КАФЕ ПАУЗА

Tag: фустан

  • 5 задолжителни летни парчиња облека

    5 задолжителни летни парчиња облека

    Во текот на летните месеци секогаш сакаме да носиме лесна и удобна гардероба која лесно може да се трансформира и во дневна и во вечерна варијанта и која не зафаќа многу простор, за да ни ја собере во плакарот и во куферот за летување.rnrnОва се парчиња облека, кои ќе ги исполнат сите ваши потреби во текот на летото и кои задолжително морате да ги имате. Тие се модерни и актуелни ова лето, но постои веројатност некои од нив да ги имате од претходните сезони.rn

    Капри панталони со принт

    rnПопуларните три-четврт панталони или фармерки се совршени за кој било период од денот. Можете да ги комбинирате со скоро сите дневни парчиња, а добро изгледаат и со рамни сандали и со високи потпетици.rnrn5 задолжителни летни парчиња облекаrn

    Плик-чанта во светла боја

    rn

    Ваквата чанта ќе ви помогне да ја разбиете секоја ваша дневна комбинација, а во сите продавници ќе најдете голем број модели и нијанси. Ваше е само да одберете која најмногу ќе ви одговара.

    rn

    5 задолжителни летни парчиња облека

    rnrn

    Тенка летна кошула

    rnКошула од лесен материјал е задолжително парче кое повеќето жени најверојатно го имаат во својот плакар. Доколку немате, тогаш купете некоја со интересни детали на неа.rnrn5 задолжителни летни парчиња облекаrn

    Сандали на плута

    rn

    Доколку сте во потрага по совршени сандали за ова лето, одличен избор се оние со полна пета. Доколку не сте љубители на високи потпетици, тогаш сигурно ќе пронајде некои поудобни со помала плута.

    rn

    5 задолжителни летни парчиња облека

    rnrn

    Макси фустан

    rnЗадолжително парче оваа сезона се макси фустаните. Сон нив многу брзо и лесно ќе се спремите за секоја прилика, ќе се чувствувате комотно, а и ќе изгледате прекрасно.rnrn5 задолжителни летни парчиња облекаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

    Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

    Многу девојки мечтаат еден ден, кога ќе дојде моментот, да го облечат совршениот венчален фустан. Но, кога 6-годишната Хана Милингтон Деј го смислила дизајнот на овој фустан како од бајките, не помислила на негово носење, туку на јадење!rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnМалечката Хана дошла до идејата за овој сладок „фустан“ во реална големина, кога видела фотографија од нејзината мајка во нејзиниот невестински фустан. Од тука, работата за печењето на тортата ја презела нејзината мајка Дона, која е слаткарка по професија и ја има компанијата „Fairytale Cake Company“. За да ја подготви ѝ биле потребни 224 јајца, 12 кг брашно, 12 кг шеќер во прав и 12 кг путер, а потрошила цела седмица за да ја заврши.rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnДобиениот резултат е сладок фустан висок 180 см и направен од 17 пандишпани, 22 кила шеќерна глазура и стотици шеќерни бисери. Со оваа торта можат да се заблажат дури 2.000 гости.rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустан
    rn

    Г-ѓа Милингтон Деј, која има 36 години вели: „Хана ги разгледуваше моите стари свадбени фотографии и тогаш ми предложи да го рекреираме мојот фустан. Мислев дека тоа е одлична идеја.“

    rnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnЕнормниот десерт беше презентиран на 1 март на најголемиот настан за свадби во Велика Британија „National Wedding Show“, во Бирмингам. Г-ѓа и г. Милингтон Деј не планираат да ја продаваат тортата, туку да ја стават на излогот во продавницата за слатки, но продажната цена би ѝ била околу 6.900 евра.rnrnНикогаш не би погодиле од што е направен овој фустанrnrnПа, ако имате толку пари и 2.000 гости на вашата свадба, бујрум во нивната слаткарница. Се прашуваме само, како ли невестата ќе исече парчиња од овој благ, прекрасен фустан? :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малиот црн фустан низ историјата на модата

