КАФЕ ПАУЗА

Tag: филмови

  • Празнична филмска листа

    Празнична филмска листа

    За време на новогодишните и божиќните празници, голем дел од времето го поминуваме седејќи дома со блиските и уживајќи во топлата атмосфера, најчесто стуткани на каучот пред телевизорот. За таа цел, тимот на Кафе пауза ви подготви листа на филмови кои ги доживеаја своите премиери во текот на 2011 и кои овие денови ќе ви ги исполнат со неверојатни приказни, смешни ситуации и потресни моменти.Празнична филмска листаrn

    1. Нашиот брат идиот (Our Idiot Brother)

    rnПразнична филмска листаЖанр: драма, комедијаrnЈазик: англискиrnПремиера: 26 август 2011rnГлавни улоги: Пол Рад, Елизабет Бенкс, Зои Дешанел, Емили МортимерrnВреметраење: 90 минутиrnКратка содржина: Нед е непоправлив оптимист со позитивен пристап кон сè во животот. Сака да биде добар со сите, па непомислувајќи дека некој воопшто може да го намести, завршува во затвор заради продажба на марихуана на полицаец. Излегува од затвор обидувајќи се да си го врати животот, додека истовремено прави хаос од животите на неговите 3 сестри.rn

    rn.

    rn

    2. Кој е твојот број (What’s Your Number)

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, романсаrnЈазик: англискиrnПремиера: 30 септември 2011rnГлавни улоги: Ана Фарис, Крис ЕвансrnВреметраење: 106 минутиrnКратка содржина: Али е девојка која има спиено со многу мажи во животот, но ниеден не останал доволно долго за да стане нејзин потенцијален сопруг. Во едно списание случајно ќе прочита дека просечно жените спијат со по 10,5 мажи во текот на својот живот и сфаќа дека одамна ја поминала таа граница. Случајно сретнува едно поранешно момче кое се има трансформирано во прекрасен згоден маж. За жал, тој е на пат да ѝ го подари срцето на друга девојка – неговата вереница.rnrnТака таа одлучува да апстинира од влегување во нови врски и да провери што се случува со сите нејзини поранешни момчиња. Во тоа ѝ помага нејзиниот сосед Колин, кој пак и самиот завршува со различна девојка во кревет секоја вечер.rn

    rn.

    rn

    3. (Новогодишна ноќ) New Year’s Eve

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, романсаrnЈазик: англискиrnПремиера: 9 декември 2011rnГлавни улоги: Сара Џесика Паркер, Хилари Свонк, Џесика Бил, Ештон Кучер, Мишел Фајфер, Роберт де Ниро, Хали БериrnВреметраење: 118 минутиrnКратка содржина: Приказната на филмот ја градат многу ликови и нивните врски кои се испреплетуваат, а дејството се одвива во Њујорк, за дочекот на новата година. Филмот доби доста негативни критики, но приказната е новогодишна, играат многу познати глумци и е многу нов, па затоа и се најде на оваа листа.rn

    rn.

    rn

    4. Настанокот на планетата на мајмуните (Rise of the Planet of the Apes)

    rnПразнична филмска листаЖанр: драма, акција, научна фантастикаrnЈазик: англискиrnПремиера: 5 август 2011rnГлавни улоги: Џејмс Франко, Фрида Пинто, Џон ЛитгоуrnВреметраење: 105 минутиrnКратка содржина: Вил Родман се обидува да пронајде лек за својот татко кој боледува од Алцхајмерова болест. Тестирањата ги изведува на мајмуни, при што еден од нив се здобива со неверојатно интелигентни својства кои ќе му помогнат во ослободувањето на целиот негов вид и менување на планетата засекогаш.rn

    rn.

    rn

    5. Полноќ во Париз (Midnight in Paris)

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, фантазија, романсаrnЈазик: англиски, француски, шпанскиrnПремиера: 10 јуни 2011rnГлавни улоги: Овен Нилсон, Рејчел Мекадамс, Кети БејтсrnВреметраење: 94 минутиrnКратка содржина: Гил и Инес одат на краток одмор во Париз, како придружба на родителите на Инес, кои се таму на службено патување. Гил се заљубува во градот и додека неговата вереница ги поминува вечерите со нејзините пријатели кои таму ги среќаваат, тој секоја вечер на полноќ го открива Париз во најинспиративниот период, во 1920 година. Овие полноќни прошетки го доближуваат до неговата страст кон пишувањето и до некои ликови од минатото на кои целосно им се воодушевува, но истовремено се оддалечува од неговата вереница Инес.rn

    rn.

    rn

    6. The Lincoln Lawyer (Адвокатот со Линколн)

    rnПразнична филмска листаЖанр: криминалистика, драма, тирлерrnЈазик: англискиrnПремиера: 18 март 2011rnГлавни улоги: Метју Меконахи, Мариса Томеи, Рајан Филипrn Времетраење: 118 минутиrnКратка содржина: Мик е адвокат-бранител кој е препознатлив по неговиот автомобил Линколн. Тој е повикан да го застапува случајот на Луис, кој доаѓа од богата фамилија, а е обвинет за убиство на проститутка. Мик сака да ја знае вистината, а Луис тврди дека ја кажува. Но, копајќи по стари докази, Мик наоѓа нешто што овој случај го поврзува со поранешен случај против Луис. Тоа го усложнува целиот процес и повлекува нови криминални дејства.rn

    rn.

