КАФЕ ПАУЗА

Tag: флерт

  • 4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој маж

    4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој маж

    Кога станува збор за флерт, некои жени едноставно имаат вродена способност да покажат сè што сакаат и да го привлечат вниманието на секој маж. Од друга страна пак, некои имаат потешкотии во оваа област и едноставно не забележуваат резултати од својот труд. Па, доколку сакате да ја подобрите вашата игра за освојување, погледнете ги следниве 4 техники со кои веднаш ќе му го привлечете вниманието. Со среќа!rnrn4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој мажrnrn

    1. Дајте му комплимент

    rnМожеби на прв поглед ви звучи како евтин трик, но со комплиментите никогаш не можете да згрешите. Секако, не треба да биде нешто бесмислено, туку пофалба што ќе му остане во добро сеќавање и понатаму во животот. Пофалете го неговиот успех, техниката за танцување или смислата за хумор – комплиментите за физичкиот изглед веќе го немаат истиот ефект како порано.rn

    2. Користете го своето тело

    rnНачинот на кој стоите покрај него има моќ да го поттикне со денови да не може да ве извади од својата глава. Не зборуваме за нешто вулгарно, само за фактот дека мажите „паѓаат“ на жени што добро се чувствуваат во своето тело. Покажете ја својата висока самодоверба преку начинот на кој се движите и тој нема да може да ви одолее.rn

    3. Пофалете се за постигнувањата

    rnНа некои жени ова би можело да им биде тешко, бидејќи фалењето отсекогаш повеќе бил машки стил на флертување, но слободно обидете се. Не велиме да ги наброите сите работи што сте ги постигнале во вашиот живот или пак, од мравка да направите слон, но ако имате нешто на што навистина се гордеете, покажете го тоа! Скромноста е врлина, но да бидеме реални, никој наредниот ден не ги помни скромните, невидливи девојки.rn

    4. Бидете директни

    rnЗа жал, мажите се малку будалести кога станува збор за читање знаци. Иако ние понекогаш мислиме дека јасно им даваме до знаење што ни се допаѓа, а што не, ретко кога тие ги регистрираат овие знаци. Ако некој ви се допаѓа, едноставно кажете му го тоа директно. Во спротивно, вие ќе мечтаете за него, а тој воопшто нема да знае што се случува во вашата глава.

  • Дали флертувате повеќе отколку што мислите?

    Дали флертувате повеќе отколку што мислите?

    Можеби се сметате себеси за лојален и верен партнер кој никогаш не би изневерил. Меѓутоа размислете малку за момент: Дали постои можност да се впуштате во ненамерни и „невини“ флертувања? Можеби понекогаш се задевате со вашиот колега, сосед или пријател. Дали можеби ненамерно праќате сигнали дека сте сексуално достапни? Ова задевање кое вклучува одредени невербални пораки, може да ви донесе многу неволји, иако сметате дека е безопасно. rnrnДали флертувате повеќе отколку што мислите?rnrnБез да бидете свесни за тоа, вие сте ја навеле личноста со која сте си разменувале заводливи погледи да помисли дека сте навистина сериозни. Потоа вие сте изненадени и одрекувате дека сте испратиле какви било сексуални сигнали, по што следува непријатна тишина. За да ги одбегнете ваквите ситуации, обрнете внимание на видовите флерт што постојат, и внимавајте да не ги применувате истите во ситуации кога немате такви намери…rn

    Физички флерт

    rnАко флертувате на овој начин, вие веројатно суптилно ги допирате луѓето кои ве привлекуваат физички. Жените кои флертуваат физички го отвораат телото така што ги тргаат рацете од нивното торзо и често кимаат со главите во текот на конверзацијата. Изненадувачки, мажите кои се опишуваат себеси како физички флертувачи, помалку гледаат директно во девојките што ги привлекуваат и ретко им даваат комплименти.rn

    Традиционален флерт

    rnДоколку спаѓате во оваа категорија, верувате дека мажите треба да го направат првиот чекор. Мажите кои се сметаат за традиционални флертувачи почесто им приоѓале на жените, додека пак жените кои го применувале овој начин на флертување, се користеле со вербално задевање како средство за комуникација.rnrnДали флертувате повеќе отколку што мислите?rn

    Искрен флерт

    rnВие навистина се интересирате за другата личност и пред да трепнете ќе видите како луѓето ви ги доверуваат нивните најскриени тајни. Во овој случај, помали се шансите дека само ќе „пуштате водичка“ (особено ако сте маж) и голема е веројатноста дека ќе разменувате заводливи погледи при средбите со непознати лица.rn

