Претпоставуваме дека подготвувањето за вечерното излегување најчесто ви претставува возбуда и волја за спремање и смислување интересни комбинации. Понекогаш едвај чекате да се организира некое излегување и конечно таму да можете да ги облечете вашите нови чевли кои сте ги купиле неодамна, а никако не се појавила прилика на која ќе можете да ги облечете. Но исто така, веруваме дека понекогаш подготовките за вечерното излегување ви задаваат главоболки, бидејќи веќе сè ви е досадено, сите веќе проверени комбинации сте ги облекле неколкупати, а и никако не ви се оди на некое место во тренд, бидејќи веќе знаете дека сите девојки таму ќе бидат облечени како по некое правило, исти од глава до пети. Малиот црн фустан е секогаш тука, тексас шорцеви и некоја блуза, залепени фармерки и кожна јакна… Па, и колку да се добри овие комбинации веќе се досадени. Сѐ е веќе видено, а вие сакате нешто интересно и потполно поразлично од останатите.rnrnЗатоа ние направивме мала селекција на интересни комбинации кои сигурно сте имале прилика да ги видите, но кога ќе се комбинираат на вистинскиот начин даваат една потполно нова димензија и ќе ви биде лесно да ги спојувате со останатите парчиња облека.rnrn
rnrnЦрниот комбинезон е секогаш добра замена за малиот црн фустан. Ако мислите дека нема ништо посексапилно од тесен фустан кој ја следи линијата на вашето тело и ги открива вашите нозе, грешите, бидејќи комбинезонот исто така може да изгледа секси и предизвикувачки, но само доколку знаете да го изберете вистинскиот модел и да го комбинирате на вистинскиот начин. За вечерно излегување изберете некој од елегантните материјали кој е украсен со чипка на деколтето. Исклучително тенките ленти изгледаат додатно секси, бидејќи ви ги откриваат рамената и дел од кожата на грбот. За да ја продолжите оваа предизвикувачка, а сепак елегантна приказна, облечете ефективни обувки во боја. Секако со високи потпетици.rnrn
rnrnДоколку се спремате за тотално танцување во клубот, а не знаете што да облечете за да се чувствувате слободно и неограничено, а сепак доволно предизвикувачки, тогаш за оваа прилика плетениот фустан е вистинскиот избор за вас. Она што е важно да го нагласиме е дека фустанот од трикотажа во овој случај треба да го сочинуваат тенки и свилени конци, за да ви биде пријатен во текот на целата ноќ. Доколку плетката е малку поретка, тогаш овој фустан може да биде малку провиден, што е додатен плус, односно под него би можеле да облечете некој тесен памучен фустан или подолга блуза, која на секси начин би се прогледувала под фустанот. Од обувки можете да изберете што било, но ние овој пат би ви предложиле кратки, кожни чизми, бидејќи даваат совршен контраст на полупровидниот фустан.rnrn
rnrnФармерките се секогаш пожелни и секогаш се вистински избор. Но, за ова да не биде уште една комбинација на фармерки и црно сако, тогаш изберете некој интересен крој на пантолони. На пример, ѕвонарките или пак оние со широки, а кратки ногавици, би биле одличен спој заедно со сако од плиш или некој поразличен материјал. Меѓутоа, во оваа тренди комбинација, главниот збор сепак го имаат моќните и ефективни обувки. Со добар пар обувки ќе направите моден исчекор и на тој начин класичната комбинација ќе ја направите модерна и шик. Сандалите од виолетов плиш со дебела потпетица ќе изгледаат фантастично во оваа комбинација и совршено ќе ја надополнат.rnrn
rnrnАко сепак сакате да облечете фустан за вечерното излегување, тогаш тој нека биде од поразличен и помодерен крој, од сите оние што сме ги виделе до сега. Изберете ги оние фустани од последната мода кои личат на ноќници. Направен е од сатен или свила, а украсен е со чипка, но вие ќе го носите на начин како тој да е памучен фустан за секој ден. Доколку го споите со секси обувки на висока потпетица со врвки, ќе добиете комплетна приказна за вечерно излегување. Но за да го разбиете очекувањето во комбинирањето на овој фустан, додадете широк кардиган во интересна боја, кој на почетокот само ќе ви ги прикрива рамената, а подоцна само „случајно“ ќе се слизне од нив. Има ли нешто попредизвикувачки од ова?rnrn
rnrnЗа вечерното излегување да биде вистинско во секоја смисла, потребно е да понесете и малку светки со себе. Комбинацијата од широко здолниште со висок струк и блуза со светки со тенки рамки е многу предизвикувачка иако не открива ништо. Всушност овој изглед носи една сосема нова димензија на елеганција и шик, кога го спојувате елегантното и модерното. Секако, и овде обувките играат важна улога, па потрудете се да изберете некои посебни и поразлични, во интересни бои и дизајни.rnrn
Tag: фустан
-

