КАФЕ ПАУЗА

Tag: грешки

  • Какви грешки прави секој хороскопски знак кога е заљубен?

    Какви грешки прави секој хороскопски знак кога е заљубен?

    Кога ви се допаѓа некоја личност, треба да внимавате како се однесувате затоа што наместо да ја привлечете, можете да ја оттурнете од вас со вашите постапки. Во продолжение прочитајте каде грешат хороскопските знаци кога се заљубени.rnrnКакви грешки прави секој хороскопски знак кога е заљубен?rn

    Овен

    rnВие не ги признавате своите чувства. Ги потиснувате во себе и се однесувате како да не се грижите за личноста за којашто сте заинтересирани.rn

    Бик

    rnПремногу сте тврдоглави за да го направите првиот потег. Поголеми се шансите да престанете да разговарате со некого отколку да започнете разговор.rn

    Близнаци

    rnВие испраќате мешани сигнали. Понекогаш флертувате, а понекогаш целосно ја игнорирате личноста, така што таа никогаш не знае дали сте заинтересирани или не.rn

    Рак

    rnВие сте премногу љубезни кон сите што ќе ги сретнете. Сите ве сметаат како пријател затоа што никогаш не го покажувате вашиот романтичен интерес.rn

    Лав

    rnВие сте премногу нетрпеливи. Ако некој не ве покани да излезете веднаш, вие ќе се откажете од него и ќе се оддалечите.rn

    Девица

    rnВие сте премногу независни. Се однесувате како да не ви треба никој и ги оттурнувате луѓе што се добри за вас.rn

    Вага

    rnВие сте премногу незаинтересирани. Дури и кога некој ви се допаѓа, не сте секогаш целосно присутни. Наместо тоа, мечтаете.rn

    Скорпија

    rnВие сте манипулативни. Сакате да го остварите тоа што сте го замислиле и ќе сторите сè за да се случи тоа, дури и ако тоа значи да ги повредите луѓето што наводно ги сакате.rn

    Стрелец

    rnВие изгледате како ладна и бесчувствителна личност. Никој не сфаќа дека вие би биле одличен партнер затоа што никогаш не го запознаваат вашето вистинско лице.rn

    Јарец

    rnПостојано ги одложувате разговорот и излегувањето со вашата симпатија, а потоа таа завршува со некој друг.rn

    Водолија

    rnВие се лутите премногу брзо. Ги отстранувате луѓето од вашиот живот без да ја слушнете нивната страна на приказната. Едвај им давате шанса.rn

    Риби

    rnЖивеете во вашиот сопствен свет. Повеќе преферирате измислени ликови од вистински луѓе, така што вашите очекувања се нереално високи.rnrnПрочитајте зошто секој хороскоп е „само пријател“ со својата симпатија.

  • Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации

    Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации

    Понекогаш, кога ќе погледнете некоја слика, нешто може веднаш да ви го привлече вниманието затоа што не е таму каде што треба да биде. Друг пат може да почувствувате дека нешто не е во ред, но не знаете што и затоа треба да погледнете повнимателно. Тогаш забележувате детали што претходно не сте ги виделе и наоѓате сè повеќе и повеќе недоследности. За среќа, тоа обично не се случува во секојдневниот живот, но се случува во илустрациите подолу. Ако не успеете да ги пронајдете сите грешки, погледнете го решението.rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnТест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрацииrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]Тест: Пронајдете ги сите грешки во овие 10 илустрации[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДали можете да откриете колку пчели има на цртежот?

  • 7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акни

    7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акни

    Можеби мислите дека правите сè што треба за вашата кожа, но акните сепак нема да исчезнат. Во продолжение прочитајте кои грешки во негата на кожата може да ги саботираат вашите напори за здрава и чиста кожа.rn

    1. Користите влажни марамчиња за отстранување на шминката

    rn7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акниrnrnИако самите влажни марамчиња веројатно нема да предизвикаат појава на акни, тие може да остават зад себе нечистотија и остатоци од шминката што може да доведат до појава на акни. Марамчињата содржат алкохол, мириси и други состојки што може да ја исушат кожата. Ако вашата кожа е чувствителна, постои можност триењето да ја иритира и да предизвика оток и воспаление што може да ги затнат порите.rn

