КАФЕ ПАУЗА

Tag: градинка

  • 6 техники за воспитување на децата што воспитувачите ги користат во градинка

    6 техники за воспитување на децата што воспитувачите ги користат во градинка

    Дали се прашувате како е можно вашето дете да е како ангел во градинка, а многу немирно дома? Воспитувачите имаат неколку тајни методи за детето да биде мирно.rnrn6 техники за воспитување на децата што воспитувачите ги користат во градинкаrn

    1. Не дозволуваат губење време

    rnЗошто вашето дете се спротивставува толку на секој ваш обид наутро да излезете навреме од дома, но кога воспитувачката ќе каже само еден збор, тоа е веќе на нозе? Објаснувањето е едноставно – кога воспитувачката кажува нешто, детето многу добро знае дека го мисли тоа. Искуството вели дека родителите често им кажуваат на своите деца дека е време да си одат дома од роденденската забава или од паркот, а потоа застануваат да погледнат нешто, да разговараат со некого или, едноставно, да не одолеат на бесконечното молење: „само уште пет минути“. Треба да бидете доследни и прво вие да го почитувате она што го зборувате, а потоа да го очекувате тоа од детето.rn

    2. Рутината е клучна за квалитетен сон

    rnАпсолутно е неверојатно како на вашето дете му требаат идеални услови за спиење дома – мора да ја затемните просторијата, да го исклучите телевизорот, да легнете до него и да му пеете. Но, во градинката, во соба со уште 20 други деца, тоа спие без никакви проблеми. Тајната е во групниот ефект – вашето дете е со други деца кои го прават истото, па затоа е полесно да прифати дека е време да дремне.rnrnКлучно е да се воведе рутина и дома и да се држите до неа. Половина час пред спиење, не започнувајте никаква активност што ќе биде многу интересна за детето. Следно, создајте рутина: ист распоред, иста музика, исто време, исти очекувања – тишина и сон.rn

    3. Начинот на зборување е исто толку важен колку и она што го зборувате

    rnДали детето не ви обрнува внимание кога ќе му се обратите? Не повишувајте го гласот освен ако не сакате да му пеете. Ако ви се случи да му кажете нешто без да ве слуша, обидете се да му го кажете тоа пеејќи, а потоа следете ја реакцијата.rnrnСе разбира, не можете да се потпрете само на пеењето за да го задржите нивното внимание. Воспитувачите користат секакви техники: свиркање, гласно шепотење, а честопати и визуелни помагала или невообичаени гестови за да го привлечат вниманието на децата.rnrnСите трикови се дозволени и сè е подобро од тоа да викате за вашето дете да ве чуе. Кога ќе успеете да му го привлечете вниманието, веднаш кажете директно што треба да стори детето.rn

    4. Вашето дете сака да се облекува само

    rnПовеќето деца навистина копнеат по чувството на независност, самодоверба и достигнување што го носи облекувањето. За нив, тоа е слично чувство како кога вие постигнувате нешто навистина важно на работа. Но, тоа не му е лесно, а за да му го олесните тоа, бидете внимателни кога му купувате облека. Потоа, развијте специјални техники што ќе му помогнат да научи да се облекува само. Подгответе ја гардеробата навечер за утре, ставете ја на подот точно како што треба да изгледа во неа кога ќе се облечете. Нека започне да се облекува на време за да не брзате и да паднете во искушение вие да ја завршите работата на крајот или едноставно вежбајте кога не брзате. За да му помогнете на детето да разбере што е напред, а што назад, обележете ја гардеробата на јасен начин (етикетите понекогаш не се доволни).rn

