КАФЕ ПАУЗА

Tag: фустан

  • Блеснете на вашата матурска прослава

    Блеснете на вашата матурска прослава

    Автор: Ели РадескаrnrnМатурите се ближат, а возбудата кај матурантите сè повеќе расте. Без паника доколку сè уште немате одбрано фустан, фризура или шминка. Имате време да блеснете со сиот свој сјај.Блеснете на вашата матурска прославаrn

    1. Шминка и фризура – кој изглед најмногу би ви прилегал вам?

    rnПриродно и женственоrnrnДоколку имате долга коса, соберете ја во мазна и совршена плетенка за да не изгледа секојдневно. Плетенката може да биде обична, извртена или рибина плетенка. Погледнете како Блејк Лaјвли го изведе тоа на црвениот тепих.Блеснете на вашата матурска прославаКако надополнување на овој изглед, одберете бронзени перли за лице и кармин во светло црвена нијанса.rnrnРомантичен изгледrnrnАко одбирате нежен и романтичен изглед, послужете се со розова нијанса на руменило и сјај за усни во боја на праска или розов. За да постигнете романтичен мејкап изглед, имате две опции за шминка на очите: комбинација од кафена сенка за очи и сенка во боја на шампањ и бронзено моливче за очи, или пак, бела или розова светкава сенка како основа и сива или сина сенка за очи.Блеснете на вашата матурска прославаКоса собрана во обична или растурена пунџа совршено би одговарала на вашиот романтичен изглед. Секогаш е добредојден интересен детаљ за вашата коса.Блеснете на вашата матурска прославаrnrnРетро изгледrnrnЦрвено руменило, туш за очи и жешко црвена нијанса на кармин – оваа комбинација вели: „Забележете ме!“ Може да одберете кафена или сива сенка за очи.Блеснете на вашата матурска прославаЗа вашиот ретро изглед да биде совршен, косата извиткајте ја и соберете ја на една страна.Блеснете на вашата матурска прославаrnrnСкриен гламурrnrnИзглед со кој нема да ви тежи еден тон шминка на лицето. На прв поглед ќе изгледате природно, а сепак гламурозно. Искомбинирајте сива и кафена нијанса на сенки за очи, кармин со нежна розова боја или проѕирен сјај за усни.Блеснете на вашата матурска прославаКосата извиткајте ја во брановити кадрици, подигнати и пуштени, или собрани на една страна.rnrnНежно и женственоrnrnДоколку имате кратка коса до раменици, извиткајте локни на краевите. Овој изглед најмногу одговара на девојки со костенлива или црвена боја на коса. Нанесете црвено руменило, нијанса на црвена и кафена сенка за очи и сјај за усни во боја на праска.Блеснете на вашата матурска прославаrnrnИзглед „Nude“rnrnЗа нежните девојки со светол тен кои не обожуваат премногу шминка… Во ред е, никаде не пишува дека за вашата матура мора да сте премногу нашминкани. Одберете ја таканаречената „гола шминка“, розови или крем сенки за очи, тенок слој туш за очи или црно моливче, еден слој маскара и проѕирен сјај за усни.Блеснете на вашата матурска прославаrnrn„Мини“ зачаденоrnrnОва е интригантен изглед кој на прв поглед изгледа едноставно. Нанесете кафена сенка за очи, сино моливче со благ ефект на „зачаденост“, црвен кармин врз кој ќе нанесете бронзен сјај за усни. Косата извиткајте ја во локни и соберете ја за да добиете брановита пунџа.Блеснете на вашата матурска прославаrnrnИнтензивна шминкаrnrnКога станува збор за интензивна шминка, секогаш е добредојден изгледот „Зачадени очи“. Но, она што секогаш изгледа женствено и привлечно се и „мачкините очи“, а трикот во оваа шминка е внимателно исцртување на очите со црно моливче и благо размачкување на краевите.Блеснете на вашата матурска прославаrn

    Дополнителни идеи за фризура

    rnКратка коса, коса со должина до раменициБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаrnrnДолга виткана или права косаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаrnrnКоса собрана во пунџаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаДоколку одлучите да се шминкате сами, послужете се со нашите мејкап трикови, и секако, осигурајте се дека вашата шминка ќе трае долго.rn
    rn

    2. Матурски фустани

    rnНе заборавајте, фустанот треба да се прилагоди на вас, а не вие на фустанот, затоа одберете го вистинскиот модел за вас.rnrnКратки фустаниБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаrnrnДолги фустаниБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прославаБлеснете на вашата матурска прослава
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња

    Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnОд илјадници фустани носени на доделувањето на наградите на американската академија за филмска уметност и наука – светски популарните Оскари, не е лесно да се одвојат неколку кои се „врв на врвот“. Неколку дена пред официјалниот почеток на 84-тото издание на Оскарите, магазинот „Гламур“ излезе со своја листа на величествени оскаровски креации носени низ текот на годините. Некои ќе ги познаете, со некои првпат ќе се сретнете, некои ќе ве воодушеват, некои можеби ќе ве остават рамнодушни. Еве ја листата од 20 најдобри оскаровски фустани на сите времиња:rnrn

    1. Гвинет Палтроу во златна креација на Келвин Клајн, 2011

    rnЗлатен како и самата статуетка, макси фустанот на Гвинет Палтроу од колекцијата „Плашт“ (sheath) на Келвин Клајн е креација со лесен, минималистички, а сепак формален изглед за вечерен фустан кој одлично ја надополнува витката силуета на Гвинет и нејзината златно-руса коса.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    2. Црно-белиот фустан од Валентино на Џулија Робертс, 2000

    rnНе може ни да се изговори зборот Оскар без да се помисли на црно-белиот фустан од Валентино што го носеше Џулија Робертс кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога, толкувајќи ја Ерин Брокович, во 2000-та година. Нејзиниот високогламурозен изглед нè потсетува дека понекогаш едноставноста е најдобар избор.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    3. Грејс Кели во син фустан на Едит Хед, 1955

    rnМожеби не ви е позната Едит Хед, модниот гуру на стариот Холивуд, која со своите осум победи во категоријата Оскар за костимографија, освои повеќе награди на Академијата, од која било жена во историјата на Оскарите, но дефинитивно сте ја виделе нејзината работа. Помислете на „Прозорец во дворот“ (Rear Window), „Сабрина“ (Sabrina) и „Да се фати крадец“, (To Catch a Thief) и на овој ледено син фустан како за принцеза што го носеше Грејс Кели кога го доби нејзиниот Оскар за најдобра главна женска улога во филмот „Девојка од село“ (Country Girl). Овој едноставен фустан, кој  чинел 4.000 долари за да се направи, наводно го прави најскапиот фустан во историјата на Оскарите, до 1955-та.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    4. Хали Бери во црвен фустан на Ели Сааб, 2002

    rnДо времето кога Хали Бери ја напиша историјата на наградите од Академијата во 2002 година, примајќи го Оскарот за главна женска улога како прва жена со Афро-американско потекло, таа веќе ги освои срцата на сите на црвениот тепих неколку часа претходно. Појавувајќи се во креација на Ели Сааб во боја на вино, комплетирана со стратешки поставени цветни апликации, Бери му соопшти на светот што го следеше преносот дека таа е тука да го преземе шоуто.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    5. Марион Котиијар во фустан на Готје во боја на слонова коска, 2008

    rnФустанот со мотиви на школка во боја на слонова коска што Марион го носеше кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога во 2008-та, ги подели модните љубители на два табора: оние кои паднаа во несвест и оние кои ги збрчкаа носевите. Нам ни се допаѓа овој сладок изглед, особено начинот на кој го нагласува женското тело со мало намигнување. А покрај тоа, секоја жена којашто може успешно да го износи изгледот на сирена, сигурно ја заслужува титулата за најдобро облечена.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrnrn

  • Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

    Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

    1. За нејзиниот, за жал, многу краток животен век, Мерлин Монро сменила многу имиња. Крстена е како Норма Џин Бејкер, но во нејзиниот извод стоело името Норма Џин Мортенсон. Подоцна, кога се омажила за Џејмс Доерти, станала г-ѓа Норма Џин Доерти. Иако за јавноста станала позната како Мерлин Монро, уште во 1946 година, таа не го сменила нејзиното име и на хартија сѐ до 1956 година. Подоцна, кога му станала жена на Артур Милер, сакала да ја нарекуваат Мерлин Монро Милер, па така во тој период доста популарни станале нејзините иницијали М.М.М.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn2. Во декември, 1953 година се појавила на насловната страница на првиот број на Плејбој. Во магазинот имало и друга фотографија од Мерлин, на која таа била гола, за што ѝ биле исплатени 50 долари. Инаку после нејзината смрт, Хју Хефнер, креаторот на овој магазин, платил 85.654 американски долари за да резервира гробница веднаш до нејзината.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn3. Првиот чекор кон популарноста го направила кога се фотографирала за Дејвид Коновер во 1944 година, кој фотографирал убави девојки што позирале за поддршка на воените напори во тој период.  Во тоа време Мерлин работела во фабрика за муниција, но добро се вклопила во работата како фотомодел. За оваа нејзина прва работа како модел, била платена 5 долари.rnrn4. Иако се смета дека во текот на својата актерска кариера снимила точно 30 филмови, сепак никогаш не го завршила нејзиниот последен филм „Something’s Got to Give“. Била отпуштена поради тоа што летото пред нејзината смрт не се појавувала на снимањата, а најголемата иронија е што режисерите всушност повторно ја ангажирале само неколку дена пред да ја пронајдат мртва во нејзиниот дом.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn5. Мерлин никогаш не го запознала нејзиниот вистински татко.rnrn6. Депресијата очигледно била наследна во нејзиното семејство – вујкото и дедото на Мерлин исто така извршиле самоубиство.rnrn7. Првпат се омажила на 16 години за веќе споменатиот Џејмс Доерти, со цел да го избегне постојаното селење од еден дом за сирачиња во друг. Се развеле по нецели 4 години брак. Таа никогаш не успеала да заврши средно училиште.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn8. Параноично се плашела за убавината на нејзината кожа, поради што го миела лицето и по 15 пати на ден.rnrn9. Фустанот кој го носела за популарниот настап на роденденот на претседателот Кенеди бил толку тесен, што морал да се шие на неа. Мерлин не носела ништо под фустанот. Подоцна во 1999 година бил продаден на аукција за 1,26 милиони долари и станал најскапото продадено парче облека дотогаш.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn10. Кога Принцот Рение III од Монако барал жена, Монро била дел од потенцијалните избранички. На крајот Принцот ја избрал Грејс Кели.rnrn11. Според Норман Мејлер, човекот кој ја пишувал биографијата за Мерлин, ѕвездата имала најмалку 12 абортуси до 29-тата година. Но не постојат медицински документи кои би го потврдиле тоа.rnrn12. Во добро познатиот филм од 1959 година, „Some Like it Hot“, Мерлин дури 47 пати ја повторила сцената за да ја каже реченицата „It’s me, sugar“ правилно. Постојано ја грешела фразата со „Sugar, It’s me“ и „It’s Sugar, me“, па на крајот режисерот морал да ѝ ја запише на табла.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn13. Ги кратела потпетиците од нејзините чевли за да го доведе до совршенство начинот на кој одела. Подоцна елегантното и провокативно движење на колковите станало нејзин заштитен знак.rnrn14. Иако за многумина била само убаво лице, таа била и умствено богата. Поседувала преку 200 книги, ги читала Толстој и Витман, често го слушала Бетовен и одела на часови по литература.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn15. Мерлин имала мал ритуал при капење. Нејзиниот масер честопати ѝ подготвувал када со мраз, во која таа секогаш додавала неколку капки Шанел 5, нејзиниот омилен парфем.rnrn16. Повеќето луѓе сметале дека Мерлин имала облини, но реално таа била прилично ситна и добро градена жена. Тежела 52 кг, а била висока 165 см. Нејзината тежина варирала, но нејзините пропорции најчесто биле 91-60-86 или 96-58-91 за гради-струк-бутини, што се речиси идеални пропорции за кои повеќето жени можат само да сонуваат.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn17. Френк Синатра ѝ подарил бела француска пудла која ја нарекле Маф. За многумина тоа е уште еден показател кој го поврзува Синатра со мафијата.rnrn18. Монро ја има на американска поштенска марка од 1995 година.rnrnФакти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаелеrnrn19. Првиот пат кога давала автограм како Мерлин Монро, не знаела да си го спелува името.rnrn20. Пробала 9 различни нијанси на руса коса. На крајот се решила за нејзината легендарна платинеста боја. Инаку, кога не работела, преферирала на себе да носи само бањарка, а понекогаш и бикини.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го сокриете вишокот килограми?

    Како да го сокриете вишокот килограми?

