28-годишната Џен Брикер е родена без нозе и нејзините биолошки родители ја дале на посвојување поради оваа состојба. Но, прекрасните родители кои ја посвоиле Џен ја научиле дека сѐ е возможно. Таа живее со страст кон животот, силна верба во себе и желба да им помогне на луѓето околу неа да успеат. Еве кои лекции можете да ги научите од оваа млада, инспиративна гимнастичарка.rnrn
rn
1. Надминете го стравот
rnТаа советува да се соочите со работите и да ги направите достижни за вас. Дури и малите одлуки може да имаат големо влијание и да донесат одлични резултати. Таа вели дека треба да научите да се чувствувате удобно во својата неудобност.rn
2. Постојано повторувајте си потврдни зборови
rnФразите како што се: „Јас го можам ова“, „Јас сум силна“, „Јас сум убава и ништо не може да оди против мене“ и слични на овие, покрај секојдневните молитви, се основен извор на мотивација за Џен.rn
3. Сакајте го вашето тело
rnРодителите на Џејн ѝ ја покажале позитивната и вистинската слика за нејзиното тело. Џен потврдува колку се важни зборовите на еден родител кон своето дете. Нејзините родители постојано ѝ зборувале дека таа е чудо, родена токму онаква каква што требала да биде. Најважно е тоа што не ѝ зборувале на клише начин, туку тоа го потврдувале и со своите постапки. Покрај љубовта кон своето тело, таа исто така научила да верува во своите способности, благодарение на љубовта од нејзините родители.rnrn
rn
4. Соочете се со изразот во огледалото
rnНаместо да се гледате во огледалото и да ги барате своите недостатоци, постојано повторувајќи си ги своите маани, посветете се на убавите работи на себе и ќе забележите поголема радост во животот.rn
5. Вежбајте и живејте здраво
rnЏен вели дека малите одлуки донесуваат големи промени. Така, наместо чипс изберете овошје за ужина, а наместо да спиете 10 минути повеќе, одвојте го тоа време за вежбање. Како една жена може да биде гимнастичарка без нозе? Надвор од менталната мотивација, таа работи напорно за да создаде физички силно тело. Џен работи со тренер пет до шест дена во неделата. Исто така таа советува да спиете од седум до девет часа на ден.rn
6. Хранете се правилно
rnЏен настојува да се храни здраво. Таа јаде пет мали оброци на ден, снабдувајќи го своето тело со потребната храна преку целиот ден. Наскоро таа ќе ја издаде својата втора книга (после првата, наловена „Сѐ е возможно“ (Everything is possible)) каде што ќе сподели повеќе детали за нејзината исхрана, вежбање, целокупната благосостојба и здравото живеење.rnrn

„Игри на масата“ се дисциплинирани, строги и максимално прецизно одиграни точки од гимнастичарки и други изведувачи, кои се одржуваат во чест на државниот празник за осамостојување на Северна Кореја. Во точките учествуваат повеќе од 100.000 луѓе, а низ приказните се проткаени државни пропагандни пораки.
Можеби најимпресивен дел од целата глетка е шарената позадина која е составена од илјадници прецизно поставени деца, кои секвенцијално превртуваат шарени листови, притоа креирајќи неверојатни слики, од знамиња, коњи, слогани, државни симболи и слично.
Сето ова се одржува на стадионот „Први Мај“ во Пјонгјанг, кој воедно е и најголемиот стадион во светот, со капацитет од 150.000 седишта.


rn