Заблескајте во полно светло: Интересни комбинации за вечерно излегување
-

Направете сами: Освежете го досадниот фустан со пердуви и ќе добиете парче облека од соништата
Сигурно ви е позната онаа ситуација каде што имате замислено совршен фустан за некоја многу важна прилика, но не можете да си го допуштите или уште полошо, не можете воопшто да го пронајдете освен на фотографиите во некое списание или на интернет. Веднаш да ви кажеме дека ве разбираме, но го знаеме и решението! Направете го сами! Секако, не мислиме сами да го скроите и сошиете фустанот, но ако е во прашање само некој детаљ, тогаш дефинитивно немате изговор да не се впуштите во еден од оние „направете сами“ проекти. Во продолжение ви откриваме како да го освежите досадниот фустан со помош на пердуви и да добиете фантастично дневно парче, идеално за посебни прилики.rnrn
rnСè што ви е потребно за оваа постапка е:
rn
- rn011
- Досаден фустан
- Пердуви – препорачуваме фабрички споено (можете да го најдете во секоја добро снабдена позаментерија или продавница со текстилни материјали)
- Игла и конец
- Машина за шиење
- Линијар
- Молив
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn1. Со игли одбележете ја линијата по која ќе ги ставите пердувите. Погрижете се растојанието од завршетокот на фустанот до иглите да не биде подолг од должината на пердувите, за да не се гледа работ.
rn
rn2. Наместете ги пердувите по должина на прободените игли.
rn
rn3. Па полека, користејќи машина за шиење и тенок конец, зашијте ги на материјалот од фустанот.
rn
rn4. Над првиот слој, на ист начин зашијте ги и останатите пердуви. Со ова ќе постигнете каскадни слоеви.
rn
rn5. Рабовите дополнително зацврстете ги со игла и конец.
rn
rn6. И тоа е тоа! Зашијте доволно слоеви со пердуви за вашиот фустан да изгледа онака како што отсекогаш сте посакувале.
rn

