КАФЕ ПАУЗА

Tag: филмски реплики

  • Легендарни филмски реплики од култниот „Кум“

    Легендарни филмски реплики од култниот „Кум“

    „Кум“ е задолжителна филмска литература, на која не е на одмет уште еднаш да се потсетиме. Овој пат преку неколку од најдобрите реплики во филмот…rnrnЛегендарни филмски реплики од култниот „Кум“
    rn

    Дон Вито Корлеоне: „Ќе му дадам понуда, која нема да може да ја одбие.“

    rn

    Дон Вито Корлеоне: „Човек кој не минува време со семејството, никогаш нема да биде вистински човек.“

    rn

    Том Хеген на неговата сопруга: „Ниту еден Сицилијанец не може да одбие какво било барање на денот на свадбата на неговата ќерка.“

    rn

    Клeменца: „Остави го пиштолот, земи ги канолите.“

    rn

    Солоцо: „Не го сакам насилството, Том. Јас сум бизнисмен. Крвта е скапа работа.“

    rn

    Мајкл Корелеоне: „Татко ми не е поразличен од кој било друг моќен човек, тој е како секој што носи одговорност за други луѓе, како сенатор или претседател.“ rnКеј: „Знаеш ли колку наивно звучиш… сенаторите и претседателите не убиваат луѓе.“ rnМајкл Корелеоне:О, кој е сега наивен, Кеј?“

    rn

    Том Хеген : „Г-динот Корлеоне е човек кој инсистира веднаш да ја слушне лошата вест.“

    rn

    Дон Вито Корлеоне: „Сакам да видиш што тој има под ноктите.“

    rn

    Дон Вито Корлеоне: „Имам сентиментална слабост кон моите деца, ги размазив, како што може да се види. Зборуваат кога треба да слушаат.“

    rn

    Дон Вито Корлеоне: „Ако ми се обратеше мене, како на пријател, тогаш ова ѓубре што ја повреди твојата ќерка, многу ќе страдаше овој ден.“

    rn

    Кало: „Во Сицилија, жените се поопасни и од пушка.“

    rn

    Дон Вито Корлеоне: „Зборуваш за одмазда. Дали одмазда ќе ти го врати синот назад или мене моето момче?“

    rn

    Мајкл Корлеоне на Карло: „Само немој да ми кажеш дека си невин, бидејќи со тоа ќе ја навредиш мојата интелигенција и многу ќе ме налутиш.“

    rn

    Мајкл Корлеоне: „Многу работи ме научи татко ми овде, во оваа соба. Ме научи дека треба да ги чувате вашите пријатели во близина, но вашите непријатели уште поблиску.“

    rn

    Мајкл Корлеоне: „Јас не чувствувам потреба да ги избришам сите, Том. Само моите непријатели.“

    rn

    Сантино: „Зошто ти е колеџ? За да станеш глупав? Па ти си навистина глупав!“

    rn

    Хајман Рот: „Не му верувам на лекар, кој едвај зборува англиски.“

    rn

    Хајман Рот: „Ќе одам да дремнам. Кога ќе се разбудам, ако парите се на маса, ќе знам дека имам партнер. Ако не се, ќе знам дека немам.“

    rn

    Вито Корлеоне: „Направи го ова за мене. Никогаш нема да ти го заборавам. Прашај ги пријателите во соседството за мене. Ќе ти кажат дека знам како да возвратам услуга.“

    rn

    Винсент Мансини: „Дон Лукези, вие сте човек на финансиите и политиката. Овие работи не ги разбирам.“ rnДон Лукези: „Се разбирате од пиштоли?“ rnВинсент Мансини: „Да.“rnДон Лукези: „Финансиите се пиштолот, а политиката знае кога да го повлече чкрапалото.“

    rn

    Мајкл Корлеоне: „Никогаш не мразете ги вашите непријатели. Тоа влијае на вашето расудување.“

    rn

    Мајкл Корлеоне: „Никогаш не дозволувајте некој да знае за што размислувате.“

    rn

    Мајкл Корлеоне: „Подобро е да биде внимателен. Опасно е да се биде чесен човек.“

    rn

    Дон Алтобело: „Најбогат човек е оној со најмоќни пријатели.“

    rn

    Мајкл Корлеоне: „Чувствувам… станувам поумен.“ rnКеј Корлеоне: „Колку пoвеќе се разболуваш, толку си поумен, така?“ rnМајкл Корлеоне: „Значи, кога ќе умрам, ќе бидам ептен умен.“

    rn

    Дон Алтобело: „Ја изгубив страста кон жените, сега умот ми е чист.“

    rn

    Мајкл Корлеоне: „Пријателите и парите се како масло и вода.“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 40 инспиративни говори во 2 минути