    2. Користите погрешен крем за сончање

    rn7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акниrnrnИако е важно да ја заштитите кожата од сонцето, одредени видови кремови за сончање можат да придонесат за развој на акни. Некои кремови имаат органски филтри базирани на масло, кои можат да ја иритираат кожата и да предизвикаат појава на акни. Други кремови може да ги затнат порите и да доведат до појава на мозолчиња. Најдобар начин да ја заштитите кожата е да изберете дневен хидратантен крем што содржи заштитен фактор и секогаш да го нанесувате на чиста кожа.rn

    3. Не ги чистите очилата

    rn7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акниrnrnАко често имате мозолчиња околу очилата, најверојатно не ги чистите рамките. Лекарите препорачуваат да ги идентификувате проблематичните области каде што се појавуваат акни, како мостот на носот и да го чистите тој дел од вашите рамки еднаш дневно. Очилата може да бидат премногу затегнати и може да ги затнат порите со туркање на мртвите клетки на кожата назад во порите. Подесувањето на вашите очила може да помогне да се спречи затнувањето на порите.rn

    4. Го миете лицето премногу често

    rn7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акниrnrnЧистењето на кожата е суштински чекор во борбата и во спречувањето на акните, но прекумерното миење може да го направи токму спротивното. Дерматолозите веруваат дека претераното чистење на кожата може да ја наруши рамнотежата. Користењето премногу производи создадени за да го отстранат вишокот маснотии може да ја исушат вашата кожа и да предизвикаат вашите масни жлезди да произведуваат повеќе масло и повеќе акни.rn

    5. Користите премногу производи за коса

    rn7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акниrnrnНекои производи за нега на косата може да ви создадат акни. Шампоните, балсамите и производите за стилизирање на косата може да предизвикаат појава на различни видови акни долж линијата на косата и на челото. Ако овие производи дојдат во контакт со лицето, тие може да ги затнат порите и да ја иритираат кожата.rn

    6. Миење на лицето под туш

    rn7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акниrnrnКога се тушираат, луѓето обично користат вода што е премногу топла за кожата. Топлата вода ја иритира вашата кожа и може да ја оштети бариерата на кожата. Исто така, може да ги измие природните масла на кожата оставајќи ја сува и иритирана.rn

    7. Не го чистите лицето по тренингот

    rn7 грешки во негата на кожата што може да ви создадат акниrnrnПрескокнувањето на туширањето по вежбањето може да предизвика појава на акни. Бактериите што се залепиле на вашата кожа од потењето може да ги затнат порите и да доведат до појава на акни. Дерматолозите препорачуваат да се истуширате веднаш по тренингот за да ги отстраните потта, мрснотиите и нечистотија што може да се соберат.rnrnПогледнете кои 7 намирници ги намалуваат лузните од акни.

  • 7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синови

    7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синови

    Сите родители мислат дека го прават најдоброто за своите деца, но некои татковци не знаат како да ги воспитаат своите синови и тоа може да резултира со нарушување на нивниот однос. Дури и татковците што се премногу заштитнички настроени кон своите деца може да ги направат децата да се плашат повеќе во текот на животот, а тоа може да доведе до повеќе неуспеси. Прочитајте кои се грешките што секој татко може да ги направи, но, за среќа, може да се избегнат ако сте свесни за нив.rn

    1. Сакате да го контролирате времето кога си игра вашиот син

    rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnТатковците играат суштинска улога во растењето на децата и тие користат различни зборови од мајките додека разговараат со својот син, а тоа помага во градењето подобри комуникациски вештини. Меѓутоа, кога родителот го контролира времето за игра на детето, тоа потешко ќе стекнува пријатели. Возрасниот треба да го следи водството на детето и да му даде неколку совети, но само кога тоа е соодветно.rn

    2. Не поминувате време заедно

    rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnРаботата ве спречува да одвоите време за најблиските, па го гледате вашето дете само неколку минути во текот на денот. Ова не е добро за двајцата. Запомнете дека вашето присуство ќе ја зголеми самодовербата на вашето дете, ќе му помогне да надмине некои детски проблеми и ќе бидете повеќе поврзани.rn

