КАФЕ ПАУЗА

Tag: флерт

  • Астрологијата и начинот на додворување

    Астрологијата и начинот на додворување

    Ако верувате дека сé е запишано во ѕвездите, тогаш погледнете го астролошкиот приказ на хороскопските знаци и дознајте како се однесуваат кога се заљубени и кои методи на заведување ги применуваат.rnrnАстрологијата и начинот на додворувањеrn

    Овен

    rnТој – Како роден освојувач, тој не заобиколува многу, а очите му светнуваат штом ќе здогледа потенцијален „плен“. Не одбира ни место ни време, бидејќи е премногу нетрпелив и во напад тргнува во истиот момент кога ќе ве здогледа. Тој е директен, шармантен, настојчив и отворен и ќе ве засмејува со вицови и детали од својата биографија, сè додека не се согласите повторно да се видите со него (уште истата вечер).rnrnТаа – Исто така е директна и спремна да го заведе и освои оној кој ќе ѝ падне во око. Ќе го допре по рака или по лице, нежно ќе го привлече кон себе и со најшармантната насмевка на светот ќе му каже: „Ти си мој“. Ако додворувачот ѝ се допаѓа, ќе го остави малку да се помачи, а потоа ќе му дозволи да ја освои. Доколку пак сте ѝ досадни, недвосмислено ќе ви го стави тоа до знаење, така што со жената овен секогаш сте начисто.rn

    Бик

    rnТој – Едноставно обожува да ве одмерува, заведува, да ви се додворува и без брзање да ве освојува. Задолжително ќе ве однесе на ручек или вечера во својот омилен ресторан каде што сите го познаваат, ќе избере најдобра храна и најквалитетно вино и за целото време нема да го симне погледот од вас. Ќе ги повика музикантите покрај вашата маса да ги свират и пеат вашите песни, а од продавачката на цвеќиња ќе ги откупи сите рози само за вас.rnrnТаа – Таа одбира на кого ќе му дозволи да се потруди околу неа, да ја заведува и освојува. Нема да ја остават рамнодушна нечиј изглед, шарм, став, однесување и џентлменски манири, но затоа оној кој ѝ е здодевен знае така да го откачи што и самата ќе се изненади. За да ѝ се допаднете на жената бик, потребно е да имате самодоверба исто колку и пари и притоа да умеете да ја заведете со поглед и со допир.rn

    Близнаци

    rnТој – Тој е неодоливо забавен, шармантен и информиран за сé, па ви доаѓа да го земете за рака, да го однесете дома и да им го претставите на домашните за да ги восхити и нив, како што ве восхити вас. Додека вие него го доживувате како потенцијално домашно милениче, тој веќе ја завршил половината работа во својата ноншалантна заводничка активност. Па така, додека вие со насмевка ја читате неговата порака на мобилниот телефон, веќе ќе бидете во неговата прегратка.rnrn Таа – Изгледа како девојче, а често пати така и се однесува кога сака да ве заведе и освои. Како камелеон го прилагодува своето однесување, гардероба, па дури и ставовите според вашите или приближно на оние кои вам би ви се допаднале. Флертувањето е составен дел на нејзиниот карактер, иако бргу губи интерес ако забележи дека сте заинтересирани, но ако постојано ѝ бегате, жената близнак ќе трча по вас.rnrnАстрологијата и начинот на додворувањеrn

    Рак

    rnТој – Мажот рак им се допаѓа и на вашата мајка и на вашата баба, а за сестрите и другарките да не зборуваме. Вие пак ќе се чувствувате прекрасно секогаш кога ќе ве погледне со своите очи на верно кутре, кое ви се радува штом ве види. Вистина е дека ќе се изнаслушате приказни за неговото детство, баби, дедовци, стрини и тетки, но и додека зборува за нив тој занесено ќе гледа во вашето деколте. И кога ќе биде со друштво во кафеана, бидете сигурни дека и тогаш ќе мисли на вас.rnrnТаа – Таа умее со секој маж и може да заведе и освои кого ќе посака, само доколку сака. Женствена е и грижлива, атрактивна и полна со разбирање во исто време. Таа ќе се потруди да уживате додека ја гледате, исто колку што ќе уживате и додека се сладите со тортите и колачите, што таа ќе ги направи само за вас. Потоа, кога ќе ви раскажува за децата на нејзината сестра и нивната палавост, вие ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.rn

