КАФЕ ПАУЗА

Tag: фустан

  • 5 модни пропорциски трикови според кои живеат познатите

    5 модни пропорциски трикови според кои живеат познатите

    Кога се спремаме наутро имаме тенденција да бараме облека која најдобро ѝ прилега на нашата силуета. А истото го прават и познатите. Без разлика дали сте обожавателки на стилот на Џиџи Хадид или на феминистичките мотиви на Блејк Лајвли, за вас издвоивме 5 совети благодарение на кои можете да ги модифицирате пропорциите на вашето тело и кои ќе ви овозможат неверојатен изглед.rnrn0-5-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mkrn

    1. Кроп топ + макси здолниште

    rnАко сакате визуелно да ги издолжите нозете тогаш носете макси здолниште. Но, од клучно значење е горното парче да биде кратко – одличен пример е кроп топот, затоа што ако носите нешто подолго од почетокот на сукњата, тоа само ќе ви ги скрати нозете.rnrn1-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk2-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk3-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mkrn

    2. Фустан во А-линија

    rnФустаните во А-линија го нагласуваат најтесниот дел од вашето тело – половината. Најлесниот начин да ги скриете несовршеностите, а да ја нагласите тенката половина е да носите ваков фустан. Плус, не ви е потребен голем труд за да изгледате магично.rnrn4-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk Dakota Fanning Chanel Imanrn

    3. Добар каиш

    rnИздолжете ја силуетата така што на половината ќе додадете каиш. Ако сакате да изгледате уште послабо, каишот поставете го некаде под градите. Така ќе ги нагласите и градниот кош и половината.rnrn7-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk 8-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk 9-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mkrn

    4. Отворете го горниот дел од телото

    rnАко сакате да ги скриете колковите или другите проблематични делови во долната половина од телото, тогаш носете блуза или кошула со длабок V-израз која ќе го отвори вашето лице и ќе го привлече вниманието кон горниот дел од вашето тело.rnrn10-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk 11-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk 12-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mkrn

    5. Врзете џемпер, блуза или кошула на половината

    rnАко фустанот во А-линија ви е премногу, а сепак сакате да го нагласите струкот, тогаш врзете нешто околу него. Не мора тоа да биде каиш, може да биде некоја кошула со богат принт или парче кое има елементи за врзување.rnrn13-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk 509853015JK038_Edie_Parker_ 15-5-modni-proporciski-trikovi-spored-koi-ziveat-poznatite-kafepauza.mk

  • 14 тајни за совршен изглед во секое парче облека

    14 тајни за совршен изглед во секое парче облека

    Сите сакаме да изгледаме најдобро што може, а притоа и да се чувствуваме најубаво. Но некогаш ќе најдеме пар фармерки, блуза, фустан или што било друго и едноставно ќе се заљубиме во тоа парче, иако длабоко во себе со тешко срце си признаваме дека не е за нас. Тоа не значи дека ако е модерно и изгледа привлечно дека веднаш треба да го купиме. Напротив, треба точно да се знае што одговара на телото, што точно да се покрие, а што да се нагласи. Тоа не се некои големи тајни, но тие сигурно ќе ви го олеснат животот, а и плакарот.rnrn0-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

    1. Тесна блуза или јакна

    rnРабот на тесниот ракав на блузата или јакната треба да паѓа вертикално, од врвот на рамото до мишката, за да се задржи линијата на телото, и да не биде премногу широк, бидејќи така се создава илузија на неколку килограми повеќе. Должината на блузата секогаш треба да биде до средината на колковите.rn

    2. Блуза со долги ракави

    rnКога станува збор за долгиот ракав на блузата, тој треба да завршува малку после зглобот. Но, ова правило не важи за блејзерот. Неговите ракави може да бидат свиткани, на 3/4 или во кој било друг стил кој ви се допаѓа.rn

    3. Фустан со ракави

    rnСлично како кај блузите, ако почетокот на ракавот не започнува точно на рамениците тогаш тој фустан нема добро да „паѓа“ на вашето тело. Без разлика колку е убав фустанот, помирете се дека тој не е за вас и продолжете со потрагата.rn

    4. Залепен фустан

    rnПристојната должина на ова провокативно парче е околу 12 см над коленото. Сепак, не би сакале да бидете вулгарни, зар не?rnrn1-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