    rn

    7. The Tree of Life (Дрвото на животот)

    rnПразнична филмска листаЖанр: драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 17 мај 2011rnГлавни улоги: Бред Пит, Шон Пен, Џесика ЧестејнrnВреметраење: 139 минутиrnКратка содржина: Приказната се развива околу животот на едно семејство во 1950 година, кое се соочува со голема трагедија, загуба на еден член. Дејството го следи животот на најстариот син на семејството О’Брајан, Џек, од неговите невини, безгрижни години, па сè до неговото постење како возрасен, разочаран човек. Тој бара одговори за неговото потекло и за значењето на животот, додека истовремено ја преиспитува судбината.rnrnФилмот изобилува со апстрактни сцени, надреални експериментални елементи, нелинеарно дејство и карактеристичен спој на визуелното и аудитивното. Низ ваквиот спој со приказната, гледаме како бруталната природа и духовната милост ги обликуваат нашите животи, животите на нашите семејства, но и животот генерално.rn

    rn.

    rn

    8. 50/50

    rnПразнична филмска листаЖанр: комедија, драмаrnЈазик: англискиrnПремиера: 30 септември 2011rnГлавни улоги: Џозеф Гордон-Левит, Сет Роген, Ана КендрикrnВреметраење: 100 минутиrnКратка содржина: Адам е 27-годишно момче кое има одличен живот, работи во радиостаница, има девојка и пријател кој му го прави секојдневието интересно. Открива дека боледува од редок тип рак на ‘рбетот, но додека се бори со болеста, заедно со неговата мајка, неговиот најдобар пријател и една млада терапевтка, сфаќа кои се всушност најважните нешта во животот.rn

    rn.

    rn

    9. Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo)

    rnПразнична филмска листаЖанр: криминалистика, драма, мистеријаrnЈазик: англискиrnПремиера: 20 декември 2011rnГлавни улоги: Даниел Крејг, Руни Мара, Кристофер ПламерrnВреметраење: 158 минутиrnКратка содржина: Блумквист е новинар кој неславно си го нарушува својот имиџ откако ја губи правната битка за изречена клевета против еден милијардер. Набрзо потоа е повикан од страна на Хенрик Вангер, кој е пензиониран директор на корпорацијата Вангер за да го истражува исчезнувањето на неговата внука од пред 40 години. Во тоа му помага испирсаната, тетовирана хакерка Лизбет Саландер. Работејќи заедно тие откриваат ужасна семејна тајна.rn

    rn.

    rn

    10. (Развод) Jodaeiye Nader az Simin

    rnПразнична филмска листаЖанр: драмаrnЈазик: персискиrnПремиера: 16 март 2011rnГлавни улоги: Пејман Маади, Лејла Хатами, Сарех БајатrnВреметраење: 123 минутиrnКратка содржина: Брачна двојка живее во Иран, но ги разгледува можностите за селење со цел да ѝ овозможи подобри услови на својата ќерка. Симин сака да живее на друго место, додека нејзиниот сопруг смета дека треба да остане за да се грижи за неговиот болен татко кој пати од Алцхајмерова болест. Ова ќе доведе до нивно разделување.rn

    rnВо продолжение, листата ја дополнуваме со филмови од 2011 година, за кои веќе сме пишувале:rnrnrn11. Лоша учителка (Bad Teacher) – комедијаrn12. Зараза (Contagion) – трилер, драмаrn13. Меланхолија (Melancholia) – драмаrn14. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.) – романтична комедија, драмаrn15. Возење (Drive) – акција, драма, трилерrn16. Само продолжи со тоа (Just go with it) – романтична комедијаrn17. Изворен код (Source Code) – научна фантастика, трилерrn18. Ужасни шефови (Horrible Bosses) – комедијаrn19. Живот во еден ден (Life in a Day) – документарецrn20. Послуга (The Help) – драмаrn21. Непознат (Unknown) – трилер, мистеријаrn22. Срам (Shame) – драмаrn23. Хана (Hanna) – акција, мистеријаrn24. Ранго (Rango) – анимација, комедија, авантураrn25. Деверуши (Bridesmaids) – комедијаrn26. Пуштени од ланец (Hall Pass) – комедијаrnrnИ ако сето ова не ви е доволно, погледнете ја и листата на романтични филмови.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Културна мечка која ви мавта за топло добредојде

    Културна мечка која ви мавта за топло добредојде

    Мечките обично не се познати по нивните добри манири. Но, оваа пријателски расположена мечка од расата Кодиак, им возвратила топол комшиски поздрав на посетителите на нејзиниот дом, кога тие поминале покрај неа со автомобилот и ѝ мавнале со раката. Погледнете за што станува збор. :)rn

    rnМечките од расата Кодиак се најголеми во својата физиономија, а тежат околу 600 килограми. Инаку, се верува дека видеото е снимено во засолништето за диви животни „Olympic Game Farm“ во Вашингтон, каде што се сместени животни кои претходно биле дел од филмскиот шоу-бизнис. Ова до некаде објаснува зошто мечката е толку среќна и исполнета со ентузијазам кога е во близина на луѓе. „Дизни“ имаат повеќе години соработувано со оваа фарма, во период кога ова светски познато студио, продуцирало голем број импресивни документарни филмови.Културна мечка која ви мавта за топло добредојдеВидеово е снимено во јуни 2010 година, но стана вирален хит на интернет дури сега. Неговата популарност е оправдана, со оглед на фактот дека мечката се однесува како некој љубезен добро воспитан човек, кој им мавта на своите познаници.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Викенд филмски маратон со Леонардо Дикаприо