    Учтив флерт

    rnАко флертувањето не ви се допаѓа баш и сакате да посветите доволно време за да запознаете некого, вашите интеракции со нови луѓе се формални и учтиви. Дури и кога некој ве привлекува физички, нема да се обидете да му се приближите, нема да го задевате и нема ниту да поставувате премногу прашања.rn

    Разигран флерт

    rnОвие флертувачи уживаат во играта, но не се заинтересирани за врска. Ако припаѓате на оваа категорија, не сте баш искрени за тоа дека навистина сакате да запознаете некого и честопати го користите флертот како средство за да го добиете она што го сакате. Несвесно праќате физички сигнали како што се истакнати гради и кратки заводливи погледи, особено додека разговарате.rnrnОпшто земено, доколку некој ве привлекува, помалку ќе го допирате сопственото тело, ќе давате многу комплименти, заводливи погледи, ќе се смеете почесто и ќе се обидувате да останете прибрани.

  • 7 суптилни начини на кои флертуваат срамежливите луѓе

    7 суптилни начини на кои флертуваат срамежливите луѓе

    Дали ви се смешкаат или прават некаква гримаса? Дали ве гледаат од другиот крај на собата или го гледаат часовникот над вашата глава? За срамежливите луѓе може да се каже дека го претставуваат еквивалентот на „покер лицето“, бидејќи не откриваат ништо. Или можеби сепак откриваат? Трикот е да обрнете внимание на малите, незабележливи детали, па во продолжение прочитајте за што станува збор.rnrn7 суптилни начини на кои флертуваат срамежливите луѓе rn

    1. Користат суптилни гестови

    rnСигурно нема да застанат пред вашиот прозорец со едно огромно радио од кое ќе се слуша песната „In Your Eyes“ од Питер Габриел. За нив животот не е романтична комедија. Но, тоа не значи дека нема да ви се насмевнат или да ве погледнат и веднаш потоа да се свртат на другата страна. За нив суптилноста е клучна.rn

    2. Можат да бидат чудни (на почетокот)

    rnТука се вбројуваат неконтролираните смеења кои не се соодветни за разговорот, пелтечењето или бесмислените фрази и реченици. На вас е да ја прифатите оваа нивна чудност и да реагирате позитивно на неа. Како што поминуваат минутите, таа полека ќе почне да исчезнува и вистинската личност ќе излезе на површината. Всушност, срамежливите луѓе флертуваат сосема случајно.rn

    3. Нервозни се

    rnДури и во најобичните ситуации проследени со културен разговор, срамежливите луѓе можат да бидат многу нервозни и да паничат без потреба. Ова може да биде знак дека им се допаѓате, но може да биде и знак дека навистина им е непријатно. Срамежливите луѓе се комплицирани личности.rn

    4. Поудобно им е кога флертуваат на интернет

    rnМожеби сте забележале дека срамежливите луѓе делуваат посамоуверено и посмело кога флертуваат со вас преку социјалните мрежи, отколку кога разговараат лице в лице. Меѓутоа, тие нема да одговорат веднаш на вашите пораки, особено ако им се допаѓате, бидејќи сакаат да смислат добар одговор со кој ќе ве импресионираат. Во тие моменти, немојте да помислите дека ве откачиле и мислат дека сте Џаба Хат. Напротив, дајте им време и ќе ве изненадат со својата харизма за која не ни знаевте дека ја поседуваат.rn

    5. Не сакаат да зборуваат за себе

    rnСрамежливите луѓе се чувствуваат неудобно и непријатно кога се во центарот на вниманието. Затоа, ќе ве прашаат што правите вие, што размислувате, што има ново во вашиот живот итн. Ова е начин на кој се обидуваат да го продолжат разговорот, а да не мора да зборуваат за себе.rn

    6. „Случајно“ ве допираат

    rnАко постојано бараат изговори да ве допрат на рамото, на дланките или на грбот, тоа може да значи дека флертуваат со вас. За да бидете сигурни, погледнете како се однесуваат со другите луѓе. Ако не го прават истото со сите, тогаш дефинитивно се заинтересирани. Но, има и луѓе кои природно сакаат да гестикулираат со рацете и да ги допираат луѓето, па затоа внимавајте.rn

    7. Поотворени се кога пијат алкохол

    rnТоа не значи дека треба да ги опијаните и да ја искористите шансата. Тоа е сосем погрешно. Но, дури и срамежливите луѓе се порелаксирани во социјалните ситуации и дружења во кои е вмешан алкохолот. Како што се обидувате да се поврзете со нив и нивната природа, запомнете дека можеби само чекаат прилика да ви кажат како се чувствуваат. Па, ако сѐ уште сте несигурни, тогаш слободно прашајте ги. Можеби и вие по малку се срамите како нив, но некој мора да го направи првиот чекор. Зошто тоа да не бидете вие?

