КАФЕ ПАУЗА

Tag: фустан

  • Пролетта пристигна: 4 модели на фустани што одговараат на сечија градба

    Пролетта пристигна: 4 модели на фустани што одговараат на сечија градба

    Постојат неколку модели на фустани што прекрасно стојат на сите видови тела. И верувале или не, нема да зборуваме само за црни модели. Немојте да се плашите да експериментирате со боите бидејќи само така можете да ги откриете оние што ќе направат да изгледате беспрекорно. Во продолжение ви претставуваме неколку идеи за инспирација – одберете ја вашата омилена и уживајте во топлите пролетни денови!rn

    1. Фустан-кошула

    rnrn

    rnrnТокму овој модел владее со модната сцена уште од лани. Преку ноќ дамите се заљубија во овој женствен фустан кој може да се носи на работа, но и за посвечена пригода. Покрај тоа, неверојатно е удобен поради материјалот од којшто е направен, па затоа и нема да ве спречи да ги завршувате дневните обврски без никаков проблем. Ако додадете каиш, ќе ги истакнете вашите облини и вашето тело ќе изгледа подобро од кога било порано.rn

    2. Фустан на преклоп

    rnrn

    rnrnЕднобојни, со точки или со животински дезен – овие фустани никогаш нема да излезат од мода. Без разлика на моделот што ќе го одберете, вие едноставно нема да згрешите. Благодарение на овој секси модел, секоја жена се чувствува одлично во него. Самиот дизајн вешто ги крие сите недостатоци на женското тело, додека истовремено ги нагласува облините.rn

    3. Фустан со миди должина

    rnrn

    rnrnВашата висина воопшто не е важна за овој модел. Без разлика дали постојано ве прашуваат дали сте професионална кошаркара или сте најниските во вашето друштво, фустанот со миди должина одлично ќе изгледа на вас. Овој тренд е моментално во подем, па искористете го колку што можете повеќе!rn

    4. Црн фустан

    rnrn

    rnrnИ за крај, мора да го спомнеме класичниот црн фустан што може да се одбере во буквално секој модел и да се носи во сите прилики. Не за џабе се вели дека овој фустан е кралица во модниот свет – не постои ниту една жена која нема барем една верзија од него во својот шкаф. Па, ако сте расположени за потрадиционален изглед, овој модел е најдобриот за вас!

  • „Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавност без дозвола

    „Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавност без дозвола

    Многу жени се соочиле со непристојно допирање во јавност. Но сè досега немаше начин да се докаже колку всушност се случува ова. Благодарение на „паметниот“ фустан создаден како дел од кампањата „Фустан за почит“ (Dress for Respect) можеме да ја видиме суровата реалност.rnrn„Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавностrnrnКампањата била лансирана од бразилската агенција за рекламирање Ogilvy како дел од движењето #MeToo. Ова движење во кое се вклучија многу луѓе ширум светот, им помогна на жените да го вратат својот глас и им нуди безбедна платформа за зборување против непочитувањето и вознемирувањето со коешто се соочуваат.rnrnПаметниот фустан е опремен со сензори кои се активираат кога носителот е допрен. Три жени по име Јулијана, Татјана и Луисија го облекле фустанот додека биле излезени навечер. Целта била да се одреди колку пати ќе бидат допрени од странци без нивна дозвола.rnrn„Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавностrnrnПо крајот на експериментот податоците покажале дека волонтерките биле допрени неверојатни 157 пати, односно 40 пати во еден час. Со секој нов регистриран допир, вознемирувањето станувало сè повидливо.rnrnПотоа неколку мажи биле замолени да гледаат снимки од жените додека се допирани без нивна дозвола. Секој од нив бил запрепастен од тоа колку очигледно било вознемирувањето на камера. Еден од нив извикал:rn

    „Тоа е толку чудно. Гледај, се обидува да ја бакне! Боже!“

    rn„Паметен“ фустан открива колку често жените се допирани во јавностrnrnСпоред статистиката од агенцијата, 86% од жените во Бразил се соочиле со сексуално вознемирување во ноќни клубови. Најчести биле свиркањата и довикувањата (77%), потоа непристојното гледање (74%), сексуалните коментари (57%) и пцуењето (39%).rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Lljf3C0KzH0rnrnИако вознемирувањето на жените нема да исчезне преку ноќ, со помош на оваа кампања се нагласува сериозноста на проблемот.rnrnДознајте и нешто повеќе за #СегаКажувам, хаштаг кој им овозможува на сите жртви и сведоци на сексуално вознемирување отворено да проговорат за нивните искуства.

