КАФЕ ПАУЗА

Tag: главоболка

  • Главоболки, грчеви, кршливи нокти и коса: Симптоми за недостаток на витамини и минерали

    Главоболки, грчеви, кршливи нокти и коса: Симптоми за недостаток на витамини и минерали

    Одредени недостатоци на минерали и витамини во организмот можат да предизвикаат најразлични здравствени проблеми. Симптомите со кои се сочуваме секојдневно можеби не се последица на стресот или нашата психичка состојба, туку се само еден начин на кој нашето тело се обидува да ни каже дека треба да почнеме да консумираме повеќе витамини.rnrnГлавоболка, грчеви, кршливи нокти и коса: Ви недостасува овој витамин!rnrnОва се најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на витамини и минерали во вашето тело:rn

    1. Грчеви во мускулите и главоболки – Недостаток на магнезиум

    rnНад 75% од луѓето патат од недостаток на магнезиум во организмот. Магнезиумот е една од најсилните материи која помага вашиот нервен систем да функционира правилно. Тој ги опушта мускулите и нервите, ја ублажува главоболката и може да ви помогне подобро да спиете. Ако и вие страдате од недостаток на магнезиум, тогаш додадете малку зелје или кељ во вашата исхрана. Сипете и малку горка сол во топлата купка бидејќи таа е богата со магнезиум, а на овој начин тој ќе се апсорбира преку кожата.rn

    2. Акни на лицето – Недостаток на цинк

    rnАкните можат да укажуваат на недостаток на цинк. Цинкот влијае на изгледот на лицето и тенот, но исто така го контролира и производството на маснотии за кожата. Со земањето 30 милиграми цинк дневно, вие можете многу да му помогнете на вашето тело, а вашето лице ќе се ослободи од акните. Исто така може да пробате да јадете и голо семе од тиква.rn

    3. Суви, меки и кршливи нокти и сува коса – Недостаток на витамин Б7

    rnВитаминот Б7 или биотинот е клучен за здравата коса. Иако тој ретко недостасува во организмот, сепак возможно е да имате намалени количини од него, а неговите недостатоци се манифестираат преку губење на косата, сува коса и кршливи нокти. Консумирајте храна богата со витамин Б7 за да ја подобрите оваа состојба.rn

    4. Слаба коса – Недостаток на железо

    rnЖелезото му помага на кислородот да минува низ целото тело, дури и до дланките. Ако забележите дека вашата кожа станува потенка и имате нагло губење на косата, можеби треба да започнете да консумирате храна побогата со железо за да ги решите ваквите проблеми.rn

    5. Бели истакнати отоци – Есенцијални масни киселини

    rnАко забележите мали, бели отоци по прстите и зглобовите на дланките, тоа значи дека патите од недостаток на омега 3 масни киселини. Јадете храна која е богата со омега 3, како на пример риба, за да ја вратите рамнотежата во вашиот организам.

  • Немојте да ја игнорирате главоболката: 4 знаци кои укажуваат на сериозно заболување

    Немојте да ја игнорирате главоболката: 4 знаци кои укажуваат на сериозно заболување

    Сосема е нормално да ве боли главата по бурна прослава или поради недостаток на сон, но кога болката се јавува ненадејно, без предупредување и очигледни причини тогаш може да биде знак за нешто посериозно. Кога има некаков проблем, телото веднаш нè предупредува, па токму затоа и ако почувствувате ненадејна силна главоболка, веднаш треба да откриете што точно се случува во вашиот организам. Погледнете ги следниве можни причини зад појавата на необичните главоболки.rnrnНемојте да ја игнорирате главоболката: 4 знаци кои укажуваат на сериозно заболувањеrn