-

5 парчиња женска облека кои мажите сметаат дека се чудни
На момците многу нешта им се чудни – женската мода, шминка, диетите… На кратко, жените во целост. Понекогаш се во состојба само да нè гледаат и да се чудат што сè можеме да носиме, а што не. За малку да ве забавуваме, откривме кои парчиња женска облека (и еден вид обувки) се чудни за момците. Погледнете!rnrn
rn1. Бохо широк фустан
rnНим овој фустан им изгледа како мини шатор кој е закачен на нашите рамена. Но, тие не знаат дека овие фустани се хит во текот на целата година! Станува збор за опуштен изглед, кој можеме да го носиме секаде, а удобноста која ја обезбедува е неверојатна. Нема ништо да „виси“ од страна, струкот не се гледа, па не е важно која градба на тело ја имаме или дали сме качиле некој килограм. Ние ги обожаваме овие фустаните, без разлика на мислењето на мажите.rnrn
rn2. Маици и блузи со ролка
rnМомците се, како што и самите знаете, визуелни суштества кои сакаат да гледаат и да истражуваат сè, а особено телото на жената. А ние со ова парче облека им го одземаме погледот на она што најмногу го сакаат кај жените – клучната коска (или за некои – деколтето). Не им е јасно како не се гушиме од тој тесен материјал околу вратот и зошто едноставно не носиме шал на обична блуза. Се гледа дека не знаат ништо во врска со модните трендови… Ролката е едно од омилените дневни парчиња на секоја жена, особено во текот на есента и зимата.rnrn
rn3. „Машки“ фармерки
rnАко модата се дели на машка и женска, зошто тогаш девојките имаат тенденција да носат машка облека? Најпрво, машки поткошули, па кошули, а сега и фармерки… До душа, скроени за девојки. На нив особено не им се допаѓа тоа што кога ќе облечеме ваков вид фармерки нашите облини, т.е. задникот не доаѓаат до израз. Притоа ним им изгледа како да носиме голема пелена. Ех, кога само би знаеле колку се удобни и колку многу ги сакаме, особено кога ќе ги соблечеме тесните фармерки или здолништето. rnrn
rn4. Комбинезон
rnДали го носиме затоа што нè мрзи да избереме панталони и блуза или е нешто друго во прашање? За мажите, првенствено тоа е падобранско одело кое модата го преработила во свечено парче. Според нив, ние сме луди кога ќе облечеме еден секси, црн комбинезон. И полесно е да облечеме комбинезон, отколку да избираме половина час што ќе ни се совпаѓа со новите панталони. Но, на кого му е грижа за тоа… rnrn
rn5. Обувки со платформа
rnПостојат два вида женски обувки – рамни и со висока потпетица, помеѓу не постои. Бар за момците, кои секојпат се запрашуваат што носиме на нозете, кога обуваме сандали на платформа. Дефинитивно мора да им објасниме зошто сакаме да ги носиме – бидејќи се многу поудобни од високите потпетици, а ја издолжуваат фигурата.rnrn