    Викенд филмски маратон со Леонардо Дикаприо

    Леонардо Дикаприо e роден на 11 ноември 1974 година во Лос Анџелес, Калифорнија како син-единец на Џорџ Дикаприо и Ирмалин Иденбиркин. Своето детство претежно го поминал живеејќи со својата мајка, бидејќи неговите родители се развеле кога тој имал само една година.rnrnСвојата кариера ја започнува уште од мали нозе појавувајќи се во многу реклами и ТВ серии. Своето деби на големото платно го има во филмот „Critters 3“ во 1991 година, но првиот голем успех во тоа време го доживува со филмот „What’s Eating Gilbert Grape“ од 1993 година, каде што заедно со Џони Деп играат во главните улоги.Викенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоВо 1997 година ја игра својата животна улога во филмот „Титаник“, а оттогаш до денеска реди само успеси во својата кариера. Досега има глумено во 36 филма, а режисер е на единаесет. За овој викенд ние ви препорачуваме седум од нив.rn
    rn

    Интересни факти:

    rn

      rn011

    • Неговото прво појавување на малите екрани било во реклама за млеко.
    • rn011

    • Кога имал 10 години, неговиот агент го советувал да си го смени името во Лени Вилијамс, за да звучело поамериканско.
    • rn011

    • Во јануари, 1999 година, неговите адвокати пополниле апликација за добивање авторски права врз името Дикаприо.
    • rn011

    • Негова омилена актерка е Мерил Стрип.
    • rn011

    • Најдобар другар од детството му е Тоби Мегваер.
    • rn

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо Дикаприоrn

    Заработката на Леонардо Дикаприо:

    rn

      rn011

    • Почеток (Inception) – 59.000.000 долари (вклучувајќи плата, процент од заработката на филмот и дел од продажбата на правата за ТВ и дивиди)
    • rn011

    • Крвавиот дијамант – (Blood Diamond) 20.000.000 долари
    • rn011

    • Покојните (The Departed) – 20.000.000 долари
    • rn011

    • Авијатичарот (The Aviator) – 20.000.000 долари
    • rn011

    • Фати ме ако можеш (Catch Me If You Can) – 20.000.000 долари
    • rn011

    • Бандите на Њујорк (Gangs of New York) – 10.000.000 долари + процент од заработката на филмот
    • rn011

    • Плажата (The Beach) – 20.000.000 долари
    • rn011

    • Титаник (Titanic) – 2.500.000 долари
    • rn011

    • Кошаркарските дневници (The Basketball Diaries) – 1.000.000 долари
    • rn

    rn

    .rn1. Кошаркарските дневници (The Basketball Diaries)

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 21 април 1995 rnrnГлумци: Леонардо Дикаприо, Лорејн Брако… rnrnВреметраење: 103 минути rnrnЖанр: драма rnrnБуџет: непознат rnrnЗаработка: 2.424.439 американски долари (само во САД)rn

    rn.

    rn

    2. Титаник (Titanic)

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 19 декември 1997 rnrnГлумци: Леонардо Дикаприо, Кејт Винслет, Били Зејн… rnrnВреметраење: 194 минути rnrnЖанр: драма, романса rnrnБуџет: 200 милиони американски долари rnrnЗаработка: 1.843.000.000 американски долариrn

    rn.

    rn

    3. Бандите на Њујорк (Gangs of New York)

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 20 декември 2002rnrnГлумци: Леонардо Дикаприо, Камерон Дијаз, Даниел Деј Луис…rnrnВреметраење: 166 минутиrnrnЖанр: драма, криминологијаrnrnБуџет: 97 милиони американски долариrnrnЗаработка: 193.700.000 американски долариrn

    rn.

    rn

    4. Фати ме ако можеш (Catch Me If You Can)

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 25 декември 2002rnrnГлумци: Леонардо Дикаприо, Том Хенкс, Кристофер Вокен…rnrnВреметраење: 141минутиrnrnЖанр: драма, биографија, криминологијаrnrnБуџет: 52 милиони американски долариrnrnЗаработка: 352.000.000 американски долариrn

    rn.

    rn

    5. Покојните (The Departed)

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 6 октомври 2006rnrnГлумци: Леонардо Дикаприо, Мет Дејмон, Џек Николсон…rnrnВреметраење: 151минутиrnrnЖанр: драма, криминологија, трилерrnrnБуџет: 90 милиони американски долариrnrnЗаработка: 290.000.000 американски долариrn

    rn.

    rn

    6. Островот Шатер (Shutter Island)

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 19 февруари 2010rnrnГлумци: Леонардо Дикаприо, Марк Рафало, Бен Кингсли…rnrnВреметраење: 138 минутиrnrnЖанр: мистерија, драма, трилерrnrnБуџет: 80 милиони американски долариrnrnЗаработка: 295.000.000 американски долариrn

    rn

    Прочитајте рецензија за „Островот Шатер.rn.