  • Со што заведувате? Најсексапилни особини на секој хороскопски знак!

    Со што заведувате? Најсексапилни особини на секој хороскопски знак!

    Дали шармот е навистина она што ги остава без здив другите луѓе или сепак има нешто повеќе од тоа? Секој е секси на свој начин, некој плени со изгледот, некој со говорот, а некој со своето однесување. Погледнете со која особина според хороскопскиот знак го шармирате до бесвест спротивниот пол.rnrn1-so-shto-zaveduvate-najseksapilni-osobini-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnВашиот знак го симболизира богот на војната, затоа не е чудно што сте јаки, сигурни и секогаш го добивате она што го сакате. На некои луѓе како афродизијак делува вашата самостојност и независност, но ништо помалку не е значајно тоа што сте вистински борец во душата, упорни, истрајни и спремни да ја остварите својата цел по секоја цена.rn

    Бик

    rnЗборливи и дружељубиви, не е возможно да останете незабележани. Секогаш сте во центарот на вниманието, без разлика дали поради вашите теми за разговор или пак, вашата суптилна природа. Секој кој ќе се најде во ваша близина посакува да има дел од вас само за себе, а вие за возврат на секој од нив му посветувате внимание за да се почувствува посебно.rn

    Близнаци

    rnРодените во овој знак умеат да бидат прилично срамежливи и резервирани, но баш поради тоа останатите не можат да им одолеат. Интригирате со вашата воздржаност, скромност и желбата да не им се отворите премногу на другите. Така постигате ефект луѓето да ве посакуваат уште повеќе. Сепак, понекогаш е многу повеќе интересно да откривате слој по слој отколку сè одеднаш.rn

    Рак

    rnКој може да ѝ одолее на личноста која зрачи со топлина и нежност? Вие напросто мамите со своите доблести, па затоа не е чудно што луѓето се туркаат за да бидат во ваша близина. Благата природа е додатен бонус на која не може да ѝ кажат „не“ ниту нечувствителните.rnrn2-so-shto-zaveduvate-najseksapilni-osobini-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Лав

    rnВашата моќ лежи во довербата и сигурноста со која зрачите. Во секоја ситуација преземате одговорност и оддавате впечаток на личност на која секој може да ѝ го довери својот живот во раце. И како тоа може да помине незабележано? Покрај тоа, вие секогаш доминирате, го преземате првиот чекор и со целокупната своја личност ја подигате температурата во просторијата каде што сте.rn

    Девица

    rnВашиот уметнички ум во комбинација со зборливоста е убиствен. Можете да бидете закопчани до грло, но кога ќе започнете да зборувате, вашите зборови на другите влијаат како хипноза. Мајстор сте да го одвлечете секого во кревет само врз основа на она што го зборувате и нема личност која може да ви каже „не“.rn

    Вага

    rnВашиот знак важи за најпосакуван во целиот Зодијак. Од вас просто блеска шарм, убавина и добрина, па не е чудно што обичните смртници би ја продале својата душа за да ви се приближат. Кога ќе се појавите, тие не знаат каде најпрво да ве погледнат, па ве скенираат од глава до пети, па потоа од почеток започнуваат да шараат со погледот по вас.rn

    Скорпија

    rnТолку сте храбри и страсни што апсолутно никој не може да се воздржи да не падне во вашиот вртлог. Енергијата која ја емитувате е фатална за секој кој ќе се најде во ваша близина, бидејќи се шири како зараза. Кога се користи изразот „секс на две нозе“, тогаш луѓето опишуваат некој припадник на вашиот знак.rnrn3-so-shto-zaveduvate-najseksapilni-osobini-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnИако важат за најсреќен хороскопски знак, далеку од тоа дека вие само седите и чекате да ви се посреќи. Вашата спонтаност е она што најмногу ги возбудува другите луѓе, бидејќи секогаш сте тука за да испробате нови работи, не се плашите да ризикувате и генерално сте бестрашни.rn

    Јарец

    rnВашата луцидност и изразена духовитост се она што ги тера другите да „одлепат“ по вас. Ако можеме да ја споредиме смеата со алкохол, можеме да кажеме дека една ваша шега е еднаква на два пијалака, а вие имате толку духовитост и шеги во себе, па не е чудно што луѓето се „пијани“ од вас штом се во ваше друштво подолго од 15 минути.rn

    Водолија

    rnПремногу сте корисни и знаете како да укажете внимание на секого. Припаѓате на оние личности за кои се вели дека се слатки, но не поради надворешниот изглед туку поради однесувањето и таа сладост е навистина секси. Знаете да ја кажете вистинската работа во секој момент и да ги притиснете вистинските копчиња во умот на другите за да ве посакаат.rn

    Риби

    rnМрачни сте и таинствени, па не е чудно зошто сте им толку привлечни на луѓето. Понекогаш вашата резервираност прави да изгледате како вистински осаменик и уште повеќе ги привлекува другите. Тоа е и логично, бидејќи темнината отсекогаш била повозбудлива од светлината.

