КАФЕ ПАУЗА

Tag: галерии

  • 10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

    10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

    Уметноста е моќна алатка која ги инспирира луѓето на дневна база и нѐ потсетува колку навистина светот е убав и разновиден. За жал, често немаме доволно пари или време да ги посетуваме музеите ширум светот и да уживаме во уметничките ремек-дела од минатите векови. Но, за среќа постои едно решение кое без сомнение ќе ви се допадне. Неверојатниот проект „Google Art“ ни нуди виртуелни тури низ најзначајните светски музеи. Па, ајде да започнеме со најинтересните.rn

    1. Музејот на модерна уметност во Њујорк

    rn10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот домrnrnОвој познат музеј е еден од најпосетените во светот. Но без разлика на името, во него не се изложени само современи уметнички дела. Највредните дела во колекцијата ги вклучуваат „Ѕвездена ноќ“ од Винсент ван Гог и „Надеж II“ на Густав Климт. Виртуелната тура ни овозможува и детално разгледување на невообичаените изложби кои вклучуваат оригинални костими, фотографии, постери, скулптури и многу други дела.rn

    2. Националната Галерија во Лондон

    rn10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот домrnrnОвде лесно можете да го поминете целиот ден без воопшто да ви стане досадно. Светски познатата колекција во музејот опфаќа уметнички дела од 13-от до 20-от век. „Мадона на карпите“ од Леонардо да Винчи и „Венера и Марс“ од Сандро Ботичели се само дел од најзначајните слики изложени овде.rn

    3. Старата национална галерија во Берлин

    rn10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот домrnrnОвој германски музеј е дом на голема колекција дела од 19-от век, која ги покрива сите главни стилови, вклучувајќи го класицизмот, романтизмот, импресионизмот и раниот модернизам. Особено вредни за споменување се следните дела: „Во конзерваториумот“ од Едуард Мане, „Бранот“ од Густав Курбе и „Монах покрај морето“ од Гаспар Дејвид Фридрих. Можете да направите виртуелна тура низ сите соби од музејот, а интересно е што на некои од изложените дела им недостасува потпис.rn

    4. Версај

    rn10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот домrnrnБлагородничката висока класа е очигледна насекаде низ овој музеј. Со виртуелната тура не само што ќе имате шанса да уживате во славните слики, меѓу кои се и „Смртта на Марат“ од Жак-Луј Давид, „Ребека и Елизе“ од Паоло Веронезе и „Херкул и Телефус“ од Жан-Баптист Жувене, туку исто така ќе имате можност да видите и како се менувала една од најлуксузните палати во светот низ вековите.rn

    5. Државната галерија Третјаков

    rn10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот домrnrnВљубениците во уметноста овде ќе ја најдат најголемата колекција дела која е посветена на руските уметници. Меѓу позначајните дела се „Црното море“ од Иван Ајвазовски, „Смарагден ѓердан“ од Виктор Борисов-Мусатов, „Девојката со праските“ од Валентин Серов и „Дамата во сино“ од Константин Сомов.rnrn

  • Музејот на Викторија и Алберт

    Музејот на Викторија и Алберт

    Автор: Симона РистоскаrnrnПознат и под името „V&A“, музејот се наоѓа во областа Бромптон, Лондон и претставува најголемиот музеј во светот за декоративна уметност и дизајн, со постојана колекција од 4,5 милиони предмети. Именуван е по принцот Алберт и кралицата Викторија, а основан е во 1852 година. Оттогаш до денеска се формирани вкупно 145 галерии како дел од музејот. Музејот на Викторија и АлбертКолекциите опфаќаат уметност од последниве 5 милениуми, од античките времиња до денес, а можат да се сретнат културите на Европа, Северна Америка, Азија и Северна Африка. Во него можат да се видат предмети од керамика, стакло, текстил, сребро, разни носии, накит, мебел, скулптури, цртежи, фотографии, и буквално сè што не би можеле да го видите ниту на едно друго место.Музејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Во 2006 година музејот го посетиле 2,37 милиони луѓе, што е највисока бројка на посетители до сега.
    • rn011

    • Музејот всушност ги вклучува Националната библиотека на уметноста, Музејот на детството и театарската колекција (национална колекција поврзана со Британската театарска сцена).
    • rn011

    • Од 2008 година отворена е изложбата „Олимписки постери“ токму во периодот на започнување на Олимписките игри во Пекинг, а истата ќе биде достапна за посетителите сè до Олимписките игри во Лондон, кои ќе се одржуваат оваа година. Како дел од изложбата, вклучен е и Олимпискиот факел од игрите во 1948 одржани исто така, во Лондон.
    • rn011

    • Преку 1.500 тетовирани луѓе го посетиле музејот во 2000 година, на првиот „V&A ден на рекорди“ за да бидат фотографирани за дигиталната архива на тетоважи.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Музејот на Викторија и Алберт има долгогодишна соработка со Кралскиот колеџ на уметност, со што обезбедуваат постдипломски студии за историја на дизајн.
    • rn011

    • За да се осигури дека колекциите се чуваат во оптимални услови, 800 мали радио предаватели се позиционирани низ музејот за мерење на температура и релативна влажност на секои три минути.
    • rn011

    • Првиот директор Сер Хенри Кол, во 1857 година го опишал музејот како „засолниште за сиромашни колекции“ , а дури век подоцна, Сер Рој Стронг го нарекол „екстремно просторна чанта“.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Ова бил првиот музеј во светот кој отворил јавен ресторан. Менијата биле поделени за посетители од прва и од втора класа, но постоеле и менија за третата класа, односно за работниците кои работеле на зградата на музејот и за обичната скромна работничка класа која сакала да го посети.
    • rn011

    • Исто така, овој музеј е првиот во светот кој користел светилки на гас за осветлување на галериите во вечерните отворања.
    • rn011

    • Музејот поседува приближно 17. 500 скулптури и 10.500 слики, што е повеќе отколку што поседува Националната галерија на Велика Британија.
    • rn011

    • Тигарот на Типу (Tippoo’s Tiger) долго време бил еден од најпопуларните предмети изложени во музејот. Дрвениот модел на тигар кој напаѓа војник бил направен за Султанот Типу, владетелот на Мајсор во Индија во 70-тите.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Најмалиот објект кој се наоѓа во Музејот на Викторија и Алберт, е всушност колекција од стаклени тегови кои служеле за мерење на монети. Тие датираат од периодот помеѓу осмиот до десетиот век. Биле најдени во Египет, на нив има арапски написи, а некои од нив се помали од 1 сантиметар во дијаметар.
    • rn011

    • Како дел од колекциите е и познатата копија на првата комерцијално направена божиќна честитка, којашто била креирана од страна на првиот директор Сер Хенри Кол, во 1843 година.
    • rn011

    • Во сопственост на музејот е и „Големиот Кревет од Вер“, кој е најпознатиот кревет во Велика Британија.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Кралицата Викторија била шокирана од голотијата на добро познатата скулптура на Микеланџело, Давид, чија копија била изработена од гипс за музејот во реална големина. Било наредено да се изработи, соодветно на пропорциите, а смоквиниот лист го прицврстувале со куки секогаш кога доаѓале достоинственици да ја посетат скулптурата. Денес, смоквиниот лист не се наоѓа на скулптурата, туку во кутија во нејзина близина.
    • rn011

    • Првиот модел кој некогаш дизајнирал сопствена линија на облека е Твиги, а токму музејот поседува мини фустан од „Твиги“ колекцијата која ја дизајнирала во 60тите.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертГолем дел од експонатите се опфатени и во ова видео.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук