Дизајнерите од Форд очигледно сериозно си ја сфатиле работата и создале едно величествено дело. Новиот концепт за автомобилот наречен „Evos“ е навистина изненадувачки за компанијата, која долги децении не отстапуваше од својот препознатлив стил и линија на автомобили. Не само што овој дизајн ќе биде пресврт во дизајнот на автомобилите направени од Форд, туку ќе го претставува и нивниот нов компјутерско-информациски систем.
Автомобилот ќе содржи систем кој ќе се прилагодува на навиките на возачот, ќе презентира информации за времето, состојбата на патиштата и многу дрги интересни работи. Возачот исто така, ќе може да избере на каков мотор ќе го вози автомобилот, електронски или бензинец, во зависност од перформансите кои ќе ги очекува, како и од потрошувачката.
Иако можеби автомобилот нема да се појави во блиска иднина, сепак врвниот дизајн, моторот и внатрешната електроника, даваат знак дека Форд сериозно размислува за својата иднина.







rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: форд
-

Новиот концепт-автомобил од Форд, прекрасниот „Evos“
-

Нов Форд Мустанг со класичен изглед
Некои дизајни се класични, други се инвентивни, но во секој случај, комбинацијата од овие две карактеристики секогаш ги даваат најдобрите креации.rn
Бо Золанд од компанијата „Vizualtech“ е специјалист за правење технички илустрации и дизајни по нарачка. Тој го употребува модерното влијание за да ги трансформира шасиите на автомобилите, да изгледаат старо т.е. класично.rn
Золанд, за еден свој клиент има креирано серија нацрти кои наликуваат на Форд Тандрбрд од 1955 година. Колата ќе биде создадена од шасија и компоненти од Форд Мустанг произведен во 2009 година, но тој целосно ќе биде моделиран за неговата линија да наликува на класичен Форд Тандрбрд (Ford T-Bird). Тој досега има сработено многу слични дизајни и сите тие го докажуваат обратното, дека и од ново може да се направи старо, класично.rn

