КАФЕ ПАУЗА

Tag: физичка активност

  • Сакате рамен стомак за кратко време? Оваа физичка активност ќе ви помогне да постигнете одлични резултати!

    Сакате рамен стомак за кратко време? Оваа физичка активност ќе ви помогне да постигнете одлични резултати!

    Летото е на прагот и сите сакаме да го пречекаме во топ форма. Кој не сака да има рамен стомак?! Но, мора да признаеме дека стомачните вежби се тешки и по малку здодевни, па затоа многу брзо се откажуваме од нив. Добрите вести се што можете да ги замените монотоните вежби за стомак со многу позабавна рекреација од која целото ваше тело ќе има значителни придобивки. Станува збор за скокањето на јаже!rnrnСакате рамен стомак за кратко време? Оваа физичка активност ќе ви помогне да постигнете одлични резултати!rnrnОваа омилена игра од детството претставува совршена вежба за човечкото тело, барем така тврди поранешниот боксер и фитнес тренер Мајкл Олаџиде Џуниор, чии тренинзи секојдневно ги практикува прекрасната Адријана Лима.rn

    „За време на скокањето на јаже, се случуваат многу работи одеднаш: Работат рефлексите, координацијата, концентрацијата, брзината и тоа претставува одлична кардио вежба. Станува збор за физичка активност што можете да ја изведувате на исто ниво како и професионалните спортисти и да постигнете исти резултати“, објаснува тренерот.

    rnАктивноста е слична со трчањето, но Олаџиде сепак му дава предност на скокањето на јаже.rnrnСакате рамен стомак за кратко време? Оваа физичка активност ќе ви помогне да постигнете одлични резултати!rn

    „Скокањето на јаже е поефективно од трчањето, иако и трчањето е фантастично. Подобро е од возењето велосипед, пливањето, танцувањето… Согорува повеќе калории, активира повеќе мускулни групи, го стимулира мозокот и лачењето на ендорфинот, па затоа на крајот го дава она прекрасно чувство на исполнетост. Освен тоа, сето ова можете да го добиете за третина од времето што ви е потребно за кои било други физички вежби“, тврди Олаџиде.

    rnСкокањето на јаже го зајакнува срцето, рамената, рацете, градите, колената и секако целиот среден дел од телото. Првите резултати ќе бидат видливи токму на стомачните мускули.rnrnЗа почеток, најдобро е овој вид вежбање да го комбинирате со вашата досегашна фитнес рутина. Олаџиде советува да правите 10 прескокнувања, па 10 секунди пауза и сѐ така до крајот на вашата омилена песна, односно 3 или 4 минути. Вреди да се обидете, се согласувате?rnrnВо продолжение дознајте како да добиете рамен стомак за само две недели.

  • Зголемете ја вашата мотивација: На што треба да мислите додека вежбате?

    Зголемете ја вашата мотивација: На што треба да мислите додека вежбате?

    Идејата за кревање тегови во сала за вежбање со еден куп испотени мажи е вашиот најголем кошмар. Не ви ни паѓа на памет да џогирате сами на ова ладно време, но не ве привлекува ниту собниот велосипед. Воопшто не сакате да вежбате, па затоа се обидувате да се убедите себеси дека тоа и не е толку важно. Но, вистината е дека физичката активност е многу важна. Доколку вежбањето не ви е баш најомилена активност, пробајте да го засакате со конкретни мисли…rnrnЗголемете ја вашата мотивација: На што треба да мислите додека вежбате?rnrnОвде нема да ви помогне убедувањето дека благодарение на вежбањето ќе живеете подолго, бидејќи мозокот тоа не го смета за добра идеја туку за неизвесност. Поради тоа, наместо да се фокусирате на долгорочните придобивки, размислувајте за краткорочните како што се подобрувањето на квалитетот на сонот, зголемената продуктивност на работа, поголемата подготвеност за извршување физички активности и слично.rnrnПовторувајте си го тоа секој ден додека вашиот ум конечно не го засака вежбањето. Кога ќе го направите тоа, обрнете внимание на следниов трик за подобри резултати. Не е доволно само да одите во сала за вежбање, да правите склекови и да кревате тегови. Многу е важно она што го мислите додека вежбате.rnrnНаместо во глава да ви се вртат имејловите на кои не сте одговориле, списокот на утрешните обврски или неостварената љубов, фокусирајте се на телото и на влијанието што го имаат вежбите на одредена група мускули. Според инструкторите, на овој начин вежбите ќе постигнат значително подобар ефект, а вие полека ќе почнете да се вљубувате во вежбањето.

