КАФЕ ПАУЗА

Tag: физичка активност

  • За оние кои редовно вежбаат: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

    За оние кои редовно вежбаат: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускули

    Трчањето е една од најдобрите физички активности за изградба на убави и цврсти мускули. За него не ви се потребни некои посебни физички предиспозиции ниту пак морате редовно да трчате по неколку километри за да имате некаква корист. Комбинирањето на трчањето со храна која ја поттикнува изградбата на мускулите дава резултати кои сигурно ќе ја подобрат вашата физичка и општо здравствена состојба, а консумирањето на следниве 7 прехранбени производи е нешто што треба редовно да го практикуваме.rnrnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrn

    1. Лосос

    rnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrnrnЛососот е една од најдобрите намирници за изградба на тонусот на мускулите. Тој содржи единствена комбинација на најдобрите масти, витамин Б, белковини и хранливи материи како и магнезиум кој помага при обновата, но и заздравувањето на мускулите. Освен тоа, лососот е одличен избор за оние кои јадат кога сакаат да се утешат со храната, бидејќи оваа риба го намалува апетитот. Освен во изградбата на мускулна маса, лососот помага и во согорувањето на мастите.rn

    2. Јајца

    rnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrnrnБелките од јајцата се посебно добри за мускулите во комбинација со трчањето, бидејќи содржат малку маснотии, а многу белковини. Сепак, немојте во целост да ги исфрлите жолчките бидејќи тие содржат здрави маснотии, без оглед на високото ниво холестерол. Јајцата всушност го намалуваат штетниот холестерол во телото и го покачуваат здравиот, што значи дека е добро да се консумираат умерено. За оптимална комбинација на белковини и здрави масти консумирајте 3 белки и 1 жолчка.rn

    3. Зелен зеленчук

    rnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrnrnСпанаќот е одличен избор бидејќи изобилува со белковини и ги задоволува потребите на телото и мускулите од витамин Е, магнезиум, хранливи влакна, витамин Ц и витамин Б. Кељот исто така претставува зеленчуков титан кога станува збор за белковини и хранливи материи, а и блитвата и зелката се добар избор за зацврстувањето на мускулите. Освен што, во комбинација со трчањето, гарантира најдобро обликувани мускули, консумацијата на зелениот зеленчук го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите.rn

    4. Сладок компир

    rnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrnrnСлаткиот компир е богат со јаглехидрати кои се важни за одржување на оптималното ниво гликоза кое, пак, е клучно за согорување на маснотиите и одржување на мускулната маса. Слаткиот компир е одличен сојузник на слабеењето благодарение на влакната кои нѐ прават сити и го намалуваат апетитот за другите зеленчуци кои се базираат на скроб. Освен тоа, слаткиот компир е совршена замена за лебот, која исполнува со енергија.rn

    5. Бадеми

    rnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrnrnБадемите се еден од најголемите извори на витамин Е, хранливи влакна, магнезиум и материи кои помагаат во изградбата и обновата на мускулите како и при одржувањето на здравото срце, што е исто така важно за физичката активност. Јадете ги бадемите како попладневна ужина или кога ќе добиете желба за слатки намирници или за грицкање. Бадемите исто така можат да придонесат за забрзување на метаболизмот, што е клучно за согорувањето на маснотиите.rn

    6. Семки од лен

    rnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrnrnСемките од лен го поттикнуваат зацврстувањето на мускулите благодарение на комбинацијата на влакната, белковините и здравите масти кои помагаат при согорувањето на масното ткиво. Семките од лен изобилуваат со здрави омега-3 масни киселини кои помагаат во слабеењето и во превенцијата на депресијата, дијабетесот и срцевите заболувања. Семките од лен е најдобро да се консумираат сомелени бидејќи на тој начин телото подобро ги апсорбира хранливите материи. Тие се одличен додаток за јогуртите, житариците и салатите и најдобро е да се чуваат во фрижидер.rn

