Ако ги прашате светските дизајнери како изгледа идеалниот фустан за есента, тогаш тие најверојатно би ви одговориле дека станува збор за огнено црвена боја од нежен материјал, со миди должина и интересно деколте. Но, дали може да се најде ваков фустан во реалноста?rnrn
rnrnМодната куќа Гучи се погрижила да создаде токму ваков модел фустан, што ќе биде достапен на пошироката јавност и со оглед на тоа што завршил на насловните од списанието слободно можеме да кажеме дека направиле полн погодок.rnrn
rnrnУредниците на списанијата се воодушевени од креацијата на Александра Мијкл, креативниот директор во Гучи, па постојано ја облекуваат на своите манекенки. Дури и големи имиња како Џиџи Хадид, Кендал Џенер и Емили Ратајковски го одбрале токму овој фустан за насловните страници на списанијата како Вог и Гламур. Ви се допаѓа?rnrn
Tag: фустан
-

Најпопуларниот фустан за оваа есен: Ви се допаѓа?
-

За беспрекорен и елегантен изглед: Модни совети и предлози за посебни прилики
Посебните прилики, односно, оние прилики во кои сакаме да изгледаме многу убаво честопати знаат да ни зададат главоболки. Не знаеме што да облечеме, ниту пак како да ја направиме соодветната фризура. Затоа денес, со вас споделуваме неколку совети и предлози кои ќе ви помогнат успешно да се справите со ваквите ситуации.rnrn
rnrnОдберете фустан кој нема да го има баш секој. Можете и да го сошиете. Сами изберете ги деталите и должината спрема вашата градба. Бојата на фустанот нека биде ведра како и прославата на која ќе присуствувате.rnrnСекогаш обидувајте се да го истакнете она што го сметате за најубаво на вас, а да го сокриете она што е најмалку убаво. Не стои на секого тесен, широк или краток фустан.rnrnКога ќе откриете еден дел од телото, задолжително сокријте го остатокот за да направите совршен баланс.rnrn
rnrnВо високи потпетици вашите нозе ќе изгледаат многу подолго. Меѓутоа, водете сметка за тоа колку ви е удобно. Обувките со платформа не се најелегантната варијанта, но секако се поудобни за носење. Исто така избирајте модели во неутрални бои кои нема да привлечат преголемо внимание на стапалата.rnrn
rnrnФризурата нека биде лежерна, така што благо ќе ги навиткате и соберете прамените околу лицето во мала пунџа која ќе стои на врвот од главата. Најважно е ништо да не биде премногу затегнато и тешко. Оваа фризура многу лесно ќе можете да ја направите и сами.rnrn
rnrnСе надеваме дека ви се допаднаа овие совети и предлози и дека наредниот пат ќе бидете покреативни кога е во прашање изборот на модни комбинации за посебни прилики. -

Артистка потопила фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!
Мртво Море е познато како едно од најсолените места на Земјата со најниска надморска височина, па затоа не е ни чудно што редовно е домаќин на голем број туристи.rnrn
rnrnВо 2014 година, цели два месеца, ова езеро било домаќин и на еден фустан потопен во неговите води од страна на израелската артистка Сигалит Ландау.rnrn
rnrnФустанот влегол во езерото целосно црн, но за два месеца магично се трансформирал во фустан од бајките, целиот покриен со бела кристализирана сол.rnrn
rnrnЛандау соработувала со фотографот Јотам Фром за да ја овековечи трансформацијата на фустанот преку неверојатни фотографии. Фотографиите се моментално изложени во галеријата „Marlborough Contemporary“ во Лондон под името „Солена невеста“.rnrn
rnrnНа Ландау не ѝ е прв пат да го искористи Мртвото Море за уметнички цели. Имено, таа досега има „посолено“ чевли, знамиња, па дури и виолина.rnrn
rnrnСпоред галеријата, овој проект бил инспириран од „Дибукот“, претстава напишана на јидиш помеѓу 1913 и 1916 година во која се работи за млада невеста опседната од зол дух, поради што врз неа бил извршен егзорцизам.rnrn
rnrnФустанот, кој бил креиран според традиционалниот фустан на ликот на невестата, се претворил во нешто сосема различно. Претставник од лондонската галерија објаснил дека со текот на времето, алхемијата на Мртвото Море го претворила обичното парче облека од симбол кој асоцира на смрт и лудило во прекрасен невестински фустан.rnrn
rnrnОвие фотографии се доказ дека се работи за навистина неверојатна трансформација која се случила благодарение на досетливоста и креативноста на оваа талентиран артистка.rnrn
-