  • Луѓето кои ги објавуваат нивните физички активности на Фејсбук имаат психички проблеми

    Луѓето кои ги објавуваат нивните физички активности на Фејсбук имаат психички проблеми

    Бидете искрени: Колку пријатели имате на Фејсбук кои секогаш објавуваат фотографии од нивната посета на салата за вежбање или од џогирање? Можеби и вие самите го правите тоа.rnrnМожеби делува мотивирачки кога наутро ќе прочитате нечиј статус кој гласи: „Истрчав 5 километри пред работа!“, но тоа може и ужасно да ве иритира во зависност од тоа колку ги мразите исфорсираните емотикони со стегнати бицепси.rnrnЛуѓето кои ги објавуваат нивните физички активности на Фејсбук имаат психички проблемиrnrnЕдно истражување, спроведено од страна на Универзитетот Брунел во Лондон, имало за цел да открие зошто толку луѓе имаат потреба да ја споделат секоја нивна рутина за вежбање на социјалните мрежи. Резултатите не се баш позитивни, во најмала рака.rn

    Тие се зависни од внимание и зголемување на егото

    rnСе чини дека луѓето кои секогаш ги објавуваат нивните активности од салата за вежбање или од нивното обично џогирање се нарциси. Според истражувањето, нивната главна цел е да се пофалат за тоа колку време трошат на нивниот изглед. Исто така, наводно овие објави добиваат повеќе Фејсбук лајкови од останатите.rnrnНарцисите многу почесто објавуваат статуси за нивните достигнувања, што е поттикнато од нивната потреба за внимание и валидација од страна на Фејсбук заедницата. Меѓутоа, големиот број лајкови не мора да значи дека на сите им се допаѓа тоа што ги гледаат тие фалбаџиски објави.rn

    „Иако според нашите резултати фалењето на нарцисите се исплати, бидејќи тие навистина добиваат повеќе лајкови и коментари на нивните објави, сепак веројатно се работи за тоа што нивните Фејсбук пријатели учтиво ги поддржуваат, додека потајно не ги одобруваат таквите егоистични испади“, вели доктор Тара Маршал, една од истражувачите.

    rnПа така, освен ако не правите нешто навистина креативно и необично во вашите физички вежби, воздржете се малку од секојдневните објави на Фејсбук за вашиот прогрес во салата за вежбање. Пријателите ќе ви бидат благодарни.

  • 10 знаци дека сте во многу подобра форма отколку што мислите

    10 знаци дека сте во многу подобра форма отколку што мислите

    Честопати сме премногу строги кон самите себеси кога станува збор за вежбањето и се споредуваме со професионални спортисти кои прават да се чувствуваме инфериорни или просечни. Понекогаш едноставно се случува да го прескокнете вежбањето или да паднете на искушението и да изедете нездрава храна. Кога ќе се случи тоа, вашата самодоверба се намалува и веднаш чувствувате како да исчезнува вашата добра форма. Но, неколку пропусти не прават многу разлика, освен ако тоа не се претвори во секојдневие, и не би требало негативноста да ви застане на патот и да ве спречи во остварувањето на вашите фитнес цели. Доколку се чувствувате така, овие неколку знаци ќе ви потврдат дека сте во подобра форма отколку што мислите и ќе ја зголемат вашата самодоверба…rnrn10 знаци дека сте во многу подобра форма отколку што мислитеrn

    1. Стоите поголемиот дел од денот

    rnАктивните луѓе се активни без да бидат свесни за тоа. Тие стојат повеќе отколку што седат и постојано се во движење. Ако стоите исто толку колку што седите во текот на денот или стоите барем по неколку минути секој час, веројатноста е дека сте во подобра форма отколку што мислите. Обрнете внимание на вашата потреба за седење за да ја процените вашата физичка подготвеност.rn

    2. Вашите ментални способности се на високо ниво кога сте на работа

    rnДоколку вашите когнитивни вештини одлично ве служат на работното место, откако сте започнале со вежбање, тогаш вие сте во многу подобра форма отколку што мислите. Вие сте добар организатор и знаете да ги решавате проблемите. Познато е дека вежбањето ја зголемува способноста за решавање проблеми, организација и справување со стресни ситуации.rn

