КАФЕ ПАУЗА

Tag: грижи

  • 6 нешта за кои мора да престанат да размислуваат сите оние кои премногу се грижат

    6 нешта за кои мора да престанат да размислуваат сите оние кои премногу се грижат

    Постојат луѓе кои ги поминуваат своите денови без ниту една грижа да прелета низ нивните мисли. Тие уживаат во сите оние нешта кои ги прават, горди се на своите одлуки и стојат цврсто зад своите ставови. Тие не дозволуваат да бидат водени од други луѓе, ниту пак нивниот живот да биде под влијание на непотребните грижи. Но, постојат и луѓе кои едноставно не можат да престанат да се грижат дури и за најмалите ситници во нивниот живот. Доколку и вие сте едни од нив, погледнете ги следниве 6 нешта кои трошат најголем дел од вашата енергија и кои конечно треба да најдете начин како да ги исфрлите од вашите мисли…rnrn6 нешта за кои мора да престанат да размислуваат сите оние кои премногу се грижатrn

    1. Дали сте или не сте одговорни за емоциите на другите луѓе?

    rnОваа мисла е една од најсилните извори на анксиозност кај оние личности кои претерано се грижат. Бидејќи тие имаат навика да ги игнорираат своите вистински чувства со цел некако да не ги повредат оние кои ги сметаат за блиски, најголем дел од својата енергија ја трошат на тоа да не направат другите да се чувствуваат лошо. Ова однесување води кон неизбежен умор и негативни чувства.rn

    2. Што другите мислат за она што го правите?

    rnБез разлика дали станува збор за вашиот приватен или професионален живот, доколку вие уживате во она што го правите, едноставно нема потреба да се грижите за она што другите ќе го помислат или кажат. Вие сте слободни да правите сопствени избори, кои не се под влијание на општото „сфаќање“ за она што треба да го прави еден маж или жена на ваше место.rn

    3. Дали се исхранувате правилно?

    rnНе постои еден единствен начин кој води до здравје, ниту пак до здрав изглед. Наместо постојано да се грижите дали правило се исхранувате, фокусирајте се на вашите вистински цели за здравјето: зацврстување на телото, чистина на умот и јадењето на онаа храна која вашето тело и ум ја бараат.rn

    4. Што другите мислат за изборите кои ги правите?

    rnДоколку сакате да водите здрав живот, вие мора да се ослободите од сите оние луѓе кои постојано ги осудуваат одлуките кои ги доведувате за вашиот живот, како на пример, каде да се запишете на факултет, што да учите, каде да живеете, како да живеете, што да јадете… Тие со овие осуди се обидуваат да го наметнат нивното мислење во вашите одлуки. Вам најважна треба да ви биде вашата добросостојба, па токму затоа треба да престанете да се грижите што другите мислат за оние работи кои ве прават навистина среќни.rn

    5. Дали сте доволно добри за луѓето во вашиот живот?

    rnОваа мисла најчесто доаѓа од стравот од напуштање, па токму затоа постојано се појавува во мислите на оние луѓе кои премногу се грижат. Вие треба да научите како целосно да ја отфрлите оваа мисла од вашата глава, доколку сакате да останете позитивни и среќни. Доколку го сторите тоа, нема претерано да трошите време и енергија во правењето нешта со цел да бидете повредни во очите на вашите најблиски. Токму тогаш ќе откриете и колку навистина ве сакаат и ценат тие.rn

    6. Дали вашето семејство ги одобрува вашите постапки?

    rnПонекогаш нашето семејство знае да ги прескокне границите кои сме ги поставиле заеднички и целосно да ја преземе контролата врз нашиот живот од страв да не доживееме неуспех или да не ги достигнеме очекувањата кои тие ги замислиле. Но, вие треба да сфатите дека вашето семејство може да има свое мислење за вас, но вие сте оние кои сте одговорни за сопствената среќна. На крајот на краиштата, оние кои навистина ве сакаат и почитуваат со тек на време ќе прифатат дека вашата сила се крие токму во вашите избори, а не во правењето на оние нешта кои тие мислат дека се најдобри за вас.

