КАФЕ ПАУЗА

Tag: гнев

  • Зошто Овните сакаат да се расправаат? 4 начини да ја скротите вашата желба за оган

    Зошто Овните сакаат да се расправаат? 4 начини да ја скротите вашата желба за оган

    Овните се навистина жестоки луѓе, и не се тие виновни за тоа. Тие секогаш имаат нешто за коешто можат да се расправаат. Понекогаш причината не им е ни важна бидејќи самото расправање ги прави живи. Па ако сте Овен кој сака помош со справувањето со љубовта кон гневот, овие совети ќе ви помогнат во тоа. Се разбира, не е во ред да ги потиснувате вашите емоции, но има неколку „здрави“ начини на кои ќе можете да се ослободите од нив.rnrn(5)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mkrn

    Слушајте метал

    rn(1)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mkrnrnАко треба да одберете еден жанр кој е во ритамот на срцето на Овните, тоа е металот. Слободно истражувајте и пронајдете си ја вашата химна. Оваа музика навистина ќе ви помогне да го извадите гневот од себе.rn

    Одете на „гневна“ прошетка

    rn(2)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mkrnrnМногу Овни се постојано анксиозни. Ним им е потребна многу физичка активност, бидејќи во спротивно стануваат нетрпеливи и почнуваат расправии со другите. Ако сте Овен, следниот пат пред да почнете да војувате со некого, застанете за момент, облечете го палтото, и направете неколку кругови околу соседството. По оваа прошетка можно е да сфатите дека всушност и немало потреба да се расправате.rn

    Направете планови со енергичен пријател

    rn(3)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mkrnrnНе секој може да држи чекор со Овните, па важно е пријателот да има многу енергија. Кога чувствувате желба да му пишете на некој бивш партнер и да се расправате затоа што ве оставил, подобро напишете му порака на пријател кој знаете дека секогаш прифаќа покани за сегде. Насочете ја вашата енергија во некој план за викендот кој ќе ве возбуди. За многу Овни, гневот не мора да е поврзан со разочарување. Понекогаш причината е недостаток од работи за правење, односно здодевност. Па наместо да ѝ дозволете на здодевноста да ве надвладее, испланирајте незаборавен викенд кој едвај ќе го чекате да дојде.rn

    Правете нешто смешно

    rn(4)zoshto-ovnite-sakaat-da-se-raspravaat-4-nachini-da-ja-skrotite-vahata-zhelba-za-ogan-kafepauza.mkrnrnПонекогаш гневот ќе ви покаже дека сте разочарани, а понекогаш ќе ви покаже дека ситуацијата во која се наоѓате едноставно мора да се промени. Овните размислуваат брзо и секогаш се подготвени за следниот предизвик во животот. Па важно е секогаш да си го поставувате прашањето: Дали сум гневен/на затоа што сум разочаран/а, дали затоа што треба да променам нешто во мојот живот или и двете? Штом ќе ја најдете причината за вашиот гнев, најдете нешто смешно за гледање или слушање, па речиси сигурно ќе го направите искуството подобро. Можете да пишувате и дневник кој ќе ви помогне да најдете решение на проблемот, наместо да бидете гневни и инстинктивно да реагирате на сите ваши чувства.rnrnДали знаете кој е најекстремниот хороскопски знак?

  • Како најлесно да разбесните некого според хороскопскиот знак?

    Како најлесно да разбесните некого според хороскопскиот знак?

    Сигурно мислите дека сте сретнале луѓе кои никој и ништо не може да ги разбесни. Но, секој си има своја граница. Па, доколку сакате да разбесните некого, погледнете како да го направите тоа според неговиот хороскопски знак.rnrnkako-da-razbesnite-nekoj-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnОвните сакаат да бидат зафатени. Тие се многу посветени на нивната работа и го мразат секое одвлекување на вниманието. Па, најлесниот начин да разбесните Овен е да му пречите во работата.rn

    Бик

    rnБиковите мразат сè што не е рутина. Тие сакаат вистинска стабилност во животот и не ги сакаат промените. Па, навистина ќе ги направите бесни ако ги изненадите. Не станува збор за слатко изненадување, туку нешто што ќе им ја промени рутината на која се научени.rn

    Близнаци

    rnНајдобриот начин да ги направите Близнаците бесни е доколку ги натерате да ве чекаат. Тие сакаат да се чувствуваат слободно, па ако ги натерате да чекаат ќе се чувствуваат заробено. Близнаците сакаат постојано да им се случува нешто интересно, а чекањето е далеку од тоа.rn