    Лав

    rnТој – Ќе се потруди да ве восхити уште при првата срдба со приказни за своите успеси на училишните натпревари, спортските терени и восхитот што го предизвикува кај комшиските дечиња. Ако случајно го прашате кој знак е во хороскоп, бидете сигурни дека ќе го добиете следниот одговор: „А зарем тоа не се гледа?“ Манирите на џентлмен и чувството дека сите погледи се вперени во вас додека сте со него, ќе направат покрај мажот лав да се чувствувате како да сте на врвот на светот.rnrnТаа – Ќе ве плени со својата атрактивна појава, држење и став во која ќе препознаете и малку глума и блеф, а сето тоа неодоливо ќе ви се допадне до таа мерка, што восхитено ќе го слушате дури и ѕвечкањето на нејзиниот накит. Сосема е сеедно дали косата ѝ е собрана или пуштена слободно да ѝ паѓа по рамената, таа својата прекрасна глава ја држи како да има круна на неа, а тоа го прави со таква леснотија како тоа да е сосема природно држење. И покрај тоа што ужива во восхитот на обожавателите и додворувачите, таа ќе ви дозволи да ја освоите само ако процени дека го заслужувате нејзиното внимание.rn

    Девица

    rnТој – Уште при првата средба ќе се потруди да ве восхити со своето познавање на многу теми од областа на науката, економијата, автомобилизмот, градежништвото, но и практични детали од секојдневниот живот. Како да е нешто најнормално на светот, ќе ви објасни дека коцката мраз што случајно ја допрел додека ја ставал во вашата чаша, не може да биде извор на зараза поради нејзината исклучително ниска температура. Тој многу трпеливо ќе ве слуша додека му се жалите поради малата плата, напорната работа и неразбирањето на вашиот шеф, па многу бргу ќе сфатите дека верната девица секогаш ќе биде тука кога ви е потребна.rnrnТаа – Симпатична е, зборлеста и по малку воздржана што ја прави интригантна за спротивниот пол. Најчесто женската девица е манекенски градена, па лесно ги освојува мажите во кои се раѓа желба, таква драгоцена да ја сочуваат само за себе. Умее долго и внимателно да ве слуша додека ѝ зборувате за која било тема, а особено е чувствителна на туѓата мака и проблеми, па кај неа секогаш ќе имате рамо за плачење.rn

    Вага

    rnТој – Пред да се впушти во каков било заводнички или освојувачки поход, тој ќе се погрижи косата да му биде беспрекорно чиста и уредна, а гардеробата макар спортски елегантна. Тој нема да се чувствува доволно допадливо за да ве заведе, ако не е задоволен од сопствениот одраз во огледало. Покрај него секогаш ќе се чувствувате како вистинска дама, а тој секогаш џентлменски ќе ви ја бакне раката, ќе ви го придржи капутот, ќе ви ја отвори вратата од кола, ќе ви купува бонбониери и цвеќе и несебично ќе ви дели комплименти.rnrnТаа – Како родена заводничка, задоволна е ако забележи дека уште при првата средба не симнувате очи од неа, бидејќи вагата ужива во восхитот на околината, иако честопати глуми воздржаност. Поради вродениот шарм, мажите ги освојува со леснотија, па често пати ѝ е непријатно кога треба да одбие некој нетрпелив, досаден или наметлив додворувач. Не поднесува кога некој е невоспитан и вулгарен, па на општо изненадување, често знае да возврати со иста мерка.rnrnАстрологијата и начинот на додворувањеrn