-

Најголемите модни икони во литературните дела
Модата во литературата е честопати симбол на краткотрајноста. Сепак, неретко се случува одреден моден елемент да има своја приказна. Сетете се на стаклената чевличка на Пепелашка или розовото одело на г-дин Гетсби. Во продолжение прочитајте кои се 5-те најзначајни модни икони од книжевниот свет во чија инспирација се пронаоѓа секоја современа жена.rnrn
rn1. Лејди Брет Ешли, „Сонцето повторно се раѓа“ – Ернест Хемингвеј
rnДваесеттите години на минатиот век беа период во кој многу модни слободи ја почувствуваа светлоста на денот. Сепак, во романот „Сонцето повторно се раѓа“, Лејди Брет Ешли оди чекор понатаму, поместувајќи ги не само модните, туку и општествените граници. Таа плени со својот шарм, самодоверба и „проклето добро изгледа“, што е воедно и најголемиот комплимент кој Хемингвеј, инаку скржав на зборови, некогаш го упатил кон една жена.rnrn
rn„Брет беше безочно допадлива. Имаше на себе плетен џемпер и здолниште од твид, а косата ѝ беше исчешлана наназад како на момче. Сѐ тоа таа го лансираше. Беше заградена во линии како од тркачките јахти, а во волнениот џемпер ништо не беше скриено од погледот.“
rn
2. Холи Голајтли, „Појадок кај Тифани“ – Труман Капоте
rnДали е воопшто потребно да се нагласи значењето кое малиот црн фустан го има во модниот свет? Кога Одри Хепберн во првите сцени на култниот филм „Појадок кај Тифани“ стои пред излогот на бутикот на Петтата авенија е моментот кога филмот фрла сенка на истоимениот роман и кога малиот црн фустан станува најпосакуваниот предмет помеѓу модните познавачи.rnrn
rn„Вечерта беше топла, безмалку летна, и таа беше во лесен и тесен црн фустан и црни сандали, а околу вратот имаше низи бисери. И покрај целата нејзина елегантна виткост, таа изгледаше здраво, како од реклама за утрински зобни житарки, даваше впечаток на чистота која се постигнува со сапун и лимон, а образите ѝ беа темно румени. Имаше голема уста и напрчен нос. Темните очила ѝ го сокриваа лицето. Тоа беше лице на личност која повеќе не е дете, но сѐ уште не е жена. Што се однесува до нејзините години, можно е да имаше помеѓу 16 и 60. Подоцна излезе дека тогаш од 19-тиот роденден ја делеле само уште два месеци.“
rn
3. Скарлет О’Хара, „Одвеени со виорот“ – Маргарет Мичер
rnНе мора да ја сакате Скарлет О’Хара, но не можете да останете рамнодушни и имуни на нејзината снаодливост. Во моментите кога целиот нејзин свет се наоѓа пред распаѓање, таа шие бело-зелен цветен фустан за да го одржи привидот на финансиска стабилност и така придобива и повеќе од потребната сума пари на заем. Освен тенкиот струк, оваа литературна хероина може да се пофали и со иновативноста, што е и една од најважните карактеристики на една модна икона.rnrn
rn„Појди во поткровјето и те молам донеси ја мојата кутија со кројки за фустани, драга Мами. Сакам да направам нов фустан.“
rn
4. Естер Гринвуд, „Стаклено ѕвоно“ – Силвија Плат
rnМалиот црн фустан на Естер Гринвуд, алтер егото на Силвија Плат, можеби не е толку познат како оној на Холи Голајтли, но е подеднакво важен. Тој ѝ овозможува да балансира помеѓу два света, надворешниот во кој не се пронаоѓа и внатрешниот.rn
„Носев фустан од црн шантунг кој ме чинеше 40 долари. Беше дел од куповната треска која ја изведов со дел од парите од стипендијата кога слушнав дека сум една од среќничките кои ќе одат во Њујорк. Тој фустан беше толку чудно кроен, што под него не можев да носам никакво елече, но тоа не беше толку важно бидејќи бев слаба како момче и немав скоро никакви облини, а сакав во врелите ноќи да се чувствувам скоро гола.“
rn
5. Г-ѓа Хавишам, „Големите очекувања“ – Чарлс Дикенс
rnГоспоѓата Хавишам, жената која едната чевла секогаш ја чува на масата, а венчаницата не ја вади од себе откако во младоста е оставена пред олтарот, се вбројува во најтрагичните ликови на Дикенс, но исто така може да се смета и за една од најголемите модни икони.rnrn
rn„Беше облечена во бел, скапоцен фустан од сатен, чипка и свила. И чевлите ѝ беа бели. Од главата ѝ се спушташе долг бел превез, а во косата имаше наместено цвеќе како кај невестите, само што и косата ѝ беше бела. На вратот и на рацете ѝ блескаа сјајни драги камења, а други светкави работи беа расфрлани по масата. Насекаде лежеа фустани, помалку раскошни, и до пола полни ковчези. Ја немаше довршено тоалетата. Имаше само една чевла, а другата стоеше на масичката, на дофат на рацете.“
-

5 модни комбинации со чизми над колена
Кратки, со средна должина, долги, над колена… Има толку многу модели на чизми и секој е совршен на свој начин. Девојките обично избираат кои модели ќе ги носат во зависност од нивната телесна градба, па така владее мислењето дека кратките чизми не стојат добро на девојките со кратки нозе, а дека долгите чизми ги издолжуваат. Сепак, овие мислења често се соборуваат бидејќи сѐ зависи од моделот и начинот на комбинирање.rnrn
rnrnАко ви се допаѓаат чизмите над колена, еве неколку предлози како да ги носите.rn1. Со туника
rn
rnrnТуниките одлично изгледаат во комбинација со чизмите над колена поради нивната совршена должина. Можете да додадете и пар хеланки или хулахопки со интересен дизајн и ќе имате подготвен финален изглед. На пример, можете да се облечете во црно, да ставите чизми над колена во друга боја и да дополните со долг капут или јакна. Ова е одлична идеја за професионален, а модерен изглед на работното место.rn2. Со кожна јакна
rn
rnrnКожната јакна и чизмите над колена се едни од најдобрите комбинации. Во зависност од остатокот на облеката, можете да изгледате свечено и секси или модерно и опуштено.rn3. Со фармерки
rn
rnrnЧизмите над колена добро стојат и со фармерките. Нозете изгледаат визуелно подолги, а целиот изглед никогаш не излегува од мода. Додадете во оваа безвременска комбинација и некоја едноставна кошула, шешир или интересна торба и ќе бидете вистинска дама.rn4. Со фустан
rn
rnrnЗа едноставна дневна варијанта одлучете се за вашиот омилен пар чизми над колена во комбинација со минималистички фустан. За да го направите вашиот изглед повпечатлив додадете и поексцентричен моден додаток.rn5. Со здолниште
rn
rnrnАко не знаете што да облечете за прошетка или кафе со пријателите, секогаш е добра идеја да комбинирате чизми над колена и мини здолниште. Додадете еднобојна ролка, јакна и очила за сонце и ќе добиете изглед кој е во тренд и што е уште поважно, изглед во кој ќе се чувствувате удобно. -

