КАФЕ ПАУЗА

Tag: грешка

  • Пудрата во прав ги истакнува брчките: Погледнете како да ја избегнете оваа грешка

    Пудрата во прав ги истакнува брчките: Погледнете како да ја избегнете оваа грешка

    Со текот на годините, начинот на шминкање треба да се менува. Наместо да користите јака шминка, таа треба да биде понежна и поблага. Најчестата грешка која ја правите, со цел да ги сокриете брчките, е претераното користење на пудра во прав или камена пудра.rnrn1-pudrata-vo-prav-gi-istaknuva-brchkite-poglednete-kako-da-ja-izbegnete-ovaa-greshka-www.kafepauza.mk_rnrnЖените често мислат дека со поголема количина пудра во прав или камена пудра ќе ги прикријат недостатоците и тоа навистина изгледа така во моментот кога ќе завршите со шминкањето. Меѓутоа, еден дел од шминката се впива, а другиот се топи, па пудрата во прав се вовлекува во брчките и вдлабнатините. Така, дури и оние ситни и невидливи брчки, ќе станат видливи, како исцртани на лицето, и наместо да ги сокриете, вие всушност ги истакнувате, а лицето ви изгледа постаро и без свежина.rnrnШминкерите советуваат дека за да се прикријат брчките најдобро е да се користи кремаста течна пудра, а пудрата во прав или камената пудра да се користи во минимални количини и никако да не се нанесува на делот под очите.rnrn2-pudrata-vo-prav-gi-istaknuva-brchkite-poglednete-kako-da-ja-izbegnete-ovaa-greshka-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку вашата кожа е масна, треба да користите течна пудра со мат ефект, а пудрата во прав да ја нанесете за да го прекриете сјајот кој се појавува на носот и брадата, но во многу тенок слој. Исто така, поправањето на шминката на овој начин не се препорачува повеќе од два пати во текот на денот.

  • Сакате да биде крај, тогаш така нека биде: Не останувајте во несреќната врска поради овие причини

    Сакате да биде крај, тогаш така нека биде: Не останувајте во несреќната врска поради овие причини

    Понекогаш имаме повеќе погрешни причини да останеме во врската која пополека се гасне и во која повеќе не чувствуваме задоволство, отколку што имаме добри причини за да раскинеме. Не можеме целата вина да ја префрлиме на партнерот, ништо драматично не се случило, но и немаме некоја подобра опција. Навикнати сме, удобно ни е, се плашиме од самотија. Многу парови го минуваат животот во ваков однос, прифаќајќи ги неуспехот и незадоволството.rnrn1-sakate-da-bide-kraj-togash-neka-bide-taka-ne-ostanuvajte-vo-nesrekjnata-vrska-poradi-ovie-prichini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Не сакате да го повредите партнерот

    rnНемате ништо против него, не се однесува лошо и не е напорен, но не сфаќа дека вие не сте среќни со него. Во суштина, тој ви е мил и не сакате да го повредите, иако не гледате каде тоа ќе ве одведе во иднина. Па, можеби би било добро да замислите како пополека тонете во незадоволство и сè повеќе го мразите партнерот кој не ги исполнува вашите очекувањата и кој повеќе не го сакате. Можеби доволно ќе се исплашите од она што ќе го замислите.rn

    2. Удобен ви е стилот на живот со партнерот иако тој не ви одговара

    rnМожеби тоа е материјалната сатисфакција, статусот, општествената положба. Со него животот е лесен и луксузен, но би бил совршен ако тој не е тука. Воздивнувате и помислувате дека совршенство не постои и дека не треба да ги ризикувате летувањата, зимувањата, забавите и благородното друштво, додека истовремено знаете дека повеќе го трпите отколку што го толерирате партнерот. Но, колку долго ќе помине додека не ви се досади и започнете да барате тајни излези и вентили, да влегувате во авантури и да се коцкате со можноста партнерот да ве открие – додека потајно се надевате во тоа и дека конечно вашата врска ќе заврши?!rn