    3. Брзо се одморате

    rnДоколку можете да истрчате брзо неколку метри или да направите тешки физички вежби и притоа не се исцрпувате, тогаш можете да издржите многу повеќе отколку што мислите. Физичката подготвеност се мери според тоа колку време ви треба за да се одморите.rn

    4. Чувствувате потреба за здрава храна

    rnАко забележите дека ви се јаде здрава храна, како што се житарки, салати и свежо овошје а не преработена храна богата со рафинирани јаглехидрати, шеќер и маснотии, тогаш сте во добра форма. Луѓето кои се во добра форма можат да манипулираат и да ги менуваат нивните хормони со цел да ја намалат желбата за нездрава храна и да ја зголемат потребата за здрава храна.rnrn10 знаци дека сте во многу подобра форма отколку што мислитеrn

    5. Имате активен сексуален живот

    rnДоколку имате голема енергија во кревет, тогаш несомнено е дека сте во добра форма. Сексот може да согори голем број калории и бара добра физичка подготвеност. Така што, ако можете да се опуштите и да се чувствувате удобно, вашето тело е издржливо и имате добра кондиција.rn

    6. Можете да шетате по продавници цел ден

    rnДоколку можете по цели денови да шетате од продавница во продавница и да извршувате различни обврски без да направите пауза, тогаш вашето тело е во добра форма и има голема издржливост. Освен тоа, помислете само на сите тие торби и кеси што ги влечете со себе. Доколку можете да ја издржите тежината во двете раце, тогаш сте многу посилни одошто мислите.rn

    7. Скалите не ви претставуваат проблем

    rnОдењето или трчањето по скали активира одредени мускулни групи кои не се толку вклучени кога ги правите стандардните кардио вежби. Ако можете да одите, па дури и да трчате горе-долу по скали без да почувствувате мачнина и да изгубите воздух, вие сте дефинитвно во многу подобра форма отколку што мислите.rnrn10 знаци дека сте во многу подобра форма отколку што мислитеrn

    8. Вежбате затоа што ви се допаѓа тоа

    rnВашите вежби не се поттикнати само од желбата да изгубите неколку килограми, туку целта ви е да го зголемите нивото на ендорфин и да го подобрите расположението. Сакате да се испотите и вежбате за да направите нешто корисно за вашето тело од здравствен аспект, а не за да ја добиете формата што отсекогаш сте ја посакувале. Луѓето кои се во добра форма вежбаат затоа што тоа е дел од нив и ги прави среќни. Внатрешната мотивација е многу поважна од надворешните цели.rn

    9. Можете да правите различни видови вежби

    rnДоколку вашето тело е способно да изведе различни видови движења со различен интензитет, тогаш вие поседувате голема сила во различни мускулни групи. Освен тоа, разновидноста во вежбите не само што е добро за телото, туку и за расположението затоа што ја победува досадата. Вежбајте на справи, аеробик, со тегови, пилатес топка и обрнете внимание на тоа како телото се справува со новиот репертоар.rn

    10. Можете да одржувате баланс

    rnАко можете да џогирате долго време, тоа е знак дека имате голема издржливост, но таа физичка активност не бара многу баланс, како што тоа е случајот со вежбите со кревање тегови, јогата и секојдневните движења во животот. Добро мерило за физичката подготвеност е одржувањето рамнотежа, бидејќи е поврзано со способноста на телото да стои исправено при што мускулите и зглобовите функционираат максимално и симетрично.rnrnБез оглед на тоа колку часови поминувате на справи во салата за вежбање или во џогирање, постојат други начини да ја тестирате вашата физичка подготвеност. Доколку имате лош ден или отидете на одмор, вашата форма нема да падне и да се влоши. Сѐ додека не ви прејде тоа во навика, бидете самоуверени дека сте во многу подобра форма отколку што можете да замислите.

