КАФЕ ПАУЗА

Tag: гејмер

  • Најновите истражувања откриваат интересни податоци за сексуалниот живот на гејмерите

    Најновите истражувања откриваат интересни податоци за сексуалниот живот на гејмерите

    Неодамнешните истражувања ја откриле врската помеѓу луѓето кои играат видеоигри и нивниот сексуален живот. Имате некакви претпоставки? Доколку се сметате за гејмери, вдишете длабоко бидејќи имаме и добри и лоши вести.rnrnНајновите истражувања откриваат интересни податоци за сексуалниот живот на гејмеритеrnrnДа почнеме со добрите вести. Добрите вести се дека доколку играте видеоигри, можете да издржите во кревет колку што сакате. Според истражувањето, кај гејмерите имало помалку случаи на предвремена ејакулација за разлика од луѓето кои не се љубители на видеоигрите. Тоа е супер! Сега имате научно докажани аргументи дека сте одлични љубовници.rnrnПа, кои се лошите вести?rnrnСпоред истражувањето, постои директна врска помеѓу времето поминато во гејмање и намалената сексуална желба. Со други зборови, мажите кои најмногу играле видеоигри биле помалку заинтересирани за секс. Сигурно мислевте дека важи спротивното, но кој може да и противречи на науката?!rn

    „Мислам дека видеоигрите се слични на физичките вежби во овој случај. Повременото гејмање може да има корисно влијание, но кога границата помеѓу ’повременото гејмање’ и ’хроничното гејмање’ е премината, влијанието е негативно“, изјавил еден од авторите на истражувањето.

    rnЕдна од теориите тврди дека кај момците кои многу играат видео игри доживуваат се лачи поголема количина на допамин што им помага да доживеат оргазам. Се претпоставува дека кај мажите се гради одредена толеранција на таквата стимулација и возбуда. Инстинктивната реакција на влијанието на допаминот е дека се работи за нешто вообичаено како што е гејмањето.rnrnШто мислите вие на оваа тема? Се согласувате со овие откритија?rnrnВо продолжение дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот.

  • Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

    Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

    Дали сакате професионално да ја стилизирате храната или да дегустирате вина? Погледнете ги најинтересните професии кои се бараат во светот и со кои можеби и вие ќе сакате да се занимавате. Па зарем има ли некој кој не би сакал да дегустира сладоледи и за тоа да зема 60.000 долари годишно?rnrnПрофесиите од соништата постојат и тие се одлично платениrn

    1. Техничар кој ги крева работите во воздух – 150.000 долари годишно

    rnОваа личност е задолжена да ги крева во воздух сите потенцијални опасни работи и објекти кои сѐ уште не експлодирале. За да се искачат на скалата на успехот, треба да поседуваат одредени квалификации кои не е тешко да се добијат.rn

    2. Хеликоптерски пилот за далеководи – 101.000 долари годишно

    rnРаботата се состои од летање покрај далеководи и проверување на нивната исправност и функционалност со помош на камера која е прицврстена на самото летало. Природно, за оваа работа треба да имате соодветно образование, но добрата вест е што во Америка можете да добиете пилотска дозвола ако поминете 2.000 часа во воздух.rn

    3. Пилот/управувач со воздушен балон – 70.000 долари годишно

    rnМожете да летате со балон во текот на целиот ден и сѐ што ви треба е само една пилотска дозвола.rn

    4. Работа во областа на синхронизација – 80.000 долари годишно

    rnСинхронизација на реклами, анимирани филмови… Не ви се потребни никакви посебни квалификации, иако постојат курсеви за правилно акцентирање, дикција и изговор, воопшто.rn

    5. Играч на видео игри – 50.000 долари годишно

    rnНезависно дали се работи за тестирање на новите видео игри или помагање на другите играчи да стигнат до следното ниво, сѐ што ви е потребно за оваа работа е љубовта кон гејмерската индустрија.rn

    6. Автор на крстозбори – 70.000 долари годишно

    rnПравењето крстозбори за весниците на прв поглед можеби изгледа лесно, но станува збор за една навистина комплицирана работа за која е потребно многу време и трпение да ја совладате.rn

    7. Дегустатор на сладоледи – 60.000 долари годишно

    rnЛичноста која се бави со оваа работа треба да има некакво искуство во светот на кулинарството, а не само да биде љубител на сладоледи, бидејќи треба да го оцени вкусот, текстурата, мирисот и другите елементи на овој вкусен десерт.rn

