Серијата „Озборувачка“ започна да се прикажува на 19 септември 2007 година, а зад неа стојат создавачот на „Округот Оринџ“ (The O.C.) Џош Шварц и Сефани Севиџ. Моментално е една од најгледаните и најпопуларните тинејџерски серии, најмногу поради гламурот и модата, како и поради специфичноста и комплексноста на секој лик поединечно. Главните улоги ги толкуваат Блејк Лајвли, Лејтон Мистер, Пен Беџли, Чејс Крафорд, Тејлор Момсен, Ед Вествик, Џесика Зор, Кели Ратерфорд и Метју Сетл. Еве неколку занимливости поврзани со серијата.rn
rn011
ТВ серијата е базирана на новелите кои го носат истото име, напишани од Сесили фон Зигисер.
rn011
Пилот епизодата од ова шоу, можеше да се преземе од iTunes, четири дена пред нејзината премиера на телевизија.
rn011
Низ сите сезони на серијата се слуша гласот на наратор. Гласот е на Кристен Бел иако таа никогаш досега се нема појавено во серијата.
rn
rnrn
rn011
Секоја епизода носи наслов на некој филм, преработен со игра на зборови.
rn011
Во текот на сите сезони, ликовите и испраќаат пораки на „озборувачката“. Еве ја нејзината имејл адреса tips@gossipgirl.net .
rn011
Улогата за Џорџина Спаркс и била понудена на Миша Бартон, но таа ја одбила.
rn
rnrn
rn011
Лејтон Мистер морала да ја офарба својата руса коса во кафена, само за да учествува на аудицијата за улогата на Блер Волдорф.
rn011
Пилот епизодата е единствената во која Чак Бес и Нејт Арчибалд, на училиште одат со автобус, а не со лимузини како вообичаено.
Лили ван дер Вудсен на почетокот требало да се вика Дарла, но сценаристите го промениле името во последен момент.
rn011
Ерик Даман, дизајнерот на костимите во „Озборувачка“, претходно бил асистент дизајнер во серијата „Сексот и градот“.
rn011
„Lincoln Hawk“ е името на бендот во кој свири Руфус. Тоа исто така е името на Силвестер Сталоне во филмот „Over the Top“ снимен во 1987 година. Овој филм неколкупати е споменат како култна класика во „Округот Оринџ“, претходното успешно шоу на Џош Шварц.
rn
rnrn
rn011
Серијата е толку популарна, што за неа е креирана тура низ Њујорк, со која се посетуваат местата каде што е снимана серијата. Ова е направено од луѓе кои истото го имаат направено и за „Сексот и градот“.
Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф), не само што се прославија со своите улоги во мега-популарната ТВ серија „Gossip Girl“ (Озборувачка), туку тие градат и свои музички кариери. Заедничко за тројцата пејачи е тоа што музиката за нив претставува излез од реалноста и ослободување на душата. Повеќе или помалку успешни, тие се на почетоците од својата музичка кариера, а сега засега „дивата“ Тејлор Момсен изгледа најнадежна.rn.rn
Тејлор Момсен
rn17-годишната Тејлор Момсен, не само што се прослави со својата улога на Џени Хамфри, туку таа е и модел, текстописец и неверојатен музичар. Нејзините вокални способности се фантастични и таа веќе гради успешна музичка кариера со својот алтернативен рок бенд The Pretty Reckless. Таа е водечкиот вокал во бендот и ритам гитаристка, а останатите членови се Бен Филипс на гитара, Марк Дејмон на бас и Џејми Перкинс на тапани. Тејлор е текстописец на сите песни од нивниот демо албум „Light me up“, кој излезе на 30-ти август 2010-та.Помалата сестричка на Ден Хамфри која сите ја знаме, е вушност многу дива и контраверзна на своите настапи со бендот, нашминкана секогаш со црна сенка за очи и црн креон, облечена во екстра кратки фустанчиња (или маички), при што ѝ се ѕирка сексапилниот долен веш. Таа уште на 5-годишна возраст била заљубена во The Beatles. „Бев опседната со нив“ – вели таа. „Ги сакав и Led Zeppelin, The Who, Pink Floyd, Audioslave, Soundgarden, Oasis и Nirvana. Тоа е сè што слушав. Сите мои рок идоли се мажи“.rnrnrnrnВо врска со своите 3 занимања таа вели: „Не ја одбрав