    3. Мислите дека нема да најдете подобар

    rnМожеби се потценувате, а можеби сте убедени дека не заслужувате подобро. Кој ќе сака некој како вас? Недостатокот на самодоверба и свеста за сопствените вредности се одличен начин за да се закопате во врска во која ве држи само чувството на вина – најдовте партнер и сега морате да го трпите, бидејќи тој е доволно добар, а вие не сте. Дали ќе го поднесете тоа што не го сакате и не чувствувате блискост и поврзаност, а најверојатно и вашиот интимен живот не е добар? Можете ли?rnrn2-sakate-da-bide-kraj-togash-neka-bide-taka-ne-ostanuvajte-vo-nesrekjnata-vrska-poradi-ovie-prichini-www.kafepauza.mk_rn

    4. Верувате дека љубовта ќе оживее

    rnСте се сакале на почетокот. И минува време, а вие и понатаму се прашувате како тие чувства се изгасиле и се претвориле во навика и досада. Но, поради таа љубов сте останале во врска. Можеби ќе оживее. Кога ќе помине лошиот период. Кога ќе помине животот.rnrnЗнаете што? Љубовта не исчезнува. Бидејќи не станува збор само за чувствата. Ако таа се гасне, тогаш треба да работите на другите аспекти на љубовта, кои ја прават врската квалитетна и исполнета. Ако и двајцата работите на тоа, ќе ги сочувате и нежните чувства, односно, ќе научите да посегнете по нив кога ќе ви затребаат. Ако тој однос не постои, тогаш не постои ниту љубов.rn

    5. Се плашите од несигурност за во иднина

    rnНајнови вести: не постои сигурна иднина. Сигурен е само крајот на секоја иднина, како и на секоја сегашност или пак минато, барем кога се работи за вас. Што е тоа сигурна иднина? Сигурно е дека ќе бидете несреќни и незадоволни во врската во која не сте задоволни? Па, ако тоа е вашиот избор…

  • Без да знаат, тие откриле уште едно изненадување на нивната вереничка фотографија

    Без да знаат, тие откриле уште едно изненадување на нивната вереничка фотографија

    Вашите родители, соработници и пријатели сакаат да бидат среќни за вас, но понекогаш треба да се обидете да го контролирате изливот на информации со цел сите да имаат време да ја процесираат пораката. Девојката на оваа фотографија, Миранда Леви, била премногу возбудена за го следи овој совет и случајно открила многу повеќе одошто планирала.rnrn(1) Без да знаат, тие откриле уште едно изненадување на нивната вереничка фотографијаrnrnЛеви била пресреќна кога нејзиниот дечко ја запросил, па затоа и направиле фотографија од тој момент и потоа ја објавила на Фејсбук. Но, наместо нејзините пријатели и роднини да ѝ честитаат, тие почнале да ја прашуваат за чудниот објект кој се наоѓа во левиот агол на фотографијата. Сè уште несвесна за тестот за бременост кој се наоѓа покрај неа, таа почнала да ги прашува оние што искоментирале зошто мислат дека таа очекува дете. Откако сфатила што се случува, немајќи друг избор, таа направила втора објава истиот ден…rnrn(2) Без да знаат, тие откриле уште едно изненадување на нивната вереничка фотографија

  • Која е најголемата грешка која сите ја прават за време на диетите и како да ја избегнете?

    Која е најголемата грешка која сите ја прават за време на диетите и како да ја избегнете?