    7. Грчки јогурт без масти

    rnТрчањето и храната: 7 намирници кои гарантираат цврсти мускулиrnrnГрчкиот јогурт е богат со калциум, белковини, витамин Б, вклучувајќи го и витаминот Б21 кој е неопходен за добриот метаболизам и работата на мускулите. Добрата страна на грчкиот јогурт е и тоа што содржи помалку лактоза, на која многу луѓе покажуваат интолеранција, од другите јогурти и млечни производи. Грчкиот јогурт без масти помага во работата на мускулите на тој начин што ги снабдува со потребните аминокиселини. Избегнувајте грчки јогурт со додатни вкусови бидејќи тој содржи огромни количини шеќер.

  • 5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокот

    5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокот

    Дали редовно појадувате? Многу луѓе сметаат дека наутро се премногу зафатени за да стигнат и да појадуваат. Од друга страна, поголемата половина од нив тврдат дека не се доволно гладни и немаат апетит кога ќе се разбудат. Оние кои не јадат наутро можат да нанесат поголема штета отколку корист на својот физички изглед. Истражувањата покажале дека постојат неколку причини поради кои појадокот е важен, а во продолжение прочитајте какви предности има тој за нашето здравје.rnrn5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокотrn

    1. Појадокот ја подобрува концентрацијата

    rnПостои причина зошто многу училишта нудат појадок за своите ученици. Нутриционистите веќе одамна се сложиле дека утринскиот оброк е клучен за концентрацијата и учењето, неповрзано со возраста. По ноќта, нивото на шеќерот во крвта е многу ниско, а појадокот кој нуди оптимална количина интегрални житарици, протеини и намирници богати со витамини му е и повеќе од потребен на нашиот мозок за извршување на нормалните функции.rn

    2. Важен е за срцето

    rnНавиката на прескокнување на појадокот е научно докажано дека е поврзана со појавата и развитокот на срцевите болести, поточно со зголемување на ризикот од срцев удар за 27%.rn

    3. Изберете протеини за појадок

    rn5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокотrnrnПојадокот ќе ве држи сити во текот на целото претпладне, но појадокот богат со протеини ја продолжува оваа предност на целиот ден. Изберете јајца, јогурт и месо и ќе ја намалите желбата за брза храна низ денот. Здрав појадок = здрави избори.rn

    4. По појадокот ќе бидете поактивни

    rnЛуѓето кои појадуваат има поголема физичка енергија, поради што природно водат и поактивен живот бидејќи мозокот добива сигнали за количината на новата енергија. Направете си услуга и никогаш не го прескокнувајте појадокот.rn

    5. Се намалува ризикот од појавата на дијабетес

    rnВрската помеѓу прескокнувањето на појадокот и развивањето на дијабетесот е спомната во многу научни студии. Појадокот е важен за регулирањето на апетитот во текот на денот. Ако го прескокнете, по некое време може да дојде до чувствителност на инсулин, дијабетес тип-2 и висок крвен притисок.

  • Кои се предностите на секојдневните прошетки?

    Кои се предностите на секојдневните прошетки?

    Прошетките се генерално добар вид физичка активност кој не мораме секојдневно да го исполнуваме со намера. Можеме да се прошетаме и кога одиме до продавница, до автобуската станица, да го прошетаме миленичето или да излеземе со пријателите и сето тоа има добро влијание врз нашиот организам и нашето тело. Меѓутоа, подолгите прошетки имаат неверојатни здравствени предности.rnrnКои се предностите на секојдневните прошетки?rnrnНа пример, кратките прошетки од 30-45 минути може да ја спречат појавата на Алцхајмеровата болест во подоцнежните години, да го подобрат тонусот на мускулите, да го спречат добивањето глауком, да го подобрат здравјето на белите дробови и многу други здравствени работи. Во продолжение прочитајте подетално за овие предности на прошетките и трудете се што повеќе да пешачите.rn

    1. Го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест

    rnПрошетката е добра за умот и менталното здравје воопшто. Според последните истражувања на Универзитетот во Вирџинија, мажите помеѓу 71 и 93 години, кои оделе повеќе од половина километар дневно имале значително помала зачестеност на деменција и Алцхајмерова болест.rn

