Да ја оставиме настрана приказната дека човечката раса не е предодредена за моногамија и дека флертот не е изневерување. Во реалноста често наоѓаме докази за мажи кои изневеруваат. Притоа не мислиме само на интимниот однос како единствен начин на којшто мажите може да нè изневерат. Што е со сите флертувања, допишувања, размислувања, евентуални излегувања, фразата „таа ми е само другарка“?rnrn
rnrnМожеби звучи смешно кога ќе ви кажеме дека физичкото изневерување е најмалку болно. Можеби вашиот партнер успева да ви биде физички верен, но психички да ве изневерува со месеци или пак со години. Како да го спречите психичкото изневерување? За жал, тоа не е можно, бидејќи не постои начин да контролираме нечии мисли и желби. Дали треба да ја прекинеме врската, ако започнеме да фантазираме за друга личност? Одговорот најверојатно би бил ДА, но реалната ситуација покажува други опции.rnrnВрската понекогаш опстанува, иако партнерот со месеци води паралелна врска во реалноста и во мислите. Сака една личност, друга го привлекува, со трета одлично комуницира! Прашањето е: „Дали може да пронајдеме една личност за сè и да се заштитиме од изневерувањето?“rnrnИма ли љубовта рок на траење? После неколку години не е чудно, еден од партнерите да посака нешто поразлично бидејќи навиката го направила своето. Конкретно овде станува збор за момците, бидејќи тие по природа повеќе изневеруваат и потешко се врзуваат. Како изгледа таа идеална жена кон која засекогаш ќе бидат верни? Одговорот најверојатно го немаат ниту тие самите, но факт е дека само ретките од нив може да се пофалат дека пронашле жена за цел живот и дека останатите не ги интересираат.rnrn
rnrnКлучот најверојатно се наоѓа во психата.rnrn„Животот е премногу краток и доколку ја пронајдеш личноста која ти одговара во 70% од работите, ќе се обидеш да ја зачуваш и да ја сакаш секој ден сè повеќе“ – ова е одговорот на едно слатко момче кое планирало да ја запроси својата девојка. Искушенијата постојат за да провоцираат и да се обидат да ни ги заматат мислите и умот, но само одредени личности, т.е. мажите кои знаат што сакаат и мислат на својата партнерка, ќе научат како да одолеат на тоа.rnrnНека не ве залажуваат приказните, бидејќи вистинскиот маж кој навистина ја сака својата поубава половина, не изневерува и нема потреба за друга без разлика каква е неговата природа. Доколку знае дека таа е вредна за неговата љубов, ќе ги чува сета своја љубов, страст и желба само за неа.
Tag: флерт
-

„Зарем не сум му доволна?“ – Зошто мажите имаат потреба од друга?
-

Психолозите ни ги откриваат 6-те причини поради кои луѓето флертуваат
Некои луѓе се родени додворувачи, кои едноставно не можат да престанат да го прават тоа. Доколку чекаат на ред за кафе, тие веднаш почнуваат да флертуваат со личноста покрај нив или со вработените. За нив ова однесување настанува природно и е еден начин на кој се справуваат со светот. Но, кога станува збор за личност која им се допаѓа и кога не сакаат ништо за возврат, тие знаат да бидат навистина големи шармери.rnrn
rnrnВо 2004 година, професорот Дејвид Драјден Хенингсен направил преглед на литературата за флертување и идентификувал 6 различни видови мотивација за флертување:rnrnСекс: флертување со цел сексуален односrnrnЗабава: флертување како хобиrnrnИстражување: флертување како дел од љубовната врскаrnrnПоврзаност: флертување како начин на зголемување интимностrnrnСамодоверба: флертување за зголемување на самопочиттаrnrnИнструмент: флертување со цел да се добие нешто од друга личностrnrnПостои огромна разлика помеѓу шармантноста и флертувањето. Доколку вие сте шармантни, ќе ги правите сите луѓе околу вас да се чувствуваат значајно. Но, доколку сте флертувачи, вие ја користите сексуалната привлечност за да манипулирате со друга личност, понекогаш на безопасен начин, но понекогаш и со цел да го добиете она кое вие го сакате. И шармантните личности и оние кои флертуваат, одржуваат контакт со очите и имаат топлина во нивниот глас, но флертувачите се оние кои скоро секогаш имаат (скриена) агенда, нешто што би им било од