    Малиот црн фустан низ историјата на модата

    Малиот црн фустан е она парче облека кое секоја жена треба да го има во својот плакар – фустанот со кој нема да погрешите во ниту една ситуација. Од бизнис состаноци, вечерни излегувања па сè до формални и свечени настани, малиот црн фустан е добитна комбинација. Во светот на модата ова парче облека е симбол на стил, безвременост и елеганција. Низ годините, па сè до ден денес служи како инспирација на сите дизајнери и иако се развиваше и менуваше со модните трендови, сепак остана како една од најважните модни креации.rn

    Пред 20-тите години

    rnВо раните години на 19 век црната боја се сметала за симбол на жалење и искажување почит кон мртвите и ни оддалеку не се поврзувала со модата. Сè додека сликарот Џон Сингер Сарџент не ја насликал Мадам Х, портрет на млада дама во црн, елегантен фустан. Оваа слика предизвикала доста контроверзии поради, за тоа време, изразената сексуалност.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    20-тите години

    rnПрвиот мал црн фустан бил креиран од страна на неверојатната Коко Шанел. Во 1926 година бил објавен цртеж на првичен модел на црн фустан од Коко Шанел во Вог и уште тогаш бил наречен „Форд во модата“ поради неговата едноставност и тенденцијата кон безвременост. Тоа дефинитивно бил само почетокот на оваа модна креација која истовремено станала симбол и на ослободувањето на жената. Малиот црн фустан освен елеганција и стил значел и конечно отфрлање на корсетот и секако заштедувал на време затоа што бил многу полесен за облекување.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    30-тите години

    rnГодини на економска криза и сиромаштија, но истовремено и на модна експанзија, холивудски гламур и дефинитивно златното доба на театарот. Токму овој период го одбележа таканаречениот „флапер“ фустан којшто е всушност бунтовна и весела верзија на малиот црн фустан. Делувал разиграно и опуштено, а особено биле популарни оние со везени детали. Го поврзувале со џезот и со бунтовно однесување, па не е ни чудно што токму овој фустан станал симбол на 30-тите години.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    40-тите години

    rnЗа време на војната станал омилено парче облека поради неограничените можности за комбинирање, што автоматски значело помалку трошоци за облека. Во овие години рационализацијата била на прво место, па и жените го искористиле тој момент за да го популаризираат неговото носење. Малиот црн фустан одлично оди со разни модни додатоци што значело многу едноставен начин да се биде модерен.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    50-тите години

    rnКако што гламурот на Холивуд сè повеќе привлекувал, така и желбата за мода и малку елеганција во секојдневниот живот, особено после војната, сè повеќе растела. Малиот црн фустан доживеал одредени промени коишто всушност значеле малку повеќе луксуз и надеж за подобро утре. Диор преку својата „New Look“ колекција го прикажал новиот фустан, со поширок долен дел и многу посекси изглед. Практично, ова значело дека времето на „врзување крај со крај“ завршува и доаѓаат многу подобри години.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    60-тите години

    rnВо овој период се среќаваме со два различни стила на носење на малиот црн фустан. Првиот начин бил посоодветен и подобро прифатен од постарите генерации, со што фустанот ја задржал својата едноставност и должина. Но, младите жени во 60-тите години добиваат поинаква идеја за тоа што е модерно, и по долгите години криза, конечно се охрабруваат да експериментираат со облеката и со модата. Должината на малиот црн фустан исчезнува и тој за првпат станува навистина мал. Големо внимание се посветува и на деталите, а омилени стануваат отворите по должина на ногата. Мини сукњата на Мари Квант е револуционерното парче облека на 60-тите години и најверојатно причината за сè пократкиот црн фустан. Не смееме да ја заборавиме и Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“, модната икона на 60-тите и малиот црн фустан истовремено.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    70-тите години

    rnВреме кое остави свој посебен белег во историјата на музиката, модата, размислувањата на младите, политиката и засекогаш ги промени шемите на однесување. Златните години на хипиците, диско кралиците и глам рок стилот се можеби најинспиративните години во историјата на модата, па и малиот црн фустан не ги избегна револуционерните промени. За разлика од 60-тите години кога особено се обрнувало внимание на материјалот, тука имаме многу повеќе избор, но и помал квалитет. Се заборава на строгите линии и елегантните материјали, па малиот црн фустан сега се комбинира со проѕирни парчиња и чипка. Особено позната варијација на фустанот е во панк-рок стил, со нерамномерни линии, сечење и надодавање различни материјали. Многу накит и мрежести хулахопки се неизбежните додатоци.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    80-тите години

