КАФЕ ПАУЗА

Tag: флерт

  • Очигледни знаци дека тој флертува со вас

    Очигледни знаци дека тој флертува со вас

    Дали некогаш сте биле во ситуација во која не сте можеле да забележите дали момчето кое ви се допаѓа флертува со вас или пак, можеби сè е во вашата глава? Погледнете ги овие начини на кои можете со сигурност да препознаете дали тој е заинтересиран за вас или не.rn

    1. Љубезна насмевка

    rnОчигледни знаци дека тој флертува со васrnrnЉубезната насмевка е всушност многу добар знак кога станува збор за флертувањето. Таа е една од најсигурните начини да откриете дали тој е заинтересиран за вас. Доколку забележите дека тој ви се смешка, тогаш големи се шансите дека наскоро ќе ви пристапи.rn

    2. Срамежливо руменило

    rnОчигледни знаци дека тој флертува со васrnrnСигурно веќе знаете како е да се флертува со срамежливи момци, но тоа не значи дека треба да ги одбегнувате. Доколку забележите дека бојата на неговите образи поруменува, тогаш тој со сигурност се обидува да флертува со вас. Токму затоа, ако сте заинтересирани и вие за него, олеснете му ја малку работата така што вие ќе му пристапите први.rn

    3. Контакт со очи

    rnОчигледни знаци дека тој флертува со васrnrnОвој знак е малку комплициран, но дефинитивно не би требало целосно да го отфрлите. Контактот со очите е клучен во комуникацијата и токму затоа е потребно да се користи како говор на телото што е можно повеќе.rnrnСпоред тоа колку долго тој го одржува контактот со очите, можете да откриете дали е заинтересиран за вас или не. Доколку го одржува подолго од просечното, тогаш дефинитивно би можело да биде знак дека е заинтересиран. Но, имајте на ум дека доколку контактот со очи е прекраток, тоа исто така може да биде знак за заинтересираност од негова страна, но дека е премногу срамежлив да го покаже тоа.rn

    4. Имитирање

    rnОчигледни знаци дека тој флертува со васrnrnПонекогаш мажите ги имитираат движењата на жените без да забележат. Имитирањето е уште еден знак на флертување и може да опфаќа различни нешта, започнувајќи од трепкањето, па сè до начинот на говорење и смеењето. Сосема е природно да ги имитираме оние работи кои ни се допаѓаат и токму тоа е едно од нештата кои ја „издаваат“ заинтересираноста на одредени момци за вас.rn

    5. Раце на колкови

    rnОчигледни знаци дека тој флертува со васrnrnДоколку тој стои со неговите раце на колковите или ги сместува палците во отворите за каиш на неговите фармерки или пантолони, тогаш има големи шанси дека тој е заинтересиран. На овој начин, тој се обидува да ви покаже дека има висока самодоверба или дека едноставно е „вистински фраер“.rnrn

  • 8 интересни факти за флертот

    8 интересни факти за флертот

    Флертот е уметност. Ако не верувате, продолжете со читање.rnrn8-interesni-fakti-za-flertot-kafepauza.mkrn

    1. Има повеќе видови флерт

    rnПоточно 5: традиционален, физички, искрен, игрив и љубезен. 25% од флертувањето спаѓа во забава, а 30% е наменето за пронаоѓање партнер.rn

    2. Контакт со очи

    rnНаучниците тврдат дека доволни се 2 минути кокетирање со очи за помеѓу две личности да се случи страсна хемија. Иако изгледа како премалку време, факт е дека контактот со очи е многу важен и има голема улога во освојувањето.rn

    3. Говор

    rnЖените кои зборуваат јасно и брзо се заинтересирани. Невнимателниот избор на зборови е карактеристика на оние кои не се многу заинтересирани.rn

    4. Моќта на црвената

    rnНаучно е докажано дека црвениот кармин или фустан и тоа како помага во добивањето внимание, но и остава впечаток на поголема сексуална слобода.rn

    5. Допирите се задолжителни

    rnПостојат 3 вида допири: пријателски (рамења), нешто повеќе од пријателски (пределот околу струкот или подлактицата), како и нуклеарни (го вклучува лицето). Научниците го препорачуваат последниот кој гарантира најголем успех.rn

    6. Глума

    rnГлумењето тешко освоива личност навистина „пали“. На луѓето им е најинтересно она што не можат веднаш да го добијат.rn

    7. Годините не се важни

    rnАко ги прашате мажите, 83% откриваат дека годините кај жената навистина не им играат никаква улога.rn

    8. Директност

    rnМашките исто така сакаат жени кои се директни и порачуваат дека нема ништо посекси од она кога жена знае што сака. Слатките и лигави фрази ретко проминуваат и кај двата пола.