  • Натерајте го повторно да ве посакува со помош на овие 3 едноставни чекори

    Натерајте го повторно да ве посакува со помош на овие 3 едноставни чекори

    Многу парови со текот на времето ја губат уметноста на заведување или го мешаат нејзиното значење со предиграта, па погрешно претпоставуваат дека таа настанува само во спалната соба. Во својата основа, вистинското заведување вклучува исчекување, а не задоволување. Па, како би можеле да ја вратите уметноста на заведувањето во вашата врска и да ја искористите за да го подобрите вашиот сексуален живот?rnrnrn

    1. Прашајте го што го возбудува и направете го тоа преку флерт

    rnПобарајте од вашиот партнер да се наврати на времето кога само сте флертувале и кога тој се чувствувал привлечено од вас. Откријте зошто, поточно што е тоа што тој го сметал за толку привлечно. Дали е вашата смисла за хумор? Вашата насмевка? Можеби близината или позицијата на вашите тела? Или пак, тонот на вашиот глас? Откако ќе дознаете, флертувајте секојдневно со вашиот партнер со цел да ја одржувате страста помеѓу вас жива.rn

    2. Одново откријте ја романсата помеѓу вас

    rnОткријте што е тоа што вашиот партнер го смета за романтично. Многу е лесно да бидете романтични откако ќе дознаете што точно вашиот партнер сака и потоа ќе се фокусирате на тоа. Испланирајте љубовен состанок, создадете романтична атмосфера за време на вечерата и научете како да го зборувате јазикот на вашиот партнер.rn

    3. Забавете додека го заведувате

    rnУживајте во секојдневните интимни моменти. Откријте точно што и на двајцата ви предизвикува да се чувствувате навистина секси, возбудени и забавете. Ова е особено важно за мажите кои многу често, ненамерно, го сфаќаат овој вид интимност како покана за секс. Токму поради тоа и многу жени се воздржуваат од ваков вид интимност кога не се расположени за секс, но сепак сакаат да се почувствуваат поблизу до својот партнер. За да го избегнете тоа, престанете да претпоставувате дека секоја нежност води кон однос и препуштете се на малите прегратки и бакнежи без притоа да иницирате секс. Покажете му на партнерот дека имате дисциплина, дури и во моментите на најдлабоката возбуда, да го ставите неговото задоволство над вашето.

  • Доволна е само една причина поради која треба да го прифатите флертот на работа!

    Доволна е само една причина поради која треба да го прифатите флертот на работа!

    Во врска сте, а флертувате со колега на работа? Не грижете се, не мора да чувствувате грижа на совест затоа што ова „забрането однесување“ всушност може да ви направи добро на врската. Барем така покажуваат резултатите од едно истражување.rnrn0-dovolno-e-samo-edna-prichina-poradi-koja-treba-da-go-prifatite-flertot-na-rabota-kafepauza.mkrnrnФлертувањето на работното место е многу почесто отколку што мислиме, па затоа, научниците водени од тој факт, решиле малку да ги истражат работите. Истражувањето објавено во Магазинот за секс и брачна терапија вршело испитување на 160 жени во долги љубовни врски. 70% од нив признале дека откако се во врска се заљубиле и во некој друг освен во партнерот, а голем дел од нив изјавиле дека тоа бил колега од работа.rnrnНо, наместо да ѝ наштетат на врската, тие заљубувања направиле само добро. Жените кои флертувале со колеги се изјасниле дека нивниот партнер им станал попожелен и дека им се зголемила желбата за секс. Исто така, голем дел рекле дека флертот со друг маж немало никакво негативно влијание на нивната врска.rnrnСпоред стручњаците флертот на работа може да биде забавен начин да се зачини врската или бракот. Ситуацијата кога жената се чувствува секси додека флертува со колега или кога се погледнува со него е сигурна сѐ додека знаете дека тоа е тоа – само флерт и ништо повеќе од тоа.rnrnСепак, треба да се внимава затоа што границата меѓу безопасен флерт и нешто повеќе може да биде неверојатно тенка. Ако почнете да чувствувате желба за колегата, значи дека флертот прераснал во нешто повеќе и дека треба да обрнете внимание на својата врска и да пробате да го решите тој проблем за да не го искомплицирате вашиот живот.