    1. Болка во слепоочниците и предниот дел од главата

    rnБолката во слепоочниците може да укажува на различни нарушувања во организмот. Недостаток на сон, хормонални промени, интоксикација и намален интракранијален притисок – сите овие нешта можат да бидат причина за овој вид болка. Исто така, болката во слепоочниците е симптом за почеток на настинка или грип. Ако болката во тој дел од главата се зголемува и предизвикува чудни чувства како мачнина, веднаш треба да се обратите кај вашиот доктор. Овие чувства можат да бидат знак и за потенцијално крвавење.rn

    2. Утринска главоболка

    rnАко често се будите со главоболка, тоа не е добар знак. Утринската главоболка може да укажува на ноќна апнеа (престанување со дишење во сон), проблеми со притисокот, па дури и тумор во мозокот. Во овој случај, потребно е дополнително тестирање.rn

    3. Болка околу окото

    rnКластер главоболките (болка која е изолирана на само една страна околу главата, околу и зад едното око) е една од најнепријатните. Таа е многу силна и тешка за издржување, па затоа и веднаш консултирајте се со добар невролог доколку страдате од неа. Таа може да укажува на аномалии во хипоталамусот, нагло ширење на крвните садови во мозокот и нарушување во работата на кардиоваскуларниот систем.rn

    4. Главоболка и вртоглавица

    rnМногу често, главоболката може да биде попратена со некои непријатни симптоми, како на пример, мачнина, замагленост во очите, болка во вратот… Оваа состојба може да биде предизвикана од остеохондроза, повреди на главата во минатото, хормонални нарушувања, како и невроза и депресија. Следете го вашиот режим на исхрана и сонот пред да се консултирате со доктор. Многу е важно да ги знаете сите детали, дури и оние кои ви делуваат мало и незначајно со цел специјалистот да ја одреди точната дијагноза.

  • Три типични женски проблеми и решението за нив!

    Три типични женски проблеми и решението за нив!

    Имате силна главоболка? Помислувате на најлошото? Пополека, опуштете се. Некои симптоми може да ве претворат во хипохондрик, но најважно е да не подлегнете на паниката.rnrn1-tri-tipichni-zhenski-problemi-i-reshenieto-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

    Проблем 1: Постојано сте уморни

    rnАко сте просечна вработена жена, а плус и мајка, најчестата причина за умор е недостатокот на сон или слободно време. Втората причина е недостаток на железо во крвта поради обилните менструални циклуси. Ако сте помислиле дека имате синдром на хроничен замор, имајте на ум дека тоа е навистина тешка состојба и не личи на обичен умор.rnrnШто може да направите: Земете слободни денови и јадете многу овошје и зеленчук.rnrnКога да посетите доктор: Ако заморот е проследен со болки и губење на телесната тежина.rnrn2-tri-tipichni-zhenski-problemi-i-reshenieto-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

    Проблем 2: Постојани главоболки

    rnНе помислувајте дека имате сериозни проблеми. Поверојатно е, особено ако болката започнува кон крајот на денот, дека патите од напната главоболка која е создадена од стрес и предизвикува контракција на мускулите на главата и вратот.rnrnШто може да направите: Ако патите од напната главоболка, потребно е да го лечите факторот што ја предизвикал, на пример, стресот, болките во грбот или заморот на очите. Но, болката може да ја ублажите доколку земете еден прамен од косата во близина на болното место и полека го влечете и виткате во рок од неколку секунди. Така го стимулирате влевањето на крвта во черепот и ги ублажувате пулсирањата на главата.rnrnКога да посетите доктор: Кога главоболките се проследени со болки во екстремитетите или проблеми со видот, бидејќи со овие симптоми е потребен итен докторски преглед.rn

    Проблем 3: Обилен менструален циклус

    rnНајверојатно проблемот е од хормонска природа. Претходната менструација најверојатно ви била многу слаба или воопшто не сте ја добиле, па сега вашето тело го надокнадува тоа.rnrnШто може да направите: Почекајте ја следната менструација, бидејќи проблемот може да биде привремен.rnrnКога да посетите доктор: Ако проблемот трае повеќе од 3 месеци или губите премногу крв.

