КАФЕ ПАУЗА

Tag: грозје

  • За најмалите: Со помош на овој едноставен тест со грозје откријте колку се интелигентни вашите деца

    За најмалите: Со помош на овој едноставен тест со грозје откријте колку се интелигентни вашите деца

    Дали сте знаеле дека обичното суво грозје кое го користиме за подготовка на десерти може да ја открие интелигенцијата на вашето дете и фактот дали тоа ќе се снаоѓа во училишните клупи? Не станува збор за трик, туку за психолошко тестирање кое можете и самите да го пробате.rnrnza-najmalite-so-pomosh-na-ovoj-ednostaven-test-so-grozje-otkrijte-kolku-se-inteligentni-vashite-deca-www.kafepauza.mkrnrnОвој тест им се задава на мали дечиња кои се постари од 20 месеци и вклучува испитување преку игра, кое вклучува само 2 елемента: суво грозје и чаша. Тестирањето трае 1 минута, а како што тврдат научниците, многу е ефикасно за откривање на степенот на концентрација, обрнување внимание на деталите и способностите за учење кај најмалите.rnrnРезултатите од овој тест ќе бидат видливи уште во претшколската возраст, поточно помеѓу 6-тата и 8-тата година од животот, кога децата се подготвуваат да тргнат на училиште. Со оглед на тоа што ова е доба на големи промени, пред нив се наоѓаат бројни задачи за кои некои сè уште не се спремни. Па, со помош на резултатите, вие можете многу лесно и едноставно да предвидите дали вашето дете е спремно за училиште, односно дали ќе има потешкотии со совладувањето на материјалот и предизвиците кои доаѓаат со денешното образование и пубертетот.rn

    Тест за интелигенција со грозје

    rnОвој тест е предвиден за деца постари од 20 месеци. Доколку сакате резултатите да бидат поверодостојни, не треба вие самите да го тестирате вашето дете, туку да дозволите тоа да го направи друга личност, кон која детето нема изразено силни емоции.rnrnНаместете го детето на столица, а пред него, на маса, поставете зрно суво грозје и поклопете го со чаша. Потоа објаснете му дека тоа треба да го земе грозјето (или изеде) дури откако ќе добие дозвола да стане од столот. Ако тоа издржи цела минута, без да го прекрши правилото, се смета дека е натпросечно интелигентно.

  • Диета со грозје: Изгубете 5 килограми во рекордно време

    Диета со грозје: Изгубете 5 килограми во рекордно време

    Одржувањето на диетите не е многу лесно и не секој може да успее. Токму затоа и оваа диета е совршена. Таа трае само 4 дена, додека ја водите нема да бидете гладни, а можете да изгубите и до 5 килограми. Исто така можете да научите и неколку трикови со чија помош можете да го комбинирате грозјето со други видови храна. Кога ќе одбирате грозје, определете се за она кое содржи повеќе семки бидејќи тоа изобилува со полифенор кој помага при забавување на стареењето. Ова овошје има неверојатна моќ на телото така што го освежува, чисти и му ги овозможува потребните хранливи материи.rnrnДиета со грозје: Изгубете 5 килограми во рекордно времеrn

    Прв ден

    rnПојадок: Во голем сад ставете една лажица овесни снегулки кои биле покиснати во вода цела вечер, а потоа додајте половина портокал исечкан на коцки, 250 милилитри јогурт и 100 грама грозје. Измешајте добро.rnrnРучек: Исечкајте 200 грама тиква на коцки и неколку минути пржете ја во путер. Исечкајте 100 грама грозје (секое зрно на половина) и 100 грама зелена салата. Додајте една лажица ореви исечкани на мали парчиња. Измешајте ги сите состојки освен оревите, кои ќе ги додадете на врвот.rnrnВечера: Вечерата е резервирана за овошна салата и пилешки прсти. Измешајте 100 грама грозје, 50 грама ананас (исечкан на коцки), додајте сок од грозје и малку вода по потреба. Пилешките прсти подгответе ги со динстување на вода.rn