  • Станете експерт за флертување: 5 техники кои може да ги искористите во секоја ситуација

    Станете експерт за флертување: 5 техники кои може да ги искористите во секоја ситуација

    Флертот е многу поедноставен отколку што мислите. Тој е комбинација на насмевки, погледи, позитивна енергија и релаксираност. Тоа не е ништо повеќе од тоа да направите некој да се чувствува добро кога е околу вас. Можете да флертувате со кој било во кое било време. Тоа е свесна намера да го поткренете расположението на личноста со која зборувате.rnrn0-stanete-ekspert-za-flertuvanje-5-tehniki-koi-mozhe-da-gi-iskoristite-vo-sekoja-situacija-kafepauza.mkrn

    1. Подарете комплимент

    rnСите сакаат комплименти – дури и мажите. Ако видите згоден странец, дајте му комплимент кој ќе го опише она што сте го забележале кај него. Избегнувајте општи и клише комплименти како „Изгледаш убаво денес“ – бидете поспецифични и малку покреативни. Одличен комплимент е „Имаш убав часовник“.rnrnЕфективните комплименти се специфични и содржат придавки. Несоодветни зборови се: „фантастично“ „убаво“ „интересно“ „фасцинантно“ „згодно“ „импресивно“ – овие зборови се често слушани и веќе досадни. Комплиментот треба да биде нешто што личноста досега не го слушнала. Не се плашете да хиперболизирате, секако сѐ додека сте искрени.rn

    2. Поставете прашање

    rnМажите обожуваат да помагаат. Ако сакате да флертувате со него, тогаш одлична техника е да го прашате нешто или да побарате негово мислење. Тој ќе се чувствува корисно – а тоа чувство мажите го обожуваат и плус, така започнувате разговор. Откако ќе го добиете одговорот, застанете еден миг и дозволете тој да ја продолжи интеракцијата. Не изгледајте како да брзате – дајте му можност да ви возврати на флертот.rn

    3. Побарајте услуга

    rnАко ви се допаѓа некој, тогаш побарајте услуга од него. Истражувањата покажуваат дека повеќе ќе им се допаднете на луѓето ако направат нешто за вас. „Можеш да ми помогнеш со ова?“ – реченица која ќе го интригира секој маж затоа што го активира неговиот инстинкт да заштитува и обезбедува. Следува мало барање – да ви ја подржи јакната, да внимава на вашето место или да ви донесе кафе.rnrnВака, не само што ќе се почувствува корисно, туку потоа можете и да изразите благодарност така што ќе го почестите кафе или една тура пијалаци. Уште една добра техника е да му кажете дека сте му должник и да направите планови за повторно да се видите.rn

    4. Говорете како маж

    rnСарказмот и навредите можеби се досадни флертувачки техники за жените, но тие всушност се одличен начин да извежбате говорење како маж. Мажите и жените комуницираат различно – мажите постојано си ставаат капачиња еден на друг, а кога жена ќе се придружи во шегувањето, таа ја истакнува својата разиграна и помажествена страна – што им е привлечно на мажите. Знаејќи одвреме-навреме како да зборувате како маж е корисна техника за да се одвоите од другите жени.rnrnСаркастичната фраза како „Не можеш да бидеш згоден и паметен. Што си од тие две?“ е одличен начин да го фатите неспремен и слатко да го насмеете.rn

    5. Бидете директни

    rnАко флертувањето ви е удобно, тогаш директниот пристап е одличен начин да покажете дека сте пристапни и дека имате самодоверба. Ова не треба да се смеша со додворување. Флертувањето е начин да го привлечете неговото внимание и да му покажете дека е во ред да ве покани да излезете.rnrnФлертот му дава до знаење на мажот дека сте заинтересирани за него. Кога сте директни тоа успева затоа што ретко која жена прва му пристапува на мажот. Дури и ако тој прв ви пристапи и ви каже „здраво“, дозволено е, а и пожелно да го измеркате од глава до петици и да му кажете „згоден си“. Оваа техника ви дозволува да бидете агресивни на елегантен начин и таа ве одвојува од другите жени.

