КАФЕ ПАУЗА

Tag: главоболка

  • Силните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоа

    Силните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоа

    Доколку редовно страдате од главоболки или мигрени, можеби веќе сте свесни за некои нивни предизвикувачи, како што се стресот, одреден тип храна, неквалитетниот сон, климатските промени и слично. Постојат бројни причини коишто може да предизвикаат болка и пулсирање кај слепоочниците, а во тие мигови вие очајно почнувате да одите во потрага по Аналгин, Кафетин или Ибупрофен. Голем број луѓе, имаат тенденција да страдаат од лоши главоболки наесен, но добрата вест е дека ова не е толку случаен или необјаснив феномен.rnrnСилните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоаrnrnСпоред д-р Винсент Мартин, директор на Центарот за главоболка и фацијална болка во Институтот за неврологија на Универзитетот Синсинати, промената на годишните времиња може да влијае врз разни еколошки фактори, кои од своја страна можат да предизвикаат главоболки. Што е уште поважно, треба да знаете дека вие можете да се пазите од ваквите предизвикувачи и да ги спречите чудовиштните мигрени. Погледнете кои фактори според д-р Мартин можат да предизвикаат есенски болки и запомнете дека не сте сами и сте доволно силни за да се справите и да излезете на крај со болката.rn

    1. Алергените се во воздухот, а тие не се добри за вашата глава

    rnВеројатно најчестата причина за појавата на главоболки и мигрени се алергените, а во есента има многу мувла и амброзија. Воедно, во вашето тело веројатно ќе се покачи нивото на невротрансмитерот хистамин, чијашто цел е да се бори против алергените со коишто доаѓате во контакт, што од своја страна може да предизвика болка во главата, поради настанувањето на инфламација во вашите синуси.rn

    Кое е најдоброто решение за овој проблем?

    rnД-р Мартин препорачува да користите HEPA филтер за воздух којшто има голема ефикасност во филтрирање на суспендираните атмосферски честички, како и антиалергенски навлаки за душек и перница, сè со цел да го направите вашиот дом пријателски настроен кон мигрените. Не заборавајте и да ги користите медикаментите против алергија коишто ви се препишани од вашиот доктор, за да го намалите воспалувањето во синусите.rnrnСилните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоаrn

    2. Скратувањето на дневната светлина може да ви прави проблеми

    rnДали сметате дека вашата главоболка се случува како резултат на чувствителноста на вашите очи на промените на дневната светлина? Д-р Мартин вели дека главоболките може да бидат честа појава во есенскиот период од годината, бидејќи оваа сезона ја пречекуваме со помалку дневна светлина, а тоа најчесто го менува распоредот на спиење кај луѓето. Одржувањето ист распоред на спиење и станување на секојдневно ниво, е од основна важност за сите страдатели од мигрени и главоболки, бидејќи веројатноста за доаѓање на нов напад од болка значително се зголемува ако хигиената на сонот е нарушена.rn

    Кое е најдоброто решение за овој проблем?

    rnТоа значи дека колку и да е густ вашиот распоред, доколку знаете дека сте склони кон главоболки или мигрени, направете си себеси услуга и осигурете се дека секоја вечер си легнувате во разумно време, коешто не се менува. Излегувањето до раните утрински часови дефинитивно не вреди, во споредба со болката којашто ќе ја чувствувате наредното утро.rn

    3. Разните промени во климата може да предизвикаат болка

    rnКлиматските промени се честа причина за појава на главоболки и мигрени, а самото заладување во есенските денови, е еден од главните предизвикувачи, објаснува д-р Мартин. За жал, тој додава дека не му е баш 100% јасно, зошто точно ова се случува кај голем број луѓе. Сепак постојат разни истражувања, коишто биле спроведени за да се открие поврзаноста меѓу овие две работи. Научниците сметаат дека разните фактори како што се атмосферскиот притисок, влагата и промените во температурата, можат да бидат предизвикувачи.rnrnСилните есенски главоболки се честа појава и еве што можете да преземете околу тоаrnrnРезиме: Бидејќи сите овие фактори имаат тенденција да се случуваат истовремено, многу е тешко да се истакне кој од нив е главниот виновник. Тоа значи дека најважно е да ги преземете сите потребни мерки и добро да се информирате за превентивните мерки коишто можете да ги преземете, за да се заштитите од главоболки. Филтри за воздух, лекарства препишани од вашиот доктор, како и соодветна хидратација на секојдневно ниво, ќе го одржи вашето здравје на добро ниво.rnrnДознајте и што ја предизвикува утринската главоболка и како можете да ја спречите.