    Втор ден

    rnПојадок: Измешајте 250 грама јогурт со супена лажица сок од лимон и додајте 150 грама грозје.rnrnРучек: Сварете 5 лажици интегрален ориз во три пати повеќе вода. Подгответе ја вашата омилена риба во маслиново масло, а потоа исечкајте ја на парчиња. Додајте 2 лажици од неа во оризот, а потоа измешајте и 150 грама грозје.rnrnВечера: Варете 100 грама компири, 1 морков и 1 помал целер 15 минути. Зачинете по ваш вкус со растителни зачини. Откако ќе завршите со вечерата изедете 250 грама црно грозје.rn

    Трет ден

    rnПојадок: Ставете во блендер 100 грама посно сирење и 150 грама грозје. Изматете.rnrnРучек: 250 грама риби, 150 грама брокула и 1 главица лук. Направете од овие состојки чорба, а потоа изедете 150 грама грозје како десерт.rnrnВечера: Измешајте желе од грозје со малку вода и оставете го да отстои. По некое време додајте му 250 милилитри сок од грозје и измешајте. Додека мешате додавајте и јаболка (половина, исечкана на парчиња) и 50 грама зрна грозје (исечени на половина). Оставете го оброкот 1 час во фрижидер пред сервирање.rn

    Четврти ден

    rnПојадок: На едно парче леб намачкајте посно сирење, а потоа изедете 200 грама грозје.rnrnРучек: Направете палачинки со грозје. Ќе ви бидат потребни 3 лажици брашно, половина чаша вода и едно јајце. Испечете ги палачинките и наполнете ги со мешавина од 1 лажица минерална вода и 200 грама грозје.rnrnВечера: Направете гулаш од мисирка со печурки. Исечкајте ги мисиркините гради на тенки парчиња и испржете ги. Варете 100 грама брокули 2 до 3 минути, а во меѓувреме исечкајте морков на мали кругови. Исечкајте 2 поголеми печурки на листови. Сите состојки ставете ги во сад за готвење и додајте 120 милилитри супа од овошје. Варете 10 минути и при крајот додајте 60 грама зрна грозје и 2 лажици кисела павлака.

  • Вашето омилено овошје ги открива вашата личност и вашиот карактер

    Вашето омилено овошје ги открива вашата личност и вашиот карактер

    Сите ние уживаме во консумирањето на нашето омилено овошје, бидејќи тоа е здраво, природно и е одлична замена за слатките, со оглед на тоа што некои плодови се многу богати со природен шеќер.rnrnИзборот на омиленото овошје многу зборува за вашиот карактер, а оваа теорија е стара повеќе од 2.000 години и за прв пат се појавила во стара Јапонија. Начинот на кој ги третираме луѓето, облеката што ја избираме, начинот на кој се однесуваме и разговараме со луѓето, семејството и пријателите, па дури и какви сме кога сме налутени и спремни за кавга – сето тоа можеме да го дознаеме од нашето омилено овошје.rnrnНаучниците тврдат дека омиленото овошје е сигурен показател за типот на личноста и дека поради него често сонуваме. Овошјето има одредена симболика, припишувани му се магични својства, а одговорот на прашањето каква личност сте ќе ви го даде токму вашето омилено овошје.rnrn1-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    1. Јаболко

    rnЈаболката ги обожаваат веселите и ведри личности кои не сакаат ризици и секогаш играат на сигурно. Овие личности се фер играчи, никогаш нема да подметнат некоја измама и ќе ги избегнат кавгите, конфликтите и озборувањата. Тие се премногу срдечни индивидуи, секогаш спремни да излезат во пресрет и да помогнат на секого. На нив можете да се потпрете во секој момент. Луѓето често ги гледаат како лековерни и наивни, па затоа многупати се жртви на измамување. Во љубовта имаат реални очекувања, не живеат во облаци и никогаш нема поради љубов да си ја „загубат“ главата.rnrn2-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    2. Портокал

    rnПортокалот е омилено овошје на силните личности, но овие индивидуи се често недостапни, затворени и тешки за придобивање. Потребно е многу време и труд за тие да се отворат, да ви ја укажат нивната доверба и да ве прифатат за пријател. Исто така се склони кон ненадејни промени на расположението, лесно и брзо се лутат и често изговараат грди зборови за кои подоцна се каат. Љубителите на портокалот имаат исклучителен сексуален набој, но не се склони кон долги врски.rnrn3-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    3. Јагода