  • 7 нешта кои вашето момче не треба да ве спречува да ги правите

    7 нешта кои вашето момче не треба да ве спречува да ги правите

    Да се биде во врска не е многу различно од тоа да се биде сингл. Да, постојат неколку огромни разлики, како фактот дека секогаш имате на располагање личност која можете да ја бакнете или прегрнете. Но, тоа не ве прави различна личност од претходно. Со цел да го докажете тоа, погледнете ги следниве 7 нешта кои не треба да му дозволувате на вашиот партнер да ве спречува да ги правите…rnrn7 нешта кои вашето момче не треба да ве спречува да ги правитеrn

    1. Машки пријатели

    rnВам ви е дозволено да имате машки пријатели. Откако ќе почнете сериозна врска, вие не треба да ги исфрлите сите други момци од вашиот живот. Баш напротив, вие треба да задржите што е можно повеќе од вашите најблиски пријатели покрај вас, без разлика на нивниот пол. Од друга страна пак, доколку станува збор за бивш дечко или пак, за момче кое премногу ви се допаѓало во минатото, тогаш можеби на вашиот сегашен партнер ќе му биде непријатно да сте насамо со него. Токму затоа со ваквите момци секогаш бидете во поголемо друштво со цел тој да не ги гледа како закана.rn

    2. Кариера

    rnВие никогаш не треба да се најдете во ситуација каде што би требало да избирате помеѓу кариерата и љубовниот живот. Погледнете ги малку другите жени во вашиот живот и брзо ќе сфатите дека е можно да бидете успешни и на двете полиња истовремено. Дури и покрај тоа што можеби вашиот партнер може да се грижи финансиски за вас, сепак тоа не значи дека треба да се откажете од идејата да ги следите вашите соништа.rn

    3. Флерт

    rnБез разлика дали сте во врска само неколку недели или пак, со години, вие никогаш не би требало да престанете да флертувате со вашиот партнер. Тајната за одржување на страста во врската е во постојаното обидување да се импресионирате еден со друг и да не дозволите флертот помеѓу вас да остане само далечен спомен.rn

    4. Вежбање

    rnГолем број од паровите престануваат со вежбање веднаш кога ќе започнат сериозна врска. Тие знаат дека нивниот партнер нема да оди никаде, па токму затоа и им се намалува нивната желба за одржување на телото во добра форма. Но, пред да ја донесете оваа одлука, не заборавајте дека вежбањето е клучно за вашето здравје и доколку се откажете тоа може да доведе до сериозни последици за вашето тело.rn

    5. Пријателства

    rnНе заборавајте на вашите пријатели во истиот момент кога ќе си најдете дечко. Доколку го направите тоа и случајно раскинете со вашиот партнер, големи се шансите дека нема да остане никој покрај вас. Исто така, тој не треба да биде дел од секоја секунда во вашиот живот. Тоа е исцрпувачко и лошо за врската, бидејќи на секој му е потребно време за дишење. Токму затоа сигурни сме дека можете да најдете време во вашиот „зафатен календар“ и за пријателите кои со години биле покрај вас.rn

    6. Време за себе

    rnВие не треба да му се јавувате на вашето момче секогаш кога ќе имате слободно време. Дозволено ви е да останете дома и да прочитате книга или пак, самите да се напиете кафе во двор. Сосема е нормално одвреме-навреме да посакувате да бидете малку сами со своите мисли. Всушност, тоа е многу здраво за паровите во долготрајните врски.rn

    7. Одлуки

    rnВие не сте обврзани да го вклучите партнерот во секоја одлука која треба да ја направите. Да, во ред е да го прашате за мислење доколку станува збор за голема промена во вашиот живот, како отказ од работа или купување автомобил, но на крајот на краиштата последниот збор треба да биде ваш. И покрај тоа што сте во врска, сепак сте индивидуална личност која е способна да размислува сама и да донесува одлуки за себе.

  • Сѐ што треба да знаете за флертувањето

    Сѐ што треба да знаете за флертувањето

    Колку пати сте се нашле во ситуација кога флертувањето не ви одело од рака? Ви се допаѓа некоја девојка/некое момче, но не знаете како да ѝ/му пристапите, а дури и кога ќе соберете храброст да го направите тоа, никако да ги одберете вистинските зборови. И ако мислите дека сте единствените на кои тоа им се случува, тогаш лошо се лажете. Но за ваша среќа, сѐ што треба да знаете за подобро да флертувате следниот пат, се следниве неколку основни факти за флертувањето.rnrn(4)-flertuvanjeto-i-se-shto-treba-da-znaete-za-nego-kafepauza.mkrn

    И паровите треба да флертуваат

    rnБидејќи флертувањето асоцира на луѓе кои не се во врска, звучи чудно и несфатливо како тоа и на паровите им се препорачува понекогаш да флертуваат. Но, не треба да се заборава на фактот дека и на оние луѓе кои се во врска им е потребен малку флерт. Едно истражување направено на 164 парови во 2012 година на Универзитетот во Кентаки покажало дека паровите флертуваат со цел да ја одржат и истакнат својата интимност.rn