  • 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

    4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

    Доколку страдате од редовни главоболки или мигрени, тогаш дефинитивно би требало да се обидете да се справите со нив со помош на јогата. Различни студии покажале дека таа може да има неверојатни придобивки за вашето здравје во секое време. Што се однесува до главоболките, доколку ги практикувате овие 4 пози, тие веднаш ќе исчезнат и ќе можете подобро да се фокусирате на вашата работа.rn

    1. Странично истегнување во седечка позиција

    rnОваа јога поза е одличен лек за мигрените или главоболките кои настануваат како резултат на стрес и тензија. Таа е многу едноставна, но и доста ефективна.rnrn(1) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Наместете се на работ од вашето столче и поставете ги стапалата во ширина на вашите колкови.
    • rn011

    • Исправете го грбот и одржувајте ги стапалата цврсто на подот.
    • rn011

    • Започнете да ги подигнувате рацете странично од вашата глава.
    • rn011

    • Со помош на десната рака, држете го левиот зглоб.
    • rn011

    • Истегнете се на десната страна.
    • rn011

    • Држејќи го левиот зглоб со вашата десна рака, повлечете ја левата рака во истегнувањето.
    • rn011

    • Не го подигнувајте вашиот задник од столицата.
    • rn011

    • Задржете го здивот 10 секунди.
    • rn011

    • Вратете се на основната позиција и свртете се на другата страна.
    • rn011

    • Повторете по 3 пати на секоја страна, наизменично.
    • rn

    rn

    2. Едноставно вртење во седечка позиција

    rnОва е уште една одлична и едноставна јога поза која може да ви помогне да се ослободите од главоболката. Таа исто така е и добра за зацврстување на вашиот абдомен.rnrn(2) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Поместете се на работ од вашата столица.
    • rn011

    • Исправете го ‘рбетот и притиснете ги вашите стапала цврсто на подот.
    • rn011

    • Не го подигнувајте вашиот задник од столчето.
    • rn011

    • Подигнете ја десната нога и вкрстете ја над вашето лево колено.
    • rn011

    • Поставете ја вашата десна рака на задниот дел од столицата, а левата рака на вашето десно колено.
    • rn011

    • Потоа почнете да го движите вашето торзо кон десно.
    • rn011

    • Задржете ја позицијата на околу 10-15 секунди.
    • rn011

    • Вратете се на основната позиција и променете ја страната.
    • rn011

    • Повторете 3 пати на секоја страна.
    • rn

    rn

    3. Задржување на спротивниот лакт

    rnНе само што оваа јога поза ќе ја намали вашата главоболка, туку и ќе ви помогне да го подобрите дишењето и да се справите со растечениот нос. Доколку носот е причина за вашата главоболка, оваа вежба е совршена за вас.rnrn(3) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Поставете ги нозете на иста оддалеченост како вашите колкови.
    • rn011

    • Притиснете ги стапалата цврсто на подот.
    • rn011

    • Подигнете ги вашите раце и допрете ги лактите зад вашиот грб.
    • rn011

    • Доколку ова ви е премногу лесно, обидете се да ги поставите дланките заедно со прстите насочени кон надвор.
    • rn011

    • Одржувајте ја оваа позиција од 10 до 15 секунди.
    • rn011

    • Вратете се во основната положба и повторете 3 пати.
    • rn

    rn

    4. Раце зад грбот

    rnОваа модификувана јога поза е многу ефективна при справување со главоболката. Таа исто така ви помага да ги зајакнете мускулите на вашите раце, и ја подобрува вашата флексибилност. Можно е да ви треба јога каиш за да можете целосно да ја изработите.rnrn(4) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболкатаrn

    Насоки:

    rn

      rn011

    • Застанете со нозете во ширина на вашите колкови.
    • rn011

    • Притиснете ги стапалата цврсто на подот.
    • rn011

    • Подигнете ја вашата лева рака и превиткајте го лактот.
    • rn011

    • Левата рака треба да ви се движи по вашето лице и зад вашето десно уво.
    • rn011

    • Потоа свиткајте го десниот лакт и поместете ја десната рака накај вашето рамо.
    • rn011

    • Дланката треба да ви биде насочена кон вашиот грб.
    • rn011

    • Обидете се да ги допрете и задржите вашите дланки заедно.
    • rn011

    • Доколку вашите рамена се премногу затегнати или имате потешкотии при нејзиното завршување, врзете јога каиш со цел да ја направите поедноставна.
    • rn011

    • Откако вашите раце ќе бидат споени, држете ја позата околу 10 секунди.
    • rn011

    • Вратете се во основната положба и повторете на спротивната страна.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

    Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

    Сигурно вашето искуство ви покажало дека различни причини предизвикуваат различен начин на опивање и различна тешкотија при мамурлакот. Причините најчесто се различни кај секого. Секој различно поднесува алкохол, но покрај заморот и гладот има и некои други показатели кои можат да ви кажат колку брзо ќе се опиете вечерва и каков мамурлак ве очекува утре наутро.rnrnКаков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?rn

    Обоени алкохолни пијалаци

    rnОбоените алкохолни пијалаци како виски, коњак, ракија или црн рум ќе ве „наградат“ со најтешкиот мамурлак. Силината на мамурлакот зависи од количината на конгенери кои ги содржи пијалакот. Конгенерите се нуспродукти на ферментацијата на алкохолот. Тие му даваат на пијалакот потемна боја и посилен вкус, а во една чаша виски има дури 37 пати повеќе конгенери во споредба со вотката. Проблемот со нив е во тоа што тие се одговорни и за тешките главоболки ден по пијанењето. Една студија покажала дека луѓето кои пијат обоени алкохолни пијалаци имаат многу поголеми шанси да се разбудат со мамурлак во споредба со оние кои испиле иста количина на необоени пијалаци. Така заклучиле дека многу е полесно човек да се опие од виски отколку со вотка, а потоа следуваат и многу полоши симптоми на мамурлак.rnrnКаков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?rn

    Необоени алкохолни пијалаци

    rnВотката, џинот и белиот рум ќе ви предизвикаат мамурлак, но нема да биде толку силен како со обоените алкохоли. Добрите вести се дека четири чашки џин нема да ви предизвикаат толку лош мамурлак како четири чашки коњак, па ќе можете да испиете уште некоја доколку навистина сакате толку многу да ве боли глава утредента.rnrnКаков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?rn

    Пиво

    rnОсвен вообичаените симптоми на мамурлак, пивото ќе ви предизвика подуеност и гасови. Инаку тој не предизвикува толку страшен мамурлак како претходните пијалаци, но прави проблеми со телесната тежина. Како и при пиењето на каков било друг алкохол, црниот дроб мора да го согорува алкохолот наместо мастите и тоа придонесува за дебелеење, а покрај тоа пивото е многу покалорично од вотката и сличните пијалаци.rnrnКаков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?rn

    Црвено вино

    rnИ црвеното вино содржи високо ниво на конгенери кои предизвикуваат тежок мамурлак. Лошата вест е што колку виното е поевтино и понеквалитетно, толку повеќе конгенери содржи. Друг проблем е тоа што црвеното вино може да направи да ви се спие уште додека се опивате, па можно е и да заспиете негде пред да стигнете дома ако претерате со него.rnrnКаков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?rn

    Бело вино

    rnБелото вино предизвикува сличен мамурлак како и необоениот алкохол, а исто така содржи состојки кои ќе ве направат поспани како и црвеното вино.rnrnКаков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?rn