  • 5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личности

    5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личности

    Анксиозност. Многумина ја категоризираат како болест на модерното време или измислена ментална состојба од која лесно може да се излезе само што луѓето сакаат да преувеличуваат. Вистината е дека стресот и брзото темпо на живот ја носи таа анксиозност со која не секогаш е лесно да се справиш. Анксиозните личности се соочуваат со многу грижи, проблеми и очекувања за иднината, чувствувајќи дека нештата лесно би им избегале од контрола.rnrnДенес наголемо се пишува за анксиозноста, но и за справување со неа и нејзино надминување. Овој пат се фокусираме на главните проблеми со кои се соочуваат анксиозните личности. Олеснителна околност е тоа што по читањето на ова ќе сфатите дека не сте единствени, сите ние кои за најверна „пријателка“ ја имаме анксиозноста се соочуваме со овие 5 проблеми.rnrn5 нешта кои ќе ги разберат само анксиозните личностиrn

    1. Премногу се грижите за работата

    rnОва не е новост за вас. Уште од средно и факултет вие бевте преокупирани со резултатите кои ќе ги покажете и со тоа дали сте доволно добри. Дававте и давате сè од себе истовремено постојано стравувајќи дека не е доволно. За некој кој не е запознаен со овој проблем, решението е едноставно – даваш сè од себе и затоа си добар во она што го работиш, тогаш што е проблемот? За сите оние кои го мислат ова, фер е да им кажеме дека и ние се согласуваме. И ние на моменти мислиме дека нашите грижи се глупави, со таа разлика што не можеме да излеземе од таа состојба на мислите.rnrnЗнаеме дека е глупаво тоа што се преоптоваруваме, дека ретко кога живееме во моментот и дека по секоја успешно завршена задача ние не му се радуваме на успехот туку размислуваме за тоа што сме можеле да направиме подобро и веднаш преминуваме во грижи за следниот предизвик. Знаеме дека е напорно и дека нема смисла, но сè што можеме да направиме е да почекаме таа неподнослива грижа да спласне малку.rn

    2. Најголемиот проблем е кога ќе завршите некоја задача

    rnСлично со првиот проблем, може слободно да кажеме дека грижите продолжуваат и откако ќе jа завршиме работата. Тука спаѓаат најситните но и најголемите нешта. Не ви се случило да испратите мејл без макар два пати да се вратите во фолдерот на испратени мејлови и да ја препрочитате пораката. Вашата радост на денот на дипломирањето, како и на денот на каков било успех била измешана со чувството дека сте можеле подобро. Во тие моменти повеќе од сè на светот потребна ни е поддршката од најблиските кои треба да ни кажат дека сè е во ред и дека никој не е суперхерој.rn

    3. Размислувањето за иднината е исцрпувачкo

    rnКога размислувате за иднината веднаш помислувате на сите оние нешта кои треба да ги направите со цел да станете она што сакате да бидете, па помислувате на сите нешта кои би можеле да тргнат наопаку. Најмногу од сè ве плаши губењето на контрола и претекувањето на времето. Како да му помогнете на ваш близок кој се соочува често со ваква анксиозност? Прво, сфатете дека велењето „Сè ќе биде во ред, ќе се наместат коцките“, не помага многу. Иако не можете да ја избркате анксиозноста од луѓето, може да ја направите поподнослива. Помогнете им да минат низ тежок период со тоа што ќе бидете тука за нив.rn

    4. Проблемот не е помал и кога размислувате за блиската иднина

    rnОпседнати сте со пост-ит ливчиња и потсетници и дури и најмалите задачи како подигнување на пратка од пошта може да ви предизвикаат грижи бидејќи сакате да ги планирате. Опседнати сте со планирање на времето и со тоа дека сè треба да мине во најдобар ред. Вашата теорија е дека доколку не ги направите перфектно малите нешта, тогаш што останува за големите?rn

    5. Се трудите да ги задоволите другите

    rnСо намера да бидете најдобри во сè, природно се наметнува вашата желба луѓето да ве сакаат. Давате сè од себе, како некој тоа не би го сфатил? Затоа се трудите да ги задоволите желбите на другите, во што нормално, не успевате бидејќи никој никогаш не успеал да биде обожуван од сите. Како резултат станувате гневни и таа личност ви станува одбивна што го поттикнува чувството на депресија. Натерајте се себеси да сфатите дека обидот за задоволување на сечии апетити секогаш завршува катастрофално. Не секој ќе ве сака или разбира и не секој ќе ве вреднува соодветно, но размислете дали и вие ги третирате сите луѓе како што треба? Престанете да се чувствувате како жртва постојано и сфатете дека едноставно, не секој ќе ве сака. Фокусирајте се на оние кои се фер со вас, кои ве сакаат и прифаќаат.