    Постојат многу малку нешта кои се подобри и поздрави за организмот од чистата вода, но ако претерате со консумирањето на оваа напивка можете да го постигнете спротивниот ефект. Водата, како и секоја друга супстанца на планетата може да стане отров за вашето тело ако со неа претерувате.rnrnКоја е најголемата грешка која сите ја прават за време на диетите и како да ја избегнете?rnrnЗголеменото внесување на течностите во вашиот организам е неопходен во летните месеци. Вие не смеете да дозволите вашиот организам да дехидрира бидејќи тоа може да доведе до фатален исход, дури почесто отколку што би помислиле. Но, ни другата крајност не е здрава, а тоа ни го покажуваат и многубројните смртни случаи во кои настанала интоксикација со вода (да, тоа навистина постои). Еден од овие случаи била и Жаклин Хенсон (49) која во обид да изгуби тежина пиела 4 литри вода на секој 2 часа. Таа починала во болница, од отекување на мозокот. Но, нејзиниот случај не е единствен во историјата…rnrnДури и да не дојде до труење, претерувањето со водата може да доведе до низа други проблеми, кои најчесто се забележуваат кај жените на диета. Тие прескокнуваат оброци бидејќи се сити, односно полни со вода, што е многу нездраво за самиот организам. Хидратацијата е неопходна за правилно функционирање на организмот, а внесувањето течности треба да биде зголемено во текот на летните месеци. Но, тоа не значи дека треба да пиете вода со сила, бидејќи на тој начин не само што нема да има ефект, туку може да биде и опасно за вас.rnrn2 до 3 литри дневно се сосема доволно за еден здрав човек, но сепак најдобро е да го следите вашето тело. Доколку ви се пие вода, слободно пијте. Но, доколку не сте жедни, а намерно пиете, тогаш тоа може негативно да се одрази врз вашето слабеење. Водата е клучна за слабеењето, но во умерени количини. Па, за да си помогнете при губењето килограми, експертите препорачуваат да пиете вода постепено, голтка по голтка, бидејќи на тој начин постои многу мала шанса да дојде до претерување.

  • 6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личност

    6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личност

    Сите сакаме да мислиме дека еден ден ќе стапиме во брак со личност која ќе ја сакаме повеќе од сите други, дека тоа засекогаш ќе биде убаво и никогаш нема да тргне наопаку, но знаеме дека тоа не е секогаш така. Приказните на овие жени ќе го потврдат тоа.rnrn6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личностrn

    „Кога тој стана емоционално недостапен“

    rn

    „Се омажив многу млада, а се верив на 19 години. Сепак, мојот брак беше добар во првите пет години. На мојот сопруг му се случи трагедија во семејството и почна да станува многу чуден. Се криеше за да пуши, а кога го открив и го прашав зошто не ми кажал, тој ми рече ’Затоа што не праша’. Се чувствував чудно затоа што не го прашав толку специфично прашање како ’Дали се криеш од мене за да пушиш цигари на прозорецот на бањата’, но подоцна тој ми рече и дека не го разбирам. Единствената личност која го разбираше… беше неговиот најдобар другар од седмо одделение со кого контактираше еднаш во можеби три години.rnrnТоа беше првата епизода во која имав сомнежи, но ако се навратам на нашата осма година во брак, немавме водено љубов три и пол години и кога му кажав дека не можам повеќе вака, тој ми рече дека имам нереални очекувања за сексот затоа што гледам романтични серии како ‘Канцеларија’ (The Office) и си мислам дека таков треба да биде и реалниот живот. Разведени сме веќе три години.“

    rn

    „Кога тој стана нечувствителен и неверен“

    rn

    „Моментот во кој сфатив дека мојот брак беше грешка: кога мојот поранешен маж ми се извини за ’онлајн врската’ што ја имал со жена од Њујорк затоа што ’ја знаел подолго од мене’. Еден ден откако се вратив дома од болница после раѓањето на нашиот прв син со итен царски рез, побара од мене да го заменам маслото на автомобилот додека тој играше плејстејшн. Или мојата омилена случка: кога нашиот првороден син имаше само три месеци, тој даде отказ од работата во Гринич и сфати дека сака да ја искористи нашата заштеда за да стане ’Кралот на тревниците во Хемтпонс’. Само една недела откако ја промени кариерата, тој сфати дека не го бива за физичка работа откако со косилката за трева го искрши скапиот лизгачки прозорец на еден клиент. Се зедовме кога бевме млади и глупави.“

    rn6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личностrn

    „Душкаше“

    rn

    „Два дена откако се зедовме мојот драг сопруг го прегледуваше мејлот на поранешната свршеница. А јас токму тогаш влегов во собата.“