    40 инспиративни говори во 2 минути

    Метју Белинки успеал во две минути да спакува делови од 40 филмски реплики и да ги претвори во еден моќен говор, кој најпрво можете да го погледнете во видеото подолу, а потоа и да го прочитате…rn40 инспиративни говори во 2 минутиУживајте и инспирирајте се! :)rn

    rn„Ќе се борите ли? Не! Ќе бегаме! Ќе живееме! Срамота. Ова може да биде најдобрата ноќ во нашите животи, но вие ќе дозволите да стане најлоша. И гарантирам нема да помине недела во вашите животи, а да не зажалите што сте заминале, дозволувајќи им да го земат најдоброто од вас. Јас нема да заминам дома. Дојдовме предалеку! Ќе останам овде и ќе се борам за изгубената кауза. Може да дојде денот кога храброста на луѓето ќе потфрли… но тоа не е овој ден. Линијата мора да биде повлечена тука. До овде, не подалеку!rnrnНе велам дека ќе биде лесно. Ќе работите напорно, како што никогаш досега не сте работеле. Но, тоа е во ред, само држете се заедно. Кога човек ќе ги стисне забите и ќе покаже вистинска одлучност, неуспехот не е опција. Така се добива битката! Верувајте ми кога ви велам ние можеме да ја скршиме армијата, и да освоиме победа за Гипер. Но, ќе ви го кажам она што секој воин го знае уште од дамнина: морате да се налутите. Како лудо злобно куче. Ако сакате да бидете слободни луѓе, тогаш морате да се борите за да го исполните тоа ветување!rnrnДозволете постепено, по еден инч да им ја скратиме храброста, и ќе знаат што сè можеме да направиме! Никој да не заборави каква закана претставуваме. Ние сме лавови! Ти си како голема мечка, човеку! Ова е вашето време! Зграпчете го денот, никогаш не предавајте се, победа или смрт… тоа е начинот! Кој е со мене? Ракоплескајте! Ракоплескајте! Немојте да дозволите Тинк да умре! Ракоплескајте! Добро! Ајде сега да летаме! И господата во Англија ќе знаат моето име е Господ, кога им велам на непријателите дека можат да ни ги одземат животите, но никогаш нема да ни го одземат Денот на независноста!“rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни филмски реплики

    Незаборавни филмски реплики

    За да ни стане некој филм омилен, понекогаш е доволна само една реплика…rnrnНезаборавни филмски репликиrn

    „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага-вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Петре Прличко како Манданата во легендарниот „Мис Стон“

    rn

    „Куфер ко куфер, празан.“ – Мето Јовановски (Илко) во „Тетовирање“

    rn

    „Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – Роберт де Ниро во улога на Сем во филмот „Казино“

    rn

    „Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – Том Хенкс (Форест Гамп) во филмот „Форест Гамп“

    rn

    „Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ – Ал Пачино (Мајкл Корлеоне) во „Кум 2“

    rn

    „Ќе му направам понуда, која нема да може да ја одбие.“ – Марлон Брандо (Дон Вито Корлеоне) во „Кум“

    rn

    rn

     „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ – Ричард Харис како Дамблдор во „Хари Потер“rnrn„Љубовта не може да се пронајде таму каде што не постои, ниту пак може да се сoкрие онаму каде што навистина ја има.“ – Дејвид Швимер (Макс Абит) во филмот „Бакнувајќи ја будалата“

    rn

    „Стравот те држи во заробеништво, надежта може да те ослободи.“ – од филмот „Бегство од Шошенк“

    rn

    „Ако си добар во нешто, никогаш не го прави тоа за џабе.“ – Хит Леџер како Џокерот во филмот „Бетмен: Црниот витез“

    rn

    „Животот е прекраток за да живееме два пати ист ден.“ – Џенифер Лопез (Шарлот) во „Свекрва-монструм“