    rn

    7. Почеток (Inception)

    rnВикенд филмски маратон со Леонардо ДикаприоПремиера: 16 јули 2010rnrnГлавни ликови: Леонардо Дикаприо, Џозеф Левит, Елен Пејџ…rnrnВреметраење: 148 минутиrnrnЖанр: акција, научна фантастика, мистерија, трилерrnrnБуџет: 160 милиони американски долариrnrnЗаработка: 825.500.000 американски долариrn

    rn

    rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Викенд филмски маратон со Џим Кери

    Викенд филмски маратон со Џим Кери

    Џим Кери е канадски глумец и комедијант, роден на 17 јануари 1962 година во Њумаркет, Онтарио, Канада. Тој е роден во сиромашно семејство. Неговите родители биле уметници и имале 4 деца, од кои тој бил најмалиот. Благодарение на неговите комичарски способности, уште на 15-годишна возраст, почнува да настапува во клубот Yuk Yuk’s во Торонто. Викенд филмски маратон со Џим КериИако бил одличен ученик, сепак на 16 години бил избркан од училиште, па комплетно се посветил на својата кариера. На 18 години заминал во Холивуд за да си го оствари сонот и да стане светски позната ѕвезда. Прв сериозен проект во кој добива улога е филмот „All in Good Taste“ кој бил снимен во 1981 година. Од тој филм до денеска има снимено 46 филмови.rnrnКако што напредува во кариерата, така и одлично заработува, па еве една мала листа од добиените хонорари за дел од филмовите во кои учествувал како главен актер:rn

      rn011

    • Yes Man (2008) – 36,2% од профитот
    • rn011

    • Bruce Almighty (2003) – 25 милиони американски долари
    • rn011

    • Me, Myself & Irene (2000) – 20 милиони американски долари
    • rn011

    • Liar Liar (1997) – 20 милиони американски долари
    • rn011

    • Ace Ventura: When Nature Calls (1995) – 5 милиони американски долари
    • rn011

    • Batman Forever (1995) – 5 милиони американски долари
    • rn011

    • The Mask (1994) – 540 илјади американски долари
    • rn

    rnОвој викенд ние ќе ви препорачаме само дел од неговите филмови, кој би ви претставувале одлична забава преку целиот викенд. Од неговата богата кариера, тешко можат да се издвојат неколку препораки, па затоа ќе се обидеме да опфатиме филмови од повеќе жанрови, но се разбира на листата ќе се најдат најмногу комедии.rn.rn

    1. Ејс Вентура: детектив за миленици (Ace Ventura: Pet Detective)

    rnВикенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 4 февруари 1994 годинаrnrnГлумци: Џим Кери, Кортни Кокс, Шон Јанг…rnrnВреметраење: 86 минутиrnrnЖанр: комедијаrnrnБуџет: 11 милиони американски долариrnrnЗаработка: 107 милиони американски долариrnrnЗаработка на Џим: 350 илјади американски долариrn

    rn.

    rn

    2. Глупав и поглупав (Dumb and Dumber)

    rnВикенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 16 декември 1994 годинаrnrnГлумци: Џим Кери, Џеф Даниелс, Лорен Холи…rnrnВреметрање: 107 минутиrnrnЖанр: комедијаrnrnБуџет: 17 милиони американски долариrnrnЗаработка: 280 милиони американски долариrnrnЗаработка на Џим: 5 милиони американски долариrn

    rn.

    rn

    3. Шоуто на Труман (The Truman Show)

    rnВикенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 5 јуни 1998 годинаrnrnГлумци: Џим Кери, Лора Лини, Ед Харис..rnrnВреметраење: 103 минутиrnrnЖанр: драмаrnrnБуџет: 60 милиони американски долариrnrnЗаработка: 265 милиони американски долариrnrnЗаработка на Џим: 12 милиони американски долариrn

    rn.

    rn

    4. Вечниот сјај на чистиот ум (Eternal Sunshine of the Spotless Mind)

    rnВикенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 19 март 2004 годинаrnrnГлумци: Џим Кери, Кејт Винслет, Кирстен Данст…rnrnВреметраење: 109 минутиrnrnЖанр: драма, романсаrnrnБуџет: 20 милиони американски долариrnrnЗаработка: 72.260.000 американски долариrnrnЗаработка на Џим: непознатоrn

    rn.

    rn

    5. Бројот 23 (The Number 23)

    rnВикенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 23 февруари 2007 годинаrnrnГлумци: Џим Кери, Вирџинија Мадсен, Логан ЛерманrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЖанр: хорорrnrnБуџет: 30 милиона американски долариrnrnЗаработка: 77.500.000 американски долариrnrnЗаработка на Џим: непознатоrn

    rn.

    rn

    6. Те сакам Филип Морис (I Love You Phillip Morris)

    rnВикенд филмски маратон со Џим КериПремиера: 18 јануари 2009 годинаrnrnГлумци: Џим Кери, Ијан Мекгрегор, Лесли МанrnrnВреметраење: 93 минутиrnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnБуџет: 13 милиони американски долариrnrnЗаработка: 20 милиони американски долариrnrnЗаработка на Џим: 15 милиони американски долариrn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Минималистички филмски постери