корист.rnrnФлертувањето многу често може да доведе до емоционална повреда, особено ако зборовите и делата на флертувачот се сфатат сериозно, а неговата/нејзината цел е да се забавува. На пример, доколку некоја личност флертува само со цел да открие дали ќе добие каква било реакција од соговорникот, а тој/таа помисли дека искажаните емоции се реални, не е потребно долго време за да дојде до големо недоразбирање.rnrnОд друга страна пак, оние кои постојано флертуваат се и личности кои уживаат во играта на освојување, па кога ќе ја остварат целта им станува здодевно и веднаш преминуваат на следната „жртва“. И покрај тоа што флертувањето може да биде забавно и безопасно, може да биде и манипулативно и злонамерно, па токму затоа секогаш внимавајте пред целосно да се впуштите во игра со овие момци или девојки кои се многу вешти на зборови. -

11 начини на флертување и нивната успешност на скала од 1 до 10
Кој е вашиот метод на флертување и колку е тој ефикасен? Кои се добрите страни, а кои лошите во вашето однесување кон личноста за која сте заинтересирани? Погледнете ги следниве 11 видови флертувања и нивната успешност на скала од 1 до 10…rnrn
rn1. Набљудување од другата страна на просторијата
rnСпротивно на она што ни го покажуваат сите филмови со вампири и романтични комедии, продолжениот контакт со очи може да биде ризичен. Набљудувањето е исто како фрлање ножеви во флертувањето – доколку успее, вие имате способност, но доколку не… Ве очекува многу непријатна ситуација.rnrnРејтинг: 2 (5 доколку изгледате добро)/10rn
2. Лајкување на новиот Фејсбук или Инстаграм пост
rnОва е малку сложено бидејќи нотификацијата од вас може да се измеша со оние од сите останати кои не се романтично заинтересирани за оваа личност и кои само го лајкнале постот бидејќи едноставно им се допаѓа. Но, тоа не значи дека не треба да го направите тоа. По некое време, доколку сте упорни, тие на вас ќе гледаат како личноста која често ги „лајкува“, па тоа сигурно може да ви донесе некој поен повеќе.rnrnРејтинг: 6/10rn
3. Лајкување на Фејсубук/Инстаграм постови кои се постари од 3 месеци
rnОва е нешто што би можело на еден просечен човек да предизвика да му сопре срцето на момент, бидејќи најчесто се случува по грешка. Прстите ќе ви притиснат нешто погрешно и одеднаш работата ќе се претвори во катастрофа и вие ќе бидете доживеани како личност која демне. Па не, ова не е метод на флертување во кој би сакале да инвестирате.rnrnРејтинг: -37/10rn
4. Смеење на сè што тој/таа ќе каже
rnШеги? Смеј се. Општи изјави за било која позитивна тема? Смеј се. Луѓето сакаат да чувствуваат дека се забавни, па токму затоа не се воздржувајте со вашите насмевки.rnrnРејтинг: Ха-ха 7/10rn
5. Купување пијалак како начин на запознавање
rnТрошите пари на претерано скап алкохолен пијалак со цел да привлечете внимание? Тоа можеби би можело да ви помогне да започнете со разговор, но потоа треба да најдете и соодветна тема со цел да ја одржите оваа интеракција. Или едноставно ставете ја оваа личност на ваша сметка која нема да ја затворите сè додека не научите да не се потпирате на парите за искажување романтичен интерес.rnrnРејтинг: 2000 денари за вотка и Ред Бул/10rn
6. „Фејв“ на твит
rnФејв на твит е можеби најлошиот начин на кој можете да флертувате. Особено со оглед на тоа што веднаш до фејвот имате можност за ретвит. Од сите социјални мрежи, кога станува збор за флертување најмалку треба да се потпирате на твитовите.rnrnРејтинг: 0/10rn
7. Љубезен разговор
rnНекои велат дека љубезноста е вашиот билет до пријателската зона, додека пак, другите сметаат дека е најдобриот начин да привлечете нечие внимание. Без разлика на ситуацијата, многу е подобро да бидете љубезни отколку непријатни, се согласувате?rnrnРејтинг: Зависи од тоа колку тие сметаат дека сте привлечни на скала од 1-10/10rn
8. Сарказам во разговорот
rnСите оние саркастични нешта не само што се неверојатно популарни кај спротивниот пол, туку и скоро секогаш успеваат. Луѓето кои се чувствуваат удобно еден покрај друг најчесто немаат проблем разиграно да се исмејуваат бидејќи тие на тој начин можеби и најдобро комуницираат.rnrnРејтинг: 10/10rn