    rnОвие години носат нови промени за малиот црн фустан. Се обрнува внимание на тенкиот струк и доста популарен е пеплум трендот, којшто ни се врати и овие неколку сезони. Рамената се многу пошироки и нагласени, а особено се ценат рачната изработка и везените детали на самите фустани.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    90-тите години

    rnГранџ стилот на 90-тите го врати малиот црн фустан на неговите корени нагласувајќи ја едноставноста. Се комбинира со сандали или елегантни чизми. Материјалите се тенки и припиени, а должината е сè пократка. Тука мора да ги споменеме и  девојките од „Спајс грлс“ кои се симбол на музиката и модата на овој период.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    По 2000-та година

    rnВо првите години на новиот век малиот црн фустан го доживеа и својот 80-ти роденден, уште еден мал потсетник на неговата безвременост и значење за модата. Иако овие години ги следи тренд на ексцентричност во креативното изразување, сепак едноставноста на малиот црн фустан сè уште владее со црвениот тепих. И до ден денес, обожуваме да го комбинираме во секоја можна варијанта и постојано се враќаме низ неговата историја за малку инспирација.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршени зимски комбинации на облека

    Совршени зимски комбинации на облека

    Веќе сè мириса на зима, но не значи дека во зима нема добри забави. Ве фаќа депресија при самата помисла на шарените летни комбинации? Еве некои предлози кои совршено одговараат за различни видови забави во зимскиот период.rnrn

    Кожни хеланки и широк џемпер

    rnКожни хеланки, широк џемпер и високи потпетици – станува збор за лесен и кежуал изглед. Аксесоари од типот впечатливи обетки и чанти со различни принтови, ја прават целата комбинација потренди. Не претерувајте со додатоците, одберете ограничен број (на пример, обетките се целиот накит кој ви е потребен со оваа комбинација), со цел да не го „пренатрупате“ вашиот изглед.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrnrn

    Зимски амбиент

    rnНајлесен начин да се стоплите, а воедно и да се вклопите во амбиентот со ладното време е дополнување на изгледот со јакна, елек или марама. Од една страна, станува збор за толку едноставна комбинација, а од друга страна е толку женствена. Тесни фармерки, еднобојна кошула, елек со крзно, и секако високи потпетици. Изгледот „зачинете“ го со само едно парче впечатлив накит.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrnrn

    Контраст помеѓу кежуал и женствено

    rnЗапочнете го изгледот со женствено здолниште и интересна, едноставна маичка. Со палтото ќе постигнете благ контраст помеѓу спотрското и женственото. Завршете го изгледот со потпетици до глуждовите и обетки. Никогаш не сте помислиле на оваа комбинација? Пробајте ја макар еднаш и видете како би ви стоела.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrnrn

    Додадете топли аксесоари

    rnВо зима е лесно да претерате со додавање, па затоа држете се до едноставна основа, на пример фармерки и еднобојна блуза, и додадете интересни зимски аксесоари. Шарената марама или шал, можат да послужат како додатоци. Носете високи чизми со високи потпетици, а бидејќи лесно би можеле визуелно да си додадете некое кило, потрудете се фармерките да ви бидат тесни, а блузата да го оцртува вашиот струк. Не претерувајте со аксесоарите.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Фустан + хулахопки + кожна јакна

    rnКој рече дека вашиот омилен фустан не би можеле да го комбинирате во зима? Одберете хулахопки и кожна јакна, плус високи чизми до глуждовите или ниски чизмички. Финиширајте го изгледот со долго и женствено ланче. На овој начин ги балансирате работите, јакната и обувките со фустанот и ланчето.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Жешка комбинација во зима

    rnЕве комбинација за малку посвечена пригода. Само затоа што е зима не значи дека треба да се откажете од кратките пантолони. Комбинирајте ги со подебели хулахопки. Одберете црно и едноставно палто кое наликува на оние од костумите и едноставна маичка. Вниманието привлечете го со впечатливи потпетици и црвени усни.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Кежуал

    rnОвој изглед можеби не е прикладен за во ноќен клуб, но е совршен за дружење со колеги или неформална забава дома. Изгледате удобно, топло и опуштено, а не сте пренатрупани со облека. Сомотски панталони и едноставно слатко џемперче ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот ефект.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Фустан со долги ракави и високи чизми

    rnОдлична зимска комбинација за забава! Комбинацијата е толку шик, женствена и едноставна. Ваквите модели на фустани се совршени за во зима, а можеби би било најдобро да одберете еднобоен во нијанса која полесно би ја комбинирале со вашите обувки или модни додатоци.rnrnСовршени зимски комбинации на облека
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

    Четири комбинации со кожна облека за оваа есен

    Од кратки здолништа и фустани, па сè до блузи и јакни, вештачката кожа преовладува во есен. Додека гледате како парчињата кожна облека се појавуваат по излозите на бутиците, еве неколку идеи за совршени комбинации со облека од вештачка кожа за секоја пригода.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    1. Излегување со пријатели

    rnИако кожните хеланки се малку комплицирани за облекување, мора да признаеме дека им даваат супер изглед на нозете. Ова е опуштена комбинација, па одберете широка еднобојна блуза и кошула која ќе биде неколку броја поголема од вашиот точен број за да се чувствувате и изгледате опуштено. Облечете и балетанки за да се задржите до кежуал изглед, плетено капче за есенски шмек и едноставно сребрено ланче како аксесоар.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    2. Состанок

    rnВеќе не зборуваме само за класични кожни јакни. Оваа есен тие се во различни бои и дезени и поженствени од кога и да било. Кога одите на состанок во есен женственото нека доаѓа повеќе до израз. Едноставен фустан, високи потпетици над глуждовите, свилени класични хулахопки, светкави обетки… и слободно заведувајте.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    3. Во училиште или на факултет

    rnКежуал и тренди изглед. Одберете тесни фармерки, кожна блуза, ниски обувки, широко џемперче и подготвени сте за во школо. Како аксесоари употребете округли обетки или алки и часовник.Четири комбинации со кожна облека за оваа есенrn

    4. За забава

    rnНа забава се ослободувате од вашите грижи и проблеми, дојдени сте да се опуштите, а едноставен модел на кожен фустан целосно се вклопува во изгледот. „Зачинете“ го со впечатлив ремен и обувки во друга боја за да ја нарушат монотонијата.Четири комбинации со кожна облека за оваа есен
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во Њујорк

    Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во Њујорк

    На модната недела во Њујорк, на претставувањето на новата колекција пролет/лето 2013, објективите се свртеа кон внуката на Александар Ванг, 3-годишната Аила. Малечката модна икона очигледно го наследила вкусот на чичко ù, кој ја преферира црната боја. Таа носи црна ташничка „Шанел“, патики „Најк“ и кожен фустан, креиран лично од Александар за оваа прилика.Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу на ВангЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркПогледнете уште неколку модни комбинации, во кои е досега фотографирана малечката и преслатка внука на познатиот американски дизајнер со јапонско потекло…Запознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во ЊујоркЗапознајте ја главната ѕвезда на модното шоу во Њујорк
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Светот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори

    Светот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори

    Од модни совети, преку безвременски парчиња облека до крупни општествени промени. Ова е начинот на кој отсекогаш функционирале големите дизајнерски имиња, чии цитати ќе ви помогнат да одговорите на прашањето: дали модата денес се движи во вистинскиот правец?rnrnСветот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори
    rn

    „Јас не дизајнирам облека, јас дизајнирам соништа.“ – Ралф Лорен

    rn

    „Многу ми е мило што луѓето можат да си дозволат да купат Армани, дури и кога тоа е имитација. Ме радува фактот што сум толку популарен насекаде во светот.“ – Џорџо Армани

    rn

    „Креативноста доаѓа од конфликтот на идеи.“ – Донатела Версаче

    rn

    „Мојот сон е да ја спасам жената од нејзината природа.“ – Кристијан Диор

    rn

    „Најубавото нешто што една жена може да го облече се рацете на мажот кој го љуби.“ – Ив Сен Лорен

    rn

    „Модните дизајнери се диктатори на вкусот.“ – Карл Лагерфилд

    rn

    „Не можете да лажирате шик, но можете да бидете шик со лажно крзно.“ – Карл Лагерфилд