  • Истражувањата откриваат: Човекот поминува помалку од 1% од својот живот во вежбање

    Истражувањата откриваат: Човекот поминува помалку од 1% од својот живот во вежбање

    Кога станува збор за живеењето здрав живот, тогаш јадењето добро балансирана диета, здравата исхрана и физичката активност се најдобрите начини да го направите тоа. Но, анкетите спроведени месецов, во неколку земји ширум светот, сугерираат дека повеќето луѓе го поминуваат поголемиот дел од времето гледајќи во екрани наместо да се движат и да бидат активни.rnrnИстражувањата откриваат: Човекот поминува помалку од 1% од својот живот во вежбањеrnrnАнкетата, спроведена од компанијата за односи со јавноста „Censuswide“ во партнерство со компанијата за производство и продажба на спортска опрема „Reebok“, испитале 9.000 возрасни луѓе од Америка, Велика Британија, Германија, Франција, Мексико, Русија, Кореја и Шпанија. Во неа се анализирало сѐ, почнувајќи од посветеноста на фитнесот до користењето на технологијата, па дури и сексуалните односи. Резултатите биле изненадувачки.rnrnСпоред статистичките податоци, просечниот испитаник поминувал само 180 дена во вежбање, од вкупно 25.915 дена. Само 4.320 часа ги поминувал во салата за вежбање, во трчање, планинарење, вртење, вежбање јога или која било друга физичка активност во текот на целиот негов или нејзин живот.rnrnИспитувачите велат дека ако вежбате само 1 час дневно, за цела година или 365 дена, тоа се 3.650 за 10 години, 7.300 за 20 години и кога го имате целиот живот пред вас, тогаш тој 1 час не значи ништо, ниту претставува пречка за секојдневните активности.rnrnНајдобрите вести е тоа што во оние денови кога не можете да издвоите 1 час за да вежбате, минутите поминати во која било друга активност – независно дали е шетање, трчање да се стигнете до автобусот, пешачење до работното место и слично, се сметаат во крајниот резултат. Според истражувањето, просечниот човек во текот на неговиот или нејзиниот живот се искачува до Монт Еверест и назад 45 пати и ја трча должината на Земјината оска два пати.rnrnНа крајот, овие резултати стојат како мал потсетник да направите активни промени во својот живот и ако сѐ уште не сте сигурни, тогаш разгледајте ги следниве податоци од анкетата:rn

      rn011

    • 41% од времето, луѓето го поминуваат во контакт со технологијата
    • rn011

    • 29% од времето го поминуваат седејќи
    • rn011

    • 6,8% од времето го поминуваат социјализирајќи се со саканите
    • rn011

    • 0,45% од времето го поминуваат стапувајќи во интимен однос
    • rn

    rnЗатоа, истражувачите советуваат да ги исклучиме компјутерите, да ги оставиме телефоните, да станеме и да започнеме да се движиме.

  • 7 причини зошто танцувањето е добро за физичкото и психичкото здравје

    7 причини зошто танцувањето е добро за физичкото и психичкото здравје

    Без сомнение една од најдобрите физички активности за нашиот организам и нашата општа здравствена состојба е танцувањето. Покрај неговите телесни придобивки, како што се зајакнувањето на коските и мускулите и одржувањето на добрата функција на скоро сите органи, танцувањето има и неверојатни психички и ментални придобивки, како што се зајакнување на меморијата, задржувањето на младиот дух и доброто расположение. Во продолжение прочитајте ги 7-те причини зошто танцувањето е добро за нас.rnrn7 причини зошто танцувањето е добро за физичкото и психичкото здравјеrnrn1. Ги согорува калориите. Танцувањето е одлична вежба за целото тело и се проценува дека со практикувањето на оваа физичка активност се согоруваат од 10 до 20 калории во минута, во зависност од брзината и интензитетот на движењата.rnrn2. Ја чисти крвта. Истражувањата покажале дека со помош на танцувањето се намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, а се зголемува нивото на добриот. Дијабетичарите преку танцувањето можат да ја одржуваат рамнотежата и да го контролираат нивото на шеќерот во крвта.rnrn3. Ги зајакнува коските и зглобовите. Помага во превенцијата и лечењето на остеопорозата и артритисот. Танцувањето е една од најдобрите и најпријатните физички активности кои ќе ги зајакнат нашите коски и зглобови.rnrn4. Ги одржува мозочните клетки во форма. Танцувањето ја подобрува нашата меморија. Секоја кореографија бара од нас да ги запомниме чекорите и рутините, па затоа оваа физичка активност е и одлична ментална вежба за мозокот.rnrn5. Ја чува нашата младост. Не е тајна дека танцувањето го забавува процесот на ментално и физичко стареење. Со танцувањето го зголемуваме капацитетот на белите дробови, го зајакнуваме кардиоваскуларниот систем и срцето, а нашиот ум внесува позитива и не дозволува духот да остари.rnrn6. Ги зацврстува односите и зближува. Танцувањето со пријателите е доказ дека тоа е една од најдобрите форми на забава. Го подобрува нашиот социјален живот, ни дава шанса да запознаеме нови луѓе, и ни овозможува да растеме и да се зближуваме.rnrn7. Танцувањето нѐ прави среќни. Со танцувањето се зголемува нивото на ендорфини – т.н. хормон на среќата, во нашата крв, кој го подобрува нашето расположение, ни помага ефикасно да се бориме против стресот и депресијата и нѐ полни со самодоверба.