    3. Ги криете опасните ситуации

    rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnАко не му дозволите на вашето дете да доживее опасност, ќе биде уште повеќе исплашено. Укажувајќи на опасностите во моментот кога ќе ги видите може да има лошо влијание врз детето. Децата кои не ризикуваат додека се помлади, немаат вештини да станат независни возрасни. Таткото кој ги ограничува ризиците, ги храни стравовите на својот син.rn

    4. Не му дозволувате на вашиот син да ги покаже своите емоции

    rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnДодека девојчињата најчесто се охрабруваат да ги искажат своите емоции, па дури и добиваат помош да го сторат тоа, момчињата обично ги тераат да ги кријат своите емоции. Но, резултатот од потиснувањето на емоциите ќе се манифестира порано во животот и ќе влијае на неговата иднина. Незнаењето како да се справи со своите емотивни проблеми ги храни стресот и вознемиреноста, но и ја намалува неговата способност да стекнува пријателства што траат.rn

    5. Го воспитувате вашиот син без да покажете љубов

    rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnНа вашиот син му требаат дисциплина и воспитување, но не во форма на казна. Наместо тоа, вие сте тука за да поставите разумни правила и граници и да го потсетите дека секоја постапка има последици. Но, ако го правите сето тоа без да покажате љубов и ако викате цело време, вашето дете ќе почне да се плаши од вас и ќе стане агресивно.rn

    6. Ги криете вашите неуспеси

    rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnНајдобрите лекции што ги учиме во животот потекнуваат од нашите падови. Но, ако видите дека некој друг не успеал, ќе размислите двапати пред да го направите истиот чекор. Ако ги скриете лошите одлуки и пречките што не можете да ги надминете, вашиот син би можел да ги повтори истите грешки. Ако му покажете на детето како да учи од своите грешки, учејќи од вашите, тој ќе го искористи вашиот пример и ќе сфати дека нема потреба да се плаши од грешките, ќе ги прифати и ќе ги искористи за да достигне уште повисоки цели и да надмине некои поголеми предизвици.rn

    7. Не ја почитувате неговата мајка

    rn7 грешки со кои татковците им наштетуваат на своите синовиrnrnАко вашиот син гледа како секогаш сте лути и покажувате непочитување кон неговата мајка, нема да поставите добра основа за неговите односи и врски во иднина. Тој треба да види како ја искажувате својата љубов кон сопругата. Дури и ако сте разведени, треба да однесувате кон неа со почит. На тој начин, вие сте пример за тоа како вашиот син треба да се однесува кон својата сестра, мајка или жена.rnrnПрочитајте кои се 5-те проблеми во модерното воспитување поради кои родителите се „робови“ на своите деца.

  • 15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врски

    15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врски

    Возрасните често им велат на децата: „Прави како што велам, не како што правам“, но забораваат дека детето ќе ги направи истите работи што ги прават неговите родители. Психолозите за деца потенцираат неколку работи што треба да ги избегнувате за да му помогнете на вашето дете да стане среќен и самоуверен возрасен човек. Во продолжение погледнете како родителите ги уништуваат сопствените напори кога станува збор за воспитувањето на децата.rn

    1. Му забрануваат на своето дете да користи мобилен телефон и таблет, а потоа целото слободно време го поминуваат зјапајќи во истите уреди

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrn

    2. Го учат детето да ги почитува постарите лица, додека тие не ги забележуваат постарите луѓе во своја близина на кои им е потребна помош

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrn

    3. Бараат почит и внимание кога зборуваат, а не се однесуваат така кон сопствените родители

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrn

    4. Им кажуваат на своите деца дека треба да се хранат здраво и да јадат зеленчук и овошје, а тие постојано грицкаат чипс и јадат чоколадо

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrn

    5. Го тераат детето да чита книги, а тие гледаат телевизија секоја вечер

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrn

    6. Ги казнуваат своите деца кога користат груби и навредливи зборови, но децата ги научиле тие зборови од сопствените родители

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrn

    7. Ја контролираат послушноста на своето дете кога станува збор за правилата во сообраќајот, но тие самите не ги почитуваат

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrn

    8. Ги тераат децата да спортуваат, но не им е грижа за сопствената физичка форма

    rn15 двојни стандарди што може да ги уништат дури и најсилните семејни врскиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • За што најмногу жали секој хороскопски знак кога станува збор за љубовта?