    5. Чекањето во ред и споделувањето играчки не мора да биде трауматично

    rnКако возрасен, разбирате дека понекогаш мора да чекате ред за да добиете нешто што сакате или што ви треба. И тоа не е проблем освен ако некој не се обиде да застане пред вас. Децата ги имаат истите очекувања кога станува збор за фер однесувањето. Повеќето од нив се подготвени да споделат нешто и да го чекаат својот ред, сè додека сметаат дека системот работи правично. Кога две деца се караат, им велиме дека расправијата и викањето нема да го решат проблемот, туку само ќе ги расплачат и уште повеќе ќе се налутат. На детето кое е повеќе вознемирено треба да му се каже: „Почекај да го сослушам Марко, па потоа ќе те сослушам и тебе“. Детето ќе се смири затоа што знае дека имате намера да го слушате.rnrnАко ова не функционира, тогаш воспоставете многу јасно правило – кажете му на детето кое во тој момент игра со играчката уште колку точно може да игра, пред да ја предаде играчката. Никогаш не велете „уште малку“ или „малку подоцна“. Кога има многу популарна играчка во градинка, одлична идеја е да се формира листа на чекање и време за игра. Децата сакаат таков вид исчекување, па дури и тригодишните деца се подготвени да чекаат ако со сигурност знаат дека ќе им дојде редот.rn

    6. Играта може да биде целото образование што им е потребно на децата од предучилишна возраст

    rnДецата треба да доаѓаат од градинка со чувство дека таму им било убаво и дека играле цел ден. Ако одлучите да работите со вашите деца од предучилишна возраст дома, тоа секогаш нека биде преку игра. Не заборавајте дека единствениот начин детето целосно да се опушти и да ужива додека е во градинка е преку играта и тоа што со сигурност знае дека мама и тато ќе дојдат по него и дека го чека неограничена и безусловна љубов дома.rnrnПогледнете кои 7 знаци откриваат дека добро го воспитувате вашето дете.

  • Дали децата што одат во градинка подобро се однесуваат од децата што седат дома?

    Дали децата што одат во градинка подобро се однесуваат од децата што седат дома?

    Многу родители се загрижени за тоа што детето им оди во градинка, но едно ново француско истражување покажало дека нема причина за грижа. Ако вашето дете оди во градинка, и ако се чувствувате виновни затоа што не сте со него, тогаш овие резултати многу ќе ви се допаднат.rnrnrnrnИмено, според француските истражувачи, децата што одат во градинка се посоцијални во однос на оние што не одат. Иако овие резултати се можеби и очекувани, сепак тоа што изненадува е фактот што овие деца подобро се однесувале во однос на оние што биле дома со родителите или пак, со дадилка.rnrnИстражувањето го следело емоционалниот развој на 1.500 деца, од раѓање до 8-годишна возраст. Во текот на тоа време, родителите пополнувале редовни анкети за однесувањето на детето, за нивното ментално здравје, како и за статусот за нивната грижа во првите 3 години.rnrnПозитивното влијание од градинката не било забележливо само во најмладите години, туку и во нивниот понатамошен развој. Тие едноставно покажувале помалку проблеми со однесувањето, како и помалку социјални проблеми во раната адолесценција.rn

    „Висококвалитетните градинки во првите години од животот на децата можат да им го подобрат однесувањето, како и когнитивниот развој на децата. Потоа, тие можат да ги спречат емотивните потешкотии и да го подобрат социјалното однесување“, објаснува д-р Марија Меклор, една од авторките на истражувањето.

    rnОва не значи дека родителите не се грижат добро за своите деца, ниту пак дека тие треба да го сменат стилот на родителството, туку дека ако одлучат да ги пратат во градинка своите најмали, не треба да чувствуваат вина за својот избор.rnrnНа овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен!