    Шампањ

    rnШампањот не важи за пијалак кој дава големи главоболки кога ќе ве опие и тоа е точно. Но, кај него има еден друг проблем. Високото количество на јаглерод диоксид во него прави полесно да се апсорбира во крвта, а со тоа и побрзо да ве „фати“. Ако се одлучите за овој пијалак и претерате, веројатно ќе бидете првите кои ќе ја напуштат забавата поради пијанство.rnrnКаков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Откријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стрес

    Откријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стрес

    Симптомите на стрес се многубројни и непријатни. Главоболката, дигестивните проблеми, несоницата и нервозата се само дел од симптомите кои можете да ги решите за само неколку минути, доколку знаете точно каде да притиснете.rnrnОвој кинески метод на лечење е познат како акупресура и со негова помош можеме да ги откриеме сите точки со чија стимулација телото може да почне да се опушта и да се ослободува од стресот. Една од овие точки се нарекува шен мен, што во слободен превод значи „рајска врата“. Притискањето на оваа точка го намалува стресот, ја зголемува енергијата и го зајакнува имунитетот, а со тоа и ја намалува болката. Точката се наоѓа во внатрешниот дел на горниот дел од увото и со нејзино нежно триење таа може да се активира.rnrnОткријте ја точката на телото која може да ја „избрише“ вашата главоболка и сите симптоми на стресrn

    Упатства за примена на оваа масажа:

    rn

      rn011

    • Со помош на чепкалка за уши притиснете на точката и нежно масирајте ја.
    • rn011

    • Дишете полека и длабоко и слушајте го внимателно секое вдишување и издишување.
    • rn011

    • Додека вдишувате гледајте кон лево, а додека издишувате кон десно, без притоа да ја поместите главата.
    • rn011

    • Ќе почнете да забележувате како постепено вашето тело се опушта, а симптомите на стрес се намалуваат…
    • rn

    rn

    Дополнителни совети:

    rn

      rn011

    • Точката на увото можете да ја масирате и со врвот на вашите прсти.
    • rn011

    • Масирајте ја точката секој пат кога ќе почувствувате дека сте под голем стрес.
    • rn011

    • Оваа постапка можете да ја повторувате секоја вечер, пред спиење.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најдобриот природен лек против главоболка

    Најдобриот природен лек против главоболка

    Неиздржливиот притисок во главата можете да го решите со аспирин, но не заборавајте дека тој е синтетички производ кој може да му наштети на вашиот организам. Главната состојка во аспиринот е салицин, кој смирува болки, но кој исто така може да се најде и во jaткастите плодови.rnrnНајдобриот природен лек против главоболкаrnrnДланка полна бадеми може да биде вашиот природен аспирин, која на некој начин дури има и поголем ефект од овој лек, а нема несакани дејства кои можат да му наштетат на вашиот организам. Главоболката обично се појавува во страничниот дел од главата, а тоа предизвикува намалена концентрација, раздразливост и умор.rnrnНајчестите причини за главоболките се обично стрес, напнатост, грип, воспаление на синусите како и проблеми со дигестивниот систем.rnrnЕкспертите велат дека оваа непријатна состојба треба да се третира како симптом, а не како болест. Доколку главоболката не ви се смирува, обидете се да се опуштите, медитирајте, туширајте се и не заборавајте на бадемите – тие можат да ви бидат од огромна корист.rnrn10-тина до 12 бадеми на ден ги намалуваат и спречуваат главоболките, па доколку редовно ги консумирате има големи шанси засекогаш да се збогувате со оваа непријатна состојба.