    2. Ги зацврстуваат мускулите

    rnПознато е дека со вежбањето се оформуваат мускулите, а ова има посебно значење кога е во прашање прошетката. За време на одењето се зајакнуваат мускулите на нозете, задникот и стомакот. Доколку внимавате и на својот став и начинот на кој пешачите, ќе можете да ги зацврстите и стомачните мускули и половината.rn

    3. Го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат крвниот притисок

    rnСекој којшто имал срцеви проблеми најпрвин треба да се посоветува со доктор. Меѓутоа, прошетката може многу да помогне во подобрувањето на здравјето на срцето и има позитивен ефект врз притисокот.rn

    4. Го подобруваат здравјето на дебелото црево

    rnСпоред некои експерти, прошетката може да го намали ризикот од добивање на рак на дебелото црево дури до 31% кај жените. Секојдневните прошетки во времетраење од 10-15 минути помагаат во правилното функционирање на целиот дигестивен систем бидејќи вежбите се особено важни за варењето на храната во цревата.rn

    5. Го подобруваат расположението

    rnАко се чувствувате лошо и депресивно, решението за проблемот можете да го најдете во прошетката. Според едно истражување, луѓето кои пешачат помеѓу 30 и 40 минути секојдневно, 5 пати во неделата имаат подобро расположение и намалени депресивни мисли.rn

    6. Го победуваат глаукомот

    rnЗа оние кои имаат ризик од глауком или висок очен притисок, прошетката е препорачана помош за ослободувањето од притисокот во очите. Истражувањата покажуваат дека умереното вежбање, како трчањето и прошетките минимум 3 пати неделно, може да го намали очниот притисок.rnrnПокрај сите овие наведени придобивки на прошетките, секојдневните излегувања исто така можат да ви помогнат во слабеењето, зацврстувањето на коските, намалувањето на ризикот од дијабетес и подобрувањето на здравјето на белите дробови. Затоа се препорачува што почесто да шетате за да си обезбедите здрав и квалитетен живот.

  • Зошто ни е потребен шеќерот?

    Зошто ни е потребен шеќерот?

    Шеќерот има голема улога во организмот, но често слушаме дека е штетен по здравјето. Дали е тоа навистина така, или пак тоа се должи на нашето претерано внесување шеќер во организмот?rnrnЗошто ни е потребен шеќерот?rnrnПроф. д-р Будимка Новаковиќ, нутриционист на медицинскиот факултет во Нови Сад, ги дава одговорите на сите прашања кои нè мачат околу консумацијата на шеќерот, како и неговите соодветни замени.rnrnКога се зборува за шеќер се мисли на белиот шеќер, на сахарозата. Сите останати форми на шеќерот треба да ги нарекуваме по нивното име. Постојат луѓе на кои шеќерот им е неопходен, бидејќи тој е најбрзиот извор на енергија за организмот. Многу побрз дури и од мастите и протеините. За да можеме да функционираме, мора да имаме некаков шеќер во организмот. Но, дали ни е неопходен?rnrnТој може да се создаде и од други извори на јаглехидрати. Ако јадеме други јаглехидрати потребни за правилно функционирање на организмот, тогаш шеќерот не е неопходен. Дали е лош по здравјето ако го внесуваме во мали количини? Не, не е, но ако претеруваме со секојдневната консумација на кој било производ, не само на шеќерот, тогаш тоа е штетно по здравјето. Постојат официјални светски препораки за задоволување на нашите дневни енергетски потреби кои велат дека вкупните шеќери, се мисли на простите шеќери, кои ги внесуваме во организмот, не треба да бидат повеќе од 10% од дневните енергетски потреби, а додатните шеќери, не повеќе од 5%.rn

    „Ако некој човек е добро хранет, здрав и има умерена физичка активност, треба дневно да внесува 2.000 килокалории, каде 5% од таа бројка е еднаква на 100 калории, додека во 100 грама шеќер има 380 калории. Значи, 1 до 2 лажички шеќер“, вели д-р Новаковиќ.