  • Неколку причини поради кои може да бидете погрешно сфатени

    Неколку причини поради кои може да бидете погрешно сфатени

    Понекогаш луѓето донесуваат пребрзи заклучоци кои се базирани на многу малку информации. И секако, тоа може да доведе еден екстроверт да изгледа како интроверт или пак, обидот за пријателство да биде помешан со флертување. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои оставате погрешен впечаток на луѓето околу вас поради кој можете да бидете целосно погрешно сфатени.rnrnНеколку причини зошто сте погрешно сфатениrn

    Срамежливиот екстроверт

    rnКога некоја личност е срамежлива, луѓето често претпоставуваат дека таа е и интровертна. И покрај тоа што најчесто срамежливоста оди рака под рака со интроверзијата, може да се случи и спротивното. Понекогаш, некои луѓе кои се чувствуваат анксиозно помеѓу непознати обожаваат да бидат во близина на своите најблиски, додека интровертите го доживуваат кое било дружење со луѓе како исцрпувачко. Како и останатите срамежливи луѓе, срамежливите екстроверти се погрешно сфатени како ладни, повлечени и надмени. Тие најчесто се понегативно осудувани доколку се привлечни, вели Берни Кардучи, психолог на Универзитетот во Индијана.rnrnСовет: Соочете се со грешните перцепции на луѓето за вас така што ќе им кажете, Доколку ви изгледам непријателски, тоа не е затоа што не ми се допаѓате, туку затоа што сум срамежлив/а. Или пак, Многу добро си поминувам кога сум во ваше друштво. Доколку не можете да го кажете ова во 4 очи, обидете се преку мејл.rn

    Веселиот интроверт

    rnКога луѓето се доживуваат како живи, разиграни и весели, одма се претпоставува дека се екстроверти. Но, некои од овие енергични личности понекогаш имаат очајна потреба за време само за себе. Поседувањето добри социјални вештини не значи и желба за постојана опкруженост со голем број луѓе. Овие нешта често се појавуваат истовремено, вели Санџај Сривастава, психолог на Универзитетот во Орегон. Но, не секогаш се во совршена корелација.rnrnСовет: Како и останатите интроверти, така и овие личности имаат потреба да поминуваат одредено време сами со себе. Обидете се да им објасните на луѓето за оваа ваша потреба така што ќе им кажете, Би сакал/а, но имам потреба од време за себе. Може да презакажеме за наредниот викенд?rn

    Ненадејното флертување

    rnНекои луѓе се природно кокетни и токму поради тоа не сфаќаат дека испраќаат погрешни сигнали. Нивното однесување е сфатено како знак дека сакаат нешто повеќе од пријателство, а во нивните мисли тие веруваат дека едноставно оставаат впечаток на дружељубиви личности.rnrnСовет: Намалете со допирите и долгите погледи. Доколку почувствувате дека вашиот соговорник почнува погрешно да ве сфаќа, слободно кажете му дека имате партнер или дека сте заинтересирани за друга личност.rn

    Женствениот хетеросексуалец

    rnСамо затоа што мажот е слабичок, се облекува убаво и има потенок глас, тоа не значи дека е хомосексуалец. Многу женствени мажи се хетеросексуални, како што и многу мажествени мажи се хомосексуалци.rnrnСовет: Доколку сте заинтересирани за одредена девојка, почнете да ѝ давате знаци кои тешко можат погрешно да се сфатат – бидете поагресивни со говорот на телото како долгото гледање во очи, ѓаволестата насмевка и повремените допири. Можете дури и да кажете нешто како, Тоа ме потсетува на нешто смешно што мојата бивша девојка еднаш ми го кажа.Таа веднаш ќе сфати.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    Клучот за квалитетна врска и успешен брак е искреноста. Сепак, постојат одредени работи за кои дури е пожелно да премолчите за да си направите услуга и себеси и на партнерот.rnrn7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнерrn

    Што мислите за мајка му

    rnОва е една типична тајна која е подобро да биде премолчена. Која корист од тоа ако му кажете дека не можете да ја поднесете неговата мајка? Тој можеби ќе ве разбере, но тешко дека ќе може да преземе нешто околу тоа. Во најлош случај, може да се сврти против вас. Сепак, тоа е жената која му дала живот.rn

    Тајните на вашите другарки

    rnАко некоја другарка ви се довери за нешто што не треба да го кажете никому, тоа треба да се почитува.rn

    Безопасен флерт

    rnВо долгите врски дури е и пожелно повремено партнерите да флертуваат со други. Нормално, ова е безопасно да се премолчи и сосема ОК да се прави одвреме-навреме, сè додека не планирате да одите докрај со некој со кој сте си размениле неколку погледи и срамежливи насмевки.rn

    Скап шопинг

    rnГи здогледавте чевлите на излогот и моравте да ги купите. Не ви се неопходни, а за волја на вистината, скапи се, но едноставно не можете да се одлепите од излогот додека не посегнете по паричникот и да завршите со тоа. Тоа вашиот партнер не мора да го знае. Но внимавајте, доколку сте ги купиле од вашата заедничка сметка, подобро е да го признаете вашиот грев.rn

    Комуницирање со бивши

    rnАко размените неколку збора со некој бивш на Фејсбук или случајно се сретнете некаде и помуабетите некоја минута, тоа не е причина да се возбудувате и веднаш сè да му репортирате на сегашниот партнер. Искреноста само ќе донесе сомнежи. Колку и да сте само пријатели со бившиот, на актуелниот дечко тоа ќе му смета. Но, ако планирате да седнете заедно на кафе, препорачливо е да бидете искрени. Многу полошо е тој да дознае од други кои случајно ве виделе заедно.rn

    Душкање во неговата приватност

    rnАко веќе сте го пикнале носот каде што знаете дека не требало, барем задржете го тоа за себе. Сте му ѕирнале во телефонот додека бил да се тушира, сте ја провериле историјата на посетени сајтови во неговиот прелистувач на компјутерот? Доволно е ова да остане меѓу вас и уредот.

  • 10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

    10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врската

    Пријателите се навистина драгоцен дел од животот и благодарение на нив среќните моменти се секогаш повесели, а тагата секогаш побрзо поминува. Секако, сето ова важи доколку до нас имаме вистински пријатели кои искрено се грижат за нас. За жал, многу често се случува токму спротивното. Луѓето коишто ги сметаме за блиски започнуваат премногу да се мешаат во личните работи и на тој начин непотребно ги комплицираат односите со останатите луѓе во нашиот живот. Прочитајте ги знаците подолу и дознајте дали пријателите на некој начин ви ја уништуваат врската.rnrn10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врскатаrn

    1. Сметаат дека личноста со која сте во врска не е доволно добра за вас

    rnСигурно ви се случило да запознаете многу драга девојка или мил дечко коишто за кратко време ви станале многу симпатични, но вашите пријатели едноставно не можат да ги поднесат. Обично коментарите од ваков тип се навистина површни и обично се однесуваат на изгледот или на финансиската состојба и во тој случај со сигурност не се наменети за ваше добро. Парите се приватна работа, а изгледот на личноста со којашто планирате да излегувате важно е да ви се допаѓа вам и пријателите треба да го почитуваат тоа.rn

    2. Вашите пријатели се цицачи на внимание

    rnПостојано слушате поплаки дека премногу време посветувате на љубениот/та? Ве исмејуваат секогаш кога ќе изберете состанок со момчето наместо шопинг? Или уште полошо, пропуштен фудбалски натпревар поради вечера со девојката? Во никој случај не треба да го запоставиме другарството кога сме во врска, но тоа не значи дека пријателите не треба да бидат среќни кога ќе пронајдеме личност со која сакаме да го поминуваме времето. Баш напротив!rn

    3. Не ја почитуваат личноста со која сте во врска

    rnДоколку вашите другарки не можат да сврзат две реченици кога ќе ги запознаете со вашето ново момче тоа е непочитување спрема него, но и спрема вас. Изговорот дека немаат заеднички теми не важи, едноставно не сакаат да се потрудат. Од друга страна, кога вашите другари не можат да престанат да зборуваат за други девојки, да зјапаат во натпреварот на телевизорот или едноставно не можат да се воздржат од непристојни разговори во друштво на вашата девојка тоа не само што е непочитување, тоа е и некултура.10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врскатаrn