    За што најмногу жали секој хороскопски знак кога станува збор за љубовта?

    Понекогаш е многу тешко да се справите со последиците од своите грешки, особено ако станува збор за љубовниот живот. Криењето на чувствата и неискористените шанси понекогаш може скапо да ве чинат. Во продолжение прочитајте за која грешка најмногу жали секој хороскопски знак.rnrnЗа што најмногу жали секој хороскопски знак кога станува збор за љубовта?rn

    Овен

    rnЖалите за тоа што се преправавте дека некоја личност не ви значеше ништо, кога таа всушност ви значешеrnrnсè.rn

    Бик

    rnЖалите за тоа што работите се одвиваат многу бавно и ви недостасува љубов.rn

    Близнаци

    rnЖалите што измамивте некоја личност и што ѝ го скршивте срцето.rn

    Рак

    rnЖалите што премногу долго бевте со личност што се однесуваше ужасно кон вас.rn

    Лав

    rnЖалите што бевте во врска со личност со одличен изглед, но без мозок.rn

    Девица

    rnЖалите што чекавте премногу долго за да признаете што чувствувате.rn

    Вага

    rnЖалите што останавте во удобната зона наместо да барате љубов.rn

    Скорпија

    rnЖалите што потрошивте премногу време одејќи од една личност кај друга наместо да се смирите.rn

    Стрелец

    rnЖалите што се оддалечивте од некоја посебна личност, без да ѝ дадете втора шанса.rn

    Јарец

    rnЖалите што ја послушавте главата, а не срцето.rn

    Водолија

    rnЖалите што никогаш не кажавте што чувствувате.rn

    Риби

    rnЖалите што не бевте со личноста која ви се допаѓа кога имавте можност за тоа.rnrnПрочитајте како се однесува секој хороскопски знак ако ве гледа само како пријател.

  • Вежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјето

    Вежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјето

    За време на вежбањето во текот на летните месеци често се случуваат грешки што може да бидат опасни за здравјето. Жештината и високи температурите не се безопасни, па затоа треба да знаете што не е добро да правите за да останете безбедни. Во текот на летото се зголемуваат активностите на отворено, па прочитајте кои се најчестите грешки што се случуваат во вакви ситуации.rnrnВежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјетоrn

    1. Не консумирате вода сè додека не сте жедни

    rnНе чекајте да почувствувате жед и дури тогаш да пиете вода. За време на летните тренинзи на отворено, телото користи вода за регулирање на температурата. Ако не внесувате доволно течности, се појавува замор и вашите перформанси не се на соодветното ниво.rnrnЗатоа, секогаш имајте шише вода покрај вас додека вежбате. Исто така, важно е да пиете доволно течности во текот на денот, без оглед на тренингот.rn

    2. Го прескокнувате нанесувањето заштитен фактор

    rnДури и кога е облачно надвор, летното сонце е тука. Ако вежбате на отворено, заштитете ја кожата со заштитен фактор 30 или повисок и нанесувајте го на секои два часа ако вежбате умерено или на секои 45-60 минути ако тренингот е поинтензивен.rn

    3. Не го проверувате часовникот

    rnКога станува збор за вежбањето надвор, во лето температурите се зголемуваат многу побрзо од вообичаеното, па затоа е добро да избегнувате тренинг барем помеѓу 10 и 17 часот. Најдобро е да вежбате во раните утрински часови или во вечерните часови кога температурите паѓаат. Изберете место под сенка каде што нема да бидете изложени на директна сончева светлина.rn

    4. Носење несоодветна облека

    rnПолиестерот и облеката што се лепи на кожата не се најдобриот избор за летните тренинзи. Наместо тоа, облечете поширока облека, изработена од соодветни материјали во посветли бои што нема дополнително да ве гушат.rn