  • 7 причини зошто возењето ролери е добро за физичкото и психичкото здравје

    7 причини зошто возењето ролери е добро за физичкото и психичкото здравје

    Возењето ролери и пролетта секогаш одат рака под рака. Освен што е фантастична рекреативна комбинација, тоа е и една многу делотворна и ефикасна вежба која ја подобрува функцијата и работата на целиот организам и придонесува при подобрувањето на физичкото, но и психичкото здравје. Возењето ролери е поефективно од спортовите како пливање, скијање и играње тенис и еднакво ефективно како трчањето. Во продолжение прочитајте ги 7-те причини зошто возењето ролери е толку добро за телото.rnrn7 причини зошто возењето ролери е добро за физичкото и психичкото здравјеrn

    1. Помага во ослободувањето од вишокот килограми

    rn30-минутното возење ролери со еднаков ритам може да стопи помеѓу 210 и 310 калории, додека со 30-минутно интервално возење ролери може да се стопат и до 450 калории. Колку побрзо возите толку повеќе калории ќе стопите. Уште подобра вест е тоа што за време на возењето, масното ткиво се претвора во мускули.rn

    2. Го зацврстува задникот, нозете, но и рацете

    rnДвижењата кои се прават при возењето ролери се идеални за зајакнување на бедрата, квадрицепсите и подигнувањето на задникот. Но, возењето ролери е и одлична вежба за рацете бидејќи со нив ја одржувате рамнотежата и така ги користите и сите мускули на рацете. Комбинацијата на цврстите мускули и добрата координација ќе ви овозможат полесно избегнување на повредите и поголема еластичност кога ќе остарите.rn

    3. Ја зајакнува издржливоста

    rnВозењето ролери можете да го правите со часови без да се изморите. На почетокот, возете до два часа дневно за да стекнете доволно добра рамнотежа и да ги подобрите рефлексите, како и да се навикнете на чувството на леснотија и слобода кое доаѓа со возењето ролери. Доколку сакате дополнително да ја зајакнете својата издржливост тогаш возете на помало брдо. По некое време ќе забележите дека можете да возите подолго време без да се чувствувате исцрпени.rn

    4. Ја подобрува координацијата и телесната рамнотежа

    rnВозењето ролери ја зголемува флексибилноста на телото, а со тоа и неговата координација. Оваа физичка активност ви овозможува да го доведете телото до рамнотежа и да го пронајдете вашиот центар на гравитација. При тоа, мора да ја користите силата на абдоминалните мускули и мускулите на долниот дел од грбот.rn

    5. Го зајакнува срцето и е одлична кардио вежба

    rn30-минутното возење со еднаков ритам го зголемува бројот на срцеви отчукувања на 148 во минута. Возењето ролери е исто толку добро за срцето како и возењето велосипед, а здравствените придобивки можете дополнително да ги зголемите со возењето на угорници, енергичното возење или со промената на брзини, така што наизменично ќе возите навалени со предниот дел од телото кон напред и една минута исправени.rn

    6. Ги разбиструва мислите и го подобрува расположението

    rnБрзите повторливи движења ви помагаат да бидете подобро фокусирани и на вашиот мозок му го овозможуваат потребниот одмор од сите звуци кои постојано нѐ опкружуваат. Доколку возите во тивок парк, музиката може да ви помогне да фатите ритам, а доколку возите по соодветна патека тогаш немојте гласно да слушате музика бидејќи мора да внимавате на сообраќајот. Многу личности се сложуваат дека возењето ролери е една од најзабавните активности.rn

    7. Не ги оптоварува зглобовите за разлика од трчањето

    rnФлуидните движења во возењето ролери го спречуваат оштетувањето на зглобовите што може да се случи при активностите како танцување и трчање. Во споредба со нив, возењето ролери ги оптоварува зглобовите дури до 50% помалку, што значи дека половина час возење може да ги даде истите здравствени придобивки како и половина час трчање, но без ризик од оптоварување на зглобовите. Всушност, возењето ролери ја подобрува нивната раздвиженост.