    4. Постојано ве потсетуваат на минатите врски

    rnРазговорите за бившиот/бившата можат да бидат непријатни и треба да се прават во четири очи: меѓу вас и сегашниот партнер. Нема никаква причина пријателите да споменуваат поранешни врски и тоа треба јасно да им го дадете до знаење.rn

    5. Ви „местат“ други девојки/момчиња додека сте во врска

    rnОсвен ако не сте во врска со личност која е опасна по вашиот живот, ова не е во ред. Како што сте биле способни сами да најдете дечко/девојка, така сте способни да раскинете и да најдете нов/а доколку сакате.rn

    6. Флертуваат со вашиот партнер

    rnБез разлика дали првпат излегувате со личноста, дали имате отворена врска или сте заедно со години, пријателите треба да си ги знаат границите. Сегашни, бивши па и какви било други партнери на другарите/другарките се надвор од опсег!rn

    7. Флертуваат со вас

    rnОва мора уште веднаш да го решите. Доколку постои личност во вашето друштво со која претходно сте биле во врска или можеби сè се сведувало на обичен флерт, тоа мора да го расчистите во истата секунда кога ќе влезете во нова врска.10 знаци дека пријателите ви ја уништуваат врскатаrn

    8. Зборуваат лошо за вас

    rnМожеби нема директно да кажат нешто лошо за вас, но шегите и однесувањето доволно зборуваат. Доколку го прават ова за да се покажат како главни во друштво, а вас да ве омаловажат, размислете дали да ги донесете девојката или дечкото наредниот пат со вас.rn

    9. Знаат премногу ваши тајни

    rnДолго време сте со вашите другари/другарки и знаете скоро сè едни за други, и тоа е во ред. Но во моментот кога ќе почувствувате дека вашите тајни не се безбедни кај нив, особено оние кои можат да ѝ наштетат на врската, мора да изреагирате. Не дозволувајте да ве уценуваат или да ви создаваат тензија особено поради нешто што веќе поминало.rn

    10. Пријатели од спротивниот пол

    rnНајдобро е да разговарате со девојката или момчето за тоа како се чувствуваат да имате најдобар пријател од спротивниот пол. Доколку се разговара навреме, тоа може да функционира нормално, но мора да бидете свесни за дополнителните проблеми кои може да ги донесе во иднина.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Откријте дали чувствува нешто за вас според хороскопскиот знак

    Откријте дали чувствува нешто за вас според хороскопскиот знак

    Се сеќавате како кога бевте во основно училиште, другарчињата ви праќаа писменце во кое пишува дека на тој или таа од училиштето му се допаѓате? За жал, тие времиња кога толку едноставно дознававме на кој му се допаѓаме одамна завршија и со текот на годините љубовта станува се покомплицирана за разбирање. Па затоа, без разлика дали сте му фрлиле око на некој енергичен овен или на сензитивните риби, овој астро-водич ќе ви помогне да ги откриете уникатните знаци со кои секој хороскопски знак се издава дека му/ѝ се допаѓате.rnrnОткријте дали чувствува нешто за вас според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnОвенот не е ниту двосмислен, ниту ќе ве заведува доколку не му е тоа намерата. Така што, доколку му се допаѓате на некој овен, тој/таа веројатно директно и искрено ќе ви го каже тоа. Доколку сакаат да глумат таинствени, обрнете внимание на однесувањето и гестикулациите. Доколку делува вознемирено, нетрпеливо и неспокојно, тоа не се знаци дека овенот сака да избега од вас за да биде на некое друго место, туку дека сака да ги забрзаат работите со вас.rn

    Бик

    rnБикот е традиционален, конвенционален тип, па доколку ми/ѝ се допаѓате, тој или таа ќе ве заведе на старомоден начин. Испрашувачки прашања од стилот која е вашата омилена боја, храна или цвет, може да значат дека планира да ве повика да излезете и дека во главата го планира совршениот состанок со вас.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се добро познати флертувачи чии умови се секогаш будни и активни и тие сакаат да зборуваат со секој што ќе се најде на нивниот пат, на милион различни теми. Со оглед на ова, како да препознаете дека некој близнак чувствува нешто повеќе за вас и дека тоа што се случува не е само неговиот/нејзиниот вообичаен флерт? Ќе препознаете по тоа што ќе преминат од вообичаен разговор, кон прашување полични прашања.rn