Најдобар модел на обувки за секоја должина на здолниште или фустан
Здолништата и фустаните се дневни парчиња кои сакаме да ги носиме во секоја годишна доба и да ги комбинираме на најкреативни начини. Модниот свет нуди голем избор на модели, а клучот на добриот изглед лежи во нивното правилно комбинирање со останатите дневни парчиња, особено со обувките. Секој крој, поточно самата должина на здолништето бара одредени модели на обувки, кои доколку соодветно ги одберете, ќе изгледате како девојка од милион долари, но доколку погрешите, лесно можете да го уништите ефектот кој сте сакале да го постигнете. Погледнете го нашиот мал моден водич и дознајте кој тип обувки одговараат со различните должини на здолништа и фустани.rnrn
rn1. Мини здолништа и здолништа до половина бутини
rnСо оваа должина на здолниште одговара скоро секој модел на обувки, но најдобриот ефект ќе го постигнете со рамните и плитки модели, како летните сандали и балетанки. Во зимскиот период можете да носите длабоки чизми, но исто така и чизми над колена. Чизмите до глуждовите и оние до половина од листовите се резервирани исклучиво за девојките со долги нозе. Штиклите, исто така, не се исклучени, но треба да знаете дека носат опасност од евтин и премногу вулгарен изглед.rnrn
rn2. Здолништа до колена
rnМоделите до колена можат да изгледаат добро со рамни и со обувки на висока пета. Сепак, ако имате полна градба, одлучете се за високи потпетици. Чизмите до и преку колената се, и тоа како, посакувани во зимскиот период, но оние чизми до глуждовите би требало да ги избегнувате, бидејќи во комбинација со ова здолниште ги скратуваат нозете.rnrn
rn3. Веднаш под колената
rnОваа должина на здолништата бара ИСКЛУЧИВО обувки со висока потпетица, бидејќи во рамните обувки ќе изгледате смешно и чудно. Комбинацијата на здолниште со должина под колената и рамни обувки визуелно ќе ја скратат вашата фигура. Без разлика дали станува збор за сандали, чевли или чизми, најважно е да имаат висока потпетица. Исто така би требало да ги избегнувате и полудлабоките чизми, како и чизмите до глуждови, без разлика дали имаат висока потпетица, бидејќи тие ќе го скратат изгледот на вашите нозе.rnrn
rn4. Миди здолништа
rnМиди должината на здолништа подразбира модел кој доаѓа некаде до средината на листовите. Како и претходната должина на здолништа, така и овие носат опасност од визуелно скратување на фигурата, па и за нив се препорачува да се комбинираат со обувки со висока потпетица. Сепак, ако имате витка фигура и долги нозе можете да ги носите и со рамни обувки.rnrn
rn5. Макси здолништа
rnБидејќи овие здолништа во целост ги прекриваат нозете, па обувките не се гледаат, можете да ги носите со рамни, но и со обувки на платформа. Штиклите не се неопходни, бидејќи во суштина нема да се гледаат, а реално тие се и најмалку удобни од сите останати модели.rnrn