  • 17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родители

    17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родители

    Родители. Зборуваме за оние кои нè израснале во она што сме и кои ќе нè сакаат и ќе ни простуваат без оглед на сè. Да, знаеме дека си ги сакате родителите, но кога последно сте им го кажале тоа? Да се потсетиме на оние нешта кои треба почесто да им ги кажуваме на нашите родители.rnrn17 работи кои сите ние треба да им ги кажеме на нашите родителиrnrn1. Ви благодарам што се будевте во текот на ноќта кога бев бебе иако сонот ви бил потребен.rnrn2. Ви благодарам што ги бркавте моите кошмари и чудовиштата под креветот.rnrn3. Мило ми е што не ме размазивте.rnrn4. Знам дека ми давате и повеќе отколку што имате.rnrn5. Благодарам за тоа што секогаш имав покрив над глава и полн стомак.rnrn6. Ги паметам сите приказни кои сте ми ги раскажале и сите книги кои сте ми ги купиле и прочитале.rnrn7. Благодарам за секој ваш одговор на моето „зошто“.rnrn8. Благодарам за тоа што се сакавте меѓу себе и ми дадовте пример за вистинска љубов, овозможувајќи ми да израснам во семејство полно со љубов и разбирање.rnrn9. Благодарам што ме сакате и повеќе од самите себе.rnrn10. Ги ценам сите ваши напори да ме изведете на вистинскиот пат.rnrn11. Се извинувам за сите ваши непроспиени ноќи од грижа.rnrn12. Благодарам за сите животни лекции кои сум ги добил/а и на кои допрва ќе ме научите.rnrn13. Ви простувам за сите нешта кои мислите дека не сте ги направиле правилно, никој не е совршен.rnrn14. Ќе ве земам како пример кога ќе ги воспитувам моите деца и кога нема да знам како да се справам со улогата на родител.rnrn15. Благодарам што секогаш сте на моја страна.rnrn16. Благодарам што верувавте и верувате во мене и тогаш кога и јас не верувам во себе.rnrn17. Ве сакам.

  • Анксиозноста може да биде знак на висока интелигенција

    Анксиозноста може да биде знак на висока интелигенција

    Најчесто гледаме на анксиозноста како на нешто негативно – оној страшен облак околу нашите глави кои нè одржува постојано загрижени, дури и во оние моменти кога не сме точно сигурни што е изворот на нашите грижи. Но, изгледа дека постои една позитивна страна кај проблемите кои произлегуваат од анксиозноста. Според една неодамнешна студија во журналот „Personality and Individual Difference“ вие имате повисока интелигенција, на некој начин, доколку имате тенденција да се грижите за сè.rnrnАнксиозноста може да биде знак на висока интелигенцијаrnrnЕден тим од истражувачи, водени од Александар Пени од Универзитетот Лејкхед во Онтарио, им задале низа тестови на 126 студенти кои мереле најразлични аспекти на личноста, како анксиозноста, вербалната интелигенција, социјалната фобија, опсесијата со настани од минатото, анксиозност поврзана со тестирања, невербалната интелигенција и многу други…rnrnВербалната интелигенција се однесува на резонирање базирано врз јазикот, додека пак невербалната интелигенција вклучува визуелно резонирање.rnrnПени и неговиот тим откриле дека учесниците кои пријавиле поголеми грижи (на пример, се согласиле со тврдењата како „Често се грижам за нешто“) постигнале повисоки резултати и на тестот за вербална интелигенција. Но, оние кои покажале тенденција кон опсесија со настани од минатото, покажале понизок скор на тестовите за невербална интелигенција.rnrnАко добро размислите, овие откритија имаат логика. Вербално интелигентните луѓе имаат поголема тенденција да се насочат кон оние нешта кои ги виделе и научиле во минатото со цел да најдат соодветно решение за проблемот кој го имаат во сегашноста, додека пак, оние кои имаат повисока невербална интелигенција ги користат оние нешта кои ги учат во моментот кога се појавил проблемот додека ги набљудуваат другите луѓе и нивните реакции на таа ситуација.rnrnСтудијата била многу мала и клинички незначајна, но тоа не значи дека резултатите не ни покажуваат сосема нова димензија на грижите. И покрај тоа што е потребно дополнително истражување, изгледа дека можеме нешто да научиме. Не треба постојано да живееме во минатото, но понекогаш е добро да се навратиме на него со цел да направиме помудри одлуки во сегашноста.

  • 13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

    13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

    Дали имате навика претерано да размислувате за нештата, така што ви се чини дека ќе ви експлодира главата? Не грижете се, не сте единствени и знаеме како ви е. За утеха, ова се 13 проблеми со кои се соочуваат сите оние кои претерано размислуваат за сè и сешто.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    1. Вие сте хипохондрици

    rnИако е само мамурлак, вие сепак ќе ги изгуглате сите симптоми за на крај да ви се пресечат нозете бидејќи испаѓа дека имате некоја страшна болест (или неколку). Сега вашиот мозок интензивно се впушта во процес на размислување и анализирање, така што мислите дека имате само уште неколку месеци живот.rn

    2. Вие сте ноќна мора за келнерите

    rnПроцесот на размислување што да се јаде или пие и колку сте гладни за да порачате нешто тешко или лесно, е долг. Келнерот можеби превртува очи додека размислувате, ама и вам не ви е лесно кога чувствувате дека некој ве става под притисок и ве брза. Сега келнерот замина да ја предаде порачката, а вие како да се двоумите. Од сега дефинитивно ќе одлучувате пред да влезете во ресторан.rn