    Рак

    rnНатерајте ги да мислат дека не се грижите за нив. Раковите сакаат да создаваат длабоки врски со другите. Тие би направиле сè за најдобриот пријател, и го очекуваат истото за возврат.rn

    Лав

    rnЛавовите обожуваат да живеат во својот замок. Кажете им дека тој замок не постои, престанете да им го храните егото и навистина ќе ги направите бесни. Тие се родени лидери и сакаат да контролираат. Кога не ги цените, се чувствуваат под закана и ова ги разбеснува.rn

    Девица

    rnДевиците имаат многу организиран живот. Тие имаат целосна доверба во својата способност да си ги остварат целите. Најлесниот начин да ги разбесните е да почнете да им се мешате во работата и да им расипете некој план.rn

    Вага

    rnОвие луѓе сакаат светот да биде поубаво место. Тие се секогаш фер кон другите, и го очекуваат истото од нив. Ако ги изневерите или им го прекршите правилникот, тогаш навистина ќе бидат гневни.rn

    Скорпија

    rnДоволно е да кажете само една лага. Скорпиите се свесни за работите кои се случуваат околу нив и лесно ги забележуваат недостатоците. Исто така, ним им е позната играта на лагите, па ако забележат дека не сте искрени, навистина ќе ви се налутат.rn

    Стрелец

    rnСледете ги, трчајте по нив, земете им ја слободата. Стрелците се слободни души и она што го сакаат е целосна слобода. Тие не сакаат никој да зависи од нив и не сакаат да вклучуваат трета личност во разговорот.rn

    Јарец

    rnОвие луѓе се премногу горди за некој да може да им направи нешто. Па, ако сакате да видите бесен Јарец, почнете да се шегувате на негова сметка.rn

    Водолија

    rnВодолиите сметаат дека секогаш се во право и тешко ги прифаќаат мислењата на другите. Па наједноставниот начин да ги разбесните е да не се согласувате со нив.rn

    Риби

    rnПокажете им ја вашата злобна страна. Рибите се многу нежни луѓе, па нема да можат да го издржат ова. Ако сакате да ги разбесните, бидете злобни кон нив.rnrnЧувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!

  • 3 фрази кои веднаш ќе ги смират нервозните или чувствителните личности

    3 фрази кои веднаш ќе ги смират нервозните или чувствителните личности

    Не можете секогаш да ги избегнете премногу чувствителните личности, но постојат начини да ги смирите. Доктор Алберт Бернстајн, клинички психолог, ја усовршил техниката за смирување на ситуации кои излегле надвор од контрола. Неговите совети вклучуваат и начини за смирување на овој тип луѓе дури и во најчувствителните разговори. Во продолжение погледнете за што станува збор…rnrn3-frazi-koi-vednash-kje-gi-smirat-nervoznite-i-cuvstvitelnite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    1. „Те молам зборувај полека. Би сакал/а да ти помогнам.“

    rnПроблемот можеби нема да биде нивното брзо зборување, туку тоа што викаат или пак, плачат неконтролирано. Според Бернстајн, оваа фраза во секој случај може да направи чуда.rn

    „Зошто оваа фраза функционира? Бидејќи ја прекинува шемата во нивната глава“, објаснува тој.

    rnТие очекуваат да пружите отпор, но вие го правите спротивното. Ги замолувате да бидат појасни, бидејќи сте заинтересирани. Ова ќе ги натера да почнат да размислуваат, а тоа е добро.rn

    2. „Што би сакал/а да направам?“

    rnОваа фраза функционира на сличен начин како и првата. Ја тера премногу чувствителната личност да прекине да се потпира на емоционалниот дел, кој само знае да се расправа, и да почне да размислува за своите постапки.rn

    3. Какво било прашање

    rnНе е важно колку „лудо“ изгледа некој, ако сакате да го вратите во нормала текот на разговорот , објаснувањето дека тие се луди или дека вашето мислење има повеќе смисла нема да помогне. Зошто?rn

    „Објаснувањето речиси секогаш е прикриена форма на отпор“, вели Бернстајн. „Другата личност ќе го почувствува ова и само повеќе ќе се налути.“

    rnПа, дури и да тврдат дека се Елвис кој се вратил од мртвите, подобро е да ги прашате каде им е костумот за настап, отколку да им објаснувате дека тоа е невозможно.rn

    „Слушањето на она што имаат да го кажат овие личности ја рефлектира на нивната емоционална состојба, а не содржината на она што го кажуваат“, вели Бернстајн.

    rnТој исто така советува и дека поставувањето релевантни прашања е многу поверојатно да ја смири личноста и да го одведе самиот разговор во правилната насока, отколку да ја менувате темата.rnrnДали вашиот партнер е оној поради кој го читате овој текст? 7 знаци дека сте во врска со претерано чувствителна личност која премногу размислува.