Есенски комбинации: 6 идеи за носење фустан преку пантолони
Фустанот преку пантолони е резервиран за храбрите и модерни жени. Меѓутоа, воопшто не е лесно да се носат такви комбинации, а тие да изгледаат шик. Затоа, со вас споделуваме 6 идеи со кои ќе можете да ги вклопите пантолоните и фустаните, и на тој начин да бидете подготвени за преминот од една во друга сезона.rnrn
rnrn1. Лесен фустан на прерамки, тесни фармерки и задолжителниот појас создаваат складна комбинација. Играњето со боите во овој случај воопшто не е потребно и сосема е во ред доколку фустанот е во една боја, а сè останато во друга.rnrn2. Доколку во оваа сезона не сте носеле комбинезон преку бела, памучна блуза, тогаш воопшто не сте ги следеле модните трендови. Кога ќе пристигне есента и понатаму ќе можете да го носите истото, а под фустанот облечете фармерки и кратки чизмички.rnrn
rnrn3. Фустанот кој е благо проѕирен е идеален за ваквите комбинации. Воопшто не ви е потребно здолниште под него, туку добри фармерки кои се со иста должина како и фустанот. Доста лежерно и со стил.rnrn4. Затворен, црн, свилен фустан асоцира на софистицираност. Немојте да го комбинирате со фармерки, туку изберете пантолони и тоа, широки. Кај оваа комбинација бидете внимателни и добро проценете дали тој волумен ви прилега. Доколку не, секогаш можете да облечете потесни пантолони и да добиете класична комбинација со подолга туника.rnrn
rnrn5. Веселиот фустан со карнери одлично се вклопува со пантолоните или фармерките со ѕвончести ногавици. Лакираните обувки со рамна потпетица и каишот околу зглобовите совршено ќе ја надополнат оваа комбинација. Под фустанот можете да облечете бела блуза и на тој начин лежерниот , летен фустан да го претворите во сјајна туника.rnrn6. Затворениот, долг, бел фустан може да делува прилично здодевно. Поради тоа е важно моделот да има шлиц низ кој ќе се гледаат фармерките и кои ќе изгледаат поинтересно од голата нога. Обувките и чантата одберете ги во контрастна боја од фустанот, а сината боја на фармерките ќе даде една посебна, лежерна нота.rnrn
-

Какво деколте би требало да изберете според градбата на вашето тело?
Можеби не знаевте, но деколтето од вашата блуза, фустан или маица и тоа како може да влијае на изгледот на вашата фигура. Секоја од нас има различна градба на тело, односно некоја има големи, а некоја мали гради или пак некоја широки, а некоја потесни рамена. Затоа, важно е целиот наш изглед да биде добро „спакуван“ за да изгледаме најдобро што можеме. Пронајдете ја вашата градба на тело и откријте какво деколте би требало да носите.rnrn
rn1. Големи гради
rnВие не мора да ги криете вашите гради, но сепак мора да се потрудите да не откривате премногу. Округлото деколте е најдобар избор за вас, но и лесните материјали кои визуелно нема да направат вашите гради да изгледаат онака како што не сакате. Ова форма ќе го направи вашето деколте секси, но во умрена мера.rn
2. Мали гради
rnНа секоја девојка која има мали гради ѝ е неопходно деколте кое визуелно ќе ги зголеми. Одлучете се отворено деколте во комбинација со шал, односно панделка која се врзува, а најдобро би било да биде во „V“ израз. Исто така, во комбинација со соодветен градник, сè ќе биде на свое место.rnrn
rn3. Широки рамена
rnДоколку вашите рамена се широки или сте доста спортски градени, потребно е нешто што ќе ви даде нежен изглед во горниот дел. Ваш прв избор треба да бидат блузи, кошули и фустани со петелки и потрудете се првите 2-3 петелки да ви бидат откопчани. Овие модели убаво ќе стојат на вашите рамена, но и на целото торзо, сè до струкот додека вниманието ќе биде насочено кон самото деколте и на тој начин ќе го оттргнете од оние делови кои визуелно сакате да ги прекриете.rn
4. Тесни рамена
rnДоста тесните рамена ќе изгледаат рамномерно доколку облечете блуза која е засечена во пределот на рамениците за визуелно да ги проширите. Деколте воопшто не мора ни да имате. Значи, поентата е што повеќе да ги покажете рамената и сè останато ќе изгледа одлично.rnrn
rn5. Подебели раце и надлактици
rnЗа вас идеално би било да носите блузи, маици и фустани со кратки ракави, но без да го прикривате деколтето. Одберете дискретен „V“ израз или некоја необична форма. Најважно е целото внимание да го насочите кон средишниот дел и ефектот ќе биде и повеќе од одличен.rnrn

