Дефинитивно една од најголемите љубови кај секоја жена е модата. Меѓутоа, вистинското прашање е како да се пронајдете и да изградите сопствен стил во морето од стилови и трендови, кои секојдневно се вртат околу вас. Денес, ние ќе ви помогнеме да ве наведеме на вистинскиот пат, со помош на едноставни совети да изградите автентичен стил кој ќе го отсликува вашиот карактер. Во продолжение прочитајте ги модните совети кои лесно можете да ги примените.rnrn
rn
1. Добро црно здолниште е задолжително
rnЗа софистициран изглед во секоја прилика ви е потребно класично парче кое совршено се комбинира со бела маица, како и со кошула или пак романтична блуза. Без разлика дали станува збор за А крој, плисирано, или миди здолниште, тоа е совршена основа за многу комбинации. Па затоа, изберете црно здолниште кое ќе ви одговара со сè и ќе ви овозможи простор да го носите на безброј начини.rn
2. Игнорирајте ги трендовите
rnТрендовите се во ред само доколку вам ви се допаѓаат, но доколку сте една од оние жени кои не ги сакаат актуелните трендови и најдобро се чувствуваат во класични парчиња облека, тоа е сосема во ред, бидејќи класиката никогаш не излегува од мода!rn
3. Запознајте го вашето дело
rnКога градите стил, многу е важно да го запознаете своето тело и да одлучите што најдобро ви прилега. Нема потреба да купувате гардероба која никогаш нема да ја облечете бидејќи не ви прилага онака како што сте замислиле. Детално испитајте го своето тело и облекувајте се на суптилен начин, така што ќе го истакнете она што е најубаво на вас.rn
4. Поентата е добро да се чувствувате
rnКога купувате облека, најважниот критериум е да се чувствувате удобно и да уживате во она што го носите. Кога се чувствувате пријатно во облеката која ја носите, тоа се гледа и на вашиот став и држење на телото, што значи дека тоа што сте го облекле е совршена комбинација.rn
5. Издвојувајте пари за класични парчиња
rnНема потреба да давате пари за модерна облека која веќе следната сезона нема да биде популарна, но доколку сакате да си дозволите некое луксузно парче, тогаш инвестирајте во старата добра класика, која засекогаш ќе биде во тренд!rnrnДознајте повеќе и како да изградите минималистички моден стил?


На секоја улица вие треба да градите продавници, бутици, дискотеки, штандови за сладолед и весници, полициски станици за заштита од крадци и уште многу други работи. На горната лента од екранот се означени три важни работи на кои треба да внимавате: буџетот со кој располагате, целта која треба да ја достигнете (изразена во проценти) и уште колку денови имате за тоа. Следете го туторијалот на првите нивоа, за да ги научите и најситните детали.rn