    Рак

    rnРаковите се семејно ориентирани луѓе и доколку некој претставник на овој знак почне да се однесува милосливо и сочувствено со вас, тоа е добар знак дека ви „фрлил/а“ око. Доколку се однесува заштитнички кон вас, тоа е уште еден знак дека чувствува нешто. А, доколку ве повика кај него/неа дома за да се запознаете со неговото/нејзиното семејство, тоа е речиси гаранција дека ракот ве гледа како потенцијален љубовен партнер.rn

    Лав

    rnЛавот обожава да биде драматичен, па како да знаете дека големиот спектакл којшто го прави, го вклучува и она што го чувствува за вас и дека тоа не го прави само заради шоу и за да биде забележан? Доколку му/ѝ се допаѓате на некој лав, тој или таа ќе се откаже од центарот на вниманието и ќе ви дозволи да уживате во „театарската претстава“, радувајќи се дека вие сте му/ѝ најголемиот обожавател.rn

    Девица

    rnЛогични и практични, девиците не ја покажуваат својата симпатија кон некого со правење голем гест. Доколку одвојат време да ве прашаат што чувствувате за нив или пак самите почнат да ги изразуваат своите чувства кон вас и гледате како полека го спуштаат штитот во ваше присуство, тоа е добар знак дека им се допаѓате.rn

    Вага

    rnЖивотот на вагата е многу балансиран и благопријатен и секогаш сакаат грациозно да изгледаат во очите на другите луѓе. Па, како да знаете дека тие не се само љубезни и дека навистина им се допаѓате? Така што ќе ви дозволат да станете дел од нивниот животен стил „на висока нога“ и ќе ве поканат на најромантичното „возење“ во вашиот живот.rn

    Скорпија

    rnЌе знаете дека некоја скорпија ве има на радар, доколку тој/таа зјапа во вас од другиот крај на просторијата преполна со луѓе. Нивниот интензивен поглед ќе направи да се почувствувате како да сте единствената личност во светот. На почетокот скорпијата може да делува малку студено и отсутно, но таа не би го губела времето да муабети со некој за кој не е тотално заинтересиран/а.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се дружељубиви и отворени личности, па затоа лесно е да го помешате нивното пријателско однесување со нешто повеќе од тоа. Нивното време за дружење им е многу важно, па ако отидете на повеќе од еден состанок во текот на неделата, тоа е многу добар знак дека тие се вљубени.rn

    Јарец

    rnЈарците ги држат картите затворени, па ќе биде тешко да процените дали припадник на овој знак е заинтересиран за вас. Доколку нивната вкочанета надворешност почнува да омекнува во ваше присуство и доколку излезат порано од работа за да се видите и покрај нивниот густ распоред со обврски, веројатно гледаат потенцијал за романса со вас.rn

    Водолија

    rnВодолиите размислуваат „надвор од кутијата“, затоа не очекувајте дека ќе ви се додворат на традиционален начин. Ако ѝ се допаѓате на водолија, таа може да ви направи шега во еден момент, а веќе следниот да зарие во длабок интелектуален разговор. Нивното чудно однесување всушност значи дека тие ве проценуваат, обидувајќи се да дознаат дали двајцата ќе се сложувате во нивниот ексцентричен свет.rn

    Риби

    rnДобрата вест е што воопшто не е тешко да ја прочитате рибата. Уште подобра вест е тоа што штом рибата еднаш ве засака, таа постојано ќе ве опсипува со љубов и сочувство. Од нив е возможно да добиете рачно напишана поема или рачно нацртан портрет со вашиот лик.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 начини да ја освоите секоја девојка