  • 5 начини да носите тексас фустан оваа есен

    5 начини да носите тексас фустан оваа есен

    Речиси сите девојки сакаат тексас и сакаат фустани, па со комбинацијата од двете нема промашување. Но, како е најдобро да го носите тексас фустанот? Доколку ви е потребна инспирација, погледнете ги идеите во продолжение.rn

    1. Со палто со принт со леопард и чевли со ниски потпетици

    rn5 начини да носите тексас фустан оваа есенrnrnПринтот со леопард е принт на сезоната, а воедно изгледа одлично во комбинација со тексас. На нозете можете да облечете чевли со пониски потпетици или обични балетанки.rn

    2. Со џемпер со риги и темни хулахопки

    rn5 начини да носите тексас фустан оваа есенrnrnАко имате сличен модел на фустан, еве ви причина зошто да инвестирате во џемпер со риги. Иако тој изгледа одлично со фармерки, комбинацијата со тексас фустан е незаменлива.rn

    3. Со јакна и чизми до глужд

    rn5 начини да носите тексас фустан оваа есенrnrnБидејќи тексасот е неутрален, можете слободно да ги нагласите другите делови од облеката. Чизмите во јака боја и кратката јакна изгледаат неверојатно со тексас фустан. Покрај тоа, овие јакни прават да изгледате повисоко.rn

    4. Со чизми над колена и мала чанта

    rn5 начини да носите тексас фустан оваа есенrnrnДоколку сакате нешто похрабро, комбинирајте го тексас фустанот со чизми над колена. Ова докажува дека тексас фустаните не се само за дневна комбинација.rn

    5. Со тексас палто и влечки

    rn5 начини да носите тексас фустан оваа есенrnrnОваа комбинација докажува дека тексасот одлично стои со тексас. Ременот е одличен начин да ја истакнете вашата половина и го надополнува целиот изглед.rnrnПогледнете ги и есенските парчиња облека што веќе го преплавија Инстаграм.

  • Нови начини за да го стилизирате белиот фустан од денес, па сѐ до крајот на летото

    Нови начини за да го стилизирате белиот фустан од денес, па сѐ до крајот на летото

    Според кажувањата, во лето би требало да ја избегнувате црната боја, бидејќи „го привлекува сонцето“, па белата боја е многу подобар избор, а уште подобро ако е во некоја лелеава и пријатна варијанта како што е на пример фустанот. Тогаш, по оваа логика, белиот фустан е задолжителен доколку сакате да го преживеете топлото лето, па затоа ви предлагаме неколку модерни начини како да го стилизирате од денес, па сѐ до крајот на летото.rnrn1-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кошула + патики

    rnАко вашиот бел фустан е со едноставна форма и не е претерано „накитен“, комбинирајте го со тексас или некоја друга омилена кошула и патики. Изгледа опуштено, а е доста модерно и тренди. Кошулата можете едноставно да ја врзете околу струкот како еден вид шик детаљ. Ако времето се промени, веднаш имате „заштита“ од непријатни ситуации.rnrn2-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

    2. Обувки во силна боја + чанта со принт

    rnБез разлика како изгледа вашиот бел фустан, ќе изгледа уште подобро доколку додадете неколку смели детали. На пример, изберете сандали во силна црвена боја во која може да биде и вашиот кармин, а целата комбинација зачинете ја со чанта со ефектен принт. Идеална комбинација за дневни и ноќни прилики.rnrn3-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

    3. Сако + едноставни сандали

    rnБело + бело = чиста љубов, па затоа со белиот фустан слободно облечете и бели сандали. Минималистички! Ако сакате на вашата модна комбинација да ѝ додадете бизнис нота, тогаш наметнете го вашето омилено сако. На овој начин ќе го постигнете посакуваниот ефект. Наш совет е да изберете сако во некои нежни тонови.rnrn4-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кожна јакна + модерни високи потпетици

    rnЗа девојките кои сакаат нежен, но рок стил, советот е следен – врз вашиот омилен бел, бохо фустан ставете кожна јакна, а целата модна комбинација подигнете ја на повисоко ниво така што самите ќе се „подигнете“ на високи, модерни потпетици.rnrn5-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rn

    5. Тексас јакна + моторџиски чизми

    rnВо сличен манир како во претходниот случај, наместо кожна јакна можете да ја искористите вашата омилена тексас јакна, а високите потпетици да ги замените со моторџиски чизми. Секако, оваа модна комбинација изберете ја кога надвор нема да биде пеколно топло. Дополнителен совет: нека вашата тексас јакна биде впечатливо декорирана.rnrn6-novi-nachini-za-da-go-stilizirate-beliot-fustan-od-denes-pa-sѐ-do-krajot-na-letoto-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку обожавате бела боја и бели модни комбинации, тогаш нека „бело од глава до пети“ биде вашиот избор за оваа сезона.