9. Скокоткање
rnНе. Исто така сите удари со лакт кои сте ги добиле во лице од луѓето кои не сакаат скокоткање ви се целосно заслужени.rnrnРејтинг: Сериозно, престанете!/10rn
10. Им зборувате на нивните пријатели колку тие ви се привлечни и се надевате дека пораката ќе им биде пренесена
rnЉубов преку сродници. Дали ќе ве сметаат за кукавица? Можеби. Но, тоа не мора да значи дека вашиот комплимент нема воопшто да им се допадне.rnrnРејтинг: 4/10rn
11. Бидете оние кои навистина сте, но и покажете интерес во соодветни ситуации
rnПобарајте го нивниот број, поканете ги на состанок… Клучот е да бидете оние кои навистина сте и луѓето веднаш ќе ја почувствуваат вашата самодоверба, правејќи ве многу попривлечни во нивните очи.rnrnРејтинг: 10/10
-

Клучни вештини за заведување: Техники кои успеваат кај секој маж
Дали некогаш сте посакале да заведете маж по кој веќе некое време копнеете, но се плашите да не излезете чудни и смешни додека го правите тоа? Или пак, можеби се плашите да не бидете одбиени? Не сте единствени! Погледнете ги следниве 7 одлични совети кои ќе ви помогнат брзо да ги подобрите вашите заводнички вештини…rnrn
rn1. Смешкајте се и остварувајте контакт со очите
rnОвие две вештини се основните при заведувањето. Вие на овој начин ќе изгледате поотворени и мажите ќе почувствуваат поголема храброст за да ви пријдат. Токму тоа ви е важно, се согласувате? Сакате тие да почнат да ви приоѓаат? Насмевката ќе предизвика да делувате многу попристапно, но истовремено и поатрактивно. Не можете да погрешите ако постојано сте насмеани.rn
2. Бидете пријателски настроени
rnОва е вториот чекор кон заведувањето кој ќе ви помогне да го нагласите сиот ваш шарм. Доколку сте природно разговорливи, зошто не се обидете да бидете пријателски настроени и љубезни дури и кога сте во маркет? Луѓето на тој начин полесно ќе ве забележуваат и ќе сакаат да разговараат со вас, па токму така и ќе си ја отворите вратата кон запознавање многу нови луѓе. А што повеќе луѓе знаете, толку поголеми се шансите да го најдете „вистинскиот“.rn
3. Постојано обрнувајте внимание на вашето однесување
rnСо цел да станете подостапни, мора да бидете свесни за вашето окружување. Мажите многу често се прашуваат зошто жените кои ги сретнуваат во секојдневниот живот се толку нељубезни. Не сте свесни за тоа? Веројатно не внимавате како се однесувате додека ги извршувате вашите секојдневни обврски. Доколку сте во контакт со луѓе, без разлика на вашата работа, обидете се да си давате од 5 до 10 минути само за разговор и поврзување со луѓето.rn
4. Скршете го мразот
rnБидете храбри и кажете нешто први! Многу мажи се чувствуваат поласкано кога жената ќе го започне разговорот. На тој начин вие ќе му ја олесните работата, но и ќе можете да започнете тема на разговор за која сте сигурни кога зборувате.rn
5. Бидете онаму каде што изборот е добар
rnСо цел да ги зголемите шансите за запознавања во текот на целиот ден, почнете да поминувате повеќе време на места каде што има многу луѓе. Без разлика дали станува збор за голем маркет, ресторани, кафулиња… Опкружете се себеси со голем број луѓе и почнете да го анализирате нивното однесување. На овој начин ќе можете многу полесно да дојдете до разговор, бидејќи и двајцата во тој момент ќе правите иста работа.rn
6. Разговарајте со луѓето додека чекате во ред
rnБез разлика дали чекате ред на каса во супермаркет, за кафе за носење, покрај банкомат или пак на било кое друго место, искористете го ова време на најдобар можен начин. Не е важно што точно ќе кажете, важно е само да го почнете разговорот. Од таму, работите ќе почнат сами да си течат по природен тек.rn
7. Опуштете се
rnОва е можеби најважниот совет при запознавањето мажи. Вие едноставно морате да се опуштите. Флертувањето не треба да биде ништо повеќе од забавување и опуштање. На овој начин вашата самодоверба ќе порасне, вие ќе станете многу попристапни и посигурни во себе. Не заборавајте дека мажите секогаш се привлечени од атрактивни жени, секогаш насмеани, кои сјаат со висока самодоверба.
