Кога станува збор за појадувањето, повеќето сме склони кон некои грешки коишто прават нашиот појадок да биде нездрав и да придонесе за вишок килограми. Веќе добро знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, но малкумина знаат дека тој исто така може да биде и извор на прекумерна тежина. Погледнете ги следниве 15 грешки коишто не смеете да ги правите кога е во прашање појадокот.rnrn
rn
1. Размислете пред да посегнете по првиот залак
rnКога колегите ќе донесат слатки работи, канцеларијата лесно може да стане калориска замка. Но, застанете, сконцентрирајте се, длабоко вдишете и фокусирајте се на вашите цели кога станува збор за здравјето и здравиот начин на живот. Само размислете, дали е подобар вкусот на мафините или пак чувството дека ги остварувате зацртаните цели?rn
2. Не дозволувајте да ве „прелажат“ соковите
rnМожеби мислите дека пиењето вештачки сок од портокал е идеален начин да го започнете денот, но, имајте предвид дека купените сокови се полни со шеќери. Можеби подобро е да се напиете една чаша обична вода и да изедете еден портокал, затоа што овошјето ќе ви пружи витамини и минерали, а исто така содржи и влакна коишто можат да го намалат чувството на глад и да ве држат заситени до времето за ручек.rn
3. Заситете се, но на здрав начин
rnПалачинките и вафлите не се добра идеја за појадок. Наместо тоа, земете житарици од цело зрно или пак тост и со тоа обидете се да внесете малку протеини во форма на нискокалоричен или безмасен јогурт, месо и слично. Ова долго време ќе ве одржува заситени. rn
4. Внимавајте на искушенијата
rnСлатките работи со појадокот се неодоливи, но утрото, обидете се да им одолеете. Печивата, кроасаните и зашеќерените житарици можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта, да го намалат нивото на енергијата и да предизвикаат чувство на глад.rn
5. Не го исклучувајте кафето од појадокот
rnНе морате да го избегнувате утринското кафе, дури и да внимавате на здравата исхрана. Доколку не сте премногу чувствителни на кофеин или пак немате некои здравствени тегоби, кафето е природен и вкусен начин да го подобрите своето расположение. Ако чувствувате потреба за уште една шолја кафе, тогаш можеби не сте наспиени. Сепак, запаметете дека кафето не е замена за добар сон и одмор.rnrn
rn
6. Бидете внимателни со додатоците во кафето
rnОвде се мисли на додатоците коишто може да влијаат на зголемување на вашата телесна тежина. Шеќерот, сирупите со вкус, како и шлагот, може да го претворат кафето во калориска бомба, особено ако пиете повеќе такви кафиња во текот на денот. Потрудете се за почеток да ги намалите тие додатоци, за на крајот да бидете во можност да уживате во кафето без ваквите додатоци.rn
7. Бидете спремни кога ќе почувствувате глад
rnДоколку честопати сте во брзање па го прескокнувате појадокот, претпочитајте да имате здрава ужина. Испланирајте го тоа однапред, па снабдете се со здрави намирници за во вашата кола или пак за во фрижидерот на работа.rn
8. Држете се до една порција
rnПодгответе си порција богата со протеини, но безмасни. На пример, свежо овошје или зеленчук, леб или житарици од цело зрно е добар начин да го подготвите своето тело и својот ум за претстојниот ден.rn
9. Би било добро да ги избегнувате слатките работи од автоматите
rnНаместо слатки, слободно купете си безмасен јогурт без шеќер, свежо овошје и слично.rn
10. Пазете што и колку јадете
rnМожете да уживате во семејниот ручек и без предјадење. Потребно е само да ги избегнувате мафините, овошните сокови, коктели и слатките. Јадете јајца, месо, лосос, свежо овошје и зеленчук.rnrn
rn
11. Запомнете ја оваа изрека
rnОваа позната изрека треба секојдневно да си ја повторувате: „Јади како крал, ручај како принц и вечерај како сиромав.“ Кажувајте си ја оваа изрека во текот на денот и така полесно ќе го издржите патот кон здравата и посакувана тежина.rn
12. Не појадувајте овошни чоколади
rnИако се најлесно достапни, овошните чоколада содржат исто калории колку и десертите. Подобро е да јадете путер од кикирики на мало парче леб. Направете сендвич од тоа и ќе можете да го јадете и на работа.rn
13. Внимавајте на коктелите
rnСекако, првиот оброк во текот на денот треба да ви даде енергија, а не да ве „нокаутира“. Внимавајте со алкохолот затоа што содржи многу калории.rn
14. Задолжително појадувајте
rnДури и ако чувствувате ситост од минатата вечер, кога ќе се разбудите, јадете барем нешто во утринските часови. Прескокнувањето на оброкот може да влијае на забавувањето на метаболизмот, па затоа, препорачливо е да не го заборавате појадокот.rn
15. Не заборавајте чаша вода
rnСекогаш е добро и здраво во вашиот оброк да вклучите и голема чаша вода. Водата ќе ве хидрира и ќе ви пружи чувство на ситост.rnrn