  • Модна комбинација по која полудеа сите светски блогерки

    Модна комбинација по која полудеа сите светски блогерки

    Веќе е познато дека денес модните блогерки ги диктираат трендовите. Кога тие ќе облечат некое парче облека и ќе го промовираат на своите социјални мрежи, нема сомнение дека тоа ќе биде новото омилено парче ширум планетата. Пребарувајќи по Интернет откривме дека во текот на ова лето повеќе од кога било во мода се белите фустани со голи рамена во комбинација со плетени чанти.rnrn1-modni-insta-trendovi-modna-kombinacija-koja-gi-poludi-site-svetski-blogerki-www.kafepauza.mk_rnrn1. Модната блогерка, Џили Саринана, која стои зад блогот „Sincerely Julies“, е една од водечките блогерки што со малку труд ги диктира трендовите. Кога е таа во прашање, ние сме навикнати да ја гледаме облечена во лежерни и пред сѐ удобни модни комбинации, најчесто надополнети со модни аксесоари. Така беше и сега.rnrn2-modni-insta-trendovi-modna-kombinacija-koja-gi-poludi-site-svetski-blogerki-www.kafepauza.mk_rnrn2. Наташа Оклеј е блогерка која веќе долго низ годините е заштитно лице на многу престижни брендови на костими за капење. Таа го промовира здравиот начин на живот, здравата исхрана и фитнесот. А, кога е стилот во прашање, со задоволство избира дамски модни комбинации.rnrn3-modni-insta-trendovi-modna-kombinacija-koja-gi-poludi-site-svetski-blogerki-www.kafepauza.mk_rnrn3. Рејчел Барнес или попозната под името „Rocky Barners“ е уште една во низата трендсетерки што на своето летување во Мексико прошета по плажата во долг бел фустан со голи рамена во комбинација со мала сламена чанта.rnrn4-modni-insta-trendovi-modna-kombinacija-koja-gi-poludi-site-svetski-blogerki-www.kafepauza.mk_rnrn4. Авторката на блогот „Lovely Pepa“, Александра Переира, со својот стил успеа да ги освои сите љубители на модата. Таа својот бел фустан и плетена чанта ги комбинирала со шешир.rnrn5-modni-insta-trendovi-modna-kombinacija-koja-gi-poludi-site-svetski-blogerki-www.kafepauza.mk_rnrnОсвен инспирацијата во светот на модата, модните блогерки имаат инспиративни домови во кои секоја жена би посакала да живее.

  • Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

    Оваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустан

    Понекогаш, пронаоѓањето на идеалниот фустан за свадба изгледа како невозможна мисија, но оваа невеста се соочува со обратен проблем. Силвија Мартин има 93 години и ќе се мажи со нејзиниот долгогодишен пријател Френк Рејмонд (88) во јули, оваа година, но има еден проблем: не може да се одлучи кој ѝ е омилен од четирите фустани што ги избрала. Како резултат на тоа, таа го прашува интернетот за помош и оваа денешна статија е наменета токму со цел за да ѝ излеземе во пресрет на оваа кул бабичка.rnrnОваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустанrnrnПриказната започнала кога оваа прабаба од Канбера, Австралија, тргнала на шопинг по идеалниот свадбен фустан. Таа пробала голем број фустани, но четири од нив ѝ биле фаворити, поради што не можела да се реши за ниту еден. За да ѝ помогне, некој ја пренел оваа дебата на социјалната мрежа Фејсбук, каде што објавил фотографии од Силвија, како позира во секој од четирите фустани и ги замолил нејзините следачи да гласаат за најубавиот фустан, кој според нив треба да го носи оваа елегантна дама, на нејзината свадба.rnrnОваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустанrnrnВо објавата на Фејсбук, воедно е објаснето дека Френк ја побарал Силвија да се омажи за него, веќе неколку пати досега. Силвија секогаш ја одбивала понудата за брак, сметајќи дека земањето ново презиме би претставувало непочит кон нејзиниот покоен маж. Но, пред една година, таа се разболела и се преселила во Канбера, за да биде во близина на нејзиното семејство, а Френк помислил дека сета надеж е изгубена. Кога Силвија заздравела, таа го пронашла Френк, кој тогаш живеел во Аделејд и го убедила да се пресели во Канбера, за да биде со неа. Френк пристигнал таму, пред само неколку месеци и повторно ја побарал раката на Силвија. Во меѓувреме, Силвија дознала дека може да си го задржи сопственото презиме ако стапи во брак, па овој пат решила да каже „да“. Сега, тие живеат во село за пензионери.rnrnОваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустанrnrnИ покрај тоа што не можеме да присуствуваме на свадбената церемонија на овој прекрасен љубовен пар, ние дефинитивно се надеваме дека интернет заедницата ширум светот може да ѝ помогне на невестава, да одбере што да носи, на овој голем ден.rnrnОваа 93-годишна бабичка го замолува интернетот да ѝ помогне да си го одбере најубавиот свадбен фустанrnrnНие сме повеќе од возбудени што сме еден мал дел во љубовната приказна на Силвија, и мислевме дека и вам ќе ви биде интересно да учествувате во гласањето. Па што мислите вие? Кој фустан треба таа да го одбере: А, B, C или D? Ги очекуваме вашите коментари, во продолжение на оваа необична статија.rnrnПрочитајте повеќе информации на Фејсбук.

  • Како повторно да го носите фустанот од матурската вечер?

    Како повторно да го носите фустанот од матурската вечер?

    Секоја девојка се труди да изгледа најдобро што може на матурската вечер. Но што се случува со фустанот потоа? Сигурно поголемиот дел од вас не ни помислиле да го облечат уште еднаш. Но има начин како да го направите тоа. Погледнете го овој краток водич кој ќе ви помогне да го извадите фустанот од гардероберот.rn

    Скратете го фустанот и отстранете ги слоевите

    rn(1)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mkrnrnПронајдете некој шивач кој ќе го стори тоа. Земете го долгиот „балски“ фустан и претворете го во сладок летен фустан. А ако вашиот фустан има повеќе слоеви кои прават да изгледа поголем, ослободете се од нив. Со ова ќе добиете поедноставна форма која лесно се комбинира со други парчиња облека.rn

    Правете комбинации за да добиете дневен изглед

    rn(2)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mkrnrnКомбинирањето на фустанот со патики е одличен изглед за дневно излегување. Може да додадете и тексас јакна и некој интересен ранец.rn

    Чувствувајте се удобно и прекрасно на некој состанок

    rn(3)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mkrnrnАко фустанот има премногу детали во горниот дел, покријте со некоја кошула и ќе добиете едноставен дневен изглед. Може да го комбинирате со сандали со платформа или пак, со едноставни балетанки.rn

    Подгответе се за луда ноќ со пријателките

    rn(4)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mkrnrnДодајте кожна јакна и некоја интересна чанта. Облечете чизмички со висока потпетица и спремни сте за забава.rn

    Носете го фустанот на некоја свадба или свечен настан

    rn(5)kako-povtorno-da-go-iznosite-fustanot-od-maturskata-vesher-kafepauza.mkrnrnАко не се чувствувате удобно во матурскиот фустан преку ден, можете да го носите на некоја посебна прилика како свадба или некоја друга свеченост. Комбинирајте го со елегантни чевли, мала чанта и дискретен накит и ќе изгледате прекрасно.rnrnДоколку сте матурантка, погледнете ги овие важни нешта кои треба да ги знаете за шминката на матурската вечер.

  • 5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустан

    5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустан

    Црниот фустан одговара речиси во секоја прилика и можете да го носите во секоја сезона. Но, најмногу зависи од тоа како ќе го комбинирате. Доколку и вие сте љубители на ова парче облека, тогаш време е да погледнете пет нови начини на кои можете да го носите.rn