  • На овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен

    На овие родители од градинка им кажале да ја облекуваат ќерка им како „девојче“ и нивниот одговор е брилијантен

    Кога ги оставаат своите деца во градинка, многу родители имаат милион нешта за коишто се грижат. Нивните мисли најпрво им одат накај пелените, па накај храната, па потоа и накај промената на облеката. Но, дали нивните дечиња носат боја за својот пол, воопшто не треба ни да биде на оваа листа. Сепак, една група дански учители во градинка не размислуваат на овој начин.rnrnНеодамна, Стив Ролд го споделил своето необично искуство на Редит. Неколку од постарите учители во градинката каде што ја носеле својата ќерка им дале забелешка на него, и на неговата сопруга Џесика, дека треба да ја облекуваат својата најмала во повеќе фустанчиња или пак, да стават машна во нејзината коса за другите дечиња да знаат дека е девојче.rnrnПа, тие следниот ден ја испратиле на градинка вака…rnrnrn

    „Како родител, навистина е тешко да се одбираат приоритетите и местата каде што ја насочувате својата енергија“, вели Стив. „Ако имате време, пари и желба да ги дотерувате своите деца со машни и ако тоа ве прави и вас и нив среќни, тогаш без сомнение треба да правите така. Но, тоа не е нешто на што ние можеме да обрнуваме внимание во овој момент.rnrnНие дури не се ни потрудивме да го дознаеме полот на нашите деца пред време, па сè што ќерка ни носи во моментов е подарена облека од роднините за нејзиното постаро братче, за коешто исто така не го знаевме полот, па добивме доста неутрални бои и модели.rnrnБез разлика дали е културолошко или генерациско нешто, ние целосно разбираме дека тие само се обидуваа да бидат од помош“, вели Стив. „Можеби дури и помислиле дека не сме се сетиле да ја облекуваме ќерка ни на поинаков начин или пак, едноставно им се смачило да одговараат на прашања од другите деца за тоа зошто нашето бебе не е облечено во розово или во цветно фустанче. Сугестијата беше прилично блага, но дојде како капаче на стотици други, па мојата жена едноставно почувствува потреба да возврати.“

    rnrnrnИ покрај овој инцидент, Стив вели дека градинката е навистина одлична. Децата се соодветно образовани уште од мали, но исто така и добиваат многу забава на отворено. И Стив и Џесика се пресреќни што ќерка им е дел од таа градинка, и сметаат дека целата ситуација не е толку драматична колку што ја направил Интернетот, но сепак знаат дека постојат родители што минале низ слични, но многу потешки ситуации на оваа тема.rn

    „Мојата сопруга се обидуваше да го извлече хуморот од целата ситуација и на тој начин да им помогне и на другите родители што се борат со вакви проблеми.“

    rnШто мислите вие на оваа тема? Дали сметате дека бебињата и малите дечиња треба да се облекуваат во одредена боја или пак, сосема е во ред да носат што било?rnrnМожеби ќе ве интересира и ова: Мајка објаснува како „досадната“ порака што му ја испратила на сопругот, му го спасила животот на нивното бебе во сообраќајка.

  • Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

    Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

    Утринските подготовки на вашите деца за училиште или градинка многу често создаваат стресна ситуација. Навистина е тешко кога во рок од неколку минути вие и децата, од разбушавени и поспани суштества, треба да се претворите во уредни ученици и работници. За да си го намалите стресот, којшто може да ви го расипе денот уште рано наутро, постојат неколку едноставни навики кои можете да ги применувате и практикувате навечер.rn

    1. Подгответе ги ужините од вечер

    rn(1) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?rnrnНаправете си листа на ужинки кои од претходната вечер ќе можете да им ги подготвувате на вашите деца. Сендвичите со зеленчук, варените јајца, разни пити… Сето тоа може да го подготвите од вечер, убаво да го спакувате, а уште подобро доколку ви помагаат и вашите најмили. Така ќе знаат повеќе да ја ценат храната и повеќе да уживаат во неа на големиот одмор. Исто така, можете од вечер да ја наместите масата за раниот појадок. Наместете го чаршафот и чиниите, а утрината само извадете ја храната на маса. Тоа се некои детали кои можеби одземаат многу малку време, но зошто да ви создаваат притисок наутро, кога може претходно да ги подготвите.rn

