КАФЕ ПАУЗА

Tag: физичка активност

  • Едноставен психолошки трик кој ќе ви помогне веднаш да започнете со физичка активност

    Едноставен психолошки трик кој ќе ви помогне веднаш да започнете со физичка активност

    Една нова студија открила дека доколку размислувате за последниот пат кога сте вежбале, дури и ако не ви било толку интересно, вие ќе се мотивирате да почнете повторно.rnrnЕдноставен психолошки трик кој ќе ви помогне веднаш да започнете со физичка активностrnrnВо ова истражување, кое доаѓа од Универзитетот во Њу Хемпшир, испитаниците биле поделени во 3 групи. Од едната група било побарано да се потсетат на позитивно сеќавање поврзано со вежбањето, од другата на негативно, додека пак третата група, која била контролна, не добила никакви инструкции.rnrnТие откриле дека оние кои се сетиле на позитивно нешто поврзано со вежбањето имале поголеми шанси повторно да почнат со овој вид физичка активност во иднина. За разлика од оние кои немале никакви инструкции, дури и оние кои се сетиле на нешто негативно во врска во вежбањето биле повеќе мотивирани да започнат повторно.rnrnСо оглед на тоа што оваа студија била скромна, резултатите кои се откриле се едноставно неверојатни. Замислете што сѐ би можеле да постигнете доколку вложите само малку повеќе психолошки труд.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслаги

    Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслаги

    Insanity е неверојатно ефикасна програма за топење на масните наслаги. Нејзиниот креатор, фитнес-тренерот Шон Ти ветува зачудувачки резултати за само два месеци создавајќи скептицизам кај многумина, но за среќа тој е неоправдан. Оваа програма е толку добро склопена, што со доследно придржување на неговите совети во поглед на изведувањето на вежбите и на исхраната, би било неверојатно доколку не ги добиете посакуваните резултати, барем во мерата во која се трудите.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиInsanity-вежбите се изведуваат дома. Неопходен ви е простор отприлика 2х2 метри, а не ви е потребна никаква дополнителна опрема. Треба само да си ги пуштите видеата на компјутерот или на ДВД плеерот и да го правите она што го гледате на екранот. А, тоа воопшто не е лесно. Без оглед на тоа во каква физичка кондиција се наоѓате, Insanity ќе ве направи уште посилни и поиздржливи додека ги цеди маснотиите од вас.rn rn

    За кого е наменета?

    rnПрограмата е наменета и за почетници во вежбањето и за луѓе во добра физичка кондиција. Дизајнирана е да ве натера да ги поместите границите на својата сила и издржливост, така што и едните и другите може да очекуваат успех. Но, дури и активно да сте тренирале порано некаков спорт или сега тренирате, нема да ви биде лесно со оваа програма. После овие два месеци вежбање сигурно ќе бидете во подобра форма од кога било.rnrnИако Insanity не е наменета за секој, секој не може да ја спроведе. Луѓе кои не можат да истрчаат километар без застанување или не можат да направат десет склека ќе имаат проблеми со неа. Ако спаѓате во оваа категорија, подобро би било претходно да се подготвите малку. Исто така, не се препорачува на луѓе со срцеви проблеми, барем не пред да се советуваат со лекар.rn rn

    Придобивки

    rnГубење на масни наслаги. Ова е најголемиот мотив за голем број луѓе да започнат со Insanity, затоа што за кратко време дава извонредни резултати. Веќе по еден месец вежбање изгледот е видливо подобрен, а по комплетирањето на програмата, процентот на масти во телото задолжително е опаднат за неколку проценти.rnrnМускулна дефиниција. Insanity ја подобрува мускулната дефиниција, но речиси не придонесува за зголемување на мускулната маса. Многу жени се колебаат дали да ја применат оваа програма токму поради тоа што не сакаат големи мускули, но одговорот е дека нема да ги добијат, туку само ќе го издефинираат она што веќе го имаат на нив. Сепак, не е невозможно ни да се добие малку мускулна маса, но тие шанси се многу повеќе на страната на мажите.rnrnФизичка кондиција. Вашата физичка кондиција драматично ќе се подобрува. Ќе бидете поиздржливи од кога и да е. После ова, вообичаената партија фудбал или кошарка нема многу да ве заморува.rnrnПосилен дух. Цело време ќе се натпреварувате сами со себе. По некое време можеби ќе заборавите на вашиот изглед и на согорувањето на мастите и ќе мислите само на тоа колку многу можете да издржите.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrn

    Вежби

    rnВежбите се изведуваат во интервали со висок интензитет меѓу кои има многу мали паузи. Програмата е така дизајнирана што го носи бројот на отчукувања на срцето до вашиот максимум, го држи на тоа ниво извесно време, обично во интервали од две до пет минути, а потоа дозволува краток одмор од 30 секунди пред да се продолжи со следната рунда. Тоа не треба да ве плаши, затоа што тоа е начинот на којшто најбрзо се губат масните наслаги.rnrnВежбите се поделени во вкупно 14 видеа. Добивате и календар во којшто прецизно пишува кој ден кое видео да си го пуштите и да вежбате. Програмата започнува со фит тестот. Се изведува преку 8 вежби со чија помош се мери моменталната физичка кондиција, а се повторува на секои две недели за да се провери напредокот.rnrnВежбите во првиот месец се нешто полесни од оние во вториот и траат малку пократко. Првите четири недели служат за драстично да го подигнат нивото на вашата физичка подготвеност, потоа следува една недела со вежби за олабавување и обновување на енергијата, па уште четири недели со уште поисцрпувачки и подолготрајни вежби кога се губат и најмногу маснотии.rnrnСекоја од вежбите се изведува без дополнителна фитнес опрема, исклучиво користејќи ја тежината и отпорот на сопственото тело. Се состојат главно од разни варијанти на склекови, варијанти на сквотови (чучњеви), спринтови во место, скокови, вежби за баланс, итн. Сите тие вежби се користат во тренинзите за американски фудбал, кошарка, гимнастика и други спортови. Иако тие на видеото може да ви изгледаат доста едноставно, тоа не е така. На крајот од секој ден вежбање треба да се давите во пот, да изгледате како некој да ве избањал со многу вода. Во спротивно многу е веројатно дека сте ја утнале формата и вежбањето немало никаков ефект.rnrnШон Ти цело време ќе ве потсетува дека формата е поважна од брзината на изведување на вежбите. Понекогаш ќе губите здив и ќе имате потреба да подзастанете, но тоа не е страшно. Ретко кога ќе успеете да издржите цел тренинг без пауза плус. Затоа никогаш не притискајте го копчето за пауза, само одморете неколку секунди и продолжете со напорот. Сè додека давате сè од себе и имате доволен број на отчукувања на срцето вие сте на правиот пат, дури и со мали паузи.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrn

    Исхрана

    rnТренерот Шон Ти вели дека согорувањето на маснотиите зависи 30% од вежбањето и дури 70% од начинот на исхрана. Со програмата за вежбање оди и план за исхрана, кој го обезбедува неопходниот калориски дефицит за губење на масните наслаги, но кој за жал не е лесно применлив за нас во Македонија. За секој оброк има мени од пет различни рецепти од кои можете да избирате што ќе јадете, но тие честопати се составени од состојки кои ги нема кај нас или се многу скапи, како на пример кокосово млеко или авокадо.rnrnСепак, тој самиот напоменува дека во исхраната најважно е да се придржувате до правилата кои ја сочинуваат рамката на тоа мени. Истражувајте малку повеќе околу тоа која храна каква хранлива вредност има и лесно ќе го изберете вистинскиот оброк. Храна од типот на пилешко, риба, многу овошје и зеленчук, јаткасти плодови и јајца треба да го сочинува вашето секојдневно мени. Јадете четири до пет пати во текот на денот, при што секој оброк ќе содржи 40% јаглени хидрати, 40% протеини и 20% масти, и да не преминува преку 500 калории. Придржувајте се до ова најмногу што можете за што подобри резултати.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrnrn

    Мотивација

    rnВидеата со вежби се многу мотивирачки. Тренерот цело време зборува нешто за мотивација и многу е инспиративен. Вежбите никако нема да ви бидат здодевни, затоа што многу се разновидни и многу малку се повторуваат. Не е лесно да се научи која вежба е следна, а кога тоа веќе ќе го научите, видот на вежбите се менува.rnrnИ покрај тоа, Insanity програмата е за самодисциплинирани, одлучни и посветени. Ќе биде тешко, но наградата е голема. Нема да има резултати доколку не ги правите вежбите секој ден, ако се прејадувате и не се придржувате до основните правила на здравиот режим на исхрана или ако не спиете доволно. Ниту немањето време не може да ви виде извинување, затоа што никогаш нема да ви земат повеќе од еден час во текот на денот, шест дена во неделата.rn rn

    Како да стигнете до видеата со вежбите?

    rnПрограмата е сместена на 14 ДВД дискови кои можете да ги нарачате од САД за 120 долари или да ги симнете преку торент. Ако се решите за втората опција, внимавајте на тоа да ги симнете сите 14 видеа, заедно со календарот и планот за исхрана.rnrnСледува видео кое е само дел од еден тренинг. Од него ќе добиете претстава како изгледа ова.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

    10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

    Што и да направиме во животот си носи свои последици, особено кога станува збор за нашето здравје. Најчесто не обрнуваме преголемо внимание, сè додека не настане некој проблем. Со неконтролираното пиење газирани пијалаци голем е ризикот од дијабетес, а со брза и масна храна ризикуваме добивање на срцеви болести. Често ги правиме нештата неразмислувајќи за последиците. Секогаш е полесно да се спречи отколку да се лечи. Ова се 10 многу едноставни и лесни начини како да се живее поздрав живот, кои треба да ги претворите во своја навика.rnrn10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една неделаrn

    1. Јадете што е можно повеќе природна храна

    rnКога храната се обработува, се додаваат разни хемикалии и адитиви со цел да трае подолго и да биде повкусна. Секогаш кога имате можност одбирајте сезонска храна, свежо овошје и зеленчук, неконзервирана и непреработена храна.rn

    2. Пијте многу вода

    rnПотребата за жед е лесно да се помеша со чувството на глад, па доколку мислите дека сте гладни, можеби на вашето тело му се потребни течности. Водата е како гориво за телото, му помага да функционира подобро и го забрзува метаболизмот. Пијте што е можно повеќе вода. Секогаш со себе носете си шише со вода, особено додека вежбате или извршувате други физички активности.rnrn10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една неделаrn

    3. Намалете ја количината на храна која ја внесувате

    rnПросечен човек се прејадува 4-5 пати неделно. Само еден оброк во ресторан најчесто содржи повеќе од бројот на калории што човек треба да ги внесе преку целиот ден. Не дека треба да гладувате, напротив. Но, редовното прејадување не само што ќе ја накачи килажата, туку е штетно за вашето здравје. Избегнувајте оброци во ресторани, бидејќи во домашните оброци сами одлучувате колку ќе ставите во чинијата и не секогаш мора да изедете сè бидејќи сте платиле за цел оброк или бидејќи другиот до вас сè уште не завршил со оброкот. Научете да го препознаете моментот кога сте сити и да престанете со јадење.rn

    4. Секојдневно бидете активни

    rnНедоволната физичка активност може да придонесе за голем број здравствени нарушувања. Освен тоа, луѓето кои не се движат редовно и не се активни полесно паѓаат во депресија и повеќе чувствуваат замор. Не мора да следите некој измачувачки тренинг, доволно е да го зголемите бројот на чекори во секојдневните активности. Одберете ги скалите наместо лифтот, појдете пеш до продавница или паркирајте се подалеку од маркетот, искористете ја секоја можност да бидете поактивни без претерано да се заморувате и телото ќе ви биде благодарно.rnrn10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една неделаrn