    Скорпија

    rnТој – Заведува со поглед и допир, па не постои жена која тој не може да ја освои само ако тоа доволно го сака, бидејќи неговата желба е појака од сите препреки, непремостливи околности и невозможни ситуации. Па дури и она што за другите би било препрека, за него ќе биде предизвик. Изгледот и годините немаат никаква врска со неговата способност за заведување и освојување, бидејќи мажот скорпија е вистински магнет за спротивниот пол. Тој е доволно галантен, таинствен и упорен, па ретко која жена може да му одолее.rnrnТаа – Таа одбира, заведува, освојува и оди понатаму, штом макар на момент престанете да ги задоволувате нејзините строги, пред сé еротски критериуми. Жената скорпија е опасна и прониклива, страсна и немилосрдна и сака мажот кој ќе го избере да биде нејзина сопственост, но проблемот се јавува кога такви мажи има повеќе од еден. Немојте да се залажувате дека тогаш вие ќе ја оставите нејзе, бидејќи таа не чека да биде оставена.rn

    Стрелец

    rnТој – Стрелецот навистина го сака ветерот во својата коса, избледениот џинс, брзото возење и гласна музика во колата, па ако на патот се најде и некоја згодна автостоперка, тоа е прилика за авантура или романса. Независно од тоа колку години има, мажот стрелец секогаш е спремен да ве заведе, а во освојувачки походи се впушта кога е на одмор или кога е доволно далеку од својот дом.rnrnТаа – Жената стрелец е младолика, ведра, елоквентна и влева доверба до таа мерка што се чувствувате како да ја познавате отсекогаш, а нејзината потреба за интелектуална полемика ви импонира без разлика на нивото на вашето образование. Таа дрско ве заведува со своите вешто прекрстени нозе кои некако секогаш се во прв план, планира патување со вас, а сè уште доволно не ве запознала. Сето тоа вие воодушевено го прифаќате, а кој не би?rn

    Јарец

    rnТој – Гори од желба да биде близу до вас и само да ве гледа и ужива, бидејќи ќе поцрвени макар ако случајно ја допре вашата кожа. Бидејќи не знае како да ви каже колку сте го маѓепсале, тој ќе биде невешт и по малку несмасен, но неговите вистински заводнички способности ќе дојдат до израз кога ќе започнете каква било тема што има врска со образование. Тогаш вие ќе гледате во него со обожување и восхит и притоа ќе размислувате за тоа како се бакнува.rnrnТаа – Таа е вистински оган под својата ледена површина, баш поради тоа што е толку префинета и женствена, така што мажите во нејзина близина, на почеток ги збунува почитта која се буди во нив. Жената јарец, без разлика дали носи мини здолниште или подвезица под романтичен фустан, умее да ја разбуди фантазијата на секој маж кој има доволно трпение и упорност да ја заведе, освои и да ја победи нејзината срамежливост.rn

    Водолија

    rnТој – Мажот водолија е толку ноншалантен, шармантен и лежерен, што при првата средба воопшто немате чувство дека ве заведува, освојува или дека прави нешто слично. Тоа што ќе ви запали цигара, ќе ви тури пијалак во чашата, замислено ќе молчи без да го тргне погледот од вас додека зборувате, не се јавува на мобилниот телефон, вам ќе ви годи без да бидете свесни дека сте „уловени“. Кога ќе се разделите, тој нема ништо да ви каже, но затоа многу бргу ќе ја видите неговата порака на вашиот телефон.rnrnТаа – Пресметлива е токму онолку колку што е важно за да умеете да ги следите нејзините идеи и начинот на однесување. Поради тоа жената водолија одбира партнер сличен по нивото на образование, ставовите и однесувањето, без разлика на воспоставеното мислење за нејзината ексцентрична природа и потребата за слобода. На нејзината суета ѝ годи машката упорност и спремност да сторат сé за неа, па затоа никогаш не откажувајте се ако сакате да освоите жена водолија, а таа за возврат ќе ви биде посветена и верна.rn

    Риби

    rnТој – Не знае како да почне да ви се додворува, па затоа делува по малку чудно и несмасно поради што уште при првата средба предизвикува симпатии кај спротивниот пол. Ако е оженет, тој во друштво ќе глуми верен сопруг поради страв некој да не ѝ каже нешто на жената, но штом остане насамо со вас ќе прејде во директен напад. Тој тоа секогаш ќе го прави со стил кој подразбира внимание и галантност.rnrnТаа – Таа ужива во заведувањето и тоа уште при самата помисла на мажот кој ѝ се допаѓа, иако тоа ретко или скоро никогаш нема да му го признае. Ќе стори сè за да ве заведе (романтична атмосфера, миризливи свеќи, секси долна облека, поглед пред кој мажите ретко можат да останат рамнодушни), а потоа таинствено ќе ви даде до знаење дека можеби сте успеале да ја освоите и така сé до недоглед.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓате

    7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓате

    Посрамежливите девојки најчесто се и поконвенционални, па чекаат момчето кое им се допаѓа да го направат првиот чекор. Таа можеби нема да ви се џитне и да почне да ве бакнува, ако сте само пријатели или познаници, но со неколку невербални знаци може несвесно да се издаде дека ве посакува. Отворете ги очите, бидете љубезни, насмеани и расположени и сфатете по која девојка ќе ви се исплати да „трчате“. :)rn

    1. Си ја поправа или допира нејзината коса

    rnОпшто е познато дека жените трошат голем дел од своето време, средувајќи си ја косата. Убавата коса дефинитивно ги прави повпечатливи во машките очи. Оние жени кои имаат пократка коса, се најчесто и посамоуверени во врска со својот изглед, бидејќи должината бара од нив поголема грижа и посветеност, па секогаш се средени. Ако честопати си ја допира косата кога е во ваша близина, тогаш таа или е внимателна во врска со својот моментален изглед или потсвесно ви дава сигнали дека ѝ се допаѓате.rnrn7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓатеrn

    2. Гледа во вашите усни

    rnОсвен ако устата не ви е претерано испукана од ладното, доколку таа погледнува наизменично во вашите очи, па во вашите усни, тоа најчесто е знак дека девојката сака да знае каков е вкусот на вашиот бакнеж. Па, ако забележите ваков говор на телото од нејзина страна, охрабрете се да го направите првиот чекор кон нешто посериозно.rn

    3. Седи со нозете невкрстени

    rnОва можеби ќе ви звучи малку чудно, но доколку вашата пријателка седи спроти вас со подраширени нозе, тоа значи дека генерално е поотворена и опуштена во ваша близина. Ова секако не значи дека веднаш сака да има секс со вас, туку дека се чувствува многу пријатно во ваша близина. Прекрстените нозе сигнализираат дека таа е ментално позатворена во врска со вас, што можеби значи дека сака само да ви биде пријателка или пак не е сè уште спремна за нешто повеќе.rnrn7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓатеrn

    4. Целосно е свртена кон вас

    rnОва е еден од оние знаци со кој лесно ќе препознаете дали ѝ се допаѓате на девојката за која сте заинтересирани. Ако седите или стоите еден до друг и таа се сврти накај вас кога ќе ѝ се обратите и остане во истата позиција цело време додека зборувате, тоа значи дека таа ужива да биде во ваша близина и го апсорбира вашиот шарм.rn

    5. Наоѓа причина да биде во ваша близина

    rnАко забележите дека додека сте на некоја забава со многу луѓе, таа постојано наоѓа причина да биде баш околу вас, постои шанса таа тоа да го направи намерно, за да се зближи повеќе со вас и се надева дека ќе започнете разговор со неа.rn

    6. Го допира вашето рамо

    rnПрво, на многу жени им се допаѓаат мажи кои имаат убави рамена. Второ, рамената се многу неутрална зона за допирање. На тој начин, нема ништо наметливо и нападно кај девојка која се смее на шегите кои ѝ ги кажувате и спонтано ве допира или потчукнува по рамото. Ова е најчесто и знак дека ѝ се допаѓате.rnrn7 знаци со кои девојка се издава кога ѝ се допаѓатеrn