    Минималистички филмски постери

    Доколку се водите по фразата „што помалку, толку повеќе“, тогаш овие минималистички постери многу ќе ви се допаднат. Изработени се од артистот Мет Овен, кој живее и работи во Литл Рок, Арканзас. Тој умешно со малку мака и голема генијалност, го претставува филмот со обична илустрација. На неговиот блог, ќе можете да наидете на многу повеќе постери, а ние ви ги издвоивме поинтересните.rnrn

    Минималистички филмски постери
    Роки 4
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Умри машки
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Футлус
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Кога јагнињата ќе стивнат
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Индијана Џоунс: Градот на пропаста
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Божиќна приказна
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Војна на световите
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Птици
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Монти Пајтон и светиот грал
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Трон
    rnrn
    Минималистички филмски постери
    Психо
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмски препораки за овој викенд

    Филмски препораки за овој викенд

    Доколку викендов планирате да го поминете во домашна атмосфера со фино друштво или со вашиот партнер, еве неколку препораки за филмови кои можете да ги погледнете.Филмски препораки за овој викенд

    rnrn

    1. Замената (The Change-Up)

    rnФилмски препораки за овој викендКратка приказна: Двајцата главни ликови, Мич (Кенет Бранаг) и Дејв (Џејсон Бетман) во детството биле неразделни другари, но како што поминуваат годините, тие пополека стануваат се подалечни. Дејв е адвокат со премногу работа, сопруг и татко на три деца, додека Мич е невработен, сингл и недораснат лик кој сè уште се нема соочено со никаква одговорност во животот. После една луда пијана вечер, двајцата се будат со заменети тела, Мич е Дејв и обратно. Заплетот започнува тука, а кој како ќе се снајде во туѓа кожа останува да видите…rn.rn

      rn011

    • Главни улоги: Рајан Рејнолдс, Џејсон Бетман, Оливија Вајлд
    • rn011

    • Режисер: Дејвид Добкин
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn011

    • Жанр: комедија
    • rn011

    • Времетраење: 112 минути
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    2. Полноќ во Париз (Midnight in Paris)

    rnФилмски препораки за овој викендКратка приказна: Гил (Овен Вилсон) и Инес (Рејчел Мекадамс) заминуваат на одмор во Париз како придружници на бизнис-патувањето на нејзините родители. Гил е успешен холивудски сценарист, но се мачи со пишувањето на својата прва новела. Тој се заљубува во градот и размислува за преселување тука, но Инес не е фасцинирана од неговата романтична замисла. Кога една ноќ тој ќе шета сам низ улиците на Париз, ќе го најде непресушниот извор на инспирација кој ќе му помогне да пишува. Како што тој се зближува со градот, така се оддалечува од неговата љубена.rn.rn

      rn011

    • Главни улоги: Овен Вилсон, Рејчел Мекадамс, Кети Бејтс
    • rn011

    • Режисер: Вуди Ален
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn011

    • Жанр: романса, фантазија
    • rn011

    • Времетраење: 94 минути
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    3. Тор (Thor)

    rnФилмски препораки за овој викендrnrnКратка приказна: Воинот Тор (Крис Хемсфорт) е исфрлен од земјата Асгард, домот на боговите, од страна на неговиот татко Один (Ентони Хопкинс). Причина за тоа е неговата ароганција, па токму затоа тој е пратен на Земјата помеѓу обичните смртници. Тој на Земјата се заљубува во професорката Џејн Фостер (Натали Портман) која го учи на многу важни работи. Со неговата моќ, тој станува еден од најмоќните заштитници на планетата…rn.rn

      rn011

    • Главни улоги: Крис Хемсфорт, Ентони Хопкинс, Натали Портман
    • rn011

    • Режисер: Кенет Бранаг
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn011

    • Жанр: акција, авантура
    • rn011

    • Времетраење: 115 минути
    • rn

    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашни кино сали инспирирани од филмови

    Домашни кино сали инспирирани од филмови

    Кој обожавател на филмови не би посакал свое лично кино дизајнирано по својот омилен филм? На креативност и пари, очигледно не е штедено, бидејќи секое од овие домашни кина е фантастично. Удобни меки фотелји за помалку од 10 луѓе, огромен екран, одлично озвучување и декор за мерак. Што повеќе би било потребно за комплетно уживање?rnrn

    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Војна на ѕвездите
    rnrnПомеѓу подобрите ги издвоивме пештерата на Бетмен, планетата на смртта од „Војна на Ѕвездите“, пиратски брод од „Пиратите од Карибите“, бродот Ентерпрајз од „Ѕвездени патеки“ и уште неколку други. Па драги филмомани, доколку би ви се укажала можност да си направите вакво кино, кој филм ќе го отсликува вашето?rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Бетмен
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Бетмен
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Пиратите од Карибите
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Ѕвездени патеки
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Ѕвездени патеки
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Ѕвездени патеки
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Господарот на прстените
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Титаник
    rnrn
    Домашни кино сали инспирирани од филмови
    Индијана Џонс
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Различен филм за секој ден од неделата