    Оние екстра килограми кои сте ги добиле за време на празниците или сте ги имале претходно, се најтешки за елиминирање. Но, наместо да чекате подолг период за да се ослободите од нив, стилистите ви откриваат неколку трикови како веднаш да ги прикриете критичните делови.rn

    Тон скапоцени камења

    rnОдвлечете го погледот од половината и фокусирајте го околу вратот со помош на масивен накит како индивидуален додаток или пак како дел од фустанот. Така не само што ќе го прикриете критичниот дел, туку и ќе го разубавите деколтето.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Сјајни чевли

    rnИграјте си со додатоците, но фокусирајте се и на вашите стапала. Носете високи сјајни потпетици со боја идентична на вашата кожа. Тие ќе ви додадат екстра висина и ќе ја издолжат вашата силуета.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Дефинирање на моментот

    rnРетро фустаните во А-линија нудат јасно дефинирана половина. Ако вашиот проблематичен дел се колковите, овие фустани се одличен избор затоа што го оддалечуваат погледот од нив, а го фокусираат кон половината.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Секојдневно и кул

    rnУдобните алишта се исто така одлични за сокривање на килограмите. Тесните фармерки комбинирани со блескава јакна ќе го одвлечат вниманието од вашата половина. Стратегијата ќе биде поуспешна ако додадете и чанта со должина до колковите.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Големото откривање

    rnФустан со долги ракави со должина до земјата, е исто така одличен избор посебно ако на него има отсечени делови на сигурните зони. Со откривањето на сигурните зони, истовремено се прикриваат проблематичните делови од телото.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Чиста убавина

    rnЦрните хулахопки се доволно транспарентни за да биадт секси, а сепак да имаат ефект на послаби нозе и колкови.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Убаво царство

    rnКласичен кралски модел, кој ја дефинира половината и ги открива рамењата, одлично ги сокрива недостатоците кај секое пониско тело.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Разголено рамо

    rnФокусирајте ги туѓите погледи на горниот дел од вашето тело. Тоа можете да го постигнете со помош на несиметрично деколте, кое истовремено ќе ги истакне и рамењата.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?rn

    Широк капут

    rnШирокиот капут или џемпер може да сокрие голем дел од недостатоците. Најдобро е ова парче облека да се комбинира со високи чизми.rnrnКако да го сокриете вишокот килограми?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

    Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

    Автор: Вера МартиноскаrnrnАко треба да присуствувате на некоја свечена прослава, свадба, вечерна забава, опера, театар, дипломска забава, а не знаете што да носите, не грижете се. Пронаоѓањето на вистинскиот фустан е само прашање на одвоено време и малку напор.rnrnКако да го изберете вистинскиот коктел-фустан?rn

    1. Изберете боја и материјал

    rnПрвиот чекор за избирање коктел-фустан е да одлучите која боја сакате да биде – црвена, бела, црна, златна, зелена, сина, како и материјалот. Најчестите ткаенини се свила, сатен и шифон. Овие две работи одат заедно. Многу е полесно кога знаете дека сакате син сатенски или зелен шифонски фустан отколку да ги пребарувате сите сини, зелени, сатенски и шифонски фустани додека да го пронајдете тоа што го сакате. Ако веќе се замисливте во смело црвена или светкаво сина боја, бидете сигурни дека ќе останете запаметени, затоа што ќе изгледате извонредно, но помислете повторно, ако сакате почесто да го носите фустанот. Во тој случај, сепак одберете поосновна боја. Со различни додатоци, можете сосем да го смените изгледот на фустанот и да го носите во повеќе прилики, без некој да забележи дека се работи за истиот.rnrnКако да го изберете вистинскиот коктел-фустан?rn

    2. Одлучете се за вистинската должина

    rnДолжината на коктел-фустанот може да варира од глуждовите до колената, така што можете да ја изберете која било должина, во зависност од тоа во што ви е удобно и што сметате дека ви прилега. Ако не можете да одлучите, пробајте неколку различни должини за да видите што ви стои најдобро. Исто така, секогаш може да ги искористите здолништата кои веќе ги поседувате како репер за должината во која изгледате најдобро и се чувствувате најпријатно.rnrnКако да го изберете вистинскиот коктел-фустан?rn

    3. Одредете ја формата на вашето тело

    rnОдредувајќи го типот на фигура што го имате, полесно ќе најдете фустан кој ќе ги нагласи вашите атрибути, а ќе ги скрие недостатоците. Познати се 5 главни женски форми на тело:rn

      rn011

    • круша: мали гради, долго торзо, колкови и бутови поголеми од струкот и градите
    • rn011

    • песочен часовник: мал струк со гради и колкови поголеми од струкот
    • rn011

    • права: позната и како момчешка градба, со малку видливи облини
    • rn011

    • кружна: големи струк и гради, а може да имаат потенки нозе
    • rn011

    • превртен триаголник: широки рамена со тесни колкови и струк
    • rn

    rnОдберете форма на фустан која најдобро ќе одговара со вашата фигура и нагласете ги градите со стил.rnrnКако да го изберете вистинскиот коктел-фустан?rnrn