    5. Недостаток на електролити

    rnПовисоките температури обично значат повеќе потење, што може да доведе до загуба на електролити. Ако планирате сериозно да тренирате на отворено цело лето, ќе треба да ги надоместите изгубените електролити.rnrnСе разбира, изберете поздрави опции за да го направите ова. Можете да додадете малку повеќе сол во вашата храна, па дури и да додадете малку сол во вашето шише со вода што е многу важно бидејќи натриумот се врзува за водата и помага во одржувањето на рамнотежата на телесните течности.rnrnНиското ниво на сол во организмот може да доведе до замор и отоци, особено кај жените.rn

    6. Задржување на зимските стандарди

    rnАко трчате еден километар за пет минути, не очекувајте ги истите резултати во летните месеци. Кога температурите растат, нормално е вашите перформанси да бидат нешто послаби, особено кога станува збор за кардио вежбите.rnrnОбидот да ги задржите истите резултати како во климатизирана теретана лесно може да ве доведе до разочарување. Наместо тоа, поставете различни стандарди во склад со временските услови и бидете реални со рекордите.rn

    7. Непроверување на временската прогноза

    rnАко вежбате на отворено во зимските месеци, веројатно ја проверувате временската прогноза за да знаете што да очекувате. Истата навика треба да ја имате и во текот на летото. Проверете го нивото на влажност, можноста од топлотни бранови и ако е потребно, прескокнете го тренингот. Слушајте ги советите на експертите.rnrnВо текот на летните месеци, многумина посветуваат посебно внимание на физичкиот изглед. Желбата да изгледате добро е разбирлива, но сепак, не треба да биде поважна од грижата за вашето здравје. Немојте да претерувате и да ја игнорирате исцрпеноста. Слушајте го вашето тело и запрете кога е потребно.rnrnПогледнете ги овие трикови што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции.

  • 10 грешки што родителите треба да престанат да ги прават

    10 грешки што родителите треба да престанат да ги прават

    Да се биде родител е една од најтешките професии и тука постои простор за грешки како и на сите други работни места. Сите луѓе грешат, но кога станува збор за родителството, влогот е голем. Погрешните работи што ги правите или што ги велите може да имаат негативни последици кај вашите деца кога ќе станат возрасни. Според експертите, ова се вообичаените грешки што ги прават родителите кога ги воспитуваат своите деца.rn

    1. Донесувате одлуки за вашето дете

    rn10 грешки што родителите треба да престанат да ги праватrnrnПросторот што ќе му го дадете на вашето дете за да донесува одлуки и да прави избор може да биде клучен за неговата психолошка удобност. Кога не чувствувате контрола над сопствениот живот, страдате од стрес и од вознемиреност. Обидете се да не го принудувате вашето дете да прави нешто и не ограничувајте го неговиот избор. Наместо тоа, обидете се да го охрабрите да донесе свои одлуки и да бидете тука за вашето дете кога ќе му треба вашата помош.rn

    2. Критикување и споредување

    rnАко премногу го критикувате вашето дете, тоа може сериозно да влијае на неговата самодоверба и да го доведете до ситуација кога нема да може да им се радува на своите достигнувања и ќе се чувствува како аутсајдер. Експертите за родителство веруваат дека фразите што започнуваат со „Зошто си толку…“ или „Зошто не можеш да бидеш како…“ може да ѝ наштетат на психолошката удобност на вашето дете така што можеби ќе му треба многу време за да закрепне.rn

    3. Не му дозволувате на вашето дете да прави грешки

    rn10 грешки што родителите треба да престанат да ги праватrnrnНајмногу лекции во текот на животот учите од сопствените грешки. Кога се обидувате да ги заштитите своите деца од тие грешки, им ја скратувате можноста да се соочат со последиците од нивниот избор и од нивните постапки. Следниот пат кога ќе сакате да го извлечете вашето дете од некоја збрка, обидете се да размислите за добрите работи што може да ги научи вашето дете од таа грешка.rn

    4. Зборувате повеќе отколку што слушате

    rnКога станува збор за родителството, слушањето е една од најважните вештини што родителот треба да ги има. Понекогаш, брзате да им ја кажете лекцијата на вашите деца кога нешто ќе се случи, наместо само да ги ислушате. Да бидете добар слушател е знак на љубов и поддршка. Поставувајте прашања што започнуваат со „што“ или „како“ наместо „зошто“ за да го охрабрите вашето дете да ви каже нешто повеќе за својот проблем и заедно да успеете да најдете решение.rn

