Вашите најинтимни прашања во врска со сексот се конечно одговорени. Без разлика дали се тоа прашања поврзани со постигнувањето оргазам, со сексуално-преносливите болести или со намаленото либидо, експертите ви помагаат подобро да ги разберете овие работи. Заштитете се подобро, уживајте повеќе и изненадете се од работите кои досега не сте ги знаеле за сексот.rnrn
rnrn1. Имав небезбеден секс. Колкави се шансите да сум закачила некоја болест? – Ова е солидна причина за загриженост. Според „Центарот за превенција и контрола на болести“, бројот на сексуално-преносливите болести се зголемува секоја година за 19.000 случаи. За жал, инфекциите не можат да се забележат веднаш, па треба да чекате една недела за да отидете да се проверите за кламидија и гонореја, а потоа и да ги чекате резултатите. Со антибиотици може да се уништат овие бактерии, но ако не се лекувате и ги оставите така, тоа може да има долготрајни последици и негативно да влијае на плодноста. Исто така, по три месеци треба да направите преглед за хепатитис, сифилис и ХИВ, бидејќи на овие болести им треба подолго време за да се покаже дека ги имате во системот.rnrnДоколку не користите таблети за контрацепција или спирала, веднаш треба да купите таблета „утрото потоа“ за да спречите несакана бременост. Можете да реагирате 72 часа после незаштитениот секс, но најефикасно е доколку го направите тоа поскоро. Во иднина, секогаш носете резервен кондом.rnrn2. Имам 30 години и никогаш не сум имала секс. Дали е тоа лошо? – Дефинитивно сте дел од малцинство. Но нема ништо лошо во тоа да се чека, било од религиозни причини или затоа што го чекате совршениот маж. Друга работа е ако сакате да сте сексуално активни, но не сте. Доколку ве вознемирува помислата да бидете интимни со некого, посетете терапевт за да откриете што е тоа што ве спречува да започнете да бидете сексуално активни. Може да е резултат на страв од интимност, ниска самодоверба или проблем од детството. Работејќи со професионалец, можете да стекнете повеќе самодоверба, како и да ги искусите задоволството и емоционалната поврзаност кои доаѓаат со сексот.rnrn3. Не сум заинтересирана да имам секс толку често како моето момче. Дали е ова нормално? – Нормално е едниот од партнерите во врската да има почеста потреба од секс во одредени периоди. Плус, желбата за секс кај жените е повеќе зависна од емоциите, па стресот на работа или некои други лични проблеми можат да имаат влијание. Затоа на пример 9% од жените на возраст 18-44 години признаваат дека имаат намалено либидо според истражувачите од „Општата болница во Масачусетц“. Но, ако со месеци немате сексуална желба, тогаш можеби се работи за недостаток од физичка привлечност.rnrnМногу лекови како антидепресивите, таблетите за контрацепција и антихистамините може да имаат негативни ефекти на сексуалната желба. Проверете си го хормоналното ниво, што може да се помести под влијание на дијабетис, покачен крвен притисок и други проблеми. Кремите на база на естроген или тестостерон може да помогнат. Штом вашиот гинеколог ќе ги открие или отклони причинителите, работете на подигнување на либидото на природен начин. Со вежбање и со правилна исхрана можете да го подобрите изгледот на вашето тело, да си го покачите нивото на енергија и едноставно да го направите тоа. Сексот ги зголемува хормоните кои ја создаваат желбата. Тоа е најдобриот афродизијак кој постои.rnrn4. Ме боли кога имам секс – Добредојдовте во клубот. 60% од жените имаат искусено болка за време на сексуален однос според истражувањето на „Научното списание за акушерство и гинекологија“. Во најчест случај се работи за недостаток од лубрикација. Лекарствата за контрацепција, антихистамините и други може да влијаат на вагиналната сувост, но најчесто не постои друга медицинска причина. Тоа може да се случи на секоја возраст.rnrnТриењето за време на сексуалниот чин може да се користи како природен лубрикант. Дополнително чувајте шишенце со лубрикант базиран на вода, кој може да се користи во комбинација со латекс и не е многу скап. Но, ако продолжите да се чувствувате непријатно или ако ви се појават рани и крвавење, треба да се консултирате со гинеколог. Иритациите кои се јавуваат во вагиналниот отвор може да се сигнал за инфекции на карлицата, бешиката и на уринарниот тракт и тоа мора медицински да се третира. Болката при подлабока пенетрација може да е резултат на оваријална циста.rnrn5. Не сум љубител на орален секс – Има две причини поради кои жените не сакаат да добиваат орален секс: ако тоа не го прави добро нивниот партнер или поради чувството дека нивниот мирис и вкус таму долу не се ОК. Во првиот случај треба да го водите вашиот партнер кажувајќи му каде и како ви се допаѓа да го прави тоа. За второто едноставно туширајте се пред сексуалниот однос.rnrnВо однос на пружањето орален секс пак, многу жени сметаат дека е тоа понижувачки, но многумина го чувствуваат токму спротивното – кога ги задоволуваат своите партнери, тоа им дава некакво чувство на моќ. Сепак, запомнете дека некои сексуално-преносливи болести