-

Кои женски хороскопски знаци се најголемите заводнички?
Покрај кои девојки ниту еден маж нема да остане рамнодушен? Кои се топли, а кои студени? Како секој хороскопски знак флертува и освојува? Кои се нивните тајни оружја? Прочитајте…rnrn
rnОвен
rnДамите родени во овој знак се огнени заводнички кои лесно ги освојуваат момците и обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Тоа обично го прават со изборот на провокативна облека. Но, таа е само додаток кој ја покажува нивната силна личност. Тие се непосредни и страсни во комуникацијата.rn
Бик
rnОние кои се родени во знакот на Бик се вешти заводнички. Тие имаат моќ да се преобразат од невини девојки во фатални дами на кои никој не може да остане рамнодушен. Биковите се најчесто убаво градени и се свесни за тоа, па токму затоа и често го користат своето тело во играта на заведувањето. Тие исто така се и еротични и не се плашат да го покажат тоа. За време на комуникацијата, многу често го допираат својот соговорник, во рамките на пристојноста.rn
Близнаци
rnЖените Близнаци најчесто се деца со 100 лица. Припадничките на овој знак се бескрајно шармантни, брзо мислат и се вешти во комуникацијата. Тие се омилени во друштвото и обично имаат светла коса и очи во комбинација со потемен тен. Близнаците сакаат да се трансформираат и својот заводнички пристап го менуваат во зависност од целта, односно од типот на маж кој сакаат да го освојат.rn
Рак
rnЖените Ракови, како и сите припадници на овој знак, се нежни и чувствителни. Тие обично имаат облини, го сакаат фамилијарниот живот и мажите ги сметаат за пожелни партнери на долг рок. Тие се многу женствени и не се плашат да го покажат. Најчесто одбираат партнери кои се кавалери и кои сакаат да им угодуваат на жените.rn
Лав
rnЛавиците се доминантни личности и исто како и останатите огнени знаци, тие обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Тие имаат моќ да ги претворат своите маани во предност и да го искористат тоа секој пат кога сакаат да освојат некој маж. На почетокот обично не настапуваат премногу нападно и се одлични тактичари.rn
Девица
rnДевиците имаат латентна сексуалност. Тие се педантни и организирани во секојдневниот живот, но исти се и во играта на заведување. Обично се прикажуваат како фини девојки, смирени и со романтичен стил на облекување, но под сè тоа се наоѓа стабилна заводничка која знае што сака.rn
Вага
rnПрипадничките на овој знак имаат одлични заводнички методи и многу се потпираат на својот физички изглед. Вагите не се облекуваат премногу нападно и сè што носат на себе е избрано со големо внимание. Доколку сакаат, тие можат да го користат и својот стил на облекување како средство за заведување. Мажите многу тешко можат да одолеат на нивната перфекција.rn
Скорпија
rnЖените родени во знакот на Скорпија се опасни заводнички. Тие имаат необјаснив шарм, продорни се и обично имаат сензуален глас. Доволно е само да поминат покрај мажот кој им се допаѓа и тие веќе ќе го соборат од нозе. Но, тие имаат и негативна карактеристика, знаат да бидат посесивни. Кога заведуваат, играат топло-ладно, па токму затоа лесно можат да го полудат својот партнер.rn
Стрелец
rnЖените Стрелци не можат да бидат уловени. Тие обично негуваат спортски стил, во комбинација со многу накит. Често имаат долги нозе, без претерани облини, па токму тоа и го користат како своја предност. Доколку имаат одредени недостатоци, успешно ги прикриваат со својата насмевка и неодоливиот шарм. Духовитоста им е главното оружје за заведување.rn
Јарец
rnДевојките родени во знакот на Јарец освојуваат со својата студеност. Тие се претставуваат како моќни и непоколебливи жени кои често одбираат мажи над кои можат да доминираат. Иако им е физичкиот изглед важен, како и на сите останати, тој не е нивното главно средство на заведување. Тие освојуваат со својот интелект.rn
Водолија
rnЖените Водолии не обрнуваат премногу внимание на впечатокот кој го оставаат врз мажите. Ним им е поважно духовното отколку физичкото, па токму на тој начин и ги одбираат своите партнери. Тие се многу модерни, храбри и не се нервираат лесно. Најчесто имаат едноставен стил на облекување кој им одговара на многу мажи.rn
Риби
rnРибите се нежни и чувствителни. Но, тоа е само трик со кој можат да го уловат секој партнер кој го посакуваат. Тие кога освојуваат ја користат картата „дама во неволја“, и не пребираат многу кој ќе ги „спаси“. Физичкиот изглед многу малку им помага во заведувањето и тие никогаш не би признале дека тој им е многу важна карактеристика во љубовните походи.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Ви здодеа стандардниот флерт? Почнете да флертувате како Дизни принцеза!