    5. Краток комбинезон

    rnДолжината на горниот дел од краткиот комбинезон би требало да е блиска до должината на вашето торзо за да не се собира во пределот помеѓу бутините и да ги наѕира вашите „женски делови“. Иако ова е тежок тренд за носење, сепак не треба прерано да се откажувате. Особено не во жешките месеци кои следат.rn

    6. Класични пантолони

    rnВо зависност од типот на пантолони, оние со тесен крој треба да завршуваат на почетокот од горниот дел на стапалото, а широките точно над потпетицата. Значи, кога купувате пантолони земете пар штикли со вас.rn

    7. Бојфренд фармерки

    rnКлучното кај овој модерен модел фармерки е точната должина и ширина на ногавиците. Тие треба да бидат тесни кај задникот, полека да се шират во пределот на бутовите па сѐ до листовите и треба да дојдат малку (6 см) над зглобот на ногата.rn

    8. Фармерки

    rnСите знаеме дека фармерките изгледаат одлично на секоја фигура. Носете такви точно ќе ви лежат на колковите за да не излегуваат делови од вашиот стомак од страните.rn2-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

    9. Јога пантолони

    rnТреба да бидат со висок струк за да го скријат стомачето и го приберат добро задникот.rn

    10. Здолниште

    rnЗдолништето со среден струк е парче кое им стои на сите видови тела. Неговата должина треба да биде до онаму каде што ногата природно се стеснува, т.е. до колената или глуждовите.rn

    11. Здолниште со набори

    rnГо обожавате ваквиот тип сукњи? Најдете модел кој е долг до или под колената. И онака сѐ што е пократко од тоа не е соодветно за на работното место.rnrn3-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mkrn

    12. Туника

    rnНикако немојте да ги помешате термините „туника“ и „минич“. Туниката завршува на почетокот од вашите бутини за да ги скрие само препоните, така што кој било вид пантолони или здолниште се апсолутно задолжителни за да ги покриете останатите делови.rn

    13. Хеланки

    rnХеланките мора да завршуваат точно кај глуждовите и да не се набираат за да се задржи линијата на телото.rn

    14. Кардиган

    rnБез разлика на неговата должина, материјалот мора да биде доволно тенок за да не изгледате како да сте го позајмиле од баба ви.

  • 5 иритирачки модни проблеми и 5 супер решенија

    5 иритирачки модни проблеми и 5 супер решенија

    Дали сте знаеле дека хулахопките можат да ве спасат од незгодната дамка од стикот која сте ја направиле на вашата блуза баш пред да излезете од дома? Без грижа, за ваквите модни инциденти постојат одлични и брзи решенија.rnrn5-iritirachki-modni-problemi-i-5-super-reshenija-kafepauza.mkrnrnМодата е убава работа, сè додека не се случи некоја незгодна ситуација заради која патиме (плускавци на нозете) или изгледаме смешно (сукња залепена за бутовите).rnrnСо овие 5 проблеми во некој момент се има соочено секоја жена, а ако знаете брзо да ги решите, повеќе нема да ви бидат извор на непријатност и фрустрација.rnrnПРОБЛЕМ: Шминката и фризурата се завршени, го облекувате секси црниот фустан за на состанок и сфаќате дека сте го извалкале со антиперспирантот кој оставил лоша бела дамка на него.rnrnРЕШЕНИЕ: За решение на овој проблем ќе ви се најдат хулахопките. Замотајте ги во форма на топче и со нив тријте на местото каде што е дамката. Набрзо ќе ја снема.rnrnПРОБЛЕМ: Сте облекле преубава долга сукња, но заради статичкиот електрицитет постојано ви се лепи за нозете.rnrnРЕШЕНИЕ: Намокрете ги рацете со вода и поминете по голите нозе. Ако носите хулахопки, испрскајте ги со малку лак за коса од 30 см оддалеченост и потоа поминете преку цели нозе со дланките.rnrnПРОБЛЕМ: Патентот на сукњата или фустанот е стар и никако не сака да се помести.rnrnРЕШЕНИЕ: Намачкајте го затворачот на патентот со малку балсам за уста во стик и обидете се повторно. Секако, при овој трик треба да внимавате случајно да не нанесете од балсамот и на облеката.rnrnПРОБЛЕМ: Чевлите ве убиваат на петите, но сакате да ги носите баш тие.rnrnРЕШЕНИЕ: Земете дезодоранс во стик и со него премачкајте го местото на петите каде што кожата се допира со остриот раб на чевлите.rnrnПРОБЛЕМ: Сте го изгубиле делот за затворање на вашите омилени обетки.rnrnРЕШЕНИЕ: Исечете парче гума за бришење или тапа и обидете се да ја прицврстите со него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 парчиња облека инспирирани од стилот на Одри Хепберн