    Различен филм за секој ден од неделата

    Доколку сте голем љубител на филмот и не преферирате да гледате филмови само од еден жанр, тогаш ви препорачуваме да ја погледнете оваа листа. Листата е составена од 7 филмови, по еден за секој ден од неделата, притоа сите од различен жанр. Разновидноста на филмовите и нивните приказни ќе ви претставуваат одлична забава оваа седмица, без разлика дали ќе се решите да ги гледате сами, со партнерот или пак со пријателите.Различен филм за секој ден од неделата

    rnrn

      rn011

    • Петок (хорор)
    • rn

    rn

    Подмолен (Insidious)

    rnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Возбудлива приказна за семејство кое е во потрага по помош за нивниот син Далтон, кој едно вообичаено утро мистериозна паѓа во кома. Три месеци покасно тие не се свесни дека се случува нешто многу поголемо од бескраен сон. Паранормалните случувања и откривањето на минатото се клучот за враќањето на нивниот син, а напнатоста и стравот го следат филмот до последната секунда.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Патрик Вилсон, Роуз Брн, Тaj Симпкинс
    • rn011

    • Премиера: 29 март 2011
    • rn011

    • Времетраење: 103 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Сабота (трилер)
    • rn

    rn

    Без граници (Limitless)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Акционен трилер за писател по име Еди, кој се наоѓа во писателска криза и има недостаток на креативност. Неговиот поранешен шура му понудува експериментална дрога, со ветување дека  ќе му овозможи да користи 100% од својот ум. За некое чудо дрогата успешно делува, а Еди за кратко време успева да ја заврши книгата. Во потрага по ново количество, тој го наоѓа дилерот убиен и го зема остатокот од дрогата, која тотално му го менува својот живот.

    rn

    .rn

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Бредли Купер, Роберт Де Ниро, Ана Фрил
    • rn011

    • Премиера: 18 март 2011
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Недела (научна фантастика)
    • rn

    rn

    Капетан Америка: првиот одмаздник (Captain America: The First Avenger)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Дејствието се одвива во 1942 година кога САД влегува во Втората Светска војна. Болниот Стивен Роџерс е разочаран бидејќи повторно е одбиен за приклучување кон воената служба. Но, сè се менува кога д-р Ерксин го повикува за тајниот проект. Докажувајќи ја неговата силна волја и извонредна храброст, тој го прифаќа експериментот и неговото слабо тело наеднаш постанува неверојатно моќно.

    rn

    Откако д-р Ерксин ќе биде убиен од шефот на тајниот истражувачки оддел на нацистичка Германија, таканаречениот „Црвениот Череп“, Роџерс останува како уникатен човек кој првично е злоупотребуван како пропагандна маскота. Но, сепак тој подоцна се впушта во возбудлива авантура против „Црвениот Череп“. Бидејќи филмот е прилично нов, не очекувајте дека ќе најдете снимка со добар квалитет.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Крис Еванс, Томи Ли Џонс, Хејли Атвел
    • rn011

    • Премиера: 22 јули 2011
    • rn011

    • Времетраење: 124 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Понеделник (документарец)
    • rn

    rn

    Измамата наречена Обама: маските паѓаат (The Obama Deception: The Mask Comes Off)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Во овој документарен филм се претставува една поинаква слика за американското политичко општество. Режисерот Алекс Џоунс дава слика според која, уште од 60-тите години на минатиот век американските претседатели се само марионети на светската владата во сенка составена од членовите на Советот за надворешни односи, Федералниот систем за резерви на САД, Билдербершката група, Трилатералната Комисија и банкарите од Вол Стрит.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Алекс Џоунс, Даниел Естулин
    • rn011

    • Премиера: 12 март 2009
    • rn011

    • Времетраење: 111 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Вторник (анимиран/фамилијарен)
    • rn

    rn

    Автомобили 2 (Cars 2)

    rnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Интересен анимиран филм во продукција на „Pixar“… Спортскиот автомобил Лајтнинг МекКвин и неговиот најдобар пријател, камиончето од шлеп-служба по име Матер, се упатуваат кон Јапонија и Европа за да ја завршат Светската Гран При трка. Но нивниот пат кон шампионатот станува трнлив откако Матер ќе се впушти во интригантна мисија, односно во интернационална шпионажа. Интересен филм особено возбудлив за помладите генерации.rn.rn

      rn011

    • Гласови: Даниел Лоренс, Овен Вилсон, Мајкл Кејн
    • rn011

    • Премиера: 24 јуни 2011
    • rn011

    • Времетраење: 106 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • Среда (акција)
    • rn

    rn

    Брзата петорка (Fast Five)

    rn

    Различен филм за секој ден од неделатаКратка содржина: Поранешниот полицаец Брајан О’Конор станува партнер со поранешниот затвореник Дум Торето. Бидејќи Миа Торето и Брајан успеваат да го изнесат Дум од затвор, поминуваат многу граници за да им избегаат на властите. Повлечени во Рио Де Женеиро, тие мораат да извршат уште една работа за да си ја обезбедат својата слобода. Тие го составуваат нивниот тим од најдобрите тркачи бидејќи знаат дека единствениот начин да се извлечат е да му се спротивстават на корумпираниот бизнисмен, кој сака да ги уништи. Но, тој не е единствениот нивни противник. Зад нив секогаш е федералниот агент Лук Хобс. Интересна адреналинска акција, која ќе ве држи возбудени до самиот крај.rn.