    7. Премногу се смее додека е со вас

    rnАко таа е весела, насмеана и среќна додека е во ваша близина, значи дека вие добро си ја вршите вашата работа како машко. Не постои маж на светов, кој има пријателка што постојано ја засмејува и расположува, а да не може со малку труд да го освои нејзиното срце.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    За да можат да функционираат љубовните врски, пред сè е потребна меѓусебна љубов помеѓу партнерите. Но, понекогаш љубовта не е доволна, за да ги победи сите недоразбирања, расправии, повредени чувства и нарушена самодоверба. За да не дозволите вашата врска неславно да заврши, имајте на ум дека сите односи помеѓу луѓето треба непрестајно да се негуваат за да можат добро да се развиваат.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите rnrnСледуваат 10 интересни нешта кои можете да му ги приредите на вашиот партнер за да се чувствува љубено.rn

    1. Пофалете го/ја пред вашите пријатели

    rnАко вашиот/та љубен/а неодамна постигнал/а некој успех на некое поле од животот, раскажете им на вашите пријатели за таа добра вест. Тоа ќе му/ѝ ја покрене самодовербата и ќе направи да ве сака уште повеќе.rn

    2. Оставете му/ѝ тајни пораки во знак на внимание

    rnСледниот пат кога вашата душичка ќе го напушти градот или ќе замине на работа/факултет, оставете ѝ љубовна порака во џебот од јакната или во книгата која што во моментот ја чита. Не заборавајте да оставите отпечатоци од вашите усни обоени со црвен кармин доколку сте женско или да прснете секси машки парфем ако сте машко.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    3. Заедно прославете ги неговите/нејзините успеси

    rnДоколку вашето злато конечно го добило покачувањето на платата кое го очекувало долго време или „фатило“ некоја „фриленс“ тезга или го положило најтешкиот испит во неговото студирање, приредете му некое пријатно специјално изненадување. Дури и ако сè што имате на ум е отворање шише шампањско по повод прославување на убавата вест, самиот чин дека го вреднувате успехот на вашиот партнер, нему ќе му причини огромно задоволство.rn

    4. Понудете му/ѝ ја вашата помош кога се чувствува под стрес

    rnСледниот пат кога вашиот партнер ќе се почувствува пренатрупан со многу обврски или со некакви лични грижи, понудете му масажа од половина час, перење на неговите алишта или вкусни јадења за цела недела кои ќе може да ги одржува во фрижидер. Ваквите едноставни постапки ќе му покажат на вашето најмило дека се грижите за него и истовремено ќе му помогне да ја тргне од мислите тежината која ја чувствува.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    5. Постојано полнете го неговото/нејзиното его

    rnДали вашиот партнер има некој посебен талент? Без разлика дали тој/таа има фантастична ориентација во простор, одличен вкус за облекување, убаво пее, одлично вози или секогаш победува во карти, секогаш дајте му/ѝ до знаење колку сметате дека е фантастичен/а. Без разлика дали тој негов/нејзин талент има или нема некое посуштинско значење во животот, секогаш кажувајте ги на глас тие работи кои ви се допаѓаат кај него/нејзе.rn

    6. Флертувај со него/нејзе на јавни места

    rnСе наоѓате на забава со вашиот/та партнер/ка? Обидете се да не го поминете целото време заедно еден до друг. Остварувајте контакт со очи од другиот крај на просторот и кога ќе се разминете, како да сте странци, тоа со сигурност ќе ги врати старите романтични чувства. Не заборавајте и да поднамигнувате, секако со стил и незабележително.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    7. Изненадете го/ја со специјално рандеву

    rnДали вашиот партнер спомнал дека многу сака да присуствува на некој концерт, настан или спортски натпревар? Запомнете го датумот и изненадете го со влезници. Планирање на нешто што е важно за другиот секогаш ја подобрува врската.rn

    8. Покажете интерес за неговото/нејзиното хоби

    rnДури и да не сте обожаватели на следење спорт или ТВ новели, обидете се да издржите и одвреме-навреме учествувајте во интересите на вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    9. Прашувајте за неговиот/нејзиниот тек на денот

    rnМожеби изгледа едноставно, но сепак ова може да биде многу важно. Доколку на партнерот не му оставите простор да каже за неговиот тек на денот, тој ќе се чувствува како да не ви е важно неговото време. Секогаш имајте на ум дека не треба да зборувате само за себе и вашите чувства.rn