-

Кој би помислил дека би можеле да ги научиме овие стилски лекции од Ким Кардашијан?
Ким во последните неколку години се обидуваше да создаде стил по кој ќе биде препознатлива. Со сигурност можеме да кажеме дека таа е позната по својот секси изглед, но ние овој пат се одлучивме да го тргнеме тоа настрана и откривме супер практични модни совети за секојдневниот живот. Не мора да бидете љубител на фустаните од латекс за да го следите нејзиниот стил. Постојат многу корисни лекции кои можеме да ги научиме од Ким и нејзините елегантни изданија.rnrn
rn1. Кожната јакна е секогаш супер идеја
rnКожната јакна може да ја ставите на рамената, исто како Ким Кардашијан, и на тој начин да го заокружите вашиот стил. Црната боја во слоеви создава одличен микс на софистицираност и удобност.rnrn
rn2. Високи потпетици со наједноставни комбинации
rnПретворете ја најобичната комбинација – фармерки и бела блуза – во нешто предобро, со подигање на пар високи потпетици. Со ова ќе постигнете поатрактивен изглед.rnrn
rn3. Не плашете се од кроп-топот
rnИако нема димензии на модел, Ким не се плаши да носи кроп-топ, a може да видиме и зошто. Суптилното откривање на стомакот дава доволна количина секси изглед кога е комбинирано со секојдневно праче со висок струк.rnrn
rn4. Одело кое предизвикува повеќе од фустан
rnНе двоумете се да ги следите машките трендови. Елегантно, струкирано одело е одличен избор за свечени прилики.rnrn
rn5. Патиките со хеланки се потполно прифатлива комбинација
rnСпортската облека не мора да служи само за на тренинг. Кул аксесоарите, како што се очилата за сонце и мини чантата, може спортскиот изглед да го претворат во опуштена варијанта за секојдневни прилики.rnrn
rn6. Додајте накит
rnСекоја добра комбинација има помош од накитот и аксесоарите. Не потценувајте ја моќта на ѓерданите и алките, кои ќе ја надополнат секоја секојдневна комбинација.rnrn
rn7. Комбинирајте различни принтови
rnПознато е дека мешањето на принтовите може да изгледа застрашувачки, но во вистинската мерка, тоа е одличен начин за промовирање на сопствениот стил. Играњето со бои и различни дезени може да го комплетира изгледот.rnrn
rn8. Неутралното не значи дека е досадно
rnОвој антилопски фустан можеби не „боде“ директно во очи, но богатата текстура и романтичниот изглед кај градите ќе направи да биде вреден за паметење. Истакнете ги вашиот тен и косата, во нежни неутрални бои, исто како Ким.rnrn
rn9. Освежете го фустанот
rnИмате омилен фустан, но толку многу често го носевте, што ви стана досаден? Не грижете се и послушајте го советот на Ким. Додајте впечатлив каиш или елек, и веќе го освеживте фустанот и направивте нов.rnrn
rn10. Секси и софистицирана во исто време
rnСекси фустаните и здолништата залепени за телото, истовремено може да изгледаат многу елегантно и суфистицирано, со додавање на едно секојдневно парче врз нив. Долг елек, капут или мантил – ова се парчињата кои имаат одлична улога во овие комбинации.rnrn

-

Не се срамете од вашето тело: 9 модни совети и ризици за девојките со облини
Природата ве надарила со облини, а чувствувате дека во продавниците преовладува облека само за слабите девојки, па честопати не знаете што да облечете. Познатиот модел со облини Ешли Грахам открива неколку одлични совети за сите девојки кои немаат градба како манекенките од Викторија Сикрет.rnrn
rn1. Одбирајте долна облека која ви одговара
rnКвалитетната долна облека која е токму по ваша мерка е клучна за добар изглед и добро држење на телото. „Одличниот градник е клучен за секси изглед, а ако ѕирка од облеката, ќе се чувствувате уште позаводливо“ – вели таа.rn
2. Срушете ги модните правила
rnСпоред модните правила, жените кои имаат облини не би требало да носат бела облека затоа што визуелно ги проширува, но Ешли не се сложува со тоа. Носете бои кои сметате дека не би ви стоеле. Мудро комбинирајте и не се плашете. Нека чипкастата кошула или корсетот ѕирка од блузата. Преземете моден ризик.rnrn