    3. Пишаната комуникација е вистински стрес за вас

    rnКако треба да му се обратите на вашиот шеф или надреден по порака за да не звучите ни премногу лежерно но ни премногу сериозно? Плус, што значеше тоа што вашата другарка не ви стави смајли во пораката иако секогаш става? Лута ли е, но зошто? Ах, само да можевте да читате мисли.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    4. Месечниот циклус е вашиот најголем непријател

    rnХормоните ви се кренати до плафон но вие сепак ја имате таа непресушна потреба да анализирате сè и претерано да размислувате, па сега буквално сите ви одат на нерви и посакувате да живеете на планина.rn

    5. Текстовите на песните имаат големо значење за вас

    rnЗошто вашиот бивш ја постирал таа песна? Да обратиме внимание на текстот, можеби мисли на вас.rn

    6. Каде да продолжите со образованието ви беше една од најтешките одлуки

    rnМногу е важно каде ќе одите на факултет, па затоа минавте денови запишувајќи предности и недостатоци на секоја гранка. На вашите родители им дојдовте преку глава, па беа на работ едноставно да ви речат дека нема да се запишете нигде.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    7. Вие сте кралеви/кралици на драмата

    rnСамо малку утнавте нешто на работа и веќе минувате часови размислувајќи кои би биле последиците, дали ќе бидете казнети, како да ја поправите работата, и на крај, доколку вие бидете казнети дали е фер со оглед на тоа што минатата недела вашиот колега не беше а направи поголема беља.rn

    8. Ви се случува да имате непроспиени ноќи

    rnЗаради секакви причини. Едноставно се превртувате со часови размислувајќи и потејќи се. Зошто тоа мораше да биде така? Зошто не постапивте поинаку? Зошто некој се однесува така? Знаете дека не вреди и дека ништо добро од тоа не може да излезе, но не можете да си помогнете себеси.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    9. Социјалните мрежи не ви се баш лесни за работа

    rnПред да напишете или постирате што било, мора да размислите макар 10 пати. Дали е граматички и правописно точно, кој би бил директно засегнат од тоа, дали сте навредиле некого па затоа ве тргнал од листата на пријатели?rn

    10. Ви се случило да не заминете на состанок бидејќи немате што да облечете

    rnСаат време стоевте пред плакарот и на крај заклучивте дека немате ни една добра комбинација. Сега, нема да имате ни момче/девојка.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваатrn

    11. Постојано се грижите

    rnДури и за нешта кои не ве засегаат директно. Ова е веќе премногу.rn

    12. Долг е процесот на пазарење

    rnМислите дека би ја извадиле од такт и најтрпеливата личност. Сè што ќе купите треба да биде добро, квалитетно, да го носите подолго време, да вреди за парите и да пресметате дали може да си го дозволите, секако.rn

    13. Не можете да поднесете тишина

    rnЗа што размислуваат другите? Зошто никој не зборува? Супер, сега не можам да дишам правилно и моето дишење се слуша.rnrn13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

  • Неколку верувања што среќата ја прават уште понедостижна

    Неколку верувања што среќата ја прават уште понедостижна

    Зошто некои луѓе се среќни, а други ретко така се чувствуваат? Доколку во последно време среќата постојано ви бега од рака, можеби треба да ги промените следните верувања кои ви ја спречуваат среќата и ви оневозможуваат да живеете среќен и исполнет живот.rnrn0-nekolku-veruvanja-shto-srekjata-ja-pravat-ushte-ponedostizhna-kafepauza.mk_.jpgrn

    Верувањето дека животот е фер

    rnЖивотот не е секогаш фер. Ќе има денови кога ќе бидете скршени од сите неправди што ви се случиле во текот на денот и тоа не е баш пријатно, но таков е животот. Престанете да трошите време и енергија, посакувајќи светот да е поубаво место за живеење. Наместо тоа, подобрете се самите и така чувствувајте се попријатно. Кога другите, а и вие самите ќе го направите тоа, ќе сфатите дека вложениот труд и енергија целосно се исплателе.rn

    Верувањето дека безбедната зона значи помалку разочарувања

    rnПреземањето ризици е главен предуслов за напредок. Некои луѓе можат уште веднаш да ги измерат ризиците потребни за почнување нешто ново. И иако се плашат, сепак одат понатаму. Затоа што краткорочно, можеби безбедната зона ќе значи помалку ранливост и борба, но долгорочно ќе придонесе за горчина и каење, како последица на немањето храброст да се испроба новото и непознатото.rnrnНеколку верувања што среќата ја прават уште понедостижнаrn