    15 начини да ја освоите секоја девојка

    На многу мажи никогаш не им е јасно на кој начин треба да ѝ пристапат на жена, поради што пропуштаат многу шанси да ја заведат онаа која многу им се допаѓа. Овие 15 совети ќе ви помогнат повеќе да не правите грешки со жените кои сакате да ги привлечете, а јас како претставничка на понежниот пол, одговорно тврдам дека во нив се крие многу вистина. :)rnrn15 начини да ја освоите секоја девојкаrnrn1. Треба да разговарате на „емотивни“ теми, како што се вашите спомени од детството, идните амбиции или за нејзината страст во животот. Ваквите разговори ќе ја разбудат нејзината емотивна страна.rnrn2. Жените сакаат покрај себе да имаат момче кое не се плаши да ја предводи. Додека зборувате со девојката којашто ви се допаѓа, преземете ја контролата врз разговорот. Никогаш не чекајте таа да ја диктира темата на која ќе зборувате.rnrn3. Обрнете внимание на невербалните сигнали кои ви ги испраќа девојката. Доколку стоите премногу блиску до неа, не сакајќи плукате накај неа додека зборувате или правите да се чувствува непријатно на кој било начин, таа ќе ви испрати некакви невербални знаци, со говорот на телото. Обрнете внимание на нив, за да знаете дали сте на прав пат кон освојување на нејзиното срце.rnrn4. Запомнете го мотото: „Бидете забавни, но не и смешни“. Жените ги привлекуваат мажи кои им дозволуваат да се забавуваат. Немојте да се концентрирате, кажувајќи ги најдобрите шеги и вицеви. Наместо тоа, концентрирајте се да ѝ ја покажете вашата возбуда и уживањето во нејзиното друштво.rnrn5. Задевајте ги жените. Еден од најлесните начини да го одведете разговорот кон едно забавно и флертувачко ниво, е да започнете да ги задевате и закачкате жените. Вратете се назад во времето кога бевте дете и си игравте на игралиштето. Во светот на љубовта и состанувањето ќе биде ефикасно сето она што било ефикасно и на игралиштето.rnrn6. Бидете поинтимни, поблиски со неа. Жените се „палат“ на мажи кои не се плашат да го одведат разговорот на лично, поинтимно ниво.rnrn7. Заведете ја играјќи игра на погодување, каква личност е таа. Жените сакаат да слушнат какво мислење имате за неа. Кажете ѝ што забележувате кај неа. Верувајте, ќе го обожава тоа.15 начини да ја освоите секоја девојка8. Избегнувајте премногу да ѝ делите комплименти. Жените не ги привлекуваат мажи кои постојано сакаат да го покренуваат вниманието. Доколку ѝ давате премногу комплименти на жена, таа ќе помисли дека сакате да ја импресионирате, а со тоа ќе постигнете само спротивен ефект.rnrn9. Доколку сакате да научите како да разговарате со неа, а притоа да не ѝ станете досаден, имајте на ум дека не треба да ѝ поставувате премногу прашања како да е на интервју. Наместо тоа, изразете го вашето мислење и ставови за работите.rnrn10. Запомнете: давајте изјави наместо да поставувате прашања! Па така, наместо да ја прашате: „Во кој град порасна?“, речете: „Не изгледаш како да имаш израснато овде.“ Ова ви овозможува да покажете кој е вашиот карактер и да правите претпоставки за неа, на кои таа со овој пристап, со задоволство ќе ви одговори дали се точни или не.rnrn11. Немојте да го криете вашиот идентитет. Не плашете се да разговарате со неа за сето она за коешто чувствувате страст во животот. Жените сакаат возбудливи теми на разговор.rnrn12. Кажете ѝ нешто со кое ќе ѝ дадете на знаење дека ја доживувате на „сексуален“ начин. Доколку не го сторите тоа, ризикувате да останете само во пријателската „зона“.rnrn13. Забавувајте се со некои разговорни игри од типот на „Вистина или предизвик“ за да го одржите расположението и флертот на добро ниво.rnrn14. Не предавајте ѝ се многу лесно. Жените сакаат мажи кои им поставуваат предизвик. Доколку сакате некоја да остане заинтересирана за вас, треба да направите да се почувствува како полека, но сигурно ви го освојува срцето. Доколку мисли дека сте премногу лесна цел… брзо ќе го изгуби интересот за вас.rnrn15. И за крај, најдобриот начин на размислување за тоа како треба да разговарате со жена за да го освоите нејзиното срце, е да помислите во каков забавен, разигран и сексуален разговор, најмногу вие би уживале. Заведувањето не треба да биде нешто тешко кое ќе ви создава притисок. Единствено треба да бидете свесни за она што ги „пали“ и она што не ги „пали“, а тоа кај жените секогаш се оцртува на нивното лице. Треба само внимателно да ја гледате и слушате. Следете ја оваа листа и со сигурност ќе поминете одлично на вашиот следен состанок.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флертувачи, додворувачи, шмекери…