се префаќаат и преку орален секс, така што пред да почнете да го практикувате, разговарајте со вашиот партнер.rnrn6. Никогаш не сум доживеала оргазам – Како и 10% од сите жени. Тешко е да се опуштите и колку повеќе се оптоварувате со ова, толку потешко може да станува да се фокусирате на доживувањето оргазам. Но вреди да се потрудите. Истражувањата покажуваат дека не само што тие пружат добро чувство, оргазмите делуваат на намалување на стресот, ублажување на болки и на предменструалните симптоми, па дури може и подолго да живеете.rnrnНема конкретно упатство како да стигнете до тоа, бидејќи секој е различен, но клучот е во истражувањето и спознавањето на вашето тело. Со мастурбирање најдобро ќе го постигнете ова. Штом успеете да постигнете оргазам со самозадоволување, ќе знаете како подобро да го водите партнерот. Исто така, често самиот однос не е доволна стимулација за оргазам, па експериментирајте со рацете и во различни позиции. Не вознемирувајте се околу времето кое ви е потребно да доживеете оргазам. Сè што е од 7 до 30 минути е нормално. Само лежете и опуштете се.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn
Дали сме стигнале до ужасувачки степен на неблагодарност? Дали нашите божемски проблеми не ни дозволуваат трезвено да ја согледаме реалноста околу нас? Кои се нашите грижи и маки? Немам што да облечам вечер, подуен ми е стомакот, сум се здебелила две кила, паднав на испит, мама не ми ја купи маичката која ја сакав…? Има луѓе во светот кои буквално гладуваат, кои молат за покрив над глава и родителска грижа. Толку сме зафатени со мрчење, што никогаш нема да речеме Јас го имам ова и ова, туку Ми фали тоа и тоа. Погодете што – секому нешто му фали! Си имаме проблеми, не велам не. Некогаш навистина ни се чини дека работите тргнале по ѓаволите, има периоди кога сè се врти наопаку колку и да се трудиш да го исправиш. Ама никогаш да не успееш да издвоиш време, да си ја чукнеш главата и да си речеш Види со што сè сум благословен/а, навистина е жалосно.rnrnСакам кога гледам луѓе опиени со страст за животот, насочени кон подобрување на светот, оние кои знаат дека не е сè така розово, ама задоволни се со она што го имаат, луѓе со човечност. Ако имаме пари за надградба на нокти, нови штикли или телефон, тогаш со сигурност имаме и за макар најмала и скромна донација, за која нема да бараме нашето име да биде испишано на билборд.rnrnЗа крај, само накратко би сакала да ви ја пренесам поуката која јас ја извлеков од едно книжевно дело. Бог огорчен од сè што се случува на Земјата, и од тоа колку луѓето станале себични материјалисти, ја испратил смртта да им навести дека наскоро ќе ги земе и дека би требало да излезат со пресметките за сите добри и лоши дела во животот. Излезе дека ништо од тоа во кое уживале на Земјата не би можеле да го понесат со себе во смртта. Ниту убавината, ниту парите, ниту предметите, туку само добрите дела кои ќе ги следат цела вечност. А каде се нашите добри дела? Што би понеле со себе? Што би оставиле за луѓето да нè запаметат?rnrn
rnrnГолемите настани честопати се ретки и со релативно кратко траење. И бидејќи однапред се препознаваат како извор на стрес, личноста која се соочува со нив прави сè што е во нејзина моќ за да се избори и да продолжи понатаму. За разлика од нив, малите грижи постојано се собираат во вас и со тек на време можат да предизвикаат одредена стресна болест.rnrnНеколку од овие секојдневни грижи се:rn
rnrnФокусирањето на сегашниот момент е клучот за ослободување од стресот кој го носиме со себе. Наместо да се окупираме со сѐ околу нас, може да се научиме да се посветуваме на една работа во даден момент. Штом еднаш сфатиме што правиме, работата ќе ни причинува многу поголемо задоволство. Наместо да се мачиме, стануваме посветени, подготвени и ангажирани. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да најдете смисла во фокусирањето и подигнувањето на свеста за сегашниот момент.rn
rnrnОбидете се да не мислите на целиот ваш живот. Не се грижете ниту за утре. Само живејте го денес. Ослободувањето од потребата за менаџирање на вашата иднината, ќе ви го ослободи животот и ќе ви помогне да уживате во патувањето.rn
rnrnВо нашиов случај, свртете се кон сонцето и обрнете внимание на она што функционира во вашиот живот. Прославувајте ги успесите и радостите, без разлика дали се работи за унапредување на работа, нов супер колега или редовна плата.rn
rnrnИако очигледно, но кажувањето благодарам е уште еден начин за покажување благодарност. Кога вашиот колега ќе успее да ја заврши задачата што сте му ја задале, кажете му благодарам. Кога ќе ви направат добро кафе во вашето омилено кафуле, дозволете им на келнерите да го забележат тоа. Градејќи позитивни врски со луѓето околу вас, ви се обновува смислата за добрите нешта, а истовремено тоа ќе направи многу од нив да се чувствуваат подобро.rn
rnrnСтеснете го фокусот, барем денес, во овој момент, на ова место. Тогаш делувајте, ангажирајте се, најдете ги добрите работи, кажувајте благодарам и едноставно бидете присутни.rnrn rnrn