глумата или манекенството. Се уфрлив во тие области. Ми се допаднаа, па не ми претставува никаков проблем да се занимавам и со тоа. Но, музиката и пишувањето песни, се нешто кое отсекогаш сум сакала да го правам. Имам одено во музички студиjа и работено со музички продуценти уште од 5-годишна возраст. Не можев да снимам албум на 8 години, но сега можам“ – објаснува таа низ смеа.rnrnrnrn„Албумот е за животот“ – вели таа. „Тој во себе содржи сè: љубов, смрт и музиката сама по себе. Тој е симбол на рок енд рол. Секс. Дрога. Религија. Политика. Секоја песна раскажува приказна за тешкотиите, страдањата и војувањето со емоциите кои јас сум ги искусила или сум ги набљудувала. Ова не е весел поп албум, но не е ниту симбол на ѓаволот. Идејата на текстовите не е тие да бидат сфатени буквално, туку се отворени за интерпретација.“rn.rn
Ед Вествик
rn23 годишниот актер Ед Вествик, кој ја глуми улогата на неодоливиот Чак Бес, беше фронтмен на британскиот петочлен бенд „The Filthy Youth“. Тој бил оформен во 2006-та година, а има елементи на инди, панк рок и алтернативна музика. Ед бил вокалот во бендот, а знае малку да свири и на гитара.„The Filthy Youth“ има сè што се очекува од еден рок енд рол бенд: фризурите, искулираното однесување на сцената, сексапилен водечки вокал и „валкани“ рефрени проследени со гитара. Влијание врз нивната музика имале: The Clash, Xtc, Weller, The Rakes, The Libertines, The Hives, The Rolling Stones и The Doors. За жал Ед не можел да продолжи паралелно да работи на својата музичка кариера и на ТВ серијата “Gossip Girl”, откако таа станала мега-популарна.rnrnТој во врска со музиката вели: „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е она што го гледаш, туку она што ти се случува во главата. Музиката е нешто кое произлегува од твојата потсвест. Музиката за мене претставува ослободување.“Негова инспирација е филозофијата на Џим Морисон. „Не се само песните кои The Doors ги направија тоа што беа, туку и нивното шоу на сцената. Додека сум на сцената, јас сум шоумен. Не би рекол дека сум рок ѕвезда… Ок, во мојот свет на соништата сум.“ Тој планира и во иднина да се занимава со музика и вели дека работи на таен музички проект. Во меѓувреме ни останува да ја слушнеме музиката на The Filthy Youth, а во продолжение следуваат две песни кои се дел од саундтракот на Gossip Girl.rn.rn
rn24-годишната Лејтон Мистер, која е најпопуларна со својата улога на сексапилната заводничка Блер Волдорф, се занимава и со музика од април, 2009-та година, кога потпиша договор со Universal Republic продукција. Таа е поп пејачка, текстописец и модел, а нејзиниот деби албум насловен „Your Love’s a Drug“ зачинет со софистицирани, електро, денс елементи, ќе излезе наскоро.Лејтон го цени модерниот звук, а инспирација црпи од Gwen Stefani, Black Eyed Peas, M.I.A и други. Таа, во врска со нејзините две професионални преокупации, музиката и глумата вели: „За да бидеш во филм, треба да успееш да ја доловиш визијата на сценаристот и режисерот и да правиш сè што тие сакаат. Треба да се вложиш себеси во улогата и токму тоа е убавината во глумата – да дадеш дел од себе. Но, мојата музика се подобри како резултат на мојата глума, на тој начин, што кога пеам правам перформанс“.rn
Таа вели дека пишувањето текстови и создавањето музика е сосема нов свет, во кој можеш да започнеш од нула и да изградиш песна базирана на она што го посакува твоето срце. Токму затоа музиката ја исполнува.
rn
„И за луѓето кои се занимаваат со глума и за музичарите, чувството е исто; ако навистина сакаш нешто, не ти е толку грижа за комерцијалниот успех на истото, сè додека е квалитетно. Така се чувствувам и за мојата музика. Сакам да биде добра, за да можат луѓето да ме почувствуваат преку неа“ – објаснува Лејтон.