-

Освежете го вашиот стил со овој детаљ: 12 одлични начини да ја носите марамата ова лето
Доколку имате голема, интересна марама и малку идеи како да ја носите, тогаш можеби ќе ви изненади податокот дека постојат многу креативни начини за нејзино комбинирање. Затоа одлучивме да ви предложиме 12 интересни начини на кои можете да ја вклучите марамата во вашиот стил и со тоа да го освежите вашиот изглед ова лето.rnrn
rnrn1. Замотајте ја марамата околу телото и врзете ги краевите околу вратот. На овој начин можете да одите на плажа, но и на прошетка. Најдобро е да облечете интересни кломпи или рамни сандали.rnrn2. Наместо да ги врзете краевите околу вратот, заврзете ги на едното рамо. Овој фустан идеално одговара со штикли, па затоа во оваа комбинација можете да одите на вечера. Немојте да заборавите на каишот како важен аксесоар!rnrn
rnrn3. Интересно здолниште со длабок шлиц? Зошто да не! Горе облечете обична или спортска блуза, а на нозете некои интересни римјанки или гладијаторки.rnrn4. На ред е краткото здолниште, кое се прави доста едноставно така што ќе ја превиткате марамата на половина, ќе ја замотате околу половината и ќе ги вовлечете краевите во појасот. Ова здолниште одлично изгледа со високи потпетици. Горе облечете блуза и подготвени сте за излегување.rnrn
rnrn5. Горен топ се прави така што ќе ја наместите марамата околу горниот дел на телото, па горните и долните краеви ќе ги заврзете во јазол, исто како на фотографијата. Идеално ќе одговара со фармерки.rnrn6. Блуза на едно рамо се прави исто како претходната, само што овој пат горните краеви се врзуваат околу рамото, а долните на едната страна. Оваа блуза можете да ја носите и на работното место доколку со безопасна игла го споите пределот околу градите.rnrn
rnrn7. Од вашата марама можете да направите и туника. Сè што треба да направите е да ја врзете марамата така што целата страна каде што се наоѓа јазолот да ви биде отворена. Замислете го најдолгиот можен шлиц и тоа е она што ви е потребно. Под неа облечете бермуди или фармерки.rnrn8. Ова лето барем еднаш мора да носите турбан во пин ап стил. Сигурни сме дека ќе го обожавате!rnrn
rnrn9. Завиткајте ја марамата околу главата и ќе добиете украс кој е идеален за косата на која и е неопходно миење. Освен тоа, оваа широка лента за коса е доста шик аксесоар.rnrn10. Доколку сакате хипи стил, тогаш најверојатно веќе ја носите марамата на овој начин. Делот кој виси ставете го на едната страна или оставете го да паѓа на грбот. Ова истовремено изгледа отмено и лежерно.rnrn
rnrn11. Класичното врзување на марамата околу вратот не е резервирано само за зимските денови. Всушност, вака можете да ја носите марамата и во лето заедно со фустани, но и со обични, памучни блузи.rnrn12. Доколку ви е топло и не сакате ништо да ви стои околу вратот, а сакате некој интересен детаљ, тогаш повторно повикајте ја марамата на помош. Завиткајте ја и вкрстете ја на задната страна, а краевите оставете ги слободно да висат. Доста шик, зарем не?rnrn
-