    rnПостојат нискокалорични и некалорични вештачки засладувачи, кои имаат или многу малку калории или воопшто ги немаат. Оние кои ги немаат не се разградуваат во нашиот цревен тракт, па затоа се полесни за варење и исфрлање. Но, дали тие се штетни за нашиот организам? Не. Луѓето велат дека сѐ што е означено со „Е“ не е добро за нив. Реалноста е дека тоа не е вистина.rn

    „Знакот ‘Е’ ми дава голема сигурност. Јас ви препорачувам да ги користите вака означените производи, бидејќи овој знак го означува адитивот и засладувачот кој е целосно проверен од Европската агенција за безбедност на храната“, дополнува таа.

    rnАко сме здрави, ние можеме да јадеме што сакаме, но не колку што сакаме. Мал е бројот на луѓето кои го имаат тоа задоволство да јадат што сакаат, а притоа да немаат никакви здравствени проблеми. Но сепак, имајте на ум дека колку што е вашата физичка активност поголема, толку ќе бидете послободни во изборот на храната.

  • 20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    Глумата и актерството не се толку лесни професии како што повеќето мислат. Ретко кога некој актер се појавува на филмскиот сет, ги одработува своите 8 часа и си оди дома. Големите улоги бараат и голема посветеност и големи психофизички подготовки. Но, и естетиката треба да се има предвид за актерите да можат да се соживеат со ликот кој го играат.rnrnОва се 20-те актери кои поминале низ најневеројатни физички трансформации за нивните филмски улоги.rn

    1. Ен Хатавеј – „Клетници“

    rn(1) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 25 кг пред почетокот на снимањето на филмот, 6 кг за време на снимањетоrn

    „Бев на диета за изгладнување за да изгледам како да ѝ се приближувам на смртта. Но имав план и водич, нутриционист, кој ми помогна низ целиот процес. Само морав да престанам да јадам цели 13 дена за време на снимањето.“

    rn

    2. Рене Зелвегер – „Дневникот на Бриџит Џоунс“

    rn(2) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 18 кгrn

    „Првите два дена е супер, можеш да си ги оствариш сите фантазии за прекумерно јадење секаква храна, од пици до чоколади. После една недела гликозните нивоа во телото ти полудуваат и не се чувствуваш многу добро. Никој не сака да го слушне тоа, но таква е вистината.“

    rn

    3. Кристијан Бејл – „Машинист“

    rn(3) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 28 кгrn

    „Немам цел еден ден да станам невидлив, да јадам толку малку што ќе исчезнам. Не ја прифатив оваа улога мислејќи: ‘Oх, потребна е физичка трансформација’. Баш секогаш си велам: ‘По ѓаволите! Потребна е физичка трансформација.’“rn

    rn

    4. Шарлиз Терон – „Чудовиште“

    rn(4) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 13 кгrn

    „Најпрвин почнав да се прејадувам крофни, но по некое време почнаа да ми стануваат одвратни. Обожавам чипс и солена храна, па секогаш со мене имав скриена резерва на пакетче чипс.“

    rn

    5. Метју Фокс – „Алекс Крос“

    rn(5) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 19 кгrn

    „Да бидам искрен, понекогаш го мразев ова. Ако го тргнете резултатот настрана, тогаш слабеењето како процес воопшто не ми се допадна.“

    rn

    6. Метју Меконахи – „Клубот на купувачи Далас“

    rn(6) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 21 кгrn

    „Ми беше тешко. Имав 64 кг и бев постојано гладен и нервозен. Телото ми наликуваше на малечка птица која плаче да ја нахранат и која сфаќа дека мајката нема да дојде да ја нахрани. Тешко е.“