    4. Пронајдете ги вистинските додатоци

    rnМоже да одберете кои било од додатоците кои ви се допаѓаат, како на пример: дијаманти, бисери, аметист, сафири, златен или сребрен накит. Ѓерданите ќе ги нагласат вашите гради, додека обетките ќе привлечат внимание на вашето лице. Што се однесува до чевлите, одберете свечени, со високи потпетици или украсени рамни чевли.rnrnСекогаш носете симпатична плик-чанта или пак мала рачна чантичка. Запомнете дека големите чанти, односно торби за на рамо, во никој случај не би одговарале на краткиот коктел-фустан. За комплетен изглед додадете шал, стилизирано палто, брош или украсна лента за коса. Со овие финални детали, ќе имате целосен изглед и ќе блеснете на забавата во вашиот внимателно одбран коктел-фустан.rnrnКако да го изберете вистинскиот коктел-фустан?Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    Автор: Ана АнгеловаrnrnЗапочна новогодишната еуфорија низ градовите. Како и секоја година во овој период, жените, а посебно младите девојки најмногу обрнуваат внимание на облеката што ќе ја носат на новогодишната ноќ. Тоа е нешто посебно што треба внимателно да се одбере. Секако, секоја девојка посакува да биде најубава, па еве 10 предлози коишто би можеле да ви помогнат во изборот на облеката.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    1. Светкав фустан

    rnТренд којшто почнува да ги освојува модните писти и светските метрополи на модата. Светкавиот фустан кој на него има безброј мали светкави парченца е совршен за новогодишната ноќ. Во него не само што ќе бидете шик и тотално модерни, туку и ќе бидете во центарот на вниманието.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    2. Мини здолниште со карнери и топ маичка

    rnСовршена комбинација за оние коишто сакаат да бидат модерни и истовремено да се чувствуваат лежерно во облеката што ја носат. Доколку се одлучите за ваква комбинација, потребно е маичката да биде едноставна (како на сликата подолу). За да ја „освежите“ комбинацијата можете да додадете и болеро.rn

    Неутрална шминка на оваа комбинација би изгледало совршено. Се препорачува маичката да биде внатре за да не се покрива мини здолништето со што се добива и подобар изглед.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    3.Тантела

    rn

    Оние кои обожаваат сè што има тантела, ова е полн погодок за нив. Црн, бел или црвен фустан… без разлика каква боја ќе одберете, ако има тантела, ќе изгледате сексапилно, заводливо и моќно. Со ваков фустан, ќе заведувате машки очи цела вечер. Ваквиот „аутфит“ не заборавајте да го комплетирате со високи потпетици, а совршени би биле и оние со голема платформа.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    4. Опуштено

    rn

    За оние кои сакаат да имаат добра забава на новогодишната ноќ и да се чувствуваат лежерно, опуштено и „кежуал“, најдобар избор се плетените туники или пак топлите фустанчиња коишто личат на туники. Не грижете се, доколку изберете ваков тип „аутфит“ нема да погрешите. Би било добро доколку под туниката облечете хулахопки во боја. Така нема да изгледате дека сте сакале да бидете „кежуал“, туку повеќе ќе оставате впечаток како да велите „сакам да сум секси“.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    5. Фустан на едно рамо

    rn

    Еден од најпопуларните модни трендови што направи бум во модата… Нема некоја позната личност која не облекла ваков фустан. Од Ким Кардашијан, Тејлор Свифт, па сè до „Очајните домаќинки“. Нема да погрешите доколку изберете ваков тип фустан и го искомбинирате со балетанки или високи потпетици.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    6. „Ледена убавица“

    rnЗамислете, влегувате во објектот и гледате сите избрале темни бои на облека. А вие бело, снежно бело. Какво освежување би направиле таа вечер. Изберете ваков тип фустан или мини здолниште и ќе бидете посебни.rnrnДополнете со мала плик чанта или мала чанта на рамо со тенки прерамки до вашата половина. Најубава комбинација би била со свилени беж боја хулахопки, чанта на рамо, балетанки во светла боја (никако чизми) и мала бела лента во косата. Комбинација WOW.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    7. Огнено црвено

    rnОва е за оние похрабрите, посмелите и за оние коишто сакаат да се во центарот на вниманието. Најдобро би било да изберете краток црвен фустан со длабоко деколте. Машките очи нема да се тргнат од вас.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    8. Безвременско шаренило