    7 парчиња облека инспирирани од стилот на Одри Хепберн

    Овие парчиња облека одговараат на сите жени, без разлика каков тип градба имаат. Славната глумица овој стил го прославила низ многу легендарни филмови.rnrn0-7-parchinja-obleka-inspirirani-od-stilot-na-odri-hepbern-kafepauza.mkrnrnСтилот на Одри никогаш нема да излезe од мода. Тој е женствен, грациозен и шармантен. Жените може да ги носат овие парчиња без срам и воздржаност. Ако сè уште ги немате овие парчиња, мора веднаш да ги набавите.rn

    1. Црн долг фустан залепен за телото

    rn1-7-parchinja-obleka-inspirirani-od-stilot-na-odri-hepbern-kafepauza.mkrn

    2. Удобни шик балетанки

    rn2-7-parchinja-obleka-inspirirani-od-stilot-na-odri-hepbern-kafepauza.mkrn

    3. Беж мантил

    rn3-7-parchinja-obleka-inspirirani-od-stilot-na-odri-hepbern-kafepauza.mkrn

    4. Црни капри панталони

    rn4-7-parchinja-obleka-inspirirani-od-stilot-na-odri-hepbern-kafepauza.mkrn

    5. Бела кошула на кратки ракави

    rn5-7-parchinja-obleka-inspirirani-od-stilot-na-odri-hepbern-kafepauza.mkrn

    6. Широка сукња над глуждовите

    rnM8DROHO EC007rn

    7. Мачкасти очила за сонце

    rn7-7-parchinja-obleka-inspirirani-od-stilot-na-odri-hepbern-kafepauza.mk

  • 5 стилски правила за жените со облини

    5 стилски правила за жените со облини

    Веќе некое време светот на најпосакуваните и најпривлечните им припаѓа на жените со облини. Пример за тоа се Скарлет Јохансон, Блејк Лајвли, Ева Менденс и Моника Белучи, но исто така и Ким Кардашијан која се прослави со нејзиното тело.rnrn1-stilski-pravila-za-zhenite-so-oblini-kafepauza.mkrnrnАко сте дама која има поголеми облини добро е да ги знаете овие правила за стилизирање.rnrn1. Фустанот на преклоп и краткиот џемпер знаат одлично да ги нагласат женските облини! Под џемперот можете да носите кошула или тенок, волнен фустан.rnrn2. Можеби мислите дека не е точно, но на жените со облини од сите модели на фармерки најдобро им стојат залепени и ѕвонарки. Особено оние модели кои имаат висок струк.rnrn3. „Цигара“ фармерките со висок струк од вискоза или свиленкаст материјал може да изгледаат многу елегантно, споени со класични салонки и атрактивна блуза.rnrn4. Доколку сакате да создадете илузија на тенок струк, тоа најдобро ќе го направите со вклучување на каиш. Било да носите фустан, сукња или панталони, каишот ќе го нагласи струкот на најбрз и најлесен начин.rnrn5. Клучен модел кој секоја жена со облини би требало да го има во својот плакар е сукња со „молив“ крој. Ако нешто Ким сфати со текот на времето е дека треба да остане верна на овој крој на сукња.

  • Вереникот ја оставил на олтарот, но таа сепак имала неверојатно забавен ден за паметење

    Вереникот ја оставил на олтарот, но таа сепак имала неверојатно забавен ден за паметење

    Кога Шелби и нејзиниот вереник ја откажале свадбата, таа веднаш морала да извести многу гости и снабдувачи за настанот. Била потиштена бидејќи чувствувала дека сите нејзини пријатели и роднини ќе бидат шокирани и разочарани и нема да знаат како да се однесуваат со неа. Но Шелби вели „Забава од сожалување беше последното нешто што сакав и ми требаше.“rnrn3-verenikot-ja-ostavil-na-oltarot-no-taa-sepak-imala-neverojatno-zabaven-den-za-pametenje-.kafepauza.mkrnrnСо помош на фотографката Елизабет Хоард, таа дошла до перфектен план сите заедно да го прослават тој ден кој требало да биде нејзиниот свадбен – да организираат фотосесија „Уништи го фустанот“.rn
    rn