rn3. Игнорирајте го целулитот
rnИако целулитот не е баш најпријатното нешто за гледање на женското тело, факт е дека сите го имаме и ќе го имаме и во иднина. Дури и познатите го имаат. „Отсекогаш ми зборуваа дека не смеам да носам свила затоа што ми се познава целулитот, а јас пак цело време не излегувам од свила.“rn
4. Не мора секогаш да носите облека припиена за телото
rnБез разлика на сѐ, девојките со облини одлично изгледаат во поширока облека која не ја следи линијата на телото. Единствено мора да внимавате на балансот – широка блуза со тесно здолниште и обратно.rnrn

rn5. Не се откажувајте од кроп топовите
rnТие сепак го нагласуваат вашиот струк и ви даваат форма на песочен часовник.rn
6. Фармерките ви се најдобри пријатели
rnШто ќе ви го нагласи задникот подобро од фармерките?! Воопшто и да не зборуваме за оние со висок струк.rnrn
rn7. V-израз
rnЗа девојките со побујни гради маичките со V-израз се одличен избор. Ќе изгледате повитко и попропорционално.rn
8. Нагласете го струкот
rnФустаните кои го нагласуваат струкот се супер начин да го балансирате изгледот.rnrn
rn9. Експериментирајте
rnНајчесто, жените со облини се плашат да експериментираат со својот изглед поради вишокот килограми. Во најголем број од случаите, се држат до одредени бои –црната, кои мислат дека ги прават послаби и се држат до кроевите на кои се навикнати. Многу ретко излегуваат од комфорната зона поради недостаток на самодоверба.rnrnПри следниот шопинг, влезете во продавница во која вообичаено не би влегле и не се грижете за злобните погледи на продавачките кои велат „Ти сигурно нема да влезеш во тоа.“ Уживајте во убавините на своето тело и носете убава облека. Не значи дека ако имате вишок килограми не можете да изгледате убаво.
-

2 трика со чија помош ќе изгледате послабо и поженствено во фустан
Скоро секоја жена има нешто што би сакала да го промени на себе, а најголемите проблеми се кријат зад вишокот килограми. Но, секогаш постојат начини на кои можете да изгледате поелегантно и поубаво, притоа подигнувајќи ја вашата самодоверба.rnrn
rnrnПоложбата и држењето на телото во секунда може да направи да изгледате поелегантно и поженствено. Исто како и вашиот став. Не станува збор за инстант рецепти за слабеење, туку за мали промени со огромно значење кои можат визуелно да го трансформираат вашето тело. Па, доколку планирате наскоро да го облечете вашиот омилен фустан за некоја елегантна прилика, придржувајте се до следниве правила кои доколку ви станат навика, можат да бидат од клучно значење за вас.rn1. Виснати гради
rnЗа градите кои веќе не стојат како некогаш, најдоброто решение е соодветниот градник. Исто така, држењето, односно положбата на телото може да допринесе многу за визуелниот пуш-ап ефект. Виснатите гради дополнително се нагласуваат со спуштените рамена кон напред, правејќи ве да изгледате и подгрбавено.rnrnРешение: Секо пат кога сте во можност исправете го ‘рбетот, спуштете ги рамената и турнете ги кон назад, издолжете го вратот и подигнете ја брадата. Задржете ја оваа положба што подолго можете, а потоа опуштете се и повторете.rn
2. Нагласен стомак
rnМасното ткиво на стомакот не може да исчезне преку ноќ, но со соодветно избраната долна облека за обликување на телото може лесно да се камуфлира. Исто така имајте на ум дека и во овој случај положбата и држењето на телото можат многу да ви помогнат. Причината за нагласениот стомак кај жените кои немаат проблеми со вишок килограми лежи во позицијата на колковите и карлицата кои се исфрлени кон напред. Со цел да се справите со овој вид деформација, потребно е да издвоите малку време за едноставна вежба.rnrnРешение: Клекнете на едно колено, а другата нога потпрете ја на стапалото, како да застанувате во положба за запросување. Исправете го грбот и започнете да ја туркате карлицата кон напред колку што можете повеќе. Задржете ја положбата 30-тина секунди и потоа опуштете се. Повторете ја постапката неколку пати со двете нозе.rnrnИнстант решението се крие во вашиот задник. Секој пат кога стоите исправено, израмнете ги рамената и ‘рбетот и туркајте го задникот кон напред. Можеби ќе се чувствувате необично, но вашиот стомак веднаш ќе почне да изгледа порамно, а вие поженствено.
-