    Верувањето дека имате контрола над сѐ

    rnЖивотот е полн со изненадувања. Колку и да планираме, понекогаш работите се случуваат поинаку од замисленото. Верувањето дека имате контрола над сѐ е најголемата илузија, што ви ја цеди среќата и енергијата. Колку побрзо се помирите со ова, толку полесно ќе ви биде да се справите со изненадувањата што ви ги носи животот.rn

    Верувањето дека немате иднина

    rnСтравот, грижењето, немањето верба и оптимизам се мотивите што ве тераат да размислувате дека вас ништо убаво не може да ви се случи во иднината. Запомнете, оптимистите секогаш се посреќни од оние кои постојано гледаат црно на работите. Секако, и преголемиот, неоснован оптимизам делува неодговорно, но песимизмот е уште полош. Почнете да размислувате позитивно и веднаш ќе ја забележите промената.rnrn3-nekolku-veruvanja-shto-srekjata-ja-pravat-ushte-ponedostizhna-kafepauza.mk_.jpgrn

    Верувањето дека другите се посреќни

    rnВерувањето дека на другите им е подобро е најголемата измама. Како живи суштества сите еднакво чувствуваме среќа, болка итн. Во животот напредуваме во зависност од вложениот труд, понудените шанси и нивното правилно искористување. Ако некои се поталентирани и поубави од вас, не значи дека се и посреќни. Ако сами си поставите цели и навистина го сакате она што го правите и вие ќе имате живот на кој другите ќе завидуваат. Не ви се потребни одобрувања од другите, потребна е решителност и борба.rn

    Верувањето дека луѓето мора да ве сакаат онака како што мислите

    rnНе секој ќе ве сака онака како што вие посакувате, но не е страшно. Луѓето не се обврзани да ве сакаат на посебен начин и обратно. Љубовта секој ја изразува онака како знае и умее. Престанете од другите да барате да ве сакаат така како што вие сметате дека тоа треба да биде и ќе бидете многу посреќни.rnrnНеколку верувања што среќата ја прават уште понедостижнаrn

    Верувањето дека страдањето е лошо

    rnДобрите работи кои со себе ги носи страдањето се некако потценети. Тоа води кон промени и ве прави посилни и помудри. Речиси секогаш отвора простор за нешто подобро. Доколку научите како правилно да се однесувате во такви моменти, тогаш лесно ќе ги прифатите и таквите моменти во животот.rn

    Верувањето дека не сте среќни поради другите

    rnВистината е дека самите ја создаваме сопствената среќа. Другите ќе го дефинираат вашето јас и вашите чувства само доколку вие им го дозволите тоа. Тоа што можеби некои ве мразат, само ја покажува нивната болна несигурност. Не оставајте другите да ви ја одредуваат среќата. Среќата е избор. Затоа, изберете среќа без разлика што прават и што велат другите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 работи за кои не треба да се грижите во 20-те години од животот

    5 работи за кои не треба да се грижите во 20-те години од животот

    20-те години се можеби најубавиот период во животот, но и се период на борба, ранливост и страв. Еве кои се петте работи за кои не треба да се грижите, за вистински да уживате и да ја живеете младоста.rnrn5 работи за кои не треба да се грижите во 20-те години од живототrn

    1. Ја немате работата од соништата

    rnОд некоја необјаснива причина, влегуваме во 20-те години со мислата дека уште веднаш ќе ја имаме работата за која отсекогаш сме сонувале. Но, реалноста е малку поинаква. Многу ретко, младите успеваат да се пронајдат уште толку рано и на повеќето обично им се потребни неколку години додека да го постигнат професионалниот идеал. Но, не грижете се, токму искуството и борбата се оние што го градат карактерот.rn

    2. Свршувачки насекаде

    rnОва се годините кога следува бран од свршувачки, па благодарејќи на социјалните медиуми постојано следите среќни промени на статуси и тон фотографии. Можеби ви станува чудно зошто само вие уште се сингл, но нема потреба од грижи. Тоа значи дека имате целосна слобода да правите што сакате и кога сакате без никому да давате отчет.rn

    3. Мали примања

    rnСекако, 20-те години генерално значат забава, патувања, високи амбиции итн. Сакате да имате сѐ, но разбирате дека не можете да си дозволите. Светлата страна на малата заработувачка е тоа што ќе се научите да се однесувате рационално со парите и да правите план за нивно трошење. Ако ваквата навика се изгради рано, ќе ви биде многу полесно во подоцнежните години. Се смета дека жените највисоките плати ги стекнуваат на 39 години, а мажите на 48. Затоа, не грижете се.rn