Дизни принцезите имаат лоша репутација кога станува збор за љубовните врски – сето тоа „дама во неволја клише“ не им прави некоја голема услуга. Но, може да се изненадите од некои мудрости за флертот што ги кријат под нивните тијари. Погледнете ги прекрасните, дрски хероини Ариел, Јасмин, Бела, Снежана, Покахонтас и други кои ви даваат совети за кралски третман во вашиот живот.rn
1. Излегувате на журка, а сте сингл? Направете селфи и секси стратегија како Ариел.
rn
rn2. Ви треба излегување? Играјте на Бијонсе исто како што тоа би го правела Снежана.
rn
rn3. Вашиот бивш сè уште се вртка околу вас? Замавнете му и игнорирајте го како Аурора.
rn
rn4. Ако момчето со кое сте излегле минатата недела не ви се јавува, следете го советот од Елза.
rn
rn5. Не сте сигурни дали е кретен? Проверете заедно со вашата мачка за да бидете сигурни на истиот начин како Јасмин.
rn
rn6. Не можете да најдете зборови со кои ќе ги опишете вашиот презир? Погледнете го начинот на Тијана.
rn
rn7. Исфрлете го досадниот додворувач низ врата исто како Бела.
rn
rn8. Ако тој не е верен, кажете му збогум како Покахонтас.
rn

-

Неколку знаци кои укажуваат дека би можеле да го изневерите вашето момче
Можеби ви звучи чудно, но понекогаш е многу потешко да се воочи тенденцијата кон неверство во себе отколку кај друга личност. Голем дел од луѓето не се познаваат себеси доволно добро во оваа област или несвесно одбиваат да обрнат внимание на себе, велејќи си дека тоа никогаш не би го сториле, но кога ќе дојде моментот тие едноставно се препуштаат на ситуацијата и го изневеруваат своето момче. Доколку сакате да го спречите тоа, обидете се да откриете дали ги поседувате следниве знаци кои укажуваат на тенденција кон неверство…rnrn
rnДружење со бившиот
rnТој ништо не ви значи и вие навистина сте само пријатели и токму тоа го кажувате на сите кои ќе ве прашаат зошто периодов поминувате толку време со вашиот бивш. Но, вие не само што им ги кажувате овие нешта на вашите пријатели, туку истото се обидувате и да си го докажете на себе. Токму затоа наместо да се лажете себеси и да се доведете во ситуација од која потоа нема излез, прво обидете се да се запрашате зошто одеднаш имате толку голема потреба од бившиот во вашиот живот. Можеби ќе откриете нешто за вашата сегашна врска, за вашиот моментален партнер или пак, за самите за вас.rn
Незадоволство во врската
rnСекоја врска има свои подеми и падови, но ако во моментот чувствувате дека вашата врска е во фаза на пад, тогаш би требало да бидете внимателни, бидејќи истражувањата покажуваат дека во овие моменти се случуваат најголем процент од неверствата. Дури и да верувате дека вие никогаш не би го сториле тоа, моментот може да ве понесе и потоа да се каете за направената штета. Токму затоа обидете се прво да ги решите проблемите во вашата врска, или пак, ако верувате дека тие се нерешливи, подобро раскинете со вашето момче и потоа видете се со оној кој го привлекол вашето внимание отколку да го правите тоа зад неговиот грб.rn
Криење на врската
rnОва е прв знак дека нешто не е во ред. Дури и ако не сте нагласиле дека немате момче, самиот факт што сте го премолчиле тоа говори многу. Размислете, од каде настанала потребата да го сокриете ова? Дали станува збор само за невин флерт со момчето кое само што сте го запознале или пак, можеби потајно, размислувате да направите нешто повеќе? Токму одговорот на ова прашање нè води и до следната точка…rn
Возбуда поради флерт
rnСекој човек во одреден момент сака да чувствува дека е посакуван, но доколку едвај ја чекате следната можност да флертувате со некој, тогаш време е да се запрашате што се случува со вниманието кое (не) го добивате во вашата врска. Дали можеби сте се оддалечиле од вашиот партнер или пак, едноставно тој со тек на време престанал да ве привлекува? Дали дошло време кога се забавувате само доколку вашиот партнер не е во вашата близина? Или пак, можеби станува збор за нешто сосема друго? Без разлика на ситуацијата, внимавајте, бидејќи секогаш постои опасност желбата за флерт да се претвори во желба за нешто повеќе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Пријателство или флерт? 5 совети кои можат да ви помогнат да не западнете во непријатна ситуација