  • Начинот на кој се карате со вашите сопружници може да влијае на вашето здравје

    Начинот на кој се карате со вашите сопружници може да влијае на вашето здравје

    Познато е дека емоциите влијаат врз здравјето, особено ако се негативни или многу интензивни. Луѓето кои се хронично лути, тажни, фрустрирани или исплашени имаат поголеми шанси да станат хронично болни, иако во поново време недостасуваат испитувања кои ќе укажат на начинот на кој тие емоции предизвикуваат одредени здравствени состојби.rnrn1-Izbuvnuvate ili se vozdrzhuvate vo brachnite kavgi Toa razlichno vlijae vrz vasheto zdravje-kafepauza.mk_rnrnСепак, еден нов поглед врз едно поодамна спроведено долгорочно истражување на брачни двојки, објавен во списанието „Емоција“ во мај, годинава, доаѓа до одредени нови заклучоци. Имено, во 80-те години на минатиот век, група научници од Универзитетот Беркли во Калифорнија, спровеле истражување на хетеросексуални брачни двојки кои биле во брак најмалку 15 години. Брачните парови учествувале во испитување во кое требало да се потсетат на некои подеми и падови од нивниот интимен живот.rnrnНа почетокот од испитувањето, сопружниците, околу 15 минути, зборувале меѓусебно во врска со тековниот ден, а во следните 15 минути, тие требало да разговараат за некое тековно несогласување во нивниот однос, што им предизвикувало кавга.rnrn2-Izbuvnuvate ili se vozdrzhuvate vo brachnite kavgi Toa razlichno vlijae vrz vasheto zdravje-kafepauza.mk_rnrnПо расправијата меѓу сопружниците, следувала 15 минутна непристрасна, општа дискусија. Сите контакти меѓу нив биле дискретно снимани. Субјектите во испитувањето, исто така, пополнувале и формулар што содржел прашалник во врска со нивното здравје. Оттогаш, на секои 5 години, во период од најмалку 2 децении, брачните двојки се враќале во универзитетската лабораторија и повторувале сè одново.rnrnОвој експеримент произвел богатство од информации за испитувања посветени на долгогодишните бракови и нивната благосостојба. Но, неодамнешната студија објавена во „Емоција“ е првата во којашто се испитувале фацијалните експресии и гласовите на сопружниците, додека тие се наоѓале среде кавга.rnrn4-Izbuvnuvate ili se vozdrzhuvate vo brachnite kavgi Toa razlichno vlijae vrz vasheto zdravje-www.kafepauza.mk_rnrnНаучниците потоа ги споредиле емоционалните знаци коишто биле испраќани додека траела расправата (кога е некој лут, на пример, неговите или нејзините веѓи се спуштени, очите широко отворени, усните стиснати, а гласот е пискав) и поставувале прашања поврзани со нивното влијание врз здравјето на учесниците во испитувањето.rnrnСопружниците, особено мажите, кои се покажале како многу емотивни и се наполниле со гнев за време на кавгата, подоцна многу почесто пријавувале симптоми на проблеми поврзани со работата на срцето, како што е болка во градите или високиот крвен притисок. Посмирените сопружници, оние кои изгледале повоздржано за време на недоразбирањата, биле посклони кон развивање проблеми со мускулите, коишто се манифестираат со болка во грбот или во вратот. Овие асоцијации се многу специфични. Лутите сопружници ретко развиле болка во грбот, а воздржаните ретко пријавувале кардиоваскуларни проблеми, додека пак луѓето чиишто главен одговор на конфликтот биле тагата или стравот, не се пожалиле ниту на кардиоваскуларни, ниту на проблеми со мускулаторниот систем.rnrn3-Izbuvnuvate ili se vozdrzhuvate vo brachnite kavgi Toa razlichno vlijae vrz vasheto zdravje-kafepauza.mk_rnrnПрофесорот по психологија при Универзитетот Беркли и авторот на новата студија, д-р Роберт Левенсон, смета дека ваквите резултати имаат психолошка смисла.rnrnГневот, на пример, го забрзува пулсот и предизвикува низа биолошки реакции коишто со текот на времето влијаат врз срцето и си го земаат својот данок. Сепак, оваа набљудувачка студија не докажува дека емоциите предизвикуваат проблеми врз здравјето и дека останатите фактори, како генетиката, се помалку влијателни. Но, секако може во голема мерка да биде од помош.rn