  • Што ја предизвикува утринската главоболка и како да ја спречите?

    Што ја предизвикува утринската главоболка и како да ја спречите?

    Можеби најлошиот начин да се разбудите е со главоболка која потоа ќе трае цел ден. Ако ова ви се случува редовно, сигурно сте се запрашале која е причината за вашата главоболка која се појавува без разлика на тоа колку сте наспани или колку лекови сте земале.rnrnШто ја предизвикува утринската главоболка и како да ја спречите?rn

    Што ја предизвикува утринската главоболка?

    rnПостојат многу фактори што можат да влијаат на утринската главоболка. Некои од нив се недостаток од кофеин, проблеми со синусите, дехидратација или стрес. Недостатокот од кофеин може да ви звучи смешно на почетокот, но ако вашата главоболка поминува по неколку голтки кафе, голема е веројатноста тоа да е причината. Но ако не сте зависник од кафе, а сепак се будите со главоболка, причината може да биде настинка или грип.rnrnАко вашите синуси се затнати, тоа води до притисок на вратот и главата и може да предизвика болка. За жал, можете да направите многу малку кога грипот или настинката ви ја предизвикуваат главоболката. Ќе ги олесните симптомите ако земете некој лек за болка и ако пиете многу вода. Ако имате грип, главоболката често е знак дека следува и треска, па најдобро е да посетите лекар за да го избегнете тоа.rnrnДруга причина за утринската главоболка е стресот. Кога сте под многу стрес, вашето тело ослободува хемикалии кои може да предизвикаат главоболка. Покрај тоа, стресот го нарушува квалитетот на сонот и води до некои навики кои предизвикуваат болка, како триење на забите. Ако го имате овој проблем, вашиот лекар може да ви даде „штитник“ кој ќе ги заштити вашите заби.rnrnУште една причина е дехидратацијата. Ако пиете малку вода во текот на денот, голема е веројатноста да се разбудите со главоболка. Добро е да испиете голема чаша вода пред спиење за да го избегнете ова.rn

    Како да ја спречите болката?

    rnВо зависност од причината, постојат неколку начини на кои можете да ја спречите утринската главоболка. Најпрво, важно е да го одредите изворот на болката. Штом ќе го направите тоа, можете да преземете нешто за решавање на проблемот. Ако е кофеинот, обидете се постепено да ја намалувате количината на кафе што ја пиете во текот на денот. Ако причината е стрес, најдете начин да се релаксирате и најдете некое хоби кое ќе ви го смири умот.rnrnАко и после сè, уште не знаете што ја предизвикува вашата главоболка, време е да разговарате со професионалец. Иако главоболките обично се безопасни, понекогаш тие може да бидат индикатори за поголеми здравствени проблеми. Во тој случај најдоброто решение е да го посетите вашиот лекар кој ќе ви помогне да го решите проблемот.rnrnПогледнете и кога не треба да ја игнорирате вашата главоболка.

  • 4 начини на кои можете да се справите со ненадејните промени на временските температури

    4 начини на кои можете да се справите со ненадејните промени на временските температури

    После „зимскиот сон едвај сте го дочекале будењето со температурите над нулата, но наместо активен ден во природа, главоболката ве привлекла за креветот. Ненадејното нагло зголемување на температурите од студено кон топло или обратно влијаат на притисокот, срцето и циркулацијата, што во крајна линија може да предизвика главоболки. Чувството на немоќ кога болките ќе ви ги променат плановите, заменете ги со советите кои ви ги даваме и со тоа престанете да бидете роб на метеоропатијата.rnrn1-4-nachini-so-koi-mozhete-da-se-spravite-so-nenadejnite-promeni-na-vremenskite-temperaturi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Следете ја временската прогноза

    rnКако што секое утро пред излегување проверувате каква е температурата за да донесете одлука што ќе облечете, така проверете дали радикално се разликуваат утринските и дневните температури за да го подготвите телото за она што доаѓа. Ако сте чувствителни на промената на времето, при првите симптоми на главоболка можете да земете парецетамол и да продолжите со извршувањето на секојдневните обврски.rn

    2. Излезете во природа и активирајте се

    rnКој било облик на телесна активност во траење од половина час дневно, ќе го направи вашиот организмот постабилен и поотпорен на временските промени. Уште е подобро ако физичката активност се одвива во природа на чист воздух. Сеедно е дали сте се одлучиле за брзо пешачење или сте дел од активен групен тренинг, активностите во природата ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да се чувствувате подобро, а заедно со тоа може да ги намалат и шансите за појава на главоболка.rnrn2-4-nachini-so-koi-mozhete-da-se-spravite-so-nenadejnite-promeni-na-vremenskite-temperaturi-www.kafepauza.mk_rn