    rn

    „Мене ми зборуваш?“ – Роберт де Ниро (Тревис) во „Таксист“rn

    rn

    rn

    „Животот се движи многу брзо. Ако повремено не застанете и погледнете наоколу, може да го пропуштите.“ – Метју Бродерик како Ферис во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“rnrn„За седум дена Господ го создал светот, јас за седум секунди го срушив својот.“ – Вил Смит (Бен Томас) во „Седум фунти“

    rn

    „И после сè, утре е нов ден“ – Вивиен Ли (Скарлет О`Хара) во филмот „Однесено од виорот“

    rn

    „Претпоставувам дека на крајот, почнуваме да размислуваме за почетокот.“ – Бред Пит (Mr. Smith) во филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“

    rn

    „Животот не е секогаш изгрејсонца и виножита. Тој е исто така и злобно и валкано место. Ќе ве победи и фрли на колена и таму ќе ве држи перманентно, ако тоа му го дозволите.“ – Силвестер Сталоне (Роки Балбоа) во филмот „Роки“

    rn

    „Моето име е Бонд. Џејмс Бонд.“ – најпознатата реплика од сите досегашни Џејмс Бонд филмовиrn

    rn

    rn

    „Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – Том Круз (Дејвид) во „Небо од ванила“rnrn„Полесно е да го повлечете чкрапалото отколку да свирите гитара. Полесно е да уништите, отколку да креирате.“ – Антонио Бандерас (Ел Мариачи) во филмот „Десперадо“

    rn

    „Запомнете, она што се случува во Вегас, останува во Вегас. Освен херпесот. Тој се враќа со вас.“ – Џефри Тамбор (Сид Гарнер) во „Мамурлак“

    rn

    „Се обидуваш, не успеваш, се обидуваш, не успеваш… Но, единствениот вистински неуспех е тогаш кога ќе престанеш да се обидуваш.“ – Џенифер Тили (Лиота) во „Опседнатиот замок“

    rn

    „Хјустон, имаме проблем.“ – Том Хенкс како Џим Ловел во „Аполо 13“

    rn

    „Јас не сум лоша. Јас сум само така нацртана.“ – Џесика Ребит во полуанимираниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“

    rn

    rn

    „Кога легендата станува факт, испечати ја легендата.“ – Карлтон Јанг како Максвел Скот во филмот „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“rnrn„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – Ентони Перкинс во улога на Норман Бејтс во филмот „Психо“

    rn

    „Кога првпат ве видов, мислев дека сте згоден. Потоа, се разбира, прозборевте.“ – Хелен Хант како Керол Конели во „Колку е добар, толку и ќе добие“

    rn

    „Најголемиот трик на ѓаволот е неговото убедување дека тој не постои.“ – Кевин Спејси како Роџер во филмот „Вообичаено осомничени“

    rn

    „Повеќето луѓе животот го гледаат само во црно-бело. Тие не сфаќаат дека постои сива област некаде на средината. Таму би требало да живееме ние.“ – Дејмон Вејнс како Китс во филмот „Отпорен на куршуми“

    rn

    „Гледам мртви луѓе.“ – шепотот на Хели Џоел Осмент, во улога на Кол во „Шесто сетило“

    rn

    rn

    „Суетата е дефинитивно мојот омилен грев.“ – Ал Пачино (Џон Милтон) во „Адвокатот на ѓаволот“rnrn„Доверба е кога со некого се чувствуваш безбедно.“ – Мет Дејмон (Едвард Вилсон) во „Добриот Пастир“

    rn

    „Господа, не можете да се борите тука. Ова е воена соба.“ – Питер Селерс како претседателот Меркин Мафли во комедијата „Д-р Стрејнџлов“

    rn

    „Не постои место како дома.“ – Џуди Гарланд (Дороти) во „Волшебникот од Оз“

    rn

    „Искрено, драга, баш ми е гајле“ – Кларк Гејбл како Рет Батлер во „Однесено од виорот“

    rn

    „Скапоцено мое“ – Енди Серкис како Голам во филмот „Господарот на прстените: Двете кули“

    rn

    „Аста ла виста, бејби.“ – Арнолд Шварценегер во „Терминатор“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.