    rn

    „Не го сакав“

    rn

    „Имаше неколку работи во мојот брак поради кои на оние кои гледаа отстрана им беше јасно дека тој нема да успее. Бев многу млада кога се омажив, имав само 18 години, а тој 24. Тој почна да ме изневерува тајно пред да премине на отворено излегување со други љубовници и враќање и оддалечување помеѓу мене и која и да беше таа што му помагаше ’подобро да ги согледа работите’. Но, ништо од ова не ме натера да мислам дека бракот беше грешка.rnrnДури и откако се откажав од сè и побарав развод, не мислев дека тој беше грешка. Тоа го сфатив дури по неколку години. Бев во една група пријатели кога почнавме да зборуваме за нашите поранешни партнери. Јас кажав дека не чувствувам омраза, одбивност, гнев, ниту љубов, или што било друго кон мојот поранешен сопруг. Тоа што го чувствував за него беше истото што го чувствував и за кој било непознат што би го сретнала на улица – му посакувам само добар живот. Чувствував нешто само поради нашите деца и затоа што тој не беше дел од нивните животи.rnrnТогаш конечно сфатив дека сум се омажила од погрешни причини. Да се омажев за него кога сум била лудо вљубена и кога не сум можела да замислам иднина без него, пак би останало некакво чувство и откако се разделивме. Кога пак ќе се омажам и ако воопшто се омажам, се надевам дека ќе имам ладна глава и ќе бидам доволно зрела да знам дека овој пат тоа го правам од вистински причини и за последен пат.“

    rn6 жени го откриваат моментот кога сфатиле дека се омажиле со погрешната личностrn

    „Му требаше голема помош, но тој ја одби“

    rn

    „Кога се вративме од меден месец не можев да го најдам никаде. Погледнав во мојата канцеларија и го најдов под бирото склопчен во позиција на фетус.rnrn‘Зошто го правиш ова?’rnrn’Знаеш, би требало да сум на лекови.’rnrn’Колку долго не си ги зел?’rnrn’Пет години или така нешто…’“

    rn

    „Сè изгледаше како да е наопаку“

    rn

    „Иако е стресно, планирањето на свадбата треба да биде возбудливо. Тоа беше моментот во кое сфатив, односно повторно сфатив, дека мажењето е лоша идеја. Поканите беа мајсторски изработени, но исфорсирани. Откако конечно го избравме дизајнот, буквите делуваа некако погрешно. Немаше вистина позади тие убави зборови. Со изборот на песната за првиот свадбен танц беше исто. Иако сите песни беа романтични и трогателни, ниту една не беше правата. Секоја песна правеше да се чувствувам како голем измамник, како да одев низ сето тоа без вистински емоции. Кога нечие срце не е загреано за нешто, мозокот треба да го преиспита изборот што тоа го направило.“

  • Носете одлуки поради кои нема да се каете

    Носете одлуки поради кои нема да се каете

    Сакале или не, секоја одлука во даден момент носи со себе ризик дека не е вистинската. Но ретко кога можеме да го пресметаме тоа со мала веројатност на грешка, па се случува и да погрешиме. Но она што е важно е да не се каеме за одлуката која ќе ја донесеме, односно тоа да биде одлуката која би ја носеле повторно и повторно кога би се нашле во истиот тој даден момент. Еве како да го правите тоа.rnrn(1)-nosete-odluki-poradi-koi-nema-da-se-kaete-kafepauza.mkrn

    1. Преспијте пред да одлучите

    rnВо ек на возбуда, луѓето тежнеат кон носење на избрзани и, често, погрешни одлуки. Затоа не избрзувајте. Преспијте и почекајте да видите дали утрото ќе ви донесе нова перспектива. Па ако и утре го имате истиот став и размислување, донесете ја одлуката.rn

    2. Оставете си време за размислување

    rnПовторно, не избрзувајте, особено ако не сте 100% сигурни во тоа што сакате да го направите. Дајте си го себеси потребното време да ја донесете вистинската одлука. Тоа може да бидат часови, денови или месеци. Она што е важно е одлуката која ќе ја донесете да биде таква што дури и кога би се вратиле назад во времето, вие пак би го одлучиле истото.rn