    „Познато ни беше дека луѓето кои се во лоши бракови многу често се болни“, вели д-р Левенсон. „Досега не можевме да предвидиме одредени здравствени исходи. Но, сега, најверојатно можеме. Доколку вашите кавги често прераснуваат во гласно викање и плачење, можеби треба да закажете преглед кај кардиолог“, советува д-р Левенсон.

  • Размислете пред да полудите: 3 нешта за гневот кои треба да ги имате на ум

    Размислете пред да полудите: 3 нешта за гневот кои треба да ги имате на ум

    Колку пати ви се случило нешто да ви влијае толку силно што едноставно не сте можеле да ја задржите вашата реакција и тотално сте полуделе без размислување? Доколку ова ви се случува често, тогаш можеби би требало да се обидете подобро да се спознаете самите и да сфатите зошто се случуваат овие силни реакции. Погледнете ги 3-те нешта кои секој треба да ги запомни за гневот кога почнува да чувствува дека тој им бега од контрола…rnrnРазмислете пред да полудите: 3 нешта за гневот кои треба да ги имате на умrn

    1. Гневот мора да биде ослободен

    rnОпасното нешто кај гневот е што бара од личноста да му обрне внимание. Без разлика дали станува збор за кршење, фрлање, удирање, вриштење или плачење, тој едноставно мора да биде ослободен. За несреќа, оваа потреба често води кон импулсивни и непромислени одлуки кога луѓето најчесто кажуваат или прават нешта кои не се својствени за нив.rnrnНаместо да се обрне внимание на проблемот, луѓето го игнорираат до самиот крај и потоа настанува експлозија која никој не може да ја контролира. Но, тие не само што се повредуваат самите со ова однесување, туку ги повредуваат и другите околу нив. Трикот е да се најде активност која ќе ви служи како еден вид „вентил“ низ кој ќе можете да ги ослободувате овие негативни емоции без притоа да повредите никој околу вас.rn

    2. Гневот води кон обвинување

    rnКога луѓето се гневни, тие веруваат дека имаат право да се чувствуваат така. Сè додека пламенот на гневот гори, некој мора да плати. Но, вината никогаш не се бара во себе, туку во шефот, родителите, пријателите или партнерот. Вие постојано верувате дека доколку тие се променат и вашиот живот би бил многу полесен. Но, сте се запрашале ли некогаш дека можеби вие сте проблемот?rnrnИ покрај тоа што во моментот можеби ви изгледа очигледно дека знаете чија вина е за тоа што се случува (сигурни сте дека не е ваша), подобро би било доколку не покажувате со прсти сè додека не се смирите. Понекогаш не е важно што некој направил или кажал, туку зошто вие сте реагирале токму на тој начин. Тоа е нешто кое можете да го најдете само длабоко во себе.rn

    3. Гневот нема чувство за време и место

    rnСекој човек може да се разлути во кое било време и на кое било место, без разлика на изворот за неговиот гнев. Доколку некој ги притисне вистинските „копчиња“ на одредена личност, тој или таа ќе доживеат внатрешна експлозија која и да сакаат не можат да ја контролираат. Проблемот е што поголемиот дел од луѓето никогаш не ги анализираат ситуациите кои доведуваат до вакви реакции и ги оставаат секојдневно да се таложат сè додека не настане нова експлозија.rnrnМногу е полесно да се свртите и да продолжите да го мразите светот. Вие го насочувате своето внимание кон други нешта, држејќи ја болката која иронично, предизвикува да се чувствувате добро. Таа ви го поддржува мислењето дека светот не е фер и ви дава причина постојано да се жалите. Сите ние сме одлични во заговарање, преправање и криење. Тоа што е навистина тешко е да собереме храброст и едноставно да се соочиме со самите. Откако тоа ќе се случи ќе сфатите дека вие не мора да реагирате, туку само да дејствувате.

  • Поучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?

    Поучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?

    Додека еден човек го средувал својот нов автомобил, неговата 4-годишна ќерка земала камен и го изгребала страничниот дел на автомобилот. Лутиот и гневен човек, ја земал раката на девојчето и ја удрил неколку пати, без да сфати дека ја удира со клуч за затегнување. Девојчето завршило во болница и поради голем број фрактури ги изгубило сите прсти.rnrnПоучна приказна: Што или кого сакаме повеќе?rnrnКога девојчето видело што ѝ направил нејзиниот татко, со тажни очи прашало: Тато, кога ќе ми пораснат пак прстите?“ Кога го слушнал ова прашање, мажот останал без зборови и со скршено срце. Токму затоа и се вратил кај својот автомобил и многу пати удрил во него. Очаен од тоа што го направил, тој седнал покрај автомобилот и ги погледнал гребаниците. Неговата ќерка напишала: Те сакам тато.rnrnПоука: Запомнете, ниту гневот ниту љубовта имаат граници. Исто така обидете се да не заборавате дека нештата треба да се користат, а луѓето да се сакаат. Проблемот со денешниот свет е дека луѓето се користат, а нештата се сакаат…

  • 20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

    20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

    Сакале ние или не, во животот наидуваме на секакви типови луѓе. Некои ни се допаѓаат, некои нè нервираат, а некои не би сакале да ги сретнеме повторно. Постои и оној тип луѓе кои се тешки и сложени и со кои едноставно не може да се разбереме за ништо. Нѐ нервираат и нѐ вадат од такт, а по малку и нѐ плашат, додека залудно се обидуваме да им објасниме нешто. Но факт е дека не е можно да се најде разумно решение за ниту еден проблем кога се зборува со неразумни луѓе. Она што може да се направи е да се применат овие 20 тактики кои сигурно ќе ви помогнат подобро да се справите кога ќе се најдете очи во очи со тешка личност. Иако делуваат невозможни на почетокот, навистина помагаат.rnrn(1)-20-ekspertski-taktiki-za-spravuvanje-so-teshki-lugje-kafepauza.mkrn

    1. Слушајте

    rnКако и за сѐ останато, слушањето е чекор број 1. Фокусирајте се на она што го кажува личноста спроти вас, а не на она што вие планирате да го кажете.rn

    2. Останете смирени

    rnНервозата и повишениот тон нема да ве одведат никаде. Дишете длабоко и полека. Избројте до 10 пред да избувнете.rn

    3. Не судете

    rnНикогаш не ја знаете целата приказна и зошто другиот е таков каков што е. Обидете се да не го/ја осудувате предвреме.rn

    4. Испочитувајте ја личноста спроти вас

    rnАко не планирате да покажете почит за туѓото мислење, тогаш воопшто и не започнувајте разговор со тој некој. Испочитувајте го додека зборува без разлика како тој се однесува со вас.rn

    5. Читајте меѓу редови

    rnТој некој всушност се обидува да ви каже и покаже што сака и што нему му треба. Прочитајте меѓу редови и најдете го тоа нешто. Оттука, па натаму треба да е полесно.rn

    6. Побарајте некој кој може да ви помогне

    rnНекогаш трета личност може многу добро да влијае на решавање на недоразбирањето со кое се соочувате. Најдете ја таа личност во вашата околина и побарајте помош.rn

    7. Не очекувајте да ви попуштат

    rnКолку повеќе инсистирате дека тој/таа треба да попушти, толку повеќе ќе се расправате. Обидете се да прашате што всушност му/ѝ смета.rn

    8. Не кажувајте Разбирам

    rnНе постои нешто што повеќе ќе ја изнервира личноста со која не можете да се разберете од едно празно разбирам. Затоа не го кажувајте. Покажете дека разбирате ако навистина го мислите тоа или побарајте повеќе информации за да разберете.rn

    9. Не се смејте

    rnСмеењето додека се наоѓате во караница делува како да ѝ се потсмевате на личноста со која се карате. Делувате несериозни, незаинтересирани за нејзиното мислење и покажувате непочитување.rn

    10. Не играјте одбранбено

    rnВелат дека нападот е најдобра одбрана, но не и кога станува збор за расправија со навистина тешка личност. Одбранбениот став може само да ја влоши ситуацијата колку и да е нормално да почнете да се браните во тој момент. Обидете се со неутрални реакции.rn