    10. Прикачете ја вашата омилена музика на неговиот/нејзиниот плеер или изрежете цеде

    rnКога вашиот партнер треба да заминува на некое патување, изненадете го со плејлиста од вашите омилени песни. Секоја од нив ќе го потсетува на вас.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф

    Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф

    Уште една забава со вашите колеги, организирана од фирмата во која работите. Таму е и вашиот шеф/шефица, кој/а после неколку испиени чашки почнува да флертува со вас. Можете ли да го/ја одбиете, а истовремено да ја задржите вашата работна позиција и да не ја уништите шансата за напредок во фирмата? Прочитајте како реагира секој хороскопски знак во ваквите ситуации и научете како да ја избегнете драмата. Ќе ви звучи чудно, но со хороскопските знаци со вроден флертувачки дух: близнаци, овен, стрелец и водолија, најверојатно наједноставно би излегле на крај.rnrnАстрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шефrnrnБлизнаците се комуникативни и постојано се во потрага по „плен“, така што ако можете да останете рамнодушни на нивните духовити и шармантни досетки и да избегнете да бидете „приклештени“, тие најверојатно лесно ќе преминат во друга потрага.rnrnОвенот обожава предизвици, така што нека не ве збунува и изненадува неговиот настап. Останете рамнодушни на неговото задевање и шегување со вас и ќе констатирате дека времетраењето на неговиот обид да ве освои нема да трае долго. Ако не сакате да бидете неговата освоена битка, овенот брзо ќе премине на некој/а друг/а.rnrnСтрелецот и водолијата кои седат зад директорското столче сакаат да се однесуваат пријателски настроени со вработените, така што немојте приодот кој го имаат кон вас да го протолкувате, како нивен „обид за правење грев“ со вас. Тие можеби имаат „ѓаволеста“ искра во нивните очи, но одбивањето од ваша страна не би го прифатиле лошо, сè додека умеете да го изведете на интересен начин.rnrnДевиците знаат да бидат многу наметливи, така што ако не сте спремни за високо – ризичен флерт, избегнувајте ги со сите ваши сили. Среќна околност е тоа што девицата најверојатно би флертувала со сите присутни на колегијалната забава, па вашиот ризик ќе трае сè додека таа ве има на радар. Забелешка: Ако вашата шефица е девица, не грижете се: таа не би сакала да се посрамоти пред помладите менаџери.rnrnАстрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шефrnrnСо биковите е тешко да се излезе на крај, особено бидејќи тие се високо атрактивни, благи и попустливи шефови, кои се по малку „гладни за моќ“. Љубовното одбивање тие можат да го доживеат како знак дека тие не се главни. Директно „не“ може да ги налути, па доколку сакате да ги одбиете, откраднете се од забавата на компанијата, додека бикот не гледа.rnrnВагата слатко, љубезно и убедливо ќе направи да не можете да правите ништо друго освен да стоите и да се „топите“ на комплиментите кои таа ви ги упатува. Вагите најчесто имаат поинакви романтични надежи на ум одошто надворешно оставаат впечаток, така што ако не се „онесвестувате“ на секој нивни збор, ќе ги охрабрите да се повлечат.rnrnЈарецот има јако чувство за тоа кое е неговото хиерархиско место, така што без разлика ако тој долго гледа во вас од спротивната страна на просторијата, тој сепак не би ризикувал да го изгуби својот имиџ со тоа што би постапил детски и неразумно.rnrnВо однос на аферите на работното место, лавот е проблематичен знак бидејќи нивното его им создава потреба да бидат обожавани од сите колеги. Истото се однесува и на водните знаци рак, скорпија и риби, кои одбивањето би си го сфатиле многу лично. Овие хороскопски знаци најбезболно би се повлекле, ако им пристапите со спремен изговор: „Ако немав девојка/момче можеби би…“. Сè додека не си го земат вашиот одговор при срце, вие би успеале да ја избегнете драмата.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ги нервира колегите од работа?

    Што ги нервира колегите од работа?