    rn

    7. Мила Кунис – „Црниот Лебед“

    rn(7) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Вежбав 4 часа дневно, 7 дена во неделата. Имав само еден ден слободен за мојот роденден и по пола ден за наградите Еми и Златен Глобус. На овие денови, мојот инструктор по балет работеше со мене од 5 часот наутро до 11 часот навечер, потоа одев во одделот за шминка и фризура и потоа на доделувањето на наградите.“

    rn

    8. Натали Портман – „Црниот Лебед“

    rn(8) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Имаше ноќи кога мислев дека ќе умрам. Тоа беше првиот пат кога сфатив дека еден актер може толку многу да се посвети на една улога, што полека може да се уништи себеси.“

    rn

    9. Том Хенкс – „Отфрлен“

    rn(9) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 2 2кгrn

    „Најтешкиот дел беше времето. Посакував да имам некаква таблета и да ја изгубам целата тежина одеднаш, но реалноста беше таа: морав да започнам во октомври, знаејќи дека ќе завршиме во февруари. Идејата дека треба да поминам 4 месеци во постојана состојба на претпазливст, што се однесува до она што го јадев и два часа во салата за вежбање секој ден, правејќи само монотони вежби, беше застрашувачка. Единствениот излез е да се мотивираш со некаков трик со медитација. Не е воопшто гламурозно.“

    rn

    10. Крис Прат – „Чувари на галаксијата“

    rn(10) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 29 кгrn

    „Шест месеци изгледаат како долг период, освен ако не гледаш наназад… сѐ што треба да направиш е да останеш конзистентен и времето ќе летне. Ако ја тргнете нездравата храна од вашата диета и потрошите неколку часа на ден правејќи вежби, 6 месеци ќе поминат многу брзо и ќе се чувствувате психички, физички и духовно поздраво – сѐ е поврзано.“

    rnrn

  • Еве како да уживате во храната и да ја зачувате вашата линија

    Еве како да уживате во храната и да ја зачувате вашата линија

    Сакате да уживате во сласните залаци, но исто така сакате да го зачувате вашето згодно тело и да ги спречите здодевните килограми да се вратат назад. Време е да се запознаете со балансологијата – вештина која ни помага да уживаме во храната, а да ја задржиме фит линијата. Дознајте како да одолеете на предизвикувачкиот, брз начин на живот и притоа да останете во фит форма.rnrn1-eve-kako-da-uzhivate-vo-hranata-i-da-ja-zachuvate-vashata-linija=www.kafepauza.mk_rn

    1. Не постои храна од која се дебелееме

    rnБалансологијата бара паметен однос помеѓу внесувањето храна и физичката активност. Колку калории внесуваме, толку мора да потрошиме со физичката активност. Така јо-јо диетите кои го исцрпуваат организмот стануваат минато, бидејќи организмот започнува природно да ја регулира тежината. „Доколку редовно вежбате, може да јадете и да пиете сè што ќе посакате, но во умерени количини“, советува д-р Љубиша Кнежевиќ, нутриционист.rn

    2. Нема баланс без активност

    rnВашите енергетски потреби варираат врз база на физичките активности во текот на денот. Секое движење предизвикува согорување на калории, па без физички активности енергетскиот баланс е невозможен. „Што повеќе вежбате – повеќе ги развивате мускулите, а што повеќе мускули имате – потребни ви се повеќе калории“, додава д-р Кнежевиќ.rn

    3. Уживајте пред сè

    rnНе е страшно некогаш да паузирате и да уживате во храната. Најголемата грешка што можете да ја направите е прескокнувањето на оброците. Сепак треба да водите сметка за калориите, бидејќи нивниот број за постигнување енергетски баланс е индивидуален – ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, тоа ќе се одрази со зголемена телесна тежина и обратно. Совет од нутриционистите: доволно е да се измерите еднаш неделно за да ги држите килограмите под контрола.