    2. Подгответе ја облеката, на децата и вашата

    rn(2) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?rnrnПодгответе ги сите детали. Извадете ги комбинациите за утрешниот ден. Вклучувајќи ја и долната облека, како и чорапите (нив можете да им ги ставите во чевлите). Некои експерти по овие прашања дури препорачуваат тие дневни комбинации да се закачуваат на видно место, за да можат вашите деца од вечер да си претстават како ќе изгледаат утрешниот ден, со што ќе им се намали стресот пред заминување в кревет.rn

    3. Наместете ги книгите во ранците

    rn(3) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?rnrnДоколку пред заминување на работа и училиште не сакате да го слушате гласот на вашето дете од соседната соба како вика „Мамо, тато не можам да си ја најдам домашната тетратка!“ завршете си ја работата од вечер. Пред заминување в кревет, заедно со вашите најмили следете го распоредот на предмети што ќе ги има тој ден и книга по книга, тетратка по тетратка ставајте ги во ранецот. Истото важи и за спортската облека, доколку тој ден има физичко воспитување. Ранецот поставете го на прегледно место, најдобро во ходникот, затоа што често се случува во сета брзаница да се заборави најважниот детаљ.rn

    4. Секогаш со вас имајте резервен „пакет“

    rn(4) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?rnrnБез оглед дали ќе го чувате во автомобилот или во вашата чанта, секогаш при рака имајте неколку продукти и предмети кои ќе ви се најдат на патот до училиште. Плочки од житарици, суво овошје, чешел, шише со вода… Ова се основните нешта кои би требало да ви бидат при рака и кои би можеле, додека возите, да ги предадете на задното седиште.rn

    5. Вежбајте подготовка со вашите деца

    rn(5) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?rnrnПред да тргнат на училиште или по долгите распусти, вежбајте подготовки со вашите деца. Ќе им треба време да ги стекнат рутините на брзо облекување, четкање на забите, чешлање, врзување врвки на патиките. Затоа неколку седмици пред почетокот на училишните обврски или пред поаѓање во градинка, одвојте време и со вашите деца повторете ги обврските со кои ќе се соочуваат секое утро.rn

    6. Легнувајте си рано

    rn(6) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?rnrnОва правило важи за сите, како за децата, така и за родителите. Прифатете го фактот дека мора да се разбудите рано наутро и дека нема да имате можност да го одложувате станувањето од кревет. Сфатете си ја одговорноста сериозно, затоа што единствено на тој начин, денот ќе ви започнува со насмевки, без непотребно викање и нервози.

  • Градинка за панди: Најслаткото место на планетата Земја

    Градинка за панди: Најслаткото место на планетата Земја

    Истражувачката база Ченгду во Кина изгледа дека е најслаткото место кое можете да го најдете на оваа планета. Таа исто така е и од клучно значење за преживувањето на големите панди, кои се загрозен вид. Овој дневен престој за панди е всушност специјализиран центар за размножување, како и медицински објект чија цел е да им помогне на овие животни да ја обноват својата дива популација која во моментов се верува дека изнесува околу 1.864 жители.rnrn(1) Градинка за панди: Најслаткото место на планетата ЗемјаrnrnСекоја мала Панда е посебна, но не затоа што е неодоливо слатка, туку затоа што е многу тешко да се создаде. Пандите се плодни само 2 до 3 дена годишно и можат да родат по едно бебе на секои 2 години. Погледнете само колку се забавуваат тие во оваа градинка…rnrn