    5. Му дозволувате на детето да ги избегне обврските

    rnrnrnНекои родители мислат дека нивното дете треба да има само забавно детство и одлучуваат да го ослободат од домашните обврски. Но, ако го охрабрувате вашето дете да прави нешто што е соодветно за неговата возраст, ќе му помогнете да стане одговорна личност кога ќе порасне.rn

    6. Не ги сфаќате сериозно проблемите со учењето

    rnЛошите оценки и проблемите со однесувањето на училиште не се секогаш резултат на тоа што вашето дете е мрзливо или немотивирано. Проблемите со меморијата и многу други аспекти на физичкото и психичкото здравје може да бидат причина за проблемите со учењето и тие не треба да се игнорираат.rn

    7. Очекувате совршенство

    rn10 грешки што родителите треба да престанат да ги праватrnrnСосема е нормално кога родителите се надеваат на најдоброто и очекуваат најмногу од своите деца, но високите очекувања може да предизвикаат проблеми. Прво, треба да сфатите дека вашите деца не можат да бидат најдобри во сè што прават. Второ, наместо да ги присилувате секогаш да бидат подобри од другите, треба да се фокусирате на нивните достигнувања и да им помогнете да ги подобрат своите вештини.rn

    8. Надоместување за другиот родител

    rnНекои родители се обидуваат да бидат подобри или построги за да надоместат за својот партнер. Но, овој пристап може да предизвика уште повеќе проблеми. На овој начин, вие и вашиот партнер правите компромис еден со друг, наместо да го охрабрите вашето дете да се обиде да постигне договор со двајцата родители.rn

    9. Правите работи за вашите деца што тие можат да ги направат сами

    rn10 грешки што родителите треба да престанат да ги праватrnrnДозволете им на вашите деца сами да ги завршуваат своите обврски ако сакате да ги израснете во одговорни и решителни личности. Ако сте родител кој прави многу работи за своето дете, експертите предлагаат да го испробате овој метод:rn

      rn 011

    • Запишете ги сите работи што сте направиле за вашето дете во текот на една недела.
    • rn 011

    • На крајот на неделата погледнете во списокот и прецртајте ги работите што вашето дете може да ги направи само и престанете да ги правите.
    • rn 011

    • Заокружете ги работите што вашето дете може делумно да ги направи и дозволете му да го направи својот дел.
    • rn 011

    • Продолжете да му помагате на вашето дете во сè останато.
    • rn

    rn

    10. Не го применувате тоа што го кажувате

    rnКога кажувате лаги, ги обвинувате другите и глумите жртвата додека им кажувате на вашите деца никогаш да не ги прават тие работи, вие сте противречни. Обидете се да бидете добар пример за вашето дете и бидете доволно храбри да признаете свои грешки.rnrnПрочитајте кои 10 постапки на бабите и дедовците ги нервираат родителите.

  • Грешки во изгледот што го спречуваат напредувањето во кариерата

    Грешки во изгледот што го спречуваат напредувањето во кариерата

    Ако имате цел што сакате да ја постигнете на работното место, обрнете внимание на вашиот изглед и на одредени трендови за убавина. Современите трендови за убавина ја кријат природната убавина, па сè што гледате на модните писти не е соодветно за во канцеларија, особено ако сакате да напредувате. Во продолжение погледнете кои грешки можат лесно да го спречат вашето напредување во кариерата.rnrnГрешки во изгледот што го спречуваат напредувањето во кариератаrn

    Премногу темен тен

    rnЛетото е кратко, никогаш не ви е доста од сонцето и никој не сака да има блед тен. Сепак, ако шетате низ канцеларијата цела година со портокалова боја на кожата и ги нервирате колегите заради тоа, вашите можности за напредување се многу мали. Современите работодавци претпочитаат да ги унапредуваат вработените со добар вкус, особено ако вашата професија е поврзана со комуникација со луѓе. Ако сакате да напредувате, изберете соодветна нијанса на бронзер – неколку нијанси посветла од вашиот природен тен со златен сјај, а не жолт.rn