    Постојат 4 причини за флертување

    rnВо 2004 година, Дејвид Драјден Хенингсен, професор на Универзитетот во Илиноис, идентификувал 6 различни причини поради кои луѓето флертуваат: секс, забава, љубопитност, внимание, самодоверба и корист. Во истражувањето учествувале 200 луѓе од кои 101 жена и 99 мажи. Откако за задача им било дадено да напишат потенцијален разговор при флертување, јасно можела да се види разликата во причините кај едниот и кај другиот пол – на поголем дел од мажите мотивација им бил сексот, додека кај жените станувало збор за желба за внимание.rn

    Некои почетни фрази се подобри од други

    rnПовеќе од 600 луѓе учествувале во истражувањето на психологот Крис Клинке за списанието „Sex Roles“на Универзитетот во Алјаска, а на сите им било поставено само едно прашање – како ја оценуваат ефективноста на 3 дадени почетни фрази при флертување. Фразите биле следниве: Ти мора да си библиотекар/ка бидејќи забележав како ме проверуваш (типично провидни и клише), Што мислиш за бендов? (празни и бесцелни) и Ми се допаѓаш – може да те почестам со пиење? (директен пристап). Резултатите покажале дека мажите повеќе го преферираат директниот пристап, додека жените прашањата од типот на Што мислиш за бендов? Мал процент од луѓето рекле дека ги преферираат клишеата.rnrn(1)-flertuvanjeto-i-se-shto-treba-da-znaete-za-nego-kafepauza.mkrn

    Мажите ја преувеличуваат заинтересираноста на жените

    rnКога би ги споредиле жените и мажите, тогаш може со сигурност да се каже дека тие различно гледаат на работите, па така е и во случајот со флертувањето. Додека жените ја потценуваат заинтересираноста на мажите за нив, мажите го прават токму спротивното – преувеличуваат замислувајќи си дека жената е и повеќе од заинтересирана. Како резултат на истражување во 2000 година, психолозите Марти Хаселтон и Дејвид Бас од Универзитетот во Тексас, изнеле објаснување за ова во кое како причина било наведено дека мажите растат опкружени со идејата за секс, додека жените во околина каде ги учат да бидат поскромни и позатворени.rn

    Најпривлечните карактеристики зависат од полот

    rnКако и за сè останато, па така и за ова, она што на мажите им е привлечно кај жените и обратно се разликува. Истражувањето кое го спровела Џесика Трејси, психолог на Универзитетот во Британска Колумбија, покажало дека најпривлечен женски израз е среќата, додека најпривлечен машки израз е гордоста. Во истражувањето учествувале 1041 личност, на кои им биле покажани слики од луѓе кои имале различен израз на лицето.rn

    Суптилноста може да ве однесе далеку

    rnСпоред психологот Стивен Генгестад, флертувањето претставува процес на преговарање откако ќе поминат почетните моменти на привлечност меѓу двајцата кои флертуваат. Бидејќи веројатноста дека нешто од типот на Ми се допаѓаш. Ти се допаѓам ли јас на тебе? ќе успее е многу мала, многу поефективно е кога запознавањето (откривањето на себе) оди дел по дел, така што и привлечноста има шанса да расте паралелно на тоа.rnrn(2)-flertuvanjeto-i-se-shto-treba-da-znaete-za-nego-kafepauza.mkrn

    Не е најважно да бидете најпривлечната личност во просторијата

    rnСѐ се врти околу тоа какви сигнали им испраќате на луѓето околу вас. Кога имате желба и намера да флертувате, сигналите кои ги испраќате, а кои го вклучуваат јазикот на телото во целост, се доста јасни и гласни. Тоа го покажува и истражувањето спроведено на Универзитетот Вебстер од страна на психологот Моника Мур. Проучувајќи го однесувањето на луѓето во различни околини и ситуации, Мур успеала да заклучи дека луѓето скоро и да не флертуваат со луѓе чија единствена предност е привлечноста.rn

    Контактот со очи е од огромна помош

    rnПовремените погледи и насмевки т.н. под мустаќ, навистина помагаат во флертувањето. Учесниците во едно истражување биле поделени на 48 парови на кои им биле зададени 3 задачи од кои секоја требало да им одземе по 2 минути. Првите 2 минути тие требале да гледаат во очите на партнерот, вторите 2 минути во рацете на партнерот, а третите 2 минути да успеат да избројат колку пати партнерот трепнал. Исполнувањето на првата задача, кога партнерите истовремено се гледале во очи 2 минути, резултирало со појава на најизразени чувства на привлечност.rn