  • 9 причини зошто тренирањето боречки вештини е одлично за вас и за вашите деца

    9 причини зошто тренирањето боречки вештини е одлично за вас и за вашите деца

    Боречките вештини, односно спортови, се една од најдобрите физички и психички активности кои можете да ги одберете за вас или вашите деца. Без оглед на тоа дали се работи за бокс, кик бокс, карате, аикидо, џудо, бразилско џиу-џицу или некоја друга вештина, сите тие носат големи придобивки. Прочитајте за деветте најважни од нив и побарајте некој клуб кој ќе одговара на вашите желби и потреби.rnrn9 причини зошто тренирањето боречки вештини е одлично за вас и за вашите децаrn

    Физички придобивки

    rn

    1. Поголема физичка активност

    rnБоречките спортови бараат многу од телото. Нема многу други спортови со кои вие или вашите деца ќе бидете толку многу физички активни. Ако тренирате некој од нив, тоа значи дека ќе треба да активирате и развиете голем дел од телото, од нозете, па сè до вратот.rn

    2. Повеќе енергија

    rnКако и тренирањето кој било друг спорт, така и боречките спортови ќе ви го покачат нивото на енергија после одредено време. Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но наскоро ќе почнете да ја чувствувате оваа придобивка, особено затоа што тие се одличен фитнес и бргу ја покачуваат физичката кондиција.rn

    3. Здрав начин на живот

    rnОдете само еднаш на тренинг после порција брза храна, цигара или ненаспиени и ќе поминете низ пекол. Спортувањето ќе ве натера да се откажете од сите лоши навики во животот за да постигнете резултати на ова поле.rnrn9 причини зошто тренирањето боречки вештини е одлично за вас и за вашите децаrn

    Психички придобивки

    rn

    4. Концентрација

    rnБорбата бара да биде добро концентрирани врз себе и својот противник. И најмалото невнимание може да резултира со примање на удар поради кој се губи борбата и затоа големо внимание на тренинзите се обрнува на концентрацијата. Тоа е особено корисно за децата, затоа што нивната енергичност понекогаш прави да не можат да се сконцентрираат само на една работа. Боречките вештини ќе ги истренираат подобро да се фокусираат на едно нешто додека да го завршат тоа.rn

    5. Контрола над себе

    rnБорецот мора да има контрола над себе во секој момент. Во борбите има момент и кога примате удар и кога во следниот миг сакате да го уништите противникот, но тоа често пати завршува со уште повеќе примени удари. Затоа оној кој се бори мора да научи да се контролира за да не го губи разумот кога прима удари и трпеливо да ја чека својата шанса да зададе удар. Тоа ќе ви користи многу и во секојдневниот живот.rn

    6. Самоодбрана

    rnТоа се боречки вештини, па секако дека ќе научите да се изборите со секаков противник доколку ги совладате. Некои од нив се целосно фокусирани на самоодбрана и воопшто нема да ве научат на потези за напад, како на пример аикидото, но има и такви кои покрај нападот ќе ве наоружаат со арсенал на потези со кои ќе одбиете сечиј напад.rnrn9 причини зошто тренирањето боречки вештини е одлично за вас и за вашите децаrn

    7. Бонтон

    rnБоречките спортови не се за тепачи. Добар тренер ќе ве научи дека напаѓачките вештини кои сте ги научиле во салата се користат само во рингот, а само одбранбените се користат и на улица. Не постои боречки спорт кој ќе ве научи да се тепате. Оние кои тренираат, а потоа завршуваат како тепачи не можат да се наречат спортисти. Овие спортови ќе ве научат на целосен бонтон, на фер борба, џентлменско однесување, почит кон противникот и борба само со оние кои ви се рамни на себе, а не малтретирање на послабите. Добриот борец никогаш не започнува борба на улица.rn

    8. Самодоверба и самопочит

    rnБоречките спортови ќе ве научат вас и вашите деца дека не постојат тешки и несовладливи противници, туку само вешти и помалку вешти борци. Тие влеваат самодоверба и учат на почитување и верба во сопствените вештини.rn