    Шелби вели: „Први ноември требаше да биде забавен и среќен ден, да бидам опкружена со пријатели и роднини кои ме сакаат. Одлучив да не дозволам грешката на мојот поранешен вереник што ме напушти да ми го одземе тоа.“

    rnЗаедно со нејзините родители и со девериците, сите дотерани во нивните фустани и одела, Шелби во нејзиниот невестински фустан учествувала во огромна „тепачка“ со бои. Тој ден бил исполнет со смеа и возбуда, дозволувајќи им на сите да уживаат во меѓусебното друштво.rnrnТоа било толку катарзично и токму она што ѝ било потребно на Шелби. На крајот, сите многу се забавувале.rn
    rn

    „Моментот кога првата капка боја се најде на мојот фустан, јас бев слободна“, вели Шелби.

    rnА фустанот изгледал дури и подобро после забавата. Тој ќе биде изложен во локална продавница во Мемфис на почетокот на јануари, а дел од средствата ќе оди за „Be Free Revolution“, непрофитна организација која помага во едукацијата и поттикнувањето на младите во Кенија и Уганда.rn
    rn

    А на својот вереник таа му порачува: „Ти благодарам што ме поштеди од поголема болка и загуба. Ти благодарам што ме оттурна од себе за да сфатам колкава е мојата сила… Ти благодарам што ме научи дека никој не може да ми ја одземе среќата. Ти благодарам што ме остави за да можам еден ден вистински да искусам што значи возвратена љубов. ТИ БЛАГОДАРАМ!“

    rn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Без игла и конец: 4 модели на фустани и здолништа од една машка кошула

    Без игла и конец: 4 модели на фустани и здолништа од една машка кошула

    Ние жените сме комплексни суштества, колку и да имаме облека во плакарот, секогаш ќе ни доаѓа да кажеме: немам што да облечам. Во такви кризни моменти, кога веќе ќе ве обземе нервоза од купот алишта што веќе сте ги пробале и не ви се допаѓаат, сетете се на овој добар трик – позајмете ја кошулата од вашето момче, брат или пријател и претворете ја во елегантно, шик и уникатно парче облека во кое сите ќе ве забележат.rnrnbez-igla-i-konec-4-modeli-na-fustani-i-zdolnishta-od-edna-mashka-koshula-kafepauza.mkrnrnПогледнете го видеото и научете како да направите сладок и флертувачки фустан, забавен фустан со еден ракав, секси фустан со голема панделка одзади и миди здолниште.rnrn

  • Беж фустан: 3 секси начини дa го извлечете максимумот

    Беж фустан: 3 секси начини дa го извлечете максимумот

    Фустаните во бежови нијанси се можеби и најпопуларното парче облека кое секоја девојка го има. Во текот на последниве 10 години, бежовите фустани преминаа од тренд во класика и го задржаа своето место во женските плакари насекаде во светот. Но, иако се веќе класика, сепак тие може да претставуваат предизвик кога станува збор за нивно комбинирање.rnrn1-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk_rn

    1. Одберете ја соодветната боја

    rnМожеби најважното нешто кај бежовите фустани е погодувањето на точната нијанса која ќе соодветствува на бојата на вашата кожа.rnrnПостојат 3 категории за бојата на кожата на луѓето: светла, темна и неутрална.rnrnЗа да одредите во која категорија спаѓате, погледнете ги вените на внатрешната страна на раката, поточно оние кај зглобот. Ако вените изгледаат сино или виолетово, вие имате светла кожа. Кај оние со потемна нијанса, вените изгледаат зеленикаво, а кај неутралните потешко се одредува дали се сини или зеленикави.rnrnАко со ваквиот тест сѐ уште не можете да ја одредите бојата на кожата, консултирајте се со мејкап артист, кој дефинитивно го има одговорот на ова прашање.rnrnТие со светол тен изгледаат одлично во бледо син фустан со розово-бежова основа. Оние пак со потемен тен треба да се насочат кон пожолтеникави нијанси. А пак за оние среќнички со неутрален тен изборот е огромен.rnrnКога не сте сигурни дали фустанот ви прилега, пробајте го. Нема друг начин да проверите дали ви одговара бојата освен ако не го пробате.rnrn2-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk3-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk_7-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mkrn