    4. Здебелување

    rnОва обично се случува во средината на 20-те години од животот. Можеби јадете исто како порано, но сепак килцата постепено се зголемуваат. Фактите се следни: метаболизмот се менува и телото во просек почнува да согорува 2% помалку калории секој ден, што пак се зголемува во 30-те и 40-те години. Звучи страшно, но не е безнадежно. Одете во теретана, запишете се на аеробик или фитнес и преземете мерки пред да биде доцна.rn

    5. Бројот на партнери

    rnОва е време и кога почнувате љубовното искуство да си го споредувате со она на другарите/другарките. Без разлика дали сте несигурни поради премалиот или преголемиот број на досегашни партнери, време е да престанете да се занимавате со такви баналности. Малкуте партнери можеби значат дека сте премногу пребирливи, а големиот број, дека предност му давате на искуството. Како и да е, тоа не е она што ве дефинира вас и секако, не ви ги намалува шансите за пронаоѓање на вистинска љубов и среќа во иднината.

  • 20 животни грешки за кои нѐ предупредуваат луѓето во длабока старост

    20 животни грешки за кои нѐ предупредуваат луѓето во длабока старост

    Во поодминатите години од животот, човек е во можност да направи ретроспектива на своите мисли и постапки и правилно да расудува за она што се случило. За жал, неретко луѓето се каат за многу работи кои (не) ги направиле. Ова се најчестите работи за кои луѓето жалат кога ќе дочекаат старост.rnrn20 работи за кои луѓето се каат кога ќе остаратrnrn1. Преголема грижа за туѓото мислење.rnrn2. Неисполнување на голем дел од плановите и целите во животот.rnrn3. Сокривање на своите чувства кон некого.rnrn4. Недоволно истакнување на себеси и недостаток на борбеност.rnrn5. Заборавање да се следи вистинската страст во животот.rnrn6. Постојани кавги со саканите.rnrn7. Децата не израснале онакви какви што тие сонувале за нив да бидат.rnrn8. Неживеење во сегашноста.rnrn9. Премногу вложиле труд и се посветиле само на работата и кариерата.rnrn10. Не патувале доволно и не искусувале нови авантури.rnrn11. Слушање сè што другите кажуваат.rnrn12. Недоволна грижа за себе и своето здравје.rnrn13. Непреземање ризици.rnrn14. Секогаш биле во битка со времето.rnrn15. Преголема грижа за сè.rnrn16. Неблагодарност за она што го поседуваат.rnrn17. Непоминување доволно време со семејството.rnrn18. Сфаќање сè, па и себеси, премногу сериозно.rnrn19. Недоволна грижа за другите.rnrn20. Тоа што биле често тажни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Врне врне дожд, да си најдам грош…

    Врне врне дожд, да си најдам грош…

    Дожд. Ама не убав, топол и летен, туку студен и тмурен. Како што кокичето е предвесник на пролетта, така студениот дожд придружен со ветерко, ја најавува есента. Да, ја сакам есента, мирисот на зимници, одењето по есенски лисја, бла бла бла, ама ладно ми е и чувствувам дека за многу брзо ќе почнам да копнеам по летото. И тоа ќе го правам дур да дојде идното. И така сè во круг.Врне врне дожд, да си најдам грош...Се враќам дома накисната како маче, навистина толку накиснат од дождот изгледаш како гревче. Ми доаѓа да опцујам, онака од срце, сè по список, ама велат дека дамите не смеат да пцујат. Море ние дамите сепак пцуеме. И трескаме врати. Не дај боже да нè начекаш во ПМС… Ама тоа е веќе друга тема на муабет. Се враќа мојата братучеда, накисната од увото до малото прсте на ногата. „Даде, види ме, види ме колку сум убава од дождот. И цела сум мокра…“, и разлева прекрасна смеа која ја грее просторијата. Некогаш и јас бев таква. Му се радував на дождот и пеев додека студените капки демонстрираа посебен танц во воздухот. Но како што преминувам во светот на возрасните, дождот придружен со грижа за испитите и за што уште не друго, не е баш среќна појава. Ми се чини дека заборавам да му се радувам доволно, онака детски, од срце. „Некои луѓе го чувствуваат дождот. Други само се наводенуваат.“ Епа нејќам само да се наводенувам. Сакам да го чувствувам дождот на својата кожа. Сакам да трчам боса по водената зелена трева и да го провоцирам дождот да паѓа повеќе, да видиме колку може, која му е силата…rnrnВо зима ни е ладно и улиците се подмрзнати, во пролет ни е супер, сè цути, ама пусто не е лето. Летото пак кога ќе дојде, брзо минува. Есента носи многу дожови. И само се вртиме во круг чекајќи да почнеме да живееме. Не сега, после. Еве едно изненадување. Минува. Животот си тече. Дали било пролет, лето, есен или зима, поминува. И се случува сега.rnrnЗатоа заборавете на кукањето, ми фали она или ова, и научете се да му се радувате на дождот. Исто како кога сте биле деца. И што дека ќе ви ја намокри облеката или расипе фризурата? Ќе преживеете, ви гарантирам.rnrnЕлиrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 20 работи за кои животот е премногу краток за да се грижиме

