КАФЕ ПАУЗА

Tag: фустан

  • Ден од животот на една манекенка

    Ден од животот на една манекенка

    Позната е париската модна недела која се одржува секои шест месеци во срцето на Франција, во главниот град Париз. Таа е дел од четирите најпознати модни недели заедно со оние кои се одржуваат во Лондон, Милано и Њујорк. Париската модна недела е гламурозна за гостите и гледачите, но за многуте манекенки кои треба да ја презентираат облеката што ја носат најдобро што можат, модната недела е задоволство и стрес во исто време.Ден од животот на една манекенкаЗапознајте ја Џули Санер. Таа е 18 годишна девојка, родена во Швајцарија. Оваа манекенка ја застапува познатата модна агенција Elite Model. Погледнете како изгледа еден нејзин ден токму за време на модната недела во Париз.Ден од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенка

    rnrnrn

    Ден од животот на една манекенка
    Џули носи фустан на Elie Saab, колекција пролет/лето 2011
    rnrnДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенка

  • 10 модни совети од Коко Шанел

    10 модни совети од Коко Шанел

    „Модата избледува, само стилот останува ист.“

    rnОва се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.rnrn10 модни совети од Коко ШанелrnrnЕве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:rn
    rn

    „Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“

    rnИ дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.rn
    rn

    „Пантолоните ги ослободуваат жените.“

    rnКоко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“

    rnКоко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.rn
    rn

    „Обожавајте ги кратките црни фустани.“

    rnТаа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.rn
    rn

    „Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“

    rnВо раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Јакните треба да се меки.“

    rnВо 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.rn
    rn

    „Колку повеќе додатоци, толку подобро.“

    rnКоко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.rn
    rn

    „Стилските чевли може да се во две бои.“

    rnШанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.rn
    rn

    „Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“

    rnЦрното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.rnrn10 модни совети од Коко Шанел
    rn

    „Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“

    rnЖена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Носи го она што го јадеш

    Носи го она што го јадеш

    Младата корејска уметница Sung Yeon Ju е дизајнерот на овие фустани направени од свежи овошја, зеленчуци и други јадења. Креациите се дел од нејзината серија „Wearable Foods“ (Храна што може да се носи), која ја започнала пред две години. Концептот на серијата е креирање слики кои се размена на моменталната и на измислена реалност на повеќе нивоа.rnrnНејзините фотографии се репрезентација на две човекови потреби, потребата за јадење и онаа за облекување, што како производ го дава токму спротивното од она што го наговестува името на серијата – облека која всушност не може да се носи заради нејзината неможност да остане трајна.rnrn

    Носи го она што го јадеш
    Фустан од банани
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од дајкон
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од зимски печурки
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од млад кромид
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од зимски печурки 2
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од корен од лотус
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од домати
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Кошула од мастики
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од мастики
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од модри патлиџани
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од црвена зелка
    rnrn
    Носи го она што го јадеш
    Фустан од пилешко месо
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Долгорочно – до Нова година

    Долгорочно – до Нова година

    Гостински пост: Високо ЦrnrnНедела е ден кога обично моите преморени мозочни вијуги бегаат од реалноста и процесираат беспотребни и небитни информации од типот: слонот не може да скокне, на пример. Сепак, денес не е таков ден.Долгорочно - до Нова ГодинаНоздрите ми ги дразни мирис на чад, а погледот ми завршува врз мајка ми која меша ајвар во дворот. Пикантно лут. Ах тој ајвар. Со лепче и сиренце. Вечен непријател на мојот стомак.rnrnСи мислам, ќе морам малку повеќе да запнам на аеробик утре. Колку калории треба да потрошам всушност?rnrnОк. Не дека сакам да се ставам себеси во категоријата на луѓе кои бројат калории (тоа се оние кои во супермаркетите секогаш ги вртат и превртуваат производите барајќи го делот Nutrition facts), ама си велам, дај барем еднаш да ги послушам бесплатните докторски совети кои велат дека одржувањето, односно намалувањето на килограмите до посакуваната идеална тежина ќе биде успешно само ако покажете долгорочна посветеност во режимот на исхрана и вежбањето.rnrnАко е тоа така, да речеме дека сакам да изгледам „најтоп“ за новогодишната вечер. 3 месеци од денес. „Најтоп“ би значело да намалам 5 килограми. Со  режим на исхрана од 1800 калории на ден, аеробик 3 пати неделно би требало да успеам да влезам во омилениот ми цветен фустан (кој е пак во мода оваа есен). Значи, 3 оброци по 500 калории и две ужини по 150. Продолжено еспресо има само 1 калорија. Кафе со млеко и малку шеќер – 80. Ок. Изводливо.rnrnСамо, нешто се мислам. Што со сите останати кои не можат да најдат време за вежбање поради брзото темпо на 21-от век, децата, сопругот, домот?rnrnИ иако пред некој ден прочитав дека интернетот не прави (извинете!) глупави, морав да побарам решение. Овој пат имав поголема среќа. Очигледно не сум првата која помислила на овој проблем. Значи вака.rnrnЗа еден час активност:rn

      rn011

    • чистење по дома = 210 потрошени калории
    • rn011

    • пеглање или миење садови или пазарување за дома = по 160 потрошени калории
    • rn011

    • подготвување ручек = 140 калории
    • rn011

    • гледање телевизија, читање книга и опуштање = 70 калории
    • rn

    rnВо основа, потрошените калории од еден час аеробик, се исто како и збирот на потрошени калории при активности низ домот. Единствената разлика е можеби во потрошеното време и мускулатурата, но тоа не ми делува битно кога си во прекрасен фустан, со нова фризура и шминка.rnrnЗначи мои драги дами, поставете цел. Во наредните 3 месеци посветете си себеси барем еден час дневно (140 потрошени калории), почнете да вежбате или едноставно придржувајте се до оној режим на исхрана кој вам ви одговара. Едно е сигурно. Ќе се чувствувате позадоволно, поубаво, посреќно и поздраво.rnrnОвој еден час пишувајќи ви, јас потрошив 100 калории. Сега одам да ги вратам назад. Ме чека моето омилено кафе со цимет.rnrnДо следното читање, останете ми во добро расположение.rnrnВисоко Ц

  • 8 необјавени факти за фустанот од месо на Лејди Гага

    8 необјавени факти за фустанот од месо на Лејди Гага

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnНекои ја критикуваа, други и се восхитуваа. Секако, таа повторно го привлече вниманието на јавноста и ги натера медиумите да смислуваат креативни наслови во обид да го изразат впечатокот од спектакуларното појавување на пејачката на доделувањето на МТВ видео наградите. Поминаа 10 дена, медиумската атмосфера стивна, но некои прашања и понатаму остануваат отворени.8 необјавени факти за фустанот од месо на Лејди ГагаБез разлика дали сте се запрашале или не, ова се 8 факти во врска со фустанот од месо на Лејди Гага кои даваат одговор на неколку логични прашања:rnrn

      rn011

    • Фустанот е направен од 100% вистинско месо. Месото е купено од месарница во Лос Анџелес.
    • rn011

    • Тоа има добар мирис.
    • rn011

    • Фустанот е со тежина од 22 кг.
    • rn011

    • Месото е купено евтино.
    • rn011

    • Фустанот е комотен за носење.
    • rn011

    • Месото е 100% природно. Не се додавани никакви конзерванси.
    • rn011

    • Не остава крвави траги.
    • rn011

    • Месото од фустанот со тек на време ќе се претвори во пушено месо.
    • rn

    rn