    Луѓето вистински се поврзуваат дури откако ќе ја поминат фазата на запознавање

    rnИ додека фазата на запознавање е неизбежна, како и сите „празни“ прашања кои одат со неа, кога таа ќе помине, сѐ станува многу полесно. Земајќи предвид дека веќе знаете некои работи за личноста наспроти вас, самата комуникација е полесна бидејќи веќе чувствувате доза на блискост. Ова го докажува и истражувањето направено на Државниот универзитет во Њујорк од страна на психологот Артур Арон. Резултатите јасно покажале дека луѓето чувствуваат поголема блискост меѓу себе откако ќе постават/одговорат поинтимни прашања.rnrn(3)-flertuvanjeto-i-se-shto-treba-da-znaete-za-nego-kafepauza.mk

  • Дали сте близу до изневерување? 16 знаци дека флертувате со опасност

    Дали сте близу до изневерување? 16 знаци дека флертувате со опасност

    Под изневерување не се подразбира само физичкото неверство. Не мора да го изневерите партнерот на интимен начин, но тоа не значи дека вашето однесување е верно. Постојат многу начини кои се сметаат за еден вид изневерување, а тоа се следниве.rnrn1-dali-ste-blizu-do-izneveruvanje-16-znaci-deka-flertuvate-so-opasnost-www.kafepauza.mk_rnrn1. Имате пораки кои ги сокривате од вашето момче. Не, не станува збор за пораките кои ги разменувате со вашата најдобра другарка, туку за „невиниот флерт“ со некое момче кој изгледа и не е толку невин. Во спротивно, не би ги криеле пораките од вашето момче.rnrn2. Не ја спомнувате врската кога некое друго момче ќе започне да ви се додворува. Подобро сите да знаат дека сте сингл, иако не сте. Се надевате на ново внимание од страна на некое згодно момче кое ќе започне да ви се додворува, зарем не?rnrn3. Вашето момче започнува да се сомнева. Вие чувствувате дека тој треба да ви верува, но тој навистина не го прави тоа.rnrn4. Благо се заљубувате во случајни луѓе. Поради некоја причина, вам ви е досадно и ви се чини дека сè друго е поинтересно од вашиот живот.rnrn5. Случајно поминувате цела ноќ кај вашиот пријател. Неговата куќа е блиску до дискотеката, а вие сте најдобри пријатели. Освен тоа, вие знаете дека тој потајно е заљубен во вас.rnrn6. Други луѓе се појавуваат во вашите сексуални фантазии. Не зборуваме за некојa позната личност, туку за момчето со кое потајно сакате да започнете да излегувате.rnrn7. Чувствувате дека на вашата врска пополека ѝ се ближи крајот. Вие во овој момент не сте комплетно посветени на вашата врска, дури и не зборувате со вашето момче за тоа.rnrn2-dali-ste-blizu-do-izneveruvanje-16-znaci-deka-flertuvate-so-opasnost-www.kafepauza.mk_rnrn8. Чувствувате дека ако вашето момче не може да биде покрај вас кога треба, некој друг ќе може. Некои истражувања покажаа дека кај жените кои се несреќни во врската, шансите да ги изневерат своите момчиња за нивните родендени се три пати поголеми. Но, само доколку тој има премногу обврски и не може да дојде на вашата забава, тоа не значи дека треба да го изневерите.rnrn9. Прифаќате да излезете на кафе со вашиот колега од работа. Да, тој е вашиот колега од работа и нема да започнете да излегувате со него дури и да бидете сингл. Или би?rnrn10. Непознати луѓе се обидуваат да ве бакнат во дискотека. Од каде му е таа ужасна идеја да го направи тоа после вашето тричасовно флертување со него? Стварно не ви е јасно.rnrn11. Вие мислите дека тој ве изневерува. И вие мислите дека е правилно да го направите истото. Изневерувањето поради одмазда и понатаму се смета за изневерување.rnrn12. Се поврзавте со друго момче на емоционално поле. Вашето момче не беше со вас во вашите тешки периоди, па вие пронајдовте некој друг кој можеше да биде.rnrn13. Вашите пријатели ве прашуваат дали го имате изневерено вашето момче. Тие нема да ве прашуваат за тоа, освен ако вие не им дадете некаква претпоставка.rnrn14. Вие живеете за возбуда. И понекогаш возбудата за вас претставува флертување со туѓо момче.rnrn15. Мислите дека флертувањето е игра. Навистина не мислите дека вие треба да ги сносите последиците?rnrn16. Се допишувате со вашите бивши. Сосема го заборавате фактот дека вие ги имате преболено, само не сакате да го изгубите контактот со луѓето кои ќе бидат тука ако понекогаш посакате секс.