  • 6 едноставни чекори да влезете во форма пред летото

    6 едноставни чекори да влезете во форма пред летото

    Со доаѓањето на пролетта, се појавуваат и многу мисли за претстојната летна сезона. Одлично е да имаме желба да се чувствуваме и да изгледаме добро ова лето, но запомнете дека супер тело не значи само посакувана телесна тежина, туку исто така значи цврстина и добро здравје. Сакате да имате доволно енергија за активностите во природа ова лето, но сакате и да имате добро тело на плажа? Следете ги следниве 6 совети.rnrnshest-chekori-da-stanete-zgodni-pred-leto-kafepauzamkrn

    1. Поставете си цел

    rnНе само во бројка како посакувана телесна тежина. И не си поставувајте веднаш превисока цел, бидејќи на тој начин брзо ќе се демотивирате, па можеби дури и откажете. Поставете си мала цел, која лесно може да се достигне и откако ќе го направите тоа, поставете си нова цел, малку потешка од претходната. Вака ќе го имате ем задоволството дека нешто постигнувате, ем поттикот да ја реализирате новата цел.rn

    2. Најдете си соодветен тренинг

    rnНе сите физички активности одговараат за сите луѓе. Некои сакаат да вежбаат дома, а други пак се мотивираат единствено во група во сала за фитнес. Некои сакаат строг и прецизен распоред уште од самиот почеток, додека други поминуваат низ флексибилен период на адаптација кон вежбите. За максимизирање на резултатите, најдете го вашиот соодветен тренинг.rn

    3. Не се ограничувајте на само еден вид вежби

    rnДа, кардио вежбите се интересни, но доколку подолго време ги правите само нив, организмот ќе се навикне, а нивниот ефект ќе се намали. Потребно е еднакво да ги вежбате сите делови од телото. Комбинирајте различни рутини и менувајте ги повремено.rn

    4. Зачинете го тренингот

    rnПоставете си неделен предизвик и работете на вашата мотивација. Не дозволувајте вежбањето да ви стане здодевна рутина, направете го интересен дел од вашето секојдневие. Има толку различни видови вежби, пробајте зумба, трчање, пливање… Сите дополнителни активности ќе ве наполнат со позитивна енергија.rnrn(1) shest-chekori-da-stanete-zgodni-pred-leto-kafepauzamkrn

    5. Внимавајте на повреди

    rnДоколку сте расеани и не внимавате при вежбањето, лесно можете да се повредите. Затоа, вежбајте одговорно и не се преморувајте. Вашето тело знае колку му е доволно, така што, не ги преминувајте границите.rn

    6. Внимавајте на храната

    rnЗапишувајте што јадете и внимавајте на калориите. Ова не значи дека сте на диета, туку само дека внимавате што внесувате во организмот.

  • Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

    Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

    Секоја недела излегува некоја нова студија која ги реафирмира придобивките на физичката активност за работата и функционалноста на мозокот. Но колку да звучи повторливо, сепак експертите се согласуваат дека ако постои барем една дневна навика или животен избор кој ќе ви помогне да го одржите мозокот и телото здрави во текот на вашиот животен век, тогаш физичката активност е одговорот кој го барате.rnrnКој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?rnrnВо истражувањето „Физичката активност во слободното време се поврзува со когнитивниот пад: Студијата на Северен Менхетен“, спроведено изминатава недела од страна на тимот истражувачи од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Мајами и објавено во дневникот „Неврологија“ се објаснува дека луѓето кои не правеле ниту лесни вежби, како што старееле искусувале пад на мозочната активност еднаков на 10 години во споредба со оние кои практикувале умерена физичка активност.rn