    Погледнете што ги нервира вашите колеги од работа. Ако се пронајдете во некој дел од текстот, се разбира, потрудете се да не го правите тоа повеќе на работното место.rn

    Прислушување

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnКолегата зборува на мобилен, се допишува на скајп или пишува СМС, а вие упорно се врткате околу него обидувајќи се да дознаете што и на кого му пишува. Таквото однесување многу брзо се забележува, па затоа немојте да мислите дека вашата љубопитност ќе остане незабележана. Воздржете се од такви дејствија, особено на работа, бидејќи сигурно не сакате да ве бие лош глас на прислушкувач, нели?rn

    Фалење

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnИнформациите за тоа каква облека носи вашето момче, кој козметички салон го посетува вашата девојка, колку се паметни, интелигентни  и добри вашите деца оставете ги за поблиските, освен ако имате некоја многу блиска колешка која во исто време ви е и добра пријателка. Фалењето остава негативен впечаток во очите на колегите, па затоа држете се до некои општи теми кои сите би ги интересирале.rn

    Флертување по телефон

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како гласно флертувате со вашето момче или девојката. Тоа ве истакнува како личност, но во негативна смисла. Ако колегите ве слушнат како гласно флертувате по телефон, верувајте дека ќе бидете предмет на потсмев помеѓу колегите. Оставете ги нежните зборови за после работа.rn

    Чистење на грлото (хкм-кање)

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОва е можеби најфрустрирачката работа што дефинитивно ги нервира колегите. Доколку тоа го направите еднаш или двапати не е проблем, но ако го правите на секои две минути претставува и тоа каков проблем. Нервира и вознемирува. Ова важи и за другите звуци кои имате навика често да ги испуштате: шмркање, гласно воздивнување и сл.rn

    Злоупотреба на слушалките

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnДури и вашиот вкус за музика да се совпаѓа со вкусот на музика на вашите колеги, сепак не ги злоупотребувајте слушалките. Звукот нека биде подесен така да само вие ја слушате музиката. Ништо не ви дава за право да правите „журка“ кога другите работат. Ова исто така значи дека не е дозволено да си ги потпевнувате омилените референи од песните кои ги слушате на слушалките.rn

    Не јадете храна со зајадлив мирис

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНепријатно е ако јадете храна со зајадлив мирис кој ќе се шири низ работната просторија. Тука влегуваат хамбургери, виршли, зачинете сосови. Оваа храна оставете ја за дома, а на работа јадете јадења кои нема да предизвикаат гадење кај другите.rn

    Бесконечни дискусии за фудбалски натпревари и ТВ серии

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОвие разговори би биле прифатливи ако ги правите тивко за да не слушаат сите околу вас и со колеги кои ја делат истата страст за фудбал или серии. Сепак, обидете се овие муабети да не ви бидат секојдневни.rn

    Внимавајте на парфемите

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnСилните парфеми оставете ги за вечерните излегувања. На работа ставајте лесни и нежни парфеми кои нема да предизвикаат гадење кај колегите. Има некои луѓе кои се алергични на јаки и опојни мириси. Одржувањето на лична хигиена се подразбира.rn

    Не се смејте гласно

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОбидете се да не се смеете гласно за сите колеги да ве слушнат. Освен што е непристојно, тоа дава слика за вас како несеризона личност и работник кој не е посветен доволно на работата.rn

    Гласно џвакање храна

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како џвакате мастика, како шмркате додека го пиете кафето или како сочно го јадете сендвичот. Тоа е непристојно и предизвикува нервоза кај тие кои се наоѓаат околу вас.

  • 10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

    10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска

    Долгите љубовни врски можат да станат рутински и по малку досадни, а партнерите не смеат да си дозволат тоа да им се случи, доколку сакаат нивната љубов да трае. Што ја одржува една врска да биде свежа после неколку години? – Добриот сексуален живот и слатките секси работи кои нема да ви го одземаат времето, а ќе ја „зачинат“ вашата врска.rnrnНавидум мали и неважни секси постапки можат значително да ви ја подигнат самодовербата, да ги разгорат искрите во кревет, да внесат авантуристички дух во вашата врска, да ја зголемат емоционалната поврзаност со партнерот и да ви го направат секој ден возбудлив и вреден за живеење.rn
    rn