    rnБез разлика дали ќе станува збор за мини здолниште, фустан, туника… ова е полн погодок ако се одлучите за ваков тип. Дали ќе има асиметрични фигури на него, цветен дезен или какви било шари, сеедно. Но, без претерување, инаку би испаднало кич. Еве една комбинација во која доаѓаат до израз сите ваши облини.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    9. Долги, елегантни фустани

    rnОвие безвременски парчиња облека ќе ве направат да се чувствувате како некоја позната ѕвезда која што ќе свети цела ноќ. Најдобро би било да се одлучите за црната, белата, црвената или темносината боја. И секако, треба да внимавате да нема многу детали на него. Колку помалку детали, толку повеќе овој фустан ќе ве прави како ѕвезда. Можете да се одлучите за фустан со тул или без. Доколку се одлучете фустанот да биде со тул, подобро не избирајте бела боја и внимавајте да нема многу слоеви бидејќи во спротивно можете добиете ефект на „невестински фустан“.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    10. Разни стилови

    rnКако последен предлог за новогодишен „аутфит“, еве уште неколку видови фустани: тесни, фустан со паднат ракав за позатворени жени, нешто „покежуал“.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrnrnКој стил би го избрале вие за новогодишната ноќ?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини да се дотерате со кошулата на вашето момче

    5 начини да се дотерате со кошулата на вашето момче

    Девојките изгледаат многу секси во кошулите на своите момчиња, особено доколку не ги комбинираат со ништо друго освен со долна облека. Но, ова не е единствениот начин на кој тие може да се носат. Машката кошула можете да ја носите на 5 различни начини, и тоа така што вака облечени, слободно можете да појдете во град, на некоја свеченост или на забава.rnrn5 начини да се дотерате со кошулата на вашето момчеrnrnВидеово ќе ви покаже како да претворите машка кошула со долги ракави во два различни фустани, две мини здолништа и еден топ. Ракавите се претвораат во ремени, кои се врзуваат во симпатични машнички, во делот каде што се копчињата доаѓаат наборите, и воопшто целата кошула се трансформира, добивајќи сосема нова повеќефункционална намена.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Шик модни комбинации кои се носат со патики

    Шик модни комбинации кои се носат со патики

    Трикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnЕден од најкласичните начини да се облечете ем спортски ем трендовски, е да искомбинирате тесни „цевка“ фармерки и високи патики до глужд. Фанки антилопски патики и тенко џемперче во костенлива боја со широк отвор, е нешто што морате да го имате на есен. Како моден додаток одлично ќе изгледа едно шалче во сенф боја, кое ќе ви даде малку старовремски изглед. Ако сте љубители на леопардова шара, тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој часовник или некоја алка во овој стил. На крајот, закачете едноставни сини обетки-копчиња на вашите уши.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnНекои луѓе сметаат дека е тешка задача добро да се искомбинира фустанче со патики. Но, ако додадете на себе некои обични парчиња, практикувањето ваков стил не би требало да ви претставува некаков проблем. Овој изглед вклучува спортски дуксер, фустанче со линии и едноставни бели патичиња. На крај, за да изгледате уште посекси, ставете на лице очила за сонце, во стилот на Силвестер Сталоне.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnКратките летни фармерчиња и патики се добро позната, класична комбинација за „кежуал“ изглед. За да се истакнете помеѓу толпата, обидете се да ги искомбинирате со струкирано сако. Едноставна сива маичка на прерамки е одличен избор за под сакото, а на стапалата обујте височки патики со шарени принтови. На крај, потенцирајте го таквиот изглед со црвено ланче и црвена чанта која се носи дијагонално на торзото.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnЗа овој изглед, основни парчиња облека ви се тесно здолниште, припиено до телото и едноставни еднобојни патики. И покрај тоа што цветното здолниште е доста женствено и може да се носи за вечерен изглед, ако го искомбинирате со едноставна црна „рамбовка“, која ќе ја облечете под долг фустан-кошулка ќе изгледате многу кул и тренди. Можете да ја носите долгата кошула откопчана или пак да ја врзете однапред, за да постигнете ултра-тренди изглед. Со овие бои, одлично ќе стојат сребрени патичиња и розова чантичка, чија нијанса на боја, ќе биде иста како онаа во шарата на здолништето.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    Конечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го подолу. :)rn

    Облечете црвен фустан

    rnАко имате црвен фустан длабоко збутан во вашиот плакар, кој одамна го имате заборавено, најверојатно ќе сакате да го извадите откако ќе го прочитате ова. Едно истражување спроведено на универзитетот Рочестер, покажало дека мажите ги означиле жените облечени во црвено како сексуално поатрактивни, во однос на оние кои не носеле црвено. Но, црвената облека сепак не може да направи чуда. Врз мажите не влијае бојата која ја носите на себе, кога тие го рангираат вашиот карактер и интелигенција.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Немате црвен фустан? Зацрвенете ги вашите усни!