    3. Ставете ги фактите ЗА и ПРОТИВ на вага

    rnНекогаш сте на крстопат бидејќи не знаете кое решение е попаметно. Сакате да направите едно, па по некое време се премислувате и се решавате за друго. Во такви ситуации, најдобро е да ги напишете сите ЗА и ПРОТИВ на лист хартија и да видите што всушност тие ќе ви кажат. Согледајте што добивате и што губите доколку донесете една или друга одлука и ќе знаете што треба да правите.rn

    4. Побарајте совет

    rnСвежа перспектива не е никогаш на одмет. Мислите дека знаете сѐ и дека сте го согледале проблемот од секоја можна гледна точка, но веројатноста за тоа е многу мала. Мислењето од страна може да ви понуди перспектива која не ви ни паднала на памет, а која може да влијае многу на вашето мислење. Совет од пријател, член на семејството или колега некогаш знае навистина да помогне.rn

    5. Размислете како одлуката ќе ви влијае понатаму

    rnСекогаш земајте ги предвид последиците. Што и да одлучите и колку и да е банална проблематиката за која станува збор, одлуката секогаш носи некакви последици со себе. Луѓето често забораваат на овој фактор при носење на важни одлуки, па оттука и каењето после донесувањето. Влијанието на последиците врз вас и вашите блиски игра голема улога во носењето на самата одлука, па како такво не треба никогаш да го испуштите.rnrnСекој прави грешки. Сите ние сме се нашле во ситуација кога посакуваме да сме избрале поинаку. Некогаш имаме шанса да го направиме тоа, некогаш не. Факт е дека живееме со одлуките кои ги носиме и на патот кој сме го избрале. Но исто така е и факт дека можеме да влијаеме на тоа да носиме подобри одлуки, па ако ништо друго, барем малку да си го поедноставиме животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

    Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

    Кому му требаат стрипови, филмови и цртани за суперхерои со неверојатни моќи, кога секој од нас има свој личен, урбан херој?

    rn

    1-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mkНаша оцена: 8/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnДеновиве имав среќа да наидам на една приказна, вистинска и тоа, за бездомникот кој ѝ ги понудил своите последни 3 долари на една девојка која во тој момент останала без пари и не можела да плати превоз за да стигне дома. Девојката благодарна за гестот поттикнала акција по социјалните мрежи за да му се помогне на човекот да си најде топол дом, покрив над глава. По вакви приказни вербата во човештвото расте до плафон, се разбира сè додека не наидам на наредната приказна за некоја бедотија по светов, но тоа е, Интернетот е зезната работа. Како и да е, поентата ми беше дека за мене бездомникот и девојката се школски пример за урбани херои. А за такви луѓе со огромно срце, кое нас другите по малку нè засрамува, пишува и Драган Таневски во неговото првенче „Урбани херои“.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnНеколку кратки приказни испреплетени една со друга, плус неколку дополнителни приказни кои навидум немаат некоја поврзаност, но сепак сите имаат една заедничка работа – раскажуваат за тоа дека вистинските херои се најчесто многу блиску до нас. Главната приказна опфаќа неколку генерации од едно семејство, направени грешки од минатото кои прогонуваат цел живот (тоа многу добро го знаеме, нели?) и ликови кои долги години се борат со последиците сè додека болката и осаменоста не испливаат на површина. Како да се биде на дното и да се живее со срам и пониженост, како да се издигнеш од правта и да продолжиш да живееш, дури и успешно? Мислам дека одговор на најтешкото прашање нема, но сепак секој од нас е доволно херој за да пронајде трoнка волја и да преврти наопаку сè што не чини и конечно да почне да дише.rnrn2-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mkrnrnПриказна за една девојка која се заљубува во фраерот на мотор и дознава дека љубовта е слепа и глупа понекогаш, особено ако фраерот те навлече на дрога и заглави во долгови. Ова исто така е приказна и за тоа дека ангели чувари сепак има (ова не сте го слушнале од мене) и дека кога животот ќе нè турне на земја и ќе ни се закани, ненадејна љубов може да нè спаси од самите себе и од сите други. Обично, мајчинската. Уште поважно, ова е приказна која ќе ве научи дека каењето и самоказнувањето за направените грешки никогаш никому не помогнале и дека најдобар начин е да се истресеш од прашината и да продолжиш понатаму, не погледнувајќи никогаш назад.rnrnКнигата се чита брзо, ослободена од непотребни описи и заплети, авторот често брзо преминува на главното и не остава премногу простор за филозофирање. Со ликовите лесно ќе се поврзете, особено поради секојдневниот говор и жаргонот на кој може да се наиде на моменти. Топла препорака за сите оние на кои деновиве им треба малку повеќе верба во човештвото.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 24 декември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • 10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