    5. Намалете со алкохолот

    rnНе само што влијае штетно на вашето здравје и надворешна убавина, алкохолот може да ви го отежне донесувањето разумни одлуки. Поголемата количина алкохол ќе ве спречи наредниот ден да станете на време и да ги извршите обврските. Секогаш е добро да се наздрави и прослави, но умерено и со самоконтрола.rnrn10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една неделаrn

    6. Чистете ја околината во која живеете

    rnЧистотата на просторот околу вас е клучна за вашето здравје и позитивно расположение. Доколку просторот каде живеете не е добро исчистен ризикувате редовно да се дружите со многу бактерии и вируси. Прашината и мувлата имаат негативен ефект врз системот за дишење. Редовно проветрувајте ги просториите, внесете зеленило во вашата канцеларија или дневна соба и грижете се за хигиената на просториите.rn

    7. Обрнете внимание на држењето на вашето тело

    rnЛошата позиција на телото ќе резултира со болки во мускулите или искривување на `рбетот. Покрај болките во грбот, кои најчесто се појавуваат при неправилна позиција на телото, проблемите со рамената и вратот не се исклучок. Трудете се да седите правилно и да одите исправено. Не поминувајте долго време седнати пред компјутер или телевизор. Не потценувајте ја болката во мускулите или `рбетот. Доколку редовно чувствувате болка, купете ортопедски помагала.rnrn10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една неделаrn

    8. Вклучете се во активности кои ги сакате

    rnДоколку не најдете начин да се ослободите од стресот, тој ќе продолжи да расте во вас, сè додека еден ден не резултира со вртоглавици, несоница, или посериозни болести. Редовно посветувајте им внимание на нештата кои ве опуштаат, како работењето во градина или спортување. Што и да е, направете ја таа активност клучен дел од вашиот живот.rn

    9. Редовно поминувајте време со семејството и најблиските

    rnНаправете место во вашите зафатени распореди за луѓето кои ви значат и ве расположуваат. Не само што ќе го подобрите вашето здравје и расположение, туку и нивното. Луѓето кои имаат длабоки и емотивни врски живеат поисполнет и поздрав начин на живот.rnrn10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една неделаrn

    10. Не потценувајте го дејството на сонот

    rnСпиењето е најважен фактор за функционирање на организмот. Во тие часови на комплетна релаксација, вашиот мозок има време да ги складира информациите примени во текот на денот. Некогаш ги намалуваме часовите за спиење мислејќи дека така добиваме време за други обврски. Но, вистината е дека по доволен сон вашата работа ќе биде попродуктивна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за трчање во летните горештини

    Совети за трчање во летните горештини

    Летото е извонреден период за трчање на отворено во кој горештините можат да бидат голема пречка и да ве одвратат од оваа прекрасна активност. Наместо да се откажувате, применете ги следните неколку совети и уживањето во летното трчање нема да изостане.Совети за трчање во летните горештиниrn

    Трчајте кога температурите не се премногу високи

    rnИзлезете на трчање рано наутро или приквечер кога заоѓа сонцето. Тогаш температурите се спуштаат за неколку степени, па полесно се трча. Ако излезете рано наутро, уште пред појадокот ќе можете да ги завршите предвидените вежби за тој ден. Ако не можете да станете рано, тогаш одете приквечер и уживајте во зајдисонцето додека трчате. Доколку во близина имате осветлена патека, разгледајте ја и опцијата за ноќно трчање, кога температурите се најмалку високи во текот на сите 24 часа.rn
    rn

    Трчајте под сенка

    rnТрчањето по шумските патеки или оние во парковите вообичаено е попријатно во споредба со останатите, поради тоа што сенките од дрвјата ги одржуваат температурите на пониско ниво.rn
    rn

    Пијте многу вода

    rnЗа време на трчањето се губи многу вода која на организмот му е неопходна да ги заврши сите метаболички процеси. Пијте многу вода во текот на целиот ден, а особено пред и по трчањето. Доколку не ви пречи, би било убаво ако можете да носите и некое шише со вас.Совети за трчање во летните горештиниrn