  • 5 најчесто занемарени причини за појава на мигрените

    5 најчесто занемарени причини за појава на мигрените

    Поголемиот дел од докторите ја третираат мигрената како болест, но во некои случаи таа може да биде симптом. Доколку подолго време страдате од мигрени, кои стануваат сè посилни, можеби е време да го смените пристапот во откривањето на причината. И покрај тоа што не секогаш постои видлива причина, погледнете ги наредниве 5 состојби кои би можеле да ја предизвикуваат или зголемуваат вашата хронична мигрена.rnrn5 најчесто занемарени причини за појава на мигренитеrn

    1. Целијакија или нетолерантност на глутен

    rnЦелијакијата е автоимуна болест која настанува под влијание на глутенот, протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот и ‘ржта. Околу 1% од човековата популација страда од целијакија, но се верува дека дури 80% од заболените немаат соодветна дијагноза. Од друга страна пак, нетолерантноста на глутен, болеста на 21-от век, се верува дека секојдневно се појавува кај сè поголем број луѓе. И покрај тоа што оваа нетолерантност не ги уништува ѕидовите на тенкото црево до тој степен како што прави целијакијата, таа сепак може да ги манифестира сите нејзини физички симптоми.rnrnГлавниот симптом кај овие две состојби се стомачните проблеми, но понекогаш може да се случи овие проблеми да бидат сведени на минимум, додека пак, некои други, како мигрените, нападите, нарушувањето на анксиозноста и депресијата да се појават со многу посилен удар. Едноставен тест на крвта може да покаже дали страдате од целијакија, но во моментов сè уште не постои тестирање кое би можело да ја докаже нетолерантноста, односно алергијата на глутенот. Третманот за двете состојби е целосно исфрлање на глутенот од исхраната, по чие започнување, поголемиот дел од пациентите чувствуваат драстично подобрување уште во првиот месец со новиот режим на исхрана.rn

    2. Недостаток на магнезиум

    rnОваа состојба може да игра голема улога во дури 50% од оние кои страдаат од хронични мигрени. Магнезиумот е клучен кога станува збор за голем број функции во телото, но за жал, многу лесно може да настане недостаток кој пак, многу тешко може да се измери со тест на крвта. Причините за намалување на магнезиумот во крвта се недостаток на хранливи материи, претерано конзумирање на кофеин, газирани пијалаци и алкохол, изложеност на хроничен стрес, хронична болест и проблеми со цревата (како целијакијата која создава проблеми при апсорбирање на магнезиумот).rnrnОбидете се да внесете храна која изобилува со магнезиум во вашите секојдневни оброци, како на пример, рибите иверка и скуша, варен спанаќ, житарки, бадеми и семки од тиква. Се препорачува оние кои страдаат од хронични мигрени да направат соодветни промени во исхраната така што ќе го зголемат внесувањето на магнезиумот од 250, па сѐ до 500 милиграми на ден.rn

    3. Нарушување на виличниот зглоб

    rnВиличниот зглоб е она место каде што вашата вилица се спојува со вашиот череп. Зглобовите се наоѓаат пред вашите уши, на двете страни од лицето. Доколку вашите заби не се добро наредени или пак, доколку имате навика да ги притискате, состојба која се нарекува бруксизам, може да се развие дисфункција или болка во виличниот зглоб.rnrnСимптоми за нарушување на виличниот зглоб се болки кај зглобовите, потешкотии при отворањето на устата и главоболки. Токму овие главоболки можат погрешно да бидат дијагностицирани како мигрени. Соодветната дијагноза и третман, препишан од заболекар, може да ви помогне да се справите со оваа состојба.rn

    4. Болест на тироидната жлезда

    rnВисоката, но и ниската функција на тироидната жлезда можат да предизвикаат главоболки. Кога нејзината функција е намалена, оваа состојба се поврзува со замор, сува кожа и губење на косата. Доколку е зголемена, со срцебиење и анксиозност. Мигрените се многу чести и во двете ситуации. Дијагнозата може да се донесе врз основа на едноставен тест на крвта.rn

    5. Труење со мувла

    rnСе верува дека труењето со мувла е голем причинител на многу болести, меѓу кои спаѓаат и мигрените. Мувлата предизвикува алергиски реакции кога се вдишува, но поголемата штета доаѓа од хемиските токсини кои се нарекуваат микотоксини, а можат да се најдат на површината врз мувлата. Многу малку доктори се свесни за оваа состојба, па токму затоа понекогаш настануваат погрешни дијагнози и занемарување на одредени симптоми. Доколку живеете во место каде што има проблем со мувла и страдате од мигрени, консултирајте се веднаш со вашиот доктор, притоа објаснувајќи му ја целата ситуација.rnrnКога станува збор за мигрените, многу е важно да гледате преку симптомите со цел да ја најдете причината.