    Флертувачи, додворувачи, шмекери…

    „Твојата коса е како стадо овци кои се спуштаат надолу по ливадата…“ Кога мојата професорка го прочита ова, искрено, прснав од смеење. Беше пред едно 7 години, ама оваа фраза никогаш нема да ја заборавам. Зошто сум се смеела? Човекот кој го напишал ова си бил вљубен, заслепен од убавината на девојката, од нејзината долга коса, и само да напоменам, бил многу поискрен од кое било момче што ќе ви пријде во ноќен клуб во денешно време.rnrnЗаводливост, кокетни насмевки, расфрлање со шарм? Нема ни флерт ни вистинско додворување, ни тие искри и жарчиња. Во денешно време сè се сведува на Сакаш да се муваме? Траги-комедија…Флертувачи, додворувачи, шмекери...Прв начин да ѝ се „пуштиш“ на некоја – искористи ги социјалните мрежи. Глумат манијаци, ти се чини некој ги плаќа будно да го следат твојот профил 24/7. Во ред, нови времиња и нови начини на ширење познанства, само собери храброст и покани ја девојката да се видите во живо и извежбај при таа средба да успееш да направиш макар пола од муабетот кој си го правел на ФБ. Друг начин е да „пуштиш јадица“ во ноќен клуб и да видиш која ќе се фати. Ама најчесто без праќање заводливи погледи или пијачки, туку манијачко ѕверење во женската, а дури да собере храброст заврши вечерта. Без ризик, игра на сигурност, не дај Боже да ѝ покажеш на женската дека стварно ти се свиѓа и би сакал подобро да ја запознаеш. Финти како од филмчињата, праќање порака на нејзината маса… ма не, подобро ќе пуштат стројници.rnrnЕ, стројниците во 21-ви век се една од најинтересните појави. Дури играш расипан телефон преку братучед ти до другарот негов кој ќе треба да ѝ каже на другарката на оваа што ти се свиѓа, пораката три пати ќе се измени или изгуби во превод, а додека стигне до девојката таа може и да се омажи. Биди маж – кажи ѝ во лице. Ха! Какви мажи, одамна изгуби тежина овој термин. Сега жените се поголеми „мажи“ за многу работи.rnrnА жените, нема да ги поштедам само затоа што сум една од нив. Ок, момците не знаат да флертуваат (поголемиот дел, големо извинување до ретките исклучоци), ама и жените не се цвеќиња за мирисање. Ако си застанала на шанк и глумиш ледена кралица не очекувај дека некој околу тебе вртоглаво ќе паѓа. Друга работа, ако си се облекла како за на кастинг за во јавна куќа (со извинение), не очекувај дека ќе флертува со тебе некој нормален.rnrnКако и да свртиш за сè си има две страни. А бидејќи нема начин да бидеме јасни кога станува збор за тоа дали си достапна за флерт (освен ако нејќеш да шеташ со натпис на челото), ќе мора да преземаме ризици.rnrnВо секој случај, вреди да се ризикува. Момци, пробајте најнормален пристап, без глупости и филозофии и видете што ќе бидне. И да добиеш корпа, никому-ништо, никој не умрел од тоа. Замислете таа да била жената на вашиот живот, онаа по која сте трагале толку долго време, а вие сте уништиле сè преправајќи се дека сте пијани (за да изгледате кул и опуштено), и пристапувајќи ѝ со некаква крајно глупава фраза. Нели е греота да си уништите таква шанса? На крајот на краиштата, флертувањето е едноставно и лесно, не ви треба докторат за да ви успее.rnrnДо следното читање,rnrnФлертувајте смело.rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флерт и додворување – со лупа да ги бараш

    Флерт и додворување – со лупа да ги бараш

    Автор: Марија Јанковаrn

    Флертот и додворувањето се афектни состојби на изразување допаѓање и симпатии кон одредена личност и се препознаваат по интензивни погледи и намерни насмевки.