    rn

    „Најдобрата боја на целиот свет е онаа која изгледа најдобро на вас.“ – Коко Шанел

    rn

    „Најдобар изглед е природниот, но за да изгледате така потребна ви е шминка.“ – Келвин Клајн

    rn

    „Модата е архитектура, таа е прашање на пропорции.“ – Коко Шанел

    rnСветот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори
    rn

    „Жената е најсовршената кукла што сум ја облекол со радост и восхит.“ – Карл Лагерфилд

    rn

    „Облекување. Луѓето не го практикуваат повеќе. Мора да го промениме тоа.“ – Џон Галијано

    rn

    „Модата избледува, но стилот е вечен.“ – Ив Сен Лорен

    rn

    „Модата не е нешто, што живее само во фустаните. Модата е на небото, на улиците, модата е идеја, начин на живот и сè што се случува околу нас.“ – Коко Шанел

    rn

    „Разликата помеѓу стилот и модата е квалитетот.“ – Џорџо Армани

    rn

    „Јас не правам мода, јас сум мода.“ – Коко Шанел

    rn

    „Жената е најсекси кога се чувствува комотно во нејзината облека.“ – Вера Ванг

    rn

    „Не дозволувајте да ве заведат трендовите. Не дозволувајте ù на модата да ве поседува, самите одлучете што сакате да бидете и што сакате да изразите со начинот на кој се облекувате и начинот на кој живеете.“ – Џани Версаче

    rn

    „Елеганцијата се раѓа од духот, културата и интелигенцијата.“ – Армани

    rn

    „Мислам дека убавината е насекаде. Тоа што ‘нормалните’ луѓе го сметаат за грдо, јас обично наоѓам некаква убавина во него.“ – Александар Мекквин

    rnСветот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори
    rn

    „Убавината доаѓа одвнатре. Таа е одраз на индивидуалноста на човекот.“ – Роберто Кавали

    rn

    „Елеганцијата е прашање на индивидуланост, таа е повеќе од парче облека.“ – Жан Пол Готје

    rn

    „Ја сакам модата, но таа треба да си го знае местото, а не да управува со нашите животи.“ – Миуча Прада

    rn

    „Никогаш не сте премногу облечени, ниту премногу разголени со мал црн фустан.“ – Карл Лагерфилд

    rn

    „Отсекогаш сум верувал дека модата не постои само за да ги направи жените поубави, туку и за да ги успокои и да им даде самодоверба.“ – Ив Сен Лорен

    rn

    „Со текот на годините научив дека она што е најважно кај фустанот е жената која го носи.“ – Ив Сен Лоран

    rn

    „Жената е стара онолку колку што заслужува.“ – Коко Шанел

    rn

    „Најубавата шминка за една жена е страста. Но, козметиката е полесно да се купи.“ – Ив Сен Лорен

    rn

    „Мислам дека фустанот, фризурата и шминката се клучни фактори во проектирањето атрактивна личност и шанса за подобрување на една од најдобрите физички карактеристики.“ – Вивиен Вествуд

    rn

    „Кога се сомневате, облечете црвено.“ – Бил Блес


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од рак

    Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од рак

    Овој проект е неверојатно смешен и инспиративен во исто време. Во 2003 година, кога Боб Кери и неговата сопруга се преселиле на Источниот Брег на САД, Кери го започнал својот проект „The Tutu Project“ со цел да ги помеша неговиот стар и нов начин на живот, со розова тантела.Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракШест месеци откако се преселиле, неговата жена Линда открила дека има рак на дојка. Оттогаш, Линда се бори со болеста, а Боб ја пренасочил неговата фотографија кон собирање пари за медицински истражувања кои би помогнале во борбата против болеста. Нивната цел е да соберат 75.000 долари од продажбата на неговите фотографии и од книгата „Балерина“, која ќе биде објавена следната есен.Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракНеговите фотографии ги предизвикуваат гледачите да се кикотат, со оглед на фактот дека возрасен маж не носи ништо на себе, освен розово балетско фустанче во апсурдни ситуации, како на пример танцувајќи во снегот, лежејќи на сред Тајмс Сквер или скокајќи на зелена ливада.Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракСо неговиот проект, тој истовремено нѐ потсетува на моќта и влијанието на деструктивната болест од која може да заболи буквално секоја жена во светот. Кој би помислил дека фотографии со маж во розе тантела, може да предизвика таков емоционален ролеркостер?!Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракНекои велат дека хуморот е најдобриот лек за сѐ, а овој проект е доказ дека Боб и Линда, буквално се водат според ова мото. Артистот вака ја објаснува нивната состојба со жена му:rn
    rn

