КАФЕ ПАУЗА

Tag: гласно

  • Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

    Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

    На крајот многу работи ќе бидат појасни.rn

    1. Во ред ли е да се уринира во море?

    rnСпоред едно истражување на компанијата Проктор и Гембл, дури две третини од испитаниците го направиле ова, а поголем дел од нив и повеќе од еднаш. Ова не се смета за загадување на морето затоа што 95% од урината е составена од работи кои во морето веќе ги има во изобилие. Единственото што можете да го додадете во морето е уреата, но кога таа ќе се спои со морската вода создава хемиски соединенија кои служат како храна за морскиот растителен свет.rnrnНауката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласноrn

    2. Во ред ли е да се уринира во базен?

    rnОд аспект на безбедноста, не е страшно. Хипотетички гледано, спојот на урината со хлорот може да биде небезбедно, но само ако хлорот е во количини кои и без урината можат да предизвикаат изгореници на кожата. Пристојноста и почитувањето на другите се причините поради кои не треба да уринирате во базен.rnrnНауката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласноrn

    3. Зошто кафето ме тера да одам во ВЦ?

    rnТоа не се случува кај секого, но дури кај 50% од оние што пијат кафе, тоа предизвикува мускулни контракции во дебелото црево. Тие контракции даваат чувство дека мора што побрзо да стигнете до тоалетот.rnrnНауката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласноrn

    4. Зошто ми излегуваат брадавици на рацете?

    rnБрадавиците се предизвикани од Хуман папилома вирусот (ХПВ). Постојат преку 100 варијации на овој вирус. Некои се повеќе заразни, како на пример оној кој предизвикува болести на гениталиите, а други се помалку, како што е случајот со оној што предизвикува брадавици на рацете. Тој обично стигнува до кожата со гребење или исекотини и формира израсток на надворешниот дел на кожата. Тој израсток се нарекува брадавица.rnrnНауката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласноrn

    5. Зошто имам мамурлак?

    rnНакратко – затоа што сте испиле премногу алкохол. Долгиот одговор на науката е дека алкохолот прави телото да се бунтува против вас на повеќе начини. Го покачува излачувањето на желудочните киселини, а го забавува празнењето на стомакот. Ве тера почесто да уринирате и ве дехидрира. На крај, ги проширува крвните садови и предизвикува главоболка. Кога сето тоа ќе се собере, се добива мамурлак.rnrnНауката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласноrnrn

  • Тапаните звучат сосема различно во зависност од средината

    Тапаните звучат сосема различно во зависност од средината

    Доколку размислите и самите ќе претпоставите дека звукот на секој инструмент звучи различно, во зависност од тоа дали се свири на отворен или во затворен простор. Но, кој би рекол дека удирањето на тапани произведува сосема различен звук надвор во поле, на пат, на фудбалски терен, во гаража, во парк? Средината го менува целото тапанарско искуство, па така во зависност од околината може да звучи погласно, пожестоко, поенергично, понежно итн.rnrnrnrnКреатор на ова видео е музичкото студио Audio Zéro, а од таму велат дека при неговата изработка не користеле никакви вештачки звуци, но голем број скептици на интернет, не веруваат дека ваквите големи варијации се возможни. Останува да тестирате сами доколку поседувате тапани, а можете и да погледнете како се снимало видеово. rnrnТапаните звучат сосема различно во зависност од средината
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ги нервира колегите од работа?

    Што ги нервира колегите од работа?

    Погледнете што ги нервира вашите колеги од работа. Ако се пронајдете во некој дел од текстот, се разбира, потрудете се да не го правите тоа повеќе на работното место.rn

    Прислушување

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnКолегата зборува на мобилен, се допишува на скајп или пишува СМС, а вие упорно се врткате околу него обидувајќи се да дознаете што и на кого му пишува. Таквото однесување многу брзо се забележува, па затоа немојте да мислите дека вашата љубопитност ќе остане незабележана. Воздржете се од такви дејствија, особено на работа, бидејќи сигурно не сакате да ве бие лош глас на прислушкувач, нели?rn

    Фалење

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnИнформациите за тоа каква облека носи вашето момче, кој козметички салон го посетува вашата девојка, колку се паметни, интелигентни  и добри вашите деца оставете ги за поблиските, освен ако имате некоја многу блиска колешка која во исто време ви е и добра пријателка. Фалењето остава негативен впечаток во очите на колегите, па затоа држете се до некои општи теми кои сите би ги интересирале.rn

    Флертување по телефон

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како гласно флертувате со вашето момче или девојката. Тоа ве истакнува како личност, но во негативна смисла. Ако колегите ве слушнат како гласно флертувате по телефон, верувајте дека ќе бидете предмет на потсмев помеѓу колегите. Оставете ги нежните зборови за после работа.rn

    Чистење на грлото (хкм-кање)

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОва е можеби најфрустрирачката работа што дефинитивно ги нервира колегите. Доколку тоа го направите еднаш или двапати не е проблем, но ако го правите на секои две минути претставува и тоа каков проблем. Нервира и вознемирува. Ова важи и за другите звуци кои имате навика често да ги испуштате: шмркање, гласно воздивнување и сл.rn

    Злоупотреба на слушалките

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnДури и вашиот вкус за музика да се совпаѓа со вкусот на музика на вашите колеги, сепак не ги злоупотребувајте слушалките. Звукот нека биде подесен така да само вие ја слушате музиката. Ништо не ви дава за право да правите „журка“ кога другите работат. Ова исто така значи дека не е дозволено да си ги потпевнувате омилените референи од песните кои ги слушате на слушалките.rn

    Не јадете храна со зајадлив мирис

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНепријатно е ако јадете храна со зајадлив мирис кој ќе се шири низ работната просторија. Тука влегуваат хамбургери, виршли, зачинете сосови. Оваа храна оставете ја за дома, а на работа јадете јадења кои нема да предизвикаат гадење кај другите.rn

    Бесконечни дискусии за фудбалски натпревари и ТВ серии

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОвие разговори би биле прифатливи ако ги правите тивко за да не слушаат сите околу вас и со колеги кои ја делат истата страст за фудбал или серии. Сепак, обидете се овие муабети да не ви бидат секојдневни.rn

    Внимавајте на парфемите

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnСилните парфеми оставете ги за вечерните излегувања. На работа ставајте лесни и нежни парфеми кои нема да предизвикаат гадење кај колегите. Има некои луѓе кои се алергични на јаки и опојни мириси. Одржувањето на лична хигиена се подразбира.rn

    Не се смејте гласно

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОбидете се да не се смеете гласно за сите колеги да ве слушнат. Освен што е непристојно, тоа дава слика за вас како несеризона личност и работник кој не е посветен доволно на работата.rn

    Гласно џвакање храна

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како џвакате мастика, како шмркате додека го пиете кафето или како сочно го јадете сендвичот. Тоа е непристојно и предизвикува нервоза кај тие кои се наоѓаат околу вас.