    rn

    Обојте ги вашите усни со црвен светкав сјај за усни и ќе имате поголеми шанси да го привлечете погледот на мажите кон вас. Научници од универзитетот Манчестер откриле дека мажите поминуваат многу време зјапајќи во вашите совршени усни, особено ако имате ставено црвен кармин. Црвената боја ги држи мажите хипнотизирани околу 7.3 секунди, додека розовите усни 6.7 секунди. Хипотезата е дека црвените усни го имитираат проширувањето на крвните садови, кое се случува за време на сексуалната возбуда. Не можете да се карате со биологијата, нели? 🙂

    rn

    Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    rnrn

    Подарете му ја вашата насмевка

    rnМанекенките кои чекорат по модната писта со „ледена“ фаца всушност грешат многу. Недамнешно истражување објавено од страна на Американската психолошка асоцијација, покажало дека смеењето ве прави поатрактивни, бидејќи го стимулира центарот за емоции во мозокот на мажите. Едноставно кажано, вие ќе изгледате многу попристапна, ако на себе носите блескава насмевка. Така што, наредниот пат кога ќе излезете со некое момче на кафе и си „фрлите око“, знаете што треба да направите. Насмевката е вашиот најдобар моден додаток.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Наградете го со смеење од срце

    rnДолгото, искрено смеење е навистина најдобриот лек за сè, вклучувајќи го и вашиот љубовен живот. Истражување спроведено од Канадскиот универзитет, покажало дека мажите ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Тоа прави логика, бидејќи сите сме нарциси во срце и ни се допаѓаат луѓето на кои ние им се допаѓаме. Ако тој едноставно не е интересен (ако сите негови шеги започнуваат со: си беше еднаш еден мој другар…) тогаш поштедете го од срамот, но ако сте шармирани од неговата добра смисла за хумор, женското кикотење нема воопшто да му пречи. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Суптилно имитирајте го

    rnМожеби ова звучи како да треба да го копирате, но едно недамнешно истражување има покажано дека жените кои суптилно ги имитирале мажите со кои излегле, добиле повисока оценка на крајот од состанокот. Пренагласеното имитирање нема да ви даде плус поени, но кога тој ќе се почеша по лицето и вие почешајте се неколку секунди подоцна. Тој ќе смета дека покрај вас може да се чувствува удобно и дека сте компатибилен пар.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Фаќајте високи ноти

    rnИ покрај тоа што е општо познато дека сензуалниот глас е синоним за сексапилност, истражувања откриваат дека мажите всушност ги привлекуваат жени кои фаќаат повисоки ноти, како Мерлин Монро. Се сеќавате на нејзината секси изведба на песната „Happy Birthday“ пред бившиот претседател на САД Џон Кенеди? Ајде ќе почекаме додека го погледнете видеото. 🙂 Се разбира, нејзиниот долг, блескав фустан кој ù ги истакнува облините, воопшто не му смета на овој секси перформанс.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Замавнете со колковите

    rnДостоинствено и женствено чекорете низ супермаркетот и гледајте како погледите на мажите се вперуваат во вас. Жените кои малку замавнуваат со колковите додека чекорат, имаат поголеми шанси да го „боцнат“ машкото око, велат истражувачите од тексашкиот универзитет „A&M“. Галопирањето на манекенките по модната писта никој не ви го препорачува, доколку сакате да бидете забележани. Наместо тоа, правете долги чекори ставајќи ја едната пред другата нога, како да се движите по греда, за да изгледате суптилно и секси. Не заборавајте да замолите некое симпатично момче да ви симне некој производ од маркетот, што е качен на повисока полица. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Сведете ги вашите солзи на минимум

    rnВашето момче не е пожелно честопати да ве гледа со марамчиња и солзи на лицето. На едно истражување кое неодамна беше објавено во магазинот за наука „Science express “, било откриено дека мажите помалку ги привлекуваат жени кои мирисаат на солзи. Се разбира, тешко е да не се расплачете на некоја тажна, емотивна сцена од филм, но доколку е возможно, сочувајте ги солзливите водопади за филмската вечер со другарките или гледајте го акциониот филм кој тој „умира“ да го гледа.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Покажете ги вашите раце