    3. Нека вашата исхрана биде разновидна и полна со витамини

    rnЗдравата и правилната исхрана богата со овошје и зеленчук е добар предуслов за ублажување на негативните последици од времето. Со разновидната исхрана важно е и редовно внесување вода, по можност збогатена со кислород. Се препорачува дневно внесување од 2 до 3 литри, во зависност од полот и активностите.rn

    4. Заменете го кафето со чаеви

    rnЗа полесно да се носите со метеоропатијата, можете да побарате помош и од различни билни напивки или пак, да се заштитите така што ќе го збогатите секој оброк со додатоци за исхрана. Билните чаеви како што се камилицата, кучешкиот трн или лиметата помагаат при опуштање на нервите. Освен тоа што ќе уживате во разните мириси на природните чаеви, тие исто така ќе ви помогнат да ги пребродите ненадејните промени на временските температури со сладок вкус во устата.

  • 4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

    4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

    Доколку некогаш ви се случило да испиете малку повеќе црвено вино, сигурно сте се соочиле со ужасните последици утредента. Сува уста, непријатен вкус во усната празнина, желба за мрсна храна и страшна главоболка од која мислите дека ќе ви прсне главата. Овој мамурлак е доволна причина да ве натера да решите дека никогаш повеќе нема да пиете црвено вино.rnrn4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено виноrnrnСепак, не мора да се откажувате од вашиот омилен алкохолен пијалак. Постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да ја спречите главоболката од црвено вино. Во продолжение прочитајте за што станува збор…rn

    1. Мед

    rnСпоред едно истражување спроведено на Медицинскиот универзитет во Кина, слаткиот додаток што го ставате во чајот содржи фруктоза, а таа може да помогне при разградување на алкохолот во крвта. Нареден пат кога ќе претерате со виното, изедете една (или повеќе) лажици мед.rn

    2. Пијте повеќе вода

    rnСите знаеме дека алкохолот дехидрира. Па така, доколку испиете цело шише вино без вода, ќе се соочите со ужасни мигрени утредента. Задолжително пијте вода заедно со виното и пијте најмалку 8 чаши вода секој ден. На ова правило особено обрнете внимание во деновите кога знаете дека ве чека вечер исполнета со многу вино.rnrn4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено виноrn

    3. Сменете го виното

    rnНема да ви додеваме со комплицирани научни податоци, но она што треба да го знаете е дека танинот е основната компонента на грозјето што се користи за виното да добие покомплексен вкус. Меѓутоа, танинот исто така е и главниот причинител на главоболките. Така што, доколку имате чести проблеми со мигрени, држете се до белото вино или до вината со малку танин.rn

    4. Пијте полека

    rnЛесно е полека да се испие чашата вино пред спиење. Меѓутоа, кога се работи за некој поголем собир на луѓе, чашата вино може да се претвори во четири за помалку од два часа. Внимавајте колку вино си ставате и не брзајте при пиењето, туку земајте мали голтки. Тоа ќе ви помогне да ги спречите последиците од црвеното вино утредента.

  • Невролозите откриваат: Зошто коњското опавче предизвикува главоболка?

    Невролозите откриваат: Зошто коњското опавче предизвикува главоболка?

    Многу девојки ги обожаваат коњските опавчиња бидејќи се едноставни, брзи и изгледаат одлично во случај да не сте ја измиле косата. Меѓутоа, на крајот од денот создаваат неподнослива болка што може да предизвика мигрена. Честопати слушаме дека треба да се трпи за убавина, но зошто нешто толку секојдневно како што е коњското опавче треба да претставува толкава жртва?rnrnНевролозите откриваат: Зошто коњското опавче предизвикува болка?rnrnНеврологот Денис Чоу, која специјализирала во областа на лечење главоболки, го има одговорот на ова прашање. Според неа, многу често луѓето кои имаат главоболка додека носат коњско опавче веќе имаат проблеми со мигрена.rn

    „Многумина не знаат дека имаат мигрена, бидејќи таа честопати не е дијагностицирана. Се јавува кај 18% од жените. Ова нарушување доведува до хиперсензитивност, што предизвикува нервите околу лицето и скалпот да станат многу чувствителни на површината“, објаснува Чоу.

    rnИмено, луѓето мислат дека доживуваат болка од нешто што воопшто не ја предизвикува истата.rn