    Неприродни веѓи

    rnБујните веѓи станаа многу популарни, но понекогаш изгледаат застрашувачки, а очите одбивни. Не дозволувајте да паднете на овој тренд, па ако сакате кариера, изберете експерт кој ќе ги направи вашите веѓи да изгледаат природно и неодоливо.rn

    Неуредна коса

    rnНесредената фризура и нечистата коса ги одвраќаат другите од вас, а ако вашиот работодавец е жена, тогаш дополнително треба да обрнете внимание на косата. Вашиот шеф размислува вака: „Ако не се труди да изгледа добро на работа, тоа значи дека работата не ѝ е важна, па зошто би ја унапредил“.rn

    Неуредни раце и нокти

    rnНеиздепилираните раце и долгите нокти изгледаат страшно. Одете во салон за убавина и потрудете се вашите нокти да изгледаат уредно, а маникирот секогаш да изгледа свежо.rnrnПрочитајте на што треба да внимавате ако имате видео-состанок од дома.

  • Секако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергија

    Секако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергија

    И додека некои со нетрпение ја очекуваат пролетта, таа за многумина е синоним за проблеми со алергиите. Поленот и надворешните алергени како прашината може да го направат вашиот живот неподнослив ако направите грешки за кои не сте ни свесни. Иако некои може да имаат лесни, а други сериозни симптоми на алергија, важно е да знаете дека можете да си помогнете ако ги избегнете следниве грешки:rnrnСекако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергијаrn

    1. Го оставате прозорецот отворен

    rnВоведете правило да ви бидат прозорците затворени за време на сезоната на алергии. Дури и ако не сте дома, не оставајте го прозорецот отворен бидејќи честичките полен може да влезат внатре додека вие не сте дома. Особено не го отворајте прозорецот додека е сончево и ветровито надвор, советуваат пулмолозите.rn

    2. Го вклучувате клима-уредот

    rnИако температурите во текот на летните денови може да бидат неподносливи за сите луѓе, луѓето кои страдаат од алергии или имаат астма не би требало да го вклучуваат клима-уредот. Тој е штетен, особено за астматичарите ако користите силни хемиски агенси за чистење на уредот. Исто така, ненадејните промени на температурата се штетни за овие личности. Во секој случај, користењето на клима-уред не е најдоброто решение за лицата со алергии затоа што тие луѓе се почувствителни.rnrnКако алтернатива, се препорачува да вградите филтри за полен во системот за вентилација. Вклучувајте го климатизерот во автомобилот само ако имате филтри за полен.rn

    3. Вежбате во погрешно време

    rnАко сакате да вежбате на отворено, внимавајте на периодот во текот на денот и на временските услови. Избегнувајте да излегувате рано наутро или попладне бидејќи тогаш концентрацијата на полен во воздухот е најголема. Колку е потопло и поветровито, толку е полошо. Излегувајте доцна навечер затоа што тогаш обично количината на полен се намалува.rn

    4. Ја одложувате употребата на лекови

    rnТреба да избегнете да ги употребувате лековите со задоцнување, кога практично не сте во состојба да дишете. Кога знаете дека ќе започне сезоната на алергии, обидете се да се погрижите за вашето здравје на време. Превенцијата е најдобриот лек.rnrnАко пиете таблети за алергија, започнете да ги користите 2 недели пред поленот да се појави во воздухот. Доволно е да земате 1 таблета на ден. Тоа ќе има ефект, советуваат пулмолозите кои посочуваат дека е голема заблуда ставот дека алергијата не може да се излекува.rn

    5. Имате плишени играчки дома

    rnПлишените играчки се слатки и меки, но, за жал, во многу случаи тие едноставно стојат на полиците или на креветот и собираат прашина што е најчестиот предизвикувач на алергии.rnrnАко имате плишени животни и алергија, најдобро е да се ослободите од нив. Можеби треба да му дозволите на вашето дете да избере само 1 или 2 плишени играчки што може да ги перете одвреме-навреме.rnrnМожеби сакате да откриете и што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?rnrnrn