  • Како да патувате без да ви се лоши?

    Како да патувате без да ви се лоши?

    За многумина патувањето до крајната дестинација претставува најзабавниот дел, но луѓето кои патат од болест на движење не би се сложиле со ова. Без разлика дали се работи за возење со автобус, автомобил, воз, брод или авион, задолжително ги следи главоболка пропратена со вртоглавица, гадење и повраќање.rnrnCar Sicknessrn

    Зошто ни се лоши?

    rnБолеста на движењето, морската болест или кинетозата е всушност природна реакција на нашиот организам на движењето и се јавува кога движењето се перципира различно со различни сетилни системи. На кратко, кога со некое превозно средство се движиме нерамномерно, лулањето, потскокнувањето, забрзувањето и успорувањето не можеме да ги видиме туку да почувствуваме, па така системот за рамнотежа сместен во внатрешното уво прима поинакви дразби од сетилото за вид.rnrnПример кој би можел да ви го доближи ова е патувањето со брод во кабина без прозори. Не го гледаме движењето, но го чувствуваме и таа нескладност предизвикува симптоми на морска болест како гадење, вртоглавица и повраќање, кои се често пропратени со ненадејна појава на ладна пот и пад на крвниот притисок.rnrnПодложни на оваа болест се најмногу децата, а во возрасна доба, некои луѓе се поосетливи од други. Се смета дека околу 20% од популацијата пати од болеста на движењето.rnrn2-kako-da-patuvate-bez-da-vi-se-loshi-kafepauza.mkrn

    Како да ги ублажите и елиминирате симптомите?

    rn

    Апчиња

    rnСимптомите можат да се држат под контрола со апчињата Драмина, кои ефикасно го спречуваат гадењето, повраќањето и вртоглавиците предизвикани од болеста на движењето. Се препорачува земање една таблета половина час пред тргнување на пат за да може навреме да се апсорбира и во потполност да ги спречи симптомите.rn

    Билен чај

    rnВечерта пред поаѓање направете билен чај кој го стимулира варењето, спречува гадење и главоболки. Во 2 дл зовриена вода ставете гранче мајчина душица, прстофат ѓумбир во прав и лажичка сушени цветови од глог. Поклопете, почекајте напитокот да се излади и испијте го. Оваа мешавина не се препорачува за бремени жени и деца под 8 години.rn

    Тигрова маст

    rnВо рачната торба задолжително ставете мало пакување тигрова маст. Непосредно пред тргнување нанесете мала количина на слепоочниците и нежно измасирајте се. Постапката можете да ја повторите неколку пати доколку се работи за долго патување.rn

    Есенцијални масла

    rnСличен ефект ќе постигнете со мешавина од есенцијални масла од нане, лимон и бадем. Помешајте 10 капки бадемово масло со 5 капки есенцијално масло од нане и 5 капки есенцијално масло од лимон. Со оваа ароматична мешавина измасирајте го вратот и градите пред да тргнете на пат.rn

    Напиток од варен ѓумбир

    rnЃумбирот можете да го подготвите и на поинаков начин. Прелијте го со литар ладна вода, загрејте го до вриење, а потоа варете уште 2-3 минути. Можете да додадете цимет, нане и маточина. Промешајте, поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете го и пијте мали голтки пред и во текот на патувањето.rn