    9. Носење одлуки

    rnБорбата во боречките спортови е иста како и секоја друг борба во животот. Потребно е да бидете сконцентрирани во секој момент, да го спречите противникот да ви зададе удар и да ви направи проблеми, потребно е да бидете самодисциплинирани и да не се избезумувате кога ќе примите удар и понекогаш брзо а понекогаш внимателно да носите одлуки за вашиот следен потег. Сето тоа го има само во една борба и можете да го научите ако напорно тренирате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 природни лекови против грчеви во нозете

    3 природни лекови против грчеви во нозете

    Дали и вие сте една од оние личности кои страдаат од ненадејно грчење на мускулите во нозете? Доколку оваа болка ве буди од сон и ви пречи во секојдневните активности, обидете се со следниве природни решенија за олеснување на болките во мускулите…rnrn3 природни лекови против грчеви во нозетеrn

    1. Јадете храна која е богата со калиум

    rnЕден од најчестите причинители на грчењето во мускулите е недостатокот на калиум во телото. За да ја вратите рамнотежата на овој клучен минерал јадете храна која е богата со оваа хранлива вредност, како бананите и компирите.rn

    2. Движете се

    rnДо грчење во мускулите може да дојде и поради намалено движење, односно повеќечасовно седење или лежење во иста позиција. Најлогичниот одговор на овој проблем е физичката активност. Не заборавајте на оваа активност, ако ништо друго барем шетајте на воздух, а доколку сте постојано пред лаптоп станувајте на секои 20 минути, растегнете се и продолжете со работата.rn

    3. Топли облози

    rnКога ќе ве фати грч, притиснете на средината од болното место и држете 15-тина секунди, опуштете го мускулот и повторете. Правете го ова сè додека болката не попушти. Секогаш можете да посегнете и по топли облози или топла бања која ќе ги опушти сите ваши мускули.rnrnСовет: Доколку ништо од овие решенија не ви помага, можеби е време да се консултирате со доктор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Вистинската причина поради која не сте физички активни

    Вистинската причина поради која не сте физички активни

    Дали сакате многу да вежбате, да бидете физички активни и поздрави, но вашата голема желба е спречена поради тоа што немате време, надвор е жешко или студено или поради некоја слична причина? Е па, се лажете и себеси и другите. Вистината е дека не сакате да ви биде неудобно, а вежбањето и контролата над исхраната е токму таква – неудобна.rnrnВистинската причина поради која не сте физички активниrnrnД-р Шери Пагото, професор по бихејвиорална медицина, тврди дека отпорот кон излегувањето од комфорната зона е она што нè спречува да ги обуеме патиките и да одиме надвор да истрчаме неколку километри или да одиме да се потиме во фитнес клуб. Зошто би го правеле тоа кога можеме да си седиме дома, да си сурфаме на интернет или да гледаме филм?rnrnОдговорот лежи во фактот што човекот е склон кон однесување кое веднаш ќе му донесе задоволство, а не кон такво при кое придобивките стигнуваат подоцна. Вежбањето не е удобна активност, особено ако сте почетник. Сте навикнале на одморање во кревет или пред компјутер, уживајќи на идеална температура со топло ќебенце и во пријатна облека, па напуштањето на таквиот стил на живот не ви паѓа лесно.rnrnПричината поради која не вежбате не е немањето време, туку тоа што не сакате да се потите, да добиете плускавци на стапалата, да се извалкате, да се изморите, да добиете воспаление на мускулите, тешко да дишете… Тоа не е во зоната на комфорот.rnrnНездравиот начин на живот станал зона на комфорот и мора да излезете од неа за да бидете поактивни, поздрави и да го изгубите вишокот килограми. Прифатете го предизвикот да истрпите некоја од тие непријатни работи и по некое време нема ни да ги забележувате. Излезете на двор на дождот без чадор и ќе видите дека водата нема да ви направи ништо лошо, испотете се, извалкајте се итн. Добијте еднаш или два пати воспаление на мускулите, па ќе видите колку повеќе можете да издржите потоа. Тоа е единствениот начин да ја совладате оваа голема пречка кон вашето здравје.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ако се обидувате да ослабите со трчање, немојте да ги правите овие грешки