„Озборувачка“ (Gossip Girl) е една од најпопуларните ТВ серии за младата популација. За оние кои не ја гледале, се работи за приказна во која се раскажува за животите на неколку семејства од елитата на Мехнетн. Природно, во ваква приказна совршено се вклопуваат модерно и скапо облечени ликови кои живеат во прекрасни куќи и хотели со луксузно и гламурозно внатрешно уредување. Еве неколку различни стилови на ентериери кои можат да се видат во серијата, што сигурно би посакале да го одликуваат и вашиот дом:rnrnСобата на БлерrnrnСобата на БлерrnrnСобата на БлерrnrnСобата на СеринаrnrnСобата на СеринаrnrnПоткровјето на ВандервудсенrnrnПоткровјето на ВандервудсенrnrnГалеријата на ХамфриrnrnГалеријата на ХамфриrnrnГалеријата на ХамфриrnrnПоткровјето на ВолдорфrnrnПоткровјето на ВолдорфrnrnХотелот Палас, апартманот на ЧакrnrnХотелот Палас, апартманот на ЧакrnДоколку сте обожаватели на Gossip Girl, можеби ќе сакате да ги погледнете и нашите водичи во стилот на облекување на прекрасната Blair Waldorf и на неодоливиот Chuck Bass.rn
Автор: Д. Џ.rnrnОткако им помогнавме на момците во градењето на нивниот нов стил, овој пат подготвиме сличен водич за девојките. Ќе ве водиме низ стилот на вашата омилена девојка од „Озборувачка“ (Gossip Girl), Блер Волдорф (Blair Waldorf), која ја игра прекрасната актерка Leighton Meester. Во серијата Блер има мајка која е моден дизајнер, па не е ни чудо што Блер поседува одличен вкус и препознатлив стил на облекување.Тоа што всушност го дефинира стилот на Блер е дека таа е секогаш средена, облеката која ја носи е перфектно чиста, косата и е постојано на правото место, без ниедно праменче да стрчи каде што не му е местото. Таа никогаш не би направила комбинација од парчиња кои меѓусебно не одговараат, ниту би облекла нешто растегнато со недефинирана форма.Доближувањето до стилот на Блер е полесно одошто секој од нас мисли. Станува збор за неколку парчиња гардероба, кои секој од нас може да ги набави, а го оцртуваат нејзиниот специфичен стил на облекување.rn.rn
1. Фустани и мини здолништа
rnНе е тешко да се воочи дека поголемиот дел од времето, Блер го поминува во женствени и елегантни мини здолништа и фустани, кои во студените денови од годината ги комбинира со хулахопки во интересни, густи бои и дезени.Здолништата кои ќе ги изберете нека бидат од квалитетни, тешки материјали, со едноставна кројка и интересни детали, како на пример, каиш со интересен дезен и форма.Блер не носи фармерки, тоа е првото нешто што треба да го промени оној кој сака својот стил да го приближи до нејзиниот.rn.rn
2. Класични парчиња
rnБидејќи Блер посетува приватно училиште кое налага носење униформа, многу од нејзините парчиња се така избрани за да се претопат добро во нејзината школска униформа. Тоа може да се бели кошули со женствени машни во црна боја околу јаката, класични здолништа во темно сини нијанси или црни, а понекогаш и класични, тенки вратоврски. Кошулите и блузите се секогаш закопчани до последно копче. За изгледот да биде комплетен, вие би можеле да зачините со детали во јака боја, како интересна панделка која ќе ја врзете околу главата.rn
3. Јаки бои
rnНа неколку наврати ги спомнавме деталите во јаки бои како одлика на Блер, па вреди да се одвои цел пасус за нив. Без разлика на нејзината комбинација, таа секогаш успева да вметне некое парче кое ќе отскокнува. Неважно е дали станува збор за палто во црвена боја, индиго боја чанта или пак портокалови хулахопки искомбинирани со нејзината класична училишна униформа. Таа го одржува својот изглед свеж со овие јаки бои. Нејзините омилени бои се црвена, портокалова и жолта.rn
4. Женствени детали
rnБлер е најженствена од сите девојки со кои се запознавме во серијата. Токму поради тоа, таа обожува да комбинира елегантни парчиња од тантела, еднобојни машни, панделки и набрани материјали.rnrn
rn011
rn
Модните додатоци на Блер
rn
rn
rn
Панделки околу главата и венчиња
rnБлер своите панделки ги комбинира на секакви можни начини и во сите можни видови и дезени. Сѐ што е потребно е малку имагинација која може многу да го промени вашиот изглед.rn
Хулахопки
rn
Таа може да биде видена во сите можни бои на хулахопки кои не може да останат незабележливи, од светло црвени, до сиви, бели, кафени и познатите густи црни хулахопки.
rnrn
Фризурата на Блер
rnБлер скоро секогаш својата средно долга, кафена коса ја носи пуштена, благо извиткана и со многу волумен. За разлика од витканите прамени на Серина кои делуваат несредено, косата на Блер е секогаш средена и беспрекорна.За дополнителни идеи и инспирација, погледнете ги и останатите слики во галеријата.