    1. Марама со каиш

    rnМарамите во вид на ќебе се човечки кожурци и истите треба да ги носите како такви. Тие се пријатен моден додаток на вашиот краток црн фустан, но во деновите кога сакате поелегантен изглед, ставете и каиш околу половината.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    2. Со светкави додатоци

    rnЗа оние кои обожаваат вечерни излегувања, одлична е комбинацијата на краткиот црн фустан со впечатлив накит и потпетици. Прекрасните модни додатоци се тренд подолго време, па затоа, изберете го омилениот накит и подгответе се за многуте погледи кои ќе ви бидат упатени.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    3. Под слоеви облека

    rnСтавете топла плетена блуза преку вашиот фустан, а во постудените денови можете да комбинирате и јакна врз нив. Потоа, ставете ги омилените чевли, што одлично би одговарале и со големи обетки.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    4. Со високи чизми

    rnКомбинацијата на краток црн фустан и високи рамни чизми е една од најдобрите кога станува збор за зимските денови. Додајте го и вашето палто и ќе бидете подготвени. Исто така, доколку сте љубители на марами, додајте една и ќе имате совршен изглед.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустанrn

    5. Над панталони или фармерки

    rnНосењето фустан со панталони не е нешто ново, но треба да ги знаете правилата за оваа сезона со цел да изгледате најдобро. Важно е да внимавате на пропорциите. Должината до околу колената е добра, затоа што нешто пократко нема да изгледа толку добро. Одлучете се и за некои модни додатоци за да додадете посвеж изглед. Нема да погрешите доколку ставите сомотни чизми и чанта со синџирче.rnrn5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустан

  • Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

    Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

    Размислувањето за тоа која боја фустан да ја одберете, веќе може да биде минато со помош на овој фустан со висока технологија. Дизајниран од Шоупо, се чини дека моделот може да ја промени бојата со притискање на само едно копче. Промената од една во друга боја одзема само неколку секунди!rn

    „Јас имам да покажам нешто навистина возбудливо на коешто работев подолго време“, вели госпоѓицата Лу.

    rnФустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?rnrnОваа 28-годишна девојка продолжува да снима одејќи во модното студио каде што, на изненадување на сите, таа фустанот од една, го променува во друга боја. Имено, Шоупо го создава овој фустан со висока технологија како промена во областа на модата. Дали ова е премногу добро за да биде вистина? Видеото се покажало толку прекрасно, при што многумина се прашувале дали е легитимно.rn

    „Жал ми е, но ова изгледа премногу лажно“, пишува гледач во коментар на Јутјуб.

    rn(2) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mkrnrnДруг пак додава:rn

    „Невозможно. Едноставно невозможно.“

    rnНо, Шоупо неодамна изјавила дека овој фустан е создаден во комбинација на технологијата и иновацијата.rn

    „Џејн (Лу) секогаш сакала да биде иновативна и напредна кога станува збор за технологијата. Таа не се натпреварува на пазарот, туку доминира.“

    rn(3) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mkrnrnГоспоѓицата Лу го започнала нејзиниот професионален живот во областа на корпоративните финансии. По одредено време размислувајќи за нејзината иднина, таа одлучила да ја пренасочи својата енергија во модата. Сега, нејзината онлајн продавница ShowPo.com наводно има обрт околу 10 милиони долари годишно. Таа дистрибуира облека за 45 земји, има 420.000 следбеници на Инстаграм и 464.000 пријатели на Фејсбук.rnrnПогледнете го видеото за да видите како изгледа промената на бојата на овој фустан.rnrnrnrnШто мислите вие за ова?

  • 86-годишна баба се венчала во прекрасен фустан што самата си го дизајнирала

    86-годишна баба се венчала во прекрасен фустан што самата си го дизајнирала

    86-годишната Мили Тејлор-Морисон неодамна се појавила во фустан што самата си го дизајнирала и со тоа ги шокирала сите. Невестата работела како модел пред повеќе од педесет години и очигледно е дека не ја изгубила магијата и нејзиниот шарм.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrnrnНејзината внука, Кадија, ја фотографирала и ја објавила фотографијата на Фејсбук, каде што брзо се прославила и добила речиси 100.000 лајкови.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrn

    „Таа пред една недела наполни 86 години, а нејзиниот сопруг ќе наполни 86 во декември“, вели Кадија. „Баба ми беше во брак со дедо ми 41 година кога тој умре. Таа повторно пронајде љубов речиси 25 години подоцна и нашето семејство не може да биде посреќно за неа.“

    rnМладоженецот, Харолд Морисон, ја познавал Нана Мили шест децении. Неколку години порано, Харолд сериозно се разболел, па двајцата се преселиле. Мили се грижела за него и кога Харолд оздравел, тие одлучиле да стапат во брак.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrnrnПриемот се одржал во Њу Џерси. Прекрасната соба била осветлена со виолетови светла кои совршено го надополнувале фустанот на Мили.rnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајниралаrnrn86-годишна баба се омажила во прекрасен фустан кој самата си го дизајнирала