    Мириси и храна

    rnИ мирисот е многу битен фактор во создавањето или засилувањето на симптомите. На некои патници особено им пречи патувањето со автобус заради карактеристичниот мирис кој ги тера на повраќање. За да си олесните, избегнувајте јаки мириси при патување, како и тешка, мрсна, зачинета и обилна храна. Лесен оброк, кисели бонбони и грицкање крекери, како и мали количини негазирани пијалаци, најдобро вода, ќе ви помогнат да го избегнете лошењето и полесно да го поднесете долгото возење.rn

    Поглед и позиција во возилото

    rnИсто така секогаш настојувајте да го ускладите движењето со погледот и никогаш не патувајте наопаку. Во автомобилот сместете се на совозачкото седиште и гледајте во далечина за да ги намалите постојаните промени во вашиот видокруг. Не возете се одзади, секогаш гледајте пред себе и сконцентрирајте се на една точка на хоризонтот. Вочазот треба да вози што помирно и почесто да правите паузи.rnrn3-kako-da-patuvate-bez-da-vi-se-loshi-kafepauza.mkrn

    Патување со авион и со брод

    rnАко патувате со авион, одберете седиште кое се наоѓа до прозор за да можете да го гледате движењето на пејзажот под вас, а ако патувате со брод, што повеќе време поминете на палубата гледајќи во ширината пред себе, тоа подобро. Исто така избегнувајте читање книги, играње видеоигри, пишување СМС-пораки, работа на лаптоп и слични активности кои би ви го одвлекле вниманието од прозорот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични медицински трикови за справување со секојдневни непријатности

    Необични медицински трикови за справување со секојдневни непријатности

    За повеќето болести неопходна е консултација со доктор, но овие медицински трикови, можете да ги примените и сами, на своја рака.rnrnneobichni-medicinski-trikovi-za-spravuvanje-so-sekojdnevni-neprijatnosti-kafepauza.mkrn

    Отстранување брадавица со селотејп

    rnУште во 2002 година, група доктори го споредувале ефектот од лепливата трака и течниот азот врз брадавиците. По 2 месеци носење леплива трака секој ден, 85% од пациентите ги изгубиле сите брадавици, додека процесот на „смрзнување“ резултирал со отклонување на брадавиците кај нешто повеќе од половина луѓе.rn

    Овесната каша го смирува осипот

    rnОва е така бидејќи овесот има антивоспалителни својства. Без разлика дали ќе ја нанесете на кожата или ќе ја измешате со купката, овесната каша дефинитивно помага, намалувајќи го нивното на хистамин во крвта.rn

    Јогурт против непријатен здив

    rnЛошиот здив доаѓа или од устата или од стомакот, а јогуртот ги санира двата проблеми бидејќи содржи добри бактерии. Сепак, јогуртот не е осамен во оваа улога. Секој млечен производ горе-долу ја има истата предност.rn

    Лажичка шеќер против икање

    rnЕдна студија која потекнува уште од 1971 година потврдила дека шеќерот навистина го спречува икањето. Шеќерот во устата веројатно ги менува нервните завршетоци и ги згрчува, па тие прекинуваат со контракциите кои ги препознаваме како икање.rn

    За да се ослободите од главоболката загризајте пенкало

    rnИако докторите и понатаму не знаат зошто го правиме тоа, стискањето на забите дефинитивно е последица на стрес. Па така, кога ги стискаме забите можеме да си предизвикаме главоболка и тензија, која повторно можеме да ја анулираме ставајќи тврд предмет меѓу забите, на пример пенкало.rn

    Маслинки против мачнина за време на возење

    rnЕден од бројните симптоми на мачнината при движење е и претераното лачење плунка со што телото ги штити забите од киселини кои се создаваат при повраќање. Меѓутоа, ако во уста ставите маслинки, кои го оневозможуваат засиленото лачење плунка, можете истовремено да ја спречите мачнината.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.