    8. Дегустатор на вино – 51.000 долари годишно

    rnТреба да знаете да им препорачате на клиентите различни вина. Потребен е и курс, но и долгогодишно искуство, но потоа следат патувања и дегустација на најфините вина ширум светот.rn

    9. Стилист за храна – 77.000 долари годишно

    rnПрофесијата вклучува подготовка и стилизирање на храната за списанија и реклами. Условот е страста кон храната и креативноста, но и естетскиот пристап. Предност при вработувањето ќе имаат личностите кои имаат завршено соодветно образование или посетувале кулинарски курсеви.rn

    10. Етички хакер – 140.000 долари годишно

    rnОвој тип хакери се ангажирани од страна на владите и компаниите за да се одбранат од другите хакери. Природно, потребни ви се високо образование и искуство во ИТ секторот.rn

    11. Главен офицер за прислушување – 140.000 долари годишно

    rnДоколку ве привлекува шпионажата, тогаш не правете го тоа бесплатно. Оваа професија бара следење на социјалните мрежи и пронаоѓање податоци кога и каде се спомнуваат одредени компании кои ќе ве плаќаат. Освен личните склоности, добро би било доколку имате соодветни квалификации од областа на маркетингот и искуство со работа на социјалните медиуми.rn

    12. Инженер на трки – 134.000 долари годишно

    rnОваа личност служи како главен комуникатор помеѓу тркачките автомобили и возачите. За оваа работа ќе ви биде потребно добро познавање на математиката и физиката, поконкретно диплома од едно од овие две подрачја и докажано искуство.rn

    13. Лик од анимиран филм од Дизни – 32.000 годишно

    rnДоколку не ви е проблем да се облечете како некој лик од анимираните филмови од Дизни и да парадирате цел ден, тогаш ова е вистинската работа за вас. Потребни ви се конкретни физички предиспозиции и карактеристики, како висина и изглед, но и комуникација со децата.rn

    14. Холивудски каскадер – 100.000 долари годишно

    rnАко ова ве интересира, тогаш бидете подготвени на тепачки, бегање од експлозии и живеење во голема опасност. Но, дури и со одличната физичка издржливост, сепак мора да поминете низ обуката за каскадери.rn

    15. Дизајнер на градини во филмовите – 84.000 долари годишно

    rnДоколку ја сакате природата и имате око за уредување на зеленилото, а со тоа и поседувате уметнички таленти и основно познавање на филмот и градинарството, тогаш можете добро да заработите ако ја изберете оваа професија.

  • 9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од Фејсбук

    9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од Фејсбук

    Додека да трепнете, вашиот Фејсбук профил може да стане „прифатилиште“ за луѓе со кои веќе не комуницирате, поранешни колеги од работа и факултет кои обожаваат да објавуваат за своите „прекрасни и гламурозни“ животи, досадни познаници кои сте ги сретнале само еднаш во животот или уште полошо, никогаш не сте ги сретнале… Да бидеме реални, луѓето со кои комуницирате во дигиталниот свет можат да имаат сериозно влијание врз вашето здравје и среќа.rnrn9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од ФејсбукrnrnСледуваат неколку „пријатели“ на кои веројатно треба да им речете виртуелно до видување:rn

    1. Фалбаџијата

    rnДа, можеби беше забавно да ги разгледувате неговите фотографии од одмор и да дознаете што сѐ правел. Но, неговите постови за тоа колку неговиот живот е неверојатен ве прави да се чувствувате неспособни за да имате забава и возбудливост во вашиот живот. Избришете ги сите оние кои прават да се чувствувате виновно за нештата со кои сте благословени и оние кои ве прават да се чувствувате како супер непопуларни.rn

    2. Кавгаџијата

    rnВеќе знаете за кого станува збор: тој или таа го користи Фејсбук исклучиво како платформа за расправање. Ваквите луѓе често имаат контроверзни погледи кои резултираат со низи коментари и постови на расправии за тоа кој е во право и кој е попаметен. Политика, култура, дури и обични теми од типот што има за ручек можат да се претворат во огромна дебата. *Избриши од пријатели*rn

    3. Учесникот во реално шоу

    rnЗа него не постои зборот приватност. Освен што ја споделува целата својата интима со јавноста, често знае и да се расправа со неговиот партнер во јавна објава, па дури и да му раскине. Можеби одреден период е забавно да ја следите „драмата“, но потоа веќе станува срамно и досадно.rn

    4. Криптичниот тип кој комуницира исклучиво преку кодови и загатки

    rnШто е полошо од личноста која јавно ја објавува целата своја интима? Личноста што не открива ништо за себе. Ваквите личности секогаш споделуваат нешто само со одреден круг на луѓе и сѐ прават приватно, но на најјавниот можен начин. „Толку сум лута – не ми се верува дека некои луѓе можат да направат такво нешто… Посветено.“ Кои луѓе? Што направиле? Кога веќе кажуваш, раскажи докрај. Овие луѓе го прават ова за да привлечат внимание и вие не треба да им го давате. Избришете ги и од Фејсбук и од животот.rn

    5. Гејмерот

    rnСите ги мразиме тие досадни покани за „Candy crush“ или „Criminal case“, иако овие игри знаат да бидат доста заразни. Запрете ја целосно комуникацијата со луѓето кои не ги ни знаете којзнае колку, а ви испраќаат покани за игри. Не ви требаат. Доколку се работи за некој со кого сакате да го задржите пријателството, пак, само кажете му дека не сакате повеќе да ви испраќа покани.rn

    6. Гордиот родител

    rnПознато ви е: таткото кој не може да престане да се фали со достигнувањата на своите деца или бабата која не може да престане да објавува албуми од своите внуци. Во ред е, разбравме, си ги сакате децата и некои од фотографиите некогаш се интересни, ама мора да престанете да го преплавувате нашиот ѕид со вашата совршена фамилија!rn

    7. Критичарот

    rnТие се секогаш првите кои го критикуваат она што сте го направиле или рекле. „Тоа не е многу здраво за тебе“ – ќе напишат, кога ќе објавите фотографија од десертот кој само што сте го направиле или „Не си во право“ – кога ќе објавите нешто што ги засега моменталните случувања. Во ред е да водите дебати до некој степен и критички да размислувате, но не треба да дозволите некој да ви диктира како да го користите вашиот Фејсбук профил. Ако на некој тоа не му се допаѓа, направете му услуга и избришете го.rn

    8. Шефот

    rnНе е баш јасно зошто би ги имале вашите шефови или професори на Фејсбук (освен ако навистина не сте добри пријатели), но се препорачува да ги избришете. Дали навистина сакате да гледаат сѐ што објавувате? Ќе почнат да сфаќаат зошто сте доцнеле 10 минути на работа или на факултет наредниот ден токму поради таа фотографија од клубот од минатата вечер.rn

    9. Странецот

    rnСигурно нема да разговарате со некои од вашите Фејсбук пријатели во живо, па направете едно дигитално чистење и избришете некои од луѓето кои навистина нема да ви недостигаат. На тој начин Фејсбук ќе стане место каде можете да бидете во контакт со оние со кои навистина сакате. И, веројатно нема да им недостасувате на тие што ќе ги избришете.

  • Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпад

    Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпад

    Новиот Razer Blade е тенок само 2,24 см и релативно лесен, околу 3 кг. Но, причината поради која би го посакале е можноста за конфигурирање на OLED-копчињата на тастатурата и тачпадот, кој е воедно LCD-екран, што на гејмерите им отвора сосема нови начини за победа.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадRazer Blade се очекува да излезе во последната четвртина од оваа година, а зад него стои компанија која е препознатлива во производството на гејминг-опрема со карактеристичен дизајн.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадУлтратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпад Убавото лице на Razer Blade e прикажано преку 17-инчен екран. Во него пак, се спакувани:

    rnrn

    rn

      rn011

    • дуал-кор i7 2640M процесор на 2.8GHz
    • rn011

    • 8 GB RAM
    • rn011

    • Nvidia GeForce GT555M 2GBit графичка картичка
    • rn011

    • обичен SATA хард диск од 320 GB (наместо да би имал solid-statе драјв).
    • rn

    rn

    Со оглед на понуденото, можеби ќе се запрашате зошто лаптопот би чинел 2.800 долари. Но, препуштете му ја причината на дизајнот.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадУлтратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадМини-екраните се претставени од 10 динамички адаптибилни копчиња оетливи на допир, при што секое претставува посебен OLED-екран, кој соодветно може да се кофигурира во која било игра.Ултратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадУлтратенок гејмерски лаптоп со LCD-тачпадLCD-панелот со димензии 480 x 800 работи во два мода. Ако сакате да користите посебно глувче додека играте, наместо да се служите со тачпадот, мини екранот може да ви послужи како дополнителен дисплеј за прикажување на некои информации кои се дел од играта. Во вториот мод, малиот екран функционира како мулти-тачпад.

    rnrn

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rnrn