КАФЕ ПАУЗА

Tag: газирани пијалаци

  • Помалку познати извори на кофеин

    Помалку познати извори на кофеин

    Премногу работа и обврски, помалку време за сон и одмор, факт е дека во денешно време на многу луѓе кофеинот е она што им дава сила и истрајност. Тоа не е воопшто лошо, всушност 250 милиграми кофеин дневно, односно два до три филџани кафе, го буди мозокот, го ублажува стресот, ја подобрува концентрацијата и дури може да ви помогне да живеете подолго. Но ако се претвори во зависност и секојдневно се „предозирате“ со кофеин, може да имате несакани последици, како дехидрација, нервоза, проблеми со спиењето и варењето на храната.Помалку познати извори на кофеинДоколку пробувате да ја намалите количината на кофеин која ја внесувате, имајте предвид дека оваа состојка не ја содржат само кафето и чајот. Еве некои извори на кофеин за кои можеби не сте биле свесни:rn
    rn

    Безкофеинско кафе

    rnМожеби самото име иницира на помислата дека станува збор за кафе кое воопшто не содржи кофеин. Нека не ве лаже името, и популарните „дикаф“ кафиња содржат одредена количина кофеин, само помалку одошто другите кафиња.rn
    rn

    Чоколада

    rnПознато е дека кофеинот го има во зрната какао, така што логично е што го има и во чоколадите, но не во големи количини. Колку што е потемна чоколадата, толку повеќе кофеин содржи.Помалку познати извори на кофеинrn

    Газирани пијалаци

    rnЗнаеме дека газираните сокови кои содржат кола, како популарната Кола-кола, содржат кофеин. Но не само тие, речиси сите газирани напитоци содржат кофеин, без разлика дали станува збор за обични или за диетални сокови. Дури и многу пива како состојка го имаат кофеинот.rn
    rn

    Сладолед

    rnМногу компании нудат сладолед со вкус на кафе кој содржи околу 30 до 45 милиграми кофеин во половина филџан, што би било речиси иста количина колку што содржи и една лименка Кока-кола. Како и да е, останатите вкусови на сладолед, како на пример чоколадниот, содржат многу помала количина кофеин.`rn
    rn

    Таблети за намалување тежина

    rnИ покрај тоа што кофеинот не ја игра најголемата улога во намалувањето тежина, речиси сите таблети за оваа намена содржат многу кофеин. На пример, 1.223 милиграми апчиња од ваков вид се изедначуваат со 12 филџани кафе.Помалку познати извори на кофеинrn

    Пилули против болки

    rnМала количина кофеин помага при главоболка, но преголема количина може да ја создаде. Речиси сите пилули против болки содржат кофеин, а со земање поголема количина од препорачаната добивате контраефект.rn
    rn

    Енергетски пијалаци

    rnСè почесто е производството на новиот тренд енергетска вода. Едно шише содржи речиси исто кофеин колку една шолја кафе. Исто така, енергетските пијалаци, алкохолни или безалкохолни, содржат кофеин. Еден енергетски пијалак е повлечен од продажба откако се открило дека една лименка содржи исто кофеин колку што содржат шест лименки Кока-кола.rnrnКофеинот исто така го има и во многу освежувачи на здив, семките од сончоглед, како и во инстант овесните снегулки. Покрај во прехрамбените производи, кофеинот многу често е главна состојка на производите за нега и убавина.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

    Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

    Јадењето јаболко ги оштетува забите четири пати повеќе во однос на газираните пијалаци, велат резултатите од новото истражување. Виното и светлото пиво исто така го зголемуваат ризикот од оштетување на забите, а грејпфрутот кој го консумираме многу поретко, не ги оштетува.rnrnЈаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалациrnrnПрофесорот Дејвид Барлет, кој е раководител на стоматолошкиот институт на колеџот „Кинг“ во Лондон и предводник на ова истражување, смета дека не станува збор само за тоа што јадеме, туку како го јадеме. Пијалаците кои имаат ерозивно дејство, особено Кока-колата, не покажале дека се ризични за вашите заби.rn

    „Докторите постојано велат дека јадењето јаболка е многу здраво, но ако ги јадете бавно, високата киселост која ја содржат, може да ви ги нагризе забите. Газираните пијалаци, како Кока-кола, не покажаа негативни резултати за забите. Резултатите потенцираат дека треба да се внимава со консумирањето храна и пијалаци кои содржат висока киселост, а не со газираните пијалаци.“

    rnВо студијата, во која учествувале повеќе од 1.000 мажи и жени на возраст од 18 до 30 години, истражувачите ја испитувале поврзаноста помеѓу оштетеноста на глеѓта до длабочина од 2 мм и внатрешната структура на забите со храната која ја консумирале учесниците.rnrnКај луѓето кои јаделе јаболка имало за 3,7 пати поголема веројатност за оштетување на забите, додека кај оние кои пиеле газирани пијалаци, немало таква опасност.rnrnКонсумирањето овошен сок ја зголемува за четири пати веројатноста за оштетување на забната глеѓ околу врвот на забите, близу коренот, а светлото пиво, кое е исто така кисело, ги зголемува шансите за забно оштетување за три пати.rnrnД-р Гленис Џоунс вели дека никој не треба да се обесхрабри од овие резултати и да престане да консумира овошје или овошни сокови. Таа сугерира да јадете јаболко во комбинација со млеко или парче сирење, бидејќи двете содржат калциум, кој ја неутрализира јаболковата киселина. Пиењето вода веднаш после грицкањето јаболко, е исто така од помош, бидејќи на тој начин „ќе се измијат“ штетните ефекти. Пиењето сок со цевка е уште еден начин за заштита на вашите заби, додава таа. Миењето заби пред да јадете храна која содржи киселини, исто така може да помогне, бидејќи обезбедува бариера помеѓу храната и забите.