    rnЗабавните, срдечни и гостопримливи луѓе обожаваат јагоди. Тие се радуваат на ситници и сакаат да си угодуваат на себе, но и на своите најблиски. Овие луѓе ги боли неправдата, многу се праведни и ќе застанат во нечија одбрана без разлика на последиците. Иако се со отворен дух, кога ќе ги повредите или навредите тешко простуваат. Во љубовта се отворени, не поднесуваат лаги и изневерувања.rnrn4-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    4. Банана

    rnБананата упатува на благи и меки личности, иако тие карактеристики не би им се доделиле на прв поглед. Луѓето кои сакаат банани се сентиментални, осетливи на критика и емотивни. Нив ги карактеризира и непостојаноста и ненадејните промени на одлуките во последен момент. Често се каат поради своите постапки и многу им е грижа за впечатокот кој го оставаат на околината. Во љубовта се потполно посветени, сите нивни врски се фатални, но често се многу посесивни.rnrn5-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    5. Грозје

    rnГрозјето го обожаваат дружељубиви личности кои се вистински тимски играчи. Тие исто така се одлични организатори, родени лидери и во нив соработниците секогаш може да имаат доверба. Добри се во чувањето тајни, многу се амбициозни, но и културни личности. Тие се фини, суптилни и грижливи луѓе. Честопати може да претераат со својата строгост и критика, но не се злонамерни, бидејќи тоа го прават за да им помогнат на останатите и да ги поттикнат да бидат подобри. Тие љубат до крајни граници, склони се на партнерот да му простат сè, па дури и предавство и изневерување.rnrn6-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    6. Вишна

    rnВишната открива разумна, несекојдневна личност со истанчен вкус и непредвидлив карактер. Вишната ја сакаат специфични луѓе кои никогаш не личат на останатите. Тие не сакат ништо што е обично. Сепак, склони се да ги одложуваат обврските, а во љубовта се недостижни.rnrn7-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    7. Кајсија

    rnЉубителите на кајсијата се шармантни, заводливи и сакаат луксуз и скапи работи. Постојано се во брзање и многу ја ценат работата, трудот и залагањето. Тие се пријателски настроени, а уживаат во излегувања и журки. Тие се идеални партнери за долга врска.rnrn8-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_

  • Сладок ракун ужива јадејќи грозје

    Сладок ракун ужива јадејќи грозје

    Ова видео е снимено најверојатно некаде во Русија, според говорењето на снимателот, а во него ќе можете да видите мал ракун кој е седнат на трпезариска маса и слатко си јаде грозје. Зрно по зрно, си ги кине со малите рачиња и си ужива.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите есенски плодови за вашето здравје

    Најдобрите есенски плодови за вашето здравје

    Освен магичната промена на боите во природата, која ни ја носи есента, не смееме да заборавиме и на шаренилото од здрави плодови кои се присутни во овој период од годината. Јаболката, крушите, мандарините и костените се природен извор на фитохемикалии, кои всушност им го даваат пигментот на овошјата и зеленчуците и неретко имаат позитивно влијание врз нашето здравје. Поради тоа, секогаш консумирајте разнобојни плодови бидејќи на тој начин, на вашиот организам, ќе му обезбедите вистинска ризница од вредни фитохемикалии.rnrn1. Кивито претставува одличен извор на витамин Ц, а само еден плод од ова овошје во себе содржи дури 120% од препорачаната дневна количина за овој витамин. Неговата енергетска вредност е ниска, па затоа се смета за одличен диететски производ. Кивито се препорачува да го јадат сите луѓе, а особено оние кои имаат слаб имун систем и висок притисок.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје2. Мандарината содржи бројни состојки кои го бранат нашиот организам од болести, како што се витамините А и Ц. Не е случајност, тоа што мандарините созреваат во периодот на настинките и вирусите, па препорачливо е да се консумира и како превенција од грип. И што е најважно – мандарините нема да ја загрозат вашата линија.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје3. Костенот во однос на другите јаткасти плодови, се разликува по малото количество масти кое го содржи и големото количество скроб. Воедно, тој е и единствен јаткаст плод, кој содржи витамин Ц, а освен тоа е богат и со витамин Б6, калиум и фолна киселина.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје4. Оревите содржат голема количина масти и поради тоа се сметаат за вистинска енергетска бомба. Важно е да се напомене дека станува збор за полинезаситени масти, кои се пожелни да бидат составен дел од исхраната на секој човек.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје5. Кога станува збор за консумирањето грозје, може да се наведат цела низа позитивни влијанија врз човековото здравје, особено врз кардиоваскуларниот систем. Важен минерал кој е составен дел од грозјето е борот, а соодветна количина од овој минерал, е многу важна за одржувањето здрави коски.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје6. Пченката е нутритивно вредна намирница, која не го оптоварува организмот со вишок калории, со оглед на тоа што едно клавче, содржи од 80 до 100 калории. Богата е со јаглехидрати и содржи малку масти, поради што претставува извор на енергија. Освен тоа, пченката содржи и витамини Б1, Б5, Ц, фолна киселина, фосфор, калиум и магнезиум.Најдобрите есенски плодови за вашето здравје
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни новогодишни традиции