    20 работи за кои животот е премногу краток за да се грижиме

    Колку често им се предавате на грижите и им дозволувате да го контролираат вашиот живот? Иако делуваат како многу важни, повеќето грижи само ви пречат да го искусите остатокот од животот во целост. А проблемите, како доаѓаат, така и се надминуваат. Некои полесно, некои потешко. Ова се 20 работи за кои немате време да се грижите во животот:rnrn20 работи за кои животот е премногу краток за да се грижимеrnrn1. Сметки – Навистина мора да плаќаме сметки за да уживаме во разни основни животни задоволства, но грижејќи се за нив нема да ги подмириме. Бидете одговорни и мудри, не трошете повеќе од предвидениот месечен буџет, вратете им ги долговите на роднините и пријателите – тие треба да бидат повторно тука за вас кога ќе заглавите пак за месец-два, и не прескокнувајте ги ратите за отплата на кредитите за стан и за кола. Дури и најстрашното не е толку страшно – луѓе живеат без струја и вода, па и на улица.rnrn2. Пари – Причината и решението на сите проблеми. На сите ни требаат пари за леб, но секогаш кога ќе се загрижите за пари, помислете дека тие се имагинарни – економиите не постојат во природата. Материјалното задоволство не е еднакво на среќата. Грижејќи се да заработите повеќе пари може да завршите работејќи ја работата која ја мразите и дружејќи се со луѓе кои не ви се вистински пријатели. Луѓето кои ги следат своите соништа и страсти успеваат да живеат многу поисполнет живот.rnrn3. Минатото – Треба да се учи од минатото, но не смее да ни претставува товар. Треба да одите напред, тргајќи ја од патот нечистотијата која ја носи минатото.rnrn4. Кој со кого имал секс – Грижете се за вашиот сексуален живот и бидете искрени со вашиот партнер. Нема што да им кажувате на другите со кого сте го направиле тоа и нема зошто да се вклучувате во муабети за сексуалниот живот на другите. Кој со кого имал секс е нивна работа, зборувајќи за тоа се вклучувате во вртлогот на озборувањето.rnrn5. Хејтери – Секогаш и секаде ги има. Не значи дека треба да си го трошите времето со нив. Секогаш ќе има некој на кого нема да му се допаѓа како изгледате, како се облекувате, вашата насмевка или одлуките кои ги донесувате. Доколку им обрнувате внимание на мразачите, нема да можете да одите напред.rnrn6. Работата – Секогаш ќе има итни задачи, проекти и многу обврски на работа. Сите понекогаш имаат стресови на работа. Помага да го сакате она што го работите, но дури и да не е така, нема поента да се нервирате за работата ниту додека сте таму, а уште помалку кога сте дома. Наместо да се жалите и плачете, засукајте ги ракавите и едноставно побрзо завршете со тоа. Што помалку зборувате и се грижите, толку побрзо работата ќе биде завршена. Дополнително, никогаш не срамете се од она што го работите. Не ве дефинира вашата кариера, вие ја дефинирате неа.rnrn7. Стареењето – Стареењето е страшна работа. Сите поминуваме низ истите стравови, стресови и грижи и не можеме да направиме ништо за да го спречиме стареењето. Прифатете го тоа и зграпчете што повеќе во процесот. Престанете да посакувате да бевте помлади. Престанете да се грижите и ако не сте доволно стари за нешто. Детството и младоста си имаат свои предности. Не можете да го забавите или да го забрзате времето. Животот е сега, во реално време.rnrn8. Смртта – Единствен начин да живеете во целост е доколку ја прифатите смртта како нешто нормално што порано или подоцна мора на сите да ни се случи.rnrn9. Што мислат луѓето – Многу луѓе велат дека не им е грижа што другите мислат за нив, но вистината често е поинаква. Обидете се да го живеете животот како никој да не ве гледа. Забавувајте се, бидете свои, без да мислите како би реагирале вашите роднини, вашата другарка или човекот кој седи на другата клупа. Да се вклопите во средината е важно и неопходно во некои ситуации. Да бидете прифатени е потреба која е вообичаено да ја имате, но освен ако не сте јавна личност, не грижете се што ќе мисли светот околу вас секогаш кога ви дојде да се изглупирате. Следете ги своите пориви.rnrn10. Познатите личности – Има луѓе чијашто работа е да ги дознаат најновите трачеви за познатите, но дали ако се опседнувате со животите на луѓето кои избрале да се занимаваат со јавна работа би ве одвело некаде подалеку во животот?rnrn11. Што прават другите луѓе – Има луѓе кои обожаваат да си го пикаат носот во животот на другите. Но во