Направете сами: Неодолив летен фустан од стара памучна блуза
Постојат премногу совети на темата: „Како да го преживеете летото и високите температури“. Но, доколку мораме да одбереме еден, кој е посветен на облекувањето, тогаш тоа секако би бил советот дека секогаш треба да избирате природни и лесни материјали. Сигурни сме дека веќе знаете кои материјали може да ве спасат од горештините, но доколку не го знаете одговорот, погледнете овде. Сепак, доколку сте барем малку вешти со машината за шиење, тогаш со сигурност ќе ви се допадне идејата што следи. Време е да создадете весел и разигран летен фустан и тоа за само 10-тина минути.rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Стара, памучна блуза (најдобро би било да има весел, летен принт, но не е задолжително)
- Памучен, растеглив материјал со димензии околу 130×70 сантиметри (најдобро е да ги одредите димензиите според вашата градба на тело, но и овде можете да се послужите со некоја поширока машка блуза.)
- Конец кој е во иста боја како материјалот
- Линијар
- Кројачка креда
- Игли
- Кројачки ножици
- Машина за шиење
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnФустанот изработете го на следниот начин:
rn1. Во зависност од тоа со колкава должина сакате да биде горниот дел од фустанот, на старата блуза, со помош на линијар и креда одбележете линија. Потоа, со ножиците исечете го тој дел.rnrn
rnrn2. Сега е на ред долниот дел!rnrnДоколку се служите со материјал, тогаш свиткајте го на половина, а потоа зашијте ја страната каде што е преклопот, така што да ви останат горен и долен отвор (како и кај секое останато здолниште).rnrnДоколку се послужите со друга стара блуза, тогаш исечете линија под ракавите, така што треба да ви остане правоаголник зашиен од страните, а отворен од горната и долна страна.rnrnБез разлика која варијанта ќе ја искористите, потребно е да оставите 2-3 сантиметри при долниот отвор, односно работ и да го зашиете, односно да направите пораб.rnrn
rnrn3. Потоа, провлечете го горниот низ долниот дел, така што со помош на иглите ќе можете да ги споите долниот отвор на блузата и горниот отвор од материјалот (или другата блуза). Водете сметка за тоа да наместите сè како што треба, односно страните да бидат паралелни.rnrnНа местото каде што сте ставиле игли, зашијте и вратете го горниот дел на своето место.rnrn
rnrnВашиот весел и разигран летен фустан е готов!rnrn
rnrnОвој фустан е идеален за на плажа, но исто така, можете да го облечете и за прошетка низ град, кафе со пријателките, односно секој пат кога ќе посакате да се чувствувате пријатно.rnrn
-

8 сјајни модни комбинации кои се идеални за дамите со облини
Драги дами со облини, на вас со сигурност ви завидуваат голем број жени, бидејќи сте женствени во вистинската смисла на зборот. Сè е на своето место, а гардеробата која ја носите треба да ви ласка. Доколку не сте сигурни кои комбинации би требало да ги носите оваа сезона, за да ја истакнете вашата женственост во вистинско светло, тогаш ние ви ги предложуваме следниве 8 модерни идеи.rnrn
rnrnБоди во комбинација со тесни фармерки ќе ги истакне вашите облини на вистинскиот начин. За да ја надополните оваа комбинација, изберете сандали со еден ремен кои ќе ја издолжат вашата фигура. Освен тоа, бодито е доста популарно парче за оваа сезона, а бидејќи вие имате извонредни облини и рамен стомак, воопшто не треба да ве загрижува тоа како ќе изгледа заедно со фармерките.rnrnФустанот кој се стеснува во струкот е идеален за вас, бидејќи вие веќе имате тесен струк. Овој модел на фустан е идеален за формални прилики, но и за на работа, па затоа ќе можете да си поиграте со неговата должина која најдобро би било да биде до под колената. Освен тоа, дизајните и боите не се ваши непријатели, па добро размислете во врска со нив.rnrn
rnrnКратките фустанчиња може да ви прилегаат одлично, но тие мора да бидат токму по ваша мерка. Доколку не можете да го пронајдете идеалното парче за вас, обратете се кај некоја кројачка, која не само што може да ви создаде ново парче, туку може да го преправи и она што сте го купиле, а има некои недостатоци.rnrnБелата боја не шири, а како идеална комбинација е изборот на бели панталони до зглобовите, салонки, боди блуза и секако, сако со рамно сечени линии. Сакото можете да го ставите преку рамената и ви гарантираме дека сите погледи ќе бидат свртени кон вас.rnrn
rnrnИсечокот на здолништето делува доста секси, а и самиот преклоп ѝ ласка на вашата фигура. Бојата на кајсија е идеална за летните денови, а немојте да заборавите и на високите потпетици кои ќе го надополнат вашиот изглед и ќе направат да изгледате прекрасно.rnrnЦелосно тесниот фустан, од друга страна пак, може да изгледа уште посекси доколку нема шлиц, деколте, а должината до е под колена. Можеби на прв поглед ви звучи доста сведено, но со вистинската боја на фустан кој ќе биде припиен за вашето тело и облини ќе привлечете повеќе внимание отколку што можете да замислите. Високите потпетици во беж боја и подигнатото опавче ќе ја издолжат вашата фигура.rnrn
rnrnКроп топовите може прекрасно да ви прилегаат доколку не покажувате премногу стомак. Не поради облините, туку поради тоа што изгледа префинето. Поиграјте си со начинот на врзување на кошулата и дизајните кога е истата во прашање. Заедно со здолништето со висок струк и соодветните сандали ќе добиете сјаен изглед.rnrnТуниката може да ве прелаже. Доколку ја носите без каиш, може да делувате доста крупно, додека со каиш, кој го истакнува вашиот струк, ќе изгледа сјајно. Не заборавајте, широката облека нема да направи да изгледате крупно доколку се послужите со соодветните детали.rnrn
-