    Употребувајте крема за сончање

    rnСилното УВ-зрачење на сонцето во жешките месеци е пречка воопшто да излегувате во најголем дел од денот. Дури и да трчате кога сонцето не е највисоко на хоризонтот, не заборавајте да ставите крема за заштита од сончевите зраци, затоа што може да предизвика непријатности кои ќе ве вратат дома порано одошто сте планирале.rn
    rn

    Одберете соодветна облека

    rnЛетното трчање ќе ве испоти повеќе од вообичаено, па затоа добро е да облечете материјал кој лесно се суши. Тоа нека биде во некоја посветла боја. Не заборавајте да ставите и капа, затоа што таа успева да ја одржи температурата на главата на нормално ниво и спречува сонцето да стигне до вашето лице.Совети за трчање во летните горештиниrn

    Приспособете го темпото

    rnНормално е во екот на летните горештини да почувствувате дека не можете да го следите вашето вообичаено темпо на трчање. Тоа не се должи на пад во кондицијата, туку на сувиот воздух и неподносливото време. Затоа обидете се да го приспособите темпото на тоа што може да го издржи организмот во такви услови.rn
    rn

    Не игнорирајте ја болката

    rnДодека трчате може да почувствувате мачнина, болки во мускулите, па дури и вртоглавица. Овие симптоми укажуваат на тоа дека сте се префорсирале или дека горештините ве совладуваат. Кога ќе ги почувствувате, не ги игнорирајте и упатете се накај дома.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 чекори за трошење 1.200 калории дневно

    4 чекори за трошење 1.200 калории дневно

    Трошењето 1200 калории дневно не е толку тешко, иако бројката изгледа голема. Според проценките на експертите од „Health Status“, еден просечен човек со тежина од околу 50 килограми, троши 300 калории само додека спие и најмалку 1.200 калории дневно при нормалното функционирање на телото и организмот (варење на храната, дишење…). Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да успеете да ја одржите вашата идеална линија, без притоа да се водите по несоодветни диети.rn

    Чекор 1 – Одвојувајте време наменето за вежбање

    rnДоколку едно лице со телесна тежина од околу 75 килограми е физички активно 30 минути, тогаш тоа соодветно ќе потроши околу 400 калории. На лицата со помала телесна маса, ќе им биде потребно малку повеќе време за да ја достигнат оваа бројка од 400 калории.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневноrn

    Чекор 2 – Размислувајте како да го активирате телото

    rnДенеска на работа, наместо со автомобил или со автобус, одете пешки. Ќе заштедите и ќе се чувствувате поудобно во вашето тело. Внимавајте и да ги избегнувате лифтовите и ескалаторите. Истото така повремено работете лесни работи низ домот. Истражувањата покажуваат дека можете да потрошите 200 калории само со бришење прашина и чистење со правосмукалка.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневноrn

    Чекор 3 – Никогаш не си допуштајте да ве фати мрза

    rnОва не значи дека не треба да седнете да одморите или да се опуштите лежејќи на вашиот кауч додека гледате телевизија. Но сепак, не треба пречесто да го правите ова, бидејќи човечкото тело бара постојана активност и поголем степен на раздвиженост при вршењето на секојдневните работи. Па така, во секоја дневна обврска гледајте да го активирате телото што е можно повеќе, бидејќи така со ништо можете да потрошите до 300 калории.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневноrn

    Чекор 4 – Внимавајте со храната

    rnМожете да пробате да ги зголемите дневните оброци, но само бројно, не количински. Па така, наместо 3 дневни оброци пробајте истите да ги распоредите во 5 или 6, притоа обрнувајќи внимание истите да содржат храна полна со витамин ц, протеини и растителни влакна. Со самото внесување на природна и органска храна, вашето тело ќе почне да согорува калории при варењето на истата.rnrn4 чекори за трошење 1200 калории дневно