9 лесни замени на старите парчиња за вашата облека да биде потренди
Ако барате лесен начин вашата облека да изгледа потрендовски, одлична идеја е да ги замените старите парчиња со нови. Секое парче има своја соодветна замена, што ќе ви овозможи да не останете со празен плакар ако решите да направите „генералка“ за да би се ослободиле од сè што не е во мода. Кои парчиња треба да ги замените со нови? Погледнете.rnrn
rn1. Досадните апостолки заменете ги со тренди гладијаторки
rnЛетото е период на нови промени, па досадните апостолки заменете ги со некој интересен пар гладијаторки. Тие одлично изгледаат со макси фустан или здолниште со шлиц, со кои било шорцеви и маичка и со летни фустанчиња.rn
2. Класичните „цевка“ фармерки заменете ги со ѕвонарки
rnЅвонарките повторно се во мода. Тие одлично стојат на секое тело, нагласувајќи ги облините и задникот и криејќи ги широките листови. Прелесно се комбинираат со какви било маички, а особено добро изгледаат со кроп топови.rn
3. Обичните балетанки заменете ги со балетанки на врзување
rnБалетанките на врзување се многу практичен тренд кој многу лесно можете да го инкорпорирате во вашите дневни и вечерни комбинации. Изгледаат апсолутно прекрасно со какво било здолниште, но најдобро со оние со глог форма. А тука некаде се и летните фустанчиња.rn
4. Впечатливиот ѓердан заменете го со ланче уз врат
rnМодата од 90-тите претставува одлична стилска инспирација за оваа сезона. Ако ви се допаѓаат гранџ вибрациите и целата таа ера, тогаш ланчињата уз врат ќе ви бидат полн погодок за оваа сезона. Дури можете и сами да си направите.rn
5. Монотоните потпетици заменете ги со полни пети со шик платформи
rnСекако дека има разлика во комфорот, но платформите оддаваат летни вибрации и го освежуваат изгледот. Кога носите фустан, изгледаат предобро и одлично ги издолжуваат нозете. Може да се носат со апсолутно сѐ: од кратки шорцеви и маичка, до фармерки и кошула. Тие се прелесни за комбинирање.rnrnСовет плус: Дрвените платформи се особено модерни оваа сезона.rn
6. Славниот кроп топ заменете гo со интересно боди
rnСлавата на кроп топовите полека им завршува, а бодито станува модерно. Најдоброто во оваа замена е тоа што ако носите боди, половината никогаш нема да ви биде гола, што не беше случајот со кроп топовите. Нивните интересни дезени и мотиви веднаш ќе ве инспирираат да си набавите боди што е можно побрзо.rn
7. Припиениот фустан заменете го со слип фустан
rnКажете им збогум на припиените фустани во кои не можете да земете воздух и посакајте им добредојде на удобните слип фустани. Најчесто изработени од пријатни материјали како шифон и свила, нивниот комфор веднаш ќе ве обземе. Изгледаат подеднакво добро и со балетанки, но и со високи потпетици. Важно е да внимавате на деталите, бидејќи клучот на ова парче е во нежноста.rn
8. Обичното бикини заменете го со бикини со висок струк
rnУште една модна инспирација на оваа сезона се 50-тите години на минатиот век. Бикинито со висок струк ќе ви ги прикрие проблематичните делови и ќе ви даде женствен изглед акцентирајќи ги сите атрибути од женската силуета.rn
9. Кожната чанта заменете ја со што било од превртена кожа
rnПревртената кожа не е само за поладниот дел од годината. Заменете го скајот со какво било парче од превртена кожа во текот на летните месеци за апсолутен моден погодок. Супер идеја се кошулите, здолништата, а зошто да не и чантата?rnrnСовет плус: Уште подобро ако е во некоја силна боја како кралска сина или портокалова.rnrn





























