Сите ние достигнуваме одредена возраст кога е време да се ослободиме од некој товар. Кога ќе дојде тоа време, треба да се збогуваме со работите што ни пречеле во минатото. Пријателки кои постојано озборуваат? Срамно однесување? Овие работи се под ваше ниво. Кога ќе престанете да трошите енергија на овие грижи, животот ќе ви стане многу поубав. Без разлика дали сте се ослободиле од овој товар или сѐ уште работите на тоа, време е да им ставите крај на незрелите глупости што ви го загорчуваат животот. Ова се 15-те работи за кои зрелите жени воопшто не се нервираат…rnrn
rn
1. Не се грижат за тоа како изгледаат во салата за вежбање
rnДали сте дел од оние жени кои секогаш одат во теретана со совршена шминка и модерна спортска облека? Не грижете се! Кога ќе наполните 30 години и вие ќе научите како да уживате во вежбањето облечени во удобни и износени тренерки.rn
2. Не учествуваат во драми
rnКога ќе станете возрасни, ќе сфатите дека нема потреба да учествувате во секој конфликт што ќе ви наиде на патот. Колку повеќе созревате толку повеќе ќе сфаќате дека секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ве мразат, но и дека нема потреба да им дозволите да ве вовлечат во нивната драма.rn
3. Не се трудат да се вклопат
rnИако повеќето деца мислат дека вклопувањето во групата е една од најважните работи во животот, возрасните луѓе го мислат токму спротивното. Со текот на времето ќе сфатите дека не треба да ги формирате вашите мислења и вкусови во зависност од другите луѓе.rn
4. Не се грижат за социјалните мрежи
rnМожеби не сте свесни, но навистина постои живот надвор од социјалните мрежи. Иако бројот на следбеници и лајкови на вашето 5-то селфи во еден ден можеби ви се чинело како голема работа кога сте биле помлади, тоа задоволство почнува да избледува како што се приближувате до средовечните години. Тогаш ќе почнете да сфаќате дека тесниот круг на пријатели и семејство што ве сака е многу поважно од бројот на лажните пријатели што ги имате на социјалните мрежи.rn
5. Не се обидуваат да се согласат со секого
rnЌе го славите денот кога ќе сфатите дека не мора да се согласувате со сѐ што ќе биде побарано од вас. Животните околности се менуваат и нема да имате време за да им угодите на сите и истовремено да се грижите за себе, па зошто да се мачите и да се обидувате?rnrn
rn
6. Не се грижат за нивниот поранешен партнер
rnИако постојано сте мислеле што прави вашиот поранешен партнер кога сте биле во раните 20-ти, тоа нема да ви биде толку важно подоцна во животот. Сите тие болки предизвикани од скршеното срце сте ги претвориле во нешто многу позначајно: Доказ дека животот продолжува понатаму и дека раскинувањето не е крај на светот.rn
7. Не се обидуваат да прават планови
rnВо раните 20-ти сите се обидуваат да најдат работа, партнер, да основаат семејство и да се пронајдат себеси, па затоа тие години обично ни се како во магла. Како што ќе созревате, ќе видите дека нештата почнуваат да се смируваат и нема да ви биде толку тешко да најдете време за не правење ништо и зјапање во празно.rn
8. Не се грижат за туѓото мислење
rnДали отсекогаш сте сакале да се занимавате со некое необично хоби, но не сте осудиле од страв да не бидете исмеани? Како што минуваат годините, ќе сфатите дека етикетите од типот „чудно“, „смешно“, „старомодно“ не се воопшто важни. Сакате да почнете со плетење или со некој необичен африкански танц? Само напред!rn
9. Не им се важни најпознатите клубови
rnВо раните 20-ти години сите сакаат да излегуваат во најпознатите клубови во градот, но овој интересен феномен почнува да избледува како што стареете. Кога ќе станете позрели, темните и гласни места повеќе нема да ве привлекуваат и ќе ви бидат здодевни. Секогаш ќе претпочитате разговор и вино со пријатели наместо излегување по дискотеки.rn
10. Не се грижат за пропаднатите врски
rnИако пропаднатите врски ги доживуваме како личен неуспех кога сме помлади, созревањето ни помага да сфатиме дека понекогаш ќе наидеме на момци кои едноставно не се за нас. Подобро е да се разделите отколку да се преправате во нешто што не сте само поради некој дечко.rnrn
rn
11. Не се грижат дали ќе повредат некого со нивните зборови
rnДевојките во раните 20-ти години најчесто се обидуваат да ги одбегнат конфликтите и да останат во добри односи со сите луѓе околу нив. Но, порано или подоцна ќе сфатите дека одбегнувањето на караниците нема да ви пружи среќен живот.rn
12. Не се грижат за нивната популарност
rnПомладите девојки уживаат кога се во друштво на позната личност, но тоа нема да ви значи ништо подоцна во животот. Иако популарноста во средно училиште ви се чинело како голема работа, не се надевајте дека ова „достигнување“ ќе ви направи многу услуги по матурирањето.rn
13. Не се нервираат поради здодевните навики на нивните родители
rnКога сте биле помлади сте се нервирале поради тоа што вашите родители ви се јавувале по 100 пати дневно и ви досадувале со едните исти работи. Но, кога ќе станете повозрасни ќе почнете да сфаќате зошто го правеле тоа и ќе ги сметате за ваши пријатели, а не за авторитетни фигури со кои сте морале да се борите за вашата независност.rn
14. Не се обидуваат да ги исполнат општествените очекувања
rnЗа време на созревањето, луѓето многу лесно стануваат жртва на верувањето дека мора да имаат постигнато одреден успех до одредена возраст, кога станува збор за работи како што се семејството и кариерата. Меѓутоа, кога ќе созреете ќе сфатите дека сите се движиме во свое темпо и дека не треба да се ставаме во ситуации што нема да нѐ направат среќни, само затоа што се обидуваме да исполниме нечии очекувања.rn
15. Не се грижат за работите што не можат да ги контролираат
rnВерувале или не, постојат работи што не можеме да ги контролираме. Меѓутоа, кога ќе созреете, ќе сфатите дека нема потреба да се нервирате поради тоа. Иако нема да можете да контролирате сѐ што ви се случува, никој не може да ви ја одземе способноста да одберете како ќе реагирате на работите што ви се случуваат, а на крајот на краиштата токму тоа ќе го формира личниот идентитет што самите сте го избрале за себе.rnrnПрочитајте ги и овие 10 нешта за кои силните жени никогаш не се извинуваат.

rnrn
rn
rn

rn



rnrnТоа се прости и секојдневни работи… Како она кога 