КАФЕ ПАУЗА

Tag: голф

  • Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?

    Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?

    Топчињата за голф изгледаат генерално исто однадвор, бела структурна површина со малечко лого. Но, дали некогаш сте се запрашале од каков материјал е направена внатрешноста?rnrnЧисто од љубопитност, фотографот Џејмс Фридман од Охајо, решил да пресече едно топче на половина и бил изненаден од тоа што го пронашол. Откако пресекол околу 20 различни топчиња, Фридман открил дека внатрешноста на секое топче е уникатна. Како резултат на таквото откритие, тој започнал да го документира со неговиот фотоапарат интригантниот свет од силни бои и кружни шари.rnrnКако изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?rnrnОд таквите фотографии настанал и неговиот проект т.н. „Внатрешен дизајн“ (Interior Design), кој го прикажува внатрешниот дизајн на голф топчињата, презентирајќи ги како засебен ентитет, но и како дел од интерактивен, апстрактен дизајн. Набљудувачите набрзо ќе се изгубат во колоритните, визуелни шаблони и ќе заборават дека топчињата некогаш служеле како дел од спортска опрема.rnrnКако изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најзгодните спортистки на сите времиња

    Најзгодните спортистки на сите времиња

    Кога станува збор за избор на најсексапилни жени, спортистките секогаш го заземаат приматот пред манекенките и моделите. Погледнете зошто е тоа така.rn
    rn

    Аманда Бирд – пливање

    rnАманда Бирд е професионална пливачка, родена на 29 октомври 1981 година. На само 15 годишна возраст има настапено на летните олимписки игри во Атланта, 1996 година, бранејќи ги боите на САД. Досега има направено неколку фотосесии за престижните списанија „Sports Illustrated“, „FHM“ и „Playboy“.Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Даница Патрик – Инди кар возач

    rnДаница Патрик е родена на 25 март 1982 година. Американката со српско потекло, моментално се натпреварува во Инди кар, а за малку ќе станеше и првата жена возач во Формула 1. По успесите во кариерата, има направено разголени фотосесии за многу списанија. Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Ана Ивановиќ – тенис

    rnАна Ивановиќ е родена на 6 ноември 1987 година во Белград. Досега има освоено 10 WTA титули, меѓу кои и онаа од Ролан Гарос, францускиот гренд слем. Веќе неколку години по ред е вбројувана во топ 3 најсексапилни спортистки, а се шпекулираат и милионски суми за некои нејзини ексклузивни фотосесии.Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Биа и Бранка Ферес – синхронизирано пливање

    rnБиа и Бранка Ферес се близначки родени на 22 февруари 1988 година, во Рио де Женеиро. Досега ја имаат претставувано својата земја на Пан Американските игри во 2007 година и на Светското првенство во Рим 2008 година. Иако немаат забележано некој особен успех во кариерата, бразилските убавици секаде се прогласувани за место број 1 во убавина. Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Ана Роусон – голф

    rnАна Роусон е австралиска професионална играчка на голф, родена на 5 август 1981 година. Без некои посериозни успеси, последниве години настапува на светската професионална голф лига. Сепак надвор од терените навистина успева да го привлече вниманието на светската јавност. Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Ана Курникова – тенис

    rnАна Курникова е пензионирана руска тенисерка родена на 7 јуни 1981 година. Како тенисерка повеќе се снајде во дабл конкуренцијата, каде што успеа да освои 4 гренд слем титули. Сепак вистинската слава ја стекна надвор од терените поради нејзиниот неоспорлив сексапил, но и поради врската со Енрике Инглесијас.Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Малија Џонс – сурфање

    rnМалија Џонс е родена на 27 март 1977 година и е поранешен првенец на САД во сурфање. Од 2006 година таа е модел на фирмата „Дулч Марија” и ја претставува на модните саеми, рекламирајќи главно, долна облека или костими за капење.Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Марија Шарапова – тенис

    rnМарија Шарапова е руска тенисерка родена на 19 април 1987 година. Досега во кариерата има освоено 19 турнири, од кои три гренд слема. Од неодамна е верена за НБА кошаркарот Саша Вујачиќ од тимот на Лос Анџелес Лејкерс.Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времињаrn

    Алисон Стоук – атлетичарка

    rnАлисон Стоук е родена на 22 март 1989 година. Таа се натпреварува во дисциплината скок со стап и нејзиниот рекорд изнесува 4,21 метри. Сè уште нема направено ниедна фотосесија за некое познато списание, но сепак не може да не се забележи нејзината надворешна убавина. Најзгодните спортистки на сите времињаНајзгодните спортистки на сите времиња
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Седум необични професии од кои можете да живеете #2

    Седум необични професии од кои можете да живеете #2

    1. Испитувач на удобност на мебел

    rnДали некогаш седејќи на вашето омилено столче или лежејќи на вашиот неверојатно удобен кревет, се запрашувате дали би можеле тоа и да го работите? Епа, некои среќници всушност токму тоа го работат за компании кои се занимаваат со мебел. Купувачите се секогаш најважни, зарем не?rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    2. Маскота

    rnСите деца се радуваат кога во забавниот парк ќе здогледаат маскота од некој јунак од цртаните филмови. Да ги правите децата среќни и весели не е лесна задача, постојано треба да бидете позитивни и насмеани. Сепак, седењето во огромен задушлив костум 8 часа дневно, 5-6 пати во неделата, ја прави оваа професија чудна и несекојдневна.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    3. Дегустатор на кучешка храна

    rnВнимателно луѓе, овој човек сигурно ќе мириса чудно ако застане блиску вас во супер маркетот. Како и секој друг вид храна, и кучешката мора да биде тестирана и проверена. Да претпоставиме дека кучето не би било релевантно само по себе за да се искористи како вршител на оваа професија, па затоа е потребен стручен човек кој ќе се занимава со оваа вкусна професија.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    4. Нуркач по изгубени топчиња за голф

    rnДоколку сте љубител на овој спорт, сигурно и самите знаете дека многу често се случува, при некој неконтролиран удар, топчето да падне во некое од езерата кои се наоѓаат покрај скоро сите професионални голф терени. Задачата на овој човек е секојдневно да нурка низ езерата, да ги наоѓа изгубените топчиња, а потоа да ги чисти за истите да можат повторно да се користат.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    5.  Молзач на змии

    rnДоколку некогаш ве касне змија, ќе им бидете вечно благодарни на оние луѓе кои знаат како да ги искористат влекачите. Тие се одговорни да го исцедат отровот од змиите за потоа да може да се направи соодветен противотров. Да бидеме искрени, колкумина од вас помислија дека може да станува збор за млеко од змија?rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    6. Одгледувач на марихуана

    rnНе возбудувајте се премногу, сепак оваа професија не може да ја врши секој и секаде. Целта нормално не е да се продава и да се прави профит од марихуаната, туку најчесто таа се дава на некои лаборатории или хортикултурни училишта кои потоа ја испитуваат.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2rn

    7. Создавач на накит од измет од птици

    rnНе, не, верувајте ова не го измислуваме. Навистина има луѓе кои го собираат изметот од птиците и потоа комбинирајќи го со одреден вид смола, создаваат прекрасни алки, обетки и ѓердани. Па девојки би ви препорачал да си ја проверите вашата кутија со накит.rnСедум необични професии од кои можете да живеете #2