    rnrn

      rn011

    • Улоги: Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн Џонсон
    • rn011

    • Премиера: 29 април 2011
    • rn011

    • Времетраење: 130 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

      rn011

    • Четврток (драма/комедија)
    • rn

    rn

    Почетници (Beginners)

    rn

    rnrnРазличен филм за секој ден од неделатаКратка содржина:Дејството се обвива во 2003 година, каде што 38-годишниот Оливер Филдс, по професија графички дизајнер, го губи татко му, пет години откако починала и неговата мајка. Оливер кој е природно намуртен тип, низ текот на филмот се потсетува на неговиот однос со татко му по смртта на неговата мајка. Набрзо по нејзината смрт, неговиот татко му признал дека всушност е геј и тука приказната станува интересна, а нивниот однос сосема поинаков.rnrnВо обид да воспостави контрола врз своите емоции за загубата, Оливер ја запознава Ана, девојка со која свесно се впушта во врска, притоа знаејќи дека и таа има нерешливи емоции и проблеми со својот татко. Забавна приказна во која ќе уживате и ќе се насмеете.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Ијан Мекгрегор, Кристофер Пламер, Мелани Лорен
    • rn011

    • Премиера: 11 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Листа на летни романтични филмови

    Листа на летни романтични филмови

    Летото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.Листа на летни романтични филмовиrn

    1. Повторно ти (You Again)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Марни е тинејџерка која со својот изглед не им го привлекува вниманието на момчињата, а девојките од училиштето ù се најголем кошмар. Неколку години подоцна станува успешна убава девојка која одамна не живее во своето родно место. Но, еден ден мора да се врати за свадбата на нејзиниот брат, кој се жени со најзлобната „другарка“ од минатото, која пак згора на сè, наводно не се сеќава на неа.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Одет Анабел, Сигурни Вивер
    • rn011

    • Премиера: 24 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    2. Од таа ноќ во Рим (When in Rome)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Младата амбициозна њујорчанка Бет ги поседува сите квалитети за да има убав сопруг крај себе, но некако нема среќа во љубовта. Кога доаѓа во Рим за свадбата на нејзината сестра, таа ќе украде неколку парички од фонтаната на љубовта, после што е опсипана со љубов од повеќе додворувачи со кои едвај успева да се справи.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Џош Духамел, Анџелика Хјустон
    • rn011

    • Премиера: 29 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 91 минута
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    3. Што се случува во Вегас (What Happens in Vegas)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Една случајно настаната млада брачна двојка, во текот на една луда ноќ во Вегас, станува добитник на џек пот, поради што е принудена на заеднички живот. Судијката сака да им одржи лекција и да ги натера да сфатат дека треба да се стремат нивниот брак да успее, но тие едвај успеваат да се поднесат еден со друг, додека истовремено постојано коваат планови како да го „лизнат“ својот партнер за да ги земат сите пари за себе.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Камерон Дијаз, Ештон Кучер, Роб Кордри
    • rn011

    • Премиера: 9 мај 2008
    • rn011

    • Времетраење: 99 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    4. Само пријатели (Just Friends)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Враќајќи се во својот роден град за божиќните празници, Крис ја среќава Џејми, девојката која отсекогаш била негов сон и поради која од смешен дебелко кој сите го задеваат, станува згоден фраер и срцекршач. Ова е малку постара романтична комедија, чие дејство се одвива во зимно време, но одлично доаѓа како предизвикувач на вашите стомачни мускули, кои треба да се што постегнати за време на летото.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Рајан Рејнолдс, Ејми Смарт, Ана Фарис
    • rn011

    • Премиера: 23 ноември 2005
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    5. Престапна година (Leap Year)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Ана заминува во Даблин за да го изненади своето момче, кое таму е на службено патување, а со цел да му предложи брак на 29 февруари. Според ирската традиција, мажот на кој девојката ќе му предложи брак на овој ден, мора да ја прифати понудата. Но, нејзиното патешествие е неверојатно, од жалосно до смешно. Сепак, таа има друштво по пат, сè додека да стигне до нејзиниот иден сопруг.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Ејми Адамс, Метју Гуд, Адам Скот
    • rn011

    • Премиера: 8 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 100 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    6. Животот, онаков каков што го знаеме (Life as we know it)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Холи и Ерик се наместени на состанок на слепо од страна на нивните најдобри пријатели, брачната двојка Питер и Алисон. Состанокот завршува уште пред да започне бидејќи тие не можат да се поднесат. Среќната брачна двојка несреќно погинува во сообраќајна несреќа, а грижата за нивното бебенце Софи им е доделена на нивните најдобри пријатели. Тие сега мораат да научат да живеат еден со друг заради бебето.rn.rnrn rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Џош Духамел, Џош Лукас
    • rn011