  • Авион трансформиран во детска градинка

    Авион трансформиран во детска градинка

    Во грузискиот град Рустави, еден стар, но функционален авион од типот Yakovlev Yak-42 е целосно трансформиран во детска градинка. Главниот учител Gari Chapidze го купил овој авион од грузиската авиокомпанија „Georgian Airways“ и организирал да го транспортираат до градот Рустави.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаrnrnТаму го реновирал ентериерот и го надополнил со едукативна опрема и разни детски играчки, но ги оставил недопрени механизмите за управување во пилотската кабина, за да послужат како играчки за дечињата. Има околу 1.500 копчиња во малата кабина, во која 15 деца од градинката, можат да си играат и да глумат вистински пилоти кои се подготвуваат за полетување.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаrnrnРеновирањето на авионот траело неколку месеци и професорот бил загрижен дека на луѓето можеби нема да им се допадне неговата необична идеја за забавување на децата, но уникатната „градинка“ набрзо станала хит и кај родителите.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаrnrnНегувателите во градинката се надеваат дека оваа забавна околина во која има толку многу копчиња и алатки за „управување“, ќе им помогне на децата да ги развијат нивните технички способности.rnrnАвион трансформиран во детска градинка
    rn

    Идејата беше да создадеме градинка во која децата ќе доаѓаат со задоволство. Понекогаш, децата имаат тешкотии да се навикнат на градинките и на новата средина. Решивме да им помогнеме во тоа, правејќи ја градинката забавна.“ – вели директорот на Институтот за грузиско-украински односи со јавност, кој управува со оваа авио-градинка.

    rnАвион трансформиран во детска градинкаrnrnНавистина, ова е добро промислен начин да се поттикне креативноста кај децата и развојот на образованието од најмалата возраст.rnrnАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритна градинка во Париз

    Колоритна градинка во Париз

    Архитектската компанија Palatre and Leclere Architects го промовираше својот најнов проект, колоритната француска градинка „Ecole Maternelle Pajol“ која се наоѓа во Париз. Овој весел проект има за цел да им го разубави стартот на школувањето на многу деца и да им донесе бескрајна среќа во претшколските денови.Колоритна градинка во ПаризТие ја реновирале зградата која е изградена во 40-тите години од минатиот век, давајќи ѝ нов изглед без да менуваат ништо во нејзината структура. Секое дете би сакало тука да го започне своето образование, зарем не?Колоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во ПаризКолоритна градинка во Париз
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ресторан во кој работат мали дечиња

    Ресторан во кој работат мали дечиња

    Kinderkookkafé“ е семеен ресторан во Амстердам кој е целосно управуван од дечиња. Тие готват, сервираат, им ја носат сметката на муштериите и ги мијат садовите, се разбира со мала помош од повозрасен персонал. Менито е многу едноставно и вклучува главно јадење и десерт. Состојките се свежи, храната е здрава, а цените се многу ниски. Пред да дојдете во ресторанот, најчесто ќе треба да направите резервација.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаОва место е дел ресторан, дел училиште за готвење и дел детска градинка. Родителите ги остават нивните деца попладне и се враќаат подоцна за да го изедат оброкот кој тие им го приготвиле. Додека се децата таму, возрасните вработени ги подучуваат како да готват, да сервираат и да им стојат на располагање на муштериите. Ресторан во кој работат мали дечињаСо помош и надзор од страна на двајца возрасни, децата можат да учат како да подготват вечера во сабота, а да печат колачи и пита за ужина во недела. Доколку дечињата сакаат, тие можат да се приклучат во кујнската бригада, заедно со останатите деца кои си работат таму или да уживаат во послужен топол оброк, заедно со нивните родители.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаИзработени се и сликовити менија за муштериите да си одберат што сакаат дечињата да им зготват: сендвичи, милкшејк, колачиња… Начинот на готвење, користењето на потребните состојки и инструкциите од страна на нивните учители по готвење е на нивно ниво, за да можат да сфатат и сработат сè што е потребно за услугата да биде како што треба. Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаДецата тука можат да работат сè: од готвење, примање нарачки, сервирање храна, миење садови, служење безалкохолни пијалаци од зад шанкот, па сè до носење сметки за наплата. Основната идеја која стои зад интересниот начин на работа на холандскиот ресторан, е да се научат децата како да станат одговорни и корисни, во една забавна и пријателска детска атмосфера.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечиња
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.