    rnДа, јас искрено се чувствувам должна да дадам конкретна дефиниција за овие поими затоа што не сум сигурна дали освен во љубовните романи и филмови на друго место сте ги сретнале. Нивното практикување во реалноста е комплетно заборавено.rnrnФлерт и додворување - со лупа да ги барашrnrnДенешните генерации не знаат да уживаат во младоста и во предностите кои таа ги нуди. Симнувањето ѕвезди веќе не е „ин“, најновата мода диктира нешто од видот „само едно добро лапање, важно е да се смуваме, ништо повеќе“. Жалосно, но вистинито. Флертот и додворувањето со лупа да ги бараш, во вакви услови на страшна искомплексираност, тешко да ги најдеш.rnrnДенешното општество ни нуди поинаков начин на машко-женска кокетност и заведување. Започнуваме со „poke“, „like“ и знаете, сите оние пропратни Facebook-елементи, и очекуваме оној од другата страна на мониторот веднаш да остане воодушевен или заинтригиран за нас. Во ред, секако дека не можеме целосно да ги занемариме модерните начини на комуникација, но немојте да дозволите предолго да останете заглавени во технологијата. Во секој случај вистинскиот живот е онаму надвор.rnrnИ да знаете само какво треперење може да предизвика ловењето на нечиј поглед вперен кон вас. Кога само би сфатиле колку една блага насмевка може да ви го разубави денот. Игрите со невербална комуникација знаат и тоа како да бидат интересни и пријатни. Има моменти кога говорот на телото кажува многу повеќе од зборовите. Чувството како да полетувате или можеби слетувате, како да се галите со ветрот или како да чекорите по облаци, такви се оние вибрации кои се шират помеѓу тајните сигнали на двајца непознати.rnrnАјде момци, што стана со вашата машкост? Наоколу изигрувате бестрашни мачо-типови, а кога ќе дојде ред да ѝ се приближите на убава девојка, како преплашено маче предете во некој агол и барате храброст во алкохолот.rnrnА вам девојки, каде ви е женственоста? Дотерани и стокмени како штотуку да сте излегле од некој моден магазин, а кога на повидок е згоден фраер кој ви ги буди пеперутките, наместо да тргнете во акција, се одлучувате за повлекување. Не оди така тоа мои фини дами и почитувани момци. Љубовта која толку упорно ја експонирате и барате нема ниту од небо да ви падне, ниту пак некој ќе ви ја подари спакувана со украсна хартија и црвена панделка.rnrnНаредниот пат кога ќе отидете на кафе или ќе излезете на ноќно журкање, па дури и кога ќе потрчате до најблиската продавница, не заборавајте да го понесете најголемиот адут – вашата шармантност собрана во една неодолива насмевка.rnrnФлертувајте за посреќни утра и повесели ноќи!

  • Астрологијата и неговиот стил на додворување

    Астрологијата и неговиот стил на додворување

    Секој маж има различен стил на флертување. Дознајте на кој начин тој ќе се обиде да го освои вашето срце, во зависност од хороскопскиот знак на кој припаѓа.rnrnАстрологијата и неговиот стил на додворувањеrnrnОвен: „Бонд. Џејмс Бонд.“rnrnБик: „Кај мене дома имам шише изладено шампањско, а имам чуено дека може да се расипе ако стои неотворено предолго време.“rnrnБлизнаци: „Сакаш да го измериме коефициентот на статична напнатост помеѓу нас двајца?“rnrnРак: „Чувствувам дека си одлична љубовница и тоа по малку ме плаши.“rnrnЛав: „Веруваш во љубов на прв поглед или сакаш да те погледнам уште еднаш?“rnrnДевица: „Ти не би требало да носиш облека на себе. Ја нарушува твојата совршеност.“rnrnВага: „Душо, поради твојата убавина, утринското Сонце изгледа побезизразно од Месечината.“rnrnСкорпија: „После неколкугодишна терапија и разни тестирања, се обидувам да сфатам дали сум алергичен на секс или не.“rnrnСтрелец: „Само да ти кажам дека јас носам чевли број 44.“rnrnЈарец: „Здраво. Јас заработувам повеќе отколку што ти можеш да потрошиш.“rnrnВодолија: „Ме фасцинираш повеќе и од Лајбницовата формулација за инфинитезимална пресметка.“rnrnРиби: „Имаш задник како некоја холивудска ѕвезда.“rnrnПрочитајте повеќе на оваа тема.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.