    rnОтсекогаш си мислевте дека мажите уживаат да гледаат во долги женски нозе, но истражување направено од универзитетот во Нов Јужен Велс, покажало дека мажите кои сметаат дека високите девојки се поатрактивни, се всушност привлечени од нејзините раце, а не нозе. Затоа, наредниот пат кога ќе правите вежби во салата за вежбање, направете повеќе вежби за мускулите на рацете и се разбира, додека го правите тоа, носете краток горен дел.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Користете сличен стил на изразување

    rnКомуникацијата и понатаму е најдобриот рецепт за долга и успешна љубовна врска. Истражувачите од тексашкиот универзитет во Остин, откриле дека паровите кои слично јазично се изразуваат, подолго истрајуваат. Во истражувањето биле спроведени онлајн разговори помеѓу повеќе љубовни парови и притоа 80% од оние кои се служеле со слични стилови на пишување и изразување, биле сè уште во врска три месеци после четот, наспроти 54% од паровите кои користеле различни стилови на пишување. Така, ако тој наместо „поздрав“ ви пишува „позз“, „здр“ наместо „здраво“ или „чек“ наместо „чекај“ и вие користете слични кратенки и јазични стилови, за да имате долготрајна и успешна врска.rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrn

    Истакнете ја вашата силуета

    rnТој навистина не ги забележува тие неколку килца кои ги качивте во текот на изминативе месеци, а сега за тоа тврдење постои и доказ. Истражувачи од Шкотска забележале дека мажите повеќе ги посакуваат оние жени кои имаат нормална телесна тежина, во однос на оние кои се екстра слабички. Затоа, престанете да зјапате во наслвната страница од модното списание и самоуверено носете ги вашите секси бикини наредниот пат кога ќе отидете на плажа или базен и безгрижно гризнете една-две вафли кога ќе огладнете. :)rnrnНаучно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Задолжителни летни модни парчиња

    Задолжителни летни модни парчиња

    Го планирате годишниот одмор, секое слободно време го поминувате на кафе со пријателките, а на вашата летна гардероба од минатата година очајно ù е потребно освежување. Без разлика со колкав буџет располагате и колку нови парчиња можете да си дозволите, избирајќи ги вистинските, секогаш можете да изгледате свежо и различно. Еве неколку предлози за универзални модни парчиња кои ќе го направат вашиот изглед апсолутно летен:rnrnЗадолжителни летни модни парчињаrn

    1. Сламена торба

    rn

    Има ли нешто посоодветно за лето од сламена торба. Лесна, со земјен ефект и за опуштен изглед, оваа торба можете да ја носите додека шетате низ кафулињата во вашиот град или пак за на плажа.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    2. Нешто неонско

    rn

    Додадете неонски парчиња облека и модни додатоци во вашата гардероба ова лето. Изберете си ја омилената боја и освежете го вашиот вообичаен избор за бои на гардероба.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rn

    Најбезбедно е ваквите парчиња да се комбинираат со неутрални бои. Еве неколку примери:

    rn

    Задолжителни летни модни парчињаЗадолжителни летни модни парчињаЗадолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    3. Голем шешир за заштита од сонце

    rn

    Овој моден додаток е особено хит оваа година. Поволното е што одлично изгледа и има заштитна функција. Носете го со вашиот костим за капење и со омилениот пар сандали додека одите на плажа. Изберете модел кој најмногу ќе ви се допадне и ќе ви одговара.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    4. Шорцеви во сите бои

    rn

    Зафрлете ги фармерките подалеку во вашиот плакар и носете што повеќе шорцеви, и тоа во различни бои. Која и да е вашата омилена боја, сигурно ќе можете да си изберете некои. Комбинирајте ги со облека на која ù треба освежување со друга боја или пак за да го создадете оној модерен шик изглед на комбинирање парчиња во бои.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    5. Долг фустан

    rn

    Овие долги лелеави фустани се носат веќе неколку сезони, па ако си немате купено досега, крајно време е сега да го направите тоа. Овие фустани се лесни за навлекување на себе, па се добри за во секое време, кога брзате и не знаете што да облечете или пак за да го покриете костимот за капење враќајќи се од плажа. Ваквите фустани создаваат боемски изглед и се добра алтернатива за типичните летни фустанчиња.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    6. Еспадрили

    rn

    Еспадрилите се секогаш добар избор за во лето, но оваа година боите, шарите и стиловите овозможуваат секој да си го пронајде својот вкус. Без разлика дали сакате рамни, тантелени или шпицести, сигурно ќе најдете нешто по вкус.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnДали оваа година веќе си купивте некое од овие летни парчиња? Со што би го надградиле вашиот летен имиџ?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.