    • Премиера: 8 октомври 2010
    • rn011

    • Времетраење: 114 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    7. Мали деца (Little Children)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Приказна во стилот на „Мадам Бовари“, но на американски начин. Дејството се одвива околу две брачни двојки и нивните деца. Сара е во брак во кој нема љубов и постојано размислува за нешто повеќе во животот додека нејзината ќерка си игра во паркот. Овде го среќава Бред кој е во брак со прекрасна жена, која додека снима документарци, тој мора да се грижи за домот и за нивниот син. Сара и Бред силно се поврзуваат, што на патот полн со гревови, ги води онаму каде што припаѓаат.rn.rn rn

      rn011

    • Улоги: Кејт Винслет, Џенифер Конели, Патрик Вилсон
    • rn011

    • Премиера: 3 ноември 2006
    • rn011

    • Времетраење: 137 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    8. Врска на далечина (Going the Distance)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Герем само што излезе од долга врска, а на Ерин ù преостануваат уште 6 недели како стажист во Њујорк Сентинел пред да се врати во Сан Франциско. Случајно се среќаваат една вечер во бар и започнуваат лабава врска, која прераснува во нешто поголемо, па тие мораат да се мачат да ја одржат на далечина.rn.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Дру Баримур, Џастин Лонг, Рон Ливингстон
    • rn011

    • Премиера: 3 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 102 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    9. Гола вистина (The Ugly Truth)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Фокусирана на кариерата како продуцент на утринска емисија, Аби мечтае дека принцот на бел коњ постои и дека еден ден ќе го најде. Мајк пак, е водител на интерактивно шоу во кое зборува за мажите и жените, кои изгледа перфектно добро ги разбира. Рејтингот на емисијата на Аби оди надолу, па затоа е повикан Мајк да ù даде малку шмек и нов дух. Иако на почетокот таа не го поднесува, потоа ги прифаќа неговите совети со цел да го освои нејзиниот сосед, кој изгледа како да е она што таа целиот живот го чекала.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Жерард Батлер, Бри Тарнер
    • rn011

    • Премиера: 24 јули 2009
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    10. Писма за Џулиета (Letters to Juliet)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Млада американка оди на патување во Италија со нејзиниот свршеник, каде наидува на ѕидот исполепен со писма упатени до Џулиета. Случајно отвора едно, кое се труди да го упати до Џулиета, но наместо неа ги наоѓа нејзините секретарки кои одговараат на љубовните писма во нејзино име. Одговорот на ова писмо го менува животот на некогаш заљубената двојка, но и нејзиниот.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Аманда Сајфред, Гел Гарсија Бернал, Ванеса Редгрејв
    • rn011

    • Премиера: 14 мај 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rnПредлози за понови филмови од различни жанрови ќе најдете во нашата категорија Филм.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn rnrn

  • Што сè имаме научено од филмовите

    Што сè имаме научено од филмовите

    Скоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.rnrnШто сè имаме научено од филмовитеrn

      rn011

    • Чесните и работливи полицајци секогаш загинуваат три дена пред да одат во пензија.
    • rn011

    • Колку и да е гужва во барот, секогаш има празно место пред шанкерот, кој цело време брише чаши и чека некој да нарача пијачка.
    • rn011

    • 1 милион долари во кеш секогаш пополнуваат точно една актовка.
    • rn011

    • Мајките секое утро приготвуваат јајца, сланина и свежо цеден сок од портокал, но мажот и децата секогаш имаат време да се напијат само по една голтка од сокот.
    • rn011

    • Кога некој се вози со такси, не ни погледнува колку откуцал таксиметарот, туку веднаш посегнува по првата банкнота која се наоѓа во паричникот и плаќа, притоа не чекајќи го ни кусурот.
    • rn011

    • Доколку доволно добро се потрудите, можете со трчање да избегате од експлозија.
    • rn011

    • Со едно фрлено шкорче на земја, може да се запали цела зграда голема колку стадионот „Вембли“.
    • rn011

    • Секогаш можете да се паркирате пред зградата кон која сте се упатиле.
    • rn011

    • Детективот секогаш го решава случајот кога е суспендиран од страна на својот претпоставен.
    • rn011

    • Ајфеловата кула се гледа од кој било прозорец во Париз.
    • rn011

    • Машките никогаш не чувствуваат болка, дури и кога се наоѓаат во најстрашната тепачка, но не можат да издржат и врескаат кога некој им ги чисти раните.
    • rn011

    • Секогаш кога некој во рацете има ќеса со намирници, во неа мора да има барем еден француски багет.
    • rn011

    • Автомобилите и камионите кои ќе се удрат некаде, скоро секогаш експлодираат.
    • rn011

    • Еден човек сам има поголеми шанси да утепа 20 луѓе кои пукаат кон него.
    • rn011

    • Вентилацијата во зградите се секогаш перфектно чисти, само може да налетате на некој стаорец.
    • rn011

    • Преку кој било компјутер можете да го пробиете системот на американската тајна служба.
    • rn011

    • Со каква било шнола можете да се ослободите од полициски лисици.
    • rn011

    • Бомбите секогаш се деактивираат пред истекот на последната секунда.
    • rn011

    • Колку силно и да трчате низ шумата, убиецот секогаш ќе успее да се најде пред вас.
    • rn011

    • На жените кои се наоѓаат сами во куќа, а надвор има невреме, најчесто нешто лошо ќе им се случи.
    • rn011

    • Можете да обиете врата со помош на кредитна картичка.
    • rn011

    • Кога две лица од спротивен пол, од самиот старт не можат да се поднесат, на крајот на филмот ќе завршат среќно заљубени.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.