    Ако се обидувате да ослабите со трчање, немојте да ги правите овие грешки

    Ако се обидувате да ослабите со трчање, сте одбрале добра активност за да стигнете до вашата цел. Но, на патот до неа можеби правите одредени грешки кои ве спречуваат во тоа. Ова се најчестите од нив.rnrn(1) Ако се обидувате да ослабите со трчање, немојте да ги правите овие грешкиrn

    Погрешно пресметување на калориите

    rnФакт е дека можете да согорите и до 500 калории за еден час трчање, но треба да гледате да не ги надоместите. Исхраната е многу важна во процесот на слабеење затоа што треба да внесувате помалку калории отколку што трошите. Ако навечер пиете газирани сокови или јадете двојно повеќе за вечера затоа што сте се измориле и сте гладни, тогаш бројките на вагата ќе забушаваат. Не е баш интересна работа да се прави, но мора да се посветите и на броење на калориите кои ги внесувате и трошите.rn

    Избегнување на мастите

    rnНа телото му се потребни масти. Сигурно веќе знаете за разликата помеѓу добрите и лошите масти. Избегнувајте ги лошите и консумирајте ги добрите. Тие го поттикнуваат излачувањето на хормоните кои го регулираат гладот и затоа ве држат сити подолго време.rn

    Трчање на празен стомак

    rnПостои една голема заблуда дека трчањето на празен стомак предизвикува слабеење затоа што не сте консумирале калории, а сте потрошиле многу. Тоа не функционира така во практика и е голема грешка. Во таков случај телото прво ќе почне да ја користи енергијата од мускулите, а дури потоа ќе почне да ги согорува и мастите. Покрај тоа, ќе имате и помалку енергија за трчање и со тоа ќе согорите помалку, а ќе бидете и погладни кога ќе завршите со трчањето со поголема желба за внес на храна. Најдобро е да каснете некои лесно сварливи јаглехидрати 30-60 минути пред трчањето, како на пример парче леб со путер од кикирики или житарки.rn

    Избегнување на оброкот после трчањето

    rnПосле физичкиот напор на телото му е потребна енергија за да продолжи добро да функционира и затоа чувствувате глад. Исто така, поради заморот може и да не чувствувате потреба за храна, но кога ќе се одморите телото ќе сфати дека му таа му треба и ќе бидете многу гладни. Затоа каснете нешто веднаш по трчањето. Тоа не мора да биде цел оброк, овошје, смуди или чоколадно млеко ќе завршат добра работа.rnrn(2) Ако се обидувате да ослабите со трчање, немојте да ги правите овие грешкиrn

    Премногу калории во текот на трчањето

    rnИзбегнувајте да си каснувате по нешто додека трчате. Сувото овошје и енергетските плочки ќе додадат многу калории на дневното мени, а во тој момент нема многу да придонесат за намалување на гладот. За време на трчањето консумирајте само вода, а закуските и оброците оставете ги за пред и после трчањето.rn

    Калорични пијалаци

    rnАко сакате да ослабите, исфрлете ги од менито калоричните пијалаци како газираните сокови, овошните сокови со додаден шеќер и алкохолот. Тие само додаваат калории без притоа да ве заситат. Алкохолот може дури и да го поттикне апетитот.rn

    Бркање резултати

    rnНе се форсирајте со повеќе трчање или со диетата за да постигнете брзи резултати. Тие не се веројатни, ниту се здрави по вашиот организам. Ако губите по еден килограм неделно, тоа е одлично. Одете чекор по чекор. Форсирањето со малку храна да трчате што повеќе ќе доведе само до повеќе глад.rn

    Приспособувајте се

    rnВо првите неколку недели ќе загубите повеќе килограми, но потоа телото ќе се навикне на тоа и ќе почне да штеди. Тогаш приспособете се на него и променете нешто во начинот на исхрана. На вашето тело веќе нема да му бидат потребни толку многу калории како порано кога сте тежеле повеќе и може да пробате, чекор по чекор, да внесувате помалку.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn