на султанот, кој потоа ја покажувал на народот, за да го увери дека Дракула е мртов.rnrnСе верува дека посмртните останки на Дракула биле закопани во Валахија. Во 1931 година, кога грбот бил откопан заради одредени истражувања, во него не било пронајдено апсолутно ништо. Најверојатно тој бил мета на крадците… Некои пак, веруваат дека гробот на Дракула се наоѓа во манастир во Снагов (во близината на Букурешт).rn
    rn

    Замокот на Дракула (Замокот Бран во Романија)

    rnЗапознајте го грофот ДракулаЗамокот Бран, попознат како Замокот на Дракула во минатото бил од стратешко воено и економско значење. На почетокот бил дрвена тврдина, изградена во 1212 година, од витезите на Тефтонскиот ред. Тогаш бил нарекуван „Dietrichstein“. Во 1377 година, унгарскиот крал им дозволува на жителите на Брашов да издигнат нова тврдина на истата локација.rnrnНивните потомци, во 1920 година одлучиле замокот да ù го подарат на романската кралица Марија. Тој брзо станал нејзина омилена резиденција. Денес посетителите можат да видат артефакти главно од нејзиното време, како мебел и традиционални таписерии, кои биле нејзини лични колекции. Она што недостасува, се предмети кои би сведочеле за животот на крвавиот владетел Дракула.rnrnВо 1948 година, кога Романија е под комунистички режим, Владата го конфискува замокот од нејзината ќерка и наследничка, принцезата Илеана и го депортира целото кралско семејство. 58 години подоцна, во 2006 година, Романската влада имотот му го враќа на нејзиниот единствен син Доминик од Австрија, принцот на Тоскана, познат како Доминик Фон Хабсбург, архитект во државата Њујорк. Тој уште наредната година сакал да го продаде и го ставил на аукција, но властите го спречиле во намерата.rnrnДенеска замокот на суровиот владетел е една од најпосетуваните и најпопуларни туристички атракции во светот. Се издига величествено на карпа со преубав поглед, близу градот Бран, помеѓу романските провинции Трансилванија и Влашко. Во него има долги и темни ходници, во кои се верува дека грофот Дракула се криел од Османлиите…Запознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот Дракула
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.