    Колку и да звучи чудно, ракот на Линда нѐ научи дека животот е убав, а справувањето со него може да биде тешко и понекогаш, најдобрата работа која можеме да ја направиме, т.е. единствената работа која можеме да ја направиме, е да се соочиме со наредниот ден, смеејќи се и споделувајќи ја насмевката со другите“.

    rnМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од рак
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мода на иднината: неверојатен флуоресцентен фустан

    Мода на иднината: неверојатен флуоресцентен фустан

    Интересно, уникатно, необично… се само некои од зборовите што поминуваат низ мислите на оние кои го виделе ова видео. Станува збор за неверојатниот флуоресцентен фустан дизајниран од Чарли Бакет, кој доколку некогаш имате можност да го облечете, дефинитивно не би останале незабележани на вашето вечерно излегување.Мода на иднината: неверојатен флуоресцентен фустан

    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила за дами

    Правила за дами

    Зборот „дама“ за првпат се појавил пред 300 години и се користел како женски еквивалент на зборот „господин“. Денес овој збор сè поретко се употребува, а како негова замена многу почесто можеме да го слушнеме зборот „госпоѓица“ или „госпоѓа“.rnrnЗа сите припаднички на „загрозениот“ вид на дамите и за сите оние кои сакаат да станат дел од него, ова се неколку правила кон кои треба да се придржуваат:rnrnПравила за дами rnrn1. Треба да знаеш колку кратко е прекратко, без разлика дали се работи за фризура, фустани или за мажи.rnrnrn2. Светот е една голема модна писта. Затоа секогаш биди добро облечена и чекори самоуверено.rn rnrn3. Твојот фустан треба да биде доволно тесен за да покаже дека си жена, но доволно широк за да покаже дека си дама.rnrnrn4. Однесувај се како да имаш невидлива круна на главата.rnrnrn5. Шминката не треба да ја прекрие, туку да ја истакне убавината.rnrn6. Три збора кои ниедна дама не смее да ги заборави: мал црн фустан.rnrn7. Постои само едно правило кога се работи за облека, накит, шминка и парфеми: помалку е повеќе!rnrn8. Три броеви кои дамите никогаш не ги откриваат: бројот на години, бројот на килограми и бројот на долната облека.rnrn9. Насмевката е најубавиот дел на твоето тело.rnrn10. Сакај го своето тело! Тоа е единственото кое го имаш.rnrn11. Тајната на убавината е во среќата.rnrn12. Не е важно што мислат другите, сè додека си ти среќна.rnrn13. Не очекувај другите да те сакаат и почитуваат, ако не се сакаш и почитуваш самата себе.rnrn14. Грешките се неизбежни. Научи како да си простуваш себеси.rnrn15. Не задоволувај се со ништо помалку од она што го заслужуваш.rnrn16. Размисли пред да дејствуваш. Заработи пред да потрошиш. Почекај пред да критикуваш. Обиди се пред да се откажеш.rnrn17. Чувај го оној кој ќе направи сè за да те насмее.rnrn18. Убавината го привлекува погледот, но карактерот го заробува срцето.rnrn19. Ако се двоумиш помеѓу две нешта, секогаш избери го второто. Да беше првото доволно добро, второто немаше да биде опција.rnrn20. Не дозволувај грешките од минатото и стравот од иднината да ја расипат убавината на сегашноста.rnrn21. Ако тој те напушти, тогаш тоа е негова загуба, не твоја.rnrn22. Подобро е да бидеш сама, отколку да бидеш изневерена и непочитувана.rnrn23. Ако некој ти каже дека го полудуваш, тоа значи дека правиш нешто или навистина добро или ужасно лошо.rnrn24. Можеш истата грешка да ја направиш по вторпат, но тогаш тоа нема да биде грешка, туку твој личен избор.rnrn25. Успехот е најдобрата одмазда!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.