Мажите многу често погрешно ја интерпретираат љубезноста на жената како сексуална заинтересираност. Од друга страна пак, жените погрешно ги интерпретираат добрите манири кај мажите како израз на обид за пријателство и покрај тоа што мажите скоро секогаш ги применуваат кога им се допаѓа жената со која комуницираат.rnrn
rnrnДали знаете да разликувате пријателство од флерт? Погледнете ги наредниве 5 јасни знаци кои би можеле да ве спасат од потенцијално непријатни ситуации.rnСпомнување на партнерот
rnДоколку сакате уште во почетокот да ја спречите можноста некој да ве доживее како „материјал“ за романтична врска, уште во првиот разговор спомнете го вашиот партнер. Целиот разговор по оваа информација ќе се смета за опуштена и платонска зона која со тек на време би можела да премине во пријателство.rn
Групно дружење
rnДоколку сакате некого подобро да го запознаете на платонски начин, уште од почетокот држете се до групните средби и дружења. Дури откако ќе ги поставите границите на пријателството може да почнете да правите договори и само вие двајца. Но, дури и тогаш треба да се избегнуваат потенцијално „опасните“ ситуации како романтични вечери кои би можеле да се сфатат како љубовен состанок.rn
Не го третирајте како пријателка
rnПофалбата за новата фризура или добрата модна комбинација е сосема вообичаена појава помеѓу жените. Но, доколку сакате да му упатите ваков коментар на маж, тогаш тоа би требало да го направите на малку поинаков начин. Упатете му комплимент кој ќе влијае позитивно врз неговата самодоверба, а не кој ќе изгледа како да сте го набљудувале.rn
Избегнувајте допири
rnДопирот е неверојатно силна алатка за заведување. Дури и ако сте личност која често ги допира другите за време на разговорот, обидете се да се воздржите од допирите насочени кон спротивниот пол. Прегратката за добра ноќ е сосема во ред, но избегнувајте притискање на колената и рамената или држење за раце.rn
Бидете искрени
rnПриродата на машко-женскиот однос е таква што во секоја платонска врска може да дојде момент кога една од овие личности ќе се запраша дали може да има нешто повеќе. Доколку вие сте помислиле на тоа, не бегајте од ситуацијата со молчење, туку одма решете ја. Признајте ѝ на другата личност што чувствувате и на тој начин избегнете ги непријатните ситуации кои би можела да ги донесе иднината.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

На кој од овие 5 начини флертувате вие?
Истражувачи на Универзитетот Канзас направиле студија во која ги испитувале различните начини на комуникација и поврзаноста меѓу нив, а потоа од нив извлекле пет различни стилови кои се користат при флертувањето. Моделот кој секој од нас го користи зависи од начинот на кој ги испраќаме вербалните и невербалните пораки, а тие може да ни откријат на кој од овие пет начини флертуваме.rnrn
rn1. Физички
rnЛуѓето кои флертуваат на физички начин повеќе користат говор на телото отколку што даваат комплименти. Попрво би разговарале со некого на некое место каде што има многу луѓе отколку некаде на само.rn
2. Традиционален
rnТие веруваат дека мажите се оние кои треба да го направат првиот чекор, а жените треба да бидат повеќе пасивни. И мажите и жените кои флертуваат на овој начин го користат отворениот став на телото, со тоа што мажите зборуваат, а жените делуваат посрамежливо.rn
3. Срдечен
rnФлертуваат така што откриваат дел по дел од себеси, фокусирани се на соговорникот/соговорничката и многу малку гестикулираат. Жените кои флертуваат на ваков начин постојано се смешкаат, но тоа го прават повлечено и срамежливо.rn
4. Љубезен
rnСе обидуваат да бидат љубезни и затоа тешко е да се забележи кога сакаат да флертуваат. Покажувајќи почит, тие оставаат поголем простор на соговорникот/соговорничката, а тонот им останува постојано ист.rn
5. Игрив
rnСакаат да флертуваат и тогаш кога не им е дојдено до романса. Тие флертуваат само за да флертуваат. Не се срамат да кажат што било и често се служат со допири.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