    10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

    Пријателствата секому му се неопходни, но како што растеме и созреваме сфаќаме дека некои личности не го заслужуваат местото во нашиот круг на пријатели. Сите си имаме пријатели за цел живот, но некои не издржале низ почетокот на 20-тите. Еве кои видови пријателства најчесто се прекинуваат во оваа фаза од животот.rnrn10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-титеrn

    1. Пријателката од средно

    rnВо средно мислевте дека ви е сродна душа и дека е меѓу ретките личности кои ве разбираат, но потоа и двете тргнавте на факултет, полека почнавте да склопувате нови пријателства и да се гледате сè поретко. Уште си ги лајкнувате постовите на ФБ и ако се видите си ветувате дека мора да испиете едно кафе заедно, но тоа е сè.rn

    2. Колегата/шката од сезонска работа или волонтирање

    rnКога прекинавте со работа си ветивте дека ќе останете во добри односи бидејќи цело време добро се сложувавте и бевте речиси неразделни кога работевте на некој заеднички проект. Вистината е дека најверојатно никогаш повторно нема да се видите.rn

    3. Пријателката која постојано ве критикувала

    rnНавидум била грижлива пријателка која секогаш искрено ви кажувала што мисли. Вистината е дека никој не е безгрешен и секогаш праведен, па така прекинувате да ѝ кажувате тајни бидејќи секогаш ви нафрлала куп критики или чудни погледи. Потоа престанувате да бидете толку блиски.rnrn10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-титеrn

    4. Незрелиот/незрелата пријател/ка

    rnВо средно ви беше меѓу омилените личности и ве учеше како да бидете слободни, луди и откачени. На некој начин му/ѝ се восхитувавте посакувајќи да можевте и вие така да „одлепите“ понекогаш, но полека растете и созревате и сфаќате дека тој начин на живот се коси со сите ваши ставови.rn

    5. Пријателката која направила ужасна грешка… во многу наврати

    rnПрвиот и вториот пат е ок, иако ѝ велевте дека треба да прекине. Но, таа продолжи да ги повредува своите најблиски, да ве тера да лажете за неа, да жртвува сè правејќи ја истата лоша постапка. Потоа ви доаѓа преку глава и едноставно се повлекувате.rnrn10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-титеrn

    6. Пријателката која не вложувала во пријателството

    rnМногупати сте ѝ простиле што ве оставила сами во непријатна ситуација, што го ставила момчето пред вас, што не ве побарала со месеци, но како што влегувате во зрелите години сфаќате дека ви треба личност која едноставно ќе биде тука за вас и секогаш ќе може да сметате на неа.rn

    7. Онаа на која срцето постојано ѝ беше скршено

    rnУпорно продолжуваше да ги брка лошите момци, да влегува во кал, да заборава на своите принципи. Толку беше романтична што постојано мислеше на љубов и во 90% од времето срцето ѝ беше скршено. Многупати сте ја тешеле, но не сте можеле веќе да се изложувате на негативната енергија од нејзиното постојано жалење. Таа постојано имала проблеми така што никогаш немала време да ве сослуша вас. Сега кога ќе размислите добро сфаќате дека можеби таа едноставно сакала да биде во центар на внимание.rnrn10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-титеrn