    „Бројот на луѓето над 65 години се зголемува, што значи дека ќе се зголемат и проблемите со мислењето и меморијата во јавното здравје. Нашата студија покажува дека редовното вежбање може да биде многу корисно, посебно за постарите луѓе, во подолгото задржување на когнитивните способности“, вели Клинтон Б. Врајт, доктор и магистер при Универзитетот во Мајами.

    rnБидејќи се смета дека физичката активност за време на слободното време има неврозаштитни придобивки врз деменцијата, со ова истражување, спроведено врз 876 луѓе, се докажало дека вежбањето е многу корисно против падот на функцијата на когнитивните активности на мозокот. 90% од испитаниците рекле дека прават никаква или лесна физичка активност како бавното пешачење или јога, а 10% рекле дека прават умерена до висока физичка активност како трчање, велосипедизам, аеробик. На сите им биле дадени вежби за меморија и размислување и им било направено магнетна резонанса на главата. Пет години подоцна, им биле дадени истите тестови.rnrnСо анализирањето на податоците, истражувачите откриле дека оние кои покажале ниска физичка активност имале поголем пад на мозочната функционалност во текот на тие 5 години, во споредба со оние кои практикувале умерена или висока физичка активност. Според резултатите од тестовите, истражувачите заклучиле дека разликата била еднаква на 10 години стареење.rn

    „Физичката активност е атрактивна опција да се намали товарот од мозочна нефункционалност во јавниот здравствен систем бидејќи е евтина и нема никакво влијание врз дејството на различните лекови“, заклучува д-р Врајт.

  • Користењето на скалите има огромна корист за мозокот и психолошкото здравје

    Користењето на скалите има огромна корист за мозокот и психолошкото здравје

    Според последното истражување, објавено во „Дневникот за невробиологијата на стареењето“, дури и најмалата активност игра голема улога во одржувањето добра психолошка состојба и младост. Со темпото на модерниот живот и современите нарушувања, докторите сѐ почесто се обидуваат да ги поттикнат луѓето да вежбаат и да бидат физички поактивни. Дури и нешто едноставно како искачувањето или симнувањето по скали наместо возење со лифт, може да направи голема разлика во општата здравствена состојба.rnrnКористењето на скалите има огромна корист за мозокот и психичкото здравјеrnrnПокрај тоа, студијата покажува уште една голема корист на качувањето и симнувањето по скалите: Одржување на мозокот „млад“. Резултатите утврдуваат дека оваа активност ја зачувува сивата материја во мозокот со тоа што дава отпор на губењето или намалувањето на невроните, што го прави мозокот да изгледа и да функционира помладо.rn

    „Веќе постојат многу кампањи насловени „Користете ги скалите“ во сите работни околини и центри за јавен транспорт. Ова истражување покажува дека кампањите треба да се прошират и до повозрасните, за тие да можат да работат на одржувањето на младоста на нивните мозоци“, вели главниот истражувач д-р Џејсон Стефенер од Универзитетот во Конкордија.

    rnДодека постепеното губење на сивата материја е неизбежно, тимот на Стефенер открил дека секое качување и симнување по скалите го прави мозокот помлад за 0,58 години. Податоците се откриле со скенирање на мозоците на повеќе од 300 доброволци на возраст од 19 до 79 години. Но, користењето на скалите не бил единствениот начин да се одржи младоста на мозокот. Според снимките, учењето имало голем ефект врз релативната старост на мозокот. Се открило дека со секоја година помината во учење, мозокот изгледал цела година помладо.rnrnКористењето на скалите има огромна корист за мозокот и психичкото здравјеrn

    „Оваа студија покажува дека едукацијата и физичката активност ја афектираат разликата помеѓу физиолошкото предвидување на староста и хронолошката старост, и дека луѓето можат да сторат нешто за да го запрат стареењето на мозокот“, објаснува д-р Стефенер.

    rnСе разбира, оние кои го завршиле своето образование и одлучиле да запрат, можат да ја одржуваат активноста на мозокот со читањето, решавањето загатки, крстозбори и слични активности. rn

    „Во споредба со останатите форми на физичка активност, користењето на скалите е нешто што постарите можат да го прават, за разлика од некои вигорозни физички вежби. Ова е охрабрувачко бидејќи демонстрира дека дури и наједноставното дејство како качувањето и симнувањето по скалите има голем потенцијал да биде интервентна алатка за промоција на менталното здравје“, вели д-р Стефенер.