Малите тајни зад совршената фигура: Идеални корсети за 7 различни парчиња облека
Можеби воопшто не сте ни размислувале дека со само неколку мали трикови и неколку минути можете целосно да ја дотерате вашата линија. Доколку се запрашувате како, уште веднаш ви откриеме дека станува збор за корсетите. Во продолжение погледнете кои видови корсети најдобро одговараат со одреден вид облека.rnrn
rn1. Пантолони со висок струк
rnЗа овој вид облека ќе ви биде потребен корсет кој досегнува скоро до градите. Со негова помош не треба да се грижите дали вашиот стомак „излегол“ над каишот, што често се случува кога се носат овој вид на пантолони.rnrn
rn2. Тесни фармерки
rnКорсетот со висок струк ќе го реши проблемот со „испаѓање“ на она што сакате да го сокриете во пределот на струкот и/или стомакот, но исто така, ниту вашата долна облека нема да се исцртува.rnrn
rn3. Фустани на преклоп
rnОвој модел на фустан стои добро на секоја градба на тело, но сепак, доколку сакате да изгледате повитко, послужете се со корсет со должина до половина на бутовите, но не ги прекрива градите. Никој не ги сака слепените гради, но затоа сите посакуваат рамен стомак. Исто така, моделот со подолги ногавици е идеален за покрупните дами, бидејќи нема да дозволи триење на бутовите.rnrn
rn4. Кратки фустани
rnКратките тесни фустани бараат убави нозе, но и затегнат стомак и задник. Корсетот кој наликува на краток шорц ќе ви помогне сè да стои онака како што треба.rnrn
rn5. Молив здолниште
rnЗа да ви стои идеално овој вид на здолниште, треба да ја изберете идеалната големина, односно тоа мора да биде потполно тесно (исто како корсетот) и со соодветна должина. Сепак, за да ви изгледа совршено и да се чувствувате убаво во него, потребни ви се пар свилени хулахопки со гаќички кои ќе го држат горниот дел под контрола.rnrn
rn6. Тесни топови
rnПретесните топови бараат специјални градници. Сепак, за да не дојде до прекршување под градите, но и за тие да стојат како што треба, изберете продолжен градник или кратка верзија на потесна маица.rnrn
rn7. Фустани кои се стеснуваат во струкот
rnФустаните кои се со тесен струк, односно потесен горен и поширок долен дел, најдобро ќе изгледаат доколку под нив облечете корсет во вид на боди. На тој начин, делот кој треба да се истакне ќе биде совршен, но и вие ќе се чувствувате подобро во боди отколку во редовната долна облека.rnrn

-

Сакате фустани, а истовремено и патики? Еве како да ги носите заедно!
Патиките може да се носат со капут, сако или пак со друга гардероба којашто се смета како сериозна. Но, покрај тоа, ова лето носете ги и со фустан. Можете да ги носите не само со долгите фустани во бохо стил, туку и со атрактивни чипкасти фустани, фустани во А-крој во стилот на педесеттите години или пак романтични фустани. Ако пак патиките се повпечатливи, фустанот треба да биде поедноставен и обратно. Па, во продолжение погледнете неколку предлози коишто може да ги испробате ова лето.rn
1. Светкавите шарени патики носете ги со еднобојни фустани
rnПатиките од светкав материјал се доста погодни за да ги комбинирате со фустан. Фустанот со слична боја е веќе проверена комбинација, додека пак, фустанот со контрастна боја е повеќе прилагодлив за храбрите девојки.rnrn
rn2. Спојте го спротивното, спортското и женственото
rnПамучниот фустан со рамен крој спаѓа во омилените женски летни парчиња облека. Иако почесто се комбинира со балетанки и сандали, воопшто не е чудно да се комбинира и со патики. Ако паметно ги комбинирате боите, истовремено ќе делувате и модерно и женствено.rnrn
rn3. Омбрето е присутно и кај патиките
rnВешто спојте ги различните стилови и креирајте сопствен и единствен стил. Ако не сте сосема сигурни, ограничете се на неколку слични бои. Кога ќе ги комбинирате различните стилови, можете да ги поврзете со боите и обратно, ако комбинирате повеќе бои во иста комбинација, држете се до еден стил.rnrn
rn4. Оваа сезона носете металик
rnМеталик материјалите се издвојуваат како еден од главните трендови оваа сезона, а се забележуваат кај сите модели. Прекрасен избор се сребрените патики. Нив можете да ги носите секојдневно, со сè, затоа што ќе ви ја освежат секоја комбинација.rnrn