    8. Постарата пријателка

    rnБеше многу кул кога вие имавте 16 а таа 21. Ве учеше на нови работи, ве земаше по клубови, но подоцна сфативте дека вашите патишта се разидуваат. Таа е во сериозна врска или брак а вие сте далеку од тоа.rn

    9. Пријателството кое вашата мајка/постара сестра не го одобруваше

    rnМожеби мислевте дека вашите мајка или сестра ве мразат или не ве разбираат или дека не се фер што не сфаќаат колку сте блиски со вашата другарка, но подоцна сфаќате дека биле во право. Таа навистина влијаела лошо на вас.rn

    10. Оној/онаа кој/а сериозно „зацапа“ во љубовна врска

    rnИ си ги заборави пријателите, престана да ви се јавува и да излегува.rnrn10 пријателства кои ги прекинувате на почетокот на 20-тите

  • За малку и ќе ја завршеше работата како што треба

    За малку и ќе ја завршеше работата како што треба

    Без разлика дали се работи за човечка грешка или пак за потфрлување на машините кои обично работат со неприкосновена прецизност, овие производи се смешен доказ дека некогаш, дали од замор или незаинтересираност, ваквите пропусти дури остануваат незабележани од страна на работниците.rnrnrnrn

    rnВакви утки се случуваат секојдневно. Ако не ви се верува колку е честа оваа појава, погледнете ја и оваа галерија.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали јас пораснав или ти се измени?

    Дали јас пораснав или ти се измени?

    Интересно е колку мислите и ставовите ни се менуваат како што растеме и созреваме. Неверојатно е како може некој на кого сте му се восхитувале, или сте го сакале (или барем сте мислеле дека го сакате), одеднаш да го гледате од сосем поинаква перспектива. Луѓето се менуваат или ти созреваш и поинаку гледаш на нештата?rnrnРастеш и полека си ги поврзуваш точките. Кој колку вредел, кој колку лажел, кој колку се потрудил. Полека сфаќаш дека ти си многу повеќе од тоа. Реално си ја мериш и сопствената вредност. Еднаш негде прочитав дека сегашноста е илузија. Никогаш не ја гледаме сосем јасно. Дури откако ќе помине доволно време можеш да се навратиш, и јасно, и до некаде објективно, да ги погледнеш работите.rnrnДали јас пораснав или ти се измени?rnrnГрешки, кој не направил? Но треба ли да се каеме за нашите избори и постапки од минатото? Не, барем според мене. Не дека сè сум направила исправно, напротив, туку сосем сум свесна дека без лошите избори не би била она што сум денес. Колку и да се каете за вашето минато едно нешто треба да сфатите – тоа ве направило такви какви што сте денес. Многумина би зборувале лошо за оние со кои некогаш делеле сè. Но интересното прашање е, нели тогаш зборуваш лошо сам за себе? Нели покажуваш дека самиот себеси не се почитуваш? Кога и да помислиш да отвориш уста за да кажеш нешто лошо за некој од твоето минато размисли, што тој/таа некогаш ти значел/а, и најважно од сè не заборавај, тоа бил твој сопствен избор и израз на твоите чувства, емоции, расудувања.rnrnКога некој ќе те потпецне да зборуваш за бивш/а, или ќути или кажувај сè најдобро – во спротивно испаѓаш кретен кој не знае да го остави минатото зад себе. Кога ќе отвориш албум со слики и ќе видиш каква ти била косата некогаш или како си се облекувал/а пред 5 години, имаш право да се насмееш, но не и да се критикуваш. Буквално секој наш избор од минатото го претставува патот кој сме го минале за да станеме она што сме денес.rnrnМуабетот ми е, треба да се каеме за нашите погрешни избори? И како воопшто да знаеме дали биле погрешни? Можеби едноставно треба да оставиш времето да покаже, а во меѓувреме да продолжиш со животот, најдобро што можеш. И кога доволно ќе пораснеш ќе сфатиш дека тоа што одредена личност го напуштила твојот живот некогаш било трагично, но вистината е дека всушност тоа е најдоброто што можело да ти се случи. Не се менуваат луѓето – ние созреваме и ги разбираме вистинските вредности во животот.rnrnЕлиrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.