суштина, навистина не треба да се заморуваме што прават другите луѓе. Тие не ни ги плаќаат сметките, не ни ставаат храна на масата, нивните проблеми не се наши и нема потреба зошто да ги правиме да бидат. Не грижете се каде одат другите и што прават – фокусирајте се на себеси. Луѓето кои одат напред, не се споредуваат со другите – тие претставуваат инспирација за оние кои ги следат.rnrn12. Сигурност и удобност – Убаво е да имате удобно место каде што можете да легнете и да ја ставите главата на перница. Убаво е тоа место да ви биде удобно. Тешко е да ви биде удобно доколку не се чувствувате сигурно. Но, понекогаш мора да излезете од удобната зона за да го искусите животот. Преземањето ризици е многу важно во животот. Наместо да се повлекувате во себе и да се грижите, гледајте да се забавувате. Еднаш се живее.rnrn13. Грешките – Не грижете се премногу кога ќе згрешите. Секој прави грешки. Учете од нив за да не ги повторите. Томас Едисон рекол дека грешките се клучот за иновација, некои од најголемите иновации се производ на грешка. Не е крај на светот.rnrn14. Бинго и лотарија – ОК е понекогаш да уплатите ливче за лото, но не треба да опседнувате да ја добиете лотаријата. Исто како што не чекате да ве киднапираат вознземјани. Следете и исполнувајте ги вашите соништа и цели – така ќе чувствувате дека веќе сте ја добиле премијата.rnrn15. Работи кои може да тргнат наопаку – Ако не почнете да правите нешто заради стравот од сè она што би можело да ви се случи, голема е веројатноста да си го преседите животот дома. Треба да знаете како да се соочувате со тешките и незгодни моменти и треба да го правите тоа за да се соочувате полесно во иднина. Колку и да ги планирате совршено работите, нешто може да тргне наопаку. Може да ја испланирате совршената свадба од вашите соништа, но во закажаниот термин за фотографирање на отворено да пукне силен дожд. Животот оди понатаму. Не можете ништо против тоа.rnrn16. Грижење – После некое време, од толку натрупани грижи ќе почнете да се грижите за грижите. Штом влезете во овој затворен циклус, тешко е да излезете од него. Ако се најдете во ваква состојба, не заборавајте да дишете и да си дозволите да се смирите. Престанете да се фрустрирате. Иако животот е подобар без грижи, нема ништо лошо во тоа да се грижите – тоа е природна реакција и добар знак дека треба да позастанете за момент и да се ослободите од она што почнало неконтролирано да ја напаѓа вашата свест.rnrn17. Цени – Ќе заштедите и ќе купите од поевтините праски, па за два дена ќе најдете голем дел од нив скапани во фрижидерот. Без да звучиме буржоаски, квалитетот е важен. Ако навистина нешто ви се допаѓа, работете напорно за да си го дозволите. Подобро така отколку да ги дадете парите за нешто што не ви прави мерак само затоа што е поевтино. Водете сметка за вредноста и квалитетот на продуктите за кои давате пари, особено кога станува збор за храна и лекови.rnrn18. Малите нешта – Малите нешта кои нè фрустрираат се случуваат секојдневно – некој ве испрскал со кола додека сте оделе пешки по тротоарот, храна ви била заглавена меѓу забите за време на средбата со вашата пријателка од средно, ви изгасила колата на три семафори едноподруго, патентот од пантолоните ви бил отворен цело време… Да, вакви работи на сите ни се случуваат и животот премногу брзо тече за да се фокусираме на нив. Наместо на нив, фокусирајте се на формите на облаците, сончевите зраци, зелената трева, на страста, љубовта, цврстите пријателства… Колку мали работи постојат – толку повеќе постојат „големи“ значајни нешта со кои првите лесно можете да ги пребришете.rnrn19. Сè што е надвор од вашата контрола – Сè поминува, сè е привремено и минливо. Наместо да се стресувате за работи кои не можете да ги смените, посветете се на задачите кои се моментално пред вас и во ваши раце.rnrn20. Да бидете совршени – На крајот од денот, мора да се прифатите себеси со сите свои маани и грешки. Тестирајте ги вашите граници и ќе видите колку можете да ги поместите – така и повеќе ќе уживате во животот. Можеби се срамите да преземете иницијатива или опсесивно се посветувате кога треба да завршите некоја задача. Предизвикувајте се себеси – стегнете заби и бидете иницијативни за да ја постигнете целта која ја посакувате и обратно – понекогаш „забрљајте“ ја задачата само за да си докажете дека и површно завршената задача е сепак една задача завршена повеќе за помалку време.