    „Кога ја врзувате косата во цврста пунџа или коњско опавче, тоа ги повлекува нервите на скалпот. Токму тоа повлекување на нервите уште повеќе ги активира сензорните нерви што доведува до главоболка. Овој феномен се нарекува ‘cutaneous allodynia’. Врзувањето на косата не би требало да биде болно. Но, може да се смета за болно за време на напад на мигрена. Дури и да немате проблем со мигрени, секој може да доживее болка предизвикана од коњско опавче поради повлекувањето, тензијата и истегнувањето што ги активира сензорните врвови на тие нерви“, изјавува неврологот.

    rnТоа не значи дека треба пиете апчиња секогаш кога ќе почувствувате болка во главата, бидејќи можно е да почне да ви се јавува главоболка како последица од претераната употреба на лекови.rn

    „Доколку користите апчиња против главоболка повеќе од 10 денови во месецот, тоа може да ги влоши главоболките со тоа што ќе ја зголеми активноста на рецепторите за болка“, предупредува Чоу.

    rnТерапиите се разликуваат во зависност од пациентите, но досега како најефикасни се покажале додатоците во исхраната што содржат рибофлавин, Б2 витамин и магнезиум. Сите тие ја стабилизираат хиперсензитивноста на мозокот.rnrnСпоред Чоу, наједноставниот лек е да одбегнувате цврсти пунџи, коњски опавчиња и венчиња. Доколку сепак сте љубител на таквите фризури, барем гледајте да не ги носите секој ден.

  • Масирајте ја оваа точка на лицето и ослободете се од стресот и главоболката за само 45 секунди

    Масирајте ја оваа точка на лицето и ослободете се од стресот и главоболката за само 45 секунди

    Доколку се чувствувате уморно, ве боли главата, не сте расположени, замислени сте, нервозни и постојано сте под стрес, а поради тоа немате доволно енергија за да продолжите со денот, тогаш пробајте ја оваа многу едноставна масажа од која веднаш ќе почувствувате разлика. А, доколку ја практикувате редовно, тогаш можете да бидете сигурни дека засекогаш ќе ставите крај на проблемот со мигрените.rnrnМасирајте ја оваа точка на лицето и ослободете се од стресот и главоболката за само 45 секундиrnrnНекои зони на телото и главата се особено чувствителни на допир. Една од нив е малата длабнатина на челото помеѓу веѓите. За помалку од една минута, ќе почувствувате како главоболката полека исчезнува, а вашата општа состојба значително ќе се подобри. Точката можете да ја масирате кога сакате.rn

    Предности на оваа масажа:

    rn

      rn011

    • Превенција за појава на лесни и тешки главоболки и мигрени
    • rn011

    • Ослободување од стресот
    • rn011

    • Подобрување на циркулацијата на крвта во пределот на главата и вратот
    • rn011

    • Лечење на несоницата
    • rn011

    • Нормализација на очниот притисок
    • rn011

    • Стимулација на работата на мозокот
    • rn

  • Ослободете се и од најсилната главоболка за само 5 минути

    Ослободете се и од најсилната главоболка за само 5 минути

    Главоболките се многу непријатни. Покрај тапата болка, оваа многу честа појава предизвикува нервоза, раздразливост и пад на концентрацијата. Меѓутоа, благодарение на овој стар проверен рецепт од само 3 состојки, ќе можете да се ослободите од главоболката за само 5 минути.rnrnОслободете се од најсилната главоболка за само 5 минутиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 1 лажичка лимонов сок
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо шолја ставете лажица топла вода. Потоа додадете ја солта и мешајте додека таа не се стопи. Потоа додадете го лимоновиот сок и наполнете ја чашата со ладна вода. Измешајте ги состојките и испијте го пијалакот.rnrnКако делува?rnrnПијалакот за 5 минути ќе ја ублажи или целосно ќе ја отстрани главоболката. Доколку имате потреба, повторете ја истата постапка по 2, 3 часа.

  • Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Кивањето, раздразнетите синуси, чешањето и болењето на грлото се едни од најчестите симптоми на сезонските алергии кои се најизразени во пролетните месеци. Тоа се должи на високата концентрација полен, на кој многу луѓе покажуваат симптоми како потешкотии со дишењето и солзење на очите. Но, постојат и скриени знаци на алергиите кои потсетуваат на обична настинка, вирус па дури и ПМС. Во продолжение прочитајте кои се тие и обидете се да не ги игнорирате и да побарате соодветна помош, бидејќи иако алергиите можат да се контролираат тие сепак знаат да бидат доста непријатни.rnrnНемојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергииrn

    1. Умор и слабост

    rnДоколку во текот на денот забележите дека сте поуморени од вообичаено и немате волја да се движите, тогаш можеби станува збор за некаква сезонска алергија. Чувството на умор може да предизвика симптоми како што се печење и чешање на очите што е често резултат на недоволното спиење.rn

    2. Главоболка и кашлица

    rnГлавоболката се поврзува со т.н. пролетен умот и промена на времето. Но, позади неа може да се крие и сезонска алергија. Ваквите главоболки се тесно поврзани и со затнувањето на носот, што може погрешно да се интерпретира како симптом на настинка или вирус. Меѓутоа, причинителот е слузта која се собира во синусите поради притисокот на фронталната коска. Исто така, еден од скриените симптоми е и кашлицата која може да го зајакне тој притисок во главата и по продолжение, главоболката.rn

    3. Раздразнетост и нервоза

    rnРаздразнетоста и немањето концентрација се поврзани со носот, ушите и синусите, односно со целосната слузница на нашиот организам која под влијание на алергените може доста да се оштети. Лошата работа и неправилното функционирање на слузницата може да го отежни дишењето и да предизвика несоница или лошо спиење. Ваквите непријатни симптоми можат да влијаат и врз расположението, па доколку почувствувате нервоза или лутина без никаква причина, тоа се должи на цутењето на одредени пролетни растенија.

  • Ослободете се од стресот, главоболката и несоницата со помош на овие 2 состојки

    Ослободете се од стресот, главоболката и несоницата со помош на овие 2 состојки

    Доколку патите од несоница и главоболка, солта и шеќерот можат да бидат од голема помош. Кога ќе ги помешате овие 2 состојки заедно, добивате бројни здравствени предности како што се олеснувањето на главоболките и симптомите на мигрена, намалувањето на проблемите со неспиењето како и јакнењето на имунолошкиот систем и подобрувањето на физичкото здравје. Но, се разбира треба да се внимава во нивното консумирање и да се практикува нивната умерена примена, бидејќи прекумерното користење може да предизвика негативни последици врз вашето здравје. Во продолжение прочитајте го рецептот кој има само 2 состојки, а безброј придобивки.rnrnОслободете се од стресот, главоболката и несоницата со помош на овие 2 состојкиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица морска сол
    • rn011

    • 5 лажици кафеав шеќер
    • rn

    rnНапомена: Односот помеѓу солта и шеќерот секогаш треба да биде 1:5.rn

    Начин на подготовка:

    rnПомешајте ги двете состојки заедно и ставете ги во една стаклена тегла.rn

    Начин на употреба:

    rnПод јазикот ставете помала количина од смесата и почекајте да се стопи. Повторувајте го овој метод секоја вечер, пред спиење. Натриумот во морската сол ќе го подобри процесот на клеточното дишење и ќе биде одличен извор на енергија за целото тело. Овие 2 состојки се моќно оружје во борбата против стресот и анксиозноста.

  • Кафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нив

    Кафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нив

    Здравствените проблеми како што се главоболката, мачнината, болките во желудникот и дијарејата не можат да се сместат во категоријата болести, но без сомнение се многу непријатни за организмот и имаат силен негативен ефект врз него. Без разлика за која од овие состојби станува збор, може да се случи долго време да се чувствувате исцрпено под нивно влијание, дури и ако сте на терапија.rnrnКафето и лимонот ги лечат овие здравствени проблеми побрзо и од лековите наменети за нивrnrnДоколку не сакате да користите лекови или пак, сметате дека тие не ви помагаат доволно можете да ги користите овие две намирници кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом со цел брзо да ги излечите овие тегоби. Како што веќе спомнавме, само збор за кафе и лимон.rn

    Рецепт #1 – За силна главоболка

    rnСварете една шолја домашно кафе без шеќер и во неа исцедете половина лимон. Испијте го додека е топло и за само неколку минути ќе почувствувате олеснување во вашата глава. Исто така, покрај кафето добро е и да пиете многу течности, особено вода и да излезете малку на свеж воздух.rn

    Рецепт #2 – За силна мачнина, болки во желудникот и дијареја:

    rnИзмешајте 3 чајни лажички мелено кафе со 2 супени лажици сок од лимон. Измешајте ги добро и така изедете ги. Оваа смеса може скоро инстантно да ви помогне при силната мачнина, болките во желудникот, како и дијарејата. Покрај неа, помага и ако испиете пробиотик, пиете кефир, јадете ориз или банана. Изгладувањето не е препорачливо.