    11. Гневот не е решение

    rnОчекувано е да бидете лути и нервозни, па дури и гневни. Но овие чувства преточени во зборови може само да го разгорат огнот. Смирете го гласот, намалете го тонот и обидете се да разговарате полека.rn

    12. Не се убедувајте

    rnВие си имате ваше мислење, тој/таа си има свое. Наметнувањето на своето мислење на другите никогаш не успеало, па зошто би успеало сега? Дали би ви се допаѓало на вас?rn

    13. Одржувајте дистанца

    rnСекој допир за време на караница, колку и да е добронамерен, може да биде погрешно сфатен. Избегнувајте да го допирате човекот со кој се карате и одржувајте се и себеси и него на безбедна дистанца.rn

    14. Кажете Жалам или Ќе се обидам да го поправам ова

    rnАко навистина го мислите, тогаш може да ви заштеди многу време и енергија.rn

    15. Поставете граници

    rnПаралелно на почитувањето и толеранцијата, мора да поставите и некои граници до кои смее да се оди. Кога тие ќе се преминат, не плашете се да ја побарате и вие почитта која ја заслужувате.rn

    16. Верувајте им на своите инстинкти

    rnТие скоро никогаш не ве лажат. Ако увидите дека работата оди на полошо, барајте решение да се извлечете од неа.rn

    17. Не очекувајте иста реакција од сите

    rnНе реагираат сите исто на ист проблем. Очекувајте дека личноста со која сега се расправате ќе реагира сосема различно одошто се надевавте и подгответе се да бидете флексибилни кога ќе се случи тоа.rn

    18. Премотајте ја ситуацијата

    rnРазговарајте со некој откако сѐ ќе помине. При рефлектирање на претходните настани може многу да се научи.rn

    19. Опуштете се

    rnВеројатно сте многу напнати и нервозни, па ќе ви биде потребен одмор од целиот стрес. Трчајте, прошетајте, преспијте. Направете го она што ќе ви помогне во отпуштање на стресот и смирување.rn

    20. Охрабрете се себеси што успешно сте поминале низ тешка ситуација

    rnПотребно ви е!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи кои не треба да ги правите кога сте лути

    7 работи кои не треба да ги правите кога сте лути

    Некои луѓе веруваат дека бесот е само слабост, што можеби е вистина. Тоа чувство како да си поигрува со нашите умови и нè тера да донесеме избрзани и неретко лоши одлуки. Гневот може да ги уништи нашите социјални и семејни врски и да ѝ штети на нашата работа. Колку и да е тешко во моментот, мора да научиме да го контролираме бесот и да не му дозволиме да управува со нас.rnrnЕве што не треба да правите кога сте лути.rnrn7 работи кои не треба да ги правите кога сте лутиrn

    1. Да го покажете вашиот гнев на социјалните мрежи

    rnНеретко луѓето ги одбираат социјалните мрежи за да го покажат својот бес и своите емоции со цел да информираат поголема маса на луѓе за тоа како се чувствуваат. Не правете го ова, зошто да споделувате негативна енергија наместо благосостојба? Плус, реално, на вашите виртуелни пријатели не им е грижа за тоа како се чувствувате, па со постирањето на вашиот гнев нема да постигнете ништо освен да изградите негативна слика за себеси. Осврнете се на оние околу вас, побарајте личност со која може да разговарате и работете на вашите емоции. Разговорот во живо е секогаш подобра опција.rn

    2. Да донесувате големи одлуки

    rnИли какви било одлуки. Кога сте лути не размислувате разумно, па не донесувајте никакви решенија, никакви одлуки, туку почекајте и решете со „ладна“ глава. За што и да речете, ветите или одлучите кога сте бесни, подоцна ќе зажалите. Гневот ќе влијае негативно и со сигурност ќе донесете многу лоша одлука.rn

    3. Да дозволите поради вашиот бес да се однесувате лошо со другите

    rnНе дозволувајте вашиот бес да влијае на некој кој воопшто не е засегнат со вашата ситуација. Ова е можеби најтешката задача. Често бесот го истураме на оној кој се погодил да биде во наша близина а воопшто не придонел за таа наша состојба. На пример, ако ве изнервирал колегата од работа, воопшто не е праведно да им го упропастите денот на вашите дома. Колку и да е тешко, најдете начин да се справите со бесот или да се дистанцирате од луѓето на некое време. Голема е веројатноста да кажете многу работи за кои подоцна ќе се покаете, ако не и навреди и зборови кои другата страна нема да ви ги заборави.rn