    Интересни новогодишни традиции

    Ако за најлудата ноќ планирате да заминете надвор од земјата, немојте да се изненадите ако наидете на некоја од следните традиции.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Данска

    rnВо оваа земја, точно на полноќ луѓето скокаат од столици, со надеж дека ќе ги исплашат лошите духови и ќе им забранат влез во новата година. Покрај ова, традиција на овој скандинавски народ е и кршењето чинии од вратите на пријателите. Ако утрото не можете да излезете од дома, тоа значи дека имате навистина многу пријатели :).rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Јужна Америка

    rnВо јужноамериканските држави, се верува дека ако новата година ја дочекате со црвени гаќички на вас, наредните 365 дена ќе имате среќа во љубовта. Оние пак, кои повеќе преферираат пари, треба да облечат жолта долна облека.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Шпанија

    rnШтом започне отчукувањето на часовниците со кои ги броиме последните секунди до новата година, жителите на оваа земја брзаат да изедат 12 зрна грозје. Ако тоа го сторат пред да завршат отчукувањата, се верува дека ќе ги следи среќа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Белорусија

    rnТаму столбот на новогодишната традиција се немажените моми. Тие во текот на најлудата ноќ организираат игри на среќа и меѓусебни натпревари во различни вештини. Меѓу најинтересните е играта со пченка и петел. Пред себе ставаат зрна пченка и го чекаат петелот да почне да колва од нив. Веруваат дека прва ќе се омажи таа до купчето со првото изедено зрно.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Филипини

    rnКај филипинците сè е во форма на круг. Се надеваат дека годината ќе им биде бериќетна, ако носат облека со кружни форми и дезени и ако за време на новогодишната забава јадат топчести овошја, како на пример, грозје. Округлите работи ги симболизираат железните пари и значат просперитетна година.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Еквадор

    rnВо многу земји палењето фотографии значи лоша среќа. Но, во Еквадор верувањето е сосема спротивно. На новогодишната ноќ тие палат фотографии на кои има работи што не сакаат да им се случат или да им се повторат во годината што доаѓа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Порторико

    rnТаму луѓето фрлаат вода од прозорците за да ја испратат старата година, а со неа и проблемите. Тогаш ги чистат и декорираат домовите, убедени дека со тоа ќе ги избркаат лошите духови.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Австрија и Германија

    rnВо овие две земји за новогодишниот дочек се истура стопено олово во голем сад со вода. Формите што ќе ги направи оловото, треба да одредат каква ќе ви биде годината.  Ако се формира круг, ќе ве следи среќа, но ако се појави крст,  тоа според нивните верувања, значи смрт.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Чиле

    rnЗа Чиле пак, може да се рече, дека гаи по малку морбидна новогодишната традиција. Таму масовно се посетуваат гробиштата, со цел новата година да ја дочекаат заедно со починатите лица од нивните семејства.rnrnИнтересни новогодишни традицииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.