    2. Задржете малку мистерија

    rnАко сакате успешно да го носите ваквиот фустан треба точно да знаете кога да откриете, а кога да оставите малку на фантазијата.rnrnПо дефиниција, голиот (nude) фустан дава илузија дека сте голи. Сфатете го ова како предлог дека голотијата сама по себе е стилски детаљ, без разлика што сметате дека е соодветно деколтето, кратката должина на фустанот или отворениот грб.rnrnДури иако истиот фустан со истите елементи изгледа одлично во друга боја, голиот фустан наместо убаво може да изгледа многу кичесто. За да изгледате елегантно и софистицирано одберете фустан кој малку ја открива кожата. Ако има деколте, тогаш должината на фустанот нека биде под колениците. Ако е краток во должина нека биде покриен во горниот дел. Клучот е во балансот помеѓу елеганцијата и кичот.rnrn6-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk5-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mk1-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mkrn

    3. Користете аксесоари за стилски да ја оживеете комбинацијата

    rnМодните ентузијасти често инспирацијата ја наоѓаат во боите и шарите на облеката. Иако е примамливо да се држите до лесни додатоци кога носите бежови фустани, всушност имате многу поголем избор кој воопшто не ве ограничува. Ваквиот фустан е како празно платно кое чека да биде украсено со додатоци.rnrnЗа женствен изглед едноставниот накит изгледа одлично. Но, тој и не е единствената опција. Ако носите беж фустан со женствени детали како набори или карнери одберете повпечатлив накит во црна боја, со кожни или метални акценти. Можеби токму тоа ви е потребно за да преминете од слатка девојка во секси заводница.rnrnСпојот на гол фустан со накит во јаки бои како црвена (видено на ревиите од Валентино) е одличен начин да се истакнете и на класиката да ѝ додадете модерна еклектика.rnrnИ бежовите нијанси исто така изгледаат одлично кога е во комплементарна боја со таа на фустанот така што се создава суптилен монохроматски колор-блок ефект.rnrn8-bidete-seksi-nosejki-bezh-fustan-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ова момче носи дреч зелен фустан на погреб. Еве зошто…

    Ова момче носи дреч зелен фустан на погреб. Еве зошто…

    Пред да замине за Авганистан, британскиот војник Кевин Елиот на шега направил пакт со неговиот најдобар пријател Бери Делејни дека доколку биде убиен во акција, неговиот пријател ќе го облече најгрозниот фустан што ќе може да го најде и така ќе појде на неговиот погреб. Делејни секако се сложил на ова мрачно, но сепак смешно барање.rnrn1-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mk copyrnrnДодека бил во Авганистан, Елиот и Делејни останале во контакт. Иако не се гледале многу, нивното пријателство останало силно. За жал барањето на Елиот дошло да се исполни 3 години подоцна.rnrnКога дошло време да го погребат Елиот, Делејни знаел што морал да направи. Си ја турил омилената пијачка на неговиот пријател, наздравил за загинатиот херој и го облекол најужасниот фустан кој успеал да го најде. И да, изгледот го зачинил со високи розови чорапи.rnrn2-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mkrnrnИако фустанот на Делејни може да изгледа дека не е соодветен за приликата, приказната позади тоа сосема добро го објаснува неговиот избор. Сите кои присуствувале на погребот знаеле за ветувањето кое Делејни му го дал на Елиот, па не го осудувале, туку напротив биле емотивно соборени од она што тој го направил во име на цврстото пријателство.rnrn3-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mkrnrnКолку тажно оддавање почит. Не може да не се воодушевите на исполнителноста на Делејни. Војникот Елиот направил голема жртва, па што е губењето на малку достоинство во споредба со тоа?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 неопходни нешта за совршено викенд патување

    9 неопходни нешта за совршено викенд патување

    Автор: Софија СионоваrnrnВикендот е одличен период за да исчезнете од бучавата и нервозите на место каде што би можеле да се опуштите. Но додека се стигне до летниот одмор и релаксирањето на плажа, за некои од нас има уште многу време. Затоа постојат малите викенд патувања. А пред да заминете, треба добро да ги спакувате сите потребни работи. Општо познат факт дека најлошиот дел од одморот е самото заминување, при што најмногу нѐ мачи старото познато прашање: „Што навистина треба да спакувам?“ Погледнете што сѐ би требало да се најде во куферот пред да заминете.rnrnWoman Trying To Close Overfilled Suitcase - Isolatedrn