    1. Флертувајте безопасно

    rnДоколку забележите убаво/а момче/девојка додека го пиете попладневното кафе во некој бар, не плашете се шармантно да му/ѝ се насмевнете, само затоа што сте во сериозна врска и мислите дека тоа би било погрешно. Напротив, доколку сте во искрена и стабилна врска, краткиот, спонтан и безопасен флерт ќе ви ја подигне вашата самодоверба, ќе ви ја зголеми сексуалноста, а потоа тие искри ќе ги пренесете во креветот на вашиот партнер.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    2. Спијте голи

    rnПонекогаш, на секој од нас навистина ни е потребно да си го посветиме денот на себеси. Запалете свеќи во вашата бања, почестете се со долго капење во топла пенлива када. Потоа, тргнете ги пижамите настрана и не дозволувајте ништо да застане помеѓу вас и вашиот чаршав. Допирот на вашата кожа со памучниот или уште подобро со сатенскиот чаршав, ќе направи да бидете подобро запознаени со вашето тело и сексуалност.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    3. Изберете ја долната облека на вашиот партнер

    rnДевојката може да му понуди на своето момче да ги избере нејзиниот градник и гаќички во кои таа му изгледа најсекси. Потоа, таа може да му предложи на момчето да облече тесни и кратки боксерици. За да биде уште повозбудливо, изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе му купите нова „жешка“ долна облека без тој да знае.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    4. Направете заеднички секси фотки

    rnПозирајте со вашиот партнер и фотографирајте ги тие секси моменти кои ќе ви бидат визуелен потсетник на вашата сензуалност. Покријте ги интимните делови со неговите боксерици или соблечете се целосно како од мајка родени. Изборот е ваш!rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    5. Напишете ваша лична еротска приказна

    rnСо веб-сајтот hoochymail.com, на вашиот партнер можете да му испратите секси приказна во која вие двајца ќе бидете во главните улоги. Сé што треба да направите е да ги пополните омилените работи на вашиот партнер, како и најубавиот дел од неговото тело и еротичната приказна ќе се напише сама. Сето тоа е бесплатно, а мејлот ќе стигне до двајцата. Звучи примамливо нели?rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    6. Потрошете повеќе време на предиграта

    rnВодете љубов како тинејџери. Бакнувајте се страсно и долго и дозволете му на партнерот полека да ве соблекува. Обидете се да го одложувате нагонот што е можно подолго бидејќи предиграта ќе го направи вашиот секс поенергичен, а на крајот и двајцата ќе бидете задоволни.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    7. Споделете сексуална фантазија и пробајте нова секс поза

    rnСподелете некаква сексуална фантазија со вашиот партнер и во детали објаснете му што ќе се случи ако се оствари. Потоа експериментирајте со пробувањето нови секс пози, кои ќе ви помогнат да откриете во која максимално уживате. Отворањето кон вашиот партнер ќе ја зајакне вашата интимност и ќе ја подобри меѓусебната доверба.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    8. Нацртајте ги ерогените зони на партнерот

    rnНацртајте две човечки фигури на хартија кои ве претставуваат вас и вашиот партнер. Без да гледате во цртежот на вашиот партнер, обележете ги деловите од телото кои мислите дека вашиот партнер сака да му ги допирате. На крајот заменете ги цртежите.10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    9. Имајте секс на необични места

    rnСексот во спалната може да стане монотон и да наликува на секој претходен. Затоа, променете ја просторијата. Правењето на „таа работа“ во другите соби од вашиот дом каде што готвите, перете или ги пресметувате сметките, ќе направи да се чувствувате „валкано“.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врскаrn

    10. Разбудете го животното во вас

    rnМногу жени велат дека ги „пали“ мирисот на машкото тело, особено делот околу вратот. Во тој контекст, носењето на неговата маица или капењето со неговиот гел за туширање додека е тој на пат, може да направи да се чувствувате поблиску до него и да ви биде попривлечен. За да не се чувствува тој осамен додека е далеку од дома, подарете му еден пар гаќички. Верувајте дека едвај ќе чека да ви се фрли во прегратки.rn10 секси идеи кои ќе ја „зачинат“ вашата врска
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn