КАФЕ ПАУЗА

Tag: Google Earth

  • Уметност во пустината Сахара стара 17 години, видлива и од „Google Earth“

    Уметност во пустината Сахара стара 17 години, видлива и од „Google Earth“

    Уметност во пустината Сахара стара 17 години, видлива и од „Google Earth“rnЗборот „епско“ во последно време многу се употребува за опишување на уметност која им се допаѓа на голем број луѓе. Но, доколку сакате добра идеја за нешто што е навистина „епско“ тогаш мора да ја погледнете „Desert Breath“, уметност во пустината Сахара која и по 17 години сѐ уште постои и е видлива од „Google Earth“.rnrnУметност во пустината Сахара која постои веќе 17 години и е видлива од „Google Earth“rnrnТаа била изработена од страна на D.A.S.T. Artsteam помеѓу 1995 и 1997 година кога 8.000 m3 биле преместени за да се создаде уметничко дело кое се протега на површина од 100.000 метри квадратни. Инсталацијата се состои од огромна спирала од конуси и вдлабнатини кои водат кон центарот во кој се наоѓа базен со вода. Како што се приближувате кон центарот, градуално помалите конуси создаваат чувство како да стануваат поголеми. Лоцирана помеѓу црвеното море и група планини, Desert Breath функционира на две различни нивоа во однос на погледот – одозгора како моќна визуелна слика и од површината на земјата, како неверојатно физичко искуство додека се чекори по спиралниот пат.rn
    rn

    „Во нашите умови, пустината е единственото место каде што може да се доживее бесконечност,“ велат тие.

    rn

    rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Забавни опции на Google Earth

    Забавни опции на Google Earth

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnДобро е познато дека Google Earth може да ве одведе до која било локација во светот, но малкумина знаат дека во оваа апликација се вградени уште неколку опции кои ја прават уште позабавна. Со неа може да се одлета и во вселената, или пак да се разгледува морското дно, да се прошета по некој град…rnrnАко имате доволно слободно време за трошење на заразниот Google Earth, на левата страна од прозорецот чекирајте ги полињата Street View, 3D Buildings, Ocean, Places of Interest и Terrain, и слободно впуштете се во виртуелна авантура преку следните опции.Забавни опции на Google Earthrn

    Истражувајте ја вселената

    rnНе очекувајте дека истражувајќи ја вселената со Google Earth ќе успеете да најдете вонземски живот, но барем можете да ги разгледувате планините, кратерите и кањоните на Марс и на Месечината. Треба само да кликнете на црвената планета на лентата со алатки и да изберете што сакате да истражувате. Ако сепак забележите некое чудно суштество, веднаш алармирајте ја НАСА. :)rn

    rn

    Истражувајте го морското дно

    rnВо менито Tools кликнете на Options. Ќе се отвори прозорец во чиј долен дел стои опцијата Terrain Quality, каде што лизгачот треба да го наместите на Higher. Потоа упатете се кон кој било дел од морското дно и истражувајте. Ќе наидете на подводни кањони и вулкани, а на одредени места се поставени и фотографии и видеа од морското дно.rn

    rn

    Поглед во историјата

    rnСо оваа опција можете да разгледувате како изгледала одредена локација пред извесно време. Впишете ја локацијата во полето Fly to и потоа зумирајте. Доколку оваа опција е достапна за вашата локација, во долниот дел на прозорецот ќе се појави број кој ја означува годината. Кликнете на него, а потоа со лизгачот во горниот дел на прозорецот изберете ја годината од која сакате приказ.rn

    rn

    Прошетка по улиците

    rnGoogle Earth дава не само мапи, туку и можност за вистинска прошетка низ одредени локации. Впишете го името на локацијата и откако ќе стигнете до неа, малото кафеаво човече на десниот дел однесете го на улицата по која сакате да „прошетате“. Потоа користете го курсорот за да се движите низ градот.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.