    1. Обична црна маичка

    rnЦрната маичка е како кафе за вашиот гардеробер: најдобро е кога е црна, едноставна и без многу додатоци. Таа е важен дел од вашата облека, дури и кога временските услови не се најпогодни. Зошто црно? Затоа што во комбинација со правилните парчиња лесно можете да се извлечете без многу труд.rn

    2. „Бојфренд“ џинс

    rnВашите тесни фармерки искрено и не се најлесното парче за бројни комбинации. „Бојфренд“ џинсот се многу поповолна и подобра опција, а еве две причини зошто:rn

      rn011

    • Необични се.
    • rn011

    • Нивниот широк крој е многу поудобен при долги возења со авион, воз или во кола.
    • rn

    rn2-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    3. Сандали од кафеава кожа

    rnОдлични за секојдневни прошетки. Удобноста е на прво место, а и неутралната боја изгледа одлично со сѐ (дури и со еднобојната црна маица).rn

    4. Шешир

    rnПланирате да се изложувате на сонце? Не заборавајте го шеширот! Не само што ќе го заштити лицето од штетните зраци, туку и го разубавува изгледот.rnrn3-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    5. „Голи“ потпетици

    rnСпремни за вечерта! Не постои комбинација која шпиц штиклите во кожа боја не ја разубавуваат. Плус, од сите видови потпетици тие се најубави, затоа што ќе ве издолжат и ќе го истакнат вашето прекрасно КБФ (Што е КБФ? Прочитајте подолу.)rn

    6. Бел блејзер

    rnНишто не имплицира на летен шик како класичниот, струкиран бел блејзер. Наметнете го преку црната маичка со светло кафените потпетици и спремни сте за рефлекторите.rnrn4-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    7. Кратко бело фустанче (КБФ)

    rnСите знаеме за КЦФ (краткиот црн фустан), но тука е и краткото бело фустанче. Го истакнува чоколадниот тен кој тешко се добива, а за транзиција од дневен во ноќен изглед потребна е само промена на чевлите.rnrn5-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    8. Чанта со средна големина

    rnСупер за топлите летни денови. Одлична за носење на фотоапаратот, очилата за сонце како и џемперот (никогаш не се знае кога ќе залади).rn

    9. Плик чанта

    rnНема прилика каде што не се носи. Најубави се со забавен или графички принт за да додаде шаренило на монотоната комбинација.rnrn6-9 neophodni neshta za sovrsheno vikend patuvanje-kafepauza.mkrn

    Како да се спакувате?

    rn1. Запомнете дека сите работи кои ќе се најдат во куферот мораат да си одговараат меѓусебно за да можат лесно да се комбинираат. Помалку време покрај огледалото = повеќе време на плажа.rnrn2. На меките парчиња (тренерки, маички, џемпери) при пакување им треба помал простор, а на оние со погруби материјали (блејзери, фармерки, јакни) им треба повеќе место. За меките е подобро да се во долниот дел од куферот, завиткани во ролни, а погрубите здиплени во горниот. Така ќе имате повеќе исполнет простор, а и облеката нема да се изгужва.rnrn3. Најлесен начин за пакување на шапките е ставањето на предмети кои би спречиле нивно кршење. Најдобро место е во најдолниот дел од торбата. Над неа внимателно е најдобро да се стави меката облека околу рабовите на капата.rnrn4. Искористете го просторот во чевлите – балетанките и патиките имаат многу место кое што може да се искористи за чување на полнач за телефонот, чорапи, лакови за нокти, па дури и очила за сонце.rnrn5. Малите предмети како долната облека и пижамите можат да го пополнат празниот простор меѓу околу облеката.rnrn6. Блузите, фустаните и другите нежни парчиња облека треба да бидат на врвот од куферот.rnrn7. Избегнување на незгодни ситуации – при завршување на пакувањето ставете пластична кеса преку облеката и особено внимавајте да бидат покриени рабовите. Ако нешто се зафати кога го отворате вашиот куфер тоа ќе биде ќесата, а вашиот нежен фустан ќе биде целосно заштитен.rnrn8. Никако не заборавајте ги вашите креми за нега и маслата за сончање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.