    4. Да возите

    rnМногу јасно, држете се подалеку од колата. Викнете такси, одете пеш, одберете јавен превоз. Голема е веројатноста да возите лошо, ако не и да предизвикате несреќа кога сте во ваква состојба. Зошто да ја загрозувате вашата безбедност, како и безбедноста на другите поради моментално чувство?rnrn7 работи кои не треба да ги правите кога сте лутиrn

    5. Да се впуштате во дискусии

    rnКога сте бесни не е време да му докажувате на јавниот службеник како лошо си ја работи работата. Така само го зголемувате вашиот гнев и ова не помага. Одбегнувајте дополнителни кавги и дискусии.rn

    6. Да им се вратите на лошите навики

    rnПоради бесот може да запалите цигара по цели 5 години или да му се вратите на алкохолот ако некогаш сте имале проблеми со него. Доколку често сте изложени на стрес, паметно е да вежбате. Физичката активност го покачува нивото на серотонин, што ќе ве направи поотпорни и поиздржливи кога станува збор за бесот. Исто, паметно е да развиете ваша шема по која ќе се раководите кога сте лути или под стрес. Што ве опушта? Како најдобро се справувате со лутината?rn

    7. Да се социјализирате

    rnПријателите или колегите нема да ви помогнат да се ослободите од бесот, но дури и да можат да ве смират, сепак ќе бидат под влијание на вашите негативни чувства. Одбијте ја поканата за кафе кога сте ифрит лути. Не сакате да им ја расипете атмосферата. Истрчајте некој километар и наредниот викенд организирајте средба со вашите пријатели со која ќе им надоместите за вашето отсуство.

  • Колаче мое – слатките тајни зад прекарите

    Колаче мое – слатките тајни зад прекарите

    Женските муабети често се вртат околу мажи. Жени седнати на кафе, најчесто одбираат да зборуваат за мажи. За своите дечковци, потенцијални идни дечковци, типови со кои се состануваат… Зависно од тоа колку сме блиски со другите дами на истата маса, кажуваме наши тајни и делиме совети, разменуваме искуства. Ако им го наслушнете муабетот на девојките од соседната маса, ќе добиете јасна слика за типот за кој зборуваат. Ќе го опишат и најситниот детаљ поврзан со неговиот изглед, или за тоа како поминал нивниот состанок. Но ретко кога јасно и гласно ќе го кажат неговото целосно име, а не дај Боже, и презиме. Порадо би се послужиле со прекари или иницијали.Колаче мое – слатките тајни зад прекаритеЗошто жените им даваат прекари на мажите со кои излегуваат? Бидејќи е лесен и безболен начин да го „зачинат“ целиот процес на трагање по вистинскиот и воедно да го направат многу позабавен. Плус, за одбрана од чаршиски уши, полесно и послободно ќе зборуваат за него во јавност. Но најважната причина која се крие позади етикетирањето на мажите, е тоа што се штитиме себеси од евентуално кршење на срцето. На некој начин, ако не зборувате за него со спомнување на неговото име, како да покажувате дека не сте толку приврзани и дека личноста не ви значи баш многу. Ако на крај не излезе како што треба, и работите не се одвиваат по посакуваниот тек, ќе ви биде полесно со оглед на тоа што не сте се навикнале на неговото име, па на некој начин е побезболно. Но едно нешто е од есенцијално значење: никогаш, ама баш никогаш не му кажувајте како го именувате кога зборувате за него со другарките.rnrnОд друга страна, мажите често даваат прекари за да се пофалат со каква риба излегуваат. Друго е кога на другар ти ќе му кажеш излегувам со една Марија, а друго е кога ќе ја наречеш Долгоногата со градник Д. Автоматски си појак фраер. И секако, покажуваш дека не ти значи ништо посебно штом не ја спомнуваш по име, или макар само се преправаш дека е така.rnrnЗа женкарите, пак, употребата на прекари е неопходна, прекари со кои ќе им се обраќаат на своите девојки. Најупотребуваните се: Срце, Злато, Мило, Мало, Маче… Па фала Богу, ако на сите им се обраќаат по имиња, има да направат таратур. На Маја ќе ѝ се обратат со Силвана, На Светле со Елена… и како ќе го објаснат тоа, кога на пример од Јасмина до Дијана има разлика колку од небото до земјата? Вака се поштедуваат од објаснувања, или од ненајавена клоца во меѓуножјето.rnrnКакви прекари ќе смислите за некого, зависи од тоа колку сте креативни. Ќофте, Морковче, Носе, Пендрек, Тиква, Ушла… Прекарите варираат од град во град. На пример, најчесто употребуван прекар во Прилеп е Муце, или ако сакате членувано, Муцето.rnrnКлише прекари, оние стандардните, најчесто инспирирани од: органи – Срце, Желудник, Џигер… животни – Мече, Маче, Тигрица… накит – Злато, Сребро, Алтан… и т.н. прекари со кариес: Шеќерче, Бонбонче, Карамелче, Торте…rnrnПостојат прекари дадени од љубов и милост. Јаглико моја, портокалу мој, пиленце убаво, славејче што наутро ми пее… Постојат прекари дадени од гнев и омраза. Сељак, Клемпав, Педер, Сој, Утка… Во некои случаеви, прекарите кои еднаш биле дадени од љубов, прераснуваат во нешто сосема спротивно. На пример, вашиот маж, после 20 години во брак, од јагне ќе прерасне во говедо. Или жена ви, која едно време била пиле сега е кокошка. Еволуција. Затоа, не се радувајте кога ќе почне да ви се обраќа со име на животно. Голема е веројатноста еден ден да еволуирате во нешто друго.rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?

    Кога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?

    Емоциите можат да ни бидат од голема корист кога нè водат кон конструктивни патишта, но понекогаш тие знаат да бидат многу опасни и да нè насочуваат на погрешна страна. Во некои ситуации многу е подобро да се „исклучиме“ од нашите емоционални инстинкти отколку импулсивно и без прашање да дејствуваме според нив.rnrnКога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?rnrnЕдна техника која се употребува во спречување на овие деструктивни емоции се нарекува „спротивна акција“. На пример:rn

      rn011

    • Гневот честопати нè тера да станеме агресивни, вербално или физички.
    • rn011

    • Тагата ни предизвикува потреба за изолација и желба да не правиме буквално ништо.
    • rn011

    • Стравот нè убедува дека треба да избегаме од одредена ситуација.
    • rn011

    • Срамот обично нè тера да се криеме.
    • rn

    rnКога вие одлучувате да ја следите онаа постапка која ви доаѓа природно од некои негативни емоции, по некое време може да заглавите во магичен круг од кој тешко се излегува. Но, ако успеете да научите да ги препознавате емоциите кои работат против вас и ако се обидете да го направите спротивното од тоа што тие ве тераат, тогаш има големи шанси да се вратите во вистинската насока.rnrnНареден пат кога ќе бидете нерасположени и кога нема да сакате да излезете од дома, пробајте да се убедите себеси да отидете на кафе со пријателите. Бидејќи уште во старт сте имале лоши очекувања за вечерта, дури и ако ништо интересно не се случи вие ќе си поминете одлично и ќе ви биде драго зашто не сте останале дома. На истиот начин, направете „спротивна акција“ како одговор и на други негативни емоции:rn

      rn011

    • Кога сте некому лути, направете нешто добро за него/неа.
    • rn011

    • Кога ви е премногу страв да се обидете нешто ново, соберете храброст и направете го тоа.
    • rn011

    • Кога не ви се станува од кревет, натерајте се себеси да излезете на свеж воздух.
    • rn011

    • Кога се срамите за нешто што сакате да го сокриете, бидете отворени и споделете го со вашите најблиски.
    • rn

    rnОва е многу полесно да се каже отколку да се направи, но ако успеете да се сконцентирате на „спротивната акција“ од овие негативни емоции, ќе можете многу полесно да го прекинете нивниот циклус на траење. Оваа техника ќе ви помогне да не бидете „роб“ на своите емоции. Само поради тоа што чувствувате дека треба да направите нешто, не мора да значи дека мора да им дозволите на тие емоции да ви го диктираат животот.rnrnСите ние правиме грешка кога веруваме дека мора да чувствуваме дека нешто е добро, пред да преземеме соодветна акција. Но, понекогаш потребно е да тргнеме по вистинскиот пат пред да се препуштиме на емоциите. Од време на време треба да бидете добри со луѓето околу вас, не затоа што тоа